Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГЕОСКИ ГО „СПАСУВА“ ЌУРКА ОД ЗАЕВ СО ЕЛИМИНАЦИЈА НА МИЦКОСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ЗАЕВ ПОДМОЛНО СЕ ОБИДУВА ДА ГО УРНЕ КОВАЧЕВСКИ

Ова се деталите од пеколниот план што Зоќе го претставил на состанок на Бихаќка, но добил корпа и од Таче и од Шеќеринска
Плусинфо ексклузивно открива што се случувало на состанокот во седиштето на СДСМ на 21 декември, на кој Зоран Заев и Венко Филипче дошле со намера да се пресметаат со Димитар Ковачевски, а си заминале со течење од ногавици. Следната рунда на овој меч се очекува на првата наредна седница на Централниот одбор на партијата, после празниците.
Македонија
Од Бранко Героски Објавено 30/12/2022 9:28:30

Во СДСМ во тек е обид за пуч. Поранешниот партиски лидер Зоран Заев со сите сили се обидува да ги поткопа позициите на својот  избраник Димитар Ковачевски и за таа мисија бара сојузници на сите страни, дури и во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Плусинфо ги дозна деталите од пеколниот план на човекот којшто се повлече од кормилото на СДСМ, откако претходно ги изгуби локалните избори по своја вина.

ЗАКАНА
Седум Заеви пратеници би можеле да ја кутнат Владата

За несогласувањата меѓу Зoран Заев и Димитар Ковачевски, односно за обидите на Муртинецот да ја задржи контролата врз своите инсталации во партијата и во Владата, се шпекулира подолго време. Митингот на СДСМ во салата „Борис Трајковски“ на 17 декември покажа дека имало основа за таквите шпекулации. Иако поканет, Заев не се појави на овој настан. Се слушнаа и гласини дека тој своето отсуство не го оправдал, туку го искоментирал со дрски забелешки на сметка на својата партија.
Во меѓувреме, од кујните блиски до Заев се проширија шпекулации дека премиерот Ковачевски, во обид да формира двотретинско мнозинство во парламентот потребно за ветените измени на Уставот, наводно испланирал брза реконструкција на Владата и при тоа бил со намера да ги отстрани министрите Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски. Тројцата се сметаат за луѓе блиски на Заев. По ова во кулоарите е лиферувана закана од Муртинецот дека седум пратеници на СДСМ, коишто тој наводно ги држи под контрола, би можеле да му откажат послушност на Ковачевски и да предизвикаат паѓање на Владата.
Со посредство на заеднички пријател, пред извесно време, во еден град во внатрешноста на земјата, дошло до средба меѓу Ковачевски и Заев. Плусинфо засега нема да открие детали од тој разговор. Но, очигледно е дека актуелниот и поранешниот лидер не успеале да најдат заеднички јазик. Затоа, на 21 декември, во седиштето на СДСМ на Бихаќка, се одржал состанок на најтесното партиско раководство, на кој Заев добил шанса пред своите сопартијци да ги изложи своите ставови за сегашната состојба во партијата и во земјата.

ПЛАН Власта во следните 8 години да ја делат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а Ахмети да го нема!

На состанокот на 21 декември Зоран Заев дошол во придружба на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, со кого веќе подолго време се како петок и сабота. На средбата, освен лидерот Димитар Ковачевски, биле присутни генералниот секретар Миле Зечевиќ, Радмила Шеќеринска и повеќе други членови на најтесното раководство на СДСМ.
Симптоматично е тоа што на состанокот не присуствувал Оливер Спасовски. Плусинфо не успеа да ги утврди причините за неговото отсуство.
Присуствувал и претставник на една агенција, којашто неодамна извршила мерење на рејтинзите на партиите. Тој бил замолен да ги образложи резултатите од анкетата. Според очекувањата, резултатите и од оваа анкета се обесхрабрувачки, бидејќи покажуваат приближна иста разлика во рејтинзите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како и во неодамнешната анкета на ИРИ.
Коментирајќи ги резултатите, Зоран Заев рекол дека СДСМ ќе ги изгуби изборите ако не преземе некакви драстични промени и дека во случај на извесната победа, вмровците „ќе ги влечат сдсмовците по улици“. После тој вовед, Заев го изложил својот план за политички пресврт, наводно во седум точки, од кои најважни се следниве три:
  • Одржување итни предвремени парламентарни избори, после кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе ја делат власта во наредните осум години. Премиер да биде победникот на изборите.
  • Eлиминирање на ДУИ и на Али Ахмети од Владата. Заев рекол дека на Албанците треба да им се овозможи 25-процентно присуство во Владата, но тоа да не биде ДУИ на Али Ахмети. Во расправата подоцна, Филипче се согласил со можноста и ДУИ да влезе во Владата, но Заев останал на своето.
  • Eлиминација на претседателот Стево Пендаровски. Доколку СДСМ го добие премиерскиот мандат, идниот шеф на државата да биде од ВМРО-ДПМНЕ.
Во остатокот од планот Заев зборувал за жестока борба против корупцијата и за итни промени на правосудството. Кажал и тоа дека ваквата политичката разврска би ја ослабило партијата Левица, на што Шеќеринска возвратила дека нејзината проценка е сосема спротивна – дека планот на Заев дополнително ќе ја „бустира“ Левица и ќе го зајакне нејзиното влијание.

РАВЕНКА
Се обидува ли Заев да се доближи до Мицкоски?

Планот на Заев е равенка со една непозната. Тој е невозможен без директен договор со раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски. Како СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ би биле заедно во Владата после изборите, ако претходно не се постигне договор за тоа?
Заев ги уверувал присутните на состанокот на 21 декември дека неговиот план е усогласен со барањата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори и дека го држи опозицискиот лидер Христијан Мицкоски в рака. За да го придобие Мицкоски, Заев наводно би можел да понуди и амнестија за сите осудени за настаните од 27 април во Собранието.
Плусинфо ги провери овие наводи во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Добивме одговор дека немало средба меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев и разговори за поделба на извршната власт после изборите. Но, симптоматично е тоа што сепак имало обиди на Заев да му пристапи на Мицкоски. Не се прецизира за какви обиди станува збор.
– Нашиот став за потребата од предвремени избори ние веќе го соопштивме. Сметаме дека за доброто на Македонија мора да се одржат предвремени избори оваа пролет. Ние ги кажавме и можните рокови за одржување на изборите. Предуслов за нашиот разговор со СДСМ е да се договориме за предвремени парламентарни избори. Тој наш став нема никаква врска со внатрешните превирања во СДСМ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
[url=https://plusinfo.mk/novi-detali-za-pekolniot-plan-na-zoran-zaev-pogodete-ko-se-gleda-vo-ulogata-na-zaednichki-kandidat-na-sdsm-i-na-vmro-dpmne-za-shef-na-drzhavata/][/url]

ПЕТПАРАЧКИ Планот за елиминација на Ахмети е несериозен, ама опасен

Втората крупна дилема за која се расправало на состанокот на 21 декември е колку е реална и колку е продуктивна идејата за елиминирање на ДУИ и на Али Ахмети од Владата, особено на ваков начин. Не му е ова прв пат на Зоран Заев да најавува елиминација на Ахмети. Сите се сеќаваме на оној негов нелегално снимен разговор со Александар Верушевски од 2016 година, кога Заев вели дека ДУИ не вреди пет пари на пазарот на гласови. Тој сега повторно се враќа на својата некогашна реторика.
Симптоматично е тоа што планот на Заев за елиминација на Ахмети се совпаѓа и со притисокот на групата интегративци наречена „огнена“.  Плусинфо засега нема информации за обиди на Заев да контактира со оваа група. Можно е да станува збор и за коинциденција. Но, упатените велат дека и еден таков маневар на Муртинецот не би требало да биде изненадување.
На состанокот на 21 декември Заев бил предупреден за две битни работи во врска со ова прашање:
  • Веста за плановите на луѓе од СДСМ брзо ќе стаса до ушите на Али Ахмети. А тој ќе возврати на начин што дополнително ќе ја загрози стабилноста на Владата на Ковачевски. СДСМ во овој момент не може да си дозволи поткопување на коалицијата и на владејачкото мнозинство во парламентот што ја крепи.
  • Американците нема да поддржат вакви опасни политички маневри. Ковачевски на Заев директно му кажал дека Владата и сојузниците од САД имаат друга агенда и други приоритети. На ова Муртинецот, на општо изненадување, цинично возвратил дека не треба премногу да им се верува на Американците и на другите странски дипломати.

МАЛО МОРГЕН Синоќа Заев се надевал на втора рунда, седница на Централниот одбор?!

Како и да е, планот на Заев бил отфрлен, а тој и Венко Филипче си заминале од Бихаќка не само со празни раце, туку и видно вознемирени. Присутните со право добиле впечаток дека неуспешниот обид на Заев за преврат во СДСМ уште на состанокот на раководството на 21 декември е само дел од еден поамбициозен план на Муртинецот и на неговата екипа.
Неофицијално дознаваме дека Заев очекувал пред синоќешниот хуманитарен предновогодишен коктел на СДСМ да се одржи седница на Централниот одбор на партијата, на која тој планирал да лобира за својот план пред поширок аудиториум. Но, седницата на Централниот одбор ќе се одржи после новогодишните и божиќните празници. Веројатно затоа Заев не се појавил на коктелот.

[Image: oliver-i-ljupco-750x430.jpg]

Но, дошле министрите Оливер Спасовски и Љупчо Николовски. Упатените велат дека не е исклучено уште синоќа да имало обид на Ковачевски да разговара со Спасовски за консолидација на односите во партијата. Плусинфо нема потврда дека тоа се случило. Но, се шпекулира дека за ова можеби станало збор и на вчерашната средба на Оливер Спасовски со американската амбасадорка Анџела Агелер.
Како и да е, Ковачевски нема така лесно да се консолидира и да ја совлада полутајната фракција на Зоран Заев во СДСМ.  Дознаваме дека Муртинецот се подготвува за долготрајна и беспоштедна битка против својот наследник на кормилото на СДСМ, која најверојатно ќе кулминира со обид да го собори најдоцна до следниот конгрес на партијата, или на самиот конгрес. Заевата фондација имала ангажирано и пи-ар агенција за поддршка. Само како куриозитет, се прикажува дека во пи-ар тимот на Заев веќе бил ангажиран и еден познат новинар од екипата „бардови“ на поранешната 1ТВ на Боки Тринаесетка.
ЗАКОН Со Заев договор нема, никој да не си прави бајрам со умот!
Извесно е дека пеколниот план на Заев и превирањата во СДСМ ќе имаат пошироки импликации и на политичката сцена. Ковачевски го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори и повтори дека избори ќе има во редовниот термин во 2024 година.  Но, Демократскиот сојуз на Павле Трајанов синоќа се огласи со проценка дека ќе се одржат предвремени парламентарни избори, после кои ќе се формира широка коалициона влада, чиј премиер ќе го даде партијата што ќе освои најмногу пратеници. Проценката се совпаѓа токму со планот на Заев.
Народниот правобранител Насер Зибери, во интервју за телевизија Алсат, го потсети Зоран Заев за ветувањето за Албанец – премиер, функција со која ДУИ на парламентарните избори настапи кандидирајќи го токму него. Нашиот извор вели дека оваа изјава на Зибери има врска со планот на Заев и дека Ахмети допрва ќе го потсетува поранешниот премиер на сите негови неостварени ветувања. Па ќе се види кој веќе не вреди пет пари…
Сепак, итриот Заев не треба да се потценува.  Ковачевски нема да ја добие оваа борба без битка и нема да успее да се договори со својот претходник.

Quote:Долг е списокот на луѓето коишто со Заев се „разбрале“ и се „договориле“, па после тој им го удрил ножот в грб. Со Заев договор нема. Секој што не ја научил таа лекција, скапо го платил тоа.

– Заев сега се обидува да се факторизира и да остане во фокусот на вниманието и на ваков начин. Неговата реторика е манипулативна и подмолна. Зошто не ја подели извршната власт со ВМРО-ДПМНЕ кога тој беше премиер? Зошто не го елиминираше Ахмети за време на својот мандат? Зошто не го поддржа претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ туку го кандидираше Пендаровски? Зошто тогаш не се истакна во борбата против корупцијата, туку и самиот поттикнуваше коруптивно однесување? Планот на Заев е многу прост – колку поголем смут во СДСМ и на политичката сцена, толку за него подобро. И неговите мотиви се јасни. Затоа, ако сака да опстане во политиката, Ковачевски нема друг избор освен да му се спротивстави на својот претходник и да ги совлада неговите инсталации во СДСМ и во Владата – велат изворите на Плусинфо.
Во која насока ќе тргнат работите ќе се знае најверојатно по првата наредна седница на Централниот одбор на СДСМ. Велат дека Заев веќе ги остри канџите.



Луѓето во СДС/// кои не од љубов го подржуваат Заев, туку го подржуват затоа што Заев има за секого по нешто од прислушкуваните разговори! Зар не гледате дека СДС/// се што направија досега е против препораките на ЕУ и САД . Заев и групата која ги обработувала, преслушувала разговорите се центарот на Српско-Руското влијание.
31-12-2022, 06:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ПЕКОЛНИОТ ПЛАН НА ЗОРАН ЗАЕВ
Погодете кој се гледа во улогата на заеднички кандидат на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата!
Втората рунда на битката меѓу Заев и Ковачевски би можела да се случи во т.н. некрстени денови, од Божиќ до Водици. Периодот од раѓањето до крштевањето на Исус се смета за период опасен за луѓето, време кога се во движење разни „нечисти“ сили, се фрлаат магии и се бркаат демоните и болестите. Дали поранешниот и сегашниот лидер на СДСМ токму во тие 12 дена ќе фрлаат магии, ќе глумат ангели и ќе бркаат демони?

Од Бранко Героски Објавено 31/12/2022 10:01:41

Откако Плусинфо вчера ексклузивно откри што се случувало на состанокот во седиштето на СДСМ на 21 декември, на кој Зоран Заев и Венко Филипче дошле со намера да се пресметаат со Димитар Ковачевски, а си заминале со течење од ногавици, во последните 24 часа екипата на поранешниот премиер молчеливо се прегрупира за нова битка.
Во текот на вчерашниот ден се случи она што го очекувавме и што го најавивме. Освен спорадични напади врз авторот на овој текст на социјалните мрежи, Заевата пропагандна машинерија гласно го одмолча написот. Немаше деманти од учесниците на состанокот на 21 декември. СДСМ официјално не се огласи во врска со изнесените наводи дека поранешниот партиски лидер со сите сили се обидува да ги поткопа позициите на својот наследник Димитар Ковачевски и за таа мисија бара сојузници на сите страни, дури и во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо тоа, Плусинфо доби потврда од високо позициониран извор во албанскиот политички блок, кој вели дека во неговата партија за настапот на Заев на Бихаќка дознале пред десетина дена, што ќе рече веднаш по одржувањето на состанокот на раководствто на СДСМ. Изворот смета дека планот на Заев е во целосна координација со некои структури во албанските политички партии.
Од два независни извора блиски до раководството на СДСМ добивме објаснување зошто во планот на Заев е предвидена елиминација на актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски и кој би можел да биде кандидатот за оваа функција што заеднички би го поддржале ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Но, за тоа подоцна.

БИЗНИСМЕН Има ли бизнис-империјата Заеви причини за загриженост?

Најважното прашање, кое бара поширока експликација, е зошто Заев одненадеж е толку загрижен за состојбите во СДСМ и во државата и зошто ризикувал да настапи со план, во ситуација кога лесно можел да претпостави дека ќе биде одбиен. Дополнително прашање поврзано со ова е каква врска имаат Американците со драмата во СДСМ.
Како што е познато, Зоран Заев има релативно долг стаж во политиката. Беше градоначалник на Струмица, беше лидер на СДСМ во опозиција обилно поддржан од меѓународниот фактор (најмногу од Американците) во периодот на борбата против режимот на поранешниот премиер Никола Груевски и потоа и самиот беше премиер безмалку пет години. Заев не е универзитетски професор (иако течно зборува англиски и неколку други јазици, на пример), не е лекар како неговиот најблизок сопартиец и сега натурализиран Струмичанец Венко Филипче и не е уметник. Тој е бизнисмен, трговец по вокација.
Општо е познато дека семејството Заеви има повеќе успешни бизниси, а нивните компании и имоти се раширени во повеќе земји на Балканот (главно во Србија и во Бугарија), а во поново време и во некои подалечни топ бизнис-дестинации, каква што е Дубаи, на пример. Во сето тоа, се разбира, нема ништо спорно. Напротив. Проблемот е во фактот што за време на своето владеење, Муртинецот ги прошири влијанието на бизнис-империјата Заеви и формалните и неформалните бизнис-партнерства со многу македонски компании и со нивните сопственици. Дел од нив се во сомнителни бизниси, а не е тајна и тоа дека дел од тие луѓе се корумпирани.
Новата американска амбасадорка Анџела Агелер, уште недојдена во Македонија, изјави дека една од нејзините први задачи ќе биде да ѝ помогне на земјава во справувањето со организираниот криминал и со корупцијата. Дека Амбасадата на САД не се шегува стана јасно кога во Македонија ненадејно се појави тим за санкции од Вашингтон. Прв пат се случува такво нешто во историјата на Македонија. Подоцна некои наши функционери, меѓу кои и секогаш „аналитички“ расположениот претседател Стево Пендаровски, објаснија дека станувало збор за дипломати кои воделе разговори со повеќе луѓе во Македонија. Пендаровски најави дека оваа мисија може да има врска со ажурирањето на црната листа на американскиот Стејт департмент, на која би можеле да се најдат и функционери од актуелната власт.
Нема начин во Македонија да се поведе остра борба со корупцијата и со организираниот криминал во Македонија, без да се отвори фронт со дел од актуелната политичка гарнитура на власт, но и со луѓе од бизнис-елитата. Дополнително, нема начин една таква борба да не ги засегне интересите на Зоран Заев, неговите конекции и партнерства и влијанието во локалните бизниси во Македонија, но и пошироко. Никој точно не може да каже колку длабоко и колку сериозно една жестока антикорупциска кампања би можела да ја погоди бизнис-империјата Заеви, но со голема сигурност може да се претпостави дека многу луѓе што правеле разни дилови со нив имаат сериозни причини да бидат загрижени.

ДЕЦИДНО Оливер Спасовски нема да игра за екипата на Заев

Тука лежи главниот мотив за обидот на Зоран Заев повторно политички да се факторизира и евентуално да се врати на бел коњ на политичката сцена. Инаку, тоа, самото по себе, не е нешто невидено во македонската политика. Овој феномен се случува, речиси законито, секогаш кога политичките лидери во заминување октроираат свои наследници. На Љубчо Георгиевски тоа му се случи со Никола Груевски. Откако Бранко Црвенковски во заминување го „црпна“ Зоран Заев и го постави на кормилото на СДСМ, се случи поделбата на „бранковисти“ и „заевисти“. Тогаш Заев не чекаше Бранко да се налути, туку прв тргна во офанзива против својот претходник. Сега тоа се случува меѓу Заев и Димитар Ковачевски, при што Муртинецот пак пука прв. Нели, Џанго пука прв…
Но, овој пат судирот во СДСМ може да биде многу посериозен од сите претходни. Влоговите се поголеми. А за исходот се заинтересирани и Американците. На состанокот на 21 декември на Бихаќка, Ковачевски прилично јасно и директно му соопштил на Заев дека му е позната агендата на Американците и дека САД во ова раководството на СДСМ и во Влада ќе има партнер во спроведување на тие приоритети. Вознемиреноста на Заев по состанокот јасно укажува на тоа дека не требало да му се „преведе“ пораката од Ковачевски, а тоа е дека оваа Влада нема намера да ги штити ни Заев ни луѓето со кои тој се договорал и создавал линии на влијание и конекции.
За успешно преживување на таа антикорупциска кампања – ако до неа воопшто дојде – на Ковачевски му се потребни единствено партиско раководство и стабилна влада. Не му се потребни Заев и младиот и надежен Филипче. Потребен му е Оливер Спасовски, на пример, влијателниот министер за внатрешни работи. Овој ресор ќе биде клучен за успешно спроведување на една таква кампања, во која темпото би го давале Американците.
Спасовски вчера се огласи во јавноста и во одговор на едно не многу коректно новинарско прашање, даде многу коректен, прецизен и интересен одговор. Имено, новинар го прашал министерот Спасовски „за коментар на новинарски текст во кој се пишува дека се подготвува промена на премиерот и на составот на Владата“. Прашањето не е прецизно, бидејќи во тој новинарски текст, на ова место и од овој автор, беше напишано дека „од кујните блиски до Заев се проширија шпекулации дека премиерот Ковачевски наводно испланирал брза реконструкција на Владата и при тоа бил со намера да ги отстрани министрите Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски“, како луѓе блиски на Заев.
Како и да е, Спасовски ја потврдил информацијата на Плусинфо дека не бил присутен на состанокот на 21 декември и одговорил на новинарското прашање:
– Сакам децидно да кажам дека оваа Влада ќе опстои до крајот на мандатот 2024 година. Лично јас, како човек кој долги години е во СДСМ и на силни и високи позиции, ќе направам сѐ да се сочува единството во партијата, да зајакне партијата и повторно промовирајќи ги тие вредности за кои што се залагавме во целиот овој период, да продолжиме напорно да работиме за реализација на значајни стратешки цели. Шпекулации, односно било какви тврдење кои се изнесуваат од наводни средби на кои што јас не сум присуствувал, воопшто не сакам да коментирам.
Веројатно и ова е доволно јасно и не треба да му се преведува на Заев. И Спасовски знае за приоритетите на Американците и останува беспоговорно во тимот на Ковачевски, спротивно на планот на Заев за брзи предвремени избори, после кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во наредните 8 години ќе ја делеле власта. Случајно или не, пред два дена Спасовски имаше средба со американската амбасадорка Агелер.

ЦИРКУЗ АДРИА Заев го предлага Заев за иден шеф на државата?

Да се вратиме сега на планот што Заев го образложил 21 декември, на состанок во Бихаќка, на кој покрај Филипче од Заева страна, присуствувале Димитар Ковачевски, Радмила Шеќеринска, Миле Зечевиќ и неколку други членови на најтесното раководство на СДСМ. Да повториме, ова се клучните точки од планот што го изложил Заев:
  • Одржување итни предвремени парламентарни избори, после кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе ја делат власта во наредните осум години. Премиер да биде победникот на изборите.
  • Eлиминирање на ДУИ и на Али Ахмети од Владата. Заев рекол дека на Албанците треба да им се овозможи 25-процентно присуство во Владата, но тоа да не биде ДУИ на Али Ахмети.
  • Eлиминација на претседателот Стево Пендаровски. Доколку СДСМ го добие премиерскиот мандат, идниот шеф на државата да биде од ВМРО-ДПМНЕ.
Пендаровски стана претседател на Македонија во 2019 година, како консензуален кандидат на СДСМ, на ДУИ и на повеќе други политички партии. Следните претседателски избори во редовниот термин би требало да се одржат во 2024 година, значи заедно со парламентарните во редовниот термин. Но, ако се оди на предвремени парламентарни избори, на влада ВМРО – СДСМ и на елиминација на ДУИ на Али Ахмети, како што предвидува планот на Заев, логично е да се оди и на елиминација на Пендаровски и на предвремено претседателски избори.
Како што рековме на почетокот, два независни извора блиски до раководството на СДСМ на Плусинфо му кажаа кого планира Заев за заеднички кандидат на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата. Верувале или не, кандидатот е – Зоран Заев!
Редно е да го кажеме и тоа дека трет извор, исто така близок до раководството на СДСМ, тврди дека ова сепак е спин, насочен против планот на Заев.

ПРОФИТ Сите збунети, Мицкоски охрабрен  

Спин или не, оваа тема уште еднаш води кон прашањето дали е можно Заев да е во договор со Христијан Мицкоски, кого наводно го држел „в рака“, како што се фалел. Во вчерашната објава кажавме дека Плусинфо ги провери овие наводи во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Таму добивме одговор дека немало средба меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев и разговори за поделба на извршната власт после изборите. Но, симптоматично е тоа што сепак имало обиди на Заев да му пристапи на Мицкоски. Не се прецизира за какви обиди станува збор.
Вчера Мицкоски се огласи на темата предвремени избори:
– Охрабрени сме што има пратеници од коалицијата во Владата на ДУИ поддржана од СДСМ, кои праќаат јасни сигнали дека сакаат што побрзо да се стави крај на ова криминално и коруптивно владеење на оваа коалиција и дека се подготвени во парламентот да поддржат распуштање и организирање предвремени парламентарни избори. Добро би било и здраво ДУИ да помине мандат од четири години во опозиција. За нас прифатливо е да има брзи предвремени избори, а граѓаните ќе одлучат каква ќе биде идната влада. Да ги поддржиме тие луѓе кои дадоа вакви сигнали заедно, да изгласаме недоверба на оваа Влада и да одиме на предвремени избори.
Кои се тие луѓе што испраќаат сигнали засега не се прецизира. Дали се тоа оние 7 пратеници за кои кујната на Заев тврди дека се спремни да излезат од парламентарното мнозинство и да ја урнат владата на Ковачевски? Мицкоски категорично одбива да биде доведен во врска со Заев, но неговите коментари создаваат недоумици. Најбенигната претпоставка е дека тој сега јава на бранот на приказната за внатрешните превирања во СДСМ и се обидува да ја „бустира“ темата предвремени избори. Договорено или не, Заев сериозно му помага на лидерот на опозицијата да ги оствари намерите.

АНГЕЛИ И ДЕМОНИ Колку е долг фитилот на Заев?

Што е следно?
Нашите извори велат дека втората рунда на битката меѓу Заев и Ковачевски би можела да се случи во т.н. некрстени денови, од Божиќ до Водици. Периодот од раѓањето до крштевањето на Исус се смета за период опасен за луѓето, време кога се во движење разни „нечисти“ сили и кога починатите се во близина на своите домови. Во тие денови се фрлаат магии и се бркаат демоните и болестите.
Дали Заев и Ковачевски токму тие 12 дена ќе фрлаат магии и ќе бркаат демони? Тоа зависи од четири работи:
Прво, не се знае кога ќе се одржи првата наредна седница на Централниот одбор на СДСМ. Таа допрва треба да се закаже. Заев бил со намера својот план да го образложи на таа седница и да побара поддршка од поширокото партиско раководство. Затоа, не се знае дали ќе се случи една „сдсмовска Панорама“, пресметка како своевремено меѓу Љубчо Георгиевски и Никола Груевски.
Второ, не е познато колку е долг фитилот на Заев и дали ќе се обиде во меѓувреме да тргне во напад на Ковачевски со помош на својата пропагандна машинерија. Во првите 24 часа по разоткривањето на планот на Заев, пропагандата на Муртинецот беше збунета и воздржана, веројатно во обид да се прегрупира и да ги подготви новите наративи. Заев сега е во непријатна ситуација. Тој не може да се огласи јавно, а да избегне да одговори на клучното прашање – дали е за вонредни или за редовни парламентарни избори. Ако се изјасни за вонредни, тоа ќе значи дека останува на својот план. Обратно, ако се изјасни за избори во редовниот термин во 2024 година, тоа би значело дека потклекнал и дека од превратот нема ништо.
Трето, не е јасно дали ќе има обиди за посредување за помирување помеѓу Ковачевски и Заев. Како што веќе пишувавме, еден таков обид завршил без резултат. Нашите извори сметаат дека предуслов да дојде до такво е Заев јавно да се откаже од својот план. Поучен од искуствата на други луѓе, Ковачевски тешко би прифатил некаков таен договор за ненапаѓање со Заев. А и Муртинецот, реално кажано, полага некакво природно право на поголемо внимание од човекот кого го назначил за свој наследник, па нема да си дозволи да биде понижен.
И четврто, не се знае дали амбасадорката Агелер би можела да направи обид на Заев дипломатски и со такт да му каже колку е саатот и да му го покаже местото. Нашите извори велат дека е мала веројатноста брзо да дојде до јавна средба меѓу Амбасадата на САД и Заев. Сепак, не треба да се отфрли таа можност.
Како и да е, вечерва сите ја чекаме Новата година и редно е и на актерите на оваа драма да им посакаме среќни и весели празници, многу здравје и повеќе ум, разум и такт во 2023 година. Ќе им треба.



УДБА ПАК ПУШТЕНА НА НАЈСИЛНО !!!
Героски секое рушење на владата од опозицијата се обидува да го докаже како пазар помеѓу Мицкоски и најголемиот предавник Заев!
Со тоа Героски сериозно сака да ја поткопа позицијата на Мицкоски и опозицијата во обидот да дојде до предвремени избори.
За Героски одеднаш Оливер и Таче се партнери на САД во битката со корупцијата и криминалот?? Значи со оваа приказна на Героски САД пак застанува зад кринилаците. Зар давањето пасоши и државјанста на белосветски криминалци од страна на Оливер не е криминал од највисок ранг.
31-12-2022, 06:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:“Заробена држава” има денес, а не тогаш.

Никола Груевски 28.12.2022

Висок функционер на СДСМ денес на некој настан изјавил дека во периодот кога јас ја водев владата сум им приредил на граѓаните “заробена држава”, а дека тие сега ја ослободувале и силно се бореле против корупцијата.
Па еве да му одговорам.
“Заробена држава” има денес, а не тогаш. Имало слабости, но терминот “заробена држава” имаше друга пред се пропагандна функција во тоа време.
Разликата е во тоа што тогаш се водеше меѓународна операција за смена на власта заради инсталирање на СДСМ со цел да се смени името на државата и јазикот, идентитето на Македонците и историјата на Македонија и македонскиот народ, со цел такви да влеземе во НАТО и ЕУ, а не начин како што ние се боревме да станеме членки на НАТО и ЕУ.
Со обзир дека таа операција ја завршија и тогаш се инсталираше марионетска власт која безпоговорно ја исполни задачата и одстапките, дури и повеќе од што се бараше претходно, преку ноќ исчезна фразата “Заробена држава” од разни извештаи за Македонија иако состојбата во институциите, а особено во правосудниот систем е многу полоша и тоа не е тајна. Дека ќе имаме криво насадено дрво како власт се виде уште со целосното ослободување на тогашниот премиер од дела за кои не само што имаше цврсти докази, туку и цел народ ги виде доказите наречени “Едно евро” што пресметано по број на квадрати значеше барање мито од сто илјади евра.
Актуелната власт од меѓународната заедница се третира како власт која е високо корумпирана, што го потврдува и извештајот на “Transparency international” каде од 69то место пред почетокот на операцијата за смена на власта, Македонија не е веќе ни во првите 100 и е во друштво на земји во кои повеќето од Македонците би се плашеле да отпатуваат туристички, заради локалната мафија но во некои од нив и за да не ги изедат, бидејќи во некои од тие земји нивото е такво да сеуште има присуство на канибализам од некои групи.
А во делот на судството и обвинителството веќе познато е дека довербата е падната на 4% за судството и 3% на обвинителството, нешто што никогаш ни приближно не било случај и оваа доверба во правосудниот систем не ја негира ни владата, бидејќи се плаши да се спротистави на оние кои ја прифаќаат за реална а тоа е меѓународниот фактор, на чија потпора единствено се надева актуелната власт.
Но, сеуште извештаите се помеки за сегашната власт бидејќи се третира дека е во фаза на опоравување од предаствата што ги направи со Грција и со други попуштања кои се бараа и од нас, и особено затоа што треба додатно истото да го стори наскоро со Бугарија.
Тие знаат дека власта во Македонија 6 та година ја води партија која е криминална банда, бандата пред нивни очи пљачкосува, но бандата засега испорачува тоа што се бара од неа околу идентитетските прашања преку кои и на сметка на што се завршуваат неколку геополитички планови, против кои ние не бевме, но не сакавме нашиот народ да плати таква уништувачка цена.
Затоа траат и се зголемуваат прогоните и понижувањата на луѓето од поранешната власт а се величи колку што е тоа можно, бидејќи и не е лесно, работењето на актуелната власт.
Но, и во тоа “одржување во живот” на оваа неспособна власт за која се виде дека нема способност не само да направи сериозен економски продор, туку и да одржува функционални институции и функционална држава, и во тао одржување, неможат а секојдневно да не укажуваат на катастрофата што ја гледаат во Македонија.
Криминалот, шверцот, лажењето, безредието, нефункционирањето на државните институции, неправдите, контролираното од власта правосудство, девастирањето на севкупниот дух и оптимизам на општеството итн можат (веројатно донекаде но не целосно бидејќи сега е полошо)да се споредат со средината на деведесетите години на минатиот век, период кој го оставивме некаде во 1995/96 година и мислевме нема никогаш да се врати.
Колку и да сакаат да ги заштитат за да ја завршат валканата работа, фактот што Македонија е единствена држава во светот во која друга голема држава најави дека ќе се справува со криминалот кажува се.
Тоа што наместо да ги наведнат главите и да се повлечат, власта глупирајки се до бескрај глумеше некаква радост што ќе и помогнеле однадвор, тоа незначи дека и тие и народот и сите во Европа не се свесни дека е обид за спасување на држава која не заробена, туку е во почетна фаза на распаѓање.
Погледнете го последниот пример од вчера.
Вчера објавив информација со непобитни факти кои укажуваат дека одредени постапки на владата на почетокот на нејзиното владеење создадоа наместо стотици милиони профит за државата, стотици милиони штета за земјата, а поврзано со ОКТА.
Молчат затоа што се е вистина. Сите молчат!
А знаат. Знае и обвинителството и тоа не од сега, туку уште од 2018 година, кога истражуваа за што се потрошиле тие пари на консултанти и правници и кога обвинителите ја слушнаа и сватија операцијата, о видоа како брутално и неодговорна е прекината од новата власт, ја прекинаа истрагата не само за да не се срамат понатаму, туку и да не се расплетка клопчето, па врвните луѓе на оваа власт да завршат во затвор.
Тоа не беше во план, бидејќи тие имаа и сеуште имаат друга мисија за која се донесени. Не смеат да реагираат.
Дури ни сега кога јавно ги објавив фактите.
Е тоа е заробена држава!!!
Тоа е вистински заробена, осиромашена, понижена и обезличената држава од која народот гледа да си замине како да е крвава војна!!!



НОВ ОБИД ЗА ПЕРЕЊЕ НА МОЗОКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ГРУЕВСКИ

Државата беше заробена уште далечната 1945 година! 1991, 1998 и 2006 кога доаѓаше до „смена“ на власта немаше смена на системот а тоа значи дека и Вие и Љупчо Георгиевски бевте дел од оние кои беа избрани од заробената држава или поточно од политичко полициското подземје за да пред граѓаните и светот одлгумите дека во Македонија постои повеќепартиски систем, вснашност вие бевте чувари на заробената држава.
Дека бевте избрани од заробената држава говори фактот што безбедносниот систем ви беше во рацете на луѓето кои се вградени во стполбовите на заробената државава. Вие за тоа бевте свесни! Вашата болна желба за власт беше посилна од се па и од тоа дека иако гледате дека ја водите државата во федерализација која е преодна фаза пред распад на државата наместо да се обидете да го спречите тоа вие бевте исполнувач на желбите на Ахмети кои го трасирааа патот кон федерализацвијата. Вие ја уведовте јазичната федерализација, Вие не дозволивте да бидат судени и осудени Ахмети како водач и сите оние кои учествувале во убиства или пркривање на извршителите на убиствата на цивили Македонци.
Ваквите ваши бајки во кои се величате себеси нема да ја избришат вистината за Вашата улога во ранебитувањето на Македонија !
Ќе цитирам дел од мој текст напишан на 11.10.2011
-„Да се вратам на Груевски: Ако навистина Груевски сакал да стане премиер на влада на граѓаните на Македонија, тој ќе излезеше јавно да ги обзанани барањата на Али Ахмети и ќе соопштеше дека го одбива мандатот, бидејќи под уцена не сака да составува влада. Дека, поради негово длабоко убедување, барањата на ДУИ се против Македонија како држава и против Македонците како етникум. Притоа, ќе ги ставеше Бранковстите во „небрано“, оставајќи ги нив да му ги исполнат барањата на Ахмети, кои во тој момент би ѝ биле познати на целата македонска јавност.
Ова предавство кое го врши деновиве Владата на Грујовистичката банда не може и не смее да остане неказнето!!!
Кога ќе замине од власт Груевски, а притоа нема да се врати на власт Црвенковски, тогаш злосторниците мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Во тој клучен момент, однесувањето на Албанците ќе биде пресудно за понатамошните односи внатре во државата. Етничките Македонци нема да смеат повеќе да ја забиваат главата во песок и проблемите да ги одложуваат за утре. Ова не е повик на војна. Ова е повик на спроведување на механизмите на правната држава и повик на функционирање на инститиуциите на истата таа држава.“
04-01-2023, 10:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА И ДА ПРАВАМ ПУЧ ВО СДСМ

Зоран Заев 04.01.2023

Изминативе денови, различни центри (и суетни, и криминални, и комбинации од двете, на кои им се приклучи поранешниот премиер и бегалец од правдата Никола Груевски) ме споменуваат во различни конотации. Од тоа дека ќе сум правел пуч во СДСМ, до тоа дека ќе сум бил кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, со заедничка подршка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Во повеќе наврати изминатиот период кажав дека немам политички амбиции и би сакал уште еднаш да ги демантирам ваквите инсинуации за мое повторно политичко ангажирање.
Јас нема да поднесам ниту ќе прифатам кандидатура за Претседател на државата.
Како претседател на СДСМ ја обединив партијата. А, обединетиот СДСМ заедно со граѓаните урна режим и тоа баш кога тој режим беше најсилен и најразулавен. Јас никогаш нема ниту да помислам да го делам СДСМ, ниту да правам некаков си измислен пуч во СДСМ или било што слично. Доказ за тоа е моето осум и пол годишно раководење со партијата како и државните и изборните победи што ги освојуваше обединетиот и сплотен Социјалдемократски сојуз на Македонија, заедно со силното граѓанско општество.
Истовремено, македонската Влада предводена од СДСМ не престана да испишува историски успеси. Ја внесовме Северна Македонија во НАТО, ги решивме домашните меѓуетнички тензии и поделби, станавме пријатели со сите наши соседи и со целиот демократски свет. Благодарение на политичките на градење пријателство со соседите, но и севкупните меѓународни политики ја добивме Автокефалноста на нашата МПЦ-Охридска Архиепископија, станавме една од трите држави кои ја основаа економската иницијатива Отворен Балкан и започнавме преговори со ЕУ.
Не може да се заборави дека и тогаш имаше противници на се што работевме и на се што постигнавме. Некои беа против само поради тоа што тие во нивното време не успеале да го направат она што ние за четири години го постигнавме заедно со народот. Меѓу нив беше и поранешниот премиер и бегалец од правдата Груевски ама и други кои од исти или слични причини едноставно не сакаа да се случат македонските успеси. Некои заради тоа што суетата им е преголема (Геровски ќе се препознае овде веројатно [Image: 1f601.png]). Трети, пак, беа против затоа што имаат потреба постиојано да негодуваат, да мразат и мрчат, оние на кои ништо не им се погодува (тоа се луѓе како шкорпиите од приказната за шкорпијата и жабата [Image: 1f601.png]). Четврта група беа тие што не можат едноставно да простат успех на друг, оти нели во Македонија може се да ти простат ама успех не ти се простува.
Но, времето и досега покажуваше, а особено допрва ќе покажува колку биле храбри, исправни и правилно насочени одлуките што сме ги донеле за македонскиот народ и државата, без разлика на блокадите кои постојано ни ги ставаат сите противници.
Заклучок...
Убавината на сите овие противења, кочења, негодувања, мрчења, суетности, вака од дистанца гледано, е во тоа што токму тие луѓе, со своето противење, несакајќи, а богами некои од нив и свесно и намерно (Груевски на пример) ги имаат помогнато сите овие процеси. Сите тие, со нивното делување и противење, го охрабрија мнозинството народ да опстои во својата верба за осигурување на евроатлантската иднина на државата, во градењето пријателството со соседните земји, во воспоставување на кохезијата во нашето мултиетничкото општество преку концептoт на кој му аплаудира целиот демократски свет – концептот “Едно општество за сите”.
Тие луѓе, политичари, новинари, аналитичари ... индиректно, а богами и директно [Image: 1f609.png] во клучните моменти за државата помогнаа за обезбедување дури и на двотретинско мнозинство во парламентот за Договорот од Преспа и другите важни одлуки, со што беа совладани тогашните анти-НАТО и анти-ЕУ политики на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, Северна Македонија е земја членка на НАТО и не стравува за својот мир и безбедност. Денеска ги живееме деновите на скрининг процесот како фаза од преговорите со ЕУ кои ги отпочнавме пред неколку месеци. Денеска се радуваме на соживотот меѓу Македонците и Албанците и сите етнички заедници кои живеат во нашата татковина. Денеска се радуваме на признатиот македонски јазик и на плодовите од Преспа како што е отворањето на Центарот за македонски јазик во Грција. Оваа наша генерација го дочека и признавањето на Автокефалноста на нашата Македонска православна црква. И сето тоа во четири години. Знам дека нашиот народ ги цени овие историски чекори, во спротивно довербата кон патот по кој се движиме немаше да остане со високи над 70%.
Колку и да не сакаме, мораме да признаеме дека треба да им бидеме благодарни на тие луѓе кои беа и се уште се противници на сите големи успеси што ги постигнала Македонија и целиот македонски народ, затоа што токму со нивното јавно делување, пишување и противење всушност ги помогнаа овие големи македонски успеси. Тие беа една од главните причини за од спротива да се формира силниот демократски блок кој ја носи земјата напред.
п.с. Посебна благодарност до некои од тие луѓе што и директно го помогнаа клучниот чин (ќе се препознаат верувам таквите) за земјата неповратно да се постави на шините кон НАТО и ЕУ, чинот со кој 80 пратеници дадоа согласност за Договорот од Преспа.
04-01-2023, 10:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:“Првиот знак на глупоста е целосното отсуство на срам”.

Никола Груевски 04.01.2023

Пред малку ми јавија дека Заев нешто објавил на социјалните мрежи каде неколку пати ме спомнал.
Веднаш си помислив дека дал некаков одговор или објаснување за криминалот на владата под негово водство со ОКТА, Иловица, Казандол, Фени, клинички Центар, Аеродромот во Штип или нешто друго за кое неодамна пишував.
Се испостави дека ќе морам по втор пат еден мој фб статус да започнам со легендарната мисла на славниот основач на психоанализата Зигмунд Фројд кој вели:
“Првиот знак на глупоста е целосното отсуство на срам”.
Молк за криминалот и корупцијата со овие нечесни зделки погоре! Ни збор за тоа! Милионски штети за државата.
Еве денес излезе дека италијанската компанија која го доби тендерот за клинички центар бара на арбитража 20,5 милиони евра оштета за раскинатиот договор без причина од страна на владата, а нов не се изгради и е далеку од почнување. Тоа е направено по директна негова наредба до Филипче заради хирови и комплекси дека се што било започнато од мене од односно од владата која ја предводев требало да се стопира и да докажел дека можел и подобро. Еве видовме колку може. Нов клинички нема а 20,5 милиони евра ќе си платиме од парите на народот за хировите на Заев и од планот со градба на во клинички центар на друга локација, по процедура за јавни набавки која се употребува само за избор на пејачи за нова година, да може да ја “закрпи” државата со околу 200-300 милиони евра, бидејќи новиот клинички центар требаше за толку да е поскап. И уште не се откажани од таа идеја. Видовме колку може и што шест години неможат да завршат половина изграден пат меѓу Охрид и Кичево и да не ги редам другите работи бидејќи треба два дена да пишувам.
Овој човек кој на двапати се извлече од одговорност од правдата, еднаш со аболицијата на Црвенковски за криминалот со “Глобал” за кој иако не убедуваше дека е законски, кога дојде оној закон за легализација на диви градби во 2009 година, самиот како градоначалник со негова рака потпиша легализација “Глобал”, и вторпат кога го инсталираа за премиер и мораа да го вадат од случај за барање мито од 100.000 евра со докази кои неможат да бидат поцврсти, гледам дека пак глуми некоја величина па меѓудругото ни порачува да сме се радувале на позитивните меѓуетнички односи.
Со обзир дека заради политичкиот прогон кој тој директно ми го започна сега не сум во Македонија, ве прашувам вас дали вие се радувате на позитивните меѓуетнички односи?
Што е позитивната разликата меѓу времето кога јас ја предводев владата и денес што треба да не натера да се радуваме? Тиранската платформа ли е разликата?
И тогаш имамвме соживот и сега има соживот.
Незнам како тоа изгледа од перспектива на Струмица или на Муртино (незнам каде точно живее Заев сега), но некој не ми се пофалил од Скопје, Тетово, Куманово и другите средини каде имаме мешани етнички население дека се радуваат на некакви позитивни меѓуетнички промени.
Напротив во контактите со многу Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати разбирам дека кај сите најмалку тројно е зголемено иселувањето од Македонија бидејќи чуствуваат безперспективност во земјата.
Знам и дека потрошувачката кошничка за сите отиде од 30 на 50 илјади денари, и не сум чул дека некој се радува на тоа, а дека владата неможеше книги за учениците да обезбеди пола година одкако е почната наставата. Освен флоскулата без реална суштина “едно општество за сите” што ја “дробат” политичарите во официјални настани и соопштенија, оние кои ништо не направија за народот, друго суштински важно и што суштински на подобро ги менува нивните животи нема.
Втората теза му е дека тој направи нешто што мене ми било криво дека јас не сум успеал да го направам а тоа е влезот во НАТО. Веднаш да му одговорам дека под овие услови, предавства и понижувања за Македонија и пред се за Македонците може само да ми биде криво, што Грција не доби 100:0 во една 150 годишна битка за макеоднскиот идентитет, македонската историја, име на држава и на јазикот за кој Заев е среќен што се регистрирала некоја НВО во Грција со за нас звучено име, за која таму никој незнае, ниту пак има било какво најмало влијание во тоа општество, во Европа или во светот.
По овие работи гледам дека Заев и понатаму го потценува капацитетот на македонскиот народ и го смета за толку многу глупав што мисли дека на вакви небулози ќе му верува. Да, тој мисли дека мнозинството народ се согласува со глупостите кои редовно ги “треска” и со самото тоа само укажува дека оправдано во овој фб статус по втор пат се повикувам на гореспоменатата мисла на Зигмунд Фројд.
Тој сака да ни каже дека не само што не се срами, туку и се гордее со предаствата на националните интереси, пљачкосувањето, неспособноста и криминалот за кој токму во неговио време Макединија се најде на 108 место во светот само неколку години подоцна одкако бевме стигнати до 69. Место на листата на Transparency International за перцепција на корупцијата.
Тој сака да ни каже дека не се срами ни од довербата на судството и обвинителството која во негово време ја спушти на 4 односно 3 осто доверба.
Не се срами ни од податок објавен дека на анкета на студентите од битолскиот универзитет се покажа дека 80% од студентите планираат по дипломирањеро трајно да се отсечат од Македонија.
Листата е долга и тука ќе ја прекинам. Колку сака нека глуми среќен и задоволен, реалноста е друга.
Демократија е, па секоја будала може да каже што сака! Секако и Заев! Но, реалноста е друга!
ПС. А тоа дека несакал да прави пуч во СДСМ и несакал кандидатура за Претседател… тоа е затоа што најверојатно од таму од каде му беше единствениот извор на моќ, засега нема подршка.
Таман и раката на срце да ја ставеше и да се заколнеше како што некогаш правеше за уставот и името, никој веќе не му верува ништо. Неговото име е синоним за измама во Македонија.
Има времиња кога луѓето ти веруваат. Но кога ќе ги измамиш, потоа истото кога го кажуваш, стануваат и си одат.
Поминаа години. Испокраде што можеше и сега нормално е да се плаши и да се правда затоа што допрва треба да се испитува потеклото на парите што ги крие по соседството и пошироко.
Тој сеуште смета на тоа дека заради предавставата на националните интереси ќе биде заштитен, па затоа цело време акцентот му е на тоа дека обезбедил ова или она околу НАТО, ЕУ, соживотот и сл. Таа порака не е толку до народот, туку потсетување до оние кои му беа единствениот извор на моќ и на чиа заштита смета и сметал цело време додека злодела.
04-01-2023, 10:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:КОИ СЕ И ШТО ПРАВАТ ЗАЕВИТЕ „КАМШИКАРКИ“ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ? Весна, Тања и Лорета ги дисциплинираат судиите

Заевите „камшикарки“ во Судскиот совет извршija груба атака врз судиите од Апелациониот суд во Скопје, за да испратат порака дека Советот е камп за превоспитување на судиите кои одбиваат да извршуваат политички нарачки.

МакедонијаСлајдер

Од Бранко Героски Објавено 12/01/2023 8:30:25
[Image: zaev-telefon-1-750x430.jpg]

Пред да продолжиме со нашата главна приказна за тоа до каде се плановите на Зоран Заев за враќање во политиката на бел коњ и за целосно рекомпонирање на политичката мапа на Македонија, како актуелност на денот се наложува и еден осврт на активностите на Струмичанецот преку неговите инсталации во дел од правосудниот систем.
Активностите на Заевите инсталации во оваа област деновиве се интензивирани. Добро упатените тоа го толкуваат како последен обид на Заев да ги подеси „нишанските справи“ пред завршната битка за остварување доминација во СДСМ. Во оваа драма се препознава уште еден пиаровски обид на поранешниот премиер да ги убеди Американците – откако тие веќе и јавно ја дефинираа борбата против корупцијата како клучен приоритет за Македонија во периодот што претстои – дека токму Заев е најдоследниот борец против криминалот, корупцијата и особено против неказнивоста на судените и несудени криминалци.
Затоа неговите „камшикарки“ во Судскиот совет први добија задача да извршат груба атака врз судиите од Апелациониот суд во Скопје, за да испратат порака дека Советот е камп за превоспитување на судиите кои одбиваат да извршуваат политички нарачки.

Каква е улогата на Заевите „камшикарки“?

Но, да одиме со ред. Како што е познато, приказната за „камшикарот“ датира некаде од септември 2018 година. Тогаш поранешниот премиер Зоран Заев посака „камшикар“ од ЕУ и од НАТО, кој би дошол и би ги „подсредил“ сите од него па надолу. Камшикар од ЕУ и од НАТО тогаш не стигна, Заев потоа абдицираше поразен од граѓаните на локалните избори, но затоа почнаа да излегуваат на површина „камшикари“ во сите институции и насекаде околу нас, кои сега се обидуваат да ги „потсредат“ сите кои размислуваат со своја глава и одбиваат да спроведуваат политички нарачки.
Веднаш по одлуката на скопска Апелација, со која предметот „Таргет-тврдина“ се врати во прв степен, со свој коментар се јави токму Зоран Заев, кој од познавање на правото нема ниту „п“, освен ако за тоа не се смета периодот кога седна на обвинителна клупа како амнестиран за криминал во „Глобал“, потоа како обвинет за земање поткуп од по едно евро за квадрат и најпосле обвинет за аферата „Пуч“.
„Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви грозоморни дејствија, со кои масовно се газат човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција. Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ, тоа нема да го испере овој срам и блам. Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат, бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.
Заев не беше заинтересиран за образложението на скопска Апелација, дека пресудата за „Таргет-Тврдина“ е укината поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката, како и повреди на кои Судот внимава по службена должност, повреди кои влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и врз правилната примена на материјалното право. Советот на Судот тогаш образложи дека утврдил неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено подготвен примерок, односно дека во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите. Апелациониот суд Скопје информираше дека фактите кои што ги зел за утврдени првостепениот суд, а по однос на дејствијата на извршување на обвинетите, не соодветствуваат со доказите изведени на главната расправа пред првостепениот суд, по однос на наодите и мислењета на вештите лица на Јавниот обвинител и на одбраната, како во делот на дејствијата по однос на следењето на комуникациите, така и по однос на вредноста на уништената опрема.
Иако дел од стручната јавност која е надвор од влијанието на Заев оцени дека Апелација правилно ја укинала пресудата како неодржлива по повеќе основи, веднаш по Заев се јави и претседателот Стево Пендаровски и буквално на невидено изрази шокираност и ја прогласи пресудата на Апелација за пораз на државата. Во секоја нормална држава во која постојат демократски стандарди и доследна поделба на трите власти (законодавна, извршна и судска), ваков притисок на главните лостови на извршната власт врз судската би бил невозможен, а кога сепак би се случил, би наишол на остар притисок од „четвртата власт“, од јавноста.
И веројатно затоа беше дадено зелено светло за активирање на „камшикарките“ во Судскиот совет поставени токму од Заев и од Пендаровски, за дисциплинирање на оние кои носат одлуки што не им се по волја. Тие добија директива да ја оправдаат довербата од тие што ги поставиле и битката да ја добијат на свој терен, а не само со фејсбук-објавите на Заев и со кампањата покрената во дел од медиумите.

Хајка врз скопска Апелација

Прва за збор се јави новоизбраната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, која се истрча да му излезе во пресрет на шефот кој ја поставил и го најави притисокот врз судиите од Апелација кои не се под контрола на Зоран Заев. Нејзе ѝ се придружија уште неколкумина „камшикари“ од Судскиот совет, кои единствениот начин за просперитет го гледаат во слепото следење на партиските директиви.
Судскиот совет на вчерашната седница го разгледа и го усвои извештајот од работната посета на Апелациониот суд Скопје. Премиерот Димитар Ковачевски, како носител на извршната власт, одби да го коментира извештајот, во кој се вели дека не биле запазени законските рокови за постапување на Апелација по предметите „Таргет-Тврдина”, „Трезор”, „Транспортер” и „Алфа”. Тања Чачарова-Илиевска, еден од членовите на Судскиот совет и кoординатор на работната група која го испитуваше постапувањето на судиите, рече дека за тоа, како образложенија, биле наведени сложеноста и обемноста на предметите, како и боледувања и одмори. Во дел од медиумите на тапет е судијата известител за предметот „Таргет-Тврдина“, Енвер Беџети, за кого се тврди дека решавал нови предмети, а овој најважен предмет, за кој Апелација ја укина пресудата и го ослободи Сашо Мијалков, го чувал во фиока девет месеци.
И пред Беџети да добие можност да се брани или да каже штогоде, во рубриката „кој е кој во Апелација“ отворена му е биографијата и му се бара црно под ноктите. Но, тоа и не оди баш лесно, бидејќи неговата долгогодишна кариера по дипломирањето во Приштина во 1990 година оди прилично нормално и би рекле дури и здодевно праволински: секретар во општина Боговиње, управител на приватна фирма, генерален секретар на Тетовскиот универзитет, адвокатски приправник, адвокат, судија во Основниот суд Скопје 1 и на крајот судија во скопска Апелација. Единствениот наводно „спорен“ момент е наводно брзото напредување од Основниот суд во Апелација за период од две години.
Како и да е, овие небитни детали, од кои денеска се прави наратив за некоја нова медиумска приказна за евентуално да се подготви терен за отстрел на „спорниот“ судија Беџети, ги спомнуваме само како шлагворт за нашиот скромен попис на Зевите „камшикарки“ во Судскиот совет. Велиме скромен, зашто списокот на луѓето под директна или посредна контрола на поранешниот премиер во правосудниот систем е многу побогат. Но, за тоа во некоја следна прилика.
Значи, одиме сега на главната тема – кои се главните „камшикарки“ на Зоран Заев во Судскиот совет? Какви се нивните биографии? Што содржат анкетните листови за нивните имоти, кои се информации од јавен карактер?

Весна Дамева – најбогатата приправничка на СДСМ

[Image: vesna-dameva-so-zaev-vo-sdsm.jpg]
Пред нејзиното именување во судскиот совет, Весна Дамева во правната фела беше „тера инкогнита“. По нашки, никој и ништо. Тешко ќе се најде правник или новинар кој ја знаел дека постои. Без потенцијал за судија или соодветен квалитет за да стане јавен обвинител или адвокат, врвен дострел во кариерата на Дамева е приправник, а потоа и стручен соработник во Основниот суд Скопје 1. Единствената работа со којашто може да се пофали во биографијата е дека била распоредувана во повеќе одделенија на Судот, а одреден период била и стручен соработник на претседателот на Судот, овластено лице за постапување по претставки и поплаки и овластено лице за посредување со информации од јавен карактер.
Посиромашна и посрамна биографија за еден претседател на Судскиот совет досега не била објавена.
Единствена работа по која ја знае јавноста е фотографијата од штабот на владеачката СДСМ каде што насмеана позира токму со Зоран Заев. После тоа, Дамева се правдаше дека случајно се нашла во штабот и не била член на СДСМ, туку како експерт му помагала на Заев.
Во нејзината биографија нема баш ниту една референца поради која таа би била предложена од страна на претседателот Пендаровски како член на Судскиот совет. Освен блискоста со Заев. Затоа единствената работа со која што може да се пофали во официјалната биографија е дека „на ден 12.12.2019 година е избрана за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија по предлог на претседателот на државата, а функцијата започна да ја обавува на 27.12.2019 година. На ден 05.12.2022 година е избрана за претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија“.
Нејзиниот анкетен лист од друга страна не ја одразува нејзината сиромашна правна кариера.
Дамева е побогата од 99% од судиите на кои им била приправник, а сега треба да ја оценува нивната работа.
Заедно со сопругот поседуваат благородни метали, златен и друг накит, со вредност од околу 20.000 евра, како и уметнички слики од нецели 10.000 евра. За нив не е објавен податок во имотниот лист на кој начин се стекнати. Сопругот пријавил и скапоцени часовници, кои вредат 24.000 евра, како и моторно возило „Ауди А6“, со вредност од околу 16.000 илјади евра, за кои исто нема податок на кој начин се стекнати. Брачниот другар пријавил и акции чија вредност не е наведена, како и удели од по 33 и 50 отсто во одредени фирми. Сопругот на Дамева поседува и две побарувања по основ на даден заем, и тоа едното од 1,7 и второто од 3 милиони денари.
Децата на Дамева им конкурираат на децата на Драги Рашковски и како нивен имот таа пријавила и 3.612 евра и 206 долари, како подарок, како и орочен денарски депозит од 87.985 евра, стекнат со договор за подарок. Децата поседуваат и трансакциски сметки. Брачниот другар на новата претседателка на Судски совет поседува и банкарски сеф во кој има 2,2 милиони, но не е наведено во која валута, а таа лично има кредит од 320.000, исто така непознато во која валута.

[Image: anketen-list-vesna-dameva.jpg]


Тања Чачарова Илиевска советничка на Заев за отварање на судството како пупка

Тања Чачарова Илиевска, која важи за десна рака на приправничката Дамева, нема поминато ниту еден ден како судија или обвинител, а и таа треба да ги оценува судиите. Нејзината адвокатска канцеларија не важи за позната, а тоа колку добро работела се гледа по фактот дека се отворала или се затворала во зависност од тоа дали Чачарова-Илиевска имала државен ангажман.
Најголема гордост и достигнување во кариерата ѝ е тоа што во периодот од 05.08.2017 до 30.11.2020 година работи како Посебен советник за правда во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија. Од 01.12.2020 година, до изборот за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија (16.12.2021 година), повторно ја врши адвокатската дејност.
Во јавноста не излегоа нејзини фотографии од штабот на СДСМ или во прегратките на Заев, но затоа немаше демант на информациите објавени во медиумите дека истата во повеќе наврати ги финансирала кампањите на Зоран Заев и СДСМ. Во годишниот извештај за 2018 година е евидентирано дека на сметка на СДСМ уплатила пари во два наврата. Во првата половина од годината 5.540 денари, а во втората – 7.500 денари.
Во годишниот извештај за 2020 година стои дека донирала 17.200 денари. Во извештајот од предизборната кампања за коалицијата „Можеме“, која ја поддржувала и преку својот Фејсбук профил, Чачарова донирала 5.600 денари и 16.000 денари.

[Image: tajna-cacarova-ilievska.jpg]
Тогаш Чачарова тврдеше дека не е дел од политичка структура и дека секогаш ѝ било чест кога некој од неа барал адвокатски услуги и правни консултации, правдајќи се дека во канцеларијата на премиерот Заев била вработена во постојан работен однос, како што рече, врз основа на стручните достигнувања. Членувањето во судскиот совет ѝ претставува предизвик како на секој адвокат којшто сака напредок во кариера.
Токму во тој период Заев го отвараше судството како пупка, а недовербата во судовите и во обвинителствата го достигна дното. Практично, нејзина заслуга и заслуга на Заев е што поради тогашните „реформи“ и политичките процеси, довербата ги достигна сегашните 4%, со што Македонија е ставена на столбот на срамот.

Лорета Гeоргиева
, богатата струмичка судијка на Заев

Сиромашна кариера и напредување само кога СДСМ и Заев се на власт е краткиот опис на биографијата на Лорета Горгиева, чиј најголем успех во кариерата е изборот за основен судија во Судот во Струмица.
На Георгиева ѝ биле потребни 6 години за да положи правосуден испит, но затоа не ѝ требало премногу време за да направи енормно богатство со сопругот државен функционер и да добие шанса да превоспитува судии кои носат одлуки спротивни на волјата на Заев.
Лорета е сопруга на Зоран Ѓоргиев, кој му бил советник и човек од доверба на градоначалникот на Струмица. Георгиева станува судијка по многубројните партиски перипетии во времето кога Судскиот совет беше под целосна контола на СДСМ и на туркање токму од Зоран Заев, тогаш тазе градоначалник.
Професорот Ѓорѓи Марјановиќ за изборот на Лорета Георгиева напиша: „Има ли нешто попонижувачко за една жена, некој да сака да ја направи судија не заради нејзините стручни квалитети туку затоа што му е сопруга на човек кој му помогнал на некојси Зоран Заев да стане градоначалник на Струмица“?
Можеби јавноста и не ја памети по некој судски процес, но затоа Георгиева е добро ситуирана, иако нема доволно образложенија во анкетниот лист, како таа и сопругот се стекнале со богатствата.
Луксузните возила „БМВ“, „Ауди“ и „Инфинити“ се дел од возниот парк на Георгиеви, со кои Лорета се пофалила во анкетниот лист. Нејзините деца, како и децата на Рашковски и на Дамева. исто така имаат богати девизни штедни книшки, но Горгиева не навела дали тие имаат по 15.000 евра или во друга валута. Таа и самата пријавила на своја сметка депозити тешки околу 3 милиони денари, а заедно со сопругот пријавила 9 имоти и куќи на подрачјето на Струмица. Нејзиниот сопруг има дадено на заем околу 10 милиони денари, а истиот зел кредит вреден 200.000 евра. Кому е даден заемот и од кого е земен кредитот не е наведено и осанува дилемата зошто се прикриени овие информации и дали заради нив таа може да има судир на интереси.

[Image: anketen-list-loreta-georgieva.jpg]

Двојните аршини на „камшикарките“

Тоа се трите главни „камшикарки“ на судиите кои носат одлуки спротивни од вкусот на Заев, тие тргнаа во пресметка со судиите на скопска Апелација.
Генералниот секретар на Владата на Зоран Заев , Драги Рашковски, уште на почетокот на 2021 година беше осомничен дека набавувал непотребен софтвер со државни пари и со тоа нанел значителна штета на буџетот, а неговите деца прилично се збогатиле. За кратко влезе и во затворски и во куќен притвор, а од тогаш поминаа цели две години и нема никаква пресуда за прилично едноставен предмет.
Тоа што завршницата за овој предмет не е ниту на повидок, за „камшикарките“ од Судскиот совет не е повод да покренат вонреден инспекциски надзор зошто рочиштата за Рашковски се закажуваат еднаш во месецот.
Помина и повеќе од една година откако вториот генерален секретар на Зоран Заев, Мухамед Зекири, беше обвинет за тежок криминал вреден стотици илјади евра. Ни тој предмет не е ниту блиску до завршница. Нема медиумски прозивки, нема згрозувачки реакции од Заев и од Пендаровски за развлекување на предметот и нормално нема реакција од „камшикарките“.
Нема реакција ниту за постапувањето на врховните судии кои со години не носат одлука по барањата за вонреден правен лек од страна на лицата осудени за тероризам за упадот на 27 април. Судскиот совет не помислува да изврши контрола зошто Врховниот суд не се произнесува, иако десетици луѓе со години не може да си ги видат семејствата и го губат здравјето по затвори. За истиот случај судот во Шведска процени дека е политички, а за посериозен инцидент кога во Конгресот во САД имаше и жртви, од тамошните судови беа изречени драстично пониски казни.

Наместо заклучок

Нема да си дозволиме да го оценуваме извештајот на Судскиот совет по работната посета на Апелациониот суд во Скопје. Иако јавноста со право се нарекува „четврта власт“, правосудните институции постапуваат (или би требало да постапуваат) во строго форматирани постапки и така донесуваат пресуди, одлуки, заклучоци, извештаи и други акти. На увид и на оценување на „четвртата власт“, според нашето чувство за фер однос и справедливост, се само оние одлуки во кои спротивставените страни имале фер третман и еднаков пристап до јавноста.
Секогаш кога ќе оцени дека страните во судските постапки не се третирани фер, Плусинфо им овозможува пристап кон јавноста, со цел засегнатите страни да ги изнесат своите аргументи. Затоа нашите анализи на повеќе спорни судски предмети со т.н. висок сензибилитет, како што беа и анализите за „Таргет-Тврдина“, подоцна беа потврдувани со судски пресуди.
Во случајот на „камшикувањето“ на Апелациониот суд во Скопје, во овој момент, без да навлегуваме во материјална расправа за извештајот – уште помалку во оценувањето на интегритетот и во хајката врз еден судија за кој не знаеме дали воопшто има основано сомневање вака да биде изложен на столбот на срамот – можеме само да кажеме дека јасно и недвосмислено се препознава ракописот на големиот манипулатор и „камшикар“ во политиката, Зоран Заев.
Во следните анализи на Заевиот поход на Бихаќка, но и на неговите обиди да пронајде нови сојузници на македонската политичка сцена за да го оствари својот пеколен план, ќе се осврнеме и на причините поради кои тој сѐ уште жестоко притиска врз своите инсталации во правосудството. Но, нашиот впечаток е дека на голем дел од луѓето во фелата сепак им е јасно дека влијанието на Струмичанецот опаѓа и дека тој се помалку ќе биде кадијата што тужи и што суди. Времето на Заев минува. Тоа им е јасно и на неговите „камшикарки“ и „камшикари“ во судството. Освен на оние што не можат да излезат од својата тесна кожа.
12-01-2023, 11:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:ПЕКОЛНИОТ ПЛАН ОСУЕТЕН, НА ЗАЕВ МУ ОСТАНУВА ДА ПРОБА УШТЕ ДВЕ ГЛУПОСТИ Интерпелација за Владата и пуч на седницата на Централниот одбор на СДСМ

Плусинфо од сигурен извор дознава дека веднаш по обзнанувањето на скандалозниот план на Струмичанецот, висок функционер од Вашингтон им се јавил и на премиерот Димитар Ковачевски и на Зоран Заев и ја потврдил недвосмислената поддршка на САД за актуелната влада на СДСМ и на ДУИ. Но, според нашиот извор, човекот од Вашингтон на Ковачевски му рекол дека проценката е дека слаткоречивиот Заев сепак нема да се смири и дека ќе се труди по секоја цена да оствари превласт во партијата.

МакедонијаСлајдер
Од Бранко Героски Објавено 13/01/2023 9:00:48
[Image: zaev-cita-so-stil-750x430.jpg]
 
Пеколниот план на поранешниот премиер Зоран Заев за брзи предвремени избори, за победничка коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што ќе владее во следните 8 години и за елиминација на Али Ахмети и на Стево Пендаровски од политиката веќе е пропаднат. Заев наскоро ќе мора да се помири со тоа и да си легне на брашното, дознава Плусинфо.
Добро упатени извори информираат за настаните што се одиграле откако нашиот портал на 30 и 31 декември ексклузивно обелодени што се случувало на состанокот во седиштето на СДСМ на 21 декември, на кој Зоран Заев и Венко Филипче дошле со намера да се пресметаат со лидерот Димитар Ковачевски, а си заминале со течење од ногавици.

Хелоу, иц ми… Важен повик од Вашингтон за Заев и за Ковачевски

По една куртоазна средба со американската амбасадорка Анџела Агелер, прв се огласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој потврди дека не присуствувал на средбата на Бихаќка на 21 декември, токму како што објави Плусинфо. Се огласи и влијателниот министер за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој исто така не присуствувал на неформалната средба. Дознаваме дека пред да се огласи и јасно да се определи за поддршка за Ковачевски, министерот Маричиќ исто така имал важна средба со еден влијателен западен амбасадор во Скопје, кој му ги дообјаснил приоритетите на европската агенда во Македонија.
Но, овие изјави кусо ќе ги прокоментираме малку подоцна. Пред тоа, да ја соопштиме најважната вест.
Плусинфо од сигурен извор дознава дека веднаш по обзнанувањето на скандалозниот план на Струмичанецот, висок функционер од Вашингтон им се јавил и на премиерот Димитар Ковачевски и на Зоран Заев и ја потврдил недвосмислената поддршка на САД за актуелната влада на СДСМ и на ДУИ. Но, според нашиот извор, човекот од Вашингтон на Ковачевски му рекол дека проценката е дека слаткоречивиот Заев сепак нема да се смири и дека ќе се труди по секоја цена да оствари превласт во СДСМ.
После оваа комуникација, Заев на Фејсбук се огласи со пост во кој изјави дека нема да се кандидира за претседател на државата и дека нема да прави пуч во СДСМ. Тој во постот не демантираше дека имало средба на потесното партиско раководство на 21 декември, на која тој, како што обзнани Плусинфо, презентирал план во 7 точки, кој предвидува брзи предвремени избори, поделба на извршната власт во наредните 8 години меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и елиминација на ДУИ на Ахмети и на претседателот Пендаровски.
Пренесувајќи ја оваа изјава на Заев, авторот на овој текст на социјалната мрежа Фејсбук му постави неколку прашања, кои, како што слушаме, предизвикале дополнителни недоумици и во Струмица, но и во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се тие прашања:
  • Дали се одржал состанокот на потесното раководство на СДСМ на 21 декември, на кој, освен тој, Зоран Заев и Венко Филипче, присуствувале лидерот Димитар Ковачевски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, Радмила Шеќеринска и уште неколку други членови на партискиот врв? Го демантира ли Заев овој настан?
  • Дали на тој состанок Зоран Заев изнел план во 7 точки, опишани во текстот на „суетниот Геровски“, кого го спомнува во својот т.н. „демант“?
  • Демантира ли Заев дека во етно-туристичкиот комплекс Бела Вода во близината на Берово тој и Филипче се состанале со двајца претставници на македонска опозициска партија (нивните имиња засега ќе ги задржиме во тајност)? Дал на тој состанок Заев го презентирал својот план? Ја демантира ли Заев оваа средба? Дали можеби имало повеќе од една средба во истиот состав?

Гола вода Што се случило во Бела Вода?

Плусинфо нема официјална потврда кој точно од опозицијата присуствувал на средбата во Бела Вода и кога точно се случил настанот. Александар Митовски од Инфомакс тврди дека на средбата учествувале лидерот Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николовски. Засега нема демант и на тоа тврдење.
Како и да е, средбите и разговорите меѓу претставници на власта и на опозицијата се легитимна и потребна практика во политиката. Како што веќе нагласивме и во претходните објави, Плусинфо ја разбира потребата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да ги употреби сите дозволени средства за да предизвика предвремени избори, во услови кога рејтингот на опозициската партија е многу високо над рејтингот на партијата на власт. Дали токму абдицираниот Заев е вистинскиот избор за еден таков дијалог е прашање на проценка. Можеби Мицкоски оценил дека може да ги искористи и амбицијата на Заев да се врати во политиката и неговата наводна контрола врз 6-7 пратеници од пратеничката група на СДСМ.
Слободно уверување на авторот на овој текст, предочено и лично во разговор со Мицкоски, како и јавно, во коментари, е дека тоа е погрешна  проценка. Првиот Њутнов закон на македонската политика гласи – во Заев верба да се нема!
На ова наведуваат и нашите сознанија дека Зоран Заев на средбата во Бела Вода не им го соопштил на своите соговорници целиот план кој се однесува на елиминацијата на Стево Пендаровски од претседателската позиција. Според нашите информации, Заев не кажал дека токму себеси се гледа во улогата на заеднички кандидат на коалицијата ВМРО-СДСМ за шеф на државата, а потоа оваа комбинација тој им ја презентирал на некои свои сопартијци.
Од друга страна, според информациите со кои располагаме, Заев на состанокот на Бихаќка на 21 декември не кажал ништо за идејата сегашниот генерален секретар на партијата Миле Зечевиќ да биде заменет со Венко Филипче (за оваа комбинација шпекулира и неделникот „Фокус“), но сосема е можно на средбата во Бела Вода Струмичанецот да се пофалил и со тој маневар. Како и да е, деновиве, во кругови на СДСМ наголемо се шпекулира дека на следната седница на Централниот одбор на партијата Заев ќе настапи со предлог за смена на Зечевиќ.

Тиранска вечера Нема Албанци за предвремени избори?

За други детали за средбата во Бела Вода (можеби имало и повеќе од една средба), во некоја друга прилика. За евентуалните намери на ВМРО-ДПМНЕ подиректно и поотворено да го поддржи планот на Заев – евентуално и со одлука на Извршниот комитет на опозициската партија – многу е важна проценката дали Заев самиот, со елиминација на ДУИ и на Али Ахмети, може да обезбеди доволно сдсмовски и албански пратенички гласови за изгласување недоверба на владата на Ковачевски.
Ризикот на оваа проверка Заев, нормално, ќе посака да му го препушти на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Дознаваме дека Заев ќе се обиде да го мотивира Христијан Мицкоски да поднесе интерпелација за владата на Димитар Ковачевски. Можеби веќе и го сторил тоа. Струмичанецот нема што да изгуби. Не ни е познато како одговорил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што веќе напишавме во објавата на 31 декември, Плусинфо доби потврда од високо позициониран извор во албанскиот политички блок, кој вели дека во неговата партија за настапот на Заев на Бихаќка дознале пред десетина дена, што ќе рече веднаш по одржувањето на состанокот на раководствто на СДСМ. Изворот смета дека планот на Заев е во целосна координација со некои структури во албанските политички партии.
По средбата на албанските првенци од Македонија со албанскиот премиер Еди Рама пред два дена во Тирана (сите без Беса на Билал Касами), Плусинфо го праша изворот дали некоја од партиите застапени на вечерата кај Рама се изјаснила за предвремени избори.
– Не. Сите се изјаснија дека се против предвремени избори. Сите внатрешни недоразбирања внатре во партиите и на поширок план можат да се надминат со дијалог и со соодветни политички решенија. Но, Северна Македонија има важни приоритети поврзани со евроагендата и предвремените избори не се решение за исполнување на тие приоритети. Во тој дух се разговараше на средбата со Рама – вели нашиот извор.
Ден по вечерата во Тирана во Македонија допатува советникот на Стејт департментот Дерек Шоле. Иако на средбата со Ковачевски се разговарало за борбата против корупцијата – во неколку изјави на американски официјални личности оваа тема е означена како топ приоритет за Македонија – се чини дека детално не било претресено прашањето на политичките прилики во Македонија. И има логично објаснување зошто е тоа така. Клучни на агендата на Шоле беа разговорите во Белград и во Приштина, а за политичката криза што се обидува да ја наметне Заев битен човек од Вашингтон веќе разговарал и со Ковачевски и со Струмичанецот.

Истраги, дискредитации… Позициите на Заев слабеат

Значи, да го сумираме до сега остварените резултати на иницијатива на Зоран Заев, шансите за остварување на неговиот пеколен план соопштен на 21 декември и осуетен десеттина дена подоцна:
  • Заев не е ни блиску до шансата да обедини 61 глас во парламентот за изгласување недоверба на владата на Ковачевски и за распишување предвремени избори. Дури и да ја има целосната поддршка од Христијан Мицкоски, Струмичанецот нема доволно гласови на пратеници Албанци, а големо прашање е дали ги има гласовите на Левица, но и на Беса. Дополнително, поранешниот лидер нема поддршка од 6-7 пратеници на СДСМ. Дури и да ги има симпатиите од неколкумина, актуелното водство на неговата партија и странците на „сомнителните“ пратеници ќе им „помогнат“ да ја видат поголемата слика и ризиците што ги носи за нивната партија, но и за нив самите, евентуалното паѓање на Владата.
  • За волја на вистината, засега се мали и шансите за формирање на т.н. проевропска коалиција, во која би влегле сите партии предводени од СДСМ на Ковачевски, освен ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Очекувањата една ваква коалиција да обезбеди двотретинско мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот се далеку од реалноста.
  • Не се за потценување, се разбира, но не треба и да се преценат шансите на Зоран Заев да оствари, мнозинство во Централниот одбор на партијата. Маричиќ, на пример, во изјава за порталот 360 Степени, проценува дека претседателот Ковачевски ја има целосната поддршка од целото раководство на партијата. Да го додадеме и тоа дека Маричиќ оценува дека делење на власта со ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, по брзи избори кои би се случиле напролет, е „нефункционална и непрактична идеја“.
    Оливер Спасовски исто така е категоричен: „Сакам децидно да кажам дека оваа Влада ќе опстои до крајот на мандатот 2024 година. Лично јас, како човек кој долги години е во СДСМ и на силни и високи позиции, ќе направам сѐ да се сочува единството во партијата, да зајакне партијата и повторно промовирајќи ги тие вредности за кои што се залагавме во целиот овој период, да продолжиме напорно да работиме за реализација на значајни стратешки цели“.
    Не треба да биде изненадување ако наскоро уште најмалку двајца функционери на високи позиции во СДСМ се изјаснат со поддршка за Ковачевски и за единството во партијата. Што и да значи тоа.
    Од друга страна, комуникацијата меѓу Заев и Ковачевски е целосно прекината и нема нови иницијативи за помирување. Но, затоа, пак, деновиве се води грчевита битка на теренот за секој глас во Централниот одбор на партијата. Седницата на ова тело се очекува кон крајот на месецот.
  • Мицкоски набрзо ќе разбере дека евентуалниот сојуз со Заев нема да му донесе предвремени избори. Извор на Плусинфо, добро брифиран од странски дипломати во Скопје, вели дека меѓународниот фактор иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори ја смета за легитимна, но обидот таа да се оствари во рамките на пучистичкиот план на Заев ја сведува на заговор без изгледни шанси за успех.
  • Односите меѓу Зоран Заев и албанските политички партии се многу сериозно нарушени. Ден пред средбата на албанските првенци со Рама во Тирана, албанската телевизија Ора објави сторија за постоење прислушувани разговори кои наводно покажуваат дека високи функционери во Македонија директно интервенирале за да ја направат неуспешна операцијата за битка против шверц со наркотици преземена од странски агенции. Централен лик на овој скандал е Трајче Заев, братучед на поранешниот премиер Зоран Заев.
    Упатените велат дека ова би можело да биде само почеток на една пожестока кампања на јавни дискредитации на Заеви во албанските медиуми, како одговор на Зорановите планови да ја елиминира ДУИ, а Албанците во Владата да ги сведе на 25 отсто.
  • Зоран Заев наскоро би можел да се соочи и со осипување на своите приврзаници, кои засега безрезервно го поддржуваат. Така, на пример, се шпекулира дека во Државната комисија за спречување на корупцијата веќе подолго во фиока е закопан случај на функционер од поранешната влада на Заев, инволвиран во корупциски скандал тежок неколку милиони евра. По редот на нештата, тој случај треба да го преземе надлежното Јавно обвинителство и да поведе истрага. Се проценува дека тоа би можело да биде причина Заев да изгуби еден од своите сегашни најверни соработници.
  • Во кулоарите се шпекулира дека во рамките на долго најавуваната кампања за борба против корупцијата, наскоро би можело да биде поведена истрага за уште еден голем мега-предмет, поврзан со „Скопје 2014“. Претпоставките се дека прв на листата за отстрел повторно ќе биде поранешниот премиер Никола Груевски, но тој е во политички азил. Проблемот е што на листата на лица за кои би можела да се поведе истрага и евентуално да се подигне обвинение се и луѓе од актуелното опкружување на Христијан Мицкоски.
  • Заев веќе ги губи, а и понатаму ќе ги губи своите инсталации во извршната власт и во правосудството. Стара е приказната дека Заев бил бесен што генералниот секретар Зечевиќ наводно успеал да го протурка несудениот „бранковист“ Заре Милошевски за директор на Агенцијата за национална безбедност и уште побесен што Али Ахмети ставил рака врз водечкото место во Основното јавно обвинителство за гонење организирал криминал и корупција. Фаворитите на Заев за овие две позиции испаднале од игра. Вчера е соопштено дека и поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски, практично спакуван во куфери и кинисан на амбасадорување во Париз, отпаѓа од игра и на негово место најверојатно ќе замине кариерниот дипломат Пајо Авировиќ. Уште еден удар врз Заев, овој пат можеби од предвидениот за елиминација Стево Пендаровски.

Самоелиминација Заев покажа дека нема иднина во политиката

После долги години поминати во политиката, на локално и на централно ниво, наспроти фактот што во петте години додека беше премиер направи компромиси со кои успеа земјата да ја внесе во НАТО и да заработи силна поддршка од меѓународниот фактор, Заев деновиве ги преживува своите најлоши денови. Се надеваме дека на приватен план е многу подобро, бидејќи како „општественик“ тој покажува неверојатно ниско ниво на познавање на принципите и правилата во политиката.
Навистина не е јасно како било можно Заев да помисли да седне со една Радмила Шеќеринска (во многу муабети неосновано обвинувана дека е мој брифер, што е далеку од вистината) и да ја убедува дека постојат причини поради кои СДСМ мора да коалицира со ВМРО и да ја елиминира победничката партија, при што Левица наводно би изгубила влијание. Во чија глава ли се родила оваа анализа? Кој го смислил неверојатно глупавиот план?
Човек којшто долго бил лидер на СДСМ и премиер, би требало да научи дека ниту една од трите повеќепартиски влади формирани во овие три децении независна Македонија – Кљусевата, Рамковната и Пржинската – не била плод на политичко коалицирање или последица на изборен резултат, туку сите се креирани со идеја земјата да се спаси од длабоки политички и безбедносни кризи. Ниту една од тие три влади не е направена по пат на елиминации, туку по пат на концентрација на политичките сили. И секако, ниту една не траела 8 години.
Од каде го црпнал својот план Зоран Заев, не се знае. Како и да е, со самото постоење на тој план, овој човек дефинитивно се елиминира себеси како актуелен или иден релевантен фактор во македонската политика. Откако ќе ги употреби сите средства да им се одмазди и да им го загорчи животот на оние што го осуетија и го отфрлија тој план, Заев и самиот тоа ќе го разбере.


Quote:ДВЕ ВИН-ВИН ПРАШАЊА ЗА ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА И ЗА ПЕТАР АРСОВСКИ

Синоќа (12 јануари) се емитуваше емисијата „Вин-Вин“, во која гости на Оливера Трајковска беа Васко Наумовски, вицемремиер од 2008 до 2011 година и аналитичарот Петар Арсовски. Голем дел од емисијата беше посветен на планот на Заев што го осуети Плусинфо.
Со должно внимание кон Плусинфо и кон историјата на овој медиум на лиферување кредибилни информации (оценка на Васко Наумовски), тројцата соговорници направија многу интересна анализа на овој план, којшто водителката го означи како хипотетички, а сценариото како шпекулативно.
Со препорака да ја погледнете емисијата, а разбирајќи ја непријатноста кога станува збор за дебатирање за „хипотетички“ планови и ситуации, како и со цел да им помогнам да ги утврдат фактите, за драгата колешка Оливера Трајковска и за мојот пријател Предраг Арсовски имам по едно прашање:
  • Драга Оливера, тешко ми е да поверувам дека новинар од ваш калибар не може на три релевантни адреси да собере точни информации за наводите што ги изнесувам во моите написи. Доколку тоа сепак претставува некаква тешкотија, дали би сакале во директна комуникација да ви посочам три извори преку кои можете точно и прецизно да утврдите што е што?
  • Драг Петар, во првиот напис на оваа тема спомнав дека на состанокот на 21 декември во седиштето на Бихаќка присуствувал и еден политички аналитичар, кој презентирал анкета за рејтинзите на политичките партиите. Дали можеби знаете кој е тој аналитичар?
13-01-2023, 01:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote: ЗАЕВ ГИ УБЕДИЛ АХМЕТИ И ГРУБИ ДЕКА СО КОВАЧЕВСКИ Е „ШАЈКА“ За празниците челниците на ДУИ во пижами тркнале до Струмица

Во интервју за ИРЛ, Артан Груби вели дека добиле уверување дека на состанокот на 21 декември на Бихаќка не биле разгледувани и прифатени сомнителни сценарија.
МакедонијаСлајдер
Од плусинфо Објавено 21/01/2023 14:10:21
[Image: zaev-ahmeti-750x430.jpg]
 
Во интервју за ИРЛ вицепремиерот Артан Груби открива дека тој и Али Ахмети биле во Струмица на 5 јануари да сретнат со поранешниот премиер Зоран Заев во Струмица, каде што разговарале четири часа.
Според Груби, поканата за Али Ахмети да оди кај Заев била од поодамна, но сѐ погласните политички шпекулации дека поранешниот премиер кумува на евентуална широка влада без присуство на ДУИ, била поводот Ахмети за првпат во својот живот да ја посети Струмица.
– Сега брзо, на петти јануари, ден после роденденот на господинот Ахмети. Значи на 5 јануари. Се видовме со господинот Заев како што ви кажав, разговаравме околу четири часа. Он ни беше домаќин, за прв пат господинот Ахмети отиде во Струмица да се види со господинот Заев на негова покана и разговаравме околу актуелностите. Така што и околу господинот Заев и од сите учесници на тој состанок од 21 декември, вклучително и премиерот Димитар Ковачевски сме уверени и апсолутно веруваме дека такви некои сценарија не се ниту разгледувани, не се ниту прифатливи. Ниту за господинот Заев, ниту за претседателот и премиерот на СДСМ, Ковачевски – рече Груби во подкастот „Разговор во редакција“.
Груби уверува дека со тоа што тој и Ахмети биле на средба со Заев, ДУИ не го дефакторизирала актуелниот премиер Димитар Ковачевски.
– Не, апсолутно. Јас мислам, односно не мислам, знам – дека господинот Ковачевски има целосна и апсолутна поддршка од господинот Заев и од сите структури, вклучително тука и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и другите предводници на СДСМ – вели Груби.
Освен за шпекулациите дека се подготвува евентуално маргинализирање и праќање во опозиција на ДУИ, Заев, Ахмети и Груби разговарале и како да се дојде до 80 пратеници за најавените уставни измени за внесување на Бугарите во највисокиот правен документ.
21-01-2023, 02:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Ескобар му објаснил на Заев колку е саатот, Ахмети и Груби во Струмица да проверат како напредува карневалот

Зоран Заев сега се труди сите да ги убеди дека неговите намери на состанокот на 21 декември на Бихаќка биле најчесни и дека некои работи што ги кажал не ги кажал, или не ги мислел така како што ги кажал. Му помагаат многу луѓе, од сите страни. Фер е и јас да му дадам шанса. Затоа решив торлациве малку да го одморам од „суетниот новинар“, за да се консолидира, да се разбере со сите ако може и да поработи троа и за доброто на Македонија.

Од Бранко Героски Објавено 22/01/2023 11:22:37
[Image: geroski-nova-2-750x430.jpg]
 
Откако го обелоденив планот што поранешниот премиер Зоран Заев го соопштил на 21 декември лани на Бихаќка, на состанок на луѓе од најтесното раководство на СДСМ, во последните две недели се водеа интензивни политички, но и параполитички активности.
Нема сега да ви додевам со „ексклузивни“ детали, иако за таа парада на ангели и демони во т.н. некрстени денови, од Божик до Водици, може и роман да се напише. Во оваа прилика ќе спомнам само две битни нешта.
Некои важни луѓе од Вашингтон имале одвоени разговори со премиерот Димитар Ковачевски и со неговиот претходник Зоран Заев. Тоа е првиот битен настан, за кој јавно се молчи. Форматот на овие разговори, водени преку видео-врска, бил ист на двете средби: од американска страна учествувал првиот човек на американската дипломатија за Балканот, Габриел Ескобар, придружуван од амбасадорката Анџела Агелер.
За содржината на овие разговори засега нема да кажам ништо. Освен тоа дека Ескобар му објаснил на Заев колку е саатот. Е сега, друго е ако некој истражувачки новинар, мотивиран од професионални или од не знам какви други побуди, добие „екслузивно“ интервју или брифинг со Заев, со Ковачевски, или со некој трет.
Вториот важен настан го обелоденил Артан Груби во интервју за ИРЛ. Така, на 5 јануари, ден после роденденот на Али Ахмети, тие двајцата отишле во Струмица да се видат со Зоран Заев. Да проверат дали Муртинециот разбрал што му кажал Ескобар.
„Од господинот Заев и од сите учесници на тој состанок од 21 декември, вклучително и од премиерот Димитар Ковачевски, сме уверени и апсолутно веруваме дека такви некои сценарија не се ниту разгледувани, не се ниту прифатливи“, обелодени Груби во интервјуто.
За разлика од Артан Груби, кој веројатно има причини да ни соопшти нешто за средбата кај Заев на 5 јануари, јас таква потреба немам и затоа ќе оставам во некоја друга прилика тој и Ахмети да ни дообјаснат кои се тие „сценарија“ кои не биле „ниту разгледувани“ на 21 декември, а и „не се прифатливи“, а за кои сепак се разговарало цели 4 часа.
Патем речено, да сум на местото на Христијан Мицкоски и на сите што поверуваа дека екипата на Заев ќе им помогне да се изгласа недоверба на владата на Ковачевски и да се дојде до предвремени избори, би проверил што точно им кажал и што точно им ветил Муртинецот на Ахмети и на Груби на таа пижама парти на 5 јануари.
Им ветил и потоа го ставил ручено Заево на срце…
Што се однесува до средбата на 21 декември, јас детално ја опишав. Им верувам на своите извори и на проверката на фактите што ја направив и стојам зад секој напишан збор. А дали Груби (кој еве, потврдува дека имало таков состанок на Бихаќка), од сите учесници на средбата навистина добил уверување дека „тази дупка не е дупка“, е тоа не знам.
Знам само кои биле учесници на состанокот. Еве, овие луѓе: Зоран Заев, Венко Филипче, Димитар Ковачевски, Радмила Шеќеринска, Петре Шилегов, Игор Ивановски, Миле Зечевиќ, Александар Бајдевски и Предраг Арсовски (како пи-ар експерт). Да да, Предраг Арсовски е експертот што презентирал анкета на состанокот и потоа на Телма, кај Оливера Трајковска, анализираше што можело да биде темата на „една хипотетичка средба“.
Нејсе, нека си кажат јавно овие луѓе дали навистина го уверувале Груби и што му кажале. Ако сакаат да кажат, нормално. Да сум на нивно место, не би сакал да се топорам. Понекогаш мудрото молчење многу повеќе зборува од гласното дрдорење.
Од мене, засега толку за дел од новите моменти на оваа драмолетка.
После скоро четири децении професионална новинарска кариера, да бидам искрен, не патам од тоа да бидам „ексклузивец“ и некому да докажувам дека секогаш прв дознавам и дека имам најголемо влијание врз јавното мислење. Таа фрустрација е за луѓе кои не успеале да се реализираат во својата професија, за некои кои во новинарството се на привремена работа, а амбициите им се малку поинакви. Јас од такви амбиции се „оперирав“ на време, уште како многу млад.
Сега, на мои години, на оваа старост-лудост, на човек му станува јасно дека сепак многу поважно од тоа што другите луѓе мислат за него е што тој мисли за себе.
А верувајте, без оглед на сета моја надалеку извикана суета, моето мислење за себе не би било баш најдобро ако и јас не му дадам шанса и на Зоран Заев да ја исправи грешката што ја направил. Човекот сега очигледно се труди сите да ги убеди дека неговите намери биле најчесни и дека некои работи што ги кажал не ги кажал, или не ги мислел така како што ги кажал.
Без оглед на фактот што Зоќе кон мене има многу сериозен и ненадоместлив долг поради нанесени материјални и морални штети од негова страна, за време на заедничкото јадење сол од иста вреќа, оваа работа ги надминува нашите лични релации.
Да не заборавиме, многу важни луѓе, намерно или ненамерно, биле замешани во настаните пред и после 21 декември, а уште повеќе се директно или индиректно засегнати: екипата на Заев, екипата на Ковачевски, „неутралните“ министри и партиски функционери во СДСМ, Христијан Мицковски и неговата екипа, екипата на Али Ахмети, екипата контра Ахмети, неколку важни амбасадори, неколку новинарски бардови и бардовки итн.
Повеќе од тоа, засегнат е политичкиот процес во целина. Вакви „сценарија“ – за кои „не се разговарало“, како што се убедил Груби, а сепак постојат – можат да предизвикаат сериозна политичка криза. Дури и нешто повеќе од тоа. Та не вртел Ескобар кај Ковачевски да го праша за јуначко здравје и во Струмица да се интересира за јадовите на младиот Филипче…
Ете затоа, решив торлациве да ги одморам малку од „суетниот новинар“ и да им дадам шанса да се консолидираат, да се разберат меѓу себе ако можат и да поработат троа и за доброто на Македонија. Ама со усул и со знаење.
Ова важи за Муртинецот и сараундингот, но важи и за другите.
Метеоролозите најавуваат снегче, а за мене тоа е време за скијање. Додека јас работев, како што читам по порталиве, децава веќе биле, кој на скијање, кој на санкање, кој на насанкување. Сега им е време тие да поработат малку. Нека земат здив, нека купат малку време, нека се посоветуваат со паметни луѓе, нека покажат што умеат.
Ќе се читаме на оваа тема наскоро. Секако пред Прочка. Ако се наложи итна потреба да ѝ се обратам на нацијата, а тоа ќе биде ако јуношиве пак почнат да прават глупости, ете ме мене пак.
ПС. Во меѓувреме, апелирам до сите да ги запрат „истрагите“ за откривање на моите извори. Пресмешни се…


Героски јавно признава дека „поседува жолто комбе“ или пак го изнајмува онаа што го користи АНБ? Тој вели дека е запознаен со раговорот:

Quote:За содржината на овие разговори засега нема да кажам ништо. Освен тоа дека Ескобар му објаснил на Заев колку е саатот.
22-01-2023, 08:07 PM
Reply