Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БУГАРСКО БАРАЊЕ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ НА РЕПРЕСИИ ВО КОМУНИСТИЧКИОТ ПЕРИОД
Author Message
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,577
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ЗОШТО БУГАРИЈА НЕ БАРА ОТВОРАЊЕ НА ДОСИЕАТА ПОСЛЕ 1991 КОГА БУГАРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ТОА ГО ПОБАРАА НА СРЕДБАТА СО РАДЕВ, ОДГОВОР ВО ТЕКСТОТ!



Јордан Петровски 18.07.2022

Отворање само на досиеата е опфатено во две поглавја од ПРОТОКОЛОТ:

Quote:РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ НА РЕПРЕСИИ ВО КОМУНИСТИЧКИОТ ПЕРИОД

Владата на Република Северна Македонија, во согласност со „Декларацијата за извинување на жртвите од репресиите од режимот во периодот 1945-1990 година“ усвоена во 2006 год. од Собранието на тогашната Република Македонија и во духот на Резолуцијата на Европскиот парламент за Европската совест и тоталитаризмот од 2009 год., да ја реафирмира осудата и извинувањето за неправдите и репресиите извршувани во минатото, директно или индиректно, од страна на југословенските комунистички власти против граѓани врз основа на нивното етно-политичко самоопределување, вклучително и Бугарите.
Владата на Република Северна Македонија изјавува дека ќе ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создаде јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално проучување и заштита на соодветните документи

.ПРАВНА РАМКА ЗА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ

Владата на Република Северна Македонија, во рок од една година, да ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на бившите служби на државна безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилно и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 г. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создава јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално складирање и заштита на соодветните документи.
 


Во ПРОТОКОЛОТ нема збор да се овозможат судски процеси на прогонуваните и судените. Со тоа се остава простор за голема манипулација за бројот на прогонуваните „Бугари“. Зошто го велам ова? Југословенската Тајна Полиција за да го сокрие прогонот на Македонците кои се залагале за искористувањето на правото кое им било загарантирано со Устав на сите повени Југославии, право на раздружување до отцепување од Југославија нив, прогонуваните Македонци ги етикетирала , како Бугарски Врховоисти, Ванчомихајловисти а после 1991 година како соработници на БНСР, значи сите тие луѓе може Бугарија да ги подведе под именка дека биле Бугари а таа бројка се мери во неколку стотини илјади!

Има уште една чудна работа а тоа е дека Бугарија не бара отворање на досиеата после 1991 година?? Иако такво барање од Здруженијата на Бугарите во Македонија има!
На видеото ке го слушнете барањето на делегацијата на Бугарите од Македонина да се побара од Р. Македонија отварање на досиеата и за период после 1991 година, бидејки господинот Владо Тренески јасно говори дека тој е следен и после 1991 година, значи прогонот на „Бугарите“ 
продолжил и после 1991 година






Тајната или причината за не барање на отворање на досиеата после 1991 година, досиеа кои се отворени лежи во тоа што со тие досиеа Бугарија неможе да манипулира од причина што голем број од прогонуваните се соработници на Службата на Државна Безбедниост а другиот дел кој бил прогонуван како соработници на БНСР ке излезат јавно да демантираат дека се Бугари! 
Втората причина за не барање отворање на досиеата после 1991 година лежи вофактот дека со тоа ке се види дека СДБ работела за туѓи интереси, интереси на Србија !!
Трета причина е што од досиеата ке се види и соработката на СДБ со бугарската ДС и БНСР!
За да се спречи ваквата опасност за Македоците, опасност Бугарија да мафта со бројка на неколку стотици илјади Бугари кои заради репресија после 1945 година морале да се изјаснуваат како Македонци и дека таа бројка од неколку стотини илјади „Бугари“ говори дека комунистичкиот режим на Тито со присила ги створил Македонците!
Ќе прикачам линк до текст во кој е видеото од моето гостување во емисијата „Заспи Ако Можеш“ кое беше на оваа тема  а набргу после посетата на делегацијата на здруженијата на Бугарите од Македонија кај претседателот на Бугарија Румен Радев!

ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ И КОЈ НАВИСТИНА ЈА ВОДИ МАКЕДОНИЈА
 


МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР
19-07-2022, 06:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,577
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Што сака да најде Бугарија во архивите на тајната полиција?

19.07.2022 Слаѓан Стојанчов

Македонија за една година треба целосно да ги отвори архивите на тајната полиција, стои во протоколот потпишан со Бугарија. Софија сака да пронајде докази за прогонувани Бугари во Македонија. Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов вели дека и македонските националисти биле следени по линија на „ванчомихајловизам“, но ексразузнавачот Александар Диневски вели дека има разлики во обработката на македонските националисти и пробугарските елементи.

Досиејата на тајните служби од времето на комунизмот, односно тоа што останало од нив, веќе се отворени и семејствата на прогонуваните може да ги разгледаат во Државниот архив, велат упатените во состојбите со кои разговаравме. Сепак, голем дел од архивата е уништена, дел е во Белград, дел е разграбана и завршила во приватни фиоки, а илјадници досиеја се однесени во Државниот архив.

Со потпишувањето на билатералниот протокол со Бугарија, македонската влада презеде обврска во рок од една година „да ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на бившите служби на државна безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилно и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година“.

„Оваа сеопфатна правна рамка ќе создава јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално складирање и заштита на соодветните документи“, стои во протоколот.

Бугарија долго време тврди дека во времето на комунизмот во Македонија имало прогон на луѓето со бугарска национална самосвест.
Во јавноста постои загриженост дали во досиејата на политички прогонувани од политички причини има јасна разлика меѓу оние прогонувани за македонски национализам и оние прогонувани по пробугарска линија, затоа што можеби се воделе под една категорија „ванчомихајловизам“.

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Павле Трајанов вели дека досиејата се отвораа за семејствата, и тој закон може да се прилагоди за сите да имаат пристап до нив.

„Во принцип, за да држи обработката, ги третирале како ванчомихајловисти, и покрај тоа што имале автентични промакедонски идеи, тие тука ги групирале, за да функционира обработката, демек еве тие работат за странска држава и се пробугарски елементи. Во суштина, класични пробугарски елементи многу малку биле предмет на обработка“, вели Трајанов.

Тој посочува дека има некои надувани бројки за 30 илјади настрадани Бугари во Македонија, што е апсолутно неточно, и треба да се отворат архивите, и во Македонија и во Бугарија, за да се види што има.

[Image: 01160000-0aff-0242-9191-08da696cada8_cx0...250_r1.jpg]

Ексразузнавачот Александар Диневски вели дека политичките досиеја од времето на комунизмот веќе се отворени. Според него, во Државниот архив веќе има 37 илјади досиеја. Тој вели дека Бугарија, преку нејзини извори во МВР и во Државниот архив, на нелегален начин има добиено голем број оригинални досиеја од тој период. Софија во архивите нема да го пронајде тоа што се надева, вели тој.

„Македонската служба за државна безбедност, со сите нејзини слабости и со целата нејзина репресивност и приврзаност кон единствената политичка партија која беше на власт, сепак правеше јасна дистинкција меѓу лицата гонети за врховизам, се мисли на бугарскиот врховизам, и лицата коишто беа гонети како македонски националисти. Таа линија на работа врховизам беше речиси неактивна од 70-тите години наваму. Постоеја неколку лица коишто беа во обработка, коишто главно беа во странство или некои постари лица коишто службата само по природа на нештата ги надгледуваше“, вели Диневски.

Македонија во неколку наврати ги отвораше досиејата. Прво во 2000 година, секој што се сомнева дека бил следен можеше да добие увид во своето досие, но беа редактирани за да не може да се утврдат полициските соработници, односно кодошите. Потоа, тие досиеја беа однесени во Државниот архив и до нив можеа да пристапат семејствата на следените, но потпишуваа изјави дека нема да ги обелоденат имињата на кодошите.

Во 2008 беше донесен Закон за лустрација, со кој на полициските соработници им се забрануваше вршење јавна функција, но тој закон наиде на критики дека служи за пресметка со политички неистомисленици. Во 2015 законот беше укинат, а досиејата беа однесени во Државниот архив.
Сега, Македонија презеде обврска за целосно отворање на архивите за сите што сакаат да ги истражуваат, а не само за семејствата.
Во 2016 година, Државниот архив на Македонија објави девет тома досиеја насловени „Црните страници на УДБА“, но се уште нема јасна правна рамка кои досиеја се целосно отворени за јавноста.

Европскиот парламент пред крајот на минатата година побара од земјите на Западниот Балкан да ги отворат поранешните југословенски архиви.
„Врските меѓу организираниот криминал, политиката и бизнисот постоеја и пред распадот на Југославија и беа продолжени од крајот на судирите во 90-тите, а пратениците на Европскиот парламент го осудуваат очигледниот недостиг на волја на надлежните власти во регионот да ги отворат поранешните југословенски архиви и досиејата да им се вратат на владите ако тоа го сакаат“, стои во извештајот за соработка во борбата против организираниот криминал на Западниот Балкан кој беше усвоен од Европскиот парламент на 15 декември 2021 година.


РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА
19-07-2022, 06:26 PM
Reply