Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЈ ГО КОНТРОЛИРА СУДСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Текстов на Дарко Јаневски ме испровоцира да ја отворам оваа тема.


Quote:СДСМ го враќа Илиевски во притвор

Ако во Македонија нема независно судство, тогаш кој го ослободи Душко Илиевски? Тоа не е Груевски, чија преродба не е толку способна за да го стави под свое судството. Тоа секако не е Црвенковски, зашто тој нели не се меша во третата власт. Впрочем, лично тој пред десетина дена ни соопшти дека во Македонија нема независно судство. Што значи, Илиевски не го ослободија ни самите судии

[Image: janevski%5B25%5D.jpg]

Душко Илиевски мора под итно да се врати во притвор. Ако се следи логиката на изјавата на Бранко Црвенковски дадена токму по повод овој случај дека независно судство нема ни во Битола, ни во Македонија, тогаш нема друго освен дека фармерот е пуштен на слобода како резултат на некои други влијанија кои немаат врска со правото. Тоа фактички значи дека решението за ослободување само формално е потпишано од истражниот судија, а дека одлуката е донесена во некои кругови надвор од судството и потоа едноставно му е наложена на судијата. Со оглед на тоа што токму Црвенковски и неговата партија се прилично гласни во барањата судството да се ослободи од партиските влијанија, кои се разбира, никогаш ниту доаѓале, ниту ќе доаѓаат од СДСМ, тогаш слободно може да се очекува веќе од утре СДСМ да почне нова кампања - овој пат за враќање на Илиевски таму каде што, според нивната логика, му е местото - во истражен затвор. Не за друго, туку за да не доживееме ново разочарување од СДСМ како партија која не држи до принципите и до зборот на својот вечен и единствен шеф. Или, нека не биде до тоа, туку до нивната желба за доброто на Македонија, желба со која наутро се будат и навечер си легнуваат. А, нема ништо подобро за Македонија од ослободување на нејзиното судство од партиски влијанија.

Кои, нормално, Груевски ги негира. Тој, според тоа што бил информиран од МВР, уверуваше дека човекот посадил и одгледувал растенија од кои се произведува марихуана. И бидејќи и Груевски нема влијание врз судството, тоа не значи ништо друго освен дека некој друг замешал прсти во одлуката за Илиевски. Во тој случај, на Груевски не му останува ништо друго освен да седне на маса со Бранко Црвенковски и двајцата да видат кој тоа, крај нив живи и здрави, им командува со судството. Судиите тоа не се, така тврди Црвенковски. А, нему бездруго треба да му се верува. Самиот тој уште помалку има некакво влијание врз нив, впрочем таквото нешто би било грев дури и да се помисли. Зашто уште на третиот ден од неговото раѓање, наречниците му заветиле дека ќе биде државник, ама такви гадости никогаш нема да прави. А, за Груевски, рака на срце, тешко е да се поверува дека успеал да стави под своја контрола цела една шема на неспособност и коруптивност, која го отсликува карактерот на македонското судство. Преродбата ни оддалеку не е толку способна.

Тогаш кој е тој што ги влече конците во третата македонска власт? Ете нов „бенчмарк“ за славните македонски лидери. Ете им шанса за нови кампањи, реклами, маици, митинзи, ете шанса и за Рикер и за Фуере барем малку од малку да го поправат својот никаков имиџ меѓу Македонците. Кој е таинствениот македонскиот судски маршал?

Во некогашен Сталинград има едно место кое во славната 1942 година од воен аспект не било нималку битно. Но случајот сакал еден дел од германските и советските војници токму тука да се сретнат во една од клучните битки за градот, а нивните команданти решиле да не се повлечат, тука на тоа безначајно парче земја да ја решат судбината на градот. Така како што Сталинградската битка е пресвртница во целата Втора светска војна, за некои историчари, тоа парче земја е пресвртница во самата Сталинградска битка.

Овие денови Душко Илиевски наликуваше токму на тоа место. Двете партии си ги измерија силите токму врз неговиот грб, иако за нив тој најмалку беше битен.

СДСМ мајчински загрижена за неговата судбина, сé уште е без одговор како тоа растение, кое не е диво, пораснало кај Илиевски. Можеби дивиот коноп во меѓувреме самиот мутирал и тоа токму на таа нива? Не би ја заморувале државотворната и интелектуална елита на СДСМ, врз чии раце севезден стојат потпрени нивните загрижени глави низ кои се ројат тешки мисли за иднината на Македонија, но на некои земјоделски ситничари не им е јасно каков е тој човек кој во фаза на наводнување на компирот, дозволил да расте метарски плевел? Земјоделец?

Нивните браќа од ВМРО, пак, до денешен ден не нé удостија со одговорот на загатката - што ќе му е марихуана на еден довчерашен кравар? За него или за продажба? Кому? И од кога тоа полицијата пропушта да ги фати клучните играчи во бизнисот со дрога - тие на кои за многу кратко време евентуално требало да им биде продадено растението - за да стави во притвор еден огорчен селанец? Ако е вистина дека типот решил да произведува дрога, тогаш кој е тој што бил нетрпелив да му се додворува на Скопје и да го затвори Илиевски и со тоа да ја прокоцка шансата да ги улови покрупните риби? Така ли ВМРО се бори со дрогата? Или, сето тоа нема врска.

Патем, ова би требало да биде и една од лекциите за водење држава, кои Груевски веројатно ги пропуштил. Да го решеше бандитизмот со „Сведмилк“ навреме, наместо неговите генијалци да го разводнуваат со шарлатани како Моше Баум, немаше да постои ни Душко Илиевски. Да не постоеше Душко Илиевски, великите битолски професионалци немаше да заглават со случај кој е толку гранитен што им го уриваат авторитети како Весна Бендевска и Јани Макрадули. Јака некоја преродба на државата, нема што.

При сета агитација во која се впрегнаа двете партии, овие неколку загатки само ја комплетираат приказната за брдото кај Сталинград. Ако не беше Илиевски, ќе беше некој друг. Само што засега нема никаква индикација дека пресметката за фармерот ќе значи ваква или онаква пресвртница во македонската политика.

За волја на вистината, СДСМ се обиде нешто од тоа да продуцира. „Груевски и фамилијата мора да сфатат дека што и да сторат, колку и да напаѓаат, народот веќе не им верува“. Тоа е констатацијата што СДСМ ја лиферуваше во понеделничкото соопштение по повод овој случај. Супер. Само што, повторно недостига нешто. А, зошто тогаш сдсмовците имаат уплав од избори?

Автор: Дарко Јаневски


Ке посочам само неколку случи кои одат во "полза" на Груевски и преродбенициве:

1. Случајот со Вели Рамковски.
2. Мојата кривична пријава
3. Пријавите од Ване Цветанов
(This post was last modified: 28-07-2010, 01:10 PM by ЈорданПетровски.)
28-07-2010, 01:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Додека Трендафил Иванов бил тој што носел партиски одлуки наместо правно издржани пресуди кои погодиле и обесправиле многу луѓе воопшто не размислувал за тоа, "што се сто стапа по туѓ грб".??? по пресудата која го погоди него почна да зборува за притисоците во судството.

Денеска би му верувале 102,3% дека е така ако кренел глас пред година, пред пет години да поднел оставка на фунцијата.



Quote:ОТКАКО УПРАВНИОТ СУД МУ ЈА ЗАВЕРИ „КОДОШКАТА ТАПИЈА“


Ивановски жестоко распали по судството

Тони Ангеловски

Доскорашниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски вчера ги обвини судиите од Управниот суд дека работеле по партиска нарачка откако го потврдија решението на Комисијата за лустрација, според кое тој бил соработник на тајните служби во поранешниот режим и поради тоа не може да врши јавна функција во државава. Ивановски, засега, е единствениот државен функционер за кој Комисијата за лустрација утврди дека бил соработник на службите, по што поднесе тужба до Управниот суд, а сега најавува и жалба до Врховниот суд и до Судот за човекови права во Стразбур. Ивановски тврди дека е жртва на власта, која му се одмаздува затоа што Уставниот суд под негово претседавање укинал неколку закони што беа клучни за реализирање на важни владини проекти.
- Целиот предмет е политичка нарачка за да се покрие процесот на лустрација. Очигледно, за мене нема кој да се пазари како за другите случаи што ги разгледуваше Комисијата. Јас отсекогаш сум укажувал дека има притисоци врз судството, особено врз Уставниот суд. Но, не е најголемиот проблем во притисоците, туку во капацитетот на тие што го дозволуваат тоа. И оваа одлука на Управниот суд ја доведува во прашање независноста на судството. Токму затоа е таква е и оценката на Европската комисија за состојбите во судството - вели Ивановски.
Според него, и самиот начин на објавување на пресудата јасно говори дека ова е случај со политичка заднина. За Ивановски е неприфатливо да ја дознае пресудата од провладина телевизија, кога самата пресуда е класификувана како „строго доверлив документ“.
- Одложувањето на пресудата и нејзиното објавување на телевизија е скандал. Мојот адвокат во четвртокот беше во Управниот суд и му рекле дека не можат да му ја дадат пресудата туку јас морам лично да ја подигнам затоа што е строго доверлива. Но, веќе во 16 часот телевизија блиска до власта ја соопштија пресудата. Значи, не му ја даваат на мојот адвокат затоа што е строго доверлива и морам јас да ја подигнам, ама затоа и ја даваат на новинарката на оваа телевизија. Правна држава не се гради вака - вели Ивановски.
Строго доверливата пресуда, сепак, ниту вчера не ја подигнал Ивановски лично. Тој, во 8.30 часот, заедно со адвокатот Стеван Павлески се појавил во Управниот суд, како што им било речено, но пресудата не ја добиле ниту по полчасовно чекање. Кога заминале, пресудата стигнала кај уставниот судија преку судскиот доставувач. Претседателката на Управниот суд, Розалија Кочковска, вели дека на странките им било речено да ја почекаат пресудата, но тие си заминале. Затоа од Управниот суд пресудата ја испратиле со специјално овластено лице.
Ивановски, покрај жалбата до Врховниот суд, ќе поднесе и тужба за претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев затоа што, како што тврди, изнел невистини за него.
- Аџиев во одговорот на тужбата тврди дека има моја изјава дека прифаќам соработка со државната безбедност. Тоа е лага и затоа ќе го тужам Аџиев за изнесување невистини - најавува Ивановски.
Претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев вчера само потврди дека ја примал пресудата, а за тужбата на Ивановски вели дека не е ништо неочекувано тие за кои Комисијата ќе утврди дека се соработници да се закануваат со тужби.
- Нека ме тужи. Кај сите таму и тој. Ние работиме во согласност со законот. Ако јас ангажирам адвокат, ќе се собере добра сума за хуманитарни цели - вели Аџиев.
13-11-2010, 02:23 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#3

Po sovremenite svakjanja nad povrsinata na vodata se gleda samo 10% od santata na led.
Vo Makedonija vcera aktuelni pazarenja bea medju Velija i Nikola, deneska se medju Bajrush i Nikola. Utre koj kje bide na red????!!!
E sega koj e Glavniot Piljar tuka???!!!
Kolkava e santata na led koja Bajrush ja predade na Nikola/Sudstvoto na B.C.???!!!



Quote:Бајруш пуштен со кауција од 1,4 милиони евра


07.12.2010г.-11:53ч.) Со кауција од 1,4 милиони евра, од кои 110.000 евра во пари, а другото во недвижен имот, тутунскиот бос Бајруш Сејдиу доби можност да го смени престојот од истражниот затвор "Скопје"' во куќен притвор. Апецациониот суд во Скопје је правда ваквата одлука со образложение дека биле обезбедени сите услови. Сејдиу беше првостепено осуден на пет години затвор поради негово учество во аферата "Пепел", а во тек е уште еден судски процес против него за сомнителни приватизации на неколку кумановски фабрики и фирми. Сејдиу во истражниот затвор "Скопје" мина околу две години.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=72F11888D...FCACF19135



Za kakvi drugi santi na led kje doznavame utre???
Potprasanje1: dali e vo prasanje dzebot na Nikola ili na sudstvoto na B.C.?
Potprasanje2: Kje go dokaze li potekloto na parite/vrednosta na imotot Bajrush?
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 08-12-2010, 02:44 AM by montehristo.)
08-12-2010, 02:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Бајруш Сејдиу излегува од затвор
Миле А. Ристески


07.12.2010 15:53
Сејдиу беше осуден на пет години затвор


Тобако босот Бајруш Сејдиу притворската ќелија ќе ја замени со комфорот во домашен притвор. Апелацискиот суд ја прифатил гаранцијата тешка милион и 400.000 евра Бајруш Шутка да ја замени со домашен притвор.

Гаранцијата ја обезбедиле негови пријатели 110.000 евра се во кеш, остатокот во имот кои се состои од дуќани, куќи и ниви.

Бајруш Сејдиу е осуден, се уште неправосилно, на пет години затвор за фалсификување цигари, неплаќање акцизи и злосторничко здружување. Во неколку магацини во Куманово и Скопје беа откриени над 20 тони фалц цигари.

Сега е во притвор за случајот со приватизацијата на „Жито мел“. Беше уапсен кон крајот на 2008-та кога сакаше да избега на Косово.

„Спорна е приватизацијата, односно спорна е стечајната постапка иако ценам дека стечајниот управник работел исклучиво врз основа на одлуки на одборот на доверители и советот на доверители“, изјави Мартин Мартиновски.

Бајруш Сејдиу ќе ја напушти Шутка откако ќе се депонираат парите и ќе се впише заложениот имот. Најдолго за една недела.

Се што тој поседува на негово име од имот и сметки му е замрзнато и не може да го користи. Само возниот парк кој му е запленет чини околу милион и пол евра брифираат во судот.

Според првата пресуда во случајот пепел тој државата ја оштетил за над шест милиони евра, пари кој е должен да ги врати.

Сепак предметот е во апелација и по него не е одлучувано. За време на судењето Бајруш се жалеше на депресија.

Неговата здравствена состојба ја следеа 17 доктори од медицинскиот одбор. Поседува неколку фабрики и фирми, сопственик е и на фудбалски клуб.






Quote:
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Апелација - нов удар на македонското судство



08.12.2010 16:12



ВМРО-ДПМНЕ излезе со став за одлуката на Апелација, кумановскиот бос Сејдиу затворската ќелија да ја замени со домашен притвор.

Иако ја почитуваат независноста сепак велат ова е нов удар на македонското судство.

ВМРО-ДПМНЕ нема да остане и нема да премолчи очигледен преседан кој се случи со вчерашната срамна одлука на Апелациониот суд од Скопје за пуштање во домашен притвор на кумановскиот бос Бајруш Сејдиу.

Човекот за кого постои основано сомнение и кој е осуден со првостепена одлука за дела поврзани со организиран криминал во висина од повеќе милиони евра, поради одлуката на Апелациониот суд ќе може да се брани од дома.

Случајот за кој се гони Бајруш Сејдиу е типичен пример за организиран криминал во кој се вмешани поголем број луѓе.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ отворено се сомневаме дека зад оваа одлука можеби стои корупција од највисок ранг, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Што е вистинската причина за затворската ќелија на Бајруш да му биде замета со домашен притвор:


Бајруш се заканил дека ке проговори и со тоа ке го загрози Гревски.
Бајруш се заканил дека ке проговори и со тоа ке го загрози полициско политичкото подземје.
Судството е под контрола на Бранко и оваа е удар да му се намали рејтингот на Груевски.
08-12-2010, 07:04 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#5

Quote:ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека зад за Сејдиу стои корупција

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека зад вчерашната одлука на Апелациониот суд од Скопје за пуштање во домашен притвор на кумановскиот бос Бајруш Сајдиу стои корупција од највисок ранг
[Image: lookup]

Човекот за кој постои основано сомнение и кој е осуден со првостепена одлука за дела поврзани со организиран криминал во висина од повеќе милиони евра, поради одлуката на Апелациониот суд ќе може да се брани од дома. Случајот за кој се гони Бајруш Сајдиу е типичен пример за организиран криминал во кој се вмешани поголем број на луѓе. Сигурни сме дека поради оваа судска одлука дополнително му се нанесува удар на македонското судство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата ваквите одлуки се неприфатливи.
И министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека е непријатно изненадена од таквата одлука, посочувајќи дека се уверени за сомевањата за кои осомничениот се терети и се добро аргументирани.
„Верувам дека судот обезбедил начин судењето да продолжи и да се заврши постапката со која би дошло до евентуална правосилна пресуда. Ваквата одлука на судот за мене е непринципиелна и нема да не обесхрабри. Доколку биде потребно ќе ги преземеме сите мерки што се во наша надлежност за процесот да заврши до крај“, изјави Јанкулоска.
09-12-2010, 07:45 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Да видиме што ке стори владата.??? По напишаново излегува дека се работи за сериозен прекршок од стана на Апелациониот суд.



Quote:Ексклузивно: Бајруш Сејдиу останува во Шутка


Бајруш Сејдиу останува во притвор во Шутка. Заврши седницата на Врховниот суд кој експресно одлучи за барањето за заштита на законитоста кое вчера го поднесе јавниот обвинител Шврговски.

Го уважи барањето и го преиначија решението на Апелација. Според Врховниот, Апелациониот суд воопшто не требало да се впушта во одлучување на поднесената жалба. Апелација немала право да одлучува за жалба која не била редовна за продолжување на притворот, туку меѓу 30 дена.

Врховниот суд по итна постапка ја завршил контролата на Апелација, односно како судиите ја донесле одлуката на Сејдиу и констатирале дека е незаконска и констатирале дека двајцата од тројцата судии кои гласале Сејдиу да оди во куќен притвор постапиле нестручно и несовесно.

Претседателот на Врховниот суд, Јован Вангеловски кој е и член на Судскиот совет за Канал 5 вели дека поднел иницијатива за утврдување на одговорноста на двајцата судии кои гласале позитивно. Едниот од нив е претседателот на Апелација, Јован Митриновски, а другиот е судијата Исмаил Лимани.
10-12-2010, 02:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(10-12-2010, 02:26 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Да видиме што ке стори владата.??? По напишаново излегува дека се работи за сериозен прекршок од стана на Апелациониот суд.



Quote:Ексклузивно: Бајруш Сејдиу останува во Шутка


Бајруш Сејдиу останува во притвор во Шутка. Заврши седницата на Врховниот суд кој експресно одлучи за барањето за заштита на законитоста кое вчера го поднесе јавниот обвинител Шврговски.

Го уважи барањето и го преиначија решението на Апелација. Според Врховниот, Апелациониот суд воопшто не требало да се впушта во одлучување на поднесената жалба. Апелација немала право да одлучува за жалба која не била редовна за продолжување на притворот, туку меѓу 30 дена.

Врховниот суд по итна постапка ја завршил контролата на Апелација, односно како судиите ја донесле одлуката на Сејдиу и констатирале дека е незаконска и констатирале дека двајцата од тројцата судии кои гласале Сејдиу да оди во куќен притвор постапиле нестручно и несовесно.

Претседателот на Врховниот суд, Јован Вангеловски кој е и член на Судскиот совет за Канал 5 вели дека поднел иницијатива за утврдување на одговорноста на двајцата судии кои гласале позитивно. Едниот од нив е претседателот на Апелација, Јован Митриновски, а другиот е судијата Исмаил Лимани.


Многу се загрижил Брат Љубе за Бајруша ... Зборуваат во Куманово дека обидот да се пушти Бајруш е оти се заканил дека ке прогови.


Quote:Прес конференција OM

Петок, 10.12.2010


Влијание на власта врз независното судство


Наталија Ивчева - Генерален Секретар



Бараме веднаш да престане насилството врз судството и хајката врз сите што не постапуваат по наредбите на Владата во заминување.

Фамилијата Груевски, фамилијата Маневски и Удбашкото раководство на ДПМНЕ еднаш се обидоа со сила но не успеаа да го разрешат единствениот Престадател на Суд кој не е под нивна контрола. Ако добро се сеќаваме токму Груевски бараше од Претседателот на Апелација да си поднесе сам оставка, но понудата беше одбиена.

Сега повторно со сценарио за наводна незаконска одлкука се обидуваат да го отстранат претседателот на Апелација, Јордан Митриновски.

Вистината е дека немаат контрола врз него и им пречи одлучувањето според законите. Претходно истото сценарио се случи и со судијата Виолета Дума, исто непослушна за фамилијата Маневски.

Бараме веднаш да се откажат од ова сценарио...

ОМ ќе ги извести сите странски претставници за инквизицијата што фамилијата сака да ја спроведе. Воедно, дали Груевски и Маневски сакаат судство каде што луѓето ќе се држат со години во притвор, каде нивните пулени и роднини се на првите позиции на судовите како што е сега??

Дали судството го замислуваат како сега кога нивните домашни пријатели Латас, Миленко и Томиќ не се појавуваат со месеци на рочиштата за да го докажат она што го тврдеа во медиумите, а судовите тоа го толерираат.

Дали Груевски ќе ја научи основната лекција по демократија и да сфати дека покрај извршната постои и судска и законодавна власт. Тоталитарниот режим што го спроведува оваа Влада во заминување ќе ја научи лекцијата на предвремените избори кои ќе се одржат набрзо, а за тоа ќе одлучи народот, го сакало тоа семејството или не.
10-12-2010, 06:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Сејдиу останува во притвор
Миле А. Ристески


10.12.2010 15:55
Јордан Митриновски


За Бајруш Сејдиу нема домашен комфор. Останува во келијата во притворот во Шутка. Ваква одлука донел на итно закажана седница Врховниот суд утрината откако јавниот обвинител Шврговски ја оспори одлуката на Апелацискиот суд.

Не успеа обидот тобако босот Бајруш за милион и 400.000 евра гаранција да биде во домашен притвор. Советот на Апелација кој одлучувал за притворот немал такво право тврди претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски.

„Апелациониот суд во Скопје се впуштил во медиторно одлучување против жалба која што воопшто не смеел да ја разгледува, туку морал да ја отфрли како недозволена“, изјави Јово Вангеловски.

Претседателот пак на Апелација Јордан Митриновски и судијата Исмаил Лимани за предметот со Бајруш заработија пријави за нестручно и несовесно работење.

Митриновски контра тврдењата на Вангеловски. Смета дека неговата одлука е во согласност со законот за кривична постапка.

„ЗКП и сега дава можност према обвинет да се определат повеќе мерки и како што нагласува таа одредба, освен притвор“, вели Јордан Митриновски.


Бајруш Сејдиу ја разбранува судската фела со контрадикторните одлуки за него. За многумина симптоматична одлуката на Апелација Митриновски ја правда со двојната гаранција земена од газда Бајруш.

Покрај милион и 400.000 евра тој ќе останел во домашен притвор, а целиот негов имот кој го поседува му е замрзнат иако вреди многу повеќе од шест милиони евра кој тобако босот ги должи на државата.

Бајруш Сејдиу е осуден на пет години затвор за фалсификување цигари. Пресудата се уште не е правосилна, а тобако босот веќе две години е во притвор.


Председател на суд. Самопочит НУЛА !!!!!


Quote:Претседателот на Апелација ретерираше, Врховниот суд бил во право


14.12.2010 - 19:22 | Македонија

Пресврт во случувањата поврзани со одлуката за ослободување од притвор на Бајруш Сејдиу. По неколкудневни обвинувања на адреса на министерот за правда за извршен притисок, претседателот на скопска Апелација денеска ретерираше.


- Ја разгледавме и ја проучивме пресудата на Врховниот суд и оценивме дека таа пресуда е основана и ќе се придржуваме кон таа пресуда како одлука на повисок суд - изјави Јордан Митриновски.

Врховниот Суд во петокот ја поништи одлуката на Апелација за ослободување на Сејдиу од притвор и покрена постапка за разрешување на Митриновски и Лимани, двајцата членови на советот кои ја одобриле кауцијата од 1,4 милиони евра.

Митриновски и Вангеловски вчера си префрлаа која одлука била незаконска, дали онаа на Апелација со која Бајруш Сејдију оди во домашен притвор со гаранција од милион и 400 илјади евра или онаа на Врховниот со која беше сменета одлуката, а кумановскиот бос задржан во Шутка.

Славица Арсова
(This post was last modified: 15-12-2010, 02:34 AM by ЈорданПетровски.)
15-12-2010, 02:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Бајруш Сејдиу купувал акции со закани



И вториот судски процес што се води против кумановецот Бајруш Сејдиу за малверзации при купување на неколку кумановски фирми, е пред донесување пресуда. Вчерашното судско рочиште помина во давање завршен збор на застапникот на обвинението, а веќе денеска со свој завршен збор ќе настапат Сејдиу и неговиот тим на бранители.

Судското рочиште доаѓа една недела по одлуката на Апелациониот суд во Скопје, со која притворот на Сејдиу, кој му беше одреден во ноември 2007 година, му се заменува со алтернативна мерќа - куќен притвор. Само два дена подоцна, по поднесена жалба на Јавното обвинителство, Врховниот суд ја укина ваквата одлука и Сејдиу остана во затворот „Скопје“.

Во завршниот збор на јавниот обвинител Ацо Колевски уште еднаш беше потврдена тезата дека кумановецот потпомогнат од другите 13-мина обвинети се виновни за перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување и изнуда. Цели два часа јавниот обвинител говореше исклучиво за начинот на кој Сејдиу најпрво станал содружник, а потоа и единствен сопственик на кумановската фирма „Жито мел“. Според обвинителството, не се знае потеклото на средствата со кои Сејдиу го купил својот удел во фирмата. Јавниот обвинител се повика на сведоци, кои тврделе дека нивните акции во „Жито мел“ ги продавале под закани и со физички малтретирања. Обвинителот рече дека во купувањето акции на Сејдиу му помогнале некои од сега обвинетите, кои успевале да купуваат удели во „Жито мел“ по цена од 625 евра, и покрај тоа што реалната вредност била поголема. Од „продавачите“ пак, било барано да се откажат од тужбите што ги поднеле против „Жито мел“ АД во стечај, со цел да се изврши што побезболна трансформација на компанијата во „Жито мел ДОО“ и запишување на Сејдиу во Централниот регистар како единствен сопственик. Застапникот на обвинението говореше и за фирмите „Искра инженеринг“, „Кен“ и ЗИК „Сточарство“. (Љ.С.)



[Image: 67098_1385748024339_1851189577_742280_6869657_n.jpg]


Му се суди на Бајруш Сејдиу за "Житомел" Куманово а се "заборава" главниот актер, поранешниот адвокат Владимир Туфекџиќ, денес судија кој суди организиран криминал? Зошто МВР со потерница не го бара Миодраг Вељковиќ, клиент на поранешниот адвокат Туфекџиќ, денес истражен судија кој 2,5 години, го опструира "предлог за давање согласност за подигање на обвинителен акт без да се спроведе истрага" заедно со истражната судика Весна Басотова.

Quote:"А го именува за истражен судија адвокатот Владимир Туфегџиќ, адвокат познат по приватизацијата на Жито мел Куманово од страна на Бајруш Сејдиу. Значи не се работи за неуспешен адвокат, адвокат кој барал заради егзистенција да се вдоми во суд до пензија, туку се работи за врвен стручњак во тоа што македонското подземје најдобро го прави. Тој ќе води истрага против врвот на македонската полиција? Баш да видам. Еве како Туфегџиќ, инаку близок човек на Тито Петковски, врши истага: За него непобитен доказ дека МВР работел согласно законот кога ми отвориле политичко досие е усна изјава на некој од МВР, а му го потврдил и обвинетиот инспектор Кузман Јовановски."


Прашање кое се наметнува? Дали Туфегџиќ не се споменува во судењево на Бајруш заради блискоста со Тито Петковски или заради успешното опсруирање на мојот предмет. Едно е вистина ја ужива заштитата на Груевски.
(This post was last modified: 15-12-2010, 04:00 PM by ЈорданПетровски.)
15-12-2010, 03:58 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#10

Quote:Маневски може да биде спокоен

Гордана Дувњак

Кој вели дека Михајло Маневски е лош министер за правда и најкатастрофално решение во целиот владин кабинет? Сега го разбирам премиерот Никола Груевски, зашто и по сите критики на експертите, на домашната и на меѓународната јавност, упорно го држи покрај себе најстариот министер, кој е вистински рекордер и по должината на стажот во Владата, бидејќи си тера веќе петта година во министерската фотелја.

И тоа не е случајно! Зашто никој подобро од Маневски, и без никаква задршка, не може да му го испорача на премиерот она што тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ го посакуваат. Друга работа е колку она што е добро за партијата е добро и за државата! Го загрижува ли премиерот, воопшто, тоа што се пишува во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во делот за судството. Особено она парче каде што токму министерот за правда се прозива дека врши притисок врз судската власт.

Ако идејата на Маневски беше да направи рекомпонирање на најголемиот апелационен суд во државата, како прв чекор кон целосна демонтажа на судството, може да биде сосема задоволен. Сигурно гази кон целта - со крупни чекори! Успеа да го стави во ред скопскиот Апелационен суд со разрешување неколку „неподобни“ судии, меѓу кои и кривичарката Виолета Дума, само затоа што го спроведувала законот. Откако преку Судскиот совет не му успеа да го „урне однатре“, сам го натера актуелниот претседател Јордан Митриновски да се повлече од функцијата. Го натера да дојде до тоа дереџе и бламажа за да мора да го оспори сето тоа што самиот го кажал само еден или два дена порано. Сосема доволно да ги заплаши и останатите судии да внимаваат како судат. Сега може мирно да чека да се вратат некои предмети што беа укинати („Армиско оружје“, „Тајвански кредити“, „Змиско око“, „Југ“ 1 и 2“...). А, нема зошто да се плаши и од изненадувања, дека може некои нови предмети да бидат пресудени надвор од нечија политичка желба.

Последните оставки на двајцата искусни судии, кои се речиси пред пензија, отворија многу дилеми не само за конкретниот случај, туку за судството во целина.

Прво, дека нема судија кој не може да биде ставен „надвор од игра“, доколку некој го посака тоа. Без разлика на неговото правничко искуство, знаење, па дури и чесноста во професијата. Особено, ако се замери со моќниот пар Маневски или, пак, реши да работи по свое, во предмети од „општ интерес“.

Второ, дека никој делител на правдата не може да се потпре на она што му го дозволува и гарантира законот. А, тоа е слободно судиско убедување! Десетте гласа во Судскиот совет веднаш ќе ве разубедат дека мислите и работите незаконито. А, ќе се најде и доволен број судии во некој жалбен совет, кој ќе го потврди истото тоа.

Трето, дека некои институти и законски решенија постојат само на хартија. Можете колку и да сакате да ги охрабрувате судиите да бидат внимателни кога го користат притворот, зашто е најтежок облик на ограничување на човековите права. Но, само пробајте ако сте судија, да изречете куќен притвор или гаранции во недвижен или во подвижен имот, или да одземете патна исправа. Цела држава ќе се крене на нозе! Тутунскиот бос Бајруш Сејдиу се покажаа дека е опасен дури и кога е во притвор. Кој и зошто толку се уплаши од него што дури почнаа да летаат „судиски глави“ само за една одлука.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=10548...E63A9FE16D
An inch today is tomorrow’s mile.
22-12-2010, 01:08 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#11

Quote:Уште неразрешен, Митриновски добива наследник
[Image: tursko-golema[8].jpg]
Иако без имиња за тоа за кои судии од Апелацискиот суд Скопје ќе се испитува одговорноста за нивната работа, Судскиот совет вчера и официјално ги потврди информациите дека судијата Исмаил Лимани поднесе оставка од функцијата судија во овој суд. Судијата Митриновски, пак, се откажува само од функцијата претседател, но не и од судиската функција во најголемиот суд во земјава.

На седницата што е закажана за утре, Судскиот совет веднаш ќе треба да избере наследник на Митриновски, судија што ќе ја извршува функцијата вршител на должноста (в.д.) претседател на судот.

Иако нема точно определена постапка како се избира в.д. претседател во вакви ситуации, претседателот на Судскиот совет, Васил Грчев, вели дека за в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје ќе биде избран оној судија што добил најдобри оцени според извештајот од 2008 година.

- Апелацискиот суд е добар суд, кој работи добро. Сите судии се оценети со оценка добар и многу добар. Речиси сите судии што судат граѓански предмети се оценети како многу добри - вели Грчев.

И покрај ваквата оцена, тој не сакаше да потврди дали наследникот на Митриновски ќе биде судија од граѓанскиот оддел на судот.

Грчев негира дека Судскиот совет ја толерира практиката судиите да даваат оставки тогаш кога некој од нив ќе побара одговорност за нивната работа.

Судијата Митриновски и вчера остана недостапен да објасни што го натерало да даде оставка и дали врз него бил вршен притисок да се откаже од функцијата претседател на судот на сметка на задржување на позицијата судија во Апелацискиот суд.

Седницата ќе биде затворена за јавноста, освен ако судиите Митриновски и Лимани не побараат таа да биде јавна. За Лимани ќе биде прекината постапката, бидејќи тој целосно се повлекува од судиската позиција. Митриновски се повлекува само од претседателската функција, па за него Судскиот совет сепак ќе расправа дали и каде погрешил.

Претседателот на Апелацискиот суд, Јордан Митриновски, и судијата Исмаил Лимани му го заменија притворот на Бајруш Сејдиу со домашен притвор, кој кумановскиот тутунски бос го гарантираше со 1,4 милион евра.
Врховен суд ја преиначи ваквата одлука и не му дозволи на Бајруш да оди во домашен притвор. По неколкудневните обвинувања на Митриновски дека одлуката на Врховниот суд е незаконска, тој се премисли и рече дека Апелацискиот суд ќе ја почитува одлуката на Врховниот суд.

Случајот со Бајруш Сејдиу не е единствениот случај за кој членовите на Судскиот совет му забележуваат на работата на Митриновски. Тој постојано беше изложен на критики и поради тоа што застана во одбрана на разрешените судии од истиот суд, Виолета Дума и Владо Џилвиџиев, за кои Судскиот совет одлучи дека незаконски постапиле во случајот на турскиот државјанин на кого, пред да одлучуваат, не му го утврдиле вистинскиот идентитет.

Автор: И.О.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22164
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 22-12-2010, 01:13 PM by montehristo.)
22-12-2010, 01:12 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#12

Зошто не се одеше подлабока за да се истражи работата, туку се заврши со оставка (смена) на Мартиновски?

Нели од ДПМНЕ зборуваа за корупција, најверојатно и во право беa, но сега навистина излегува дека цел им била само промена на судија. Требаше да видиме кој се стои позади овие случувања...

22-12-2010, 03:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

(22-12-2010, 03:29 PM)acko Wrote: Зошто не се одеше подлабока за да се истражи работата, туку се заврши со оставка (смена) на Мартиновски?

Нели од ДПМНЕ зборуваа за корупција, најверојатно и во право беше, но сега навистина излегува дека цел им била само промена на судија. Требаше да видиме кој се стои позади овие случувања...



Кој може да стои освен човек близок на Груевски. Мартиновски не бил луд да прифати таква игра ако не бил сигурен дека власта стои зад неа.
Да небеше така ке имаше истрага.
22-12-2010, 03:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14


Quote: Чие е судството на Груевски или на Црвенковски

Ниту шесте измени на Уставот и 32-та амандмани што ја дополнуваат неговата содржина не се покажаа доволни, по 20 години независност, политиката да ги тргне рацете од судството. Додека ретко кој од судиите се осмелува јавно да зборува за тоа, политичарите не се откажуваат од моќта и можноста тие да ја кројат капата на 650 судии во земјава

[Image: gruevbrank.jpg]

Не стивнуваат реакциите во судските кругови по последните изјави на евроамбасадорот Ерван Фуере и американскиот амбасадор Филип Рикер дека состојбата со независноста на судството во Македонија е загрижувачка.

Претседателот на Судскиот совет, Васил Грчев, нималку не е загрижен од критиките на дипломатите, извршната или законодавната власт. За него е загрижувачка последната анкета на ОБСЕ, извршена меѓу судиите, во која повеќе од половината испитаници одговориле дека трпат политички притисок.

- Изненадува последниве одлуки и случувања да предизвикаат таква лавина од реакции во кои повторно цел за отстрел е судството. Судството повторно е поле на кое се вклучуваат најразлични влијанија и каде што секој од свој аспект настојува да поентира.

Тврдењето дека судството е нечие е многу опасно и стојам на становиштето дека судството, пред сé, е на граѓаните, а потоа на судиите. Судиите се тие што треба да ги зачуваат својот образ и образот на фелата и мислам дека е крајно време судиите да прозборат јавно за тие влијанија, кои ние никогаш не сме ги негирале - вели Грчев.

Ниту шесте измени на Уставот и 32-та амандмана што ја дополнуваат неговата содржина не се покажаа доволни, по дваесет години независност, политиката да ги тргне рацете од судството. Иако формално сите механизми за избор, оценување и разрешување на судиите се во рацете на судските органи и тела, сепак ретко кој избор на судија или претседател на суд не бил цел на политичарите.

Работата на Судскиот совет е најкритикуваниот дел од судството во последните две години. Иако и власта и опозицијата, барем пред јавноста, се заложуваат министерот за правда да не биде член на Судскиот совет, ниту владејачката ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ не успеаја да најдат начин како да се тргне министерот од изборот и разрешувањето на судиите.

Опозициската СДСМ обвинува дека Судскиот совет по наредба на министерот Михајло Маневски избира и разрешува судии по мера на власта, а од власта возвраќаат дека токму опозициската СДСМ беше таа што го измени Уставот и дозволи министерот за правда да биде член на Судскиот совет. И сé така во недоглед.

По отворањето поголем број судски случаи за кои власта тврди дека се борба против организираниот криминал, порасна и интересот кој ќе биде судија, но и претседател на судот во најголемиот суд во земјава, Апелацискиот суд Скопје. Интересот за овој суд е голем зашто во него, по жалба, се одлучува за судбината на најголемите судски случаи од областа на корупцијата и организираниот криминал. Во 2010 година Апелацискиот суд беше под жесток притисок на власта, особено по одлуките судот да ги врати на повторно судење случаите како што се „Армиско оружје“, „Тајвански кредити“, „Пепел“, „Турски државјанин“, во кои беа осудени поранешни и актуелни премиери, министри, пратеници.

Овие предмети беа причина што Судскиот совет разреши четворица судии, со образложение дека нестручно ја завршиле својата работа. За судиите Виолета Дума и Владо Џилвиџиев за случајот „Турски државјанин“ иницијативата за разрешување ја поднесе министерот за правда Михајло Маневски, а за разрешување на судиите Јордан Митриновски и Исмаил Лимани за случајот „Пепел“ на Бајруш Сејдиу иницијатива поднесе претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, кој воедно му е и кум на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Судијката Дума тогаш тврдеше дека тоа е одмазда на Маневски, зашто таа го врати на повторно судење случајот на поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски од СДСМ, кој, пак, е во роднински врски со Дума преку неговата сопруга.
„Пепел“ не е единствениот случај за кој членовите на Судскиот совет му забележуваа на Митриновски. Тој постојано беше изложен на критики и поради своите отворени ставови во одбрана на судиите Дума и Џилвиџиев, за кои Судскиот совет одлучи дека незаконски постапиле во случајот на турскиот државјанин. Тогаш Митриновски призна дека секојдневно трпи притисоци и закани од семејството Маневски, а на судијата не му помогнаа ниту роднинските врски со поранешниот министер за млади и спорт од ВМРО-ДПМНЕ Георги Боев.

- Крајно неодговорно е да генерализирате и да тврдите дека сите судии се корумпирани или дека некој врз нив врши притисок. Се прашувам врз која основа се базираат ваквите тврдења? За тоа постои полицијата, за да преземе соодветни дејства доколку има сознанија за тоа. Точно е дека судиите работат под жесток притисок, но тоа е притисокот на јавноста. Сметам дека тоа е и оправдано и добро, зашто граѓаните со право очекуваат резултати од судиите - вели портпаролот на кривичниот суд Скопје 1 и истражен судија во случајот „Пајажина“, Владимир Туфегџиќ.

Ниту континуираните критики на меѓународната заедница ниту редовните извештаи на Европската комисија полни со критики за влијанието на политиката врз работата на судството не се причина за загриженост на премиерот Никола Груевски.

- Власта не се меша во работата на судовите. Владата не може да се јави во судот или да ургира, да притиска, судот да ја повлече одлуката за блокирање на сметката на А1. Ние никогаш не сме го правеле тоа. Никогаш не сме се мешале во одлуките на судот - изјави во интервју за телевизијата А1 премиерот Груевски, по судската одлука да се блокира сметката на телевизијата поради случајот „Пајажина“.
И Уставниот суд не е поштеден од политичката битка. Борбата меѓу власта и опозицијата, како и пресметката на власта со судиите, отиде дотаму што по повеќемесечни препукувања помеѓу премиерот Никола Груевски и тогашниот претседател на судот Трендафил Ивановски, на судијата Ивановски му беше пронајдено досие според кое тој бил соработник на тајните служби. Поради ова Иваноски беше осуден во Управниот суд.

- Суштината на ова прашање лежи во менталитетот. Како индивидуалниот, така и колективниот. Проблемот е што не се зборува за конкретни проблеми, при што ќе се посочат факти, со што би имало простор да се разговара за евентуални притисоци врз работата на судиите. Друг проблем е што тие што критикуваат не се обраќаат директно до институцијата туку своите ставови ги пренесуваат преку јавноста. Од друга страна, пак, кај тие што се критикувани недостига институционален одговор на критиките - велат од Уставниот суд.

Професорот по уставно право и поранешен уставен судија Бајрам Положани смета дека судиите сами си ја преземаат вината за притисоците што ги трпат.

- Од аспект на политиката, нормално е сите политички партии да се борат да остварат што поголемо влијание врз сите општествени сфери. Со законите од областа на правосудството, судиите се доволно заштитени за да не потпаѓаат под политичките притисоци сé дотогаш додека сами не дозволат некој да им врши притисок поради нивни лични причини - вели професорот по уставно право и поранешен уставен судија.

Иако само навидум, сепак, најмирно спијат судиите во основните судови, особено оние во помалите градови и судиите на Врховниот суд. Една од причините е што во помалите градови судовите имаат мала надлежност, па и интересот на политичарите е мал. Во Врховниот суд, пак, засега е мирно, имајќи го предвид фактот што претседателот на судот Јово Вангеловски и претседателот на македонското собрание, Трајко Вељаноски, се во роднинска врска.

Автор: Искра Опетческа


Судството не е ниту на Груевски ниту на Црвенковски. Туку е на оној кој навистина владее со македонската државата-УДБа + КОС = Службата
03-02-2011, 03:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15


Quote:Судиите „пукаат“ со законот

[Image: ljupka-arsenievska.jpg]

Новата претседателка на Апелацискиот суд Скопје, Љупка Арсениевска, тврди дека судиите трпат закани од секого, но дека тие го имаат најјакото оружје, законот. Вети транспарентност во работата на најголемиот суд во Македонија
Претседателката на Апелацискиот суд Скопје, Љупка Арсениевска, по вчерашната свечена изјава во Судскиот совет за вршење на новата функција изјави дека за 36 години искуство во судството, никогаш и никој не и се заканил и дека и во иднина нема да го дозволи тоа.
- Судиите се професионалци и силни. Секој пат кога судијата го применува законот и суди по докази и факти, тогаш тој нема од што да се плаши. Нашето оружје е законот и ние „пукаме“ со законот - вели Арсениевска.
Таа вели дека судиите од секого трпат закани, па и од обични странки што го загубиле спорот.
Исто како и поголемиот дел од судската фела, Арсениевска смета дека министерот за правда не може да биде член на Судскиот совет.
Како претседател на судот, Арсениевска вети дека ќе се заложи за обезбедување максимална транспарентност во работењето, за што неодамна е отворена и канцеларија за односи со јавноста.


Quote:Закани по живот за Неделкова, за случајот „Пајажина“

[Image: lidija.jpg]

Од германски број, непознато машко лице ја предупредило претседателката на кривичниот суд Скопје 1 Лидија Неделкова, да внимава како постапува во случајот „Пајажина“, бидејќи во спротивноќе има последици по животот
Со закани по живот претседателката на Основниот суд Скопје 1, Лидија Неделкова, била предупредена да внимава како постапува во случајот „Пајажина“. Според неа, непознат машки глас и се јавил од германски број и рекол да внимава како постапува, бидејќи во спротивно ќе трпи последици по живот.
- Не судиите, туку јас. Јас добив сериозни закани за случајот „Пајажина“. Бев предупредена да внимавам како постапувам. Ми се јавија од странски број, германски – вели Неделкова.
Неделкова не го пријавила во полиција.
Заканите за претседателката Неделкова доаѓаат во време кога судот треба да одлучи по жалбите за ослободување од притвор на обвинетите од случајот „Пајажина“, како и за одмрзнување на сметката на телевизијата А1.



Quote:Судскиот совет сардисан од сите страни

[Image: aleksandra.jpg]

Александра Зафировска едногласно е избрана за претседател на Судскиот совет на Република Македонија. Таа ги повика судиите јавно да кажат кој им врши притисок и смета дека министерот за правда не треба да биде член на Судскиот совет
Во почетокот на двегодишниот мандат како претседател на Судскиот совет, судијката Александра Зафировска признава дека Судскиот совет трпи притисоци, но тоа неа, како што вели, не ја загрижува.
- Ме загрижува оној дел од судството, односно судиите што се подложни на вакви притисоци, како тие ќе може да опстанат да ја вршат функцијата онака како што налагаат законот, Уставот и меѓународните договори. Познато е дека има и судии што се подложни на одредени работи, па и на корупција. Судскиот совет секогаш ќе им даде поддршка на оние судии што чесно, професионално и одговорно ја вршат судската функција - вели Зафировска.
Зафировска ги повика сите судии што трпат притисоци тоа јавно да го кажат, за да може советот да преземе соодветни мерки.
- Не ги поддржувам судиите што цело време наведуваат дека има притисоци, а конкретно не се изјаснуваат дали таквиот притисок е од власта или од опозицијата - вели Зафировска.
Таа смета дека сé додека Уставот и законот го определуваат местото на министерот за правда како член на Судскиот совет, дотогаш не може ништо да се измени. Ставот на Зафировска за членувањето на министерот за правда во Судскиот совет е ист како и на судската фела: министерот не треба да биде член на Судскиот совет.
Александра Зафировска има 25-годишно искуство во правосудството како судијка во Основниот суд во Тетово. Во 2006 година е избрана за член на Судскиот совет од редот на судиите од Апелациското подрачје Гостивар.
Зафировска беше избрана едногласно со 14 гласа „за“ и ниту еден против. Мандатот на претседателот на советот трае две години, без право на повторен избор.



Quote:Судството прво на црната листа на народниот правобранител

Сé е исто само бројот на поплаки е зголемен. Од 744 во 2009 година, на 756 во минатата 2010 година. Затворениците се жалат на условите во кои ја издржуваат затворската казна, но и на односот на затворските службеници кон нив. Слободните граѓани се жалат на долгите судски постапки и на неквалитетните судски пресуди. Ова се првичните резултати од извештајот за работата на народниот правобранител, кој треба официјално да биде објавен најдоцна за два месеца. А во него правосудството повторно е на првото место на листата за кого граѓаните имаат најмногу забелешки.
- Факт е дека години наназад најголем дел од поплаките се однесуваат на судската власт. Но непобитен е фактот дека слично е и во земјите од регионот. Македонија во однос на судските реформи, во однос на формалноправната поставеност на овој систем направи чекори и тоа е еден од битните сегменти за реформирање на сите системи, а особено на судскиот. Системите не се создаваат еднаш засекогаш, исто како што и законите не се создаваат еднаш засекогаш - вели народниот правобранител Иџет Мемети.
Загрижувачка е информацијата дека ваквата состојба не е никаква новина. Речиси и да нема година од формирањето на оваа институција, а судството да не било на прво место по поплаки од граѓаните



Quote:Годините на Грчев беа најбурни досега

[Image: Vasil-Grcev.jpg]

Двете години во кои Васил Грчев раководеше со Судскиот совет беа најбурни од основањето на оваа институција, која е најсилна во македонскиот судски систем. Досегашниот претседател, во судскиот совет дојде од Врховниот суд, претходно беше и судија во Основниот суд во Струмица и градоначалник на општината, а имаше и неуспешен обид да стане претседател на Државната изборна комисија. Тој ќе биде член на советот уште година и пол, а потоа, како што тврди, ќе се врати во Врховниот суд.

Еве ги моментите што го обележаа неговиот мандат.

- Неколкуте разрешувања на судии, како Валентин Зафиров од Основниот суд Велес, Виолета Дума, Владо Џилвиџиев и Исмаил Лимани од Апелацискиот суд Скопје и неизвесната судбина на Јордан Митриновски од овој суд, кој е најголем во земјава, беа оценети во јавноста како политички мотивирани и посочувани како пример за мешање на политиката во судството.

- Со месеци беше одложувано разрешувањето на Филимена Маневска, сопругата на министерот за правда Михајло Маневски, од функцијата судија во Апелацискиот суд во Скопје.

- Дојде во остар конфликт со Трендафил Ивановски, поранешниот претседател на Уставниот суд, откако му беа укинати правилниците за оценување на судиите.

- Судскиот совет ги зголеми нормите за тоа колку предмети месечно треба да решаваат судиите, што ги направи нив мошне незадоволни, иако јавно не проговорија за тоа.

- Две години не можеше да најде заеднички јазик со докторите од Институтот за судска медицина, кои му бараа да обезбеди повеќе пари за да може непречено да функционира институтот, каде што се прават најголемиот број обдукции во земјава.

- Дури на крајот од својот мандат се охрабри јавно да прозбори за мешањето на политиката во судството, нагласувајќи дека е „крајно време судиите да си го зачуваат својот образ и образот на фелата и јавно да проговорат за влијанијата што советот никогаш не ги негирал“.

Рекоа за бившиот претседател

Имавме сосема добра соработка. Грчев не е виновен што нема доволно пари и што судовите немаат стручен кадар.Јордан Митриновски, судија за чие разрешување советот допрва ќе расправа

Никогаш не успеавме да се разбереме. Грчев не направи ништо за да го реши проблемот со нашето финансирање. Сé на сé, Судскиот совет беше под административна власт на првиот човек на таа администрација. Алексеј Дума, директор на Институтот за судска медицина

Судскиот совет е уставна категорија и нападот врз него би значело напад врз Уставот, дека не се почитува Уставот. Што и да одлучат за мене, јас ќе ја почитувам таа одлука.Елјеса Алии, судија од Основниот суд Гостивар, против кого токму Грчев поведе постапка за разрешување
03-02-2011, 03:41 PM
Reply
amerika
Unregistered

 
#16

Црни,сите тие што ги наброја од судството се криминалци!Ќе ме праша некој,како така криминалци?Јас до пред извесно време имав испратено над 130 претставки до Судскиот совет на р.м.Не добив ниту еден одговор согласно чл.6 од законот за претставки и предлози на р.м.(Сл.весник на р.м.бр82/08)!Во самите претставки им укажував на членовите на советот кои судии прават криминал и ја злопотребуваат својата должност,но Александра Зафировска и Васил Грчев го штитеа криминалот на самите судии!Тоа не ќе можеа да го прават доколку не им го овозможеше Министерот за правда на Р.М.Михајло Маневски,кој не сака и нема намера да постапи по чл.91 од Уставот на р.м.и не сака да му даде наредба на Директорот на Државниот управен инспекторат на Р.М.да го спроведе посочениот закон!Да не должам многу ова е мојата адреса(indijanec.blog.mk) на блогерај,па може да ги прочиташ моите постови и да се тешиш што си земал АЗИЛ!
10-02-2011, 04:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17


Quote:Нема кривична пријава за Цветанов

Нема докази дека во Македонија постои организирана мафија во која се вклучени и високи функционери

[Image: images?q=tbn:ANd9GcRG97fp7jmzxyWXlT7RFPw...j7PSzZHcIT]

Ова го тврди јавниот обвинител Љупчо Шврговски по речиси едногодишна проверка на документите што му ги достави поранешниот директор на Агенцијата против перење пари Ване Цветанов.

- Документите што ги достави Цветанов беа во функција на откривање евентуална мрежа на сторители на кривични дела од организираниот материјал. Ние такви докази досега не пронајдовме. Ако Цветанов имаше докази, требаше да поднесе кривична пријава до обвинителството - вели Шврговски.


Sm_bigeekSm_bigeekSm_bigeekSm_bigeekSm_bigeek
23-03-2011, 01:06 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#18

(23-03-2011, 01:06 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Нема кривична пријава за Цветанов

Нема докази дека во Македонија постои организирана мафија во која се вклучени и високи функционери

[Image: images?q=tbn:ANd9GcRG97fp7jmzxyWXlT7RFPw...j7PSzZHcIT]

Ова го тврди јавниот обвинител Љупчо Шврговски по речиси едногодишна проверка на документите што му ги достави поранешниот директор на Агенцијата против перење пари Ване Цветанов.

- Документите што ги достави Цветанов беа во функција на откривање евентуална мрежа на сторители на кривични дела од организираниот материјал. Ние такви докази досега не пронајдовме. Ако Цветанов имаше докази, требаше да поднесе кривична пријава до обвинителството - вели Шврговски.


Sm_bigeekSm_bigeekSm_bigeekSm_bigeekSm_bigeek

За кривични пријави говори некој чиј мандат е да основа кривични пријави по службена должност.
Мандатот на Ване бил да отвкрива не да тужи.
Со оваа изјава Шврговски само си ја потпиша својата пресуда.
An inch today is tomorrow’s mile.
23-03-2011, 02:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

(23-03-2011, 02:00 PM)montehristo Wrote:
(23-03-2011, 01:06 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Нема кривична пријава за Цветанов

Нема докази дека во Македонија постои организирана мафија во која се вклучени и високи функционери

[Image: images?q=tbn:ANd9GcRG97fp7jmzxyWXlT7RFPw...j7PSzZHcIT]

Ова го тврди јавниот обвинител Љупчо Шврговски по речиси едногодишна проверка на документите што му ги достави поранешниот директор на Агенцијата против перење пари Ване Цветанов.

- Документите што ги достави Цветанов беа во функција на откривање евентуална мрежа на сторители на кривични дела од организираниот материјал. Ние такви докази досега не пронајдовме. Ако Цветанов имаше докази, требаше да поднесе кривична пријава до обвинителството - вели Шврговски.


Sm_bigeekSm_bigeekSm_bigeekSm_bigeekSm_bigeek


За кривични пријави говори некој чиј мандат е да основа кривични пријави по службена должност.
Мандатот на Ване бил да отвкрива не да тужи.
Со оваа изјава Шврговски само си ја потпиша својата пресуда.



Швговски со оваа изјава го потсетува Груевски колку му е верен и одан. Да не го заборави случајно во новите кадровски решениа. Михајло Маневски можеби ке оди пензија.
23-03-2011, 02:30 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#20

(23-03-2011, 02:30 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(23-03-2011, 02:00 PM)montehristo Wrote:
(23-03-2011, 01:06 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Нема кривична пријава за Цветанов

Нема докази дека во Македонија постои организирана мафија во која се вклучени и високи функционери

[Image: images?q=tbn:ANd9GcRG97fp7jmzxyWXlT7RFPw...j7PSzZHcIT]

Ова го тврди јавниот обвинител Љупчо Шврговски по речиси едногодишна проверка на документите што му ги достави поранешниот директор на Агенцијата против перење пари Ване Цветанов.

- Документите што ги достави Цветанов беа во функција на откривање евентуална мрежа на сторители на кривични дела од организираниот материјал. Ние такви докази досега не пронајдовме. Ако Цветанов имаше докази, требаше да поднесе кривична пријава до обвинителството - вели Шврговски.


Sm_bigeekSm_bigeekSm_bigeekSm_bigeekSm_bigeek


За кривични пријави говори некој чиј мандат е да основа кривични пријави по службена должност.
Мандатот на Ване бил да отвкрива не да тужи.
Со оваа изјава Шврговски само си ја потпиша својата пресуда.



Швговски со оваа изјава го потсетува Груевски колку му е верен и одан. Да не го заборави случајно во новите кадровски решениа. Михајло Маневски можеби ке оди пензија.

Јоцо , ни на крај на памет не ми беа ни Груевски ну Маневски.
Овој Шврговски е срам за неговата професија.
Заслужува уште денеска да се отпушти.
И не само тоа, и кривично да се гони за не поднесување кривична пријава по службена должност.
Што некој може да го гледа и како помагање во злосторство.
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 23-03-2011, 03:19 PM by montehristo.)
23-03-2011, 03:17 PM
Reply