Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 11 Vote(s) - 2.91 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРЕКИНОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО-РОБЕРТ ФРОСТ И СЛУЖБАТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(27-08-2010, 01:03 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:С П А С И Т Е Л И С А М О Ч И И ????


"НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ПРЕГОВАРА ЗА МОЕТО ИМЕ!" - гласи слоганот на ММДЧП од Канада. Многу убав слоган и што е најважно со патриотски тон. Но, кога ќе се гребне малку подлабоко за да се видат активностите на носителот на идејата, веднаш се доведува во прашање добронамерноста и вистинитоста во наводната загриженост за Македонија и Македонците од страна на носителот на идејата - Македонското Маѓународно Движење за Човекови Права. ММДЧП е комитет за заштита на човековите права на Македонците во светот, основан од Македонски Канаѓани. Тој комитет по името што го носи треба да се грижи за човековите права на Македонците било каде во светот. Но, судејќи по нивната работа, односно по земјите за кои водат случаи, произлегува дека Македонци има само во Албанија, Бугарија и Грција - но Македонци во Република Македонија нема! На таков заклучок не води сознанието дека ММДЧП во овие изминати дваесет години ниту еднаш не реагираше за кршењето на човековите права на Македонците во Република Македонија. А, дал Господ комунистичката власт во Р. Македонија беше и е далеку, далеку по недемократска кон Македонците од властите на Албанија, Бугарија и Грција заедно. За тоа доволно говорат аферите "ДУВЛО", "СИНО ПТИЦА", Правилникот за работа на СДБ 10/92 донесена во октомври 1992 година, со која се овозможува прогон на политички и идеолошки неистомисленици на комунистичката власт во Република Македонија. Правилник врз основ на што се отворени илјадници досиеа.
Прогласот "Никој нема право да преговара за моето име!" наводно го напишале млади, образувани луѓе. Луѓе родени и израснати тука во Канада, луѓе кои треба да знаат што е демократија и како треба да функционира правната и демократска држава, бидејќи од Канада подобар пример како држава на демократијата се сомневам дека има на земјината топка. Тие млади луѓе треба првин да побараат демократизација и декомунизација на Република Македонија. Наспроти тоа, чудна е нивната пасивност кон пораката која беше упатена од Министерот за имиграција на Канада кога на прославата на 50 годишнината на организација Обединети Македонци јавно, јасно и гласно изјави дека Канада секогаш имала разбирање за Македонците кои барале спасение и азил од комунистичкиот режим во Македонија. Да ги потсетам "омладинциве" од Комитетот дека последниот азил од Канадските власти на државјанин на Република Македонија е одобрен во 2005-а година. Во прогласот останаа и без да понудат решение со кое Македонија на легитимен начин ќе ги прекине преговорите. Прекин од кој Македонија ќе поентира и ќе добие нескриени симпатии и подршка од најважните играчи во светската дипломатска политика, прекин на преговори прифатен од САД, Канада и земјите на ЕУ. Ниедна влада од овие држави нема да поддржи неаргументиран прекин на преговорите. Аргументите кои се наведуваат на плакатот на ММДЧП се добро познати и тие на дело не вродија плод. Овој свет тука - САД, Канада, Австралија и ЕУ се ригидни и бараат валидност, а арументите на ММДЧП се невалидни, неважни и неупотребливи како аргументи кои се употребувани до сега во "борбата" за зачувување на името.
Вториот носител на иницијативата за прекин на преговорите е Џорџ Ѓорѓија Атанасовски со неговата партија "МАКЕДЕОНСКА АЛИЈАНСА". И за овој човек како и за ММДЧП нема Македонци во Република Македонија. И тој води грижа само за Македонците во Мала Преспа и во Пиринска Македонија - и тоа строго само за симпатизерите на ОМО. Во неговиот весник "Македонско Сонце", кој излегуваше до скоро, многу тешко ќе се сретнеше статија за кршењето на човековите права на Македонците од Република Македонија, а пак да се сретне натпис за прогонот на симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ беше непоимливо.
Кога кон сево ова ќе се додаде дека весникот не штедеше простор кој му беше отстапуван на Иван Бабановски - Ице Бабан, сега веќе пензиониран професор на Факултетот за Безбедност, познат по својата оданост на Белград која ја докажуваше со безмилосен прогон и физички и психички малтретирања на дејците на ВМРО и Македонската кауза од после војната до денешни денови. На неговата листа на "трофеи" се вбројуваат основачите на ВМРО ПРАВДА : Дане Поповски, Костадин Смичковски, заедно со Ѓорѓи Доцев, Костадин Диневски, Панде Ефтимов, луѓето кои останаа верни до 1990 година на ВМРО ПРАВДА и со основањето на ДПМНЕ да го пренесат континуитетот на ВМРО и да ја створат денешната ВМРО ДПМНЕ. Jас - Јордан Петровски и уште многу други сме трофеи на Бабанот во самостојна и независна Македонија.
Неговите анти-НАТО и анти-Европски ставови преточени во книги беа омилени теми кои ги пренесуваше "Македонско Сонце".

Работите стануваат се појасни кога на овој двоец од Северна Америка ќе му се додаде и Љубомир Цуцуловски - лекторот и менторот во Високото Политичко Училиште во КУМРОВЕЦ и еден од главните промотори на УЈДИ: Удружена ЈУГОСЛОВЕНСКА Демократска Иницијатива. Тој сега прави салто мортале и од осведочен анти-ВМРО-вец застанува како прв бранител на политиката на Груевски - политика на Грујовото српско ВМРО-ДПМНЕ, политика за божемно зачувување на името а всашност политика на стопирање на демократските процеси и изолација на Република Македонија.

Деновиве како круна на походот на лажните спасители на Макеонија е и посетата на лидерот на Обединетата Македонска Дијаспора (организација со која патем нашата Групација на Ветерани Дисиденти нема никакви врски) кој предводи Турски лобисти - советници на Американски конгресмени. Ги води во овој момомент на крената дипломатска тензија помеѓу Турција и најдобриот пријател на САД - Израел. Со тоа покажува дека Македонија ја завзема страната Турција во "битката" за лидерство во регионот. Многу рискантен потег на ОМД, но следејки ги нивните активности не може да се рече дека е од незнаење, туку дека е континуитет на работењето против Македонските интереси.

За да се стане јасно ќе цитирам дел од еден текст на новинарот Цветин Чилиманов кој многу уваво ги отсликува "времето, просторот и причините":

"Ги има барем 25.000. Можеби дури и 40.000. Во секој случај ги има колку еден просечен македонски град, а по број на вработените, дневниот промет и влијанието се една од поголемите индустрии во државава. Секако, зборуваме за кодошите, шпионите, агентите на Службата. Преку ден работат како професори, новинари, пејачки, доктори, академици, фризерки, писатели, цариници, адвокати, службеници, обвинители, судии, боеми, бармени, чистачки... Живеат нормални животи, додека не падне команда. Тогаш, како во филмот во кој Чарлс Бронсон брка хипнотизирани руски агенти распоредени низ САД, некој им се јавува на телефон. Притоа можеби првин им ги чита гореспомнатите стихови на Роберт Фрост, а можеби не губат време на поетски глупости, туку веднаш преоѓаат на работа. Во секој случај, нашиве хипнотизирани кодоши се будат како од сон. Разговорот завршува, а на крајот хипнотизираниот кодош се потсетува дека, што и да направил, неговата работа продолжува, дека останува на линија. Ремембер Трпе, ју хев мајелс ту го бифор ју слип... И, по спуштањето на слушалката, разни нешта се случуваат."

За крај, за и ние - Групацијата на Ветерани Дисиденти да не станеме дел од сценариото ќе ја објасниме единствената законска и прифатлива постапка за ЛЕГИТИМЕН прекин на преговорите по наше видување и истражување.

[Image: 23lzdra.jpg]

За да ги отрезниме оние што се надеваат дека со преговори ќе се постигне зачувување на името ќе го цитираме делот од Времената Спогодба прифатената и потпишана од тогашната Македонската власт:
"Втората Страна е обврзана да не употребува во меѓународните организации друго ИМЕ освен Поранешна Југословенска Република Македонија, СЕ ДОДЕКА, во СОГЛАСНОСТ со Првата Страна, не одбере прикладно име."
Кога ова ќе се прочита и протолкува сите надежи дека ќе успееме да го сочуваме името со преговори се распрснуваат како меур од сапуница.
Единствено решение по нас е враќање на состојбите со името на ниво на кое беа пред приемот во ООН под референцата ПЈРМ. Референца која требаше да трае само два месеци, но бидејќи поминаа сто и кусур пати по два месеци, ПЈРМ веќе не е референца туку е ИМЕ! Значи за прекинот на преговорите да биде прифатен од САД, ЕУ и останатите држави треба да докажеме дека тие одлуки на Македонските власти биле нелегитимни и против волјата на Македонците.
Од ова полесно нешто нема. Едниствено што треба да сториме како Македонци е да ИЗБЕРЕМЕ МАКЕДОНСКА ВЛАСТ која ќе го стори тоа.
Зошто велиме дека овој потфат е многу лесно изводлив? Заради следново:

Во 1991 Претседателот Киро Глигоров, кој не беше избран на демократски општонародни избри, неуставно одби да и даде мандат на патријата со најголем број на пратеници во Собранието, кои пак, беа избрани од народот на општи парламентарни избори; составот и изборот на првата "експертска" влада беше под ДИКТАТ НА БЕЛГРАД - за тоа има пишани сведочења на директните учесници како Стојан Андов, Петар Гошев и други. Изборот на втората влада е исто така противуставен - а во целата игра се вклучува и Уставниот суд со еден бисер од комунистичко толкување на Уставнит закон и вели дека член 10 е чисто декларативна одредба!

Изборите 1994 година се бојкотирани заради изборните кражби. Па составот на Патрламентот и владата од 1994-1998 е исто така не легитимен. До каде биле подготвени да одат Глигоров, Црвенковски и Андов во нивната цел за зграпчување на власта и спроведување на анти-Македонска политика најубаво зборуваат снајперистите на Скопските покриви, војската во собранието со наполнето оружје на готовс да пука - а предводена од денешниот началник на Генерал Штабот на Република Македонија - Мирослав Стојановски за време на протестниот митинг кој им следуваше на фиксираните Избори '94.
Дека нашите контакти, а со тоа и нашите видувања и сугестии не се само гола ретотика најубаво знае Премиерот Груевски, бидејќи ние сме врската која му ја овозможи минатогодишната официјална посета во Канада.
Групацијата на Ветерани Дисиденти за идните избори во Македонија веќе договори СРЕДБИ со администрациите на неколку држави за ПАРТИЈАТА или пак ГРАЃАНСКО здружение кое ќе ги прифати нашите принципи. Ние нема да учествуваме во власта бидејќи сепак носители на власта треба да се луѓе кои живееле и живеат со секојдневните проблеми. Ние ќе пружаме помош за подобрување на соработката и контактите на Македонија со државите во кои ние живееме.

Групацијата на Ветерани Дисиденти
Јордан Петровски

Мето не лажеше дека Харпер, Обама ... се нивни пријатели и ке направат притисок Македонија да биде примена во НАТО. Секоја лага трае кратко. А посебно лагите за наводните влијаниа кои ги има ОМД.
Но сето тоа околу наводните големи врски и влианиа на ОМД беше само подготовка за оваа што следи подолу. Барњето за едностран ,неаргументиран прекин на преговорите.


Quote:Вторник, 23 Ноември 2010

ОМД бара прекин на разговорите за името со Грција


Обединетата македонска дијаспора е крајно разочарана што НАТО формално не ја покани Македонија да стане негова членка на Самитот минатиот викенд во Лисабон. Организацијата на македонската дијаспора во САД ги повикува НАТО-членките како и други земји на организирани дипломатски и економски активности кон Грција за да престане да се противи на македонскиот влез во Алијансата.

- НАТО не треба веќе да и дозволува на Грција да ја загрозува безбедноста и стабилноста на целиот регион на Југоисточна Европа. Грција е неодговорен актер во Европа кој веќе извесно време не само што ја доведува во прашање економската иднина, туку создава регионални проблеми, вели претседавачот на ОМД Стојан Николов.

Македонскиот придонес кон мирот, демократијата, стабилноста и безбедноста во ЈИЕ, Авганистан и на други места покажува дека Македонија извесен период де факто се однесува како членка на НАТО. Македонската иднина во евроатлантските институции, како и безбедноста и стабилноста на ЈИЕ, не смеат повеќе да бидат засегнати од грчките непристојни барања. Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО како што е посочено во декларациите од самите на Алијансата во Букурешт во 2008 и во Лисабон, минатиот викенд.

Од ОМД истакнуваат дека таканаречениот проблем со името посочен во декларациите е измислен од Грција за да го попречи македонското приклучување во меѓународните организации како што е НАТО. Македонската Влада и граѓани, се додава, направија натчовечки напори и демонстрираа завидна трпеливост во изминатите речиси 20 години за да и помогне на Грција да си го реши вештачки наметнатото прашање за македонското суверено име.

Мето Колоски, претседател на ОМД, воедно ги повтори барањата на организацијата за прекин на преговорите со Грција.

- Трпението има крај. Истече времето за грчката непопустливост и непочитување на интересите на НАТО и на ЈИЕ. Најдобро за Македонија е да ги прекине разговорите со Грција, кои Атина сака да ги развлече до недоглед, поставувајќи дополнителни неразумни барања чија единствена цел е да го одвлече вниманието од вистинското прашање - континуираната и систематска дискриминација на македонското национално малцинство во Грција. Независната македонска држава е анатема за Грција бидејќи таа е срамен потсетник за грчките неуспешни обиди да го избришат макеоднскиот народ, идентитет и јазик, вели Коловски.
23-11-2010, 04:02 PM
Reply
IvoPaunov Offline
Senior Member
****

Posts: 344
Joined: Oct 2010
Reputation: 9

-Луге Македонски!
Не разбравте ли каков е проблемот и каква е целта на се тва? Америка сака да ви држи како стрв за соседите ви. Ако ви земат во ЕУ и во НАТО туа значи сигурност, ама Америка нема интерес от това. Те сакат да има нестабилност во Балканот за да могат да ни се мешат во политиката и да ни извиват рацете на назе останатите Балкански држави-Бугария,Грция, Србия и Албания. Затова и вие двете-Македония и Косово ке ви држат во едно полуживо-полусамостойно састояние, во века...затова и Америка ке строи големата Бункер-Амбасада во Скопие-символ дека ке ви барикадира во састояние на висене во несигурност.И преговорите со Грция може уште и 1000г да продолжат без резултат -зоштото САД немат интерес да ви се реши проблемот....
23-11-2010, 05:38 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33

(23-11-2010, 05:38 PM)IvoPaunov Wrote: -Луге Македонски!
Не разбравте ли каков е проблемот и каква е целта на се тва? Америка сака да ви држи како стрв за соседите ви. Ако ви земат во ЕУ и во НАТО туа значи сигурност, ама Америка нема интерес от това. Те сакат да има нестабилност во Балканот за да могат да ни се мешат во политиката и да ни извиват рацете на назе останатите Балкански држави-Бугария,Грция, Србия и Албания. Затова и вие двете-Македония и Косово ке ви држат во едно полуживо-полусамостойно састояние, во века...затова и Америка ке строи големата Бункер-Амбасада во Скопие-символ дека ке ви барикадира во састояние на висене во несигурност.И преговорите со Грция може уште и 1000г да продолжат без резултат -зоштото САД немат интерес да ви се реши проблемот....

Глупости.
23-11-2010, 06:45 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(23-11-2010, 05:38 PM)IvoPaunov Wrote: -Луге Македонски!
Не разбравте ли каков е проблемот и каква е целта на се тва? Америка сака да ви држи како стрв за соседите ви. Ако ви земат во ЕУ и во НАТО туа значи сигурност, ама Америка нема интерес от това. Те сакат да има нестабилност во Балканот за да могат да ни се мешат во политиката и да ни извиват рацете на назе останатите Балкански држави-Бугария,Грция, Србия и Албания. Затова и вие двете-Македония и Косово ке ви држат во едно полуживо-полусамостойно састояние, во века...затова и Америка ке строи големата Бункер-Амбасада во Скопие-символ дека ке ви барикадира во састояние на висене во несигурност.И преговорите со Грция може уште и 1000г да продолжат без резултат -зоштото САД немат интерес да ви се реши проблемот....

Ivo Na kolku godini im ja dadovte vasata vozduhoplovna baza na Amerikancite?
An inch today is tomorrow’s mile.
23-11-2010, 09:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Прекинот би бил самоубиствен потег

Барањето за прекин на преговорите меѓу Македонија и Грција вчера повторно беше актуализирано од Обединетата македонска дијаспора (ОМД)

[Image: ime3.jpg]

ПРЕГОВОРИ - ПРОДОЛЖУВАЊЕ ИЛИ ЗАПИРАЊЕ?




Идејата е стара, но конкретно сега, велат од дијаспората, постои повод за нејзино обновување. Притоа ги посочуваат последните настани: исходот од самитот во Лисабон, каде што Македонија не доби покана за членство, извештајот на Европската комисија во кој не се користи терминот македонски јазик, исчезнувањето на придавката македонски од графата за јазикот во личната карта на ООН. Според нив, сето ова не е случајно. А Македонија поради тоа нема друг избор, туку да ги прекине преговорите.

- Прекинот на преговорите го споменавме уште во одлуката на средбата на Обединетата македонска дијаспора што се одржа во јуни во Торонто. Сега сметаме дека е време тоа да се актуализира. Очигледно е дека Грција не сака да нé види ниту во НАТО, ниту во Европската Унија - вели Мето Колоски од ОМД.

Ако сме членки, ќе седиме на иста маса и ќе бидеме рамноправни, вели Колоски, поради што ОМД од САД и од земјите-членки на НАТО бара да не и дозволуваат на Грција да ја загрозува стабилноста на регионов.

- Грција е неодговорен актер во Европа, кој веќе извесно време не само што ја доведува во прашање економската иднина туку создава регионални проблеми - велат од ОМД.

Според нив, македонскиот придонес кон мирот, демократијата, стабилноста и безбедноста во регионот, Авганистан и на други места покажува дека Македонија извесен период фактички се однесува како членка на НАТО. „Македонската иднина во евроатлантските институции, како и безбедноста и стабилноста на ЈИЕ, не смеат повеќе да бидат засегнати од грчките непристојни барања“, категорични се од Обединетата македонска дијаспора. Притоа укажуваат и дека таканаречениот проблем со името е измислен од Грција за да го попречи македонското приклучување во меѓународните организации како што е НАТО. Според Колоски, земјава дваесет години е трпелива за да се реши спорот, но трпението, вели, има крај.


ПОТРЕБНО Е РЕШЕНИЕ


За разлика од претставниците на македонската дијаспора, во земјава главно се истакнува дека преговори треба да има и дека Македонија треба да го реши спорот со Грција.

Денко Малески, професор на правниот факултет „Јустинијан Први“, кој во времето на осамостојувањето на земјава беше и министер за надворешни работи, отсекогаш го застапувал ставот дека Македонија треба да постигне компромис - да се преговара и да се дојде до решение. Тој укажува дека сега како да се нема волја за решавање на ова прашање.

Професорот Малески потсетува дека премиерот Никола Груевски по една средба со својот грчки колега изјави дека изложените барања биле такви што на нив не би можела да одговори ниту една македонска влада.

- Ако навистина е така, тогаш треба да се отвори суштинска расправа за прашањето за името и да се види каде е Македонија во спорот со Грција - изјави Малески.

Малески укажува дека Македонија е суверена држава и надлежните институции, парламентот и Владата можат да донесат одлука за прекин на преговорите.

-Но за да се преземе такво нешто треба да се направи добра пресметка, што може да се добие, а што да се загуби - вели Малески.

Проблемот, вели овој поранешен амбасадор во ООН, е многу тежок, бара целото општество да се соочи со него, бара институциите и интелегенцијата да не бегаат од него, а јавноста да учествува на конструктивен начин.

Неговиот колега од правниот факултет „Јустинијан Први“, Љубомир Фрчкоски, исто така, смета дека треба да се преговара и процесот да има завршница.
Спорот со Грција треба да се реши, и тоа е можно. Значи, треба промена на референцата ПЈРМ без задирање во идентитетот, јазикот и без промена на Уставот - го повторува Фрчкоски својот став.

Идејата за прекин на преговорите кога доаѓа од дијаспората, според него, е очекувана, бидејќи тие вообичаено имаат порадикални ставови. Неодговорно е, оценува Фрчкоски, кога зад вакви идеи се кријат домашните политичари.

Аналитичарот Алберт Муслиу деновиве даде изјава со која оди и понатаму, велејќи дека Македонија има и обврска да преговара со Грција.

- Македонија е должна, поради поврзаноста на прашањето за името со евроинтеграциските процеси, тој процес да го забрзува што повеќе. Ние имаме интерес преговорите да се завршат и динамиката да биде што побрза - изјави Муслиу.


ВНИМАНИЕ СО ПРЕКИНОТ


И дипломатот од кариера Ристо Никовски јасно укажува дека прекинот на преговорите е само една од можностите, но оти претходно треба да се искористат сите други опции.

- Засега „отказот“ на Нимиц треба да биде само една од можностите. Пред да се тргне во таа насока, мора да се искористат сите можни начини за да се кренат рампите - констатира неодамна Никовски во една од своите колумни.

Притоа, тој повикува на внимателност.

- Недоволно подготвен обид за суштински пресврт, преку прекин на посредништвото, на пример, може да ни донесе несогледливи последици. Пред да се преземе што било, мора да се знае дека меѓународните договори се над домашното законодавство и земјите се должни да ги спроведуваат. Владите може и треба да се менуваат, ама државните обврски остануваат - вели Никовски.

Според него, тоа е начинот на кој се постапува ако државата сака да биде ценета. Тој потсетува на обврските што се пред земјава и кои треба да се почитуваат.

- Не смее да се заборава дека во нелегалниот процес на прием во ООН, Македонија презеде обврска, потврдена и со Привремената спогодба, да соработува со посредниците. Тоа не смееме да го игнорираме, бидејќи евентуално еднострано прекинување на комуникацијата со Нимиц би нé конфронтирало со (речиси) целиот свет. Барем во почетокот - констатира Никовски, кој објаснува дека така би им дале широк маневарски простор да нé осудат, изолираат и, на еден или друг начин, да нé казнат.

Автор: Слаѓана Димишкова



1.Прашање кое е многу битно. Кого представува ОМД ??? Кое влијание навистина има помеѓу Македонците во диаспората ???? Кој му е степенот на блискоста со одредени влади посебно на северноамериканскиот континент. Овие прашања се многу битни за да се дојде до релевантноста на нивното мислење. Бидејки со лажното представување дека имаат извонредно блиски односи со кабинетот на премиерот на Канада Харпер, дека нивно дело е признавањето од стана на Канада под уставно име, наводо блиските односи со администрацијата на Обама ствараа слика дека нивните размислувања за решение на проблемот со името се изградени врз база на контакти со погореспоменатите влади.

2.Како мислиме да дојдеме до решение кога се едни исти луѓе и што е настрашно на ист начин со исти аргументи се обидуваат да докажат дека Грција не е во право. Само глупи луѓе или луѓе кои имаа друга цел нема да ја разберат поракта на меѓународната заедница дека тоа што се нуди од македонска страна како аргумент дали за прекин на преговорите дали за решение на споророт е неприфатливо.
24-11-2010, 02:38 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Quote:
(24-11-2010, 02:38 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: [quote]



1.Прашање кое е многу битно. Кого представува ОМД ??? Кое влијание навистина има помеѓу Македонците во диаспората ???? Кој му е степенот на блискоста со одредени влади посебно на северноамериканскиот континент. Овие прашања се многу битни за да се дојде до релевантноста на нивното мислење. Бидејки со лажното представување дека имаат извонредно блиски односи со кабинетот на премиерот на Канада Харпер, дека нивно дело е признавањето од стана на Канада под уставно име, наводо блиските односи со администрацијата на Обама ствараа слика дека нивните размислувања за решение на проблемот со името се изградени врз база на контакти со погореспоменатите влади.

2.Како мислиме да дојдеме до решение кога се едни исти луѓе и што е настрашно на ист начин со исти аргументи се обидуваат да докажат дека Грција не е во право. Само глупи луѓе или луѓе кои имаа друга цел нема да ја разберат поракта на меѓународната заедница дека тоа што се нуди од македонска страна како аргумент дали за прекин на преговорите дали за решение на споророт е неприфатливо.

Добро Јордане, вие сте во Канада. Колку е реалното влијание на ОМД таму и дали вие ( Групацијата) имате контакт со нив?
24-11-2010, 03:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(24-11-2010, 03:30 PM)hristo Wrote:
Quote:[quote='ЈорданПетровски-ЦРНИ' pid='25721' dateline='1290605905']
[quote]



1.Прашање кое е многу битно. Кого представува ОМД ??? Кое влијание навистина има помеѓу Македонците во диаспората ???? Кој му е степенот на блискоста со одредени влади посебно на северноамериканскиот континент. Овие прашања се многу битни за да се дојде до релевантноста на нивното мислење. Бидејки со лажното представување дека имаат извонредно блиски односи со кабинетот на премиерот на Канада Харпер, дека нивно дело е признавањето од стана на Канада под уставно име, наводо блиските односи со администрацијата на Обама ствараа слика дека нивните размислувања за решение на проблемот со името се изградени врз база на контакти со погореспоменатите влади.

2.Како мислиме да дојдеме до решение кога се едни исти луѓе и што е настрашно на ист начин со исти аргументи се обидуваат да докажат дека Грција не е во право. Само глупи луѓе или луѓе кои имаа друга цел нема да ја разберат поракта на меѓународната заедница дека тоа што се нуди од македонска страна како аргумент дали за прекин на преговорите дали за решение на споророт е неприфатливо.


Добро Јордане, вие сте во Канада. Колку е реалното влијание на ОМД таму и дали вие ( Групацијата) имате контакт со нив?
[/quote]


Влианието на ОМД надвор од кругот на нивните членови е НУЛА а членството им е под триста члена. Активноста им е да праќаат маилови и писма на конгресмени и сенатори ама досега ниеден одговор не објавиа.

Quote:Деновиве како круна на походот на лажните спасители на Макеонија е и посетата на лидерот на Обединетата Македонска Дијаспора (организација со која патем нашата Групација на Ветерани Дисиденти нема никакви врски) кој предводи Турски лобисти - советници на Американски конгресмени. Ги води во овој момомент на крената дипломатска тензија помеѓу Турција и најдобриот пријател на САД - Израел. Со тоа покажува дека Македонија ја завзема страната Турција во "битката" за лидерство во регионот. Многу рискантен потег на ОМД, но следејки ги нивните активности не може да се рече дека е од незнаење, туку дека е континуитет на работењето против Македонските интереси.


Официјални контакти со ОМД немаме и несакаме да имаме, со некои членови но не од врвот контактираме. ОМД ти е како Грујо. Кога го слушаш што има сторено за и во Македонија мислиш тече мед и млеко. Така ти е и со ОМД кога ги слушаш тие се сториле тука на северноамериканскиот континет мислиш дека кај Обама и Харпер влегуваат когa тие сакааат, замалку да ја примат Македонија во НАТО по нивна интервенција сега во Лисабон. Tuktuk0niTuktuk0ni
Се зборува дека ги финансира Срѓан Керим а тие за пара и око даваат.
24-11-2010, 06:50 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(24-11-2010, 06:50 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: [quote='hristo' pid='25724' dateline='1290609046']
Quote:[quote='ЈорданПетровски-ЦРНИ' pid='25721' dateline='1290605905']
[quote]

Добро Јордане, вие сте во Канада. Колку е реалното влијание на ОМД таму и дали вие ( Групацијата) имате контакт со нив?


Влианието на ОМД надвор од кругот на нивните членови е НУЛА а членството им е под триста члена. Активноста им е да праќаат маилови и писма на конгресмени и сенатори ама досега ниеден одговор не објавиа.

Quote:Деновиве како круна на походот на лажните спасители на Макеонија е и посетата на лидерот на Обединетата Македонска Дијаспора (организација со која патем нашата Групација на Ветерани Дисиденти нема никакви врски) кој предводи Турски лобисти - советници на Американски конгресмени.

[/quote]

Знаеш што е лобист.
Тоа им е влианието: да лобраат кај лобисти.
24-11-2010, 07:04 PM
Reply
IvoPaunov Offline
Senior Member
****

Posts: 344
Joined: Oct 2010
Reputation: 9

(23-11-2010, 06:45 PM)Вовата Wrote:
(23-11-2010, 05:38 PM)IvoPaunov Wrote: -Луге Македонски!
Не разбравте ли каков е проблемот и каква е целта на се тва? Америка сака да ви држи како стрв за соседите ви. Ако ви земат во ЕУ и во НАТО туа значи сигурност, ама Америка нема интерес от това. Те сакат да има нестабилност во Балканот за да могат да ни се мешат во политиката и да ни извиват рацете на назе останатите Балкански држави-Бугария,Грция, Србия и Албания. Затова и вие двете-Македония и Косово ке ви држат во едно полуживо-полусамостойно састояние, во века...затова и Америка ке строи големата Бункер-Амбасада во Скопие-символ дека ке ви барикадира во састояние на висене во несигурност.И преговорите со Грция може уште и 1000г да продолжат без резултат -зоштото САД немат интерес да ви се реши проблемот....

Глупости.

-Вова, това, че живееш в Щатите и им слушаш пропагандата по новините не значи, че онова което казват по тях е истина. Те все се борят за мир и стабилност навсякъде, но само на думи. В същност САЩ ги е страх от Европа която като население и икономика ги бие по всички показатели и имат интерерс Балканите да са една Ахилесова пета на ЕС, която САЩ да експлоатира.
Да прибавя към Косово и Македония и Босна-и тя е на този хал и също й е отредена участ да бъде стръв за съседите и да е обречена на нестабилност.

За Македония има само един изход-и той вече беше предложен от Любчо Георгиевски. -Или това или буфер во века и никакво ЕУ и НАТО, и вечен спор с Гърция и непризнаване.
Трети вариант няма.
24-11-2010, 07:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(23-11-2010, 04:02 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: С П А С И Т Е Л И С А М О Ч И И ????


"НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ПРЕГОВАРА ЗА МОЕТО ИМЕ!" - гласи слоганот на ММДЧП од Канада.
Прогласот "Никој нема право да преговара за моето име!" наводно го напишале млади, образувани луѓе. Луѓе родени и израснати тука во Канада, луѓе кои треба да знаат што е демократија и како треба да функционира правната и демократска држава, бидејќи од Канада подобар пример како држава на демократијата се сомневам дека има на земјината топка. Тие млади луѓе треба првин да побараат демократизација и декомунизација на Република Македонија. . Во прогласот останаа и без да понудат решение со кое Македонија на легитимен начин ќе ги прекине преговорите. Прекин од кој Македонија ќе поентира и ќе добие нескриени симпатии и подршка од најважните играчи во светската дипломатска политика, прекин на преговори прифатен од САД, Канада и земјите на ЕУ. Ниедна влада од овие држави нема да поддржи неаргументиран прекин на преговорите. Аргументите кои се наведуваат на плакатот на ММДЧП се добро познати и тие на дело не вродија плод. Овој свет тука - САД, Канада, Австралија и ЕУ се ригидни и бараат валидност, а арументите на ММДЧП се невалидни, неважни и неупотребливи како аргументи кои се употребувани до сега во "борбата" за зачувување на името.




Quote:Прекин на преговорите како средство или како цел


„Ние не промислуваме за целите, туку за средствата поради тие цели. Бидејќи ниту лекарот промислува дали ќе лекува, ниту говорникот дали ќе уверува, ниту државникот дали ќе успее да воспостави законитост, ниту кој било друг за самата цел. Туку, откако ќе ја постави целта, разгледува како и со што да ја постигне“ (Аристотел, „Никомахова етика“)



Подолго време во Македонија се слуша: прекин на преговорите. Кога многумина ќе го повторат тоа, заслужува да му се посвети внимание. Меѓутоа, што мислиме кога велиме прекин на преговорите? Дали прекин на преговорите како средство, или прекин на преговорите како цел? Постои разлика и во целите: едните се дејства, а другите нешто различно. Кога покрај дејството постојат цели, тогаш делата се подобри од дејствата. На пример куќата од ѕидарската дејност. А постојат и цели што се средства во однос на други цели: производство на моторни возила и опрема за моторни возила. Производство на опрема е цел и средство во однос на целта производство на моторни возила. Но и едната и другата цел се средства во однос на одбраната на татковината.

Значи, прекинот на преговорите не е средство, туку цел. Не е средство бидејќи доколку се послужиме со прекин на преговорите како со средство, постапуваме во спротивност со членот 33 од Повелбата и создаваме безбедносен проблем, бидејќи претходно не сме предложиле друго средство од членот 33, за мирно решавање на спорот со Грција.

Покрај тоа што создаваме безбедносен проблем, ние сме ја раскинале Привремената спогодба на неадекватен начин и можеме да бидеме тужени за исполнување на Привремената спогодба. Како што ние ја тужевме Грција. Доколку ја раскинеме Привремената спогодба врз основа на нејзините одредби, ние сме и дале сé на Грција врз основа на Привремената спогодба, а не сме добиле ништо за возврат. Сме и дозволиле да нé попречува при зачленувањето во меѓународни организации и дури сме ја наградиле со раскинувањето, бидејќи по тоа нема никаква правна основа да бараме од Грција да не нé попречува во зачленувањето во меѓународните организации.

Значи, Привремената спогодба нé прикова и нé распна.

Clavus clavo eicitur (Цицерон) - Клинецот со клин се избива. Нема подобар клинец што ќе го избие клинецот што нé приковал, од тужба за утврдување неважност на Привремената спогодба. Таа е детално образложена во „Стратегијата за зачувување на името“, која ја објави „Нова Македонија“. Таа е средство што ја постигнува целта: прекин на преговорите. Заради прејудициелниот карактер на ова средство, по предлог на Македонија, Меѓународниот суд на правдата ќе донесе одлука за привремена мерка со која ќе ги прекине преговорите до донесување судска одлука по тужбата. Евентуалните нови блокади на Грција ќе го дразнат Меѓународниот суд на правдата, со сиот ризик да донесе нова привремена мерка против Грција. Во таков случај може да се насети и исходот на спорот, па поверојатно е дека Грција нема да си дозволи нови блокади под ПЈРМ.

Според оксфордскиот учебник за меѓународни односи (John Baylis, Steve Smith and Patricia Owens, „The Globalization of World Politics“, Oxford, 2008, „Национализам“, 23. поглавје): Национализмот го дефинирам како идеја дека светот е разделен на нации, кои се главно жариште на политичкиот идентитет и на припадноста, што, пак, бара национално самоопределување... Самоопределувањето (self-determination) вообичаено значи независна државност.“

Според цитираниот оксфордски учебник од 2008 година, Британија и Франција се првите национални држави, настанати до 1500 година. До 1800 година има само уште четири. Поради овој факт може да се заклучи дека Британија е компетентна да зборува за национализмот (во позитивна смисла на зборот).

Од оваа оксфордска премиса носиме заклучок дека само национализмот во една држава може да го препознае и да го брани својот идентитет. До истиот заклучок доаѓаме и со примена на правното начело argumentum a contrario (аргумент од спротивното). Марксистите, кои во коренот на своето учење ја негираат државата, па консеквентно на тоа национализмот и идентитетот го загубија името, односно договорија привремено име ПЈРМ. Сега и велат на десницата дека е убаво да си го загубиш името. Дека е убаво да си го загубиш и привременото име.

„Еден Лисец, итар голем и веќе стар, на зајаци ловец вешт, незаситен кокошкар, за својот плен знаеше сегде да се вкраде и најпосле во стапица падна. Но случајно се извлече од справата гадна, не цел, зашто како залог опашката си ја даде. Се спаси впрочем, но облеан од срам реши, за да не биде без опашка сам, да го убеди во тоа сето свое племе, па затоа ги собра сите навреме:

- Зошто ни е, им рече, тоа излишно бреме? Калта да ја мете по патиштата долж? Да ја отсечеме опашката што не вреди ни грош! Согласете се браќа со мојов договор.

- Твојот предлог, рече еден од нив, не е лош, но сврти се малку, пред да дадеме одговор.

Потоа се крена една таква врева и џгар што го заглуши гласот на Лисецот стар.

Така, неговиот предлог падна во вода, и си остана опашката на мода (Лафонтен, „Лисецот со отсечената опашка“).

Авторот е адвокат и судски преведувач
07-12-2010, 02:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Дали случајот помеѓу Македонија и Грција правно е меѓународен спор?!

Марјан Попески

„Никој не би сакал да стане некој друг, па дури и доколку тој ‘некој друг’ би ги имал сите добра (бидејќи Бог веќе ги има сите добра), туку сака да остане тоа што е“ (Аристотел, „Никомахова етика“). Доколку ниедна жива душа не сака да стане бог, за да ги поседува сите добра на овој свет, туку сака да си остане она што е, зошто Македонецот би сакал да стане некој друг, за да стане член на Европската Унија? Виде ли Грција плашливост кај нас Македонците, или некаква наша глупавост, па ни го смисли ова?

Целта на секоја политика е постигнување блаженство (среќа) на сопствените државјани, а тоа се постигнува со етика, односно со природни и разумски доблести. Највисоката етика на Аристотел (според Спиноза, Цицерон и други) вели дека не е етички некој да ве уништи, уште помалку е етички самиот да се уништиш.

Доколку според највисоката етика самоубијците биле казнувани со отсекување рака, а наследниците трпеле последици, бидејќи се сметало дека самоубијците и нанеле штета на државата, уште пострашно е да се самоубие една држава. Меѓународната заедница треба да реагира како државите во антиката и да го казни поттикнувачот на самоубиство – Грција, а не да ја поттикнува Македонија на самоубиство. Тоа никако не е етички.

Според мене, леџ специалис за решавање на овој проблем е Виенската конвенција за договорно право, која Македонија ја наследи од СФРЈ. Оваа конвенција упатува и на Повелбата на Обединетите нации, а исто така треба да се примени и Европската конвенција за човекови права. Но, пред сé, треба да се утврди дали случајот помеѓу Македонија и Грција ја исполнува содржината на поимот меѓународен спор.

Државите имаат право на некој меѓународен суд да му го предложат кој било спор што ги засега нивните односи. Важно е да се согласни дека спорот ќе го предложат пред меѓународно правосудно тело, а неговата одлука ќе ја прифатат како обврзувачка. Заради извршување на меѓународната правосудна функција, во важност е поимот спор, кој е еднакво широк и силовит и го обликува Постојниот суд на меѓународното право 1929 година, а го презеде и сегашниот Меѓународен суд на правдата: „спор е несогласување во однос на правната или фактичката состојба, спротивставеност на правните погледи или интереси на два субјекти“. Накратко, нема спротивставеност што би била „примерна“, или „непримерна“ за судење, бидејќи, доколку не поинаку, меѓународното право може да се произнесе во конкретен однос меѓу државите, во корист на слободата на државата, од која што спротивната страна нешто бара. Во конкретниов случај промена на име на држава. Постојат спорови во однос на кои што спротивставените страни се обврзуваат дека ќе му се подредат на секаков начин на установениот меѓународен суд и спорови за чие што решавање не преземаат таква обврска, така што нивното евентуално решавање останува во рацете на „дипломатските канали“. Во конкретниов случај во Привремената спогодба е договорена надлежност на Меѓународниот суд на правдата, со еден исклучок. Самото разликување помеѓу правни и политички спорови, кое беше омилено помеѓу двете светски војни, денес има ограничено значење. Судската практика не ја одрекува надлежноста на меѓународните судови.

Помеѓу одредбите, кои се однесуваат на правните спорови спаѓа и членот 36, став 2, од Статутот на Меѓународниот суд на правдата, кој е закоренет според статутот на стариот постојан меѓудржавен суд, установен во периодот на Друштвото на народите. Како што веднаш ќе забележиме, членот 36, став 2, одредува дека државите што ќе дадат изјава ад хок дека ја прифаќаат јурисдикцијата на судот како обврзувачка, можат да повикаат пред судот која било држава што објавила иста таква изјава, при што овој член одредува, дека изјавата за прифаќање на јурисдикцијата се однесува „на сите правни спорови што се однесуваат на: а) толкување на некоја спогодба, б) какво било прашање од меѓународното право, в) постоење на некаков факт, што доколку се утврди, би значело прекршување на некоја меѓудржавна обврска, г) природата, или опсегот на надоместот на штета, кој мора да се даде за прекршување на меѓународна обврска“. Меѓутоа не постојат случаи, во кои што Меѓународниот суд на правдата не би сакал да суди во спорови заради приговор за „политичност“ на предметот, приговор што го истакнуваа (а судот го одби) Иран и САД во врска со предметот Дипломатски и конзуларен персонал во Техеран (пресуда од 24.5.1980.) и во предметот Воени и паравоени активности во Никарагва, надлежност и прифатливост.

Меѓународниот суд на правдата е формиран во 1945 година, седиште има во Хаг и дејствува врз основа на статутот што е анекс кон Повелбата на Обединетите нации. Овој суд е израз на висок степен на институализација: се работи за постојан совет на судиите, кои ги избира Генералното собрание и Советот за безбедност и кој суди врз основа на прецизни и комплексни процедурални правила, кои странките не можат да ги укинат. Меѓутоа и покрај тоа се работи за арбитражен суд, кој суди врз основа на спогодба помеѓу сите странки во спорот, не помалку важно, за правилно решавање на овој проблем е и хиерархијата што владее помеѓу изворите на правото.

На врвот на хиерархијата се обичајните прописи, а меѓу нив оној посебен вид, кој го претставуваат општите правни начела, заеднички за внатрешните уредувања. Значи, обичајот е извор од највисок степен и е извор на општи норми, кои како такви ги обврзуваат сите држави. На второто скалило е договорот, а основа на неговиот обврзувачки ефект е пак обичајниот пропис, и тоа нормата пацта сунт сервенда. На трет степен се извори што ги одредуваат договорите и заради тоа тука спаѓаат и актите на меѓународните организации.

Какви се односите помеѓу овие извори? Дали изворите од понизок степен можат да укинат извори од повисок степен?

Доколку почнеме кај односот на обичајот кон договорот, дека обичајот може да укине договор е повеќе од јасно. Обратното е можно, само доколку обичајниот пропис дозволува со договор да биде укинат.
09-12-2010, 10:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Зошто Европа ја поддржува грчката неправда кон Македонија?


Доколку правото на погреб е природно право, уште повеќе правото на живот е природно право. Креонт бил поблаг и не ја убил Антигона, иако го прекршила неговиот закон, а Европа сака да ја убие Македонија, иако не прекршила ниеден европски закон, само поради тоа што Македонија сака да живее

[Image: Macedonia[5].jpg]

Дали меѓународните обичајни норми обврзуваат толку силно што со договор не е можно да се укинат?
Во начело, одговорот на ова прашање е негативен. Преовладува мислењето дека обичајните прописи се пропустливи и дека можат и да се укинат.

И при оној посебен вид на обичајни прописи, кој го сочинуваат општите правни правила, заеднички за внатрешното уредување, важи правилото дека договорот може да го укине начелото. Очигледен пример за такво укинување е членот 27, точка три, од Повелбата на Обединетите нации. Тој пропис одредува дека државата што е членка на Советот за безбедност мора да се воздржи од гласање за прашања што ја засегаат, меѓутоа ја ограничува обврската за несоработување на одредени помалку важни случаи. Така, на пример, обврска за несоработување не е одредена, доколку се работи за расправа за исклучување од Обединетите нации (членот 6 од Повелбата на Обединетите нации), или за донесување присилни мерки за зачувување на мирот (членот 39 и наредните). Се работи за пропис што ги штити велесилите, бидејќи имаат право на вето и така можат да ја спречат постапката за исклучување, или донесување присилни мерки, насочени против нив самите. Дека се работи за укинување на општото начело немо јудеџ ин цауса суа, е повеќе од очигледно.

Доколку се сите согласни дека обичајните прописи се пропустливи, од друга страна важи општо мислење, дека постои и група општи меѓународни прописи, кои како исклучок се когентни (јус цогенс). Во прилог на ова се определува и Виенската конвенција за договорно право. Имено, членот 53 од конвенцијата одредува дека е „ништовна одделна спогодба, која во моментот на склучувањето е во спротивност со императивна норма на општото меѓународно право“, при што под императивна норма на меѓународното право „се подразбира норма што ја донела и признала целата меѓународна заедница на држави како норма, од која не е дозволено никакво отстапување и не е можно да се промени ниту со нова норма на општото меѓународно право од еднакво значење“.

Очигледно е дека се работи за член што не го одликува редакциска техника, бидејќи се работи за повторување на истата заснованост: договорот не може да ги укине когентните прописи на општото меѓународно право. Очигледно е, исто така, дека когентниот пропис на меѓународното право не може да биде ништо друго освен пропис, за кој важи дека меѓународната заедница му припишува когентно значење. Исто така е логично дека моќта на прописот што е когентен и кој поради тоа не е можно да се промени со договор, може да се промени, или укине, само со подоцнежен когентен пропис. Со когентното право се занимава и членот 64 од Виенската конвенција за договорно право, во кој се зборува за причините за престанување на договорите. Членот одредува дека во случај кога ќе се обликува нов императивен пропис на општото меѓународно право, поединечниот договор станува ништовен и престанува, доколку би бил во спротивност со тој нов императивен пропис.

Виенската конвенција за договорно право (членот 66, точка а) одредува дека, доколку помеѓу државите-договорнички дојде до спротивставеност, што се однесува до важноста на спогодбата заради нејзина нескладност со јус цогенс, за таквиот спор одлучува Меѓународниот суд на правдата (Меѓудржавниот суд) врз основа на жалба на една од странките во спогодбата. Се работи за одредба што има карактер на исклучок (се чини дека досега не е употребена), со оглед на фактот дека таква можност не е дадена за ниту една друга причина за неважност или престанување.

Виенската конвенција за договорно право говори за когентното право, меѓутоа никаде не кажува што е тоа. Ја потенцира неукинливоста на меѓународното когентно право, меѓутоа избегнува да ги одреди поединечните императивни прописи. Говори, на пример, за начелото што забранува употреба на сила во меѓународните односи, за начелото на почитување на одредени човекови права, како што е на пример забрана на ропство, расно разликување и слично, меѓутоа не упатува на референтно мерило, кое на групата норми што спаѓаат во јус цогенс би можело да и даде карактер на целовитост.

Доколку се сумираат размислувањата и анализите, може да се каже дека таква група на прописи може да се препознае во членот 103 од Повелбата на Обединетите нации, според која „во случај на противречност помеѓу обврските што ги презеле членките на Обединетите нации со Статутот и обврските што ги презеле со која било меѓународна спогодба, преовладуваат обврските што извираат од Статутот“. Фактот што во практика одредени членки се обидуваа да ги избегнат обврските од Повелбата на Обединетите нации, не говори во прилог на заклучокот дека кога било се посомневале во неповредливоста и надмоќта на начелата содржани во Повелбата на Обединетите нации.

Повторна потврда дека постои таков обичај, која на начелата на Повелбата на Обединетите нации им припишува когентен карактер, нуди членот 30 од Виенската конвенција за договорно право, кој при кодифицирање на правилата, според кој о подоцнежниот пропис го укинува претходниот, категорично го наведува исклучокот од членот 103.


Природно право


Цела Европа се крена на нозе во поддршка на грчката неправда кон Македонија. Дваесет години ги применува Европа сите „научни“ достигнувања за да му заповеда на природниот закон и не и успева.

Европа заборавила, или мисли дека Македонците не знаат дека Антигона го ризикувала својот живот, сметајќи дека природното право да го погреба својот брат е појако од правото на Креонт, кој забранил да се погреба нејзиниот брат, велејќи го следново за природните закони: „Од денес не се тие, ниту од вчера не се, туку вечно важат, никој не знае од кога се“ (Софокле, Антигона).

Доколку правото на погреб е природно право, уште повеќе правото на живот е природно право. Креонт бил поблаг и не ја убил Антигона, иако го прекршила неговиот закон, а Европа сака да ја убие Македонија, иако не прекршила ниеден европски закон, само поради тоа што Македонија сака да живее.

(продолжува)



МАРЈАН ПОПЕСКИ
СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ИМЕТО
09-12-2010, 10:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Има правни лекови за нашата болест


Слогата меѓу Македонците е многу поголема отколку што тврди Европа. Над 60 отсто не би се согласиле да станеме членка на ЕУ, под услов да си го смениме името. А кој се сомнева дека промената на името не е промена на идентитетот би го потсетил на Аристотел, односно првиот закон на мислењето, Законот на идентитет, кој вели дека А=А и мора да остане А.

Сé што е нелогично пропаѓа. Доколку не го почитуваме Аристотел, ќе пропаднеме. Според него, слогата е најважното нешто за државата. Поважна и од правичноста. Зашто, таму каде што има правичност, има потреба од слога, а таму каде што има слога, нема потреба од правичност. Слогата помеѓу државјаните е како пријателството помеѓу поединците. Сé е заедничко. Но поради доблест, а не поради марксистичка идеологија. Лично не сум најзадоволен со однесувањето на најбројното малцинство во Македонија. Но подобро е да се претрпи, отколку да се направи неправда (Цицерон). Доколку дојде до оној критичен момент, нашата праведност ќе ни даде натчовечка сила да победиме.

Неправдата која што ни се чини на очиглед на целиот свет, не треба повеќе да ја трпиме. Меѓутоа, во Македонија се разликуваме во тоа кој е нашиот избор. Кое средство треба да го употребиме за да ја отстраниме неправдата.

Едните велат прекин на преговорите врз основа на Привремената спогодба, а другите велат продолжување на преговорите и постигнувањл4а преговараме. Доколку ги прекинеме преговорите, ќе ги прекршиме договорните обврски. Од друга страна, врз основа на таа привремена спогодба поднесовме тужба за исполнување на Привремената спогодба, барајќи да се санкционира попречувањето на Грција за зачленување во НАТО.

Вториот избор е исто така погрешен, бидејќи, како може да се постигне разумен компромис, доколку врз основа на големата премиса на Аристотел, цитирана од „Никомахова етика“ во почетоков на овој текст, спротивно на природното право, односно неразумно е да се прави компромис.

Што ни преостанува?

Најдолго експлоатиран избор е предлогот на господинот Игор Јанев, кој е многу познат во јавноста и кратко ќе го образложам. Тој се темели на членот 4 од Повелбата на ОН и е комбинација од дипломатија и право. Доколку се исполнат одредени услови, се добива советодавно мислење на Меѓународниот суд на правдата, кое не е обврзувачко. Овој предлог е веќе реализиран во практиката и се очекува одлука во судот во блиска иднина. Ова е најголемата предност на овој предлог.

Еден предлог дадов и јас, предлагајќи во колумна во „Нова Македонија“, Македонија да ја тужи Грција пред Европскиот суд за човекови права, поради прекршување на правото на идентитет, заштитено со членот 8 од Европската конвенција за човекови права. Одлуката на Европскиот суд за човекови права е обврзувачка. Во случај на успех, Грција мора да ја почитува, бидејќи во спротивно ќе биде исклучена од Советот на Европа. Во шеесеттите години на минатиот век, Грција веќе беше исклучена од советот на Европа, како досега единствена исклучена членка на Советот на Европа. Ова повлекува реперкусии и во Европската Унија, бидејќи незамисливо е една држава да е членка на ЕУ, а да е исклучена од Советот на Европа. Во ситуација кога на Грција и се закануваат санкции од ЕУ, а некои предлагаат и нејзино исклучување, Грција не може да си дозволи постапка пред Европскиот суд за човекови права.

И двата предлози го отстрануваат стравот кај Македонците, но досега не е направена анкета да се испита односот на Македонците кон овие правни средства.

Доколку се вратиме на изборот, одлуката за прекин на преговорите има врска со предлогот на господинот Јанев, но го носи во себе ризикот Грција да ја тужи Македонија за исполнување на Привремената спогодба. Доколку преговорите се прекинат врз основа на Привремената спогодба, ова правно дело и понатаму останува во правниот промет и Грција може да го искористи пред Меѓународниот суд на правдата(доколку Македонија побара советодавно мислење според Јанев) како доказ дека постоел писмен договор помеѓу Македонија и Грција, кој предвидувал преговори за името.

Доколку го компарираме случајот на Србија, Србија не потпиша никаков договор за Косово во Рамбуе и покрај силните притисоци, и покрај војната, и покрај поразот во таа војна.

Значи, српскиот случај и македонскиот случај се разликуваат во тоа што Србија не се согласи со самостојноста на Косово, а Македонија се согласи да преговара за промена на името.

Мојот предлог е релативно нов во однос на предлогот на господинот Јанев и досега нема никаква реакција или коментари. Ниту позитивни, ниту негативни.

Поради тоа, за овој предлог доволно е она што е кажано погоре.

За двата предлози може да се заклучи дека нема слога кај Македонците, што не значи дека тие не ја зацврстуваат слогата да не се смени името. Бидејќи со самиот факт што Македонците знаат дека постојат два правни лека за нашата болест, се зголемува храброста да се истрае, а со тоа во најмала рака се зачувува истиот процент на слога да се сочува името. Секако, ова во многу поголема мера го постигнува предлогот на господинот Јанев.
09-12-2010, 10:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Привремената спогодба е неправда за Македонија


Правното средство што денес ќе го претставам е наменето за Меѓународниот суд на правдата, темели на тврдење за ништавност на Привремената спогодба, а одлуката на судот ќе биде задолжителна за двете земји.

Кога Македонија ќе истакне приговор дека е во спротивност со меѓународното право да се преговара за името, ЕУ и ОН велат дека сме во право, но дека самите сме се согласиле со Привремената спогодба да преговараме.

Поинаку кажано, ЕУ и ОН ни велат дека тоа навистина е неправда, но дека сами сме си ја нанеле таа неправда.

Дали е така?

Имено, Аристотел во петтата глава на „Никомахова етика“, која ја обработува областа правда и правичност (како дел од етиката како наука), тврди дека: „… да се ‘трпи неправда’ не може да биде нешто посакувано“.

Тој тврди дека со сакање никој не дозволува со него да се постапува неправедно. Тоа не го сака никој, тоа не го сака ниту оној што не знае да се совлада самиот себеси; тоа се случува спротивно на неговото посакување. Никој, дури ни тој што не знае да се совладува самиот себеси, не сака нешто за што не е убеден дека е добро; тој греши само во тоа, што не го прави она, што по сопствено убедување би морал да го прави.

Во конкретниов случај, тоа значи дека Обединетите нации, односно специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации Сајрус Венс, на Македонија и ја претставил Привремената спогодба како нешто добро, иако таа е неправда за Македонија, односно за нејзините претставници.

Со непосредно учество на Обединетите нации, повредено е едно од основните правила на Обединетите нации и Европската Унија, а тоа е мала фидес. Обединетите нации и Европската Унија не можат да се оправдаат со незнаење на сопственото јус цогенс, кое го прекршиле учествувајќи во склучувањето на Привремената спогодба. Лошата намера на ОН се утврдува според стандардот, дали просечен правник вработен во Обединетите нации би составил ваков договор. Меѓутоа, во конкретниов случај стандардот мора да се подигне на најдобар правник во Обединетите нации, бидејќи во склучувањето на Привремената спогодба како гаранција за праведноста и правичноста на Привремената спогодба гарантираат Обединетите нации, преку свој специјален претставник. Санкцијата за лоша намера е ништавност на правното дело. За да биде појасно, кај нас лошата намера беше санкционирана во Законот за облигациони односи (1978) член 74, 104, 135, 136 и 264.

Во конкретниов случај, од суштествено значење е кое право треба да се примени за да се докаже ништавноста на Привремената спогодба. Со оглед на тоа дека се работи за договор меѓу две држави, се чини дека Виенската конвенција за договорно право (потпишана на 23 март 1969 во Виена, објавена во „Сл.лист СФРЈ-Меѓународни договори и други договори“, бр.30/72) треба да биде правото што треба да се примени за да се докаже ништавноста на Привремената спогодба.

Според член 42, став 1 од Виенската конвенција за договорно право:

1.Важноста на договорот или согласноста на државите да бидат обврзани со овој договор може да се оспори само врз основа на ова конвенција.

Според член 44, став 2 од Виенската конвенција за договорно право:

2.На причината за ништавност или гаснење на договорот, повлекувањето на една членка или прекинувањето на примената на договорот што го признава ова конвенција, може да се повикува само во поглед на целиот договор, освен под условите што ги предвидуваат следната точка и член 60. Како причина за ништавност на Привремената спогодба претставува фактот што во Привремената спогодба има одредби што се во спротивност со меѓународното јус цогенс.

Според член 53 од Виенската конвенција за договорно право, ништавни се договорите што се во спротивност со императивните норми на општото меѓународно право (јус цогенс): ништавен е секој договор кој во моментот на своето склучување е во спротивност со императивна норма на општото меѓународно право. За потребите на ова конвенција, императивна норма на општото меѓународно право е норма што ја прифатила и признала целокупната меѓународна заедница на држави како норма, од која не е допуштено никакво отстапување и која не може да се измени со нова норма на општото меѓународно право од ист карактер.

Од одредбата на член 30, став 1 на Виенската конвенција за договорно право, може да се заклучи дека во дефинирањето на ништавноста заради кршење на императивна норма на општото меѓународно право, влегува и членот 103 на Повелбата на Обединетите нации кој гласи: доколу постои противречност помеѓу обврските на членовите на Обединетите нации според ова Повелба и нивните обврски по кој било меѓудржавен договор, преовладуваат нивните обврски по ова Повелба.

Во конкретниов случај, Привремената спогодба има две норми што се во спротивност со императивните норми на општото меѓународно право.

Имено, членот 5 став 1 одредува дека договорните страни ќе ги продолжат преговорите за разликите во името на Македонија:

1.Страните се согласуваат да ги продолжат преговорите под покровителство на генералниот секретар на Обединетите нации, според Резолуцијата 845(1993) на Советот за безбедност, со намера да се постигне договор за разликите наведени во таа резолуција и во Резолуцијата 817(1993) на Советот за безбедност.

Цитираната норма е во спротивност со член 8 од Европската конвенција за човекови права што го вклучува и правото на име, односно идентитет.

Повикувањето на Резолуцијата 817(1993) и Резолуцијата 845(1993), не можат да го отстранат овој недостаток, бидејќи тие резолуции се во спротивност со член 103 од Повелбата на Обединетите нации, која на императивен начин одредува дека доколку некоја договорна норма е во спротивност со норма на Повелбата на Обединетите нации, се применува нормата од Повелбата на Обединетите нации. Во конкретниов случај резолуциите се во спротивност со член 4 на Повелбата на Обединетите нации што во став 1 на императивен начин ги одредува условите за членство. Како што беше кажано порано, Виенската конвенција за договорно право, која претставува меродавно право за оценка на Привремената спогодба, во членот 30 се повикува на член 103 од Повелбата на Обединетите нации, односно на императивното право на Повелбата, во случајов член 4 став 1:

Членки на Обединетите нации можат да станат сите други мирољубиви држави, кои ќе ги преземат обврските содржани во ова Повелба на Обединетите нации и кои според оценката на организацијата се способни и волни да ги исполнуваат тие обврски.

Значи, со никакви резолуции и со никакви договори не смее да се постапува надвор од императивните норми, а во конкретниов случај, прво со резолуциите, а потоа со Привремената спогодба се повредени императивните норми.
09-12-2010, 10:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Сојузот со САД – причина што Грција не го користи правото на војна


Марјан Попески

Втора повреда на императивна норма на општото меѓународно право е нормата содржана во членот 21, став 2 од Привремената спогодба.

Со оваа одредба на Македонија и се забранува пристап до Меѓународниот суд на правдата за прашања од членот 5, став 1, односно за името на Македонија.

Оваа одредба го прекршува правото на суд, односно членот 6(1) од Европската конвенција за човекови права, која е императивна норма на општото меѓународно право.

Според членот 93 од Повелбата на Обединетите нации, секоја членка е странка на Статутот на Меѓудржавниот суд и може да се обрати до судот.

И според членот 96 од Повелбата за Обединетите нации, Генералното собрание и Советот за безбедност можат од Меѓудржавниот суд да побараат советодавно мислење за секое правно прашање, што посредно значи дека и Македонија преку овие тела може да побара советодавно мислење за нејзиниот прием под привременото име ПЈРМ, како и мислење за нормите од Привремената спогодба што се во спротивност со императивните норми на општото меѓународно право. Тоа значи дека Македонија е попречена да ги остварува правата загарантирани со императивни норми на општото меѓународно право.

Спорните норми од Привремената спогодба се во спротивност и со Виенската конвенција за договорно право, членот 66, како императивна норма на општото меѓународно право.

Имено, членот 66 од Виенската конвенција за договорно право одредува:

доколку во рок од 12 месеци од денот на ставањето примедби не беше можно да се постигне решение според точката 3 од членот 65, се применува следната постапка:

а) Секоја странка во спорот околу примената или толкувањето на членовите 53 и 64 може со молба спорот да го поднесат на решавање пред Меѓународниот суд на правдата, освен доколку членките не одлучат спогодбено спорот да го изнесат пред арбитража.

б) Секоја странка во спорот околу примената или толкувањето на кој било друг член од одделот 5 на конвенцијата, можат да ја применат постапката спомната во прилогот на конвенцијата, упатувајќи во таа смисла барање до генералниот секретар на Обединетите нации.

„Никој, на пример, не може да се откаже од способноста за расудување: со какви награди, или закани е можно да го натерате човек да верува дека целото не е поголемо од еден негов поединечен дел, дека не постои Бог, дека телото, кое се гледа дека е конечно, дека е нешто бесконечно, или воопштено, да верува што било што е во спротивност со она што чувствува, мисли, верува? (Спиноза, ‘Политичка расправа’).“

Уште повеќе ова важи (Спиноза) за оние дејства, пред кои човековата природа толку силно се згрозува, што тие дејства и се чинат полоши од секое друго зло, како на пример, човек да сведочи против самиот себе, да се мачи, да ги убие своите родители, да не се обиде да ја избегне смртта. Вакви нешта не е подготвен да направи никој, ниту за награда, ниту под притисок.

„Доколку и покрај тоа, сакаме да кажеме дека државата има право, односно моќ, да нареди такви работи, тоа можеме да си го претставиме само во таа смисла, како кога некој би рекол дека човек има право да биде луд, или душевно болен: бидејќи, што друго би можело да биде право, кое не може да обврзува никого, доколку не е душевна болест (Спиноза, ‘Политичка расправа’)?“

Значи, тие што тврдат дека Македонија има право да го смени името, тврдат дека Македонија има право да биде луда.

Тие, пак, што тврдат дека доколку Македонија не го смени името, ќе се распадне, треба да го имаат во предвид фактот дека над 60 насто од Македонците не сакаат членство во НАТО и ЕУ како луди. А бидејќи правото на државата е одредено со заедничката моќ на мнозинството, сигурно е дека нејзината моќ и нејзините права се помали, во зависност од тоа колку на поголем број државјани самата им дава причини да се здружат против неа.

Значи, најголема опасност за Македонија е да го смени името. Оттука, секоја власт, што ќе го смени името дејствува директно против државата Македонија.

Кој не ја гледа ова опасност, навистина е ограничен или има други мотиви. Ниту албанското малцинство, ниту незачленувањето во НАТО и во ЕУ не се толкава опасност за државата Македонија, како промената на името Македонија.

Основниот мотив на Грција да ја склучи Привремената спогодба со Македонија беше наводната безбедносна закана на Македонија за Грција. Македонија ги прифати тие причини како релевантни и направи интервенции во Уставот за македонското малцинство во Грција, го смени знамето, се согласи со ново привремено име, а за возврат побара Грција да не ја попречува во зачленувањето во меѓународни организации. Веќе овие отстапки, како што беше кажано, се правно ништовни, а и политички неправилни.

Државата е независна толку колку што може да ги осигури своите интереси и да се заштити пред притисокот на друга држава и толку подредена на правата на другата држава, колку што се плаши од нејзината моќ, доколку другата држава ја попречува, да го направи тоа што сака, а исто така и колку има потреба од помош на другата држава за сопствено зачувување.

Бидејќи секому му е познато како стои Македонија во однос на Грција кога се во прашање наведените релации, порационално е да се премине на кршењето на Привремената спогодба од страна на Грција со попречување на Македонија да стане членка на НАТО, што е јасен акт на непријателска држава.
Оттука, неосновани се обвинувањата кон Македонија.

Имено, за мир е потребна согласност на волјата на двете држави, а Грција со недозволувањето Македонија да се зачлени во НАТО, кој гарантира пријателски односи помеѓу Грција и Македонија, јасно манифестира непријателство и го истакна правото на војна. За разлика од правото на мир, кое не зависи ниту само од Грција, ниту само од Македонија, правото на војна зависи само од Грција. Самиот факт што Македонија е оставена надвор од НАТО (воен сојуз), Македонија ја прави непријател и воена цел. Некогаш ни според делата не треба да судиме за нечии намери, ама според зборовите никако. Грција ги погази зборовите (Привремената спогодба), а според дејствата, на овој или оној начин сака да ја уништи Македонија. Само договорот за сојузништво со САД е причина што Грција не го користи правото на војна. Се работи за силен сојузник, кој остава простор Македонија да ги искористи правните средства за да се одбрани од Грција и да стане членка на НАТО и на ЕУ.
09-12-2010, 10:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Пресудата на Меѓународниот суд на правда ќе биде како светилник


Марјан Попески

Грција, како по дефиниција, ја почитуваше Привремената спогодба толку долго, колку што постоеја причините за нејзино склучување. Македонија даде сé со самото склучување на Привремената спогодба. Поради тоа, Грција ја прекрши истата. Стравот од последиците за прекршување на Привремената спогодба беше многу помал, отколку надежта на Грција дека со попречувањето на Македонија во зачленување во НАТО и во ЕУ, ќе ја натера Македонија да го смени името, да оди против природното право, односно Грција цврсто веруваше дека „Македонија има право да биде луда“.

Македонија има право да бара да престане да важи Привремената спогодба, заради прекршување од страна на Грција, но под услов да не постои страв, или да постои надеж дека работите ќе се променат. Фактот што Македонија не побара да престане Привремената спогодба говори дека кај Македонија постои страв(веројатно оправдан). Фактот што Македонија поднесе тужба против Грција за исполнување на Привремената спогодба, говори во прилог на тоа дека Македонија не изгубила надеж за зачленување во НАТО и во ЕУ.

Моево правно средство, што детаљно го образложив е најсоодветно за оваа ситуација и во висок процент ја респектира реалноста. Тужбата за ништавност не е ни храбро, ни кукавичко дејствие. Тоа е средство со кое што се отстрануваат од правниот промет правни дела што не смеат да постојат, што значи дека ова дејствие е во интерес на НАТО и ЕУ. Ако е во интерес, тогаш не може да биде сфатен како непријателски акт. Грција, се разбира, ќе го доживее како непријателски акт, бидејќи со прогласување на Привремената спогодба за ништавна, Грција ги губи сите придобивки од неа. Македонија не мора да преговара за името. Македонија врз основа на поволна пресуда на Меѓународниот суд на правдата мора да биде примена под името Република Македонија. Македонија може да ги врати во Уставот нормите за грижа за своето малцинство надвор од Македонија. Македонија може да си го врати старото знаме.

Сите наведени дејствија се неповолни за Грција и таа ќе биде доведена во позиција да ја брани Привремената спогодба што постојано ја крши и во целост да ја исполни. Тие што мислат дека Грција како членка на НАТО и на ЕУ и понатака може да нé попречува, не мислат правилно бидејќи пресудата на Меѓународниот суд на правдата ќе биде како светилник, според кој ќе мора да се управува и НАТО и ЕУ. Таа пресуда ќе биде, условно кажано, рес јудиката за сите евентуални идни спорови помеѓу Македонија и Грција, што значи ни гарантира успех пред сите други судови.

Начинов што го предлагам е поволен и за Обединетите нации, бидејќи тие се доведени во крајно неповолна ситуација со фактот што се гарант за исправноста и за исполнувањето на Привремената спогодба. Наместо тие да ги активираат своите механизми против Грција, Македонија им помага со ваквото правно средство, доколку се стекне со поволна пресуда, Обединетите нации само да ја спроведат пресудата, без дополнителни бројни резолуции, кои често зависат од согласноста на вољите од многу инволвирани со различни интереси.

Доколку Македонија сама се впуштеше во „авантурата“ Привремена спогодба, не ќе имаше право да приговара дека била измамена, најмалку ќе можеше да ја обвинува Грција дека го прекршила дадениот збор. Секој ќе и речеше дека сопствената глупавост е причина што сопствената благосостојба и ја доверила на држава, на која пред сé и е нејзината благосостојба. Но учеството на Обединетите нации во Привремената спогодба не ослободува од приговорот дека сме биле глупави, бидејќи истиот приговор ќе важи и за Обединетите нации, или уште полошо, како што наведов на почетокот, на Обединетите нации може да им се префрли мала фидес. И во првиот и во вториот случај, за Обединетите нации е најповолен исход, за Македонија поволна пресуда на Меѓународниот суд на правдата. Приговорите на Грција од пред 20 години, дека Македонија ја загрозува безбедноста на Грција, а со тоа и на ЕУ и на НАТО-членките, ги демантира времето. Напротив, се покажа дека Грција има непријателски намери.

„Колку повеќе држави склучат договор за мир, толку помал страв им предизвикува секоја од нив на другите и се намалува нејзината моќ, да започне војна. Напротив, во тој случај уште повеќе е обврзана да ги почитува условите на мирот, значи толку помалку е независна и толку повеќе обврзана, да се приспособи на заедничката волја на сите држави во сојузништвото (Спиноза, „Политичка расправа“).

Доколку ова логична мисла на Спиноза ја земеме како голема премиса, противењето на Грција, Македонија да стане членка на НАТО, е во спротивност со безбедносните ризици од Македонија. Според таа премиса, Македонија е многу поголем безбедносен ризик доколку остане надвор од НАТО, а со зачленувањето во НАТО, Македонија е обврзана да ги почитува правилата на тој сојуз, кои одат во прилог на Грција.

Заклучок, Грција не сака да го реши безбедносниот ризик од Македонија на единствено логичен и правилен начин, со зачленување на Македонија во НАТО, туку сака Македонија да остане безбедносен ризик надвор од НАТО, кој во даден момент ќе стане легитимна цел на Грција, а со тоа и на НАТО. И државата Македонија ќе биде уништена.

НАТО е во позиција да го презентира овој силогизам направен со помош на Спиноза. Користа е двојна; доколку Грција одбие да го прифати овој аргумент, таа не ги почитува правилата на НАТО, што значи дека е против тој сојуз. Колкава е опасноста Грција да биде надвор од НАТО за нејзините членки, не сум компетентен да проценам, но доколку „правото е ум без страст“ (Аристотел, „Политика“), примената на правото не може да оди на штета на членките на НАТО. Поверојатно е обратното. Членка што не ги почитува правилата на сојузот, прашање е колку би била пожелна за некаков друг сојуз, или во најмала рака; како ќе биде третирана во тој друг сојуз.

Кај нас имаме и еден проблем со невладините организации, одредени „интелектуалци“ и поголем дел од медиумите. За првите треба да се примени дефиницијата за невладини, за вторите дефиниција за интелектуалец, а не за формално образование и за третите дефиницијата за објективни медиуми.

„Значи, бидејќи само највисоките државни власти имаат право да управуваат со јавните работи, односно за таа работа да употребат чиновници (службеници), од тоа произлегува дека поданикот греши против државата, доколку според сопствена проценка, без знаење на врховниот совет, се зафати со некаква јавна работа, дури и доколку верува дека тоа што има намера да го направи ќе биде најдобро за државата (Спиноза, „Политичка расправа“)“.

Се поставува прашање дали е исполнет цитатот на Спиноза, кој треба да се свати како голема премиса, со однесувањето на наведените, од народот сведен под заеднички именител „соросоиди“.

Тие тврдат дека работат во склад со законот, се повикуваат на човекови права, односно право на изразување и така натака, а крајната цел е да владеат наместо власта, односно да го сменат името Македонија.

Меѓутоа, доколку однесувањето на некои граѓани е во спротивност со разумот, тоа не е ништо друго, туку „право да се биде луд“, а што значи тоа, веќе беше погоре образложено. Доколку јас кажам дека со моево биро можам да правам што сакам, тоа не значи дека имам право да му наредам на бирото да џвака трева. Така, исто „соросоидите“ немаат право од нас да бараат со почитување да ги гледаме и да ги слушаме нивните нешта, што кај нас предизвикуваат смеење или гадење. Напротив, за да не се случуваат вакви ситуации, државата треба да ги поттикнува своите државјани со страв и почитување (Спиноза).

Значи, за разумните дејствија почит, за неразумните дејствија страв. Доколку исчезнат почитувањето и стравот, со нив исчезнува и државата.

„А освен тоа, треба да се испита дали деловите пропаѓаат истовремено со целината, бидејќи би требало да биде обратно – кога ќе пропаднат деловите, да пропадне и целината. Но доколку пропаднала целината, не е нужно да пропаднат и деловите (Аристотел, „Органон“)“.

Македонија како целина пропадна 1913 година. Пропаднаа и два од трите дела. Меѓутоа, еден дел преживеа. Прво, како република во состав на федерална држава, а веќе 20 години како самостојна држава. Затоа, се настојувањата да пропадне и последниот дел.
09-12-2010, 10:46 PM
Reply