Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Кои се приоритетите на Македонија?
Author Message
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#1

Го читав најновото интервју на српскиот министер за надворешни работи, во него се изјаснува за српските интереси и малку арогантно зборува за успесите, како се лидер во регионот и како што може да се насети никој од соседите не им е премногу битен. После подолг период Србија повторно се почувствува силна. А, посебно е интересно гласното повикување на СФРЈ, братска Русија, со посебен акцент на комунистичкиот период. Кој сака нека го прочита тука.

А што правиме ние за тоа време? Дали можеме да издржиме без последици да чекаме работите да течат покрај нас, а ние по се изгледа само декларативно да се залагаме за ЕУ и НАТО? Дали некој свесно или од наивност не држи по страна, а оставајќи голема можност да бидеме монета за поткусурување? Како некој да сака да спречи Македонија да влезе во ЕУ пред Србија, за да можеме вакви да и помогнеме во залагањето да стане лидер во регионот!? Нели е поубаво да се тргнеме на страна додека се решава што ќе се прави со Република Српска и со Косово?

Ние не сме ниту силни, а за жал уште помалку сме имале и ќе имаме мудро водство, па сите превирања во регионот да ги преживееме без последици. Проблем со името е сериозен и тежок за решавање, но треба да се одредат приоритетите и да се види што може да се направи. Можноста да се остане повторно на дното, а и од тоа дно да не излеземе читави, не е баш привлечна опција. И како што велат ’или си на маса или си на мени’... Ако ние скоро како судбина да бидеме на мени, барем за промена од минатото да зафатиме и некое место на масата кога ќе се расправа за нас, така сигурно подобро ќе ги одбраниме нашите интереси.

03-01-2010, 12:15 AM
Reply
Pirinec-Vrhovist Offline
Воjвода
****

Posts: 399
Joined: Dec 2009
Reputation: 15
#2

Србите лидер на балкано?!? :lol::lol::lol:
До кога ке сануват незнам....ама сликата во Европа за них не е ич убава :lol: Като го читам техниот министер ми се чини дека е во голем филм....и си лаже собствениот народ само!
03-01-2010, 12:59 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#3

(03-01-2010, 12:59 AM)Pirinec-Vrhovist Wrote: Србите лидер на балкано?!? :lol::lol::lol:
До кога ке сануват незнам....ама сликата во Европа за них не е ич убава :lol: Като го читам техниот министер ми се чини дека е во голем филм....и си лаже собствениот народ само!

Не може да се лидери, кога ни ’нивната’ територија не ја контролираат... Icon_razz

Но, сепак, се дигнаа од мртвите... Каков-таков повторно се некој фактор, затоа и се толку силни на зборови во последно време (во однос на Македонија, Бугарија и Хрватска, доаѓаат изјави кои што не се баш дипломатски).

Мене ми беше муабетот дали некој ќе ја искористи Македонија за да Србија си ги остварува своите цели...

03-01-2010, 01:18 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#4

(03-01-2010, 12:15 AM)acko Wrote: Го читав најновото интервју на српскиот министер за надворешни работи, во него се изјаснува за српските интереси и малку арогантно зборува за успесите, како се лидер во регионот и како што може да се насети никој од соседите не им е премногу битен. После подолг период Србија повторно се почувствува силна. А, посебно е интересно гласното повикување на СФРЈ, братска Русија, со посебен акцент на комунистичкиот период. Кој сака нека го прочита тука.

А што правиме ние за тоа време? Дали можеме да издржиме без последици да чекаме работите да течат покрај нас, а ние по се изгледа само декларативно да се залагаме за ЕУ и НАТО? Дали некој свесно или од наивност не држи по страна, а оставајќи голема можност да бидеме монета за поткусурување? Како некој да сака да спречи Македонија да влезе во ЕУ пред Србија, за да можеме вакви да и помогнеме во залагањето да стане лидер во регионот!? Нели е поубаво да се тргнеме на страна додека се решава што ќе се прави со Република Српска и со Косово?

Ние не сме ниту силни, а за жал уште помалку сме имале и ќе имаме мудро водство, па сите превирања во регионот да ги преживееме без последици. Проблем со името е сериозен и тежок за решавање, но треба да се одредат приоритетите и да се види што може да се направи. Можноста да се остане повторно на дното, а и од тоа дно да не излеземе читави, не е баш привлечна опција. И како што велат ’или си на маса или си на мени’... Ако ние скоро како судбина да бидеме на мени, барем за промена од минатото да зафатиме и некое место на масата кога ќе се расправа за нас, така сигурно подобро ќе ги одбраниме нашите интереси.

Ова е една од клучните работи на Македонија, кое ако не се реши ке продожи нејзиното тонење. Ослободување од српското влијание и поставување на македонскиот државен интерес како главен стратегијски цел е најважен македонски државен приоритет. Стојан Андов, прв јавно го отвори проблем кои го знаат добар дел од поупатените луѓе во Македонија, но немаа доволно храброст да го отворат. Нерасчистување со македонските служби и 100-годишното градење на своја човечка инфраструктура во Македонија од страна на Србија, доведе да нивната реална моќ во Македонија биде голема. Затоа и тезата на Стојан Андов за “ блокирање на осамостојување на Македонија од страна на службите“ држи вода. И економското назадување оди во тој правец.
03-01-2010, 09:49 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#5

Dali dvava citata od intrvjuto :

(03-01-2010, 12:15 AM)acko Wrote: n I onda predsednik Tadić na RTS-u kaže da je, u suštini, ovo nastavak Titove spoljne politike. Šta je donela ta politika, osim što su za Tita znali crnci u Africi?

- Period SFRJ je po mnogim kriterijumima predstavljao zlatno doba naše diplomatije. Imali smo izuzetno značajan ugled i uticaj u svetu. Nije bilo nijedne rezolucije u Ujedinjenim nacijama koja je mogla biti izglasana bez podrške naše zemlje, s obzirom na to da smo „kontrolisali" desetine glasova. Naše diplomate su bile na rukovodećim mestima u međunarodnim misijama. Bili smo istinski most između istoka i zapada. Velika je šteta što smo dozvolili da se to nasleđe u velikoj meri razgradi.



(03-01-2010, 12:15 AM)acko Wrote: n Zašto svi srpski političari dolaze na vlast kao zapadnjaci i onda za kratko vreme postaju rusofili? To bukvalno počinje od Miloševića, Koštunice, sada i vas bije takav glas kao harvardskog đaka?

- Odnosi Srbije i Rusije traju vekovima i karakterišu ih uzajamno razumevanje i podrška. Uveren sam da će i u budućnosti svako ko bude imao odgovornost da učestvuje u vođenju ove zemlje negovati najbliže moguće odnose sa Rusijom.

Upatuvaat na toa deka poleka se ispolnuva zacrtanoto.

Mamula piše kako je namjera "bila da dobijemo vrijeme za minimalno političko sređenje i odlaganje sporova, a najkrupnija rješenja zajedničke države odložiti dok ne protutnje turbulencije koje su zahvatile istočnu Evropu: očuvati Jugoslaviju, a reformirati je u mirnijim uvjetima." (str. 8.) To znači zadržati "status quo" dok se ne smiri protukomunistički pokret u Europi, dok nacionalna individualizacija istočnoeuropskih naroda ne posustane i dok iznova ne ojačaju suprotstavljanja između Istoka i Zapada. Tada će se Jugoslavija moći nametnuti kao geopolitički i geostrateški čimbenik kakav je bila u razdoblju nakon 2. svjetskog rata. “
Dali ta Srboslavija ke se vika Zapaden Balkan ili REPUBLIKITE (Makedonija, BiH, Crna Gora- vo Kosovo ima sudir na dve opcii... ) ke ostanat navodno "nezavisni drzavi" toa e prashanje na "SHMINKA"- veke ednash isprobana i koga se vo prashanje Makedoncite i Makedonija pokazala USPEH. Na srpskite isprdoci im dala adut da govorat deka Makedonija e samostojna Republika.
Formiranjeto na "DEMOS", prevzemanjeto na dirigenskata palka vo "DEMOS" od strana na Srdjan Kerim, doadjanjeto na:
Poraneshniot voen razuznavach, glaven chovek za bezbednost vo srpskoto Ministerstvo za nadvoreshni raboti i recenzent na antisemitskata kniga Anatomija na globalnata smrdea Tomislav Gjurin e imenuvan za nov ambasador na Srbija vo Makedonija.....
(This post was last modified: 03-01-2010, 05:14 PM by mara-popara.)
03-01-2010, 05:12 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#6

Трети патишта, нови опции, ДЕМОС
Мурто левичарот и Курто десничарот



Така, откако Срѓан Керим онака дипломатски дискретно на втората “сесија“ на невладината ДЕМОС, неодамна изјави дека нам овде во Македонијава ни била потребна нова политичка (читај опозициона) опција, во јавноста веднаш беше направен обид оваа тема, инаку од порано позната под работниот наслов “трет пат“ (по којзнае кој пат) повторно да се актуелизира пред граѓанството. И се разбира нејзината суштина се сведе на тралалајката “левица-десница“. Што, се разбира, е демодирана и досадна свињарија далеку од сите теоретски и практични логики на политиката во контекст на македонското општествоно живеење од осамостојувањето до денес.

Всушност интелектуалните лево-десни повраќаници идеално се вклопуваат во општественото милје на оваа државна “супернова“, која што е на чекор пред својот “биг бенг“. Имено, ако би било поинаку, односно нормално, тогаш воопшто не би се зборувало за неучинковитоста на левите и десните македонски политички “опции“ поради некакви кризи на политичките концепти на истите или коегоде идеолошки “проблеми“ на дотичните. Каква левица или десница кога тие во ниту еден момент од осамостојувањето до денес не суштествувале на македонската политичка сцена. Та не е дека џандарите од Удба или оние од КОС, кога ја конструирале ВМРО-ДПМНЕ пред себе како водич ја имале десничарскиот идеолошки светоглед? Или СДСМ стана левица затоа што Глигоров и Црвенковски (плус истите удбаши и кос-овци) тој идеолошки порив концептуално го фундираа топтан, сосе новото име на преодната СКМ-ПДП?

Во самостојна Македонија идеологија ниту имало ниту ја има. Таква работа во овдешната политика, едноставно кажано – не вирее! “Третиот пат“ или “нова политичка опција“, беше измислена, како што се уште е, како специфично дизајнирано пакување кое треба(ше) да ги убеди гласачите дека во (или зад) него навистина има добра роба. Кога, таму постојано, по правило, бофл... За среќа веќе од пред неколку месеци јасно беше речено во јавноста (Љ.Јордановски во “Фокус“) дека ние не сме имале ни “прв пат“ а камо ли “трет пат“. Дополнително, но бездруго најсуштински е што беспредметноста на “левица-десница“ мрсомудењата, лежи во ноторниот факт дека кај нас политиката секогаш имала, исклучиво, персонален а никако идеолошки контекст, предзнак, основа... Ако со нешто можеме да влеземе во политичката теорија тогаш сигурно тоа ќе биде заради целосното персонализирање на политиката, односно нејзиното подредување, во целост, на личните или групашките интереси на поединци и нивните кланчиња кои никогаш не излегле надвор од рамките на базичните параметри: пари – кариера (владеење, траење) – употребна вредност (диблање со регионални и меѓународни фактори и влијанија). Нашата јадна карма не ставила во средината на овој домицилен “бермудски“ тригаолник.

http://tribune-eu.com/?page=read_news&id=5401
(This post was last modified: 03-01-2010, 11:11 PM by mara-popara.)
03-01-2010, 11:07 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#7

Ovoj del od tekstot go izdvoiiv :

Секако, поентата на медиумите, кога се во прашање дилемите за некакви нови политички понуди или опции, не оди подалеку од обичното шпекулативно љубопитство: дали овие на оние ќе им ја ебат мајката земајќи им го членството, позициите, влијанието, или со кого ќе коалициираат кого ќе симната а кого ќе донесат на власт, и слично на тој вид комбинаторики. Значи, ни милиметар подалеку од формата, наспроти никогаш не одгатнатата загатка: зошто македонската политика претставува стамен пример, во светски рамки, за неодговорно, дилетантско, трагикомично, автодеструктивно јавно дејствување кое функционира контра сите дефиниции на демократијата, политичката теорија, па ако саката и здравиот разум!? Или еве да упростиме до максимум: зошто македонското општество нема ни трунка реална демократија а македонските граѓани (освен оние 10 отсто ептен богати) живеат или на прагот на бедата (околу 60 отсто) или во тешка беда (30) и после речиси две децении транзиција успеавме да се најдеме, според сите општествени параметри, на самото европско дно?

Odgovorot e jasen kako bel den..........
03-01-2010, 11:09 PM
Reply
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#8

Без разлика на тоа што колку што гледам повеќето од учесниците на форумов ми се познати од други форуми, како нов на форумов би ги претставил моите политички ставови. Не ја сакам СДСМ, поради тоа што се преименувана СКМ. И по ставовите секогаш сакаат да ги задржат привилегиие стекнати во времето на едноумие. Пред се` со транзицијата на општествениот капитал во нивен приватен, т.н. приватизација. Направена пред денационализацијата, што би рекле си го прибра државниот имот за себе, пред државата да се раздолжи со граѓаните.
Во спорот со Грција се залагам занекршење на човековите и други права, а тоа се самоиндентификување, самоименување на народот (со тоа и јазикот, културата и т.н.) и државата, сопствен избор на националните симболи. Најголема отстапка, да кажам моја црвена линија во врска со името е додавка пред република. Се разбира не било каква, а во никој случај пред Македонија. Но и тоа доколку биде јасно дека ЕУ не успее да најде начин да но прими во членство без да инсистира на кршење на нашите човекови права. За жал ние во светот се покажавме (од некои политичари) како некоја врста на ороспија спремна да тргува со името и идентитетот и сегашната власт е ставена во незавидна ситуација или да преговара за цената или даја убеди меѓународната јавност дека не сме сите ороспии, но за тоа треба подолго време.
Што се однесува до наводната антиквизација, мислам дека тие што трубат за неа всушност сакаат да го избришат тој дел од нашата историја. И на секој начин, иако се малубројни (побројни се во медиумите и невладините организации, но не и кај народот), се обидуваат да го истераат своето. Лаги се дека тоа го дели македонскиот народ. Ако јас немам проблеми со мојата индентификација како Македонец иако мајка ми е Србинка, не знам во што е проблемот ако некој 15 века има ист идентитет, а спори за нешто од пред тоа. А најголем обид за промена на потеклото има извршено токму СДСМ во процесот за мајмунизација, кога нашето потекло од Адам и Ева е префрлено на мајмуните, па не се поделивме на луѓе и мајмуни, како што сега велат сме се делеле на антички и словенски Македонци. Да не кажам на Македонци и Славомакедонци. Таква поделба постои само во поматениот ум на некои политичари и наводни експерти и кај тие што не размислуваат туку слепо го следат овчарот. Од сегашните лидери на партии тројца од опозицијата гласаа своевремено како пратеници за тоа симболот од античко време (сонцето од Кутлеш, кое по геноцидот врз Македонците во Грција се вика од Вагина или така некако). Тоа се Бранко Црвенковски, Тито Петковски и Стојан Андов. Од опозицијата само еден - Ѕинго. Што ги натера првите тројца не само да го заборават, туку и да се најголеми борци за бришење на нашата историја од античко време? Некои мислат дека се работи за грчки пари.
Да одговорам и на прашањето зошто е Македонија во ваква ситуација. Надвор од ЕУ и НАТО сме затоа што го кршевме ембаргото кон Србија на Милошевиќ, па ОН се спремаше ембаргото да го прошири и врз нас. Од тоа не спаси Дејтонската спогодба и укинувањето на ембаргото кон СРЈ. Странски инвестиции нема затоа што најпрофитабилните општествени фирми наместо да се продадат на тендер (што би привлело квалитетни странски компании) се поделија на кадри од порано единствената партија (да не кажам сојуз). Да не беа овие две катастрофални грешки, веројатно како Република Македонија ќе бевме членка на ЕУ и НАТО најдоцна заедно со Бугарија и Романија. Можеби и со Словенија ако станува збор за земјите од Македонскиот Полуостров.
Што се однесува до Србија (и со Грција заедно како самопрогласен лидер од порано), водечка земја во регионот е нашиот пријател Турција.
04-01-2010, 10:54 AM
Reply
ogledalo
Unregistered

 
#9

добре ве најдов добри луѓе!!!

намерно ја одбрав оваа тема за мој прв пост на форумов од едноставна причина што насловот е провокативен и секогаш актуелен.

приоритетите според мене ќе ги изложам на краткорочни и долгорочни

краткорочни

- куртоазно учество во преговорите со грција без притоа напињање да се пронајде решение, зашто секој компромис каков и да е го обезличува нашето постоење, или комарџиски кажано ние сме принудени на покер маса да играме со сиот влог од прва рака.
дури и правење на ситуација тие преговори да се напуштат, али сето тоа пшолитички изиграно да Грците се виновници за тоа `напуштање``
- економско потегнување на врски со земји како кина, русија, индија и слично а во меѓувреме и зајакнување на западноевропските исто.
- нов попис на население посебно ажурирање по графа националност.
- интегрирање активно во политички живот на македонската емиграција
- потпишување на взаемен договор економско-воен со Турција

долгорочни

- реформи во образование поставени на темели на национална историја
- зголемување на наталитет кај македонците
06-01-2010, 05:25 PM
Reply
Mirza Offline
Junior Member
**

Posts: 45
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#10

Quote: od trendafil: Што се однесува до Србија (и со Грција заедно како самопрогласен лидер од порано), водечка земја во регионот е нашиот пријател Турција.

Quote: od ogledalo:- потпишување на взаемен договор економско-воен со Турција

Shto sega so arnauti i kleti turci li ke se bratime? Do vchera se borevme so niv, duri Srbija ne ne' oslobodi, a sega treba da im se gneteme u gazot?
06-01-2010, 05:33 PM
Reply
ogledalo
Unregistered

 
#11

(06-01-2010, 05:33 PM)Mirza Wrote:
Quote: od trendafil: Што се однесува до Србија (и со Грција заедно како самопрогласен лидер од порано), водечка земја во регионот е нашиот пријател Турција.

Quote: od ogledalo:- потпишување на взаемен договор економско-воен со Турција

Shto sega so arnauti i kleti turci li ke se bratime? Do vchera se borevme so niv, duri Srbija ne ne' oslobodi, a sega treba da im se gneteme u gazot?

se e prasanje na interes, vo momentov so turcija imame vzaemen intere, nostalgija ne ni treba , a toa srbija deka ne oslobodi bi go zamenil so okupira.
06-01-2010, 06:18 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#12

(06-01-2010, 05:25 PM)ogledalo Wrote: добре ве најдов добри луѓе!!!

намерно ја одбрав оваа тема за мој прв пост на форумов од едноставна причина што насловот е провокативен и секогаш актуелен.

приоритетите според мене ќе ги изложам на краткорочни и долгорочни

краткорочни

- куртоазно учество во преговорите со грција без притоа напињање да се пронајде решение, зашто секој компромис каков и да е го обезличува нашето постоење, или комарџиски кажано ние сме принудени на покер маса да играме со сиот влог од прва рака.
дури и правење на ситуација тие преговори да се напуштат, али сето тоа пшолитички изиграно да Грците се виновници за тоа `напуштање``
- економско потегнување на врски со земји како кина, русија, индија и слично а во меѓувреме и зајакнување на западноевропските исто.
- нов попис на население посебно ажурирање по графа националност.
- интегрирање активно во политички живот на македонската емиграција
- потпишување на взаемен договор економско-воен со Турција

долгорочни

- реформи во образование поставени на темели на национална историја
- зголемување на наталитет кај македонците

Добродојде Огледало. Од мојот аспект би ти го дополнил списокот. Прво и најважно е да се сетираме као држава, т.е. да се дефинитивно ослободиме од влијание на, пред се, југословенските (српксите) служби. Потоа , послободно ке си ја бркаме работата. Тоа де, што требаше да се направи 1990 год., а што го направија Словенија и Хрватска.
07-01-2010, 10:25 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#13

Makedonski prioritet e vleguvanje vo EU i NATO i toa go zboruvaat site. Opozicijata e najoshtar kritiizer na vlasta poradi navodno nemanje zelba kaj vlasta za evrointegracii. No od druga strana sekoj zakon koj vlasta vo Makedonija go prevzema od euzakonodavstvoto se "dochekuva na noz" od navodno proevropsiot SDSM na chelo so crveniot kmer Branko Crvenkovski.
Edno dobar tekst :

Quote:Мајмунска логика

Сакате во Европа уште утре, ама без ум, без хасап, без фискални на пазарите, без да плаќате сметки и даноци, без инспекциски контроли, оти „не е време“ за нив. Логика? Нема! Исказот ви штрчи гол, глуп и беспомошен поради практичното поведение, но вас не ве боли глава со рудиментиран мозок

Мојата генерација во гимназија учеше логика. Првата лекција, како вовед во вежбите за билдање на мозокот, беше логика во исказот. Факт е дека македонската јавна сцена изобилува со дефицит на логика во исказот, од што логично заклучувам дека повеќето од елитните слоеви имаат ненадоместлива дупка во академското образование. Да почнеме од тоа дека во сите анкети речиси сто отсто од граѓаните, а особено од општествената елита, сакаат да живеат во европска Македонија и исто толкав процент буквално на нож ја дочекуваат секоја најава за реформа. Да бидам попрецизна во исказот, сите ќе ви кажат дека се за реформи, ама никој не е за нивно спроведување во реалниот живот. И кога нема да ни тргне, секој во Македонија ќе ви рече „кај сме бе ние за Европа“.

Ајде да ги споредиме Никола Груевски и Јадранка Косор. Таа за половина година направи такви храбри и одлучни реформски чекори што од губитник стана миленичка на нацијата. Никола Груевски, и по три и пол години, и покрај високиот личен и партиски рејтинг, жилави со преродбата, прави реформи што му трокираат. Каде е разликата? Па, во тоа што хрватското општество има волја и сака, решено е да се трансформира во правна држава. Косор ги има медиумската и експертската и интелектуалната поддршка. Во македонскиот случај постои антиреформски консензус. Медиумите спинуваат против секој реформски потфат, опозицијата, која единствена во светот докажано не сака предвремени избори, пучира и подрива сé што доаѓа како владин реформски предлог, невладиниот сектор преку Владе Милчин се организира како анархистичко движење на отпорот, партиите на етничките Албанци отворено ја опструираат меѓуетничката интеграција, а институциите тактизираат во исчекување кој ќе победи на крајот на оваа војна. Никола Груевски, за разлика од Косор, сето тоа го преобразува во изговор зошто реформите не му функционираат на терен, наместо да ги дератизира антиреформските институционални гнезда! Наместо да го спроведе Законот за пушење онаков каков што го изгласал парламентот по негов предлог, тој на првиот отпор се повлекува. Како што досега неколкупати правеше. Но, пораката што ја зрачи до нацијата е дека лесно се витка. А килав реформатор не е баш модел што конфузното општество ќе го следи. Македонија и понатаму ќе ги отфрла реформите како туѓо тело и мазохистички ќе ужива да се дави во гомна, порачувајќи „не таласај“.
CELIOT TEKST
(This post was last modified: 22-01-2010, 03:06 PM by mara-popara.)
22-01-2010, 03:04 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#14

Branko Crvenkovski i SDSM pravele se Makedonija da ja odalechat od NATO i EU. Pojasno od ovaa izjava na: Вилијам Коен, секретарот за одбрана на САД, nemoze da ima.

Quote:ЗОШТО МАКЕДОНИЈА НЕ СТАНА ЧЛЕНКА НА НАТО СО БУГАРИЈА И РОМАНИЈА


Вилијам Коен, секретарот за одбрана на САД во времето на Бил Клинтон, на 23 декември 1997 г. оствари посета на Италија, Босна и Македонија. Пред посетата, како што е обичај, кабинетот на Коен побарал анализа од подредените во Пентагон за тоа што се случува во Македонија и како може што побрзо да £ се даде помош на Македонија за нејзино зачленување во НАТО.
За потребите на мислењето од командата на Јужното крило на НАТО во Неапол било побарано офицерите кои требало да го придружуваат Коен во неговиот балкански дел од турнејата да се информираат што подобро за ситуацијата во Македонија. Секретарот за одбрана на САД, со увид во развојот на настаните околу Косово, имал став дека треба да £ се помогне на Македонија за дополнување на дефицитот во нејзиното армиско вооружување. Во кабинетот на Коен се говорело за воена помош и до 80 милиони долари.
До заминувањето на Коен на турнејата, во неговиот кабинет биле слеани многу информации за регионот и за Македонија. Она што изненадувало биле информациите за димензиите на развиената соработка на македонските власти со Белград во кршењето на ембаргото за извоз и увоз на оружје со Србија. Списоците на кршењето на ембаргото биле толку обемни, што инстанци во кабинетот на Коен наложиле зголемено следење на центрите што го дозволиле ова.
Како резултат на овие продлабочени анализи откриена е операцијата за набавка на автоматски пушки од Србија за потребите на македонската армија, по 700 германски марки по парче. Исто така, камиони натоварени со цевки за рачни фрлачи зоља веќе биле на македонско-српската граница за извоз во Србија, а оттаму се товареле ракети за зољи што требало да се извезат во Македонија.
Во ретроактивните анализи за тоа што точно е работено меѓу Скопје и Белград во сферата на кршењето на ембаргото бил откриен извозот на српска муниција, преку Македонија, за Тајланд, како и македонскиот извоз за Србија на систем за противвоздушна одбрана, набавен преку македонски компании блиски на македонското Министерство за одбрана, потоа резервни делови за авиони МИГ-21 и МИГ-29, резервни делови за хеликоптери, како и илјадници тони алуминиум за гизли производ на Тисен Есен, милиони каписли за куршум 7,62 мм, купишта друга воена опрема, експлозиви, рачни фрлачи, гориво за ракети...
Според информациите на Пентагон, ваквата воена српско-македонска соработка во тој период изнесувала повеќе од 200 милиони долари. Во тоа не влегувале обидите за набавка на опрема за прислушување, делови за радари и ракети воздух-воздух и земја-воздух, како и радари од најсовремена технологија. Желбите на Србија биле огромни, па со сигурност се знае дека, во екот на борбите во Босна, од Гевгелија биле увезени и реекспортирани за српска Босна неколку камиони радиостаници Моторола, како и 300 пешадиски радари за откривање жива сила.
После сето ова, во Пентагон заклучиле дека тогашниот македонски министер за одбрана и тогашниот наш премиер, како и министерот за финансии и шефот на тогашната ДБК, се главната логистичка поддршка за вооружување на воинствените намери на Србија.
По ваквите сознанија, Коен на разговорите со македонската страна ја изоставил понудата за доопремување на АРМ, а Пентагон ја ставил македонската влада на "црвено" во тековната и идна политичко-воена соработка. Посетата на Коен во декември 1997 г. била "дипломатски" возвратна на гостувањето на Благој Ханџиски на Вашингтон на 18 април истата година. Кога министерот за одбрана Лазар Китановски, пак, на 7 април 1998 г. го посетил Пентагон и енергично ги лобирал Строб Талбот и Френклин Крамер САД да го изнајмат Криволак како нивен воен полигон во регионот, американскиот одговор бил студен и воздржан, воден од информациите за македонското кршење на ембаргото со Србија за оружје и воена опрема. Американски извори тврдат дека во тоа треба да се бараат и главните причини зошто НАТО избегна да ја покани Македонија, во групата со Романија и Бугарија, да £ се придружи на најмоќната воена алијанса во светот.

http://magazin.forum.com.mk/DesktopD...ID=2550&Page=1

22-01-2010, 06:05 PM
Reply