Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛАБОВИЌ-ЈАС
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,680
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Миодраг Лабовиќ
 пред 8 часа
Почитувани пријатели, се обидувам да разјаснам некои работи во сложениот мозаик, со оглед на тоа што очигледно коцките во тој мозаик не успееа да ги сложат дури и некои мои најблиски пријатели и колеги. Имено, ова емисија уште еднаш јасно покажа , како пред вештите ораторски способности на мојот соговорник “кровот“ може да стане “темел“ и на таа искривена перцепција повторно и повторно да се воодушевуваме на инаку сосема точните констатации, кои не одат подалеку од тоа (хиперболично и метафорично да се изразам), кога на пример полагаме испит по математика на факултет и се воодушевуваме дека сме го знаеле одговорот на прашањето дека 1+1=2 и тука да ја завршиме целата дискусија. Во тој контекст, прашањето за потребата од утврдување ОДГОВОРНОСТ за судиите и ЈО. е надвор од секоја дискусија, бидејќи ние 30 г. констатираме дека е потребно да се утврди ОДГОВОРНОСТ. Но, вистинското прашање не е дали ни треба одговорност, оти ван секоја дискусија е дека тоа е повеќе од потребно, оти без одговорност нема конкуренција, без конкуренција нема квалитет, а без квалитет нема развој во ниту една област . Според тоа, вистинското прашање ( равенка со 99 непознати) е кој и како да ја утврди оваа одговорност, кога исто така, знаеме дека 30 г. во судството и обвинителството, но и во сите други значајни сфери, фактичката контрола ја има извршната власт врз телата кои се надлежни да ја утврдуваат одговорноста. Оттука, логиката вели дека најпрво треба темелни структурни реформи во системите, со цел да се на нов квалитативен начин конституираат оптимално независни институции (тела), имајќи предвид дека апсолутна независност нема, а потоа да се изведе доследно развиен систем на поделба на власта, со меѓусебна контрола на круцијалните државни институции на највисоко ниво, во кое ни една институција, не само владата, нема да остане надвор од контрола. Ние и сега имаме независни институции, но само од формално правен аспект. Фактички, се покажува дека 30 г. со помал или поголем обем и интензитет извшрната власт има фактичка контрола врз формално правно независните институции, какви што се на пример, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители итн. За да има утврдување на вистинска, објективна одговорност, освен прашањето дали ние сега во нашиот правен систем имаме оптимално независни институции, кои ќе го прават тоа, треба да се постави прашањето ( а прашањето е веќе поставено и дадени се одговори на причините и решенијата во научната студија на проф. д-р Миодраг Лабовиќ), за тоа што друго треба да се направи освен конституирањето на независни институции и нивна меѓусебна контрола. Тоа е третото ниво ( а ги има дури девет -9 нивоа, но заради просторот овде неможам да ве оптеретувам). Во ова трето ниво , потребна е темелна структурна реформа во политичкиот систем, во која една од најважните цели е Владата да се ослободи од огромната концентрација на неконтролирана моќ, имајќи го предвид неспорниот емпириски факт дека во трипартитната поделба на власта, владата е повеќе од доминантна ( своевидна четврта власт е уставниот суд, како и други државни институции кои декларативно се само независни). За таа цел, меѓудругите многубројни решенија, во научната студија се предвидени и решенија како владата да се демонополизира од нетипичните владини функции, на главен кадровик, главен работодавач и главен инвенститор во државата. Оттука, погрешни се заклучоците дека Лабовиќ заговара развалстување на Валадата, деконцентрација или децентрализација не нејзините оригинерни функции. Напротив, сите типично владини функции остануваат, како што се водењто на тековните економски, финансиски, енергетски, надворешни, безбедносни, еколошки, здравствени, образовни и други политики. Владата реба да се ослободи само од нејзините нетипични ингеренции, кои во едно фрагилно општество добиваат сосема други димензии отколку што е тоа случај со општествата кои имаат долготрајни праламантарни традиции, сосема поинаков тип политичка култура, правна свест, долготрајна државност, некои од водечките земји во ЕУ и НАТО до скоро беа империјални колонијални сили, така што заради сите тие фактори имаат и различен менталитет итн Оттука, само со темелни структурни реформи во системите, независните институции ќе можат да бидат во состојба на баланс, ќе моѓат меѓусебно да се контролираат и да ја утврдуваат неселективно и објективно одговорноста на сите. Иначе, постојат разни модуси, како тоа да се направи. ВЕТИНГОТ ЗА кој зборуваше почитуваниот Г-дин Давидовиќ е една од најслабите варијанти, затоа што тоа може да биде кампањска хајка на едни партиски инструментализирани чинители против други партиски послушници. Впрочем, ветингот не ги даде очекуваните резултати ниту во Ачлбанија, која се споменува. Факт е дека Албанија останува закопана во високата корупција и дека таму допрва се потребни вистински темелни реформи. Решението е во системски втемелена перманентна постапка за утврдување одговорност, која нема да зависи од тоа дали имамло или немало политичка воља, без оглед која политичка партија ќе ја има власта. За жал, заради честите прекинувања и забрзување на дискусијата, не можеше ова сталожено да се објасни на самата емисија. Се надевам дека барем малку нешто појаснив, во инаку доста обемниот и сложен мозаик, во кој повторувам: не им е лесно ниту на универзитетските професори, ниту на експертите, да ги сложат коцките.




30-10-2022, 09:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,680
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Јордан Петровски
пред 6 часа

Почитуван господине Лабовиќ за почеток ке го цитирам последниот заклучок на Комитетот за надворешни работи на ЕП донесен на 26.10.2021 година. Во заклучок се вели:
„Акутно свесни за извештаите и обвинувањата за врски меѓу политичките фигури на високо ниво и организираните криминални групи, европратениците ја нагласуваат потребата да се искорени политичките и административните врски со организираниот криминал преку јасни заштитни мерки против корупцијата и ефикасно гонење на случаи на корупција од висок профил.
Врски помеѓу организираниот криминал, политиката и бизнисот постоеја уште пред распадот на Југославија и продолжија по завршувањето на конфликтите од 1990-тите години ...“
Значи Комитетот го детектира проблемот 100% а во телата, институциите кои треба да го спроведат заклучокот, да ги направат реформите се луѓе кои го пренеле тој систем и во Самостојна Р. Македонија и се чувари на тој криминално корупциски систем!
Ке ве потсетам и на изјавите на господата Ванхауте и Прибе во која јасно укажаа дека во Македонија проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ. Беа јани во дефинирањето тие посочија : „ вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени. Рано е да се зборува за каков било друг план“!„
Советот на Европа со своите Резолуциии ни го „нацрта“ патот по кој треба да тргнеме за да ги одстраниме аномалиите, односно да не ги пренесеме криминалот, корупцијата , политичкото влијание врз институциите судовите во сите инстанци па и во Уставниот Суд.
Ке ве потсетам на предупредувањето што ке се случи во Македонија а кое беше истакната во Резолуцијата 1096 ако не прифатиме да спроведеме лустрација или одстрнување на кадрите кои биле носители на криминалот, политички и економски, корупцијата, ...
1.Наследството на поранешните комунистички тоталитаристички системи е длабоко … ова е причината зошто старите структури и мислени обрасци треба да се демонтираат и надминат.
3.Опасностите од неуспешен процес на транзиција се повеќекратни. Во најдобар случај, олигархијата ќе владее наместо демократијата, корупцијата наместо владеењето на правото и организираниот криминал наместо човековите права. …
4.Оттука, демократска држава заснована врз владеење на правото мора да го демонтира наследството на поранешните комунистички тоталитаристички системи…
6.Овој процес мора да вклучува трансформација на менталитетите (трансформација на срца и умови)…
11.Што се однесува до постапувањето со лица кои не сториле кривични дела за кои може да се гони во согласност со став 7, но кои сепак држеле високи позиции во поранешните тоталитаристички комунистички режими и ги поддржувале, Собранието забележува дека некои држави сметаат дека е потребно да се воведат административни мерки, како што се закони за лустрација или за декомунизација. Целта на овие мерки е да се исклучат лицата од вршење владина должност доколку не им се верува дека тоа ќе го сторат во согласност со демократските принципи, бидејќи тие во минатото не покажале никаква посветеност или верба во нив и немаат интерес или мотивација да направат транзиција кон нив сега.
Ако имаме примери како некои држави се справиле со минатиот систем зошто тоа не го спроведовме или спреводеме во Македонија, зошто се обидуваме да измислиме нешто што веке постои и дава резултати
Еве што стори Источна Германија:


[Image: 313424830_5534227066661673_4216112786572...e=636367DA]
30-10-2022, 09:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,680
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Милорад Лабовиќ
пред 6часа

Почитуван Г-дине Jordan D. Petrovski, Едно ттреба да ви е јасно: Сите тие цитати што ги наведувате од меѓународните организации, тела и поединци се сосема точни констатции. Но, констатциите не значат и решавање на проблемите. Така, на пример, Извештајот на ПРИБЕ е 100 % точен во делот на констатациите. Тој е сосема точен и во препораките за надминување на проблемите кои се посочуваат. Но е недоволен , најмалку 20 пати по обем и 3 нивоа е пониско ( послаб) во квалитетот односно во длабината на зафаќањето во структурите на круцијалните системи и нивните потсистеми. Ако не ви е јасно што тоа значи, или a priori мислите дека тоа е “округло па нна ќоше“, најљубезно ве упатувам да ја прочитате стратешката визија за далабоко структурни реформи во Македонија, во која за секое позначајно прашање се понудени по 7-8 алтернативни предлог - решенија. Ќе ве молам . прво прочитајте, па после споредете ги кконкретните тези и решенија за опреационализација на тие тези со било чиј друг научен труд или извештај на меѓународните организации, па да разговараме коректно и објективно- дали нешто слично сте нашле во тие цитати што ги цитирате. Само уште едно нешто сакам да потенцирам. Имајте притоа предвид дека решенијата базирани на туѓите искуства и меѓунаридните стандарди даваат одлични резултати во земјите на нивното потекло. Но, механички и некритички применети овде, тие за овие 30 г. се покажаа како целосен фијаско, бидејќи темелите на кои почиваат високо развиенеите западни земји, доскорешни колонијални империи, сегашни предводници на неолибералната доктрина која се спроведува преку екстериторијалниот неоколонијалистички империјализам, ние ги немаме таквите темели и затоа нивните решенија и стандарди се тука недоволни. Затоа е потребвна наука, да пронајде оригинални решенија или адекватно модфицирани варијанти на туѓите решенија. Иначе, што се однесува до процесот аа лустрацијата, во суштина гледано без оглед како ќе се нарекува, во сите нјзини видови и димензии, се разбира дека тој процес е потребен. Тоа е всушност прашањето за ОДГОВОРНОСТА, мината и сегашна. Но, тој процес ќе (беше) биде успешно спроведен само ако го изведуваат независни, компетентни институции, втемелени во еден развиен систем на поделба на власта, каков што на Западна Европа и САД не и потребен. Ако ме разбирате што сакам да кажам. И уште еднаш ќе ве замолам, прво прочитајте ја мојата последна научна студија ( другите не морате), за да може рамноправно да дискутираме. Потоа, имате право да коментирате, зошто јас сите тие ваши циатати ги имам прочитано, а вие ништо не сте прочитале од мене а си дозволувате да носите некои паушални заклучоци.


Quote:Јордан Петровски
пред 1 час

Miodrag Laboviс , Професоре Лабовиќ од Вас сум прочитал неколку работи кои вие сте ги качувале на вашиот профил и некои ваши интервјуа! Вашата „Предлог стратегија за правосудството во Македонија“ сум ја читал и јас ја објавив на нашиот Форум. Форум кој за жал беше хакирани 2021 година и се што беше качено од фебруари 2015 година беше избришано.
Се обидов со вас да полемизирам за една според мене најбитна работа која ги попречува сите обиди за реформа на УБК, Правосудството а со тоа и сите реформи во државата па и реформите на Прибе!!
Ова е ваша изјава!
„Мое мислење е дека доколку после осамостојувањето имало определени злоупотреби на службената положба за нарушување на човековите права и слободи од чисто идеолошко-политички причини, а не и од безбедносни причини, тогаш за тоа треба да се поведе кривична постапка. Се разбира доколку за тоа постојат валидни докази“, вели Лабовиќ.
Со оваа ваша изјава се обидов да полемизирам со објава на мој текст во Слободна Европа каде што беше објавена и вашата изјава!
Вие сте многу постручен од мене па затоа би сакал првин да го разјаниме термиот „злоупотреба на службена положба“!
Според мое лаичко размислување такава злоупотреба е кога тоа го прави еден човек или група на луѓе вработени во една институција или во неколку институции, кои тоа го правеле да прибават некаква корист.
Во Р. Македонија според Уставниот закон од 1991 година сите Закони, Уредби, Правилници кои не биле во склад со Уставот морале да се усогласат со Уставот во рок од ЕДНА година!! Во Р. Македонија законот за работа на СДБ го употребува членот 24 од Законот за основите на системот на државна безбедност на СФРЈ - („Службен лист на СФРЈ“ бр. 15/84 )во сите Решенија за прислушкување според доказите со кои располагам до 1996 година. За да се протнат уште кршења на Уставот во 1992 година се носат ПРАВИЛА за работа за работа на СДБ кои се објавуват во ПОСЕБЕН значи таен службен весник достапен на тесен круг на институции и луѓе! Тој Посебен службен весник е под број 25/92.
Тој правилник го донела владата, го попишал Претседателот на државата-Глигоров, Посебниот службен весник , весниккој НЕ Е УСТАВЕН! Тој посебен службен весник го добил, Претседателот на државата, Уставниот суд, директорот СДБ, Министерот за Полиција, Правда и не знам уште кој... значи врвот на самиот политички, законодавен и судски систем!!
Моето прашање е дали во овој случај постои злоупотреба на службена должност на еден или десет или 100 вработени во разни институции или јасно е дека ние на дело имаме екстремна неправда, подржана, заштитена од државата, односно од инстититуциите на државата кои треба да се грижат да се почитува Уставот, да се почитува сите Закони, Уредби, Правила за работа, Деловници за работа, Статути на партии, здруженија .... да бидат во согласност со Уставот.
пс. истите Правилникот за работа на ДБК се вметнати и во Законот за МВР кој стапил во сила на 06.04.1995 година, значи нешто помалку од три години од последниот рок кога според Уставниот закон морал да биде донесен!
И дека е користени тие неуставни правила објавени повторно во ПОСЕБЕН-Таен службен весник под број10 од 31.10. 1995 година и Упатсво за постпка и користење на оперативни технички средста и методи на работници со посебни овластувања.

[Image: 313195061_5534895736594806_7771457358958...e=63648984]
30-10-2022, 09:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,680
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Jordan D. Petrovski, Почитуван Професоре Miodrag Labovic, очекував дека ке дадете објаснување или одговор на моето прашање како на кој начин и кој ке биде опфатен со кривичниот прогон за злоупотреба на службена положба во неуставните прислушкувања кои се вршени во период 1992-1998 година! Прогоните и прислушкувањата кои се правени со кршење на Усавниот закон, со објавата на правилата во не уставниот „посебен службен весник“


Reply 2d





Quote:Jordan D. Petrovski
Ке прикачам линк до колкумна-сведоштво кое ја открива причината зошто секој обид да се навлезе подлабоко во онаа што го правела и прави идеолошката полиција во Македонија наидува на непробоен молк!
„-Сите ние што пораснавме во Русија (или било која држава со едноумниот тоталитарен комунистички систем м.з) сме внуци на жртви и џелати. Се е апсолутно, се без исклучок. Немаше жртви во вашето семејство? Значи имаше џелати. Немаше џелати? Значи имаше жртви. Немаше жртви, немаше џелати? Значи има тајни.“
„-Десетици милиони загинаа. Преживеаните - стотици милиони.
Има стотици милиони луѓе кои го пренеле својот страв, својата болка, ...“

http://macedonianinformationcentre.org/a...elati.html

Reply 1d
04-11-2022, 12:11 AM
Reply