Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РЕМЕНСКИ ПРОДОЛЖУВА СО ОДБРАНА НА ТОТАЛИТАРНИОТ КОМУНИСТИЧКИ СИСТЕМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Frosina Remenski
7 h

[Image: 1f6a9.png] РЕЖИМ ...


[Image: 312244484_640671987497247_24525620485750...e=635FAFC0]

Кого потсетуваме дека сме се бореле и сме срушиле режим[Image: 2753.png]
Оние што го почувствуваа и доживуваа режимот во најсурова форма или оние кои го заборавија ?
Мислам дека овие вторите. Тие впрочем и никогаш не го почувствувале, не се бореле и чекале некој да го сруши, за да се приклучат на победата.
А кои се тие
Познавам/познавате многу такви. Тоа се сите извршители, климоглавци, улизици и самопрогласени „професионалци“ кои ги исполнуваа желбите на режимската матрица со години и со својата „професионалност“ ја заробуваа државата подлабоко и подлабоко.
Додека ја вршеа таа доброволна мисија зафатија и лев правец кога намирисаа промени. Промената на власта се случи и додека борците уморни и ранети збиваа душа и се надеваа на ослободување за сите од спрегите на притисоци, мобинзи и тортури носени на грб со години, г'мизавците и институционалниот полусвет успеа да им се упика на ново-поставените функционери. Стандардно упикување со две-три ситни „предавства на бившите“ и онаа позната фраза „ние цело време бевме со вас и работевме за вас“.
Толку излитено делува оваа фраза, а толку стана популарна што функционерите со време заборавија да ги прашат за нивната „режимска улога“ и во која манџа биле зачин или запршка. Таа лагодност без прашања за нивната одговорност, удел и извршителство на „режимски наредби“ ги осили и им овозможи да ги освојат симпатиите на оние кои по пат заборавија или „го доживеале режимот во некоја кожна (пратеничка) фотеља“. Опиени од восхитот на „режимските професионалци“, на ново-дојдените функционери полека почнаа да им пречат борците против режимот кои од нив бараа да засукаат ракави, да се зафатат со работа, со утврдување одговорност и со деинсталација на режимската матрица. Тоа не подразбираше реваншизам или гола кадровска промена, туку преиспитување на начинот на работа, режимскиот удел и блокада на антисистемот.
И така наместо деинсталација се случи реинсталација на исти и слични структури кои преку ноќ облекоа руво на „професионалци“, а досадните и упорните борци станаа вишок на масата на која престана да се зборува за иднина без режимски инсталации и за „никогаш да не се повтори“.
Денес истите тие „режимски инсталации“ стојат на вратот на сите оние кои не мрднаа со прст да ги деинстралираат, што би рекол еден полицаец „тоа што тогаш го работеа за нив, сега го работат за вас“.
Ако синонимот за режимот беше Груевски и Мијалков, тогаш дали кога зборуваме дека треба да се бориме режимот да не се врати мислиме на нив двајца или и на нивните извршители тука? Оној што го чекаат од Будимпешта да се врати, тој прв влезе во ЕУ како азилант, заедно со бегалците во Грција – Горан Грујевски и Никола Бошковски ..., а братучедот со живи маки додржува во затвор, молчи злобно и сонува за денот на освета за посниот затворски живот.
Ниту овие ќе се вратат, ниту братучедот ќе излезе од затвор како што го лажеа („само 60 дена“) и дозволивме како држава и народ да се мајтапи со системот кога „некој го врати од бегство“. Но, турбо работат нивните инсталации и „професионалци“ во ресорите кои го креираа злото – МВР, УБК и ОЈО ГОКК. Така нечепнати имаа време „уз дуж и попреку“ да ги сработат оние на кои им се упикуваа секој ден и „им ставија две нозе во една чизма“. Тој „професионализам“ успеа да спроведе операции и да ги анулира сите силни алки во ланецот кој му беше околу вратот на тој режим – секој човек што беше алка во тој нераскинлив ланец. Па така, институциите против кои се боревме станаа олицетворение на развој и реформа, а режимските извршители продолжија да диктираат темпо на одговорност за сите кои успејаа да ги срушат и не им се покорија.
Така да, другари мои кога следниот пат ќе зборувате за „режим“ и ликовите од режимот, свртете се околу вас со поглед лево-десно, за да видите дека многу фронтмени ги нема до вас, не по нивна вина. Дали се прашувате каде се и како го разбираат повикот за победа против режимот кој ќе се врател? Дали се прашувате кој требаше да направи тој да исчезне и од реторика и од институции, а камоли да се врати?
Груевски нема да се врати, тој си замина благодарение на режимската инсталација, државното (унапредено) обезбедување од МВР и борбата со режимот на оние од фотеља – без одговорност ..., со нарачана обвинителска манипулација дека fucking „истрагата за бегството е во тек“ ...
Не другари, јас не очекувам за режим да ми зборува првоповиканиот полицаец кој имаше главна задача да го деинсталира од изворот на сите хаварии – МВР. Очекував да го деинсталира режимот, а не да ги думка на колено неговите слуги и да покажува со прст кон борците кои страдаа и за неговата и за многу други владини фотељи.
Режимот не е само 27 Април – тој е многу повеќе на што се сеќаваме секогаш кога сакаме да асоцираме на време кое никој не сака да се повтори – или пак, потајно сака.
Тој што страдал знае и без да го потсетувате.
Тој што се борел ќе се бори пак, независно какво лице ќе добие режимот.
Но, тој што заборавил дека режимските кучиња знаат и да касаат и да се умилкуваат, никогаш и не знаеле како функционира режим.
Режимските кучиња кои ги натовивте не се за борба и за работа – тие чуваат стража на антисистемот кој си функционира и без режим.
Затоа без демагогија и плачки ..., никој нема да се врати ако не му биде дозволено да се врати – исто како што никој не избега, ако не му беше дозволено да бега.




Не знам што се случува со Вас почитувана госпоѓо Ременски, читајки ги текстови кои ги објавувате во последните година или две во кои упорно се обидувате да го сокриете изворот на злото во Македонија , добивам впечаток како тоа да не го пишувате Вие, правејки паралела со онаа што се го пишувале и говореле пред меколку години! Во новите текстови ги игнорирате Резолуциите на Советот на Европа а бевте нивни подржувач, ги игнорирате заклучоците на Комитетот за надворешни работои на Европскиот Парламент, ги игнорирате мислењата на Венецијанската комисија!
Груевски и Режимот како што велите Вие , неможел да изникне во држава која била демократска и во која Уставот и законите се почитувале а згора на тоа и со луѓе на битни позиции во безбедноста, судството од времето на владеењето на вашата партија!!
Секое доаѓање на власт на вашата партија било не регуларно, проследено со насилие и поткуп, кршење на Устав, изборни кражби ...!!
СДБ работела по закони на СФРЈ се до 1996 госдина според доказите кои се достапни, што значи дека постои сомнеж дека неуставната работа продолжила и по 1996 година.
Да ве потсетам на последниот заклучок на Комитетот за надворешни работи на ЕП донесен на 26.10.2021 година. Во кој се вели:
-„Врски помеѓу организираниот криминал, политиката и бизнисот постоеја уште пред распадот на Југославија и продолжија по завршувањето на конфликтите од 1990-тите години ...“
Досега ниту една комисија на ЕП не била толку прецизна во детектирањето на проблемот во Македонија.
Прибе и Ванхауте исто така беа многу јасни каде е проблемнот во Македонија.
Ќе го цитирам Ванхауте:
-„Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ. Вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени. Рано е да се зборува за каков било друг план - рече Ванхауте.“
Да ве потсетам и на изјавата на Секретарот на Венецијанската комисија господинот Маркет во која укажа дека лустрација во Македонија морало да има и за период после 1991 година, а причината за таквото мислење е дека комунистичкиот, недемокраски и криминален систем од пред 1991 година не бил смент и продолжил да опстојува и после осамостојувањето, односно го кажа онаа што денеска е заклучок на заклучокот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент!
27-10-2022, 01:03 PM
Reply