Датум: 24.05.2013, 17:11
Дарко ЈАНЕВСКИ
Екстерното тестирање и бугарско-југословенската УДБА
Дали некој има поим ...
Една е димензијата дека екстерните тестови даваат шанса да се исправи по некоја неправда. ....
И зошто против сево ова некој би протестирал? ....
Истовремено, во Европскиот парламент се гласаше за новата препорака Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Противниците познати - Грците и Бугарите. И додека од Грците, кои веќе со години водат националистичка политика примерна за времето кога на овој дел од Балканот суверени беа Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман, друго и не се очекуваше,
Скопје и Македонците никако да го сфатат однесувањето на Бугарите.
Уште повеќе што тие не отстапуваат од тврдењето дека народот во Бугарија и мнозинскиот народ во Македонија се еден ист „произход“. И како тогаш, Бугарите станаа противници на тој „ист народ“, а сојузници на единствената пречка за европски просперитет на Македонија, навистина не може да се сфати.
Kако може Росен Плевнелиев да игра по нотите на Kаролос Папулјас, да се понижува себе и земјата што ја претставува, а одбива да се напие кафе во Охрид со македонскиот колега Иванов, уште повеќе што градот на 365-те цркви Софија од уста не го вади како најромантичниот дел на бугарската историја! Наместо Бугарија да биде, толку што ~ дава силата,
која реално гледано не е голема, една од главните локомотиви за влез на Македонија во ЕУ,
таа се претвора во нејзина брана. И нема некој од времето од пред сто години, а кого Бугарите го сметаат за свој, а не македонски револуционер, а кој поради ваквата бугарска политика не би влегол со пушка среде главниот град на нашиот источен сосед. Впрочем,
сега е јасно зошто половина од парите добиени од киднапирањето на мис Стон не биле потрошени на борба против Турците,
туку против орудијата на бугарскиот двор. Што би значело, ова не е од вчера,
а Бугарија изгледа освен што барала изговори како Македонија да остане под турска власт (во илинденскиот период), а сега надвор од ЕУ, не прави ништо друго.
Ах, да, и плаче како изгубила две војни поради Македонија. Небаре некој одовде молел и барал да се сојузува со царот Вилхелм Втори во Првата и со рајхсфирерот Хитлер во Втората светска војна.
Патем, во сево ова недостига и објаснувањето за лекциите од Втората балканска војна, која се водеше за Македонија. На која страна беа тогаш Бугарите, а на која Грците. Чии очи копаа тогаш Грците, кого силуваа, чии села уништуваа? Зошто селото на мајката на Делчев веќе не постои, а на негово место е изградено сосема ново, населено со грчки доселеници од Мала Азија? Kолку Македонци или Бугари денес живеат, на пример, во Kавала, една од главните точки на сопнување на Букурешката конференција во 1913 година? Зошто Бугарите за таа Kавала во која денес негрчко население нема да најдете па макар и со свеќа го барале, тргувале со Штип и Kочани?
Kако тоа денес, Kавала нема бугарска историја, поради што Росен Плевнелиев би требало да биде во спор со Папулјас, а не негов сојузник, а бугарска историја и одродено бугарско население имаат истите тие Штип и Kочани? Kој во оваа приказна е предавник на Македонија. „Скопјаните“ или тие таму во Софија?
Згора на тоа, кога Македонија е во прашање,
бугарската пропаганда со години тврди дека овде с` уште се слуша гласот на
просрпски ориентираните политичари, научници, новинари... Прашањето е кому Бугарија му помага со ваквата своја политика? Kому му дава крилја?
Всушност, не еднаш сме кажале дека многу често се има впечаток оти бугарската политика кон Македонија овие години како да ја водат најдобрите кадри на југословенската KОС, чија задача беше бугарскиот и македонскиот народ што повеќе да не се поднесуваат. KОС и УДБА одамна ја изгубија својата сила и подлога, останаа само некои нивни елементи, кои и овде во Македонија грчевито се борат за своите позиции, но се чини, како да доживуваат процут среде Софија.
Процут на кој би позавидел секој српски разузнавач со задача тензијата меѓу бугарскиот и македонскиот народ да ја држи на високо ниво.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8A63CB...9F64FB6809
И един текст преди българските евродепутати да гласуват в подкрепа на Македония...
Скандалното - от моя гледна точка - защото текстът наистина е скандален - са произволните генерализации, некоректни исторически ретроспекции, внушения за конспирации и заговори...т.е. нищо за конкретния повод, нагласите и реакциите в България, позициите на бг евро-депутати по групи, никакво съмнение, предположение и т.н., че хората може да гласуват в подкрепа на Македония - както и се случи...
Т.е. текстът няма нищо общо с реалността; показва фрапантно непознаване на нагласите в България, европроцедури и т.н., връща ни назад някъде преди около 100 г. - къде точно - един господ знае /не и колумниста/, сипе мъдрости...
Не, мерси...
28.05.2013, 17:14
Министер без вокабулар од историјата
Новиот бугарски шеф на дипломатијата, Кристијан Вигенин, беше против бугарското вето за преговорите на ЕУ со Македонија
Слободанка Јовановска
Кристијан Вигенин, младиот, неформален и без влакно на јазик политичар социјалист во Бугарија, ќе биде новиот шеф на дипломатијата кој ќе го одврзува
заплетканиот „доброседски јазол“ меѓу Скопје и Софија. Ќе внесе ли тој нова политика и енергија - е прашањето кое,
по бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија, добива исклучителна политичка тежина. Вигенин, за разлика од новоименуваниот премиер Пламен Орешарски, и' е познат на јавноста во нашата држава, бидејќи од 2007 година е европарламентарец, а еден краток период, по повлекувањето на Зоран Талер, беше известувач на ЕП за Македонија, факт со кој
македонскиот естаблишмент не беше пресреќен во тој период и бараше негова смена.
Како и да е, Вигенин сега
наголемо влегува на нашата политичка сцена, а првите реакции се дека тој е добар избор за Македонија, пред се' бидејќи
не е претставник на старата гарда бугарски политичари кои живеат со хипотеките од минатото. Ако се направи споредба, Вигенин е поблиску до Николај Младенов во позициите отколку до Марин Рајков, па неговото именување е добра вест, иако генерално
тој нема да излезе од националниот став околу спорните прашања со нашата држава. Разликите, ако се суди по неколку досегашни изјави на Вигенин, ќе бидат во нијансите и во пристапот, при што може да се очекува дека од оваа позиција
искрено ќе сака да ги подобри односите со Македонија, бидејќи досега беше еден од најумерените европарламентарци во дебатите за нашата држава.
Вигенин, имено, беше еден од најгласните кога Софија го најави ветото за Македонија во ЕУ, јавно оценувајќи дека таквиот потег ќе ја стави Бугарија во исклучително непријатна ситуација, и во однос на решавањето на проблемите со нас, и во односот со партнерите во ЕУ.
„Уште потешко ќе ни биде после да го повлечеме ветото, зашто за разлика од Грција нашите проблеми се многу покомплексни, а напредокот тешко мерлив. Затоа на ова ветото треба да се каже не!“, изјави тогаш Вигенин.
Според него, многу подобро е Бугарија да ја утврди националната позиција, да ги формулира јасно своите претензии кон Македонија и да бара тие да бидат расчистени во текот на преговарачкиот процес. „Бугарија може да ги запре преговорите во секој момент. Всушност започнувањето на преговорите на ЕУ со Македонија и' дава на Бугарија многу повеќе можности да влијае на процесот, отколку ако стави вето пред да започнат“, изјави Вигенин додавајќи дека 5 или 6 години, колку што ќе трае влегувањето на Македонија во Унијата е доволно време таа да покаже добра волја и резултати. Како поента, тој порача дека е крајно време односите со нашата држава од сферата на митовите и популизмот да се стават во реалноста.
Тој сепак не најде разбирање за понудата од претседателот Ѓорге Иванов како заеднички празници Бугарија и Македонија да ги слават Денот на Европа, денот на бугарското признавање на нашата држава и денот на воспоставувањето на дипломатски односи, со забелешка дека оваа позиција не е „поцврста, туку понеадекватна“ од наша страна. Куриозитет притоа е дека Вигенин во голема мерка не се согласува со агресивниот „антимакедонизам“ во Бугарија, сметајќи дека ако бугарскиот настап е премногу агресивен, тоа ќе им помогне на македонските власти да се самозатворат, па Бугарија ќе се лиши самата од можноста за дијалог на владино и друго ниво.
Во политичките кругови на Македонија од левиот табор, Вигенин се смета за добронамерен и неоптоварен политичар, за космополит и звезда во подем на бугарската политичка сцена. „
Вигенин го нема комплексот на старата политичка гарда во Бугарија“, е кратката оцена на екс- премиерот Владо Бучкоски.
Новиот шеф на бугарската дипломатија има само 38 години, а оваа функција ќе му биде отскочна штица во кариерата, бидејќи досега не бил на извршна или министерска функција. Во однос на образованието, тој е магистер за меѓународни односи и макроекономија и на оваа функција повеќе е како политички кадар отколку како експерт, иако има долго искуство на меѓународен план во разни функции. Нема ни влакно на јазик, поточно зборува на отворен начин и без политички флоскули, па еднаш го опиша екс- премиерот Бојко Борисов како безидеен и уморен политичар, а другпат му порача „нека ми прости Господ, но што прави патријархот на средба со еден симулант во оставка. Црквата да стои подалеку од циркусот“.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...C22EA72D58
Не знам дали е добър избор - но не мисля че има особена разлика между него, М. Райков, или Н. Младенов, и Калфин преди това...Това са номинации които подсказват, че страната се осланя изцяло на Брюксел във външната си политика...
Позитивно развитие в двустранните отношения би означавало те да бъдат поставени по-напред в "агендата" и на двете страни, а не да прашасват захвърлени в архиви и хранилища ... оставени на произвола на македонски колумнисти...