Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ФРОСИНА РЕМЕНСКИ „ЖОЛТИ КОМБИЊА“
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Проф. Ременски пред една година пријавила незаконско следење на електронски комуникации и шпионажа до Јовевски и до АНБ, тие молчат
[Image: 1f6a9.png]Пријавени се за кривично дело против државата – Шпионажа, Неовластено прислушкување и тонско снимање, Злоупотребата на службена положба и овластувања, Фалсификување на службени исправи.
[Image: 1f6a9.png]Според пријавата поднесена на 19.10.2021 година до државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, а претходно на 14.10.2021 пријавена до директорот на АНБ Виктор Димовски и внатрешната контрола на АНБ, пријавени се 9 лица, а истрагата треба да открие дали тој број е поголем.
[Image: 1f6a9.png]Ременски во интервјуто на Слободна ТВ објаснува дека од пријавените 9 лица, двајца се поранешни одговорни лица на УБК, а останатите 7 лица се поранешни вработени во Одделот за оперативна техника и операции на УБК позната како Петта управа, од кои во моментот 2-ца се вработени во АНБ, а еден во МВР. Тројца од пријавените од пријавувањето до денес се во пензија.
Погледнете го целото заштитено јавно пријавување



29-12-2022, 03:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:[Image: 1f6a9.png]Според пријавата, еден од пријавените на 30.06.2017 година од странска држава со лажен идентитет кој го имал од 2007 година, во готово за 87.500 евра купил возило – комбе кампер од марката МАН и истото го регистрирал во август 2017 година на име на неговиот двоен идентитет.
-Кампер комбето со сребрена боја „Кралска Класа” било доопремено со техничка опрема од израелско и друго потекло. Познато е дека постои и друго патничко возило купено и регистрирано на сличен начин за непознати цели и задачи. Пријавените свесно и намерно незаконски воспоставиле паралелна кадровска, техничко-материјална и оперативна структура со цел вршење на нелегални активности со употреба на софистицирана техничка опрема инсталирана во патничкото моторно возило МАН комби со скопски регистерски таблички кое бележи движење во и надвор од границите на државата, тврди проф. Ременски.






Quote:[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]За целите на продолженото незаконито оперативно-техничкото постапување и извршување на оперативно-технички операции за следење на комуникации, тајно следење и визуелно тонско-снимање на лица и предмети со технички средства, надвор од законски регулираните постапки, еден од пријавените во периодот кога Горан Грујевски и Никола Бошковски се подготвуваат и се даваат во бегство и започнуваат судските постапки за случаите Таргет-Тврдина и Трезор, еден од пријавените реализирал набавка на техничко средство – возило во кое подоцна била инсталирана и користена софистицирана хардверско-софтверска опрема и материјално-технички средства од неколку производители кои не биле дел од истрагата Трезор, односно воопшто и не биле предадени како такви на надлежниот истражен орган, вели проф. Ременски


Quote:[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Ременски бара Обвинителството за организиран криминал на чело со Абази да и даде заштита и да го преземе предметот „Сребрено комбе“


Quote:[Image: 26bd.png] Пред да одлучува било кој од државниот врв за праќање амбасадори и избор на уставни судии внимателно нека го ислуша кажаното. Нека слуша и нека размисли што се прави, што прави и што ќе прави, и по однос на одлуките и по однос на непостапувањето по пријава од која треба да произкезе заштита на државата од шпонажа и заштита на уставнуте права и слободи на граѓаните.
29-12-2022, 03:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:[Image: 320923326_1206522899936130_1799168413585...e=63B2E057]




[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png] Ременски: Финфишерот како анонимен шпионски сервер може да генерира лажни дојави за бомби
FinFisher е софистициран пакет за компјутерски шпионски софтвер („софтвер за упад“). Истражувачите и соработниците на Citizen Lab објавија неколку извештаи кои го анализираа шпионскиот софтвер FinFisher и спроведоа скенирање што ги идентификуваше серверите за команда и контрола на FinFisher (C&C) во голем број земји.
Со шпионскиот софтвер FinFisher се добиваат FinSpy Master — сервер за C&C што се инсталиран во просториите на ентитетот. Субјектот потоа може да постави анонимизирачки прокси („FinSpy Relays“), за да се прикрие локацијата на нивниот господар. Заразените компјутери комуницираат со анонимизирачкиот прокси, кој „обично“ е поставен на виртуелен приватен сервер (VPS) во трета земја. Проксито потоа ги препраќа комуникациите помеѓу компјутерот на жртвата и главниот сервер. Секој примерок на FinFisher ја вклучува адресата на еден или повеќе C&C сервери на кои шпионскиот софтвер известува. Овие C&C сервери се типично FinSpy Relays, кои ги препраќаат врските напред-назад помеѓу уред инфициран со FinFisher и FinSpy Master. Целта на FinSpy Relay е експлицитно да го направи „практично невозможно“ истражувачот да ја открие „локацијата и земјата на седиштето.
Додека поголемиот дел од серверите на FinFisher што ги откри Citizen Lab користеа Google или Yahoo како страница за мамка, тие идентификувале голем број други сервери чии оператори очигледно ја приспособиле страницата за мамка на друга URL адреса.
[Image: 1f6a9.png][Image: 1f6a9.png]Трите сервери на FinFisher шпионскиот софтвер што Citizen Lab ги проследило за Македонија во 2015 година го користеле македонскиот магазин за вести time.mk како мамка.
[Image: 1f6a9.png][Image: 1f6a9.png]РСМ е држава во која не е познато која владина институција поседува и користи шпионски софтвер FinFisher и за какви цел, што не е случај со други земји кај кои се знае корисникот.
[Image: 1f6a9.png][Image: 1f6a9.png]Во случајот „Трезор“ предмет на набавка беа 3 единици на FinFisher, а денес зборуваме за лиценца за испорачани 6 единици од овој шпионски софтвер за упат, кој бил не само дел од опрема во „Сребреното комбе“ за кое говорев нашироко вчера, туку може да служи за генерирање и испраќање пораки со различна содржина (дојави за бомби) без да биде откриена локацијата на господарот на прокси серверот.
Ова е средство со кое се напаѓа, а ние немаме дефанзивен систем за одбрана од тие напади и способност да ги откриеме, зошто исклучиво тој што може да нападне го знае и начинот на одбрана.
29-12-2022, 03:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:[Image: 1f988.png][Image: 1f6a9.png] ИВО САЈБЕР - АЈКУЛА - „ПРЕДАТОР“ ВО МОРЕ ОД ПРОФИТ, ИЗИГРАНИ ЗАКОНИ И ШПИОНАЖА (дел 1)[Image: 2757.png]

[Image: 326053032_1128438834396699_1320255234977...e=63CB50C7]


Фросина Ременски 16.01.2023
Пред да почнете да ги читате овие опасно-интересни, шпионски, вистински приказни погледнете ја сликата со тетоважа на ајкула на машка нога. Ајкулите се познати Предатори на морските води – тие напаѓаат и убиваат.
Првиот дел од овие крими-шпионски, вистински приказни ќе ја започнам со една (од пет) скопски фирми „CYSHARK“ чие име е кованица од два збора „cyber“ и „shark“ или на македонски јазик „САЈШАРК“ како кованица од зборовите „сајбер“ и „ајкула“.
Фирмата „САЈШАРК“ е синоним за производство на шпионски софтвер „Предатор“ што во целост одговара на симболиката – ајкула - предатор во морските (сајбер) води. Што би рекла една германска осигурителна компанија: (цит.) „сајбер просторот стана море со многу ајкули од кои нема да може да се спаси светот“.
Да почнам со ред.
Во март 2017 година, Кривичниот суд – Скопје неуспешно се обидува да го започне судењето по случајот „Трезор“ во кои првообвинети за назаконска набавка и уништување на опрема за следење на комуникации во УБК е Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Никола Бошковски. Додека траатобидите за старт на судењето и додека се подготвува 27 Април во Скопје на Камник, покрај тоа што е сликана групата извршители на Мијалков под фантомки, паѓа и договор за тоа како ќе продолжи незаконското следење на комуникациите (со нов модус операнди), односно КОЈ ќе ги преземе контактите со неофицијалните Израелци кои „не делеле провизии“ со Кабинетот на Директорот на УБК и во Петатта управа.
Паѓа договор во март 2017 година да се регистрираат две трговски друштва за развој на софтвери, трговија и услуги – прво основаната „САЈШАРК“ (Cyshark) и второ основаната „САЈТРОКС“ (Cytrox), двете со ист управител Иво Малинковски. Има и план Б кој е применет во случај на „паѓање“ и „откривање на опарациите“.
[Image: 1f988.png] „САЈШАРК“ ДООЕЛ – Скопје со ЕМБС: 7187254 е основана на 08.03.2017 година, со седиште на Бул.„8-ми Септември“ во Скопје, Општина Карпош.
[Image: 1f4b5.png] Капиталот на ова друштво за развој на софтвери бил СТРАНСКИ – оф-шор[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Како сопственици на фирмата се јавуваат оф-шор компанија „ЈУЈИДА ХОЛДИНГ ЛИМИТЕД“ регистрирана на Манглиер 2 кат, Квадрант, Викторија, Махе, СЕЈШЕЛИ и еден млад Израелец програмер Моше Фаркаш. За управител со ограничени овластувања оф-шор компанијата го назначува Иво Малинковски кој како контакт e-mail ја наведува адресата ....@micei.com.mk.
[Image: 1f4c3.png] ПРАВНА ДИГРЕСИЈА БР.1: Производство, нудење на продажба, продажба, увоз, извоз, реекспорт или држење на средства за следење на комуникациите не може да се врши без одобрение што го издава Министерството за внатрешни работи врз основа на поднесено писмено барање од правно лице, во прилог на кое е доставена техничка спецификација на видот и карактеристиките на средствата кои можат да бидат наменети за следење на комуникациите.
[Image: 1f6a9.png]Фирмата „САЈШАРК“ до МВР на 06.10.2017 година, доставува Барање за одобрение за производство и продажба на софтвер потпишано од Директор – Иво Малинковски бр.03-7/1, заведено на 06.10.2017 година под бр.08-68173/1.
Во барањето фирмата/директорот наведуваат дека „САЈШАРК“ се занимаваат со развој и производство на софтверски продукти и апликации за мобилни телефони, компјутери и други комуникациски уреди, кои можат да се употребат за заштита на податоци и комуникации, како и за следење на комуникации. Па, оттука бараат да им се издаде дозвола од МВР за производство и продажба на софтверите кои произведуваат и можат да се категоризираат во продукти кои можат да служат за следење на комуникациите. Фирмата и директорот се нудат да достават техничка спецификација за софтверските продукти.
Набргу потоа, до Одделот за информатика и телекомуникации на МВР на 07.11.2017 година доставена е техничка спецификација на софтверските продукти бр.03-22/2, заведена на 07.12.2017 година под бр.11-75880/1 (два листа), но не од барателот - фирмата „САЈШАРК“, туку од втората фирма „САЈТРОКС“ АД со која исто така директорува Иво Малинковски.
Од техничката спецификација за софтверските продукти за следење на комуникации за кои се бара дозвола за производство и извоз, кратко се наведуваат 4 групи софтверски патекти со опис и примери:
[Image: 1f4f1.png] Мобилни оперативни системи – OSs оперативни мобилни уреди – Android, EMUI, Tizen, Sailfish,OS, Samsung Experience, iOS и др.
[Image: 1f4bb.png] Фиксни оперативни системи – OSs за компјутери, сервери и други електронски уреди – Linox, BSD, OSx, Windows и др.
[Image: 1f4f2.png][Image: 1f4e4.png] Комуникациски протоколи – Протоколи за трансмисија на информации – Mime, Bluetooth, TCP/IP, UDP, RTP, SSH, FTP/SFTP, HTTP/HTTPS, SMTP, MTP, PPP, Bitcoin protocol, VoIP, SS7, DVB, 2G, 3G, 4G, LTE и др.
[Image: 1f4e7.png][Image: 1f4e8.png] Апликации и услуги – софтвери за комуникациски апликации и он-лајн услуги – Email (Yahoo, Gmail, Outlook и др.), VoIP&Instant Messaging (Skype, Whatsapp, FB messenger, Telegram и др.), Social Media (Facebook, Instagram, Handgouts и др.), Online storage (Google drive, Dropbox и др.)
[Image: 1f6a9.png][Image: 1f6a9.png]Не се знае ДАЛИ МВР ДАЛА ОДОБРЕНИЕ (?) за производство и извоз на овие софтверски продукти категоризирани како опрема за следење на комуникации, но загрижуваат податоците од обработените годишни сметки за фирмата „САЈШАРК“ и „САЈТРОКС“ од 2017-2020 година, од кои се гледа приходот на фирмите остварен од продажба на продуктите.
Па така:
[Image: 1f988.png][Image: 1f6a9.png] „САЈШАРК“ оф-шор компанијата со управител Иво Малинковски остварила: приход од продажба:
- Приход од продажба 2017 година – 164.980.000 денари со 711.819 (?) добивка данок на добивка;
- Приход од продажба 2018 година – 6.947.690 денари со 0 (?) денари данок на добивка;
- Приход од продажба 2019 година – 0 денари со 0 денари данок на добивка;
- Приход од продажба 2020 година – 0 денари со 0 денари данок на добивка;
[Image: 1f988.png][Image: 1f6a9.png]„САЈТРОКС“ АД со управител Иво Малинковски остварила:
- Приход од продажба 2017 година – 3.639.300 денари со 0 денари (?) данок на добивка, односно 24.11.407 денари (?) загуба пред оданочување;
- Приход од продажба 2018 година – 69.892.980 денари со 0 денари (?) данок на добивка, односно 23.546.935 (?) загуба пред оданочување;
- Финансиски приход 2019 година – 6.134.272 денари со 0 денари (?) данок на добивка, односно 78.860.822 (?) денари загуба пред оданочување;
- Финансиски приход 2020 година – 93.084.548 денари со 0 денари (?) данок на добивка, односно 7.511.068 (?) денари загуба пред оданочување;
- Финансиски приход 2021 година – 12.839.520 денари со 0 (?) денари данок на добивка, осносно 10.207.642 (?) денари загуба пред оданочување;
Овој краток финансиски дел од работењето на две од вкупно 5 фирми со иста намена и со ист управител (Иво Малинковски) и со многу интересна странска агентурна мрежа во сопственичката структура на фирмите, говори дека БРЗО-РАСТЕЧКИТЕ фирми за производство и продажба на шпионски софтвери („Предатор“), очигледно со или без дозвола од МВР правеле МИЛИОНСКИ ПРОФИТИ од продажба на софтвери за следење на комуникации и давање услуги (шпионски?), БЕЗ ДА ПЛАТАТ РЕАЛЕН ДАНОК НА ДОБИВКА кон државата[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Па така, во јавно достапната листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за 2019 и 2020 година на 132 место се наоѓа фирмата „САЈШАРК“ ДООЕЛ Скопје со долг за неплатен данок на добивка во висина од 12.205.453 денари.
Дали е платен, кој знае[Image: 2753.png]
[Image: 274c.png]Ако се заинтересирате да дознаете чија е денес фирмата за развој на софтвери за следење на комуникации „САЈШАРК“ ДООЕЛ ќе видите дека, откако на Кипар полицијата го фати и заплени шпионското комбе за следење на комуникации на партнерот на Иво Малинковски – Тал Дилиан, тој се потрудил да не остави никаква трага во актуелната тековна состојба на фирмата која ја оставил во сопственост на неговата баба во години Каља Ангелова[Image: 2757.png]
[Image: 1f4c3.png] ПРАВНА ДИГРЕСИЈА БР.2:
Глоба во износ до 10% од вкупниот годишен приход остварен во деловната година ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако произведува, нуди на продажба, продава, врши увоз, извоз, реекспорт или држи средства за следење на комуникациите без одобрение на Министерството за внатрешни работи. Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице, односно за трговецот поединец ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец за прекршокот погоре. Средствата наменети за следење на комуникациите ќе се одземат.
Во последниот извештај што на 09.01.2023 година го објави Анкетната комисија при Европскиот парламент за злоупотребата на шпионските софтвери за следење на комуникации и надзор, се вели дека, (цит.)„ ...шпионската алијанса ја сочинуваат фирми со измешана сопственичка структура која постојано се менува за да ги прикријат трагите од злоупотребите во нелегалната продажба и злоупотреба на софтвери за следење на комуникациина граѓаните ..., неколку ентитети се наоѓаат во Северна Македонија“[Image: 2757.png]
Ако Германија во март 2022 година поведе истрага и ја затвори германско-британската фирма FinFiher затоа што продавала шпионски софтвер без дозвола на Сојузната влада и без почитување на Европската регулатива, тогаш легитимно и релевантно е прашањето што и како презело или ќе преземе македонското МВР, АНБ и ОЈО по овие прашања, откако ќе ги дочитаат и следните неколку продолженија кои ќе ги однесат до кривичната пријава за шпионажа и следење на комуникации за која организирано се молчи повеќе од 15 месеци[Image: 2757.png]
[Image: 1f3af.png] СЛЕДНО:
Во вториот дел од комплексната крими-шпионска, вистинита приказна со македонски предзнак која се одвива на територијата на државата, регионот, земјите од ЕУ и пошироко која продолжува УТРЕ ќе ги откријам и другите три фирми со ваква намена, како и странските државјани (Израелци) во сопственичката структура кои оствариле ОГРОМЕН материјален и НЕМАТЕРИЈАЛЕН „ПРОФИТ“ од продажбата на опрема за следење на комуникациите преку изигрување на даночните обврски кон државата и контролите од страна на МВР, како и профит од ДАВАЊЕ НА ШПИОНСКИ УСЛУГИ И УЦЕНИ (?) во и надвор од територијата на нашата држава.
[Image: 2139.png] П.С Истражувачката студија која ја читате и ќе ја читате деновиве е базирана на точни информации во пишана форма, обезбедени на законски начин преку платени е-услуги кон институциите кои ги издаваат на барателите како достапни информации. Од целото мое досегашно научно-истражувачко искуство заклучив дека, со КОМПЈУТЕР никој не може да се догова - дали ќе даде или нема да даде барана информација. Што не е случај со факторот - ЧОВЕК или факторот - ИНСТИТУЦИЈА.
16-01-2023, 09:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:[Image: 1f988.png][Image: 1f6a9.png]ФАМИЛИЈА, ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК, ШПИОНАЖА, МАРОКАНСКИ КОНЗУЛАТ И МОЛК НА ИНСТИТУЦИИТЕ (2)[Image: 203c.png]

[Image: 326396682_551581253366462_35168958346834...e=63E548C4][Image: 326001331_1016097759349238_9171572956652...e=63E53FE1]
Фросина Ременски 21.01.2023
Додека го пишувам вториот дел од серијалот или македонските вистински крими – шпионски приказни, како продолжение на првиот дел „ИВО САЈБЕР - АЈКУЛА - „ПРЕДАТОР“ ВО МОРЕ ОД ПРОФИТ, ИЗИГРАНИ ЗАКОНИ И ШПИОНАЖА (1)„ во кои главна улога имаат државни и недржавни актери кои произведуваат, извезуваат и користат шпионски софтвери за незаконско следење и надзор на комуникациите кои се проблеми на кои работат земји од ЕУ и Европскиот парламент, нашите институции (богови) молчат пред фактите.
[Image: 1f6a9.png]Уште не знаеме:
[Image: 31_20e3.png] Дали МВР издало или не издало одобрени за производство, извоз, увоз и реекспорт на опрема за следење на комуникации на трговските друштва „САЈШАРК“ и „САЈТРОКС“ на Иво Малинковски, според членот 2 од Законот за следење на комуникациите за годините кога го прави милионски приход од продажба на шпионски софтвери, се затајува данок; и, Дали во изминатите години направиле барем една контрола во друштвата кои сами декларираат производство и извоз на опрема (софтвери) за следење на комуникации[Image: 2753.png]
[Image: 32_20e3.png] Дали Управата за јавни приходи (УЈП) повторно ќе се заинтересира за финансиското работење на трговските друштва „САЈШАРК“ и „САЈТРОКС“ и да проверат како се играни и изиграни законите за даноците или 0 денари платен данок на добивка од остварени милионски приходи од продажба на опрема за следење на комуникации[Image: 2753.png]
[Image: 33_20e3.png] Дали Агенцијата за национална безбедност (АНБ) која е задолжена да превенира и сузбива шпионажа, работа на странска агентурна мрежа, да штити високи државни лица, институции и интереси, воопшто ќе почне да се занимава и да дознае за кого се игра шпионската игра со софтвери за следење на комуникации дома и надвор[Image: 2753.png]
[Image: 34_20e3.png] Дали Управата за финансиско разузнавање ќе се заинтересира да провери финансиски трансакции од оф-шор компании и од странски државјани кон и со управителот на трговските друштва на Иво Малинковски кои очигледно биле добро упатени во „системските пропусти“ како тактики за остварување на недржавни интереси[Image: 2753.png]
Додека ја чекаме „заинтересираноста“ на повиканите институции, да отвориме и други димензии на приказната:
[Image: 1f4db.png] Трговското друштво за развој на софтверски продукти за следење на комуникации „САЈШАРК“ бр.[Image: 31_20e3.png] со управител Иво Малинковски, која во 2017 и 2018 година од продажба остварила приход од 172.917.253 денари или близу 3 милиони евра, денес ИМА БЛОКИРАНА СМЕТКА во АД Комерцијална банка Скопје бр. 300000004072***.
[Image: 1f6a9.png]Успешниот млад бизнисмен својот шпионски бизнис од октомври 2019 година, оставил да го води баба му Каља Ангелова[Image: 2757.png]
На јавно достапната листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за 2019 и 2020 година на 132 место се наоѓа фирмата „САЈШАРК“ ДООЕЛ Скопје со долг за неплатен данок на добивка во висина од 12.205.453 денари или нешто повеќе од 200.000 евра.
Не се знае дали е платен долгот кон државата.
[Image: 1f4db.png] Трговското друштво за развој на софтверски продукти за следење на комуникации „САЈТРОКС“ бр.[Image: 32_20e3.png] со управител Иво Малинковски, која во 2017 и 2018 година од продажба остварила приход од 74.216.015 денари или 1,2 милиони евра и „платило“ 0 денари данок на добивка за двете години и 0 денари платен данок на добивка за 2019, 2020 и 2021 година кога финанските приходи се 112.058.340 или близу 1,9 милиони евра, денес НАМА БЛОКИРАНА СМЕТКА во НЛБ Тутунска Банка Скопје бр.210071913910***[Image: 2757.png]
Пред да продолжам со приходите и расходите и модус операнди системот за даночно затајување ќе потсетам дека, трговското друштво „САЈТРОКС“ (Cytrox) на Иво Малинковски беше БЛОКИРАНО во декември 2021 година од страна на МЕТА (Фејсбук), заради САЈБЕР ШПИОНАЖА. Фејсбук објави дека седум компании, од кои една е од Северна Македонија, ја искористиле нејзината платформа за да шпионираат 50.000 луѓе во 100 земји[Image: 2757.png]
Ниту една домашни институции не беше заинтересирана да дознае ЗОШТО, КАКО и КОГО шпионирала фирмата на Иво. Веста дома траеше 2 дена, од МВР рекоа немало пријава, а сега шпионажата се враќа на европска врата низ која ќе треба да поминеме.
[Image: 1f6a9.png]Од една пресуда по жалба на Вишиот управен суд од 04.02.2021 година по предмет «УЖ-3».бр.«733»/«2020» се дознава дека, Иво Малинковски бил управител во уште едно бр.[Image: 33_20e3.png] (од вкупно шестте) трговски друштва кои се занимаваат со производство, развој и извоз на софтверски пакети за следење на комуникации, а тоа е друштвото „ИС ТЕХНОЛОЏИС“ ДОО Скопје[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png][Image: 1f6a9.png]Ова трговско друштво е регистрирано еден месец по регистрацијата на претходните две трговски друштва, односно на 13.04.2017 година, а седиштето на фирмата е на адреса: ул. 1637, бр. 40 во Општина Гази Баба, која адреса „ни пет, ни шест“ е адреса на КОНЗУЛАТОТ НА МАРОКО ВО СКОПЈЕ. Почесен конзул на Мароко е таткото на Иво Малинковски – Илија Малинковски кој беше назначен во септември 2016 година[Image: 203c.png] (=AT2y_n_J2OSk_auOTLTUtA1NVoTFNLM-qwNip6aoL8QYtoX2xRnaj4gyY1CWfpRBQnXfidc0iQCS7qaIm5KnT8hTpoeOKQswnulwekoyz6F8CDT_AA9FeYgQ_DuzA6ubIl9pXIs0xzw_Rhd5cQONMa-qwiNoMZGTLx_uKJ2L5RevrbXFp_F9]https://www.consulate-info.com/.../30908/Morocco-in-Skopje)
[Image: 1f6a9.png]Во ова трговско друштво со кое управувал Иво Малинковски како сопственици се јавува НЕГОВИОТ БРАТ[Image: 2757.png] - Давид Малинковски и Израелец Гилад Леви – софтверски инженер од Израел.
Во контактите на сите тројца, вклучително и на израелскиот државјанин повторно стојат емаил адреси .... @micei.com.mk.
На 24.10.2019 година, Иво Малинковски се повлекува од управителската позиција на ова трговско друштво од неколку причини, меѓу кои една е основање на други трговски друштва.
[Image: 1f6a9.png]Од увидот во обработените годишни сметки за 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година на „ИС ТЕХНОЛОЏИС“ ДОО Скопје со седиште на адреса на Конзулатот на Мароко во Скопје се забележува приход од продажба само во годината на основање (2017) во висина од 14.805.600 денари со пресметан данок на добивка од 284.247 денари (?)[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Од Пресудата на Вишиот управен суд се дознава како бил затаен занонот на добивка, односно дека 11.461.574 денари била реалната основица за оданочување која требала да биде платена од страна на трговоското друштво за остварена добивка за 2017 година[Image: 2757.png]
[Image: 2705.png] Од начинот и пресметката како дошло до затајување на данокот на добивка опишани во пресудата, може да се дојде до сознание како било возможно друштвата „САЈШАРК“ и „САЈТРОКС“ на милионските приход да плата 0 денари данок на добивка кон државата.
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Како Давид и Иво Малинковски дошле до Пресуда од Виш управен суд - Скопје[Image: 2753.png]
[Image: 1f50e.png] Регионална Дирекција на УЈП Скопје извршила надворешна контрола на данокот на добивка на „ИС ТЕХНОЛОЏИС - Скопје“ за период од 01.01 – 31.12.2017 година, за што бил изготвен Записник бр.27-18/01190-0219/2 од 25.03.2019 година.
[Image: 1f6a9.png]По извршениот увид на книжените расходи на сметка 411 – надворешни услуги, било констатирано дека, трговското друштво за месец декември 2017 година книжел расходи по основ на исплата на бруто плата на коосновачот Давид Малинковски по решение на управителот Иво Малинковски (блиско лице со основачот – брат), во бруто износ од 10.427.423 денари или месечни плати во висина од 1.042.742 денари[Image: 203c.png]
Со тоа било извршено зголемување на расходите за наведениот износ, односно дошло до нереално зголемување на расходите за 2017 година за бруто износ од 10.427.423 денари констатиран помалку платен данок на добивка.
Регионална Дирекција на УЈП Скопје донела Решение бр.2602181602/1 од 15.04.2019 година со кое била утврдена сумата за данок на добивка со пресметана камата до 25.03.2019 година.
Давид Малинковски се жалел, тужел, но Вишиот управен суд верувал на пресметката на УЈП.
[Image: 1f4c3.png] ПРАВНА ДИГРЕСИЈА:
Законот за данокот на добивка, вели дека основа за пресметување на данокот на добивка е добивката која се утврдува во даночниот биланс, која претставува разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник во износи утврдени согласно со прописите за сметководство и сметководствените стандарди и евентуално се зголемува за непризнаените трошоци за даночни цели.
Истиот закон (член 9), вели дека како НЕПРИЗНАТИ РАСХОДИ за даночни цели се сметаат скриените исплати на добивки како што се давање на одредени производи и услуги на содружниците или акционерите или на нив поврзани лица.
Законот всушност кажува дека, со прикажување на нереални расходи и со креирање на непризнаени расходи се врши намалување на добивката пред оданочување – со други зборови се врши кривично дело од член 279 од Кривичниот законик - ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ[Image: 203c.png]
Пред да ги прикажам расходите за првоспоменатите две трговски друштва, хартијата вели дека сметката на трговското друштво „ИС ТЕХНОЛОЏИС“ Скопје во НЛБ Тутунска банка Скопје бр.210071960400*** со седиште во Конзулатот на Монако во Скопје е БЛОКИРАНА и нема информации дали е платен реалниот данок кон државата по пресудата од февруари 2021 година[Image: 2757.png]
Но, затоа:
[Image: 31_20e3.png][Image: 1f6a9.png] Блокирана „САЈШАРК“ на Иво Малинковски, а сега на баба му Каља Ангелова[Image: 2757.png], за:
[Image: 1f4e4.png] Во 2017 година на прикажан приход во годишна сметка од 164.980.000 денари, прикажан е расход од работењето во висина од 158.937.510 денари - разлика од 604,249 денари (?), а таа година биле платени 711.819 денари данок на добивка кон државата[Image: 2757.png]
[Image: 1f4e4.png] Во 2018 година на прикажан приход во годишна сметка од 6.947.690 денари, прикажан е расход од работењето во висина од 13.613.482 денари (?) – разлика од -6,665,792, прикажана е загуба пред оданочување во висина од 6.599.384 денари (?) и платени 0 денари данок на добивка кон државата[Image: 2757.png]
[Image: 1f4e4.png] Во 2019 година на прикажан приход во годишна сметка од 0 денари, прикажан е расход од 130.312 денари – разлика од -130.312 денари , прикажана е загуба пред оданочување во висина од 206.377 денари (?) и платени 0 данари данок на добивка кон државата[Image: 2757.png]
[Image: 1f4e4.png] Во 2020 година на прикажан приход во годишна сметка од 0 денари, прикажан е расход од 1 денар, не е прикажана загуба пред оданочување и платени се 0 данари данок на добивка кон државата[Image: 2757.png]
[Image: 32_20e3.png][Image: 1f6a9.png] Блокираната од МЕТА/Фејсбук за сајбер-шпионажа „САЈТРОКС“ на Иво Малинковски, а од октомври 2022 година (!) сега на анонимна баба од Чешка[Image: 2757.png] – Јеновефа Моравкова, за:
[Image: 1f4e4.png] Во 2017 година на прикажан приход во годишна сметка од 3.639.300 денари, прикажан е расход од работењето во висина од 27.787.783 денари - разлика од -24,148,483 денари (?), прикажана загуба пред оданочување во висина од 24.111.407 денари (?) и платени 0 денари (?) данок на добивка кон државата[Image: 2757.png]
[Image: 1f4e4.png] Во 2018 година на прикажан приход во годишна сметка од 69.892.980 денари, прикажан е расход од работењето во висина од 94.086.574 денари (?) - разлика од -24,193,594 денари (?), прикажана загуба пред оданочување во висина од 23.546.935 денари (?) и платени 0 денари (?) данок на добивка кон државата[Image: 2757.png]
[Image: 1f4e4.png] Во 2019 година на прикажан приход во годишна сметка од 0 денари, прикажан е расход од 69.639.286 денари - разлика од -69.639.286 денари, прикажана загуба пред оданочување во висина од 78.860.822 денари (?) и платени 0 данари (?) данок на добивка кон државата[Image: 2757.png]
[Image: 1f4e4.png] Во 2020 година на прикажан приход во годишна сметка од 0 денари, прикажан е расход од 91.104.348 денар (?), прикажана е загуба пред оданочување во висина од 7.511.068 денари (?) и платени 0 данари (?) данок на добивка кон државата[Image: 2757.png]
[Image: 1f4e4.png] Во 2021 година на прикажан приход во годишна сметка од 0 денари, прикажан е расход од 15.332.483 денар (?), прикажана е загуба пред оданочување во висина од 10.207,642 денари (?) и платени 0 данари (?) данок на добивка кон државата[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Овие шокирачки бројки кои низ призма на Пресудата од Вишиот управен суд кој пресудил во корист на државата за затајување на данок на добивка, говорат дека ОЧИГЛЕДНО успешноста на бизнисот се состоелА да не се плати данок кон државата од приходот остварен од продавање на софтверски продукти за следење на комуникации. Ако се земе во превид дека, УШТЕ НЕ ЗНАЕМЕ дали друштвата тој приход го правеле СО или БЕЗ ДОЗВОЛА од МВР (со барање од 2017 година), тогаш лесно е да се заклучи кои институции ќе треба да имаа работа со Малинковци, „реномираните“ фирми и мароканската конзулска адреса (улога) од која според хартијата се продавала шпионажа и се давале услуги од кои сега ЕУ ја боли глава, но не и нас како држава и институции.
[Image: 1f1ea_1f1fa.png] Вреди да се спомене дека неодамнешните апсења на европратеници беше поради поткуп даден од Мароко и мароканскиот интерес да се дознае како стои Мароко во европските извештаи кои ги подготви Анкетната комисија при ЕП за злоупотреба на овие шпионски софтвери за незаконско следење[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]За улогата на поранешниот израелски воен разузнавач Тал Дилијан и други Израелци во овие трговски друштва, во продажбата и услугите со опремата за следење на комуникации ќе читате во третото продолжение.
Тој е извршниот директор на Интелекса (Intellexa), апсен во Кипар и во Грција и тврди дека ја спасил од пропаѓање фирмата „САЈТРОКС“ основана во Северна Македонија, непосредно пред да презентира шпионското комбе за надзор од 9 милиони долари што беше запленето на Кипар, а со кое може да хакираат и следат телефони и да се крадат приватни податоци, вклучително и пораки на интернет апликациите за комуникација во август 2019[Image: 2757.png]
Нека размислат што прават и што ќе прават повиканите институции.
(Продолжува)






Quote:Малинковски негира дека вршел шпионажа, се закани дека ќе ја тужи Ременски ако не му се извини

Објавено 26/01/2023 во 23:18ч.
[Image: malinkovski-remenski-696x392.png]

Иво Малинковски, реагира на објавата на професорката Фросина Ременски во која таа објави информации во врска со шпионски софтвер „Предатор“за следење на комуникации кој се произведувал во Македонија и бара извинување поради тоа што како што вели изнела невистините факти, а нејзините тврдења биле клеветнички.
Во продолжение реакцијата на Малинковски:

На ден 17.01.2023 година на Вашиот Facebook профил имате објавено пишана изјава со наслов „ИВО САЈБЕР – АЈКУЛА – „ПРЕДАТОР“ ВО МОРЕ ОД ПРОФИТ, ИЗИГРАНИ ЗАКОНИ И ШПИОНАЖА (дел 1), како и во „Студио 10“ на Телевизија 24 имате изнесено невистинити факти штетни за мојата чест и углед.
Првенствено, самиот наслов е клеветнички, односно содржи невистинити факти за мене, бидејќи од целокупната содржината на вашата анализа никаде не изнесувате докази со кои ги поткрепувате ваквите наводи.
Во поглед на содржината на анализата укажувам на следното:
Во Вашиот текст наведувате моја наводна поврзаност со настаните од 27.04.2017 година или во јавноста попознат како „Крвавиот Четврток“, што е груба лага и ваквото мое поврзување создава лажна претстава во јавноста дека и јас сум бил дел од тој трагичен настан.
Понатаму, наведувате дека истиот тој месец март 2017 година, во соработка со „неофицијални Израелци“ прикриено сум основал правни лица со називите „САЈШАРК“ и „САЈТРОКС“ кои незаконски произведувале софтверска апликација за следење на комуникации и од тоа друштвата правеле милионски профити како што наведувате со или без дозвола на МВР. Ваквите наводи ги „докажувате“ со барања доставени од наведените правни лица и завршните годишни сметки.
Прво, дека оваа Ваша анализа е ништо друго освен намера да се наштети на мојата чест и углед укажува и вашиот заклучок дека можно е фирмите да правеле милионски профити со дозвола на МВР, а во Вашиот текст, исто така, наведувате дека е и можно да немаат дозвола од МВР. Па сега што е заклучокот кој што сакате да и го презентирате на јавноста е навистина нејасно. Од ваквите Ваши спротивни аргументи, може да се заклучи дека вие не само што не изнесувате никакви докази да ја поткрепите Вашата анализа, туку имате намера да изнесете невистинити факти во јавноста со цел да наштетите на мојата чест и углед.
Понатаму, во Вашиот текст зборувате за два параметри на кои што Ви се темели анализата, а тоа се барањата до МВР и завршните годишни сметки, што е апсолутно неповрзано. Врз основа на овие два параметри, Вие во јавноста намерно презентирате невистинити факти и изведувате погрешен заклучок, што претставува груба лага и на овој начин не само што правите штета на мојата чест и углед, туку и лажно претставувате во јавноста дека сум сторил и сеуште сум сторител на кривични дела.
Споменатите две друштва имаат дејност компјутерско програмирање, што не подразбира како што вие инсинуирате „производство, нудење на продажба, увоз, извоз, реекспорт или држење на средства за следење на комуникациите“. Друштвата работеле во IT индустријата и имале приходи по други основи, надвор од тоа што вие презентирате за наводни софтвери за следење на електронски комуникации.
Навистина е нејасно како сте дошле до овој заклучок само од анализа на годишни завршни сметки, кога во тие документи воопшто не стои по кој основ биле приходите на друштвата. Несериозно и тенденциозно е да презентирате во јавноста дека јас, врз основа на годишни сметки од правни лица, сум организирал и произведувал софтвер за следење на електронски комуникации.
Дека кај Вас постои намера да наштетите на мојата чест и углед одите и до тој степен во „Студио 10“ емитувана на Телевизија 24 на ден 19.01.2023 година изнесувате лаги во јавноста дека јас сум бил дел од некаква странска агентурна мрежа што врши шпионажа, како и дека овие две правни лица вршеле незаконско следење на комуникации, без притоа да презентирате ниту еден материјален доказ за ваквите обвинувања.
За жал, Вие не само што не престанавте да ширите лаги, туку продолжувате и понатаму.
На ден 22.01.2023 година на вашата Facebook страна имате повторно објавено текст со наслов: „ФАМИЛИЈА, ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК, ШПИОНАЖА, МАРОКАНСКИ КОНЗУЛАТ И МОЛК НА ИНСТИТУЦИИТЕ (2)‼“, кој наслов содржи невистини и лаги дека јас сум затајувал данок и сум вршел шпионажа.
Лага, како и се останато, е дека институциите кои ги повикувате не извршиле контроли согласно закон.
Со оглед на се од горенаведеното, го доставувам ова барање за извинување и јавно повлекување на текст и изјава како што е наведено погоре во рок од 8-осум дена од денот на приемот, да се извините на ист начин како што се пренесени невистинитите факти, истите да ги повлечете од Вашиот Facebook профил и други средства за јавно информирање.
Само за напомена, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, Вие ќе бидете должни да ја докажувате вистинитоста за изнесените наводи.
 
27-01-2023, 12:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:[Image: 1f988.png][Image: 1f6a9.png]КОЈ ЈА ОСНОВА „САЈТРОКС“ (CYTROX) СО КОЈА ИВО МАЛИНКОВСКИ ЈА ПРОСЛАВИ МАКЕДОНИЈА ВО СИТЕ СВЕТСКИ И ЕВРОПСКИ ИСТРАГИ ЗА САЈБЕР-ШПИОНАЖА (3 дел)[Image: 2753.png]

Фросина Ременски 29.01.2023
До денес НИТУ ЕДНА ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА од претходно повиканите (УЈП, УФР, УФП, АНБ и МВР) не даде одговор од својот домен на надлежности за податоците изнесени во првиот и вториот дел од македонската вистинита крими-шпионска приказна, трговијата со шпионски софтвери за следење на комуникации, милионските профити, фамилијарните врски помеѓу трговските друштва зад кои стои оф-шор, странски и домашен капитал, поранешни израелски разузнавачи, баби како сегашни сопственици итн.
Дали „САЈТРОКС“ и „САЈШАРК“ имале дозвола за производство, продажба и извоз на софтверска опрема која може да биде опрема за следење на комуникации сеуште останува да одговори МВР, па и АНБ. Можеше да одговори и Иво Малинковски кој светските медиуми го бараа под камен да каже збор-два по блокада на фирмата од Фејсбук и Мета за сајбер-шпионажа.
Покрај бројните информации, останува да бодат очи до сега воочливите факти и прашања: Како е можно двете трговските друштва за развој на софтверски продукти со кои можат да се следат комуникации од само двегодишен приход од продажба да имаат приход од 5.889.388 евра, расходи од 7.259.757 евра, односно +1.370.369 евра повеќе расходи од прикажани приходи со сметководствено креирање расходи за 0 денари данок на добивка[Image: 2753.png]
Нема таква економска наука која може преку анализа на годишните заврши сметки приложени до институциите да даде образложение за оваа сметководствена егзибиција. Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Финансиската полиција сигурно можат да дадат одговор и на тоа прашање и на прашањето: Дали покрај затајување на данок на добивка, овие фирми, особено блокираната форма за сајбер-шпионажа „САЈТРОКС“ (Cytrox) преку прикажаниот вишок расходи од близу 1,4 милиони евра за сметка на приходот без 1 денар платен данок кон државата има и друга улога во финансиските текови на државата допрва ќе видиме[Image: 2753.png]
[Image: 1f6a9.png]Која е улогата на МВР и УБК/АНБ во скандалот со блокираната за сајбер-шпионажа „САЈТРОКС“[Image: 2753.png]
Во првиот текст пишував за Барањето на „САЈШАРК“ - Иво Малинковски, што на 06.10.2017 година (бр.03-7/1, заведено на 06.10.2017 година под бр.08-68173/1) го доставил до МВР во кое барал одобрение за производство и продажба на софтверски продукти, категоризирани како опрема за следење на комуникации по член 2 од (новиот) Законот за следење на комуникации, односно по член 3 од стариот закон. За да ги дообјасни техничките перформанси на софтверските продукти, Иво Малинковски, преку спецификација на „САЈТРОКС“ (Cyrox) до Одделот за информатика и телекомуникации на МВР на 07.11.2017 година доставил спецификација (бр.03-22/2, заведена на 07.12.2017 година под бр.11-75880/1 (два листа).
За вакви и слични барања, покрај МВР во постапката за одобрение според сите важечки прописи и процедури учествувала (тогаш) Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) – денес Агенција за национална безбедност (АНБ).
По поднесување на барањето до МВР за производство и продажба на софтвер, категоризиран како опрема за следење на комуникации со техничка спецификација од субјекта, УБК преку уште нереформираната Петта управа требала да направи технички проверки за техничките карактеристики на софтверските продукти и да направи безбедносни проверки за правните лица „САЈШАРК“ И „САЈТРОКС“ кои ќе ги произведуваат, продаваат, држат, извезуваат ...
Ако до денес не се знае дали „САЈТРОКС“ (Cytrox) и „САЈШАРК“ (Cyshark) добиле дозвола по член 2 (стар член 3) од Законот за следење на комуникации од МВР, по претходно мислење на УБК, тогаш дилемата околу законитоста на бизнисот и безбедносните проверки се уште поголеми. Зошто[Image: 2753.png]
УБК покрај мислењето за софтверските продукти и почитување на системот за контрола и надзор над истите, била должна да ја провери сопственичката структура на фирмите „САЈТРОКС“ и „САЈШАРК“, за да може да препознае и идентификува контраразузнавачки предизвик, односно да може да препознае и види мрежа од оф-шор компанија, познати припадници на странски земји и служби (израелска, унгарска) кои биле дел од сопственичката структура на македонските друштва.
Како профитабилното друштво со кое управувал и профитирал Иво Малинковски „се прослави“ низ Европа, и како акционерското друштво на странските државјани и Иво Малинковски се најде во сопственост на баба од Чешка - Јеновефа (Џеновефа) Моравкова[Image: 2753.png]
Преку промените во сопственичката структура на „САЈТРОКС“ (Cytrox) од основањето во 2017 година до 02.12.2022 година, надлежните служби можеле/требале да спречат делување на мрежа странски државјани и служби, и да се погрижат репутацијата и кредибилитет на државата да не биде доведени под знак прашалник особено по сите медиумски пишување во странство и во извештаите на Европскиот Парламент 2021/2022 година и цел јануари 2023 година, во кои се зборува за шпионскиот софтвер „Предатор“ – производ на фирмата „САЈТРОКС“ (Cytrox), за младиот македонски бизнисмен Иво Малинковски, за разузнавачката историја на неговите содружници и сојузите обвинети за незаконско следење на комуникации во земји од Европа и надвор.
[Image: 1f6a9.png]Кои се луѓето кои ја основаа македонската фирма „САЈТРОКС“ (Cyrox) со која Иво Малинковски ја прослави Северна Македонија во Европа и пошироко, преку сите минати и тековни истраги за сајбер-шпионажа[Image: 2753.png]
Акционер со овластување и извршен директор на македонската „САЈТРОКС“ на почетокот беше Израелецот Ави (Аврахам) Рубинштајн, израелски офицер и бизнис партнер на Израелецот Тал Дилијан – поранешен воен разузнавач и водач на „Алијансата за надзор“ „ИНТЕЛЕКСА“ (Intellexa). Ави Рубинштајн беше член на унгарската компанија фирма „Сајтрокс Холдингс Командитно Акционерско Друштво“ со седиште на „Кеј Белград, бр.22-2/2„ во Будимпешта, Унгарија која до 27 октомври 2022 година за управител на македонската фирма „САЈТРОКС“ (Cytrox) го има Иво Малинковски, а оттогаш до денес бабата од Чешка - Јеновефа (Џеновефа) Моравкова.
Унгарецот Ротем Фаркас заедно со Ави (Аврахам) Рубинсеин, освен тоа што се основачи на „САЈТРОКС“ (Cytrox), туку заедно биле основачи и на холандската сестра-фирма „ИМПАДИО“ (Inpadio) која беше затворена и доби забрана за работа во Холандија по шпионскиот скандал од Кипар. Ротем Фаркас и Иво Малинковски во „САЈТРОКС“ АД (Cytrox) беа неизвршни членови на одборот на директори. Од 16.07.2019 година Унгарецот Ротем Фаркас не е веќе дел од управителите на трансформираното акционерско друштво во друштво со ограничена одговорност.
Израелците Ејал Аврахам Орен, Дрор Харпаз и Шенол Адлер до јули 2019 година биле акционери на македонската „САЈТРОКС“. Тие се партнери во израелско адвокатско друштво кое посредува во профитабилни бизниси и важат за заштитници на милионски капитал на многу ликови од областа на градежништвото, сајбер-индустријата и трговијата, некои од нив сомнителни.
Еден од акционерите во македонската „САЈТРОКС“ бил и Израелецот Алон Арабов познат како бизнисмен за трговија со дијаманти, претприемач и филантроп, кој последните години ги проширил своите деловни активности и инвестиции во компании специјализирани за е-трговија, мобилна технологија, финансирање и малопродажба.
Сите овие ликови биле дел од сопственичката структура на македонската „САЈТРОКС“ (Cytrox) до јули 2019 година, поточно до јуни 2020 година.
[Image: 1f6a9.png][Image: 1f6a9.png]Во јули 2019 година во сопственичката структура на „САЈТРОКС“ (Cytrox) влегува еден од клучните и најважните ликови од европските вистинити шпионски приказни – израелскиот воен разузнавач и прв човек на „Алијансата за надзор“ – ТАЛ (ЏОНАТАН) ДИЛИЈАН, кој за адреса на живеење ја навел Малта. Заедно со него во сопственичката структура на друштвото влегува извесна Нансиа Коутсоу во бизнис со недвижности со адреса на живеење Кипар.
Во извештајот на Форбс од 2019 година се наведува дека „САЈТРОКС“ (Cytrox) бил „спасен “ од ТАЛ ДИЛИЈАН, поранешен командант на единицата 81 на израелските одбранбени сили (IDF), чија компанија WiSpear (која е преименувана во Passitora Ltd.) е со седиште во Лимасол, Кипар. Според Фондот „Атооро“ тој го купил Cytrox во 2018 година. Дилијан е познат и како основач на „КРУГОВИ“ (Circles) - компанија за надгледување на мобилни мрежи. Во декември 2020 година, Citizen Lab објави истрага за владините клиенти на „КРУГОВИ“ (Circles). Дилијан е и основач и извршен директор на Intellexa[Image: 2757.png]
[Image: 1f1ea_1f1fa.png] Во Извештајот на Комисијата на Европскиот парламент што ги истражува скандалите со „Пегазус“ и другите шпионски софтвер, меѓу кои и „Предатор“ софтверот на македонската фирма „САЈТРОКС“ (Cytrox), се вели дека, неколку клучни фигури од трговијата со шпионски софтвер регистрирале бизнис во Малта или добиле малтешки пасоши.
[Image: 1f6a9.png] Тал Дилијан добил малтешко државјанство во 2017 година. Извештајот на ЕП конкретно забележува дека, „во времето на неговото барање за малтешки пасош, тој веќе бил под истрага за различни кривични дела“.
Во извештајот се наведува и руско-израелскиот државјанин и поранешен израелски воен инженер Анатолиј Хургин од скандалот со шпионски софтвер Пегазус, кој се здобил со малтешко државјанство за себе и за тројца членови на семејството во 2015 година.
Еден израелски судски случај ја нагласува врската помеѓу „САЈТРОКС“ (Cytrox) и „ИНТЕЛЕКСА“ (Intellexa). По јавното обелоденување од страна на Тал Дилијан, на перформансите на шпионското комбе за пресретнување на комуникации во вредност од 9 милиони долари на WiSpear во Кипар, преку кое може да се хакираат и инфицираат оперативни системи на мобилни телефони, WiFi мрежи и сл., Ави Рубинштајн поднел тужба против Дилијан во Окружниот суд во Тел Авив. Според израелскиот весник Haaretz, во тужбата компанијата Aliada Group Inc. е „група на компании за сајбер оружје чии производи се продаваат под името Intellexa“.
[Image: 1f6a9.png]„САЈТРОКС“ (Cytrox) е дел од таканаречената “Intellexa Alliance” на Тал Дилијан. Тоа е маркетиншки бренд на продавачи на софтвери за набљудување и за следење на комуникации коja се појави во 2019 година. Алијансата од компании ги вклучува Nexa Technologies (поранешен Amesys), WiSpear / Passitora, Cytrox и Senpai, заедно со други фирми кои се обидуваат да се натпреваруваат со израелските фирми Verint и NSO Group која од 2021 година е на црната листа на САД.
На веб-страницата на компанијата „ИНТЕЛЕКСА“ (Intellexa) се наоѓа тврдење дека, е „заснована на ЕУ-регулaтива, што е интересно со оглед на искуствата на дел од субјектите-учеснички во Intellexa. На пример, во јуни 2021 година, директорите на Amesys и Nexa Technologies во Париз беа обвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства и за соучество во тортура во врска со продажбата на производи на либиската влада и за соучество, тортура и продажба на шпионски софтвер на египетската влада.
По големата полициска акција во Кипар, запленување на шпионското комбе и опремата, потерницата по Тал Дилијан, казните и обвинението, целокупниот бизнис на „ИНТЕЛЕКСА“ (Intellexa) се сели во Грција.
На 24.12.2022 грчката полиција извршила претрес во канцелариите на фирмата „ИНТЕЛЕКСА” (Intellexa) во Атина, поради скандалот со прислушкувањето со шпионскиот софтвер „Предатор“ на македонско-израелската фирма. Грција од летото 2022 година се најде на светските насловни страници и во фокусот на надзорите кои ги врши Анкетната комисија „ПЕГА“ при Европскиот Парламент, откако шпионскиот софтвер Предатор беше пронајден во мобилните телефони на новинари и политичари од Грција.
Во декември 2022 година, „Њујорк тајмс“ откри дека грчката влада ѝ дала дозволи за извоз на „Предатор“ на „ИНТЕЛЕКСА“ (Intellexa) на Тал Дилијан за трговија со шпионски софтвери. Грчките медиуми објавија и за врски меѓу државните функционери и компаниите вклучени во оптек на „Предатор“.
Минатиот ноември, под зголемен притисок, владата на Грција најави дека ќе воведе закон со кој „ќе се забрани продажбата на шпионски софтвер“, а деновиве токму оваа шпионска афера е причина за интерпелација на владата на Мицотакис.
Светските медиуми се полнат со наслови за шпионажа и незаконско следење на комуникации со шпионските софтвери „Пегасус“ на НСО Групацијата и со „Предатор“ на „САЈТРОКС“ (Cytrox). Европскиот Парламент преку Анкетната комисија „Пега“ во сите напишани извештаи и надзорни расправи ја спомнува „САЈТРОКС“, Северна Македонија како седиште за проблематичниот софтвер „Предатор“ кој ја тресе Европа и земјите членки на ЕУ, па и пошироко – само кај нас се гуши секакво известување за овој проблем од висок јавен, државен и меѓународен интерес.
[Image: 1f6a9.png]Што се случува по блокадата на „САЈТРОКС“ (Cytrox) од страна на Мета и Фејсбук[Image: 2753.png]
[Image: 1f6a9.png]Каде е Иво Малинковски и актерите од оваа меѓународна шема со која се расправаат надлежни европски институции[Image: 2753.png]
[Image: 1f6a9.png]Кој има интерес кај нас да не се пишува за овој проблем од висок јавен и меѓународен интерес[Image: 2753.png]
[Image: 1f6a9.png]Дали угледот на државата е нарушен поради поединци и (не)функционалност на институциите[Image: 2753.png]
За овие и други прашања ќе читате во четвртиот дел од овие вистинити приказни.
(Продолжува)
29-01-2023, 05:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:[Image: 1f988.png][Image: 1f6a9.png]ДАЛИ БЛОКИРАНАТА ФИРМА ЗА САЈБЕР-ШПИОНАЖА НА ИВО МАЛИНКОВСКИ Е ЕДИНСТВЕНАТА ФИРМА КОЈ Е ДЕЛ ОД „АЛИЈАНСАТА ЗА НАДЗОР“ ИНТЕЛЕКСА (4 дел)[Image: 2753.png]

[Image: 329413342_2069441329892955_4988072680609...e=63E3E19D][Image: 329367885_1560230657780893_2988599470437...e=63E3EC15]


Фросина Ременски 05.02.2023

Иво Малинковски како 30-годишен сопственик на ИТ друштво за сајбер-безбедност и хедонист како што сака да се нарече на 14.12.2020 година основал идентична фирма како „САЈТРОКС“ (Cytrox) под називот „САЈГНЕТ" ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. 20-ти Октомври, бр. 1/1-1 Скопје - Центар.
[Image: 1f6a9.png]Два дена пред светските медиуми да ја објават веста за блокирање на македонска фирма „САЈТРОКС“ на Иво Малинковски од страна на Фејсбук, Мета и државни органи низ ЕУ под сомневање за сајбер - шпионажа на 16.12.2021 година тој го реобновува основањето на Друштвото за развој на софтвер, трговија и услуги „САЈГНЕТ„ ДООЕЛ Скопје[Image: 2757.png]
Во еден каталог со компании Job Fair 2021година, се гледа дека, фирмата близначка на „САЈТРОКС“ - „САЈГНЕТ“ (Sajgnet) за седиште ја има истата адреса како и блокираната фирма за сајбер-шпионажа - ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, бр. 44 Скопје - Центар, што е различно од официјално пријавената пред надлежните институции во реосновањето од 16.12.2021 година.
[Image: 1f6a9.png][Image: 1f6a9.png]Интересен е податокот што самата фирма наведува дека, „САЈГНЕТ“ (Sajgnet) формално е „САЈТРОКС“ (Cyrox).
Фирмата „САЈГНЕТ“ (by Intellexa) за сите информации поврзани со својата работа упатува на веб-страницата, која ни помалку ни повеќе е страницата на „Алијансата за надзор“ „ИНТЕЛЕКСА“  на израелскиот воен разузнавач Тал Дилиан еден од сопствениците на „САЈТРОКС“ (Cytrox).

[Image: 1f6a9.png]„САЈГНЕТ“ во годината на основање (2020) не остварила приходи од работењето, но затоа во 2021 година прикажала приходи од продажба во висина од 91.788.750 денари (1,5 милиони евра), расходи во висина од 86.819.893 денари (1,4 милиони евра), добивка пред оданочување од 5.671.316 денари (93.000 евра) и данок на добивка од 1.032.200 денари (17.000 евра)[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Дали друштвото „САЈГНЕТ“ на Иво Малинковски, исто како „САЈТРОКС“ и „САЈШАРК“ произведувало и продавало софтвери кои можат да се категоризираат како опрема за следење на комуникации и дали за тоа побарало и поседува дозвола од МВР[Image: 2753.png]

[Image: 2139.png] [Image: 1f6a9.png] Додека не стигне одговорот на ова прашање, едно потсетување: „Зошто Фејсбук и Мета ја блокираа „САЈТРОКС“ на Иво Малинковски и мрежата поранешни израелски разузнавачи на Тал Дилиан?“
„САЈТРОКС“ фирмата која развивала малициозен (шпионски) софтвер за паметни телефони е блокирана поради злоупотребата на социјалната платформа за шпионажа на корисниците. Станува збор една од седумте фирми кои ја искористиле платформата Фејсбук за да шпионираат 50.000 луѓе во 100 земји[Image: 2757.png]
Мета, која покрај Фејсбук, е сопственик и на социјалните мрежи Инстаграм и Ватсап, им забрани на седум компании пристап до нејзината платформа. Отстранети се околу 1.500 профили, кои биле користени за собирање информации за корисници во повеќе од 100 земји. Седумте компании кои Мета ги идентификуваше во својот извештај се „Cobwebs Technologies“, „Cognyte“ „Black Cube“, „Bluehawk CI“, „BellTroX“, и македонската „САЈТРОКС“ (Cytrox).
На македонската „САЈТРОКС“ ѝ биле отстранети 300 Фејсбук и Инстаграм профили кои биле користени „за да се вклучуваат и измамуваат цели“.
Македонската фирма, користела засега непозната ранливост во софтверот на „Apple Inc.“ за да го хакира, развивајќи малициозен софтвер кој делува врз оперативните системи Андроид и ИОС, се вели во извештајот на Мета.
[Image: 1f6a9.png]Мета верува дека „САЈТРОКС“ ја злоупотребувала инфраструктурата на легитимни новински ентитети од земјите и имитирале слични УРЛ адреси, нудејќи социјални медиумски услуги со цел да „закачат повеќе корисници“, постапка позната како „фишинг“.
https://about.fb.com/.../Threat-Report-on-the...
Според истражувањето на Мета, клиентите на „САЈТРОКС“ се од Египет, Ерменија, Грција, Саудиска Арабија, Оман, Колумбија, Брегот Слонова Коска, Виетнам, Филипините и Германија. Софтверот на македонската фирма се вика „ПРЕДАТОР“, а нивна цел биле политичари и новинари ширум светот, вклучително и Египет и Ерменија, а од неодамна и Грција[Image: 2757.png]
[Image: 1f1ea_1f1fa.png] И покрај алармите од Европскиот Парламент кој преку Анкетната комисија „ПЕГА“ која ги истражува и репортира злоупотребите на малициозните шпионски софтвери „Пегасус“ и „Предатор“ во кој експлицитно сме споменати како држава, до денес ниту една државна институција не одговори на прашања кои бараат одговори, а се поврзани со начинот на работа на неколкуте македонски фирми со исто/слично портфолио, безбедноста на институциите и приватноста на граѓаните.
(Продолжува)
05-02-2023, 06:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Шпионскиот софтвер „Предатор“ нелегално се правел во Скопје додека надлежните замижувале
12.04.2023

Шпионскиот софтвер „Предатор“ што низ светот го продаваше израелската софтверска компанија Интелекса, а во Грција и Египет се употребуваше за шпионирање новинари, дисиденти и политичари, бил нелегално развиен и продаван од Скопје. Надлежните во МВР знаеле за активностите на поранешниот израелски висок функцинер од одбраната Тал Дилијан чија што компанија Интелекса е во срцето на скандалот со прислушувањето во соседна Грција. Документите до кои што дојдоа новинарите на ИРЛ и тимот на „Инсајт Стори“ од Атина откриваат дека уште во 2017 компанијата Сајтрокс од Скопје пријавила дека планира да произведува шпионски софтвер за извоз. 
Клучни наоди
 
  • 1. Софтверот за следење на комуникациите „Предатор“ којшто беше во центарот на меѓународен шпионски скандал бил незаконски развиен во Скопје од страна на компанијата „Сајтрокс“ и комплексна мрежа од фирми поврзани со израелскиот бизнисмен и поранешен висок воен чиновник од Израел Тал Дилијан. Документи од поранешната Управа за контраразузнавање од 2017 година покажуваат дека надлежните имале информации што се развива во Скопје, но ги затвориле очите. Софтверот бил продаван во Ерменија, Египет, Грција, Индонензија, Мадагаскар, Оман, Саудиска Арабија и други земји, а канадската универзитетска организација Ситизен Лаб во декември 2021 година откри дека супериорниот софтвер се користел за незаконско следење на граѓани.
  • 2. Најмалку 5 компании со врски со „Интелекса“ биле регистрирани во Скопје помеѓу 2017 и 2020 година. Две од нив – „Сајтрокс“ и „Сајшарк“ се идентификувале како развивачи и трговци на софтвер. Доверливите документи до кои дојде ИРЛ и Инсајд Стори покажуваат дека владата на Северна Македонија била информирана дека „Сајтрокс“ планира незаконски да создава шпионски софтвер и поднеле апликација уште во 2017 година. Експертите велат дека Владата на Северна Македонија требало да дејствува за да го запре производството, но не успеала да интервенира.
  • 3. Од Министерството за внатрешни работи на прашање на пратениците од парламентарната комисија за надзор врз разузнавачките служби минатата година соопштиле дека се водат истражни дејствија за да се  утврдат околностите во кои што бил развиван и создаван „Предатор“, но одговори нема до денес. Поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски, на пратениците им открил дека и Северна Македонија поседува софистициран софтвер за следење на електронските комуникации, но не кажале каков и им дале чесен збор дека досега никогаш не го употребиле. Овој софтвер е под истрага и во европските институции, а во Грција дојде до серија оставки на високи владини функционери вклучувајќи го и директорт на тајната полиција откако се откри дека со „Предатор“ се шпионирале новинари и политичари на опозицијата. Во Македонија едвај да се пренесе било каква информација
[*]
Известуваат: Сашка Цветковска, Бојан Стојановски, Ивана Настеска, Тасос Teлоглу, Елиза Триантафилоу; линк до англиската верзија тука
Непосредно по избувнувањето на два глобални скандала врзани со нелегално користење на корпоративни софистицирани шпионски софтвери – „Пегасус“ и „Предатор“, на 19 јуни 2022 година македонските пратеници од комисиите за надзор на разузнавачките служби заедно со претставници на повеќе безбедносни служби ќе се соберат во Женева за да учествуваат на интензивен тренинг којшто треба да ги подобри нивните вештини за да вршат ефикасен надзор. Домаќин на тренингот е Женевскиот центар за демократска контрола врз безбедносните служби (ДКАФ), а темата е актуелна: „Високо инвазивни средства и малициозни софтери: нивна цел и употреба“. 
Во eмаил пораката за добредојде од водечкиот експерт на ДКАФ која што новинарите на ИРЛ и Инсајд Стори ја имаа на увид, на учесниците ќе им сподели и линкови до новинарски стории поврзани со „Пегасус“ и „Предатор“ како појдовна точка за инспирација и дискусија. Дотогаш во јавноста веќе ќе биде познато дека софистициран шпионски софтвер е продаван од „Интелекса“, компанија на поранешниот израелски висок функционер за одбрана. Првите информации ќе бидат објавени во средината на декември 2021 година  од страна на Интердисциплинарната лабораторија на Универзитетот во Торонто. Нивниот извештај, меѓудругото ќе открие и дека софтверот бил развиван во една од компаниите членки на таканаречената алијанса на „Интелекса“ – „Сајтрокс“ од Скопје управувана од Иво Малинковски, син на познат македонски производител на вино и трговец со оружје. Но, извештајот нема да понуди речиси никакви детали за нивните операции во Скопје. 
За ова ќе се разговара на тренингот во Женева, а тренерот Матеј Ковачки ќе ги праша македонските учесници што прават тие за да го расветлат ова вознемирувачко откритие. 

Quote:„Се сеќавам дека сите гордо рековме: Па ние веќе изреагиравме и прашавме во Министерството за внатрешни работи, тие брзо ни одговорија дека преземаат истражни дејствија за да ги утврдат околностите и ќе не известат штом дојдат до одговори“, во разговор со ИРЛ раскажа пратеникот Павле Трајанов и дамнешен министер за внатрешни работи. 




[*]
Групата повторно ќе се сретне пет месеци подоцна, во Маврово на 14 ноември 2022. Овојпат ќе присустуваат и одредени високи претставници на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Бирото за јавна безбедност и Агенцијата за разузнавање. Листата на гости на ДКАФ во Маврово ќе го вклучи и поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност АНБ, Виктор Димовски. Терминот доаѓа по жешкото политичко лето во соседна Грција каде што дојде до дузина владини истраги и оставка на директорот на тајната полиција откако се откри дека со „Предатор“ бил заразен телефонот на Никос Андрулакис, претседателот на опозициската партија ПАСОК и новинарот Танасис Коукакис. Ова ќе отвори нови авении за дискусија, а пратениците ќе изразат нови грижи. Ќе се постави и прашање до директорот на АНБ Виктор Димовски за тоа дали и Македонија можеби го користела овој софтвер. 

Quote:„По одредено натегање, директорот Димовски кажа дека земјата има софистициран софтвер за следење на комуникации, но не овој софтвер, дека не може да каже каков, но и дека досега ниту еднаш немале потреба да го користат“, вели пратеникот Павле Трајанов.




[*]
До денеска пратениците надлежни за надзор врз службите не добиле информации што се случува со истрага за утврдување на околностите во кои што се правеле ваквите софтвери. 
Ако се земе предвид блиското минато на Македонија со софтвери за следење на комуникациите и прислушување на граѓани од страна на службите, не е чудо што токму Скопје било одбрано за производство на ваков софтвер. Во комбинација со далеку поевтината работна сила и оперативни трошоци за разлика од европските земји, како и слабиот надзор и недоречените закони од страна на државата, ова било перфектната локација. 
Израелска сајбер империја на македонскиот претприемач со фамилијарно педигре
На почетокот на 2017 година 26 годишниот претприемач Иво Малинковски ќе ја напушти управувачката позиција во семејната винарија Камник и ќе стане дел од неколку технолошки стартапи чијашто цел е развивање на софтвери, меѓу кои и озогласениот „Предатор“.  




(ФОТО) Иво Малинковски за фотосесија за Машки магазин 2020 
Уште во раната фаза на нивното постоење, на 6 октомври 2017 година две од компаниите управувани од Малинковски, „Сајшарк“ и „Сајтрокс“ ќе побараат од македонското Министерство за внатрешни работи дозвола за производство, промет и извоз на софтверски продукт којшто може да се користи за заштита на личните податоци, но и за упад во приватноста. Ова е наведено во дописите на Малинковски испратени во службите на МВР до кои што дојдоа ИРЛ и Инсајд Стори. Понатаму, во дописот се наведува дека софтверот би се продавал исклучиво на сертифицирани владини агенции во согласност со законите. 
Во одговор на прашање на новинарите кои работеа на оваа сторија, прес-службата на МВР одговори дека таква дозвола не е издадена. Според процедурите, тогашната УБК при МВР требала да изврши ревизија на документацијата. Во еден од дописите тие ќе им побараат и технички спецификации на софтверот, а по еден месец истите ќе бидат доставени. Експертитe од канадската универзитетска лабораторија, како и експертите на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција со седиште во Амстердам ќе потврдат дека спецификациите го опишуваат токму „Предатор“. 
Според членот 3 од Законот за следење на комуникациите, производството, продажабата, извозот и реизвозот на средства за мониторирање на комуникации не смее да се врши без дозвола издадена од Министерството за внатрешни работи. 
Ситизен лаб (The Citizen Lab), лабораторија на Универзитетот во Торонто чија работа е фокусирана на дигитална шпионажа откри дека телефоните на најмалку двајца Еѓипќани биле хакирани со шпионскиот софтвер „Предатор“, развиен и продаван од македонската компанија „Сајтрокс“.
Иако, официјален директор на компанијата е Иво Малинковски, во јавноста се појавија шпекулации дека таткото Илија Малинковски е човекот кој стои позади овој договор, но во интервју со Балкан Инсајт тој ги отфрли овие шпекулации. 

Quote:„За ‘Сајтрокс’ беше објавено дека е дел од ‘Интелекса’, елитата (Star Alliance of spyware) на шпионските софтвери, а била формирана за да се натпреварува со НСО Груп. За себе велат дека се компанија која е стационирана во Европската Унија и има шест лаборатории за истражување и развој кои се сместени во Европа“, пишува во извештајот на Ситизен Лаб. 




[*]
Но, софтверот развиен во Скопје за „Интелеска“ никогаш не го доби потребното одобрение од Министерството за внатрешни работи.
Репортерите на ИРЛ разговараа со вработен во Министерството за внатрешни работи кој бил задолжен да ги разгледува апликациите, но тој одбил да даде препорака за софтверот. 

Quote:„Јас не бев доволно квалификуван за да можам да разберам за што служи овој софтвер, па затоа работата му ја предадов на мој колега“, рече вработениот. 




[*]
Најмалку три извори од поранешната единица за контраразузнавање ни потврдија дека никој не сакал да работи на овој договор. 
Од Министерството за внатрешни работи на емаил, ни одговорија дека барањата на „Сајтрокс“ и на „Сашјарк“ не биле прифатени. 
Скандалот со прислушувањето во Македонија кој беше откриен во 2015 година, можеби бил причината за да не се прифатат барањата на „Сајтрокс“ и „Сајшарк“. 

Quote:„Министерството за внатрешни работи ниту одобрил ваков софтвер од овие компании, ниту пак набавил ваков софтвер“, пишува во пораката упатена до нашиот репортер од Тони Ангеловски, помошник министер за односи со јавност во МВР на 15 декември минатата година. 
18-04-2023, 01:35 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Скандалот со прислушувањето можеби ја навестуваше македонската конекција 
Македонија еднаш се најде во центарот на светските вести кога во 2015 година се откри скандалот со масовното прислушување кое го правеше владата на поранешниот премиер Никола Груевски. 
На 16 декември 2021 година, Македонија втор пат се најде во светските медиуми кога Ситизен Лаб (Citizen Lab) во соработка со агенцијата Мета објави два нови извештаи. 
Овој пат, фокусот беше на софтверот „Предатор“ кој бил создаден од „Сајтрокс“, компанија во сопственост на „Интелекса“. 
Истиот ден кога беа објавени извештаите, тогашниот премиер Зоран Заев беше домаќин на забава во винаријата Камник. Сопственици на винаријата се семејството Малинковски кои освен што се сопственици на винаријата и се занимаваат со производство на вино, веќе три деценции се и трговци со оружје, а од скоро се активни и во бизнисот со производство на софтвер. Додека траеше веселбата, многу малку од присутните, повеќето новинари, знаеја дека семејството што ја организира забавата во моментот беше длабоко инволвирано во светскиот скандал поврзан со употребата на шпионскиот софтвер „Предатор“. 

[Image: ilija-malinkosvki-zoran-zaev-aleksandar-vucic-1.jpg]


(ФОТО)Поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев, Српскиот претседател Александар Вучиќ и Илија Малинковски фотографирани заедно пред винаријата Камник на 14 февруари 2021 година. Винаријата има ексклузивен дел каде политичари од регионот, бизнисмени и дипломати често одржуваат средби. 
Бизнисот со оружје работи под брендот „Микеи Интернационал“, но семејството Малинковски ги држи своите работи надвор од очите на јавноста. Во 30 години нема ниту едно телевизиско гостување – само едно пишано интервју во кое не се навестува никаков скандал. Во 2009 година кога „Микеи“ беше под санкции од Американската влада поради трговија со оружје со непријателски режими, ниту еден медиум не ја објави оваа вест. Работата на „Микеи“ најчесто се одвива под радарот и доколку некој не е политичар или пак новинар нема шанси да знае за нивниот бизнис со оружје. За обичните македонски граѓани, семејството Малкинковски се познати како сопственици на винаријата Камник. 

[Image: ilija-malinkovski-the-father.jpg]


(ФОТО) Илија Малинковски пред фамилијарната винарија Камник во Скопје (credit:vino.rs) 
Фамилијарниот бизнис со оружје остана под радарот се до 2017 година кога Иво Малинковски започна често да се појавува во медиумите како ѕвезда во глобалниот сајбер свет.  
„Млад и успешен, хедонист, зависник од адреналински спортови и сопственик на ИТ компанијата ‘Сајтрокс’, вака Иво Малинковски беше опишан во воведот во интервјуто за локално списание за забава и стил „Еспресо“. Во неколку други интервјуа на Иво Малинковски од 2018 година, тој беше опишан како сопственик на „Сајтрокс“. Иако описот за конкретните продукти и услуги кои компанијата ги нуди во интервјуата не беа јасни, ништо не сугерираше на скандалот кој се појави подоцна под името „Грчкиот Вотергејт“. Кратко по објавувањето на извештатите на „Ситизен Лаб“ (Citizen Lab), Иво Малинковски ги избриша своите профили на социјалните мрежи и огромен дел од интервјуата претходно дадени претежно за медиуми од лајфстајл и забавен карактер. 
Дилијан оставил свои траги во Македонија, тоа го покажуваат и документите од Централниот регистар во Северна Македонија во кои ИРЛ имаше увид. Компанијата „Сајтрокс“ е формирана во март 2017 година како акционерско друштво од шест странски бизнисмени, од кои петмина од Израел (Дрор Харпаз, Шарон Адлер, Аврахам Рубинштајн, Ејал Аврахам Орен, Алон Арабов) и еден од Унгарија (Ротем Фаркаш). Иво Малинковски бил поставен за управител на компанијата, а ветеранот на воздухопловните сили на Израел, Меир Шамир, е вистинскиот сопственик на компанијата, покажаа документите регистарот на вистински сопственици. Сите овие лица имаат конекција со Тал Дилијан, според јавно достапните документи во неколку држави. Дилијан е шефот на „Интелекса“.

Документацијата, покажува дека Дилијан ги проширувал своите акции во Македонија. На истата адреса во Скопје на која се наоѓа „Сајтрокс“, регистрирани се уште четири други компании поврзани со Тал Дилијан. Се работи за компаниите „Сајшарк“, „Сајгнет“, „Синтелекса“ и „Сајбер Лаб“ кои се регистрирани во период од 2017 до 2020 година. Аврахам Рубинштајн заедно со Ротем Фаркаш се појавуваат во сопственичката структура на  „Сајтрокс“ и „Сајбер Лаб“, додека пак таткото на Ротем, Моше Фаркаш бил ко-сопственик на  „Сајшарк“ заедно со Иво Малинковски. Сите овие компании имаат бизнис релации со Дилијан.
Quote:
„Всушност, тоа беше една компанија. Ние сите работевме од иста канцеларија и на исти задачи. Многумина од вработените немаа поим колку вкупно компании се регистрирани, но ние знаевме дека работиме за ‘Интелекса’. Платата беше и повеќе од одлична, па никој не му беше гајле за друго“, вели за ИРЛ поранешен вработен во овие фирми во Скопје, а инсистираше да остане анонимен.

Поранешниот вработен, кој е и софтверски инженер, потврди дека тоа што се произведувало е „Предатор“, иако не знаеле каде и како се продава. 
Quote:„Моите сомнежи се дека извозот е направен преку компании во Кипар. Дали е легално или не, не би знаел, мојата работа вклучуваше други обврски. Ги обучувавме и некои од вработените во Грција. Од тука се контролираше бидејќи главниот производ на сите операции на ‘Интелекса’ беше во Скопје. Зошто, не би знаел, но можеби поради помалите трошоци за производство, фактот дека сме надвор од радарот на ЕУ, има многу фактори“, вели тој за ИРЛ.

Според извори и податоци од граничната полиција, канцеларијата во Скопје била често посетувана од различни Израелци. Вработениот не можеше да каже кои се точно тие, но знаеше за еден човек – Шахак Шалев.


Quote:„Тој беше главниот човек и беше испратен овде од самиот почеток од страна на Израелците да ги надгледува операциите на производство“, вели за ИРЛ поранешниот вработен во канцеларијата во Скопје.

Една од компаниите регистрирани во Скопје е „Сајбер Лаб“.  Со неа раководеше директорот за истражување и развој на „Интелекса“, Шахак Шалев, кој е поранешен разузнавач за сајбер безбедност во израелската војска. ИРЛ може да потврди дека Шалев престојувал во Северна Македонија од 2017 година до крајот на септември 2022 година.


„Сајбер Лаб“, според официјалните документи, била управувана од Иво Малинковски, но вистинскиот сопственик е холандската компанија „Инпедио“, која пак е во сопственост на Аврахам Рубенштајн и Ротем Фаркаш. Шахак Шалев, врз основа на неговата биографија на неговиот профил на „Линкедин“, останува вработен во „Инпедио“.


Скопје е рај за поранешните вработени во „Интелекса“

Новинарите успеаја да лоцираат и потврдат дека најмалку двајца поранешни вработени во „Интелекса“ од Грција одреден период живееја во Скопје. Според податоците што новинарите ги обезбедија, нивниот престој во Скопје започнал во втората половина на 2022 година. Односно, веднаш по откривањето на скандалот со прислушување во Грција меѓу кои таргет беше и лидерот на грчката социјалистичка опозициска партија ПАСОК, Никос Андрулакис.

Документацијата од Централниот регистар покажува дека се случиле и промени во сопственичката структура на „Сајшарк“, една од компаниите во сопственост на Моше Израел Фаркаш. Сега, барем на хартија, „Сајшарк“ е во сопственост и управуван од пензионираната баба на Иво Малинковски од страната на неговата мајка, Каља Ангелова.
Европска афера проследена со молк во Македонија
Во меѓувреме компанијата „Сајтрокс“ од Македонија добива поголемо внимание од Европскиот парламент. 
Сепцијален комитет на Европскиот парламент во моментов истражува како се користел софтвер „Предатор“, откако за комитетот станало јасно дека во повеќето европски земји, како и во репресивните африкаснки режими, истакнати политичари, новинари и граѓански активисти биле незаконски мета на следење откако нивните мобилни телефони биле „заразени“ со овој или друг малициозен софтвер (Пегасус, НСО).
Европратеничката од Холаднија, Софи ин’т Велд, која е известувач и за комитетот ПЕГА на прес-конференција ги презентираше наодите од нацрт извештајот на комисијата кој се подготвувал седум месеци. Таа посочи дека сите земји членки на Европската Унија имаат на достапност таков софтвер, иако тоа не го признаваат. На страница 36 од документот, има цело поглавје посветено на македонските конекции. Софи ин’т Велд му пишала на Тал Дилијан и барала детали од него. 
Quote:„Компанијата ‘Сајторкс’, која е во сопственост на ‘Интелекса’, започнува како старт ап бизнис во Македонија, но според ‘Форбс’ сте ја спасиле од банкрот со пет милиони долари. Се чини дека корпоративната структура е широко распространета со со корпоративно присутство во Унгарија, Израел и трансфер на акции во корпоративен ентитет на Британските Девствени Острови. Може ли да ни дадете информации за вашата моментална и претходна улога во ‘Сајтрокс’ како и за врската помеѓу ‘Сајтрокс’ и ‘Интелекса’. Може ли ‘Интелекса’ да даде коментар зошто има бизнис потфати на Британските Девствени Острови? Може ли ‘Интелеска’ да појасни дали ‘Сајтрокс’ префрлил дел од своите акции на Британските Девствени Острови?“, се наведува во писмото до Тал Дилијан, на кое нема одговор. 
 
Според холандската европратеничка, проблемот е во тоа што софтверот бил злоупотребен, што преставува огромна закана за демократијата. 
Министерството за внатрешни работи за Истражувачката репортерска лабараторија (ИРЛ) тврди дека никогаш не издале одобрение за производство и продажба на овој софтвер и дека нивната одговорност завршила тука. Експертите не се согласуваат, како и парламентарната комисија задолжена да ја следи работата на безбедносните агенции. 
Европските парламентарци контра тврдењата на Интелекса, Сајтрокс од Скопје молчи
Компанијата Интелекса достави допис до новинарскиот тим од Грција и Македонија во којшто наместо одговори на конкретните новинарски прашања, тие ги обвинија новинарите дека се мешале во изборите во Грција кои што престојат. Компанијата Сајтрокс од Скопје одби да одговори на прашањата.
„За жал престојните грчки избори предизвикуваат, медиумите да рециклираат легенди и бајки за нашите активности. Немаме намера да уествуваме во овој лов на вештерки бидејќи не сме дел од изборната кампања“
„Ние сме целосно регулирани со законодавството на ЕУ, постапуваме во согласност со законот и продолжуваме да соработуваме со релевантните надлежни органи“
Истовремено, тие тврдат дека работат согласно ЕУ регулативите. Нивните одговори и ги препративме на пратеничката Софија Ин'велтсо цел да разјасниме дали компанијата навистина ја следи европската регулатива. Таа тврди дека тоа не е точно.

„Целосно регулирано со правото во ЕУ“ е продажен слоган, освен Интелекса не објасни точно на кои правила се однесуваат и како тие се усогласени. Тие веќе се казнети за не соработка со грчките власти и за прекршување на правилата на Кипар. Тие очигледно извозувале шпионски софтвер во Судан, што значи дека се прекршени правилата за извоз на ЕУ. Покрај тоа Интелска одби да соработува со Европскиот парламент.
Владата во Македонија, или попрецизно Министерството за внатрешни работи требаше да поднесе кривична пријава, велат безбедносните експерти кои ги контактираше Истражувачката репортерска лабараторија. 
 
Професорката Светлана Николовска од Факултетот за безбедност при Универзитетот Св. Климент Охридски посочи дека македонските институции треба да бидат многу внимателни кон проблемот со незаконско следење на комуникациите. За вакви незаконски активности, според неа МВР треба веднаш да постапи во координација со јавен обвинител.
 
Quote:„Ваквите незаконски однесувања се содржани во повеќе кривични дела кои се гонат по службена должност“, изјави Николовска. 
 
Министерството за внатрешни работи имаше сознанија дека македонската компанија „Сајтрокс“ планира да извезува и увезува софтвер за следење на комуникациите. 
Иако МВР официјално тврди дека никогаш не го овластило барањето за изработка на овој софтвер.
Професроката Николовска го наведе членот 286 од Кривичниот законик на Македонија, кој предвидува парична казна или казна затвор до три години за секој што со намера неовластено ќе пушти во оптек, увезува, извезува или или дистрибуира софтвер. 
 
Quote:„Доколку софтверот што се користи во Грција за следење на комуникациите е произведен кај нас, може да се преземат мерки и дејствија за откривање и расветлување и обезбедување докази само по барање на грчката полиција. Таа соработка оди на билатерално ниво или преку ИНТЕРОЛ, но треба да има конкретно барање и во таков случај може да работи одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР“, рече професорката Николовска. 
 
Но до сега немаше напор за координација. Грчките правосудни органи соопштија дека не контактирале со властите во Скопје за производство на нелегален шпионски софтвер. На прашањата до Кипар, каде е главната извозна активност на компанијата на Тал Дилијан, кипарските правосудни власти потврдија дека не биле во контакт со колегите од Македонија по однос на ова прашање.
18-04-2023, 01:37 AM
Reply