ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Австралија ги скара владиците Петар и Тимотеј
![[Image: 926175BE6824E8419065337EE5D7BFF2.jpg]](http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/926175BE6824E8419065337EE5D7BFF2.jpg)
Коj се меша во ингеренциите НА ДРУГИОТ во управувањето со црковниот имот за коj со години се води судска битка во судовите?
Гордана Дувњак
Австралискиот црковен вирус зафати и двајца владици на МПЦ и се заканува да внесе раздор во Светиот синод. Владиката Петар, кој е во децениски судски спор со 12 црковни општини од Австралија, кои не се под ингеренција на матичната црква, јавно го обвини владиката Тимотеј дека се меша во туѓа епархија.
Митрополитот преспанско-пелагониски Петар, кој воедно е и администратор австралиско-новозеландски, се заканува дека за однесувањето на колегата, кој раководи со дебарско-кичевската епархија, ќе го извести црковниот врв и ќе бара дисциплинска мерка. Прозваниот владика Тимотеј не сака да ги коментира изјавите на владиката Петар, но додава дека ќе има што да каже пред членовите на Синодот, доколку дотаму дојде работата.
Владиката Петар во интервјуто за австралиското радио Илинден од Мелбурн, викендов опширно зборувал за законот за МПЦ. Во новата законска рамка тој се залага за решение, кое ќе предвиди создавање законски старател на имотот на МПЦ во Австралија. На тој начин, смета тој, конечно, ќе се надмине спорот со црковните општини, со кои се суди во австралиските судови уште од 1996 година и им се дадени големи пари на адвокати.
Во интервјуто значаен дел му е посветен и на актуелниот портпарол на МПЦ, владиката Тимотеј. Нивниот личен анимозитет одамна е јавна тајна во црковните кругови, но со последните случувања само излезе на виделина.
„Каноните велат дека ниеден владика не смее да служи и да проповеда во туѓа епархија. За служба во туѓа епархија на некој владика, и особено за верници во таа епархија, или цркви, според каноните, таквата личност треба да се расчини. Во туѓа епархија не би си дозволил да отидам и без благослов на надлежниот владика да вршам каква било служба или најмал чин без одобрение од тамошниот владика“, изјавува владиката Петар. Тој објаснува дека многу се манипулирало оти тој ја зел епархијата од митрополитот Тимотеј, но, како што додава, тоа не е вистина. Од членовите на Синодот бил замолен да ја преземе поради поделбите што настанале таму пред да дојде.
„Уште на првата седница Тимотеј рече дека ќе се меша во епархијата и оти ќе работел да ја растури. Еве, ја растура. Јас јавно апелирам и го молам да не ја растура. И тврдам дека овие луѓе надвор од епархијата се негова жртва. Тој ги манипулира и им ветува дека ќе го отстрани владиката Петар и епархијата ќе му ја даде на некој друг“, нагласува владиката Петар. Тој му испратил порака на Тимотеј да не се меша во неговата епархија за Австралија и за Нов Зеланд, и, како што вели, да не „испраќа поштари да читаат негови писма“. Вели дека владиката ја минал границата на некоректно однесување и тоа било сигнал дека ова прашање треба, конечно, се постави пред Светиот синод. Неговото инволвирање го доживува како нож в грб и најавува дека ќе се преземаат црковни правни мерки.
Владиката Тимотеј вчера во телефонскиот разговор не сакаше да ги коментира обвинувањата на Петар, но, сепак, нагласи дека е „срамота тоа што го изјавува во Австралија“.
За причините на гневот на владиката што го обвини, рече само дека се банални и неаргументирани.
„Јас само испратив писмо до нашите верници, со кои им го честитам 50-годишниот јубилеј на најстарата македонска црква ’Св. Ѓорѓија‘, која е прва основана црква надвор од Македонија, а во време кога МПЦ се' уште немаше добиено автокефалност“, истакнува владиката Тимотеј.
Тој вели дека не е никакво мешање доколку им се честита еден таков важен датум на нашите луѓе таму.
„Не сум направил ништо лошо. А, доколку владиката Тимотеј сака да го отвори ова прашање пред Светиот синод и реши да бара некаква одговорност, навистина би сакал да слушнам што има да каже. За многу работи и јас ќе имам што да го прашам“, додава на крај Тимотеј. (Г.Д.)
|
|