Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,680
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12


Quote:Значењето од донесувањето на законот за старателство

Д.А за законот за старателство многу се зборуваше особено изминатата година . Противниците на МПЦ, остро се спротивставија. Објаснете ни на кратко, што ќе значи донесувањето на овој закон за старателство на МПЦ, епархија за Австралија и Нов Зеланд, и дали воопшто значи признавање на МПЦ во Австралија?

Владиката Петар – Бидејќи законот не е од сега (мислам од минатата година), туку од моментот кога сум јас поставен за наделжен епархиски архиереј, од кога дојдов како водач на делегацијата во 95-година , на епархиското собрание во црквата Св. Илија беше донесена одлука на епархиското собрание дека треба да се донесе тој закон, односно дека треба да се регистрираме со правен застапник односно старател (за кое подоцна ќе говори Биљана) и оттогаш почна таа работа. Првата година потоа отако бев поставен за надлежен епартхиски архиереј, во Џилонг каде што се донесе и статутот на МПЦ, епархијата за Австралија и Нов Зеланд, кои претходно 20 години едноподруго бил доставуван, донесуван на епархиските собранија и откако ќе се објаснеле делегатите на епрархиските собранија дека го прифаќаат предлог статутот што им бил тогаш понуден, ќе се разотиделе по своите цркви или црковни општини или македонски општини-заедници и го негирале донесувањето на статутот.првпат статут се донесе на 15, 16 февруари 1996 година на собранието во Џилонг, и тој закон беше предмет на судски спор во судот во Викторија, и од страна на Џастс Берн – пресудата во врска со спорот на оние кои ја пререгистрираа црквата во инкорпороидна асоцијација беше докажано во пресудата дека законот е правилно донесен и законот има важнст овде во Австралија.

Истиот овој закон или суд што го водевме и во Сиднеј што е пред разврска, последната пресуда што се донесе преше предмет на дискусија итн. Сакам да кажам дека законот за старателство на имотите беше предмет на сите собранија од 1995 година наваму и на сите собранија беше донесен заеднички став на делегатите , на црковните општини по примерот како што епо примерот на другите помесни православни цркви во Австралија, претежно донесен во Сиднеј, Нов Јужен Велс, како што е руската црква православна црква, грчката, и други, за кои нешто подоцна ќе стане збор и добро ќе го објасни Биљана. Сакам да нагласам дека тој закон на сите собранија бил донесен и ланската година веќе беше предмет на парламентот на НЈВ.

Биљана А. – Оваа позадина што ја објасни дедо Петар е важна и верувам дека ќе има прашања во емисијата за да се објасни од каде дојде идејата и оваа инцијатива за да се донесе законот за старателство на имотите на МПЦ, и како што дедо Петар назначи, почетоците за вакви обиди се почнати од многу одамна со првиот нацрт закон во 1998 год значи две години по доаѓањето на дедо Петар или неговото назначување во НЈВ.

Имаше обиди во Викторија пред неколку години и минатата година обид во НЈВ . Работата продолжува и во текот на емисијата секако ќе биде објаснето како се одвиваше сиот тој процес, но да го одговориме твоето прашање, дали всушност ќе значи признавање на МПЦ! Треба да почнеме од самиот наслов, името на законот,значи старателство на имотите на МПЦ , самото име кажува дека законот има многу јасна цел и намена. И тоа е да се регулира имотната сопственост на нашата црква под граѓанските закони . Дедо Петар ни објасни и зборуваше за црковните закони и за нивната корелација со граѓанските закони а понекогаш и конфликт. Имотната сопственост на црквата по црковните закони е многу јасна и повторно како што вели дедо Петар ни објасна дека имотите се ничија сопственост, тие се за целите на светата црква и се божји имот. Не е имот на индивидуалци на физички лица. Ќе се навратам на ова правило подоцна биејќи е многу важно за управувањето со црковен имот и се надевам дека професорот Стрезов ќе има свое видување на тоа, како член на управа на црковна општина. Имотната сопственост на црквата мора да се регулира под граѓанските правила каде и да сме во светот.

Црквата , како што рече и дедо Петар е збир на луѓе, верниците и свештениците околу својот владика значи тоа е жива црква и правно – црквата во таква форма се води како неинкорпорирана асоцијација , значи неинкорпориран збир на луѓе. Проблемот е што неинкорпорирана асоцијација нема статус на правно лице и како таква не е во можност да биде сопственик на имот . Австралиските закони имаат најразлични форми на правни лица и она што е важно во областа на црквите е дека – поставен е преседан во законите на австралиското право да црквите бидат основани под закон на парламент на одредена држава во Австралија каде што таа црква функционира и има епархија или епархии и да биде основана како законски старател . првата таква основана корпорација – старател, во Викторија е на англиканската црква во 1884 . скоро пред неколку години, египетската црква православна, значи од Египет основаше своја старател во Викторија.

Има преку 40 вакви старатели за најразлични цркви низ цела Австралија во зависност од тоа каде тие цркви имаат свои епархии, некои се на ниво на одредена држава, некои се на ниво на цела Австралија како што е случајот со нашата црква. Значи значењето на законот на старателство е тоа што ќе се вброиме во редот на огромен број на други цркви кои по преседанот на австралиското право, се основани како законски старатели кои што закони се структурирани на таков начин да се почитуваат и прифаќаат структурите на одредената црква. Во нашиот случај, хиреархијата на нашата црква и управувањето на нашата црква според уставот, и статутот што е важечки за нашата епархија.

На прашањето - Дали тоа ќе значи признавање

Тоа доаѓа од еден цитат на дедо Петар во едно негово претходно интервју земено надвор од контекст каде целта беше токму тоа, да се потенцира значењето што кога основани цркви како нашата имале свои закони уште од крајот на 1800 година , кога ќе се појави и нашата црква во редот на сите тие , ќе биде огромно постигнување од историско значење за нашата црква.

Признавање од Австралија или од австралиските влади не ни е потребно. Нашата црква е признаа како деноминација и прифатена. Федералниот закон за бракови, нашата македонска црква е излистана како прифатена религиозна деноминација а со тоа и свештениците на МПЦ се се овластени да можат да склучуваат бракови по граѓанските а воедно и црковните закони. Значи признавање од тој аспект не и е потребно.

Тој збор беше земен надвор од контекст и е повеќе достигнувањето што ќе биде остварено. Во емисијата ќе има и прашања во кои ќе објасниме детално што се предвидува со овој закон, што значи овој закон и да повеќе се објасни она што дедо Петар во воведот на одговорот на ова прашање го најави како одлуки кои што се донесени на епархиски собранија уште пред повеќе од 15 години, дека потребно е црквата да се структурира, дека е потребно да имаме правно лице и дека е изгласано да ова биде патот и ова биде правното лице кога веќе се нуди од австралиските закони.
13-02-2011, 05:13 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА - by ЈорданПетровски - 13-02-2011, 05:13 PM