Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Бугарски фалсификати и манипулации: „БМОРК“
Author Message
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:
[Image: 12065850_1279878368704717_87802998880855...e=637C01F2]


Уставот на „БМОРК“ е документ пронајден во 1961 г. и eлaбopиран од историчарот Иван Катарџиев во „Гласник на Институтот за Национална Историја“. Катарџиев го добил од бугарски колеги, од бугарските архиви. Целото име на уставот гласи: „Устав на Буг. македон-одр. револ. комитети“.
Во написот посветен на овој документ, Катарџиев вели дека тоа може да е првиот устав на Македонската Револуционерна Организација (МРО – ТМОРО – ВМОРО – ВМРО), усвоен 1894 г. Ова мнение е во речиси целосна согласност со бугарската историографија, којашто исто така тврди дека статутов е автентичен.
Но, со што се поткрепени тие тези? Има ли какви било издржани аргументи освен тоа парче хартија? Уставот на „БМОРК“ сам по себе не е доволно цврст доказ за својата автентичност.
Каде и кога е споменат тој Устав под тоа име? Има ли записи, сведоштва од 1894, од крајот на 19. век, или непосредно потоа, кои говорат за тој устав на „БМОРК“? Има ли официјални документи на МРО со печатот на „БМОРК“ на нив? Како изгледал тој печат? – Нема никакви записи околу тоа.
Протоколарната документација не посочува никаква поврзаност на МРО со Уставот на „БМОРК“. Постојат и извесни недоречености и противречности во сведоштвата на самите основоположници на Организацијата, како и недоумици меѓу историчарите, коишто се однесуваат на датирањето на уставот, на неговиот статут, како и за членувањето во самата Организација.
И секако, при сето тоа, се јавуваат разногласија. Иван Катарџиев во гореспоменатиот напис сепак признава дека „податоците од мемоарската литература не се во согласност со содржината на овој „Устав“.“ („Гласник на Институтот за Национална Историја“, Скопје, 1961, стр. 156.) Врз основа на подоцнежната бугарска историографија пак, постоjат и мислења, дека името БМОРК Организациjата го добила во 1896 или 1897 г. и го носела до 1902 г. (Константин Пандев: "Устави и правилници на ВМОРО преди Илинденско-Преображенското въстание", Исторически преглед, 1969, кн. I, стр. 68–80.)
Голем дел од македонската историографија смета дека овој документ воопшто не е дело на МРО и не ги одразува идеите на нејзините основачи, за разлика од Уставот на ТМОРО усвоен на Солунскиот конгрес од 1896. (Блаже Ристовски: „Столетија на македонската свест'', Скoпje, „Kултура“, 2001, стр. 34.)
Ова тврдење е поткрепено со фактот што ниеден од основачите на МРО, ниту пак првите македонски револуционери, не го именуваат Централниот Комитет како „БМОРК“. Тоа значи дека не се знае кој е авторот на тој статут, од кога датира итн.
Секако, тука е и недостатокот на изворна протоколарна документација, како што рековме погоре, заверена со печатот на „БМОРК“. Сите документи на МРО се заверени со печатот на ЦМРК (Централен Македонски Револуционерен Комитет), ЦК или МЦРК.
Други подоцнежни називи за централниот и месните комитети се: Македонски Тајни Револуциони Комитети (МТРК, од записка во Битолскиот Округ во 1900 г.), Таен Централен Револуционен Македоно-одрински Комитет (ТЦРМОК), ТРЦМОК, ЦТРМОК итн.
Да видиме што велат основачите на Организацијата:
— Христо Татарчев (за кого се знае дека, под влијание на бугарската пропаганда ја прифатил наметнатата бугарска национална идеја и определба, и никогаш вистински не се откажал од неа, односно никогаш не го исклучувa припојувањето на Македонија кон Бугарија) ;
— Дамјан (Даме) Груев (анти-егзархист, а во одредени прилики и анти-бугарист, кој повикувал на борба против бугарската пропаганда) ; и
— Иван Хаџиниколов (главен иницијатор за создавање на Организацијата, којшто отворено говори за Македонија како етнографска целина, за автономна Македонија и за самостојна македонска политика и уредување, независни од која било соседна влада, како најдобро решение за македонското национално прашање).
Во своите „Спомени“ првиот претседател на ВМРО Христо Татарчев вели дека првото име на Организацијата било Македонска Револуционерна Организација, а Комитетот бил именуван - Централен Македонски Револуционерен Комитет, скратено ЦМРК. Даме Груев, исто така основач на ВМРО, само го споменува Комитетот како Централен Комитет.
Ниеден од првите дејци на ВМРО коишто оставиле некакви записи за овие настани, не говорат за „БМОРК“, туку за ЦМРК, или ЦК. Тоа е во потполна согласност со начелата поставени од иницијаторот Иван Хаџиниколов.
Eвe кои се начелата на Организацијата, според написот на Иван Хаџиниколов насловен „Основањето на ВМРО“:
— „…Во јули 1892 год. заминав во Софија. Таму се сретнав со Коста Шахов и му го изнесов планот, а тој за соодветен и авторитетен човек ми го посочи Гоце Делчев, уште јункер во военото училиште. Шахов ни закажа средба во неговата печатница во идната недела… На нашата средба јас ја оцртав положбата на нашето национално дело во Македонија...
- Револуционерната организација да се оснава внатре во Македонија и да дејствува таму, за да не можат Грците и Србите да ја толкуваат како орудие на бугарска влада ;
- Нејзината територија ја сочинува само Македонија, во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се наречува и внатрешна, нејзините основачи да бидат месни жители и кои живеат во Македонија ;
- Политичкото мото на Органшацијата да биде автономијата на Македонија;
- Да се запазува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиката на владите на соседните словни држави ; и
- Од македонската емиграција во Бугарија и од бугарската јавност да се бара само морална и материјална поддршка за борбата на македонските револуционери.
…За изнесените пет основни поставки зборувавме цели четири часа, и во потполност се согласивме.“
Друг важен момент во исказите на Иван Хаџиниколов и Христо Татарчев е тоа дека Одринска Тракија отпрвин не влегува во програмата на ЦК, туку отпосле дошле до замислата и таа област да се вклучи кон автономна Македонија.
Татарчев, Ѓорче Петров и некои други меѓу првите македонски револуционери-идеолози велат дека Одринско подоцна било вклучено, бидејќи населението во Одринско било во иста положба со таа на македонскиот народ. Заедничките интереси и заедничкиот непријател ги натерал Македонците да бараат сојузник во Бугарите во Тракија, за заедничката борба. Така во 1896 се добило името ТМОРО.
Значи, на почетокот Организацијата не ја опфаќала Одринска Тракија, па затоа првото име немало предзнак македонско-одринска, туку само македонска. Овој факт исто така го отфрла тврдењето за „БМОРК“ како прво име.
Сѐ укажува на тоа дека ВМРО не е „БМОРК“.
23-10-2022, 11:49 PM
Reply