Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ОД ЧЕТНИК ДО АКАДЕМИК!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:НЕКОИ УГЛЕДНИ СЕМЕЈСТВА ОД ВРВОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ПОТОМЦИ НА ЧЕТНИЦИТЕ НА ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ!

Пишува Блаже Миневски

Co документите за македонските четници, што ексклузивно ќе ги објави Архивот на Македонија, генерално се расветлува улогата на четничкото движење на Дража Михајловиќ во Македонија, неговата цел и стратегија. Познато е дека српските, односно србоманските четни-ци, кои дејствувале во периодот од 1941 до 1944-та година, овој дел на Македонија го тре-тирале како Јужна Србија, односно како дел од Велика Србија. Таа нивна замислена држава требало да ја опфати целата територија на тогашното кралство Југославија, исклучувајќи само мал дел од териториите населени со чисто хрватско население. Оттука, јасно е дека маке-донските четници се бореле за Голема Србија, a против својата татковина Македонија.

СПИСОК НА МАКЕДОНСКИТЕ ЧЕТНИЧКИ СЕМЕЈСТВА

Според д-р Ѓорѓи Малковски, во документите што наскоро ќе бидат објавени во неколку тома од страна на Архивот на Македонија, за првпат ќе бидат обелоденети имињата на македонските четнички команданти, на обичните четници, 'црни тројки' и јатаци, a тоа веројатно ќе биде многу непријатно за десетици и десетици денес угледни семејства во Македонија.
- Четниците на Дража Михајловиќ во Македонија жестоко се бореле за враќање на кралот, кој, како што е познато, не ја признавал Македонија. Иако најголем дел од нив биле Македонци, воопшто не ги интересирала Македонија како сопствена национална држава. Затоа македонските четници жестоко се бореле за Дража Михајловиќ и за Србија,
односно за избеганиот крал, што значи против интересите на Македонија и македонскиот народ. За таа цел четничката организација во Македонија формирала свои вооружени фор-мации, градски комитети и друго, што и' давало белег на организирана воена и политичка сила.

Нивниот план во однос на Македонија бил јасен, а тоа бил планот на југословенската емигрантс-ка влада за продолжување на доминацијата на Србите со српски крал на јужнословенскиот престол. За таквиот план четниците на почетокот имале подцршка од Англија. Така, во септември 1941-та, англиската известителна служба воспоставила непосредна врска со командата на Дража Михајловиќ, од каде доби-вала информации за состојбите во земјата. Веднаш потоа, на почетокот од 1942-та година, Владата и кралот Петар Втори Караѓоргевиќ официјапно ги прифаќаат четниците како своја период не се работело за луѓе директно испратени од Дража Михајловиќ, туку за лица кои припаѓале на групата на четничкиот војвода Коста Пеќанац. Имено, Јордан Кимов(иќ) од Куманово, деградиран артилериски поручник на бившата Југословенска кралска армија, во јуни 1941-та година илегално ја преминал демаркационата линија и со група вооружени лица дошол на планината Козјак. Тука почнал да го организира локалното население, и тоа претежно во Кривопаланечката област, а подоцна го формирал и Козјачкиот четнички одред. Cпоред писмо од Кимов испратено до Милан Недик во февруари 1942-та година, една од задачите на овој одред била 'војнички да се подготвува за да биде спремен да се бори против сите непријатели, а првенствено против бугарската војска и полиција'.

КАКО ШТО СТОИ ВО ПИСМОТО, НЕГОВИОТ ОДРЕД

храбро 'ги чувал границите од навлегувањето на Бугарите и Албанците', при што наводно имале и 'пет судири со нив'. Од друга страна, за вакви судири нема никакви документи, што може да значи дека Јордан Кимов ги измислил за да добие повисок чин или некаква функција од Главниот четнички штаб во Србија. Сепак, неговиот одред не успеал долго да се задржи на тој простор, а во септември 1942-та година бугарската полиција ги открила јатаците, кои веднаш биле затворени. Без нив, четничкиот командант Кимов веќе не можел да се снаоѓа и да дејствува на тој простор. Во документот стои дека таа 'чета се појавила во Македонија на 22 август 1941-та година, и носела развеано срп-ско знаме, а реонот на нејзиното дејствување бил од Козјак планина, Кумановско до Осоговските планини'. Притоа треба да се знае дека четниците на Јордан Кимов биле под команда на Коста Пеќанац, кој со својата чета бил стациониран на Гајтан Планина во Србија, меѓу градовите Лесковац и Пуста Рекаа. Во меѓувреме, Јордан Кимов се поврзал со Петруш Денков, познат како Петруш Козидолски од село Козидол, Кривопаланечко, со кого воспоставил блиски односи и соработка. Всушност, Денков, по наредба на Јордан Кимовиќ (Кимиќ) ја формирал и првата вооружена чета од србо-македонски четници во Кривопаланечката околија - вели д-р Малковски.

За него интересен е и податокот кој говори дека нешто порано од појавувањето на четатата на Јордан Кимов, и во велешко се појавила една вооружена група цивили, за која се смета дека биле четници. Имено, во еден од документите се тврди дека на 7 август 1941-та година командирот на бугарскиот одред во Велес известил дека била забележана вооружена група од осум цивили во месноста 'Змијало', општина Карабунишка, Велешко. Според се наоѓале на теренот морале да им се покоруваат на Војче, Сајковски и Видоески, како на ополномоштени претставници на Дража Михајловиќ. Подготвен со сите документи и овластувања, и со помош на локален курир, Трбиќ во Македонија пристигнал во јули 1942-та година, и веднаш започнал да се ангажира за спроведување на добиените задачи од Врховната четничка команда. Најпрво се обидел кај затечените Срби во Македонија, за кои мислел дека се великосрпски настроени, a се' уште биле во Македонија. Тоа биле претежно трговци, судии, адвокати, потоа офицери, подофицери на бившата србо-југословенска армија од различни националности, како и на дел од населението во одделни краишта во Македонија, кои во минатото било под влијание на големосрпската пропаганда. Затоа во Скопје се поврзал со Љуба Љубисављевиќ, индустријалец роден во Куприја, и со негова помош брзо биле опфатени околу триесеттина лица, претежно Срби и србофили, офицери и подофицери на бившата југословенска војска. Задача им била да го организираат населението во Месни четнички одбори и чети, кои во даден момент, кога англиската војска ќе влезе во Македонија, веднаш треба да се присоединат со неа, а одборите да ја земат власта во свои раце, односно да не дозволат таа да падне во рацете на комунистите. За таа цел бил формиран Воен штаб и Акционен одбор, кои требало да се подготват за преземање на власта во Скопје. Врската со штабот во Куманово се одржувала преку Петруш Козидолски, a co Скопска Црна Гора преку Никодин Урдаревски (Урдаревиќ), кои биле поврзани со некои четнички елементи во Косово - вели Малковски.

ОД ЧЕТНИК ДО АКАДЕМИК!

Истражувајќи ги купиштата документи поврзани со четниците во Македонија, проф. д-р Ѓорѓи Малковски дошол и до податоци дека поголем број од потомците на четничките активисти останале во Македонија по ослободувањето, а некои од нив дури и многу брзо напредувале во кариерите. Така, еден од угледните четници и организатори на четничкото движење во Македонија, скопјанецот Божидар Видоески, на пример, подоцна станал редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и академик, член на МАНУ. Според Малковски, во документите можат да се идентификуваат потомци на четници на Дража Махајловиќ, кои сега се влијателни личности во некои политички партии во Македонија, а особено во главната опозициска партија. Сите тие оригинални документи, со име и презиме на сите активисти и соработници со четниците на Дража Михајловиќ во Македонија, ќе бидат објавени во неколку  Кичевско, пак, своја чета организирал Блажо Никодиноски, и таа директно соработувала со штабот на Дража Михајловиќ, а во селото Маврово македонските четници добиле дури и една радиостаница од штабот на Дража во Равна Гора. Во летото 1943-та годи-на биле засилени активностите на четничката организација во Македонија, а во тоа помогнал новоформираниот штаб на Вардарскиот четнички корпус на чело со командантот Стојан Крстев (Крстевиќ), гардиски капетан на бившата југословенска армија, роден во Порече, Македонец, се разбира. Таму влијанието на Србија било огромно, па во дел од Порече и денес има селани кои носат шајкачи на главата.

Инаку, Вардарскиот четнички корпус го сочину-вале Прешевската, Кривопаланечката, Скопската, Жеглиговската и Ристовачката четничка бригада, а неговата дејност се одвивала на територијата Врање - Гњилане - Велес - Гевгелија - бугарска граница. Прешевската бригада била, под команда на поручникот Александар Горѓевиќ, и таа се движела на теренот Прешевска долина - Пчињска околија. Кривопаланечката бригада, пак,,чиј командант бил Ангел Манасиевски, потоа Горѓи Попов, a на крајот Петруш Стефанов, сите Македонци, се разбира, дејствувала на Кривопаланечкиот терен, додека Жиглиговската под команда на Милош Анастасиевиќ се движела до Пчиња, a Скопската бригада, под команада на Никодин Урдарески, дејствувапа на теренот на Скопска Црна Гора. Бројната состојба и вооружувањето на Вардарскиот четнички корпус не може со сигурност да се утврди, но извесно е дека на почетокот на 1944 година нејзиниот командант, Македонецот Крстев, имал околу 800 луѓе под оружје, претежно Македонци, кои се бореле за Дража Михајловиќ и за Голема Србија - вели Малковски.

ПОРЕЧКА ЧЕТНИЧКА БРИГАДА!

Според документите што тој ги открил во српските и бугарските архиви, но и во архивата на ДБК во Скопје, во август 1943 година во Прилепско била организирана конфер-
енција на воените четнички команданти, со единствена точка 'проширување на органи-зацијата на Дража Михајловиќ и воспоставување воена организација во сите села и градови во
Јужна Србија (Македонија)'. Целта всушност била војска во Југославија, а на 7 февруари истата година Дража Михајловиќ веќе е унапреден во чин бригаден генерал за потоа да стане дивизиски генерал, а четири дена подоцна и министер за војската, морнарицата и авијација-та. Потпирајќи се на четниците на Дража Михајлковиќ, пребеганата влада константно ја подцржувала линијата на четничкото движење за обнова на стариот општетствено-политички систем на кралството Југославија. Оттука разбирливо било приклучувањето во четничкото движење и на Македонија како составен дел на Југославија, односно Србија. Бидејќи Македонија веќе била окупирана од Бугарија и Италија, стратегијата на македонската четничка 'братија' на почетокот била само да се собираат разузнавачки податоци, a како главен четнички пункт за тоа бил градот
Скопје на чело со Душан Карамитровиќ
(Карамитровски). Во функција на тоа требало да се поврзат сите штабови со цел да се орга-низира цела Македонија, а потоа, тие штабови, кои до 1943-та година биле многу слабо поврзани, директно да се поврзат со надлежните регионални штабови на Козјак и Порече. Се разбира, на тој начин полесно би се вршела комуникација со Главниот четнички штаб на Дража Михајловиќ во Србија. Тоа секако трбало да ја олесни работата на четниците во Македонија, кои чекале поволни услови за отпочнување широка борба против македонските партизани. Сигнал за таа широка борба требало да биде истоварувањето на англо-американските сили во Југославија.

Значи, македонските четници на Дража Михајловиќ требало да бидат подготвени во секој миг да ја преземат власта во Македонија -вели проф. д-р Малковски, истакнувајќи дека бил фрапиран кога ги читал имињата на маке-донските четници во архивите, споредувајќи го она што го работеле за време на војната со нивниот статус по ослободувањето. Имено, бил зачуден од успешните кариери на некои од нив и од статусот на нивните семејства, кои и до ден денес одлично котираат во Македонија.

МАКЕДОНЦИ - ЧЕТНИЧКИ КОМАНДАНТИ НА ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ!

Според него, во првите години од окупацијата, Англија имала тесни врски со четниците, испраќајќи дури и разна помош, но и воени мисии меѓу четниците во Македонија.

- Првите обиди за формирање
четничка организација во Македонија се забележани во август 1941-та година, но во тој полскиот падар Тодор Манев во групата четници биле и Стојан Несторов од село Стари Град, Велешко, како и Петруш Тошев од село Богомила, исто така Велешко. Во истиот документ стои дека во ноември таа година бил уапсен и струмичкиот српски четнички војвода Илија Кацарски, и притоа кај него бил запленет материјал кој ја потврдувал неговата србо-четничка дејност. Откриени биле уште 15 негови приврзаници, кои биле уапсени по наредба на обласниот полициски началник.
04-04-2023, 11:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Ваквите четнички групи немале заедничко раководство, односно дејствувале независно една од друга. Тоа е затоа што немале цврсто раководство кое би можело да ја координира и обедини нивната активност како српски четници во Македонија. Организираното навлегување и формирање на четничка органи-
зација во Македонија започнало во 1942-та година, а тоа се одвивало главно низ два прав-ца: од Косово кон Западна Македонија, и од Скопска Црна Гора, како и од Јужна Србија, кон североистоичниот дел на Македонија, за подоцна да се прошири и кон централниот дел на земјата. Во тоа време Дража Михајловиќ го елиминирал влијанието на Коста Пеќанац, вметнувајќи свои луѓе во неговите четнички одреди, преземајќи го на тој начин раковод-ството. За полесно да се раководи со четниците во Македонија, генерал Дража Михајловиќ во својот Главен штаб го имал задолжено мајорот Радослав Ѓуриќ, кој имал директни ингеренции за командување со ваквите одреди во Југоисточна Србија, Косово и Метохија, и во Македонија. Во првата половина од 1942 годи-на, Врховната команда на Равногорскиот штаб на Дража Михајловиќ му дала задолжение на мајорот Ѓуриќ да упати неколку групи обучени четници во Македонија со упатства како треба да создадат силна четничка организација, но и
да ja прошират активноста на постојните чети и на четничкото движење воопшто. Определените групи во август дошле во Македонија и својата дејност почнале да ја развиваат преку два пункта: првиот во Скопје, Скопска Црна Гора и Куманово, и вториот во Порече, Велешко и Прилепско. Притоа, еден од најпреданите четници, кој почнал да дејставува во оваа насока, но и да организира чети во Македонија бил Миливоје Трбиќ- Војче, кој заедно со Воислав Сајковски (Сајковиќ) и Божидар Видоески (Видоевиќ), во мај ,1942 година всушност добил задача од мајорот Ѓуриќ да замине во Македонија и да формира мрежа на четничката организација во Велешко, Прилепско, Кичевско и Порече. Според овлас-тувањето што ги добил од командата на Дража Михајловиќ, четникот Војче Трбиќ можел да формира не само четничка организација, туку и штабови под Врховна команда на Дража Михајловиќ, а сите офицери и подофицери што  4 тома, а првиот том треба да излезе веќе оваа есен.

- Согласно утврдената динамика на четничката организација во Македонија, злогласниот Војче Трбиќ, син на Василије Трбиќ, познат војвода на Великосрпската пропаганда во Македонија во времето од 1903 до 1908-та година, заедно со Војо Сајкоски (Сајковиќ) и Божидар Видоески (Видоевиќ) од Скопје, заминале во Западна Македонија, односно во Поречието. Во Порече, во рудникот Калина, групата стапила во контакт со свои приврзаници, а потоа се разделила во селото Манастирец, од каде Трбиќ и Сајкоски заминале за Велешко, односно Прилепско, посетувајќи ги селата Браилово, Десово, Долнени, Слепче, Црнилиште, Растеш, Самоков и други. Таму Трбиќ и Сајкоски всушност се обиделе да ја прошират идејата за формирање четничка организација, со овластување од Дража
Михајловиќ, а меѓу главните цели било тоа Македонија да остане Јужна Србија. Освен цивилното население, Војче Трбиќ и неговиот соработник Сајкоски се обиделе да придобијат и неколку партизански единици кои веќе биле формирани на овој терен, обидувајќи се да ги стават под своја контрола, односно под контрола на Дража Михајловиќ. За таа цел, стапиле во контакт и со раководството на партизанскиот одред 'Димитар Влахов', но штом биле одбиени ги прекинале сите понатамошни обиди во таа насока. Во Западна Македонија четниците биле распоредени во селата Железна река, Речане, Куново, Турчане, Лешница, но ги имало,и во Гостивар. Според една депеша на мајорот Ѓуриќ испратена во август 1942 година од Врховната команда на четниците на Равна Гора, во Кумановско, Кривопаланечко и на Косово и Метохија биле формирани 12 јуришни и 8 рез-ервни четнички баталјони, кои потоа се споиле со Прешевската, Кривопаланечката, Жеглигов-ската и Скопската четничка бригада. Во 1943-та година бил направен обид за формирање четничка организација и во делот на Македонија под италијанско-албанска окупација, па во таа насока во Струшко се формирала четничка организација од Срби, Македонци-србомани, Власи и неколку Албанци, a co цел 'зачувување на интересите на Србија' на тој простор. За да се придобијат повеќе луѓе, тие дури издавале и гласило на 'македонски дијалект', надевајќи се дека тоа ќе помогне да се придобие локалното македонско население. За да помогне во таа насока, од Белград бил испратен лично Душан Крстиќ, близок соработник на Дража Михајловиќ. Тој по пристигнувањето се сместил во селото Подгорци, каде што имало силно упориште на српската четничка организација на Дража Михајловиќ. Во да се формира нов Поречки корпус, но таков корпус сепак не бил формиран, туку била формирана само Поречка четничка бригада. Во септември, Војче Трбиќ се обидел да формира и Прилепска четничка бригада, но не успеал поради слабиот одзив на населението.

- Поречката бригада броела околу 200 луѓе, и таа имала неколку вооружени судири со единиците на македонската војска. И другите четнички единици имале спорадични престрелки со партизаните во Кумановско и Скопско, но во текот на 1944-та година македонските четници биле целосно разбиени и дефинитивно се повлекле од територијата на Македонија. При разбивањето на последните четнички одреди, дел од четниците се фрлиле во реката Пчиња, a 97 четници биле заробени, при што се запленети 100 пушки, два пушкоми-тралеза, еден минофрлач, шест автомати и многу муниција. Борбите продолжиле и на шести март 1944-та година кај Ново Село, каде што биле заробени уште 30 четници, за на крајот сосема да бидат разбиени на Козјак, по што тие дефинитивно престанале да дејствуваат на територијата на Македонија. Сите податоци, со списоци на имиња на сите четници, команданти, водачи на 'црни тројки', ќе бидат објавени во оригиналните документи, кои за првпат се објавуваат и во кои за првпат ќе може да се види кои биле српски четници во Македонија и како дејствувале четничкито одреди кај нас. Се разбира, многу од имињата што се појавуваат во списоците денес имаат свои потомци во Македонија, но тие не се виновни за она што го правеле нивните родители или роднини. Припадноста на четничките одреди во Македонија, според мене, главно била мотиви-рана од околностите, кои зависеле од општествениот статус, од предложените награди и од политичките функции во Кралството Југославија, но, се разбира, и од лични интереси за материјална корист. Без разлика на се, тие документи конечно треба да се појават во јавноста, како што се појавија документи за припадниците на разни таканаречени Ванчоми-хајловистички групи и организација, кои дејствувале во истиот период на истата тери-торија. Во документите што ќе бидат објавени ќе се видат многу семејства за кои никој и не претпоставувал дека биле активни припадници на четничкото движење на Дража Михајловиќ во Македонија - вели проф. д-р Ѓорѓи Малковски.
04-04-2023, 11:26 PM
Reply