Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ИНТЕРВЈУ

Игор Аврамовски, претседател на Здружението на македонските општини од Австралија и на Советот на Македонската заедница од Сиднеј

МПЦ Е ВО РАЦЕТЕ НА ИСКОМПЛЕКСИРАНИ ЛИЦА

Разговарала: Жаклина МИТЕВСКА

Моќта на Синодот на МПЦ моментално е узурпирана од страна на застапници на заложбата за разнебитување на МПЦ како независна православна Црква на македонскиот народ. Таквите застапници Македонската заедница во Австралија ја гледаат како пречка на нивната несвета мисија, па затоа и најмалку седум години работат на опустошување на нашата заедница.
За жал, демократската волја и интересите на мнозинството во Република Македонија се најниски приоритети на повеќето пратеници во Парламентот. Највисоки приоритети се исполнувањето на кусовидните лични интереси и лечењето комплекси, што претпоставува постојано потклекнување пред уцените на албанските екстремисти и ниско додворување на безброј странски тутори, авантуристи и неоимперијалисти.
МС: Господине Аврамовски, минатиот месец се одржа состанок на македонските црковни организации во Сиднеј на кој расправавте за односите со МПЦ, односно со владиката Петар. Што е договорено на тој состанок?

АВРАМОВСКИ: На 23 ноември 2002 година се одржа годишно собрание на Македонската православна црква за австралија (МПЦА). Утредента, на 24 ноември, се одржа годишното собрание на Здружението на македонските општини од Австралија (ЗМОА). За подобра информираност на јавноста, ќе појаснам дека Здружението е основач на МПЦА, а негови членки се македонските општини (заедници) кои ги основале и управуваат со храмовите кои ја сочинуваат МПЦА.

Поголемиот дел од двете собранија беше посветен на прашања од економско-административен карактер. Општ правец на расправите и одлуките беше зајакнување на организационата поставеност на МПЦА и ЗМОА како основа за долгорочен развој на Македонската заедница во Австралија. Нашиот развој претпоставува и надминување на сите напади против правата и достоинството на македонскиот народ, вклучувајќи ги нападите кои ги предводи Јован Каревски (наречен владика Петар).

За жал, во овој момент не постојат значајни прилики за соработка со органите на МПЦ во Македонија, па затоа и не се посветивме на тоа прашање. Таквата соработка не зависи од нас, туку од членовите на тие органи.

Моќта на Синодот на МПЦ моментално е узурпирана од страна на застапници на заложбата за разнебитување на МПЦ како независна православна Црква на македонскиот народ. Таквите застапници Македонската заедница во Австралија ја гледаат како пречка на нивната несвета мисија, па затоа и најмалку седум години работат на опустошување на нашата заедница.

Единствените владици кои имаат покажано волја за заштита на националното достоинство на МПЦ, г. Кирил и г. Агатангел, немаат покажано решителност за соработка со Македонската заедница во Австралија во таа насока. Највисокиот законодавен орган на МПЦ, Архиепископскиот Црковно-народен собор, се уште не е основан според Уставот на МПЦ, туку со разни манипулации е узурпиран од страна на претставници на моќниците кои владеат со Синодот. Имајќи ги предвид таквите околности, сите разговори и предложени решенија за подобрување на односите со органите на МПЦ во Македонија ќе претставуваат промашена енергија се додека не се направат радикални промени во составот на тие органи. Таквите промени најмногу зависат од свеста и организираните напори на Македонците во Република Македонија.

Како илустрација на фактот дека во Синодот не постои соодветна волја за плодна соработка со овдешната заедница, би потсетил дека Поглаварот Стефан ја посети Австралија на два пати во изминатата година, а ниту еднаш не се потруди да оствари средби со пошироката македонска заедница или со нејзините претставници.

Протоколот на првата посета на Стефан ја контролираше Петар кој не дозволи Стефан да се сретне со никој друг освен со неговиот ситен круг на приврзаници. Стефан одби да ги посети македонските цркви во Сиднеј, Њукастел и Аделајд, како и најстарата македонска православна црква надвор од Македонија, "Св. Ѓорѓи" од Мелбурн, кои ги посетуваат околу 40.000 верници. Наместо во нив, тој служеше пред педесетина следбеници на Петар во една нововерска зграда која & припаѓа на таканаречената Обединителна Црква (Uniting Church).

При неговата втора посета на Австралија, во октомври оваа година, Стефан воопшто не се појави во македонската јавност и не оствари ниту една средба со претставници на македонската заедница, под изговор дека неговата посета била "приватна". Се прашувам каква приватна работа може да има еден Архиепископ кој како монах се откажал од семејството и сите овоземски добра за целосно да се посвети на Црквата?

ТУЖБИ

МС: Долго време се води судски процес меѓу вас како посебна македонска црква во Австралија од една страна и владиката Петар како Митрополит Австралиско-новозеландски од друга страна. Во која фаза е моментно овој судски процес и ако може уште еднаш да се потсетиме колку пари вкупно се потрошени за него?

АВРАМОВСКИ: Досегашните тужби на Петар не се против МПЦ за Австралија, туку против одделни македонски православни општини во чии устави и други основачки акти неговите адвокати најдоа технички слабости. Станува збор за општини чии основачки водачи прифатиле канонска јурисдикција на МПЦ од Македонија без да обезбедат соодветен совет околу вкупните законски импликации и компликации кои произлегуваат од таквата јурисдикција, односно без да дефинираат практични ограничувања на канонската јурисдикција. Ваквите слабости беа доволни за Петар да ги одземе имотите на МПЦО "Св. Никола" и МПЦО "Св. Илија" од Мелбурн; да ја оштети МПЦО "Св. Петка" од Сиднеј со над половина милион долари во адвокатски трошоци; а Македонската обединета општина за Западна Австралија да ја доведе до степен да го загуби својот Клуб од неможност да ги исплаќа кредитните трошоци заради обземеност со актуелен судски спор.

Претресот при постапката против МПЦО "Св. Петка" од Сиднеј пред Врховниот Суд на Нов Јужен Велс е веќе завршен, а одлуката на судијата се очекува некаде во почетокот на идната година, иако може да пристигне порано или подоцна.

По повеќе измени во содржината на тужбата, суштината на постапката се сведе на обид Петар и неговиот намесник Митко Митрев да докажат дека имотите на "Св. Петка" се купени или изградени во име и во интерес на МПЦ во Македонија, според што треба да бидат управувани од страна на надлежниот Архиереј на МПЦ, согласно Правилник наметнат од Синодот. Во своја одбрана МПЦО "Св. Петка" тврди дека сите нејзини имоти се купени или изградени во име и во интерес на локалната македонска православна заедница која треба демократски и доброволно да управува со истите, во согласност со уставот регистриран пред австралиските органи при основањето на општините, кој го донесуваат и менуваат нејзините членови.

Неколкумина од основачите на МПЦО "Св. Петка" сведочеа во поддршка на општината, а ниту еден не сведочеше во поддршка на Петар. Некои од нашите сведоци потврдија дека при основањето на црквата прифатиле канонска јурисдикција на МПЦ, односно прифатиле да се управуваат според Уставот на МПЦ од Македонија и според решенијата на Синодот, бидејќи тоа им било наметнато како услов за да добијат свештеник. Тие се обидоа да појаснат дека под канонска јурисдикција на МПЦ подразбирале јурисдикција врз верската содржина на црквата, но не и врз имотите и финансиската администрација на општината, кои отсекогаш биле под јурисдикција на Уставот на општината. За жал, таквото разграничување на ингеренциите не е јасно дефинирано во основачките акти, што значи дека судијата е соочен со една крајно сложена фактичка состојба, каде што изгледа дека општината била основана со противречни намери и противречни акти.

Изгледа дека статус квото на општото право (Common Law) на Австралија не содржи законски преседан кој е соодветен за сложената фактичка состојба при спорот околу имотите на МПЦО "Св. Петка". Според тоа, можно е актуелниот судија да донесе неизвесно решение кое нема да задоволи ниту една страна и според тоа ќе биде неспроведливо. Ако тоа се случи, може да се очекува префрлување на спорот во Апелациониот Суд на Нов Јужен Велс, кој има јурисдикција да воведе нов, соодветен преседан.

За точните трошоци на МПЦО "Св. Петка" ќе треба да ја прашате управата на таа општина, но како што сум јас известен досега станува збор за околу половина милион долари. Претпоставувам дека адвокатските трошоци на Петар и Митко Митрев се слични и најверојатно се или ќе бидат платени со приходи, продажби и заложувања на македонски народни имоти врз кои досега успеале да наметнат контрола, како што се поранешната епархиска куќа и храмовите "Св Никола" и "Св. Илија" во Мелбурн.

Како што сум информиран, претресот по суштинските прашања во спорот со Македонската обединета општина од Западна Австралија се уште не е започнат, иако финансискиот товар веќе доведе до губење на Клубот на општината. За точните трошоци ќе треба да ја прашате управата на таа општина, но претпоставувам дека доколку процесот продолжи докрај, вкупните трошоци ќе бидат слични на оние во спорот со Св. Петка. Претпоставувам дека натамошниот терк на судската постапка во Западна Австралија ќе зависи од исходот на постапката против "Св. Петка".

САМОУНИШТУВАЊЕ


МС: Како ја оценувате сегашната состојба во Македонската православна црква? Кој е Вашиот коментар за премолчувањето на проблемот со разрешениот владика Јован и со нерасчистените односи со СПЦ?

АВРАМОВСКИ: Состојбата во МПЦ во Македонија во суштина не се разликува од општата политичка состојба во државата.

Очигледно е дека моќта во сите клучни институции во Република Македонија, вклучувајќи ги и најбројните македонски политички партии и МПЦ, е во рацете на крајно искомплексирани лица со недостиг на морални вредности, национална свест и чувство за заедничкото добро на македонскиот народ. Ваквите "моќници" очигледно не го почитуваат домородното македонско наследство и не веруваат во можноста и правото на македонскиот народ да постои самостојно, па затоа градат кариери како вазали на разни странски интереси. Тие не покажуваат никаква храброст или решителност во одбрана на правата и достоинството на македонскиот народ, дури и кога нападите доаѓаат од екстремистичката клика на едно малцинство кое нема силна матична држава. Наместо тоа, нашите "моќници" ја чуваат својата енергија и суровост за самоуништувачки меѓусебни пресметки на македонскиот народ.

Во други зборови, македонските "моќници" потполно ја задоволуваат рецептата за ропски менталитет, а добар дел од нив може да се опишат и како модерни јаничари. Како такви, тие се активно влезени во служба на странски сили кои Македонија ја третираат како поле за своја националистичка експанзија, криминални дејности, сурова комерцијална експлоатација и/или експериментирање со разни меѓуетнички решенија. За возврат, таквите странски сили вложуваат значајни финансиски, пропагандни, логистички и разузнувачки напори да им помогнат на новопечените македонски вазали да ги освојат и задржат сите влијателни позиции во македонските институции.

Ние подолго време бевме уверени дека со Синодот на МПЦ владеат луѓе кои работат за задушување на самостојниот домороден македонски идентитет, што се покажа со нивната хајка за разнебитување на Македонската заедница во Австралија. Неспорен доказ дека нашиот заклучок бил правилен е таканаречената "нишка спогодба," при која тројца официјални претставници на САС со свој потпис потврдија дека ја оспоруваат легитимноста на МПЦ како независна православна црква на македонскиот народ и дека сакаат нашите верници и храмови да ги стават под српска јурисдикција.

Уверен сум дека не постојат значајни разлики во намерите на Зоран Вранишковски (наречен владика Јован) и преостанатите членови на Синодот, со исклучок на г. Агатангел и г. Кирил, а можеби и г. Горазд. Во овој поглед се повикувам на прашањето кое во еден свој памфлет самиот Јован го постави до потписниците на "нишката спогодба", Петар, Јован и Тимотеј:

"Тие што ме обвинуваат ќе мора еднаш да ми одговорат на прашањето: Зошто во Ниш потпишаа согласност за она што јас го претворив во реалност, а потоа ги повлекоа своите потписи? Небаре мали деца кога играат криенка, па велат, пу, пу не важи”.

Дека и Поглаварот Стефан стои зад "нишката спогодба" докажува фактот што тој воопшто нема изјавено дека таа претставува поткопување на МПЦ или дека е потпишана спротивно на неговата волја. Тоа што Стефан и тројцата потписници цел месец го мереа револтот на јавноста пред да одлучат дека не ја прифаќаат спогодбата само значи дека нејзиното спроведување го одложиле за поповолни политички околности, а не дека се откажале од своите антимакедонски намери.

Сметам дека македонската јавност треба да посвети далеку поголемо внимание и на додворувачкото обраќање на Синодот на МПЦ до Синодот на Српската патријаршија по "нишката спогодба", во кое употребата на името Македонска православна црква се оправдува како опис на територијата на која дејствува Црквата, наместо како идентитет на народот којшто ја сочинува. Ова пред се се коси со Уставот на МПЦ, според чија преамбула МПЦ го носи името на македонскиот народ како нејзин основач. А најзначајно е тоа што со ваквиот став Синодот ја потврдува индоктринацијата дека Македонија е само географски поим, односно име на територија без свој домороден (афтохтон) македонски народ.

Понатаму би спомнал дека Петар продолжува упорно да ги убедува неговите следбеници во Австралија дека "нишката спогодба" била добра за МПЦ и дека негативното јавно мислење за спогодбата е резултат на дезинформации од страна на новинари и други лица кои недоволно ги познаваат неговите канони.

За крај би заклучил дека суштинската разлика меѓу Јован од една страна и Петар, Наум, Тимотеј и Поглаварот Стефан од друга, е во тоа што Јован применува поризични конфронтациски методи во спроведувањето на своите уверувања, додека преостанатите дејствуваат потактично за да не ги загубат лагодните позиции. Нешто како разликата меѓу волк и волци во овча кожа.
15-08-2010, 09:08 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: СЛУЧУВАЊАТА ВО АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА - by ЈорданПетровски - 15-08-2010, 09:08 PM