ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,680
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Екслузивно - Дебата на Радио Илинден Мелбурн
Уредник и водител
Дончо Ангелоски
Тема – Црковните случувања во Австралија, црковните закони,регистрирањето на старател
Соговорници:Митрополитот Преспанско -пелагониски и администратор австралиско-новозеландски Г-дин Петар ,Биљана Апостолова, адвокатот за МПЦ Епархија, Диме Мераковски автор на книгата Измамени верници, професорот во Меквори универзитетот, Владимир Стрезов.
Долго очекувана дебата од страна на слушателите, видни претставници од Македонската заедница и политичкиот живот на Македонија, како и пошироката македонска јавност во Мелбурн Викторија. Целта на оваа отворена програма е преку разговор со најкомпетентните лица во врска со црковниот спор да се дадат детални објаснувања за можносите за надминуњае на проблемите околу прифаќање на законот за старателство. Исто така да се нагласат последиците од негово неприфаќање, да се насочи народот кон вистинскиот пат и разбирање на оваа проблематика. За прв пат јавноста директно е запозната со сите детали и од разни аспекти е дадено појаснување и образложување за ситуацијата со МПЦ во Австралија. Со самото пристуство на најкометентните личности се даваат објаснувања како да се надминат сите недоразбирања во интерес на македонската православна црква и македонското единство. Со оваа радио дебата на големо се допринесе да се расчистат сите заблуди и погрешни размислувања за МПЦ од страна на опозицијата која упорно врши раздор и шири пропаганди меѓу македонското население во Австралија.
Според адвокатот на Епархијата Биљана Апостолова ‘Имотната сопственост на црквата по црковните закони е многу јасна, имотите се ничија сопственост, тие се за целите на светата црква и се божји имот. Австралиските закони имаат најразлични форми на правни лица и она што е важно во областа на црквите е дека – поставен е преседан во законите на австралиското право да црквите бидат основани под закон на парламент на одредена држава во Австралија каде што таа црква функционира и има епархија или епархии и да биде основана како законски старател .
За значењето на законот за старателство професорот Владимир Стрезовски вели : ‘ Практично овој закон важи за оние имоти во кои што владее уставот на МПЦ. А додека оние легални ентитети во кои владее приватен правилник , дали се уплашија или ја сметаат за конкурентна МПЦ не знам меѓутоа во нивните интернет објавени писма се вели дека МПЦ е странска институција и тоа можете да го најдете на многу места во тие објави. И второто е тоа дека законот ќе ја засили МПЦ во Австралија. значи проблемот е што МПЦ ќе стане силна. И практично, опозицијата е од страна на тие легални ентитети во кои што не владее уставот на МПЦ‘.
Диме Мераковски дава детално објаснување за вистинските почетоци на проблемите, за опозицијата на црквата и вели : ‘Така проблемот настана од 1974 година наваму а не откако дошол дедо Петар во Австралија 1996(како што тие велат). Овие луѓе од една страна се кажуваат македонски цркви а од друга страна не сакаат да прифатат ништо црковно и тука е проблемот кој постои денес и тие само злоупотребуваат со името црковно. Најголемата штета на македонскиот народ, на македонската црква е не во парите него во единството на македонскиот народ. Кога тие луѓе ги нарекоа Македонците од републиката ‘тие‘ и ‘ние‘ веќе ставија граница дека тие се други луѓе а ние други.
Владиката Петар дава детални објаснувања за важноста од донесвуање на законот за старател и апелира до сите кои се спротивставуваа на донесувањето на законот за старателство имаат погрешно толкување за самиот чин и по се изгледа се водат по своја ‘визијаЌ за тоа како да се раководи МПЦ и нејзините имоти со игнорирање на каноните на МПЦ. Неговото преосвештенство, Митрополитот Петар меѓу другото нагласи: ‘Мисијата на црквата е да се грижат за спасението на верниците и на свештенството во смисла да ги заштитат да ги ослободат од сите грешни помисли , зборови, дела, од гревовите и да ги направат свети луѓе. А во мисијата на црквата условите се да им се обезбеди црква со сите можности за заедничка служба– Веќе беше кажано од моите претходници дека треба да се бара вистината и вистинскиот пат Господ Исус Христос рекол – Јас сум патот, вистината и животот . Значи пат, вистина и живот , надвор од Христа надвор нема. Уште еднаш родителски , пастирски , архипастирски упатувам до сите наши верници во оваа македонска православна црква, епархија за Австралија и Нов Зеланд , да оставиме секакви можни клевети , секакви измами , секакви противења , да се врземе сите за верата наша света православна , црквата македонска , да се здружиме, да си простиме едни со други .‘
|
|
13-02-2011, 04:59 PM |
|