ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Која е целта на противниците кои го оспоруваат овој закон за старателство
Д.А дали можете да ни кажете зошто противниците на МПЦ остро се спротивставуваат на овој закон кога еве го имаат веќе повеќе од 40 земји, православни и католички цркви (црковни заедници) . Што мислите која им е целта за ова спротивставување?
Биљана А. Јас можам да зборувам за спротивставувањето во однос со последниот обид на закон во НЈВ , тоа беше многу јавен процес во кој што поради острото спротивставување Парламентот на НЈВ назначи комисија која ќе ги сослуша двете страни. Сите транскрипти од тие сослушувања , сите извештаи кои беа направени од страна на црквата и од останати заинтересирани лица се наоѓаат на веб страницата на парламентот на НЈВ значи тоа се јавни документи. Од тоа сослушување на тие документи ние можеме да го исцрпиме поттикот на тие што се против така да важното е тоа што поради историјата на донесувањето на закон за старателство кој што дедо Петар го спомна кој што почна од 1998 година, значи постојат три обиди.
Сакам да ги споменам претходните во кои што јас не бев инволвирана , многу е важно да се објасни пристапот на црквата и дедо Петар , структурата на тој закон и стапките што ги направи црквата се со цел да се задоволат сите оние кои што имаа нешто да кажат во врска со овој закон. Мислам дека имаше многу коментари и противниците беа јавни . зборувајќи со Џими, дедо Петар и со многу други луѓе кои се многу подолго време во Австралија од мене, разбирам дека секогаш најголемиот проблем и грижа е ‘чиј имот ќе биде тој‘. Стравот дека со било каква нова структура на она што се знае како основана структура ќе доведат до тоа да тие цркви им бидат одземени а и имам слушнато коментари дека тие можат да се продадат дека парите можат да се испратат во Македонија и да се изгуби. (Луѓе кои се овде дојдени и вложиле многу средства во таа црква)
Тоа е една основа да биде загриженоста дека со основањето на правно лице ќе се изгуви контролата врз тој имот. Се одеше до таму дека тој имот ќе стане личен на владиката и дека владиката ќе биде тој што ќе одлучува како ќе се работи со тој имот а не во согласност на статутите и на уставот на таа црква која што дедо Петар ги спомна претходно. Кои што многу јасно ги поставуваат правилата на работење со тој имот и никаде не го назначуваат Владиката како единствен управувач на тој имот. Мислам дека во оваа област е најдобро да дедо Петар го образложи затоа што влегува во црковните закони.
Владиката – Мора за слушателите за верниците и пошироката јавност да се даде точно образложение што е црковен имот , како што рече Биљана, имот за цел за соодветна цел и соодветна намена и имот кој е за сопственост, во конкретниот случај ние немаме според овдешните закони за регистрирање на имоти ниту еден црковен имот кој е регистриран како компанија , инкорпорирана асоцијација или здружение да е имот за цел.
Сите тие имот кои се регистрирани како компании како инкорпорирани асоцијации или како здруженија се имоти за сопственост. А што се подразбира под сопственост. Сопственоста е најсоодветната компанија, инкорпорирана асоцијација или здруженија и на членовите и директорите кои членуваат и управуваат со таа организација , инкорпорирана асоцијација или тоа здружение.
И тие можат да го употребат имотот односно го употребуваат не за целите на црквата туку го употребуваат за потребите на компанијата бидејќи тоа е имот на соодветната компанија, асоцијација или здружение. Во врска со тоа ќе видите каква е разликата . во оделни компании, во нивните статути или устави како што стои таму вели- ‘ако се случи да пропадне црковниот имот, односно имотот во конкретниот случај на компанијата (а тој е всушност црковен имот), или на инкорпорираната асоцијација или здружение, одговорноста на членовите на таа организација како компанија, инкорпорирана асоцијација или здружение, е да платат само онолку штета колку што изнесува членарината на тој член во таа соодветна компанија, асоцијација или здружение.Имено, ако е десет долари членството, тој најмногу десет долари најмногу ќе биде оштетен да плати , ништо повеќе.
Но во црковните закони не е така. За секој злоупотребен црковен имот морате да го надоместите толку колку што сте го злоупотребиле. Од таму сакам да појасниме дека во конкретниот случај кога станува збор за имот кој што ќе биде старател на имотите за одделна црква или во конкретниот случај за МПЦ, имотот не е за сопственост, оти ако имате вие имот за сопственост вие со тој имот ако сакате ќе располагате особено ако сте приватно лице. Јас ако имам приватен имот или било кој, може да го продаде имотот , да ги потроши парите и пред никого не одговара.
Може и да ги запали парите од продадениот имот и пак пред никого да одговара.но, за имот кој не е ваш туку припаѓа за одредена цел, односно за мисијата на црквата во конкретниот случај тогаш одговорноста, особено во земјите на комонвелтот е огромна. Таквите луѓе можат да завршат во затвор без дискусија ако до крај се бара правичноста да одговорат за тоа и исто така по однос на прашањето за старател на имот може да биде исто некој од државата назначен ако деца останале без родители , сираци, тогаш државата поставува старател кој ќе се грижи за нивниот имот што тие сега не се способни да го раководат. Должноста на старателот е да им обезбеди храна, дом за живеење , да ги изучи децата, облека и се што е потребно. Кога ќе станат полнолетни да им се предаде имотот. Што значи дека тој не смее ниту една цента од имотот што е назначен за старателство да земе лично за себе.
Тоа е она прашање што се однесува за имотот. Во конкретниот случај доаѓа до тој судир кој доаѓа токму заради тоа што ако се донесе овој закон за старателство на имот на МПЦ ќе им се отворат очите на сите православни верници и на сите луѓе дека тој имот не можете да го користите за компанијата, за компаниски потреби ниту за инкорпорираната асоцијација , ниту за здружението ниту лично за себе, и дека имате целосна одговорност за тој имот ако го злоупотребите. Во тоа е суштината на судирот ако се донесе законот, луѓето ќе сфатат дека , практично владиката , свештениците или било кој се ослободени од било каква одговорност лична, туку имаат одговорност и верниците и свештениците, и владиката како старател. Ако се членови на телото кој е старател во конкретниот случај кај нас е епархискиот управен одбор или епархискиот одбор за доверители односно за чувари на имотот.
Во тој случај да биде појасно на верниците и слушателите дека овде не е владиката сопственик. Како што кажа Биљана дека нападите се сврзани со владиката дека ќе стане сопственик. Никако , тој одбор на доверители или епархискиот управен одбор кој ја вршел таа функција итн го избира епархиското собрание. А на епархиското собрание членови се претставници на сите црковни општини од оваа епархија по две мирски и едно свештено лице . тоа значи дека мнозинството гласови – 2 према еден се на верниците. Значи верниците ги избираат членовите на епархискиот управен одбор и ако има нешто што не е во ред во однос на тоа, вината не е на владиката или свештениците, туку вината ќе биде повеќе на верниците кои со два према еден вршат избор на телата и органите во епархиското собрание односно за епархискиот управен одбор.
Биљана А – во таа насока само да појаснам како што рековте дедо Петар дека епархискиот управен одбор е избран од епархиските собранија , значи гласовите се во мнозинство на мирските лица и важно е да се напомене дека тој епархиски одбор кој што ги донесува одлуките и одлучува за имотната сопственост на епархијата, на црквата во оваа епархија, беше предложен со овој закон да биде старателот поточно членовите на управниот одбор на тој старател. Значи напорите на црквата беа да се рефлектира она со што верниците веќе се согласиле, се раководат и управуваат под истиот статут.
Значи кога гледаме на најадекватна структура која ќе ја рефлектира веќе постоечката црковна структура овој начин на основање под закон на парламентот на кој што функционираат многу други цркви а особено православните , се рефлектира на потполно истиот начин. Значи членовите кои што се членови на епархискиот управен одбор со донесување на законот стануваат членови на старателот или trustee на англиски и доколку има измена на ова епархиско собрание и гласање ќе се изменат автоматски тие членови и под законот. Значи никаде нема унилатерална одлука на владиаката и се рефлектира црковната структура . сакам да појаснам за да нема недоразбирања, дедо Петар спомена компании, инк асоцијации, здруженија , одговорност за злоупотребување на имот. Значи под австралиските закони секој што злоупотребува имот или нешто друго ќе одговара. Значи постојат закони за се. Нејасноста, недоразбирањето во ова доста комплициран дел од правото е која е одговорноста на управувачите во зависност од различната структура.
Оној што е старател има одговорност да управува со тој имот во старателство за добротворни цели , мора да го управува само за тие добротворни цели, и доколку е злоупотребено и направена е грешка со намера , тие ќе одговараат.
Истата одговорност ја имаат и членови на компании и инкорпорирани асоцијации доколку намерно се правата недозволени или незаконски , нелегални потези. Од овој аспект сакам да појаснам дека еден од аргументите на опозицијата ако тие и многу други можат да функционираат како компании или инкорпорирани асоцијации и тоа е еден вид на правно лице,зошто и црквата не се инкорпорира како јавна компанија со ограничена одговорност.
Во мојот вовед јас разјаснив, дека тие се видови на правни лица , меѓутоа постои еден тип на правни лица кое што е исклучителна привилегија за основани постоечки религиозни деноминации. А ние сме едни од тие. Значи таа привилегија, закон донесен од страна на парламентот не им е дозволена и можност на било кој . Мора да е основана религиозна деноминација и ако тоа го имаме како една опција , зошто да не го избереме најдобриот начин да ја организираме нашата црква и да епархискиот управен одбор а со тоа и Владиката застане пред верниците и каже – ова е начинот на оваа структура , рефлектира она што го вели статутот на епархијата кој што е јавен и сите верници знаат како се почитува. Било која друга структура ќе има отстапки и нема да може да се рефлектира структурата на црквата.
И тука ќе треба да постојат дополнителни појаснувања. И не само тоа, една компанија кога е основана, многу наши сонароднци кои што слушаат вечерва имаат свои бизниси или компании, верувам имаат и свои старателства, трастови, фамилијарни и со нивните сметководители сигурно во разговорите сигурно им е јасно како тоа функционира и ги водат тие бизниси преку компанија. И сопственоста на било кој имот кој го има таа компанија на компанијата. Доколку одеднаш таа компанија станува старател, и треба да чува имот не за себе туку за некој друг,или пак за некоја цел, тогаш треба да се декларира тоа старателство. Всушност тоа е овој закон, во исто време и инкорпорација и декларирање на старателство . Додека другите опции на правни лица . се потребни многу други чекори , и е невозможно во целост да се рефлектираат црковните закони.
Професор С. Јас не сум правник но имам силно менаџерско искуство така да од менаџерска гледна точка можам да пренесам свои видувања. Многу е битно да се знае дека МПЦ, се води според уставот на МПЦ, или уставот на православието или православните канони. Тоа е нашата црква . постојат легални ентитети или оне што вие ги нарекувате копмании или корпорации кои се водат како религиозни организации меѓутоа уставот на МПЦ во нив е отфрлен., значи тие не се водат според уставот на МПЦ туку се водат спрема сопствен правилник , бизнис ориентиран правилник на работа, практично, типичен бизнис правилник кој што се наметнува врз црковните канони.
Тој правилник опфаќа не само религиозност се обидува да опфати религиозен фубалски тим, играорни организации и практично излегува од православието. Го велам тоа затоа што имам прочитано во некои од тие легални ентитети во кои се вели како да се стане член на МПЦ и вели дека треба да платите годишна чланарина, а тоа е сосема спротивно со каноните на МПЦ . да се стане член треба да бидете крстен, не да платите чланарина на клубот . е сега каде е проблемот и зошто имаше толку опозиција за овој закон. Практично овој закон важи за оние имоти во кои што владее уставот на МПЦ. А додека оние легални ентитети во кои владее приватен правилник , дали се уплашија или ја сметаат за конкурентна МПЦ не знам меѓутоа во нивните интернет објавени писма се вели дека МПЦ е странска институција и тоа можете да го најдете на многу места во тие објави. И второто е тоа дека законот ќе ја засили МПЦ во Австралија. значи проблемот е што МПЦ ќе стане силна. И практично, опозицијата е од страна на тие легални ентитети во кои што не владее уставот на МПЦ.
Диме М. Тука стана збор за цркви и копмании кои апсолутно не го негуваат црковниот живот . да зборуваме тука со доаѓањето или појавата на МПЦ во Австралија со уставот на МПЦ со црковни канони тоа придонесе таков отпор од постоечка компанија која беше во Мелбурн а имаше свештеник, што веќе почнаа да ‘тапаникуваат‘ па дури ги собраа сите од Австралија што имаше во тоа време заедно и да викаат дека времето е дојдено да сега се готови да се впрегнат во борба до крај да ја уништат така наречените расцепници и нивните поддржувачи. Значи се уплашија од група луѓе на верници кои се приврзани кон уставот на МПЦ кон правилникот на епархијата (макар што не беше регистриран тогаш) и заводија таква борба што не сакаа да му дадат никаков простор на македонската црква каде вистинските верници имаа право да се збираат, да решаваат, кажуваат него само оние што се со 5 долари членарина кои што никогаш не ошле црква, никогаш не верувале во црквата никогаш не направиле помодерна црква, тие решаваа како црквата да се управува. Што значи целта нивна не била црковна , религиозна туку била бизнис ориентирана и штом е така тоа беше заплашување,на нивниот бизнис со појавата , да ја споменеме црквата св Илија во Футскрај и св Никола во Престон. Е зошто да е така, ако се тие црковни луѓе со појавата на една црква која сака да биди приврзаник или послушник на уставот на МПЦ на духовните чеда, зошто толку многу се спротивставуваат да нема простор за тие луѓе или тој устав да работи со другите луѓе. Значи се плашеја дека тие не се црковни туку само ја злоупотребуваат црквата,.
Да кажам еден пример – во 1974 година имаше црковно народен собир во Калишта , Струга, и на овој собир кој беше прв од таков вид да се обнови уставот на МПЦ после осамостојувањето на македонската црква во МПЦ . Од Мелбурн имаше два и од Перт два делегати. Појдоа таму и доколку е кажано во медиумите, имаме тука никој не се спротистави на гласувањето на тие канони, на тие црковни закони , го изгласаа уставот . Но на враќање во Австралија , рекоа ‘не тоа е за нив, не за нас‘ Значи одат на собрание и гласаат други да го употребуваат уставот а за нив не важи. Е од тука доаѓа и произлегува проблемот, и кога зборуваме за црква и за компании тоа се две посебни групи на луѓе. Едната е црковна, другата е бизнис.
И затоа тука тие не сакаа ништо да прават со уставот на мајката црква со македонската црква, ни со владиката ни со никој. И со ова што се прави, со тој отпор што го гледаме ние на два пати, еднаш пред мелбурнскиот парламент, и во Сиднеј. Од транскрипцијата што беше во Сиднеј , таму отворено кажуваат кој им е стравот,макар што им се гарантираше од законот дека никој не може да им ги земе црквите на тие луѓе пак нека дадат сда се озакони парламентарскиот закон, да се прифати македонската црква, дека тогаш владиката ќе може да каже Ние сме вистинската црква а вие сте лажовна црква и ќе му бегаат верниците. Значи тие не сакаат да ја кажат вистината. А вистината е таа што тие не се црковни луѓе , тоа е проблемот што го имаме денес, а луѓето не можат тоа да го сфатат.
Владиката - дури и денес добивме, да не именувам од која македонска општина, именувана и регистрирана од парохискиот свештеник, кои известуваат дека ние во нашата македонска општина имаме комитет, односно одбор на директори во тие инкорпорирани асоцијации или компании и вели , треба да знаете дека црквата во нашата општина е гранка, секција. Што значи во сите тие компании и инкорпорирани асоцијации кои како што кажа Мераковски дека не се регистрирани за религиозни цели тие ентитети односно тие организации, компании туку се регистрирани за сосема други цели,за други намени,за бизнис како што беше спомнато,тие никаде црквите не ги имаат регистрирано лично како цркви туку имотот на црквите го третираат како имот на компанијата или инкорпорираната асоцијација или здружението, тоа е нивни имот, а црквата ако веќе се појавува да се говори во нивните правилници за црква тоа е само како една секција , активност како што е играорната група итн.
А од друга страна исклучиво под името на МПЦ го оствариле сиот тој имот зашто што народот дава заради МПЦ кога не би имале тие натписи на нивните храмови МПЦ , кога не би им велеле на верниците давајте пари за црквата,туку за компанијата , ви гарантирам дека никогаш нема ни приближно да го имаат ни половина од тој приход што го остваруваат таму затоа што верниците се секогаш измамени во смисла да брендот, името го користат на МПЦ ама за сметка на тоа никаде не фигурира дека таа е сопственост на црквите и манастирите.
|
|