Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 13 Vote(s) - 3.38 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НАЦИЗАМ ВО САРИСА ИЛИ АТАК НА ФАБРИКАТА ВРЗ МАКЕДОНШТИНАТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Наци-дувла под Тумбе кафе

[Image: E3CF63B29ED87F4CB8FA876B43B7D1F4.jpg]

Во Битола, некогаш најкосмополитскиот град, сега македонскиот национал-романтизам отворено кокетира со неонацистичките тенденции

Битола е средина во која со години егзистира притаен неонацизам. Овој, некогаш космополитски и отворен град, добива сигурни белези на затворена, ксенофобична, антисемитска средина со малограѓанштина која отворено кокетира со македонскиот национал-романтизам, манифестира неонацизам, па и фашизам.

Нов поход

Индикативна е и речиси неверојатна приказната поврзана со невладината организација „Македонски радикален фронт-Сариса“, која, наводно, важи за директна врска меѓу македонските национал(исти)-романтичари и битолските неонацисти. И тука доаѓа втората, виртуелна, компјутерска, битолска реалност. Шпекулациите велат дека нејзините приврзаници се собираат на тајни места, каде што се чита неонацистичка литература. На затворени проекции се гледаат филмови со антифашистичка содржина, која обратно ја читаат за да се согледа вистинската улога на моќта и на силата, што потоа, по нарачка, треба да се манифестира и употреби пред обичните граѓани. Тоа, наводно, се случува под надзор на локалната власт.

- Чисти шпекулации надвор од умот. Кога и каде да се појават какви било графити со таква содржина, ние ги отстрануваме. Постоењето и дејствувањето на такви групи, сепак, е во надлежност на други институции -категорични се во Општината Битола.

„Со Сариса во нов македонски поход“, тоа е пораката поставена под грбот на организацијата, што може да се прочита на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Во текст потпишан од извесен Ѓорги Чекутков Патриот, покрај основните заложби на Фронтот, можат да се прочитаат и чисти политички ставови и пораки од арсеналот на македонскиот национализам и национал-романтизам.

„Од Прохор Пчински до Солун, од Шара и Кораб до Пирин чиста македонска држава“, „Рамковниот договор е срамен и претставува тивко погребување на Република Македонија“, се дел од пораките на „Фејсбук“.

„Сариса - копјето на македонската фаланга“ има регистрирано над 1.000 пријатели на социјалната мрежа, но останува отворено прашањето колкава е таа бројка во реалноста.

Иван Поповски, претседателот на организацијата, е вчудовиден од таквите содржини.

- Сариса е организирана за промоција на млади уметници и сигурно се работи за некаква грешка. Ако навистина има такви содржини, тие не се координирани од нас и веднаш ќе ги отстраниме. Очигледно се работи за чисти дезинформации и обид да се деградира целата организација - вели Поповски.

Предраг Димитровски

Eve go odgovorot na SARISA:

Quote: МАКЕДОНСКИОТ ПАТРИОТСКИ ДУХ ПОИСТОВЕТУВАН СО НАЦИЗАМ

Во статија на весникот Дневник нашата невладина организација САРИСА-МРФ,без никакви доказни материјали, односно без никакви факти беше обвинета дека промовира неонацизам.Каква несериозност,нестручност и каква иронија од новинарската екипа која ја измисли целата оваа приказна,се со цел да ја дискредитира и оцрни организацијата САРИСА-МРФ.До кога во Р.Македонија одредени новинарски кругови патриотизмот ќе го поистоветуваат со неонацизам,а родољубието со фашизам.Зошто никој од новинарската и редакциската екипа на Дневник не не запраша кои филмови беа презентирани на Летното Кино организирано од САРИСА???, Дали знаат дека на Летното кино беа презентирани филмски хитови со различна тематика,филмови кои добиле оскари и врвни признанија од разни светски културни институции?Ние членовите на САРИСА-МРФ најодговорно тврдиме дека во ниту еден филм не беше промовирана никаква нацистичка идеологија.На ланското- Летно кино презентиравме македонски филмови како-Мис Стоун ,Републиката во пламен и Црно семе,зар и овие филмови новинарот од Дневник ќе ги окфалификува и оцени како филмови со нацистичка идеологија?,зар за нив македонизмот и чуството на македонската национална припадност е нацизам?,какво велепредавство од овие новинарски центри на моќ.Се прашуваме кој е нарачател и кој го координира ваквото извртување на настаните и чии платеници се овие нестручни новинари кои промовирањето на македонскиот патриотски дух сакаат да го прикажат како нацизам. Дали се платеници на СОРОС фондациите или агенти на грчките тајни служби.САРИСА го негува македонскиот патриотизам и се залага за промовирање на македонската историја и е цврст поборник за заштита на македонскиот национален бит и идентитет.САРИСА како главен приоритет го има промовирањето на македонските бендови од –рок,метал рап и хипхоп сцената,нашата главна цел е културно издигнување на младиот Македонец и негово рамноправно етбалирање во европското општество,затоа под поимот-Македонски Радикален Фронт подразбираме радикално, културно и духовно издигнување на македонската младина.Еве дел од активностите кои ги превзема САРИСА и како дел од нејзината програма се залага за нивна реализација ви ги потенцирам -МРФ-"САРИСА" се залага за промовирање на младите македонски уметници од областа на културата(музиката,сликарство,ликовната уметност итн);
-МРФ-"САРИСА" се залага за градење на здрава и силна македонска нација,и е силен поборник против пороците кои демнеат врз македонската младина;
-МРФ-"САРИСА" цврсто се придржува до христијанските вредности,а Македонската Православна Црква ја гледа како духовна водилка на македонскиот народ во овие времиња на искушение; -МРФ-"САРИСА" се залага за соработка со европските невладини организации и градење на мостови за соработка со сите пријатели на Р.Македонија и македонскиот народ,соработка во областа на културата(промовирање на музички бендови,размена на волонтери,уметници од областа на ликовната уметност,трибини во кои ке бидат прикажни културно историските и цивилизациските вредности на европските народи,спортски натпревари и др.);
-МРФ-"САРИСА" се залага за оджување на трибини од областа на македонската и светската историја,преку кои ќе се дознае македонската вистина и големите историски и цивилизациски дострели постигнати од македонските великани;
-МРФ-"САРИСА" во однос на македонскиот национален идентитет цврсто стои врз тврдењата на македонските,а и повејќето светски научни кругови дека ние Mакедонците сме настанати преку пат на симбиоза односно мешање на античките Македонци со Словените кои навлегуваат во Македонија во V век,а преку тој пат на симбиоза настануваме ние денешните Mакедонци;
-МРФ-"САРИСА" е отворена за соработка со македонските невладини организации и здруженија на граѓани кои ги прифајќаат програмските и идеолошките определби на МРФ-"САРИСА",соработка за разни проекти од областа на културата,науката и сите останати сфери од општественото живеење
Ѓорги Чекутков
(This post was last modified: 14-08-2010, 05:38 PM by ЈорданПетровски.)
14-08-2010, 05:33 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#2

Не знам за овој пример, но се забележува последнава деценија (и нешто повеќе) присуство на нацизмот. По Скопје гледам исцртани кукасти крстови, гледам и мои познаници/пријатели се повеќе се ’лепат’ на таа литература. Тој тренд посебно е изразен во Полска и Русија (малку ми е чудно поради словенството кое што исто беше ’таргитирано’ да го снема, па можеби во нареден период ќе се појават и Роми и Евреи почитувачи на ’ликот и делото на Хитлер Da_ne_si_lud ). Во Македонија подобро е да се исече пред многу да се развие, иако кај нас и нема многу да успеат овие движења (во Унгарија партија што кокетира со вавки групи влезе и во парламент)...

Во време на криза луѓето излез од својата безнадежност гледаат во приказни кои им нудат брзи решенија. Доволно е само да се ликвидира ’виновникот’.

Тука не е само фашизмот, туку и комунизмот (кој исто придобива доста приврзаници).

П.С. Кога сме веќе кај фашизмот и комунизмот, кој сака може да погледне еден интересен документарец ’The Soviet Story’...

Најдов и нешто како рецензија на мак. јазик:

Quote:Историската ревизија на Суворов, докажува дека тоталитарните системи на Германија и СССР имаат иста филозофско-теоретска позадина, која подразбира владеење на еден политички апарат, создавање на една унифицирана општествена мисла, односно укинување на сите возможни индивидуални слободи (политички, економски, итн)…и сето тоа со попатна ликвидација на цели групи на луѓе, кои биле наводни непријатели на „прекрасните општествени уредувања“.

Целиот текст

15-08-2010, 05:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(15-08-2010, 05:18 AM)acko Wrote: Тука не е само фашизмот, туку и комунизмот (кој исто придобива доста приврзаници).

Комунизмот по злоделата починети врз човештвото е пред фашизмот а еве зошто: најголемиот дел на злоделата на фашизмот се сторени во војна. Злоделата на комунизмот се во период без војна и исклучиво врз политичките и идеолошките неистомисленици.
Советот на Европа донесе две резолуции на осуда на комунизмот: Резолуцијата 1481 од 26 јануари 2006 година, за осуда на комунизмот и Резолуцијата на ЕУ од 2 април 2009 година, за европската свест и тоталитаризмот.
Да се запрашаме , дали сме прочитале ваков напис во некој македонски весник како написот против САРИСА засимпатизерите и подржувачите на КОМУНИЗМОТ во Македонија, одговорот е НЕ. Затоа не треба да се прашуваме зошто ЕУ се однесува така како што се однесува кон нас.
пс. мислам дека и на мојот пријател Тодор Петров ке му стане јасно дека проблемот со името е тесно врзан со македонската љубов кон КОМУНИЗМОТ.
15-08-2010, 04:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(15-08-2010, 04:05 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:

Малку за прославата на комунизмот денеска во Македонија. Дали после вакви помпезни славења сретнавте некаде збор на ОСУДА за славениците низ гласилата во Македонија.

[Image: lookup]

[Image: Ace%20D%20-%20Tito%2004%2005.jpg&imgSize=300]

Лулето на маршалот, југословенското Фиќо и пионерскиот поздрав пред тробојката со петокрака, беа само дел од сценографијата на одбележувањето на 29 – та годишнана од смрта на маршалот Јосип Броз Тито.

Титовите леви сили во Скопје со пригодна церемонија го прославија роденденот на Тито и Денот на ...

25. Мај - Ден на младоста. Цела Југославија го прославува роденденот на другарот Јосип Броз Тито. Илјадници пионери од рака на рака ја носеа штафетата низ целата Федерација. Симболот на љубовта и мирот.
[Image: thumbnail.php?file=tito_173391279.jpg&si...cle_medium]

[Image: 26043B6AB407EB408FE7A39BA01FB21F.jpg]
15-08-2010, 04:53 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#5

(15-08-2010, 04:05 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(15-08-2010, 05:18 AM)acko Wrote: Тука не е само фашизмот, туку и комунизмот (кој исто придобива доста приврзаници).

Комунизмот по злоделата починети врз човештвото е пред фашизмот а еве зошто: најголемиот дел на злоделата на фашизмот се сторени во војна. Злоделата на комунизмот се во период без војна и исклучиво врз политичките и идеолошките неистомисленици.
Советот на Европа донесе две резолуции на осуда на комунизмот: Резолуцијата 1481 од 26 јануари 2006 година, за осуда на комунизмот и Резолуцијата на ЕУ од 2 април 2009 година, за европската свест и тоталитаризмот.
Да се запрашаме , дали сме прочитале ваков напис во некој македонски весник како написот против САРИСА засимпатизерите и подржувачите на КОМУНИЗМОТ во Македонија, одговорот е НЕ. Затоа не треба да се прашуваме зошто ЕУ се однесува така како што се однесува кон нас.
пс. мислам дека и на мојот пријател Тодор Петров ке му стане јасно дека проблемот со името е тесно врзан со македонската љубов кон КОМУНИЗМОТ.

Кај нас се признава и почитува комунистичкиот тоталитаризам. Конкуренција на овој план во МК не се дозволува.Icon_lol Затоа имаме и официјилни чевствување и осуди на падот на фашизмот ( по разни поводи) но НИКАКО осуда на комунистичкиот тоталитарен систем и практика. Па, нели и идеолозите на социјализмот во МК ( Шкариќ и комп.), по повод на економската криза, не кажаа дека капитализмот е мртав а доаѓа време на нова афирмација на социјализмот. Да, во нивните комунистички глави.Yea Инаку за помладите форумџии. МК не ги потпиша двете Резолуции на ЕУ за осуда на комунизмот и европската свест и тоталитаризам, што ги наведува Јордан. Затоа сме и таму каде сме.
15-08-2010, 09:03 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#6

[Image: E3CF63B29ED87F4CB8FA876B43B7D1F4.jpg]

Сликата е класична фотомонтажа,на горниот дел од стадионот има покрив кој не е испишан со никакви слогани,но очигледно е дека на некој во Македонија му пречи кога се оддава почит на нашите бранители.

Можете да зборате што сакате но битолчани вечно ќе се националисти и никогаш нема да ги заборават сите херои кој го дадоа животот за ТАТКОВИНАТА,а што се однесува до глупостите во статијата на тоа квази новинарче е очигледно дека е платен ,затоа што Сариса им смета на овие квази новинари и самонаречени Македонци.

Слава им на Хероите а смрт за предавниците.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija

http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
(This post was last modified: 18-08-2010, 02:14 AM by афион.)
18-08-2010, 02:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:САРИСА:
ЗАР Е ГРЕВ ДА СИ НАЦИОНАЛИСТ?, ЗАР Е ГРЕВ ДА СИ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТ, ЗАР Е ГРЕВ ДА СИ ПОСВЕТЕН НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА?. ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ЗА ДАМЈАН ГРУЕВ, ЗА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ И ЗА ПРОДОЛЖУВАЧИТЕ НА НИВНИТЕ ДЕЛА, БРАЌА ЖИВОТОТ Е КРАТОК И МИНЛИВ, А ЖИВОТ БЕЗ ПРОДУКТИВНИ ДЕЛА Е = НА НЕПОСТОЕЊЕ!!!!!
22-08-2010, 11:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Според битолски радикали, Черноземски е македонски херој

Пеце Стефановски

09.10.2010 15:40

[Image: letok-cernozemski.jpg]

Наместо Филип Втори, на споменичниот постамент на плоштадот Магнолија во Битола, денеска осамна Владо Черноземски.

Со потпис, македонски радикален фронт „Сариса“, ваков леток, во кој се велича Владо Георгиев Черноземски, утрово беше залепен на Широк сокак и растурен низ целиот град во илјада примероци.

Во летокот е претставен како македонски херој и револуционер кој изврши атентат врз кралот на СХС Александар Караџорџевиќ, кого битолските радикали го нарекоа “озлогласен српски тиранин“.

Целта е, со делото на Черноземски да се разбуди патриотскиот дух кај Македонците, пишува во летокот.

„Владо Черноземски беше македонски фанатик и не е битно дали му служел на организацијата на Ванчо Михајлов. Владо Черноземски се бореше под паролата за независна Македонија и Македонија на Македонците и служеше за македонската кауза. Неговото дело извршено во Марсеј на 9. октомври, на денешен ден 1934 година, би требало да го слави и да биде гордост на секој Македонец, бидејќи тој херојски подвиг може да се спореди со саможртва“, рече Ѓорги Чекутков, потпретседател на радикалниот фронт „Сариса“ од Битола.

На ова реагираше политичката опозиција која во оние што ги лепеа плакатите препознаа активисти на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јасно е, во пaниката од се помалата поддршка на граѓаните на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидува на секаков начин да ја прекрои македонската национална историја. На деветти октомври во очи на празнувањето и чествувањето на најсветата македонска дата 11. Октомври, се повампирува бугарофилското крило на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Весна Бендевска, пратеничка од СДСМ.

Радикалниот фронт „Сариса“ го носи името на долгото копје на македонските фаланги, кој ги промовира античките корени на македонската историја.

Од Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ велат дека своите ставови јавно ги изнесуваат и дека немаат коментар за растурениот леток со кој се велича Черноземски.

Quote:Ѓорги Чекуков: Владо Черноземски бил македонски фанатик, а не бугарофил

11 Октомври, 2010 ·01:33

Битола - Македонскиот радикален фронт – „Сариса од Битола остро реагира на квалификациите од страна на медиуми, кои што Владо Черноземски го нарекоа бугарофил, а нивното дело провокација. Македонскиот радикален фронт – „Сариса„ на 9 октомври распространи плакати со ликот на Владо Черноземски.

„Делото на Черноземски нека го разбуди патриотскиот дух кај секој македонец и нека претставува пример како пожртвувано се сака својата татковина„, се вели во дел од текстот, напишан на плакатот, којшто беше повод за реакција од опозицијата во Битола, но и на дел од медиумите. „

Ѓорги Чекутков од Македонскиот радикален фронт – „Сариса изјави пред ЕФАКТ дека „претставувајќи го континтинуитетот во македонскта историја од античките македонски кралеви до татковинската војна 2001 година има своја хронолошка таблица за издигнување на македонски херои кои биле во одреден период маргинализирани или намерно отфрлени„.

„САРИСА-МРФ посебно место му посвети на Владо Черноземски кој е македонски фанатик човек кој живел и бил спремен да загине за каузата на ВМРО во секој миг и за Независна Македонија. Черноземски е Македонец по националност роден е во штипското село Патрик од каде неговата фамилија емигрира во Бугарија град Каменица. Атентатот во Марсеј Черноземски го извршил за да го спречи заговорт на балканските држави, кралството СХС,Бугарија,Турција,Грција и Романија кои имале потпишано заеднички пакт за уништување на ВМРО и затворање на македонското прашање односно потврдување на границите зацртани на Букурешкиот мировен договор. Владо Черноземски на 9 октомври 1934 година го ликвидирал кралот Александар Караѓоргевиќ во Марсеј Франција се со цел да го спречи тој антимакедонски пакт со кој би му се ставило крај на македонското прашање и македонското револуционерно движење со посредство на Франција. САРИСА-МРФ претставува главен поборник против промената на уставното име Р. Македонија и е главен заштитник на македонскиот национален идентитет,МПЦ и го негува македонскиот национален патриотски дух,а посебно се стреми за се стреми за воздивнување на македонската култура„, изјави Чекутков
11-10-2010, 01:21 PM
Reply
Зора Offline
Човѣкъ
****

Posts: 256
Joined: Mar 2010
Reputation: 13
#9

Другар сум со нив, душата му ја имат изваено новинариштата, надчоечки напори прат за да ги изедначат со нацисти и незнам ти шо Icon_wink, гледат најмала можност да му изват каква било изјава од контекст и да ги оцрнат.
Прличев до крајот на својата учителска кариера па и во Солунската гимназија предавал на македонски и ги терал учениците да изговараат според гласовниот систем на македонски јазик

Прличев во Солунската гимназија предавал на македонски јазик, свесно и настојчиво.
12-10-2010, 02:40 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#10

Зора да не смена боја??
Бугароман другар со Патриот?
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija

http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
14-10-2010, 09:50 PM
Reply
Зора Offline
Човѣкъ
****

Posts: 256
Joined: Mar 2010
Reputation: 13
#11

(14-10-2010, 09:50 PM)афион Wrote: Зора да не смена боја??
Бугароман другар со Патриот?

Пукај се в чело, одма.
Прличев до крајот на својата учителска кариера па и во Солунската гимназија предавал на македонски и ги терал учениците да изговараат според гласовниот систем на македонски јазик

Прличев во Солунската гимназија предавал на македонски јазик, свесно и настојчиво.
15-10-2010, 04:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

(14-10-2010, 09:50 PM)афион Wrote: Зора да не смена боја??
Бугароман другар со Патриот?

Дали во изјавата на Чекутков има бугароманство:

Дали на вакво дело е подготвен некој кој не ја љуби Македонија над се:

Quote:Во 1927 година, Владо Черноземски предлага на ЦК на ВМРО сам да се опаше со ремен од рачни бомби кои ќе експлодираат во главната заседувачка сала на друштвото на народите, како саможртва на овој потресен чин да го привлече вниманието за болното македонско прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеле со соодветна реакција од светската јавност.
15-10-2010, 05:18 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#13

(15-10-2010, 04:22 PM)Зора Wrote:
(14-10-2010, 09:50 PM)афион Wrote: Зора да не смена боја??
Бугароман другар со Патриот?

Пукај се в чело, одма.

Ајде ќе се најдеме заедно јас ти и патриотот.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija

http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
15-10-2010, 09:39 PM
Reply
Зора Offline
Човѣкъ
****

Posts: 256
Joined: Mar 2010
Reputation: 13
#14

За да наречиш некој бугаро/х грко/х треба да имаш неразрешени проблеми со себе Icon_razz

Ако кажам дека Гоце Делчев на многу наврати пишал дека е бугарин, по автоматизам сум бугаро, па дури МАН.Мноогу комунистички поглед на живото ти е тој.
Вака треба да си расчистиш, го сакам Гоце уште, ако кажвал дека е бугарин или го неќам Гоце оти кажал дека е бугарин, немој мене вакви закани и етикети да ми лепите, плашлив сум Icon_razz
Прличев до крајот на својата учителска кариера па и во Солунската гимназија предавал на македонски и ги терал учениците да изговараат според гласовниот систем на македонски јазик

Прличев во Солунската гимназија предавал на македонски јазик, свесно и настојчиво.
(This post was last modified: 16-10-2010, 08:53 AM by Зора.)
16-10-2010, 08:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,948
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

(16-10-2010, 08:49 AM)Зора Wrote: За да наречиш некој бугаро/х грко/х треба да имаш неразрешени проблеми со себе Icon_razz

Ако кажам дека Гоце Делчев на многу наврати пишал дека е бугарин, по автоматизам сум бугаро, па дури МАН.Мноогу комунистички поглед на живото ти е тој.
Вака треба да си расчистиш, го сакам Гоце уште, ако кажвал дека е бугарин или го неќам Гоце оти кажал дека е бугарин, немој мене вакви закани и етикети да ми лепите, плашлив сум Icon_razz

УДБАшки стил е да етикетираш без докази. Тоа на вас помладиве не ви е доволно јасно. Но таа УДБАШКА измислица е толку лесно препознатлива да нетрае ни една секунда. Еве му понудив на Афион, да ни посочи во изјава та на Чекутков каде гледа бугарштина. Колку "македонци" од тие што Афион ги смета за Македонци биле и се подготвени да се разнесат со бомби во име на МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНШТИНАТА. Основата на УДБАшката доктрина е: "никој несме да се посомнева или пак недајбоже да ги проверува нашите изјави". Тоа е став на службата, партијата....

Еве уште малку од хајката против Чекутков:

Наместо Чекутов да послижи за проимер, многумина се обидуваат да плукаат врз него.
(This post was last modified: 16-10-2010, 05:48 PM by ЈорданПетровски.)
16-10-2010, 05:47 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#16

[quote][quote='ЈорданПетровски-ЦРНИ' pid='20109' dateline='1287159497']
[quote='афион' pid='20077' dateline='1287089441']
Зора да не смена боја??
Бугароман другар со Патриот?
[/quote]

Дали во изјавата на Чекутков има бугароманство:

Дали на вакво дело е подготвен некој кој не ја љуби Македонија над се:

[quote]
Во 1927 година, Владо Черноземски предлага на ЦК на ВМРО сам да се опаше со ремен од рачни бомби кои ќе експлодираат во главната заседувачка сала на друштвото на народите, како саможртва на овој потресен чин да го привлече вниманието за болното македонско прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеле со соодветна реакција од светската јавност.
[/quote]

Номрално е да во делото на Черноземски има бугароманство ем тероризам. Па, нели, го уби српскиот крал?ShokShokShok
16-10-2010, 06:11 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#17

(16-10-2010, 05:47 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(16-10-2010, 08:49 AM)Зора Wrote: За да наречиш некој бугаро/х грко/х треба да имаш неразрешени проблеми со себе Icon_razz

Ако кажам дека Гоце Делчев на многу наврати пишал дека е бугарин, по автоматизам сум бугаро, па дури МАН.Мноогу комунистички поглед на живото ти е тој.
Вака треба да си расчистиш, го сакам Гоце уште, ако кажвал дека е бугарин или го неќам Гоце оти кажал дека е бугарин, немој мене вакви закани и етикети да ми лепите, плашлив сум Icon_razz

УДБАшки стил е да етикетираш без докази. Тоа на вас помладиве не ви е доволно јасно. Но таа УДБАШКА измислица е толку лесно препознатлива да нетрае ни една секунда. Еве му понудив на Афион, да ни посочи во изјава та на Чекутков каде гледа бугарштина. Колку "македонци" од тие што Афион ги смета за Македонци биле и се подготвени да се разнесат со бомби во име на МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНШТИНАТА. Основата на УДБАшката доктрина е: "никој несме да се посомнева или пак недајбоже да ги проверува нашите изјави". Тоа е став на службата, партијата....

Еве уште малку од хајката против Чекутков:

Наместо Чекутов да послижи за проимер, многумина се обидуваат да плукаат врз него.

Аман бре луѓе, Македонија не излегла од 1952 година!!!
16-10-2010, 06:33 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#18

(16-10-2010, 08:49 AM)Зора Wrote: За да наречиш некој бугаро/х грко/х треба да имаш неразрешени проблеми со себе Icon_razz

Ако кажам дека Гоце Делчев на многу наврати пишал дека е бугарин, по автоматизам сум бугаро, па дури МАН.Мноогу комунистички поглед на живото ти е тој.
Вака треба да си расчистиш, го сакам Гоце уште, ако кажвал дека е бугарин или го неќам Гоце оти кажал дека е бугарин, немој мене вакви закани и етикети да ми лепите, плашлив сум Icon_razz

Zora jas nemam nikakvi problemi so sebe i svojot stav,a kolku sto znam ni patriotot nema takvi problemi i bas razgovar so nego,za tebe .Pa ostanuva da se vidime i da razgovarame nekade niz Bitola.

Otvoreno i sekogas ja podrzuvam Sarisa i patriotot.

Zora znaes koj e patriotot.

A za crni,hristo i onie drugite nemam sto da komentiram koga prvo nemaat osnovni poznavanja za rabotata na Sarisa.Pishtoldzija
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija

http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
16-10-2010, 06:58 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#19

(16-10-2010, 06:58 PM)афион Wrote: A za crni,hristo i onie drugite nemam sto da komentiram koga prvo nemaat osnovni poznavanja za rabotata na Sarisa.Pishtoldzija

Погрешно ја разбрале нивната мисија? Каде мислиш дека греашт во ’разбирањето’?

16-10-2010, 07:13 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#20

ACKO jas ne rekov deka cekutkov e bugaromanot,a se nafrlija nad mene so etiketi deka sum udbas i deka sum protiv cekutkov sto e nadvor od sekoja logika i zdrav razum.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija

http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
16-10-2010, 07:15 PM
Reply