Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЈ ГО КОНТРОЛИРА СУДСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

(23-03-2011, 03:17 PM)montehristo Wrote:
(23-03-2011, 02:30 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(23-03-2011, 02:00 PM)montehristo Wrote:
(23-03-2011, 01:06 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Нема кривична пријава за Цветанов

Нема докази дека во Македонија постои организирана мафија во која се вклучени и високи функционери

[Image: images?q=tbn:ANd9GcRG97fp7jmzxyWXlT7RFPw...j7PSzZHcIT]

Ова го тврди јавниот обвинител Љупчо Шврговски по речиси едногодишна проверка на документите што му ги достави поранешниот директор на Агенцијата против перење пари Ване Цветанов.

- Документите што ги достави Цветанов беа во функција на откривање евентуална мрежа на сторители на кривични дела од организираниот материјал. Ние такви докази досега не пронајдовме. Ако Цветанов имаше докази, требаше да поднесе кривична пријава до обвинителството - вели Шврговски.


Sm_bigeekSm_bigeekSm_bigeekSm_bigeekSm_bigeek


За кривични пријави говори некој чиј мандат е да основа кривични пријави по службена должност.
Мандатот на Ване бил да отвкрива не да тужи.
Со оваа изјава Шврговски само си ја потпиша својата пресуда.



Швговски со оваа изјава го потсетува Груевски колку му е верен и одан. Да не го заборави случајно во новите кадровски решениа. Михајло Маневски можеби ке оди пензија.

Јоцо , ни на крај на памет не ми беа ни Груевски ну Маневски.
Овој Шврговски е срам за неговата професија.
Заслужува уште денеска да се отпушти.
И не само тоа, и кривично да се гони за не поднесување кривична пријава по службена должност.
Што некој може да го гледа и како помагање во злосторство.



Јас знам дека на тебе не ти е ни крај памет да го браниш. Ама Грујо го брани. После вакво нешто тој требаше да биде разрешен.

Тој е доказ дека еден е газда на Грујо и на Бранко. Шврговски не чепка никој.

Грујовата партија снима спотови во кои зборува за криминалот на Црвенковски а обвинителот избран од истата таа партија "није из ту". Ниту гледа ниту слуша.
23-03-2011, 04:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22



Quote:Поглед


Судски записници

Љубиша Станковиќ

Да не пукнеше бруката со двојните записници што се воделе за случајот „Пајажина“ немаше да знаеме дека нашето судство навлегло многу длабоко во сопствената „пајажина“.

Веќе не е битно тоа што претседателката на скопска „единица“ ја амнестираше судијката Павлина Христовска од случајот со двојните записници. Неделкова можеше да одлучи и поинаку, односно да го прифати барањето за изземање и да именува друг судија, но и тоа нема да ги промени работите.

Она што ќе остане како факт е дека судот лиферувал двојни записници: Првите се оние на кои е напишано она што навистина се случило на изминатите неколку судски заседанија од судскиот процес „пајажина“, а вторите се оние на кои судот или знаел или можел да предвиди како ќе тече натамошниот тек на постапката.

Објаснувањата дека компјутерскиот систем на кој се работи во судот е таков да копира делови и ги „лепи“ не држи. Не може со ништо да се оправда напишаното, односно дека јавниот обвинител го сторил тоа што не го сторил или дека сите 23 обвинети го кажале тоа што никогаш не го изјавиле.

Стравот дека сега се' ќе и' се стави на товар на дактилографката што ги испратила записниците по електронски пат е многу реален и оправдан. Дали жената навистина погрешила во работењето и дали таа веќе имала нешто напишано што не требало да го има на записниците допрва ќе се утврдува, но не треба да се заборави дека тука треба да се преиспита и работата на судиите.

Тие, како што ги ставиле своите потписи на „валидните“ записници истото тоа требало да го направат и на оние што биле дистрибуирани по е-маил. А ако и на нив имало потпис, тогаш требало да внимаваат и на моментот на нивното испраќање.



Вакво нешто е за страв. Mолчи Судскиот Совет, молчи сеуште министерот Маневски.
26-06-2011, 11:22 PM
Reply
Guest
Unregistered

 
#23

Оваа вест ја објавив во темата за затворањето на А1, но Мрачниот Коњаник (каков инфантилен прекар за еден, сепак, сериозен форум) сметаше дека не е вредна за расправа бидејќи изворот на веста беше токму А1.

оф-топик: веројатно би било ред да се регистрирам на форумов - ве пратам некое време, а и имама оставено едно 7-8 коментари како гостин. само да смислам некој сериозен прекар прво Icon_razz
26-06-2011, 11:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24


Quote:Интервју со Саше Димовски: Тарифата за поткуп е 10.000 евра во Основен и 100.000 евра во Врховен суд?!




Либертас: Во дебатата за 19 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се фатиле за гуша за новите места во судовите. Што се случува во владејачката коалиција кога се работи за судството, кој какво место сака да контролира?

Димовски: ВМРО - ДПМНЕ и ДУИ подолго време се во клинч кога се работи за избор на кадри во судството. ВМРО - ДПМНЕ се спротивставува на повеќето предлози на ДУИ, кои да бидам искрен влегуваат во институциите и без многу стаж или без никакво искуство. Но, ако веќе влегле во коалиција, портокаловите мора да се свесни дека ДУИ нема да ја пополнува само формата по Бадентер, туку бара и свој дел од колачот. Најизразен е судирот сега за избор на судија во Врховниот суд. Од највисокиот суд заминаа неколку судии Албанци во пензија, но нема избрано нов. Главната борба е сега дали да влезе Шпенд Деваја, сопругот на вицепремиерката Теута Арифи, затоа што на ВМРО - ДПМНЕ му е јасно дека тој кадар треба да биде заменик во Врховен и преку него, ДУИ и Али Ахмети лично, ќе има увид и до некаде контрола на процесите во судството. Затоа, неусогласеноста на последната седница пред две недели заврши со одлагање на неодредено време на изборот, поради наводни „технички проблеми“. А, штом седницата беше откажана, членовите Албанци во Судски совет заедно со министерот за правда дојдоа во еден, а Македонците во друг кафе бар на консултации на улица Македонија. Значи, ДУИ јасно им даде на знаење, нема да ги поддржуваат кадрите на ДПМНЕ додека во Врховен и во Апелација Гостивар не изберат судии и претседател Албанец. Моите тврдења и тоа што го пишував во „Фокус“ пред 3 месеци на оваа тема го потврди и дневниот весник „Вест“ деновиве кој вели дека ако се договорат ВМРО - ДПМНЕ, Деваја ќе стане Врховен судија. Јас исто така објавив дека ако не помине Шпенд Деваја, заменик во Врховен ќе стане Иџет Мемети сегашниот Народен правобранител.

Либертас: Исто така тврдиш дека за да се стане судија мора да се оди на бацирака кај ВМРО-ДПМНЕ. Како оди таа шема на „партиски напредок“ во судската кариера?

Димовски: Системот на баци-рака стана нормална појава, и тоа јавно им го кажуваат членовите на Судскиот совет на кандидатите за судии. Сега кадровик за правните позиции е министерката Гордана Јанкуловска. Па, да ја видам независноста на судиите кои ќе побараат прво поддршка од првата полицајка во земјава! Мене ме чуди, како судиите се уште не сфатија дека тие кои на нивен предлог се избрани во Судскиот совет, од редот на самите судии, станаа срам за самото судство. Ако тие сугерираат да се добие партиска поддршка, што да зборуваме понатаму. Но, ако се гледа кариерата на избраните во Судски совет, нивните темни петна, јасно е зошто дозволуваат така да ги злоупотребува власта. Но, да бидеме чесни до крај, морам да кажам дека голем дел од нив си ги направија синовите и ќерките судии или обвинители, па си ја искомпензираа послушноста. Сега на ред се судиите кои на есен треба да гласаат за нов состав. Е, сега навистина треба добро да размислат кој треба да ги претставува. Дали некој што ќе биде брана меѓу нив и власта или такви што ќе им сугерираат дека рецептот за успех е баци-рака.

Либертас: Како ги добиваш овие информации, на тајни средби, по маил или...?

Димовски: По 16 години следење на состојбите на судството, за мене е рутина да се добие информација, па дури и такви кои се ептен „шкакљиви“. Оти, да се разбереме, јас не пишувам за дневни настани до кои може да дојде секој. Стегите што им ги направија последниов период на судиите само ми ја засили мрежата на „извори“. Луѓе кои ми биле лути поради мои пишувања, кога го гледаат мојот континуитет дека не штедам никого, независно на која политичка опција припаѓа, сами ми приоѓаат...Но, да не се фалам премногу, воопшто не е лесно да се дојде до информации од овој тип, но мислам дека моето име, начинот на кој пишувам и медиумите за кои работам, доволно говорат кој сум и затоа ги добивам сите информации. Моите извори ми остануваат познати само мене, тие не ги знае ни уредничкиот колегиум, и тоа ми е најголемиот адут во работата. Штом го заштитувам изворот и никогаш не го злоупотребувам, јасно е дека секогаш ќе можам да допрам до секоја информација.

Либертас: Дали имаш и ако твојот одговор е да, какви притисоци ти прават за информациите кои ги објавуваш во „Фокус“?

Димовски: Притисоците се различни, иако да бидам искрен, тие се помали отколку што може да се очекува во ваков систем во кој живееме, каде што сите мислат дека се следени, прислушувани, каде што стравот и паниката се на прво место. Не ми е прв пат да предложат да ме уапсат, да ме притворат, но ете и тие епизоди поминаа, се надевам дека сите ќе сфатат што значи слобода на медиумите и дека ние би биле најмалку опасни само ако не остават слободно и нормално да работиме. Секоја забрана, секое криење го зголемува адреналинот и ве тера да истражувате. Тогаш јасно е дека ништо не може да остане тајна и резултатот може само да биде поразителен за тој што функционира на тој начин. Поради мое пишување разрешени се неколку судии и јас сум посебно горд што открив афери кои органите на прогонот не сакале да го сторат тоа, или го направија по мои пишувања. Но, јас немам дилема дека во новинарството или работиш или не работиш. Се додека некој се обидува да живурка, а не да живее не може да се говори за новинарство. Тоа ви е исто како во сексот или ловењето риба! Или ЏА или БУ!

Либертас: Како владејачките партии вршат контрпла врз судиите со закани или преку пријателски линии?

Димовски: Секој има некаков багаж што го носи со себе, па заканите и уцените се главниот мотив. Оти тешко дека ќе ме убеди некој дека довчерашните судии на СДСМ како што тврдеше ВМРО - ДПМНЕ преку ноќ да станат судии на ДПМНЕ. Почнувајќи на пример од пратеничката на ВМРО - ДПМНЕ Благородна Дулиќ која е реизбрана во време на СДСМ, па до сите кои се сега на важни функции. Но јас немам дилема, за такви судии, чии и да се, нема места во судовите. Сега ВМРО - ДПМНЕ во овие 6 години владеење избра околу 300 судии или половина од вкупниот број судии во Македонија. Затоа, за да не погодуваме чии се судиите, мислам дека е време за генерален реизбор со прв пробен мандат, ако сакаме да избереме судии, а не партиски послушници!

Либертас: Колку е корумпирано македонското судство?

Димовски: За ова прашајте ги тие што даваат пари! Сите тврдат дека има тарифи кои се движат од 10 илјади пред Основен, па до над 100 илјади евра пред Врховен суд. Сите зборуваат дека се зеле пари да се укине еден предмет за доживотна казна затвор во Врховен и да се врати на судење пред Апелација каде што се смени казната во 20 години затвор, но според моите информации, обвинителството не се согласило да се прислушуваат судиите за кои се тврди дека им биле дадени пари. Да спроведеше посебни истражни мерки обвинителот можеби и ќе знаевме, ама вака само ќе слушаме чаршиски муабети. Јас пишував и за еден судија за кого полициски инспектор во официјален документ тврди дека зел 120 илјади евра мито, па никому ништо не му фалеше. Напротив, судијата беше експресно унапреден!

Либертас: Дали Европската комисија и администрација знаат за проблемите во македонското судство?

Димовски: Сите знаат, сите се информирани, но реагираат од време на време, а нашиве власти не се многу загрижени за нивните реакции. Да беше поинаку, можеби и ќе беа поразлични работиве.

Либертас: Зошто новинарите последниве години се на мета и на власат и на судиите?

Димовски: Затоа што спрегата меѓу политиката и судството е најјака, па последниве години никој не демантира, туку тужи и тоа му е сигурен начин дека ќе го заплаши медиумот, новинарот, ќе ги малтретира со долги постапки. Само кај нас може да се случи тој што те тужи да не се појавува на суд, да праќа адвокат и да кажува дека е на службен пат. А кога ќе ја добиете пресудата има што да видите, сите пратеници, министри, функционери имаат психички проблеми од напишаното, не се нормални што би рекле народски, а кутрите тие и натаму се на позиции и ни ја кројат судбината. Затоа, јас во последниот број на неделникот „Фокус“ предложив да ја баталиме декриминализацијата и да ја поттикнеме државата да изгради затвор за вербални деликвенти, какви што сме ние новинарите, деликвенти кои пишуваат и го реметат спокојството на политичките личности. Секако, да споменам дека новинарите кои го прават тоа се редок вид во изумирање, оти на македонско тло, истражувачкото новинарство одамна е мртво. Неколкуте примери на спротивноста се трудат да ги турнат во длабока кома од која тешко би се освестиле со казни како сега изрекуваните од 5 до 30 илјади евра!

Либертас: Има ли решение за оваа состојба во која се најде македонското судство?

Димовски: Решението можеби е во генералниот реизбор кој го споменав и во контрола над работата на судиите од повисоките судии, од донесување на начелни правни мислења од Врховниот суд, од воедначување на праксата, но и преку контрола на имотот на судиите. Не е фер сите да трпат на сметка на тие кои си го товарат самарот, па макар останале на функција само додека се „нивните“ на власт!

18-06-2012, 01:48 PM
Reply