Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОДГРЕВАЊЕ НА ОДАМНА ПРОКИСНАТА ЧОРБА СО ИМЕ ДРАГАН БОГДАНОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Упорноста на Софија за вградување бугарофилски инсталации во Македонија по осамостојувањето

[Image: 3-2.jpg]

Од Киро Кипроски 12:10 31.05.2022

Забележано, необјавено

По 16 месеци од основањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ (Скопје, 17 јуни 1990 г.), на крајот на октомври 1991 година, бугарската МПО успеа да ги скара и да ги раздели таткото и идеологот на партијата, Драган Богдановски и првиот претседател Љупчо Георгиевски. Тоа се случи во Торонто, Канада. Секцијата на ВМРО-ДПМНЕ од Торонто официјално го покани претседателот Георгиевски да им биде гостин, заедно со сопругата Снежана, им ги плати авионските карти, а договорено беше и дека ќе ги сноси трошоците за престој од 30 октомври до 17 ноември.
По слетувањето на авионот на аеродромот во Торонто, Георгиевски наместо да се упати кај домаќините, кои го чекале со Драган Богдановски, како што е редот, неочекувано му се придружил на бугарофилот Стојче Наумов и заедно влегле во автомобилот на Љубен Христов од Детроит, познат мповец и претседател на бугаро-македонската црква „Свети Павле“ во Детроит. Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски, крајно разочаран од постапката на претседателот, со писмо што го испрати по телефакс на редакцијата „Нова Македонија“ остро реагираше: „Почитувана редакцијо, ќе ѝ направите услуга на македонската нација ако ја објавите статијата што ви ја испраќам ’Плива ли ВМРО-ДПМНЕ во бугарски води‘“.
Виктор Цветановски, шеф на дескот на „Нова Македонија“, на 10 декември, во попладневните часови, телефонски ми се јави да проверам дали содржината на текстот е веродостојна, напишана и потпишана од Богдановски, да го потврди тоа, со тоа што текстот ќе го препрати во редакцијата и со потпис да потврди дека е негов. Цветановски ми објасни дека содржината му е неприфатлива, се сомневал дека автор на текстот е Богдановски, затоа проверува, бидејќи му личи на провокација, не сака да дозволи редакцијата да биде изложена на напади. Откако експресно ја добивме посaкуваната потврда од Богдановски, писмото беше објавено ден подоцна, на 11 декември 1991 година.
Подоцна на страницата „Писма“ беа објавени неколку писма на Драган Богдановски и реакции на Љупчо Георгиевски. Во текстот „Зошто се разидов со Љупчо Георгиевски“, Богдановски ќе напише: „Фактот што Љупчо Георгиевски не одржа ниту една средба со членовите на својата партија, а имаше време за средби со бугарските врховисти, јасно зборува дека нему му биле помили бугароманските врховисти отколку национално свесните Македонци“.
На тој начин, Љупчо Георгиевски, не сакајќи да се сретне со сопартијците во Торонто, со непромислениот гест му ја прелеа чашата на Драган Богдановски и се случи расколот меѓу нив, далеку од Македонија.

Богдановски не ја криеше разочараноста

„Моја грешка беше што прифатив да живеам во куќата на Борис Змејковски во Лисиче. Мојот пријател и соборец од дијаспората, Мане Јаковлески, ми го понуди неговиот стан во Скопје и ми велеше дека таму ќе ми биде подобро. Понудата ја одбив, многу се каам“, ми се жалеше Драган Богдановски, на кафе-средбите за време на паузите на двата конгресни дена на партијата во Прилеп, на 6 и 7 април 1991 година, кога се чувствуваше осамено.
„По неколку месеци престој во куќата, домаќинот Змејковски и претседателот Георгиевски почнаа чудно да се однесуваат, ме избегнуваа, почнаа да ме понижуваат, да измислуваат работи што не сум ги рекол, пред сопартијците ми го нарушуваа авторитетот, по секоја цена ме оцрнуваа и престојот ми стануваше неподнослив. Ова можеби беше реванш на мојот цврст став претседателот Љупчо Георгиевски да не ја прифати понудата да биде потпретседател на претседателот Киро Глигоров, а како противуслуга пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат Глигоров да биде избран за претседател на државата. На двоецот Георгиевски – Змејковски им говорев дека е голема грешка да се прифати понудата за измислена функција, со што се понижува ВМРО-ДПМНЕ. Нашата партија, која освои најмногу пратенички столчиња, наместо да биде главна и да ги води преговорите, дозволуваме други да диктираат и да се однесуваат како победници на првите парламентарни избори. Се разочарав од нив, и покрај тоа што беа заслужни за успехот и афирмацијата на партијата меѓу македонскиот народ и ги добивме изборите. Меѓутоа, кога требаше да поентираат тие се покажаа во вистинското светло, се декларираа дека се среброљупци и лажни македонски патриоти. Пред домот на културата ’Марко Цепенков‘ во Прилеп дојдоа со службени ’мерцедеси‘ со сопругите, како што го правеше тоа Тито. И тие ги применуваат квазикомунистичките манири, а на собирите и митинзите ги критикуваа за мегаломанските однесувања“.
Драган беше разочаран што го поддржувал, што имал голема доверба и што му верувал на Георгиевски дека е вистински македонски војвода, а по негов предлог делегатите на основачкиот конгрес го избраа за претседател на партијата. Меѓутоа, лажниот македонски патриотизам умешно го прикриваше, маската брзо му падна, блиските соработници се сомневаа, но немаа докази да докажат. На Богдановски уште потешко му паднало кога сопартијците му го свртеле грбот и едногласно изгласале да му се одземе признанието почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, за заслугите што ги имал за основањето и за дејствувањето на партијата.

Долги разговори во Берлин

Неколку месеци по дебаклот и разочараноста што Драган Богдановски ги доживеал во Торонто, неколку дена се дружевме и во Берлин, од каде што замина во Шведска. По неколку часа во ноќта, во станот во Берлин разговаравме и снимив на магнетофонски касети три часа мислења, ставови, коментари, искажувања за македонскиот плурализам и за иднината на македонската држава.
Едно од многуте прашања ми беше да ми објасни за причините што влијаеле да се разделат со Георгиевски, потсетувајќи го дека му беше близок соработник во годините пред основањето и по основањето на партијата и му беше негов учител?
„Како што змијата ги крие нозете, така Георгиевски го криеше бугарофилството, бугарскиот патриотизам. Додека не го избравме за претседател беше кроток и послушен, кога се зацврсти на фотелјата почна да се оддалечува од нас, од активистите од дијаспората, ги избегнуваше средбите и разговорите, не ги прифаќаше нашите идеи, ставови и мислења. Истиот проблем го имаше и Гојко Јаковлески, кој во декември 1990 година, по претходен договор со двоецот Георгиевски – Змејковски, од Берлин допатува во Скопје, со совети да им помогне во поделбата на власта со парламентарните партии. На двата договорени состаноци во Скопје, тие не се појавиле и Јаковлески се откажа од соработка, на сличен начин се случи и со мене. Еве што напишав во писмото за разидувањето со Георгиевски, објавено на 5 декември 1991 година, во ’Нова Македонија‘: ’Причината за моето разидување со Љупчо Георгиевски е Љупчевото пактирање со бугароманската врховистичка организација МПО во Америка, но и со ванчомихајловистичкото ВМРО-СДМ во Софија. Врховистичките организации го негираат постоењето на македонската нација, пактирањето со нив за мене е чин на национално предавство, за кое јас не можам да му простам на Љупчо Георгиевски‘“.
Вреди да се истакне дека не беше само Драган Богдановски разочаран од постапките на Љупчо Георгиевски, туку таквото мислење го делеа и многубројните чесни Македонци патриоти низ светот. Од непромислената и недолична постапка на Георгиевски во Торонто особено беа револтирани членовите на Македонското национално ослободително движење (МНДО), кои со децении стојат на браникот на македонската нација и водат огорчена борба против бугароманската политика на МПО. Ваквиот став тие го потврдија и во писмената реакција, потпишана од претседателот Лазар Христов, а испратена до Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа.

Стојче Наумов, бугароманска инсталација во Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа

Драган Богдановски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, по случувањата во Торонто се обрати со писмо до Мане Јаковлески, долгогодишен соработник и соборец уште во партијата ДООМ во Европа.
„Драги Мане,
Жал ми е што морам од Торонто (27.11.1991 година) да ти соопштам лоша вест. Стојче Наумов (м.з. член на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа) да ти бил човек на бугароманската ванчомихајловистичка организација МПО, која го довела во Канада. Откривме документи што го потврдуваат тоа. Преку Стојчета ванчомихајловистите сакаат целата ВМРО-ДПМНЕ да ја претворат во бугароманско-врховистичка организација. Тука во Канада, тиквата јавно пукна, на отворена трибина, пред илјада души, на прашањето дали Стојче Наумов е човек на МПО, тој не негираше, туку потврди, а го негираше постоењето на македонската нација. Мане, мислам дека и ти го делиш моето мислење дека ВМРО-ДПМНЕ може да биде само македонска национална партија и да ги чисти своите редови не само од србоманите туку и од бугароманите. Во тоа треба да бидеме одлучни, со националната чест на македонскиот народ не смееме да си играме“, пишува на крајот на писмото Богдановски.
05-07-2022, 02:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Мој одговорна текстот на Киро Кипровски кој Нова Македонија не сакаше да го објави

Quote:ДО КОГА ШИРЕЈЌИ НЕВИСТИНИ КЕ РАБОТИМЕ НА ШТЕТА НА МАКЕДОНИЈА??

Господине Кипровски, најупорни и најдоследни а можеби и единсвени во вградување на „бугарофилските инсталации“ во ВМРО ДПМНЕ биле службите на комунистичка Југославија, УДБа, КОС, СДБ за жал тоа го продолжиле и службите во „самостојна Македонија“ СДБ, ДБК, УБК!


Јордан Петровски 07.06.2022 

Реакција на текстот на текстот  Упорноста на Софија за вградување бугарофилски инсталации во Македонија по осамостојувањето  на новинарот Керо Кипровски објавен во вашиот весник на 05.06.2022 година. Мојот демант ке го пишувам нудејки/наведувајки оргинални писма, скенирани писма, сведочења од други документи кои заради просторот не ги прикачувам! На овој начин сакам самите читатели да донесат суд а на господинот Кипровски му стојам на располагање да одговорам на сите негови забелешки на моите изнесени докази кои можеби ке ги даде.

Ке почнам од „прошталното писмо“ на Драган Богдановски:

Quote:Драган Богдановски живееше во Малме, Данска. На 29 јули шведските службеници од Социјалното одделение во Малме, со помош на сосетката Јованка Ѓоревска, влегле во неговиот стан кој бил празен.

Во станот не била пронајдена никаква архива туку само едно писмо за партијата ВМРО-ДПМНЕ, кое сакал да го објави во весникот „Нова Македонија“. Тоа било негово последно писмо кое не го објави, па еве ги неговите последни проштални зборови:

Прошталното писмо

„Досегашната историја на ВМРО-ДПМНЕ јасно покажува дека таа со многубројноста на своето членство, со своето семејство во демократскиот систем на македонскиот парламентаризам, е најголемата и најзначителна македонска партија.Ни една друга партија не ги изразува стремежите и надежите на македонскиот народ за една посреќна утрешнина како што тоа го изразува ВМРО-ДПМНЕ. Македонската младина е сплотена како авангардна комуна (?) во ВМРО-ДПМНЕ. За ВМРО-ДПМНЕ може слободно да се каже дека е партија на македонската младина, бидејќи младината на секој народ е негова иднина. Затоа и ВМРО-ДПМНЕ е партија на македонската иднина.

Во ВМРО-ДПМНЕ се организирани најпатриотските политички сили на нашата македонска нација затоа е чест и гордост да се биде член или симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ. Преку ВМРО-ДПМНЕ блескаат во нова историска содржина идеалите на славниот Илинден 1903.

Секој глас даден за ВМРО-ДПМНЕ, е глас за македонска Македонија, глас за Гоце, Даме, Никола Карев и за сите други херои на македонскиот народ кои се бореле или умреле. Македонија да живее слободна и независна. И покрај колапсот на тоталитарниот комунизам и создавањето на независната македонска држава и покрај воведувањето на повеќепартискиот систем во нашата македонска држава, а сé уште не е воспоставен вистински демократски систем. Македонија денеска целата липа под србокомунистичката диктатура и ропство кое ни остана во наследство од титовистичката Југославија. Србоманскиот врховизам кој беше озаглавуван од Лазар Колишевски, денеска сé уште живее и владее во Македонија, но заглавен од новиот Султан Абдул Хамит - Киро Глигоров.

Во Македонија не може да има вистинска демократија сé додека македонскиот народ со демократски средства, не со борба, не ја испрати од власта србокомунистичката диктатура на Киро Глигоров во чиј состав влегува и денешната македонска криминална мафија. Затоа, неминовно е потребно да ја закрепнеме нашата ВМРО-ДПМНЕ. За тоа ни е потребно единство во нашата партија. Јас, како еден од основачите на нашата партија, честит вмровец што со некои мои избрзани и непромислени пишувања придонесов за создавање неединство и истребување (?)...на нашата партија.

Претсмртното каење за Љубчо и за Партијата

Со ова писмо го повлекувам како невистинито сето она што го имам напишано против нашата партија особено против нејзиниот смел водач Љубчо Георгиевски. Ги молам членовите на нашата партија да ми простат за сторениот грев, а јас од моја страна сакам искрено да се сплотам во редовите на нашата славна партија и особено ги молам од мојата смртна енергија да ги повикаме за нов и уште поуспешен став на нашата партија.

На крајот, ги поздравувам сите членови и симпатизери на нашата партија и им порачувам уште повеќе да се сплотат околу Љубчо Георгиевски, кој е гаранција дека ќе се остварат идеалите на нашата партија. Сакам да подвлечам дека опасноста за интересите на Македонија не се состои во наводната и непостојна бугароманија на Љубчо Георгиевски туку во србоманијата на Киро Глигоров- диктатор, наследник на српскиот диктатор Лазар Колишевски. Нека ова поздравно писмо биде сфатено како моја искрена исповед и како грижа на мојата совест. Идејно и со своето полувековно политичко минато припаѓам на ВМРО-ДПМНЕ. Како вмровец сакам да умрам и да бидам испратен во гробот од мои вмровци – пишува Богдановски.

Драган Богдановски своето „проштално писмо“ го заврува со следново:

-Сакам да подвлечам дека опасноста за интересите на Македонија не се состои во наводната и непостојна бугароманија на Љубчо Георгиевски ...!!

Ова писмо е превземено од весникот БИЗНИС 24 во кој одеше фељтона за Драган Богдановски под наслов:  Тажен крај на осамениот воин Фељтон – ВМРО-ДПМНЕ инаку БИЗНИС24 го има превземено од книга на Ставре Џиков посветена на ?Драган Богдановски!

Сведочење на човек кој бил многу близок со Драган , кој бил сведок на настанот и кој сеуште е жив!!

Quote:ТрајкоТрајковски-ЖЕГЛИГОВО *

Со Драган интензивно контактирам од некаде 1975 година, уште од кога дојде Драган кај мене во Г Е Р М А Н И Ј А.
Набргу потоа јас заминав за САД но контактите продолжиа ние разменивме мислење, во врска со ситуација на Б А Л К А Н . Драган велеше во Америка МАКЕДОНСКА емиграција е голема, се што е дојдено е дојдено после ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ тие се од Егејска Македонија или од Вардарска.
Бидејки ние несме имале држава тие прифатиле да се како Бугари од Македонија И БУГАРСКА ЦРКВА ЈА ПРИФАТИЛЕ, БИДЕЈКИ И ПРЕД ДОАЃАЊЕ БИЛЕ ПОД ЈУРИЗДИКЦИЈА НА Бугарска црква.
Додека Македонска црква во САД се појавува многу подоцна
Ние треба да ги вратиме тие луѓе под Македонска црква. Тој беше на мислење да дојде во Америка да влезе во МПО бидејки таа ги раководеше црквите и да ги У Б Е Д И МПО ДА ГИ СТАВАТ СИТЕ ЦРКВИ
КОИ СЕ ОД БУГАРСКА ЈУРИЗДИКЦИЈА ПОД МАКЕДОНСКА ЦРКВА И СИТЕ ЕДИНСТВЕНИ ДА ДЕЛУВАМЕ НА СВЕТСК0О НИВО.
Да создадеме едно тело и тоа тело да биде како Македонска влада. Бидејки ова влада во Македонија од Тито недава Македонско прашање да се стави на ред во ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ.

1990 Драган Б О Г Д А Н О В С К И дојде во КАНАДА. И после во ноеври 1991 дојде со Љупчо и женаму и со нив беше Стојче Наумов а ги доведе АНТЕВСКИ ВОЈЧЕ од Торонто.
Јас разбрав за ова средба од Павле брат на поп СПИРО ТАНАСКОВСКИ овој поп е од СМИЛЕВО и е оснивател на Македонска православна црква во АМЕРИКА и кога разбрав со Борис Папучковски од GERY ИНДИАНА Дојдовме во МИЧГЕН во град Д Е Т Р О И Т во хотел ХАЈАТ.
Стојче Наумов не виде и рече ти Борис може да влезеш али Трајко неможе .
Јас дојдов до сала во која се одржуваше состанок ја отворив вратата ме виде Љупчо Георгиевски, се изненади и рече од каде вие знаете дека сме тука!!! ме виде Богдановски и рече ајде Трајко влези и јас влегов внатре.
Дискусија беше 15 минути многу куса дали МПО несакаше друг да знае за што се работи бидејки изгледа да се работеше за многу важна средба околу признавање на Македонија а и други прашања. Се размени информација МПО да помогне МАКЕДОНИЈА да се признае да се ангажират сенатори. Од оваа гледано, јас гледам беше МПО ДА СЕ СТАВИ ПОД МАКЕДОНСКА КАПА. На ЉУПЧО му подари МПО неко книги.

И споменатиот од Трајко во неговото мислење,  Папучковски е сеуште жив и тој го потврдува онаа што го напиша Трајко. Папучковски бил снимател и присуствувал на сите посети на луѓе од Македонија. Папучковски е првиот човек кој го има забележено сведочењето на Драган околу неговото киндапирање!

ЖЕГЛИГОВО* е псевдоним под кој е водено досието за Трајко Трајковски од СДБ на Македонија. 


На 15.10.1991 година Драган му го праќа оваа писмо на Мане Јаковлевски:


[Image: 292247428_5203692693048447_6786683296581...e=62C9EB4F]


По излегувањето од затвор 1988 година Драган Богдановски извесен период живеел заедно со Стојче во станот во Скопје , станот на СДБ!
Стојче му бил организатор и домаќин на Драган и при посетата на Канада во ноември 1990 година!
Драган Богдановски, Мане Јаковлевски и Сточе Наумов на 01.10.1991 година заминуваат за Софија да бараат воена помош од Бугарија во случај Македонија да биде нападната од Србија! Домаќин во Бугарија им бил Красимир Каракачанов!!
Значи познанството на Драган и Стојче не било од доѓањето на Драган во Канада на 30 октомври 1991 година! 

[Image: 292250878_5203699863047730_7006976159165...e=62C9220C]

Еве го СООПШТЕНИЕТО на секцијата на ВМРО ДПМНЕ за ТОРОНТО за посетата на Љупчо Георгиевски кое соопштение во чие пишување учествувал Драган Богдановски. 
Писмото на Драган Бодановски до Мане е испратено на 27.11.1991 година во 12 часот и 35 минути а соопштението на секцијата на ВМРО ДПМНЕ е испратена од истиот телефакс на истиот датум само две минути подоцна.  И уште една работа, Љупчо Георгивески си заминува на 17.11.1991 година. Драган и Секцијата се огласуваат ДЕСЕТ дена по заминувањето на Ључо!!

[Image: 292439420_5203702319714151_7715467372411...e=62C87C66]
   

При едногодишниот предстој на Драган во Канада 1995/6 година, Драган скоро шест месеци живее заедно со Стојче Наумов??
05-07-2022, 02:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Еве ја мојата преписка со Главениот и одговорен уредник на Нобва Македонија, господинот Александар Димковски:



[Image: 1.jpg]
05-07-2022, 02:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Колумната на Кипровски за да ја „оживее“ се потруди кој друг ако не Бугарин!!

Quote:УДБА и создавањето на ВМРО-ДПМНЕ

[Image: kongresvmrodpmne.jpg?fit=732%2C372&ssl=1]

30.06.2022 Пишува: Доц. д-р Спас Ташев

По крајот на 1944 година, комунистичкиот режим во Југославија си поставил задача да работи на распаѓање, слабеење и уништување на македонско-бугарските организации во странство, а ударот е насочен против Иван Михајлов и МПО во САД, Канада, Бразил, Аргентина, Австралија, Нов Зеланд и Западна Европа.
Во 1952 година, весникот „Македонска трибуна“ пишува за првите југословенски емисари, „дека овие српско-комунистички агенти на Тито наводно дошле да пишуваат статии или книги за Америка, но всушност нивната главна задача била да ја пропагираат неуспешната политика на влаховци, колишевци и титовци “. Во 1953 година Југославија дури се обидела да организира настани во салата на македонско-бугарската црква „Св. Кирил и Методиј“ во Торонто, но се судрила со отпорот на протоереј Харалампи Илиев. Тој изјавил: „Не можеме да ја дадеме нашата сала на комунисти, на претставници на комунистичката власт во Македонија против која се бориме.
Кон крајот на 1950-тите, Белград заклучил дека за да успее македонската пропаганда во странство, мора да биде присутен умерен и контролиран антикомунизам. За таа цел се создава фиктивна група која постојано најавува преселба во Германија, Франција, Холандија или Шведска. Се тврдело дека во Европа тајно се свикуваат „македонски“ конгреси, но во 1973 година МПО добила информација дека „пропагандниот материјал веќе подготвен доаѓа од Скопје“.
Поважни се податоците за лицата кои ја вршат оваа дејност. „Има и такви кои Интерпол ги барал поради нивните нечесни постапки. Има и титовисти кои се во улога на „критичари“ на режимот на Тито… Друштвото не крие дека скопските големци и тамошните власти ги смета за свои. Но, била должна да ги критикува за некои точки – во интерес на мастер планот – да работат против бугарскиот јазик… Овие работи штабот ги напишал само за демагогија, со други зборови – за измамување некои наивни кои би кажале: „Па овие се против Југославија, против Тито и неговата влада“.
На 8 март 1973 година, МПО известува дека претставник на оваа група, без да го спомене неговото име, „пред години почнал да пишува писма до покојниот Љубен Димитров (поранешен уредник на „Македонска трибуна“) во кои тој се претставува како Бугарин. ” . Но, други чесни луѓе најдоа за потребно да испратат писма до Љубена, во кои истиот измамник ги уверувал дека македонските Словени се со македонска националност.
Години подоцна, во 1991 година, во Скопје изби скандал, принудувајќи ја МПО да открие детали. Во тоа време, новоформираната партија ВМРО-ДПМНЕ беше напуштена од Драган Богдановски, кој се смета за нејзин основач. Во написот „Дали ВМРО-ДПМНЕ плива во бугарските води“, тој се оградува од Љубчо Георгиевски, бидејќи присуствувал на состанокот на раководството на МПО во Детроит на 1 и 2 ноември 1991 година, „не спомнувајќи“ дека и тој бил таму. Во оваа прилика, на 26 декември МПО дава детали од средбата, но дава информации и за своите контакти со Драган Богдановски: „Можеби тој (Д. Богдановски) ќе се сети на неговата желба да биде уредник на „Македонска трибуна“. Или не се сеќава на средбите што ги имал со членовите на МПО“. Така, се откри дека тој е човекот кој во минатото се претставувал како Бугарин, а во исто време агитирал во корист на југословенскиот македонизам.
Конечното разоткривање на случајот се случи во 2013 година, кога Љубчо Георгиевски објави дека „Богдановски имал досие од најмалку илјада страници во кои дава извештаи на УДБА“. Оваа информација ја потврди Божин Павловски, за кого Д.Богдановски под псевдонимот „Рашомон“ ги информирал југословенските тајни служби.
Тешко е да се каже точно кога се случило прекршувањето на Драган Богдановски. Неговиот дедо бил учесник во Илинденско-Преображенското востание во 1903 година во четата на Атанас Бабата од Пазарџик. Во 1948 година бил уапсен и осуден на 4 месеци затвор, но во 1950 година ја напушта Југославија, а во 1954 година објавил дека го создава Македонскиот национален фронт и почнува да го издава весникот „Македонска искра“. Во 1958 година се преселил во Норвешка, каде што тврди дека ги „објавувал“ македонските списанија „Македонска лоза“, „Слободна Македонија“, „Македонска нација“ и весникот „Македонија“. Во 1972 година неговата организација се трансформира во Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ).
Активностите на Драган Богдановски биле следени од роднините на Иван Михајлов, а според неговата лична соработничка Вида Боева-Попова, тој во тоа време „се прикрадувал во иселеничките логори на слободниот Запад за да ги клевети преживеаните млади луѓе од јаремот на Титова Југославија“ за да бидат вратени назад во титовиот „рај“. Тоа како начин за ликвидација на бугарските емигранти. Другата задача на УДБА за Драган Богдановски била да се јавува како „уредник“ со неговото име во списанијата што излегувале во Белград и тајно да се префрлувале во Шведска и Норвешка, каде што било „дувлото“ на УДБА. Од Интерпол го барале за кражба и убиство“.
Официјалната македонска верзија тврди дека во 1977 година Драган Богдановски бил киднапиран во Париз и илегално бил префрлен во Југославија, каде што бил осуден и одлежал 11 години затвор. Според други, тој бил префрлен од началникот на УДБА во СР Македонија Тошо Шкартов и со тоа бил скриен од Интерпол кој го барал, а во наредниот период бил обучуван од југословенските служби. . Факт е дека во доцните 1980-ти тој повторно се појавува во Шведска, каде ја формира Демократската партија за македонско национално единство (ДПМНЕ), а во мај 1990 година во Берлин го подготвува формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Во исто време, неговите разузнавачки извештаи од овој период се чуваат во архивата на југословенската УДБА.
Тоа покажува дека целиот процес на политичка транзиција во Скопје бил контролиран, а главната цел била да се спречи појавата на бугарски формации. Ова е јасно од подоцнежната судбина на бугарското крило во ВМРО-ДПМНЕ, претставено од неговиот заменик-претседател Димитар Црномаров. Кога се формираше партијата, во статутот пишуваше дека е неопходна ревизија на официјалната македонска историографија, поради што Д. Црномаров предложил да почне да се кажува вистината.
Последователно, преку интриги на групата околу Д. Богдановски, во ВМРО-ДПМНЕ стана неопходно да се разбере дека „сега не е време“ за ваква ревизија. Иако кон крајот на 1991 година Богдановски поради тековната „бугаризација“ на партијата влезе во конфликт со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и ја напушти, инфилтрираните агенти на УДБА продолжија да ги расчистуваат бугарските елементи. Во септември 1993 година Д.Царномаров е протеран поради учество на прославата на годишнината од Илинденско-Преображенското востание во Бугарија. Заедно со 3.500 негови приврзаници ја создал ВМРО-Татковинска, која се сметала за бугарска партија. На 8 март 1995 година бил уапсен и задржан повеќе од три дена, а полицијата му ги одзела сите партиски документи и сите книги на литературен бугарски јазик. При овие сослушувања тој бил удрен со кундак од автомат по главата и му бил оштетен видот. На 18 октомври 1995 година Д. Царномаров и партиските активисти на ВМРО-Татковина Ристо Пецев и Григор Цурев беа уапсени и спроведени во Окружниот затвор Струмица. Во печатот под контрола на власта во Скопје, Црномаров постојано бил прогласуван за „бугарофил“. Како резултат на ова физичко и психичко малтретирање, на 3 јануари 1996 година доживеал срцев удар. Други лица како Трајан Годев, Тихомир Јајналиев, Димитар Николов, Лилјана Стоименова биле малтретирани.
Ова е само една епизода од пробивањето на демократскиот импулс во денешна Северна Македонија, како резултат на што ВМРО-ДПМНЕ стана отворена антибугарска партија, канал на српските интереси покрај Вардарот.
05-07-2022, 03:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Кипровски не се чувствуа или не се „препознава“ дека Доц. д-р Спас Ташев дава подршка на неговиот текст и се разбира дава поткрепа со „аргументи“ собрани на некоја селска чешмана кога муабетеле селските оговарачки на онаа што го навел Кипровски во насловот „Упорноста на Софија за вградување бугарофилски инсталации во Македонија по осамостојувањето

Наместо Кипровски во полемиката се појавува М-р Марјан Гијовски:

Quote:ГИЈОВСКИ: Пропагандни лаги за делото на Драган Богдановски како влог за негативна перцепција на бугарската јавност кон Македонија

[Image: dragan-bogdanovski.jpg]

Вчера, на 27.6.2022 г., електронската верзија на бугарски весник „Труд“ објави анализа на доц. д-р Спас Ташев од Институтот за истражување на населението и човекот при Бугарската академија на науки (со потесна научна специјалност меѓународни миграции, миграциски притисок и геодемографија) со наслов: „УДБА и создавањето на ВМРО-ДПМНЕ“

Текстот индиректно е посветен на Димитар Црномаров, кој меѓу другото бил член на Работното претседателство на Прилепскиот конгрес на новоформираната ВМРО-ДПМНЕ во април 1991 г., а во денешно време неговото име се поврзува со дејствувањето на клубот „Иван Михајлов“ од Битола и е претставник на бугарската заедница во Република Македонија. Анализата на доц. д-р Спас Ташев (ако може да се нарече анализа) е обид за поврзување на создавањето на ВМРО-ДПМНЕ со тајната југословенска служба, иако интересно авторот прескокнува да истакне дека политичка партија во раните 90-ти години беше прогласувана за пробугарска од политичките противници Сојуз на комунисти – Партија за демократска преобразба. Втората намера на авторот на текстот е да го прикаже Драган Богдановски, лидерот на македонската политичка опозиција во емиграција и идеен творец на ДПМНЕ (подоцна ВМРО-ДПМНЕ), како ангажирано лице од југословенските власти во борба против МПО. Како извори ги користи весникот „Македонска трибуна“, некакви анонимни соопштенија на МПО, искази на Љубчо Георгиевски, Вида Боева и веројатно на Димитар Црномаров.
Во еден дел од текстот, доц. д-р Спас Ташев тврди:

Quote:Кон крајот на 1950-тите, Белград заклучува дека за да успее македонската пропаганда во странство, мора да биде присутен умерен и контролиран антикомунизам. За таа цел се создава фиктивна група која постојано се преместува во Германија, Франција, Холандија или Шведска. Започна да се тврди дека во Европа тајно се свикуваат „македонски“ конгреси, но во 1973 година МПО добила информација дека „пропагандниот материјал е готов да доаѓа од Скопје“.

Логично се поставува прашањето зошто југословенските власти би поддржувале „македонска пропаганда“ во странство наместо општојугословенска каква што и во реалност поддржувале?! Ако знаеме дека македонството на политичката емиграција се коси по сите основи со југословенството како идеја и е радикално антикомунистичка. Илјадници страници на архивски документи го потврдуваат безкомпромисното спротиставување на македонските политички организации на она како било решено македонското прашање после Втората Светска војна.
Приоритетна и врвна цел на македонската политичка емиграција била обединета Македонија во нејзините етнички и географски граници со демократско уредување, а нејзиното дејствување било исклучиво на антикомунистичка и на антијугословенска основа. Доц. д-р Спас Ташев за да се увери во ова не мора да отвора книги и да истражува во архиви, доволно е да побара на интернет и ќе најде многу документи и извори. Ако Драган Богдановски бил експонент на таквата југословенска политика, зошто би одлежал 11 години затвор и по неговото излегување сѐ уште е предмет на обработка и со целосно нарушено физичко здравје. И неговиот помлад брат Раде Станковски има досие и преку 70 пати е повикуван на информативни разговори во полицијата.
Понатаму, авторот на „анализата“ не прави или не сака да прави разлика меѓу МПО и многубројните емигрантски организации меѓу Македонците во емиграција, кои за свои идеолошки и национални противници ги имале и МПО и југословенската држава. Со лесно пребарување на „Гугл“ или со читање на книгата „Македонија и Македонците во светот“ од академик Иван Кантарџиев, авторот може да се информира за дел од тие организации и нивните програми. Како еден од поистакнатите примери за судир меѓу југословенската Служба за државна безбедност и македонската политичка емиграција олицетворена во ДООМ е убиството на Благој Шамбевски во Минхен во 1974 година. Кога Ташев има голема желба на бугарската јавност да ѝ презентира страници од поновата македонска историја,  може да почне со тоа какви беа идеите и заложбите на Благој Шамбевски.
Во врска со наведената статија „Дали ВМРО-ДПМНЕ плива во бугарски води“ која е објавена од весникот „Нова Македонија“ на 11 декември 1991 г., Ташев пишува дека Богдановски негодувал дека Љубчо Георгиевски присуствувал на средба со раководството на МПО во Детроит во почетокот на ноември. И повторно изостава да пренесе дека негодувањето не е поради само таа причина. Имено, меѓу другото, како што наведува Богдановски, „сите средби што ги имаше Георгиевски со американски фактори му беа организирани од бугарското лоби во САД“.

Селективниот пристап на доц. д-р Спас Ташев во претставувањето на фактите повторно се потврдува кога вели дека Љубчо Георгиевски изјавил во 2013 година дека  Драган Богдановски има досие од неколку илјади страници, а тоа го потврдил и Божин Павловски. Не може виден претставник на научна академија да не знае дека толкаво досие не се води за лице кое е соработник, напротив се водело за лице кое се сметало за непријател на државното уредување. И од каде толкава доверба на Ташев во југословенската тајна служба во буквално сѐ што запишала во тоа огромно досие?! Во однос на тврдењето на писателот Божин Павловски, авторот ја изостава реакцијата на д-р Марјан Иваноски под наслов „Богдановски бил предмет на обработка, а не на соработка на СДБ“ (линк до текстот). Научник со толку висока титула мора да го знае правилото на историчарите audiatur ee altera pars. А, можеби, во некоја следна анализа, доц. д-р Спас Ташев ќе ѝ открие интересни податоци на бугарската јавност за Љубчо Георгиевски, кој самиот во неговата книга „Мојата македонска приказна – каде одиш Македонијо“ вели дека дедо му бил србоман, а татко му „класичен комунист“, понатаму дека во речиси сите партиски настапи во почетокот на 90-тите зборуваше за обединета Македонија, за македонско малцинство во Бугарија итн.
Предизвик за Ташев е да објасни на тие што го читаат дека дедото на Драган Богдановски кој бил во четата на Атанас Бабата, како дете го задојува со љубов кон Македонија и македонството до фанатизам. Според кажувањата на неговите блиски, таа опседнатост со Македонија на Богдановски е од таму.  Дали тоа значи дека македонското самочувство има подолга историја од она што ни се наметнува да мислиме. Ново сензационалистичко открие на Ташев е дека „тој не бил киднапиран во Париз и донесен во Југославија каде што одлежал 11 години затвор, туку „бил пренесен од раководителот на УДБА, Тошо Шкартов и бил скриен од Интерпол?!“. Врз основа на што е поткрепено ова тврдење никаде не е наведено, а се пренебрегнува многубројната документација од оваа фаза од животот на Богдановски, сведоштва итн. Доволно е Ташев да види фотографии од Богдановски по излегувањето од затворот, па да се увери дали бил „криен“.
Авторот наведува дека во мај 1990 г., Драган Богдановски го подготвува формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Берлин. Таков податок не постои никаде во документите, сведоштвата и литературата. На крајот, Ташев повторно се навраќа на дејствувањето на Димитар Црномаров како член на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна како основач на ВМРО-Татковинска, кој до 2006 г. е раководител на СВР-Битола.
Врз основа на изнесеното, неколку прашања сами се издвојуваат: што е тоа што го натера Димитар Црномаров, ако се претпостави дека имал бугарска самосвест, да се приклучи во ВМРО-ДПМНЕ кога Драган Богдановски уште во март 1990 г., во „Млад борец“ објави Платформа на партијата и говори за македонскиот народ во Југославија, Бугарија и Грција? Како реагирал Димитар Црномаров на говорите на претставниците на македонските организации на Прилепскиот конгрес на партијата? Зошто веднаш не ја напуштил партијата во моментот кога дознал дека таа се залага за обединета Македонија, а не за зближување на Македонија и Бугарија. Доколку Богдановски бил југословенски слуга кој ја напуштил ВМРО-ДПМНЕ во 1991 г., зошто раководството предводено од Љубчо Георгиевски го исклучува Црномаров од партијата? Верувам дека доц. д-р Спас Ташев има простор повеќе да се занимава со формирањето на партијата ВМРО во неговата држава.
Како заклучоци би издвоил дека текстот на доц. д-р Спас Ташев е во насока на негативно насочување на неговите читатели кон западниот сосед, Република Македонија. Секој совесен историчар што ќе го прочита овој текст ќе признае дека е пропаганден памфлет на неинформиран или злонамерен автор да прикрива цели страници од историјата или најнадежно кажано не ги познава. Ако веќе научникот од академијата го интересира животот и делото на македонскиот дисидент Драган Богдановски, треба да провери кој во Република Македонија сериозно се занимава со него, што има од публикуван материјал и сл. Но, еве можност да му се укаже дека најголем непријател на Богдановски беше југословенската власт на која повремено ѝ одговараше што тој истовремено е непријателски поставен кон МПО и идеите на Иван Михајлов. Тоа е човекот кој својот живот го заврши без политичка и научна кариера, без дом и семејство и материјално богаство, а СДБ дури и во 90-тите известуваше за него дека не ја научил лекцијата од затворот. Мотив за соработка со оние кои му го преполовија физичкото здравје ама му го засилија македонскиот дух – нема никаков.
Очекувано е мотив за соработки да имаат оние кои се обидуваат да го девалвираат и по 24 години од неговата смрт, со дезинформации и полуинформации. Целта на овој одговор не е докрај научно да аргументира на текстот објавен во весникот „Труд“ бидејќи дневен весник не е место за тоа, туку само да разобличи фабрикувана лага која во себе ја носи препознатливата порака, доколку некој се посветил во борбата за македонска Македонија тој по автоматизам е југословенски слуга. Крајната порака на сите вакви пропаганди четива е „демократска и европска“ – немате право на поинакво мислење.

(М-р Марјан Гијовски, докторант на Институтот за национална историја)


И докторантот Марјан Гијовски во својот текст исклучиво се држи до приказната која ја градела УДБа, за Богдановски, Шамбевски и други како големи патриоти што е далеку од вистината. Постојаст непобитни докази дека Богдановски и Шамбевски кој не е убиен се соработници на УДБа!
05-07-2022, 04:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Пак одговор на Доц. д-р Спас Ташев, одговор од кој би се засрамил секој човек ккој има малку почит кон висината!


Quote:Провокаторот Драган Богдановски

[Image: spastashev.jpg?fit=865%2C523&ssl=1]
04.07.2022 Доц. д-р Спас Ташев

На 27.06.2022 г. весникот „Труд“ го објави написот „УДБА и создавањето на ВМРО-ДПМНЕ“, еден дел од истиот беше посветен на провокаторот Драган Богдановски. Властите во Северна Македонија му градат ореол на истакнат Македонец, борец против бугарските и грчките „поробувачи“ и основач во 1990 година на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, во архивите на југословенските тајни служби категорично се вели дека тој бил нивен агент, користен за наметнување на македонизмот.
Следниот ден, скопските сајтови „Денешен“ и „Вести“ ја објавија статијата на Марјан Гиовски „Пропагандни лаги за работата на Драган Богдановски како влог за негативната перцепција на бугарското општество кон Македонија“.
И покрај емоциите, ваквите дискусии од двете страни на границата се корисни за луѓето во Бугарија и Северна Македонија да можат сами да извлечат заклучоци за вистината. Написите предизвикаа огромен одзив низ светот, бидејќи македонски Бугари од САД, Канада, Бразил, Италија и самата Северна Македонија испратија дополнителни информации за активностите на Драган Богдановски.
Квалификацијата на Гиовски за бугарските „пропагандни лаги“ е најмалиот проблем во тековната полемика. Без да се потпира на документарни извори, тој се обидува да го постави прашањето „зошто југословенските власти би ја поддржале „македонската пропаганда“ во странство, наместо сејугословенската пропаганда, која тие всушност ја поддржувале“. Наспроти позадината на концептот на „мултиперспективност“ усвоен во Скопје, ваквото прашање не звучи логично, бидејќи одговорот е кодиран во српскиот концепт на македонизмот. Белград е подготвен да се откаже од директната асимилација на населението во Македонија, но продолжува да ја води политиката на негова дебугаризација како важен елемент за геополитичко ограничување на бугарското присуство на Балканот. За остварување на оваа српска стратешка цел на Драган Богдановски му е доделена важна улога.
Судејќи по тоа што Богдановски покрај дијалектот го користел и литературниот бугарски јазик, може да се претпостави дека како дете бил воспитуван во бугарски патриотизам од неговиот дедо Богдан, кој бил четник на Атанас Димитров – Бабата. . А во овој војвода нема ништо македонско, бидејќи тој е роден во Пазарџик и бил член на Врховниот македонско-одрински комитет, што според официјалната скопска терминологија значи врховист и големобугарин.
Од тука, сепак, почнуваат прашалниците! Се вели дека Д. Богдановски основното образование го стекнал во Куманово и Битола, а потоа студирал на Земјоделскиот факултет во Земун, каде во 1948 година го основал „Македонскиот студентски клуб“, за што е осуден на 4 месеци затвор. Познавачите на овој период од неговиот живот се децидни дека тој е фатен како краде ќебиња од хостел во Белград. Тие се препознаени затоа што биле хуманитарна донација за Југославија и се обележани со вертикални линии. При ова апсење Богдановски паднал во канџите на УДБА и веќе бил скршен. Бил испратен во Сао Паоло, каде што во тоа време се формирала моќна македонско-бугарска иселеничка организација (види во „Труд“, 7 септември 2021 година), факт што го загрижувал официјален Белград. Тој имал задача да се обиде да ја неутрализира групата преку организирање на првите македонски демонстрации во Јужна Америка. За таа цел тој требало да побара од гувернерот на државата Парана да го воведе македонскиот јазик за децата емигранти. Македонските Бугари во Бразил, биле против оваа провокација, а главната заслуга ја имале Љубен Топчев и Бранко Димчев, кои сега имаат по 94 години.
По овој неуспех, Богдановски заминал во Норвешка, каде што се оженил, но неговата склоност кон кражба го довела повторно во судир со законот. Во 2016 година, поранешниот главен обвинител на Северна Македонија, Ставре Џиков, ја напиша книгата „Драган Богдановски – државен непријател“. Во него, иако го фали својот „херој“, објавува текст на судска пресуда, во чија оправданост се посочени 20 кривични дела, главно кражби, извршени од Богдановски.
Бидејќи поради овие злосторства се криел, од Интерпол објавиле потерница по него и во 1977 година станало неопходно југословенската УДБА да го спаси. За таа цел е развиена „легендата“ дека Богдановски бил киднапиран во Париз. Според информациите на извор од Скопје, кој побара анонимност, Драган Богдановски во Белград бил донесен од тогашниот шеф на ДБК Митко Николовски со југословенски дипломатски автомобил. Ова било направено за да не се откријат други агенти кои во и по 1990 година одиграле срамна улога во контролирањето на демократските процеси во денешна Северна Македонија. Според истите информации, Богдановски е агент на сојузната УДБА во Белград и затоа голем дел од неговите извештаи се чуваат таму. Соработувал индиректно со регионалната УДБА и нејзиниот наследник СДБ во Скопје.
Од Белград, Богдановски е префрлен во Скопје. Таму 18 месеци бил криен во тајниот воен објект Јасен, создаден во 1948 година, чие постоење било маскирано како „резерват“. Тоа е само 15 км. од Скопје по стариот пат за Македонски Брод и до 2010 година беше од затворен тип, во кој пристап имале само УДБА и КОС. Таму и Тито ловел неколку пати, а во останатото време местото го користела комунистичката номенклатура како изолирано место за одмор и други тајни работи. Оние кои се обидуваат да ги прикријат криминалните активности на Драган Богдановски мора да се запрашаат како 2 години по неговата „испорака“ во Југославија, ниту еден затвореник не го видел? Одговорот е јасен – затоа што се наоѓал во „Јасен“!
По обработката во тајниот објект, Богдановски е формално осуден на 13 години затвор и испратен како библиотекар во Идризово. Таму најголем „подвиг“ му е тепањето на поетот Јован Котески, кој бил член на илегална група која до 1985 година се борела за одвојување на СР Македонија од Југославија.
Во 1988 година Богдановски е „помилуван“. За да се види разликата во третманот, треба да се спореди неговиот случај со оној на Панде Ефтимов – кога Панде излезе од затвор, дури во 1993 година не му беше даден пасош, па дури и лична карта, додека на Д. Богдановски на истото време добил стан и пасош, по што бил испратен во Шведска.
Првото јавно разоткривање на Д. Богдановски се случило на 2 ноември 1991 година, кога тој заедно со Љубчо Георгиевски и Стојче Наумов се појавиле на проширениот состанок на Централниот комитет на МПО во хотелот Мериот во Детроит. Меѓутоа, таму бил присутен и бугарскиот патриот, роден во Прилеп, Коста Димевски, кој во 50-тите години на минатиот век во Париз се сретнал со провокативните активности на Богдановски. Богдановски го видел и побегнал но бил препознаен. Богдановски веднаш по враќањето во Скопје почнал да го критикува Љубчо Георгиевски за „бугаризацијата“ на ВМРО-ДПМНЕ. Ова ја поттикнало МПО на 26 декември 1991 година да објави информации за писмото на Богдановски до неа, во кое тој пишува дека е Бугарин и дека сака да стане уредник на Македонска трибина.
Љубчо Георгиевски во 1993 година се запознал со целокупното досие на Богдановски како агент и му го дал на заменикот секретар во МВР и началник на СДБ Слободан Богоевски. Во тоа време управител на тајниот објект „Јасен“ бил Георги Наумов, кој знаел и за речиси двегодишниот престој на Богдановски таму. Нејасно е зошто разоткривањето на Драган Богдановски во Скопје се случи дури во 2013 година?
Денес општеството крај Вардарот е исправено пред цивилизациски избор: да престане со фалсификувањето на минатото и да им оддаде почит на вистинските херои или да продолжи со лансирањето на измислени херои што служеле на туѓи за Македонија интереси. Токму затоа европскиот пат на Скопје бара да се декласифицираат архивите на УДБА и КОС.
05-07-2022, 04:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Во полемиката се вклучил и човекот кој за да сокрие многу битни работи за Драган докторираше експресно!!


Quote:Бугарски лаги за делото на Драган Богдановски – пишува Проф. д-р Марјан Иваноски


July 31, 2022


[Image: 193008475_998982667514737_41401966169088...96x471.jpg]

И БУГАРСКИ ЛАГИ ЗА ДЕЛОТО НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ

На 4 јули 2022 излезе статија под наслов „Провокаторот Драган Богдановски“ https://tribuna.mk/provokatorot-dragan-bogdanovski/ од бугарскиот научник доц. д-р Спас Ташев. Бомбастичен наслов, морам да признаам и како историчар кој ја проучува емиграцијата и Драган Богдановски се заинтересирав да прочитам зошто таков наслов.
Секој сериозен историчар и научник пишува и објавува написи на база на факти користејќи соодветни извори и литература. Прво што ми падна во очи е неговата констатација дека „Истовремено, во архивите на југословенските тајни служби категорично се вели дека тој бил нивен агент, користен за наметнување на македонизмот.“
Го прашувам почитуваниот доц. д-р Спас Ташев, кои архиви ги консултирал? Го повикувам јавно да ги цитира документите од кажаново. Јас го прегледав целото досие на Драган Богдановски водено од Службата за државна безбедност кое се состои од 10 архивски кутии и илјадници страници, таква констатација не сум видел па го замолувам дотичниот научник да ми цитира точна кутија, папка и наслов на документот каде се наоѓа истиот.
Неосновано напаѓајќи го историчарот м-р Марјан Гијовски, авторот на текстот тврди: „Белград е подготвен да се откаже од директната асимилација на населението во Македонија, но продолжува да ја води политиката на негова дебугаризација како важен елемент за геополитичко ограничување на бугарското присуство на Балканот. За остварување на оваа српска стратешка цел на Драган Богдановски му е доделена важна улога.“
Ќе го замолам авторот да ми посочи конкретни документи, стенограми, записи од највисокиот државно-партиски врв во Југославија со што ќе ја потврди оваа негова теза.
Потоа авторот тврди: „Судејќи по тоа што Богдановски покрај дијалектот го користел и литературниот бугарски јазик, може да се претпостави дека како дете бил воспитуван во бугарски патриотизам од неговиот дедо Богдан, кој бил четник на Атанас Димитров – Бабата“.
Драган Богдановски бил полиглот, брзото учење на јазици му било силна страна, а тоа не го прави помалку Македонец. Во сите негови текстови, написи и коресподенции со останатите емигранти го користел македонскиот литературен јазик, а помалку кумановскиот дијалект.
Еден дел од неговите текстовите се објавени во оригинална форма во едицијата „Мојата борба за Македонија“ и „За Трет Илинден“ па пресудете сами дали користи македонски јазик или некој друг. Воедно неговите објави во „Македонска нација“ исто така ви се достапни.
Следно: „Познавачите на овој период од неговиот живот се децидни дека тој е фатен како краде ќебиња од хостел во Белград. Тие се препознаени затоа што биле хуманитарна донација за Југославија и се обележани со вертикални линии. При ова апсење Богдановски паднал во канџите на УДБА и веќе бил скршен.“
Aко може авторот да ги посочи тие „познавачи на овој период од неговиот живот“ и јас би сакал да поразговарам со нив, ако веќе тоа тој го направил. Драган Богдановски одлежал затворска казна од 6 месеци, а не 4 месеци како што тврди авторот и тоа во затворот Бела Црква во Банат (Провери: ДАРМ, ф. 885, досие за Драган Богдановски, к. 745. папка V, Изјава дадена на 20.11.1977 година; ДАРМ, ф. 885, досие за Драган Богдановски, к. 746 папка I, Доверливо, наменето само за употреба на полицијата и судските органи, Интерпол април 1976, Богдановски Драган, Арх.бр. 419/73, Контролен број А9836). Зарем за „кражба на ќебиња“ некој би бил затворен 6 месеци и тоа во затвор каде најголем број биле политички осуденици?!?
Потоа авторот вели: „Бил испратен во Сао Паоло“ и се добива впечаток дека со приватен авион бил одведен до Бразил, но вистината е друга. Всушност веднаш по излегувањето од затвор, во април 1951 година, Богдановски решава да ја напушти Југославија, поради фактот што му било забрането да се запише на било кој друг факултет во Југославија. (ДАРМ, ф. 885, досие за Драган Богдановски, к. 744, Папка II, Ev.br. 127, Predmet: Razgovor voden so „Kozjak“ na 8.06.1977 godina, стр. 2.)
Драган Богдановски во јуни 1951 година се решил илегално да ја напушти Југославија и да премине во Грција. За таа цел, продал едно ќебе и еден килим што му го дала мајка му и со тие пари купил билет за воз до Скопје. Од таму продолжил до Неготино, преку Демир Капија до Гевгелија каде илегално ја поминал границата ноќта на 7 спрема 8 јуни 1951 година. (ДАРМ, ф. 885, досие за Драган Богдановски, к. 744, Папка II, Ev.br. 127, Predmet: Razgovor voden so „Kozjak“ na 8.06.1977 godina, стр.44)
Штом ја преминал границата од грчките војници бил забележан и бил одведен во воената касарна Поликастро каде бил задржан 5 дена. Потоа бил префрлен во Солун и во тамошната жандармерија бил задржан еден месец. Од Солун со воз бил префрлен во Атина, а оттаму со камион во емигрантскиот логор „Лаврион“, кој бил во непосредна близина на Атина. (ДАРМ, ф. 885, досие за Драган Богдановски, к. 746, папка III, Извештај бр. 1 од 9.06.1977 г., стр. 3)
Авторот вели: „Тој имал задача да се обиде да ја неутрализира групата преку организирање на првите македонски демонстрации во Јужна Америка.“ А јас прашувам каде е тој документ со дадената задача и од кого?
Во Јужна Америка, Драган Богдановски и Сандо Христов честопати се судрувале и жестоко се спротиставувале на пропагандната активност на МПО, која била водена од секретарот на МПО и одговорниот уредник на „Македонска Трибуна“ Љубен Димитров.
Додека бил иследуван во „Јасен“ тој детално кажува за неговото делување во Бразил (може да се провери во неговото досие к. 744, папка II, Ev.br. 127, Predmet: Razgovor voden so „Kozjak“ na 8.06.1977 godina). Ако бил „удбин агент“ зарем агентите би го прашувале за нешто што го знаат? Секој соработник на службите поднесува детални извештаи за завршената задача. Ако Богдановски бил соработник и добил таква „задача“ сигурно ќе беше архивирана во неговото досие водено од службите.
Потоа авторот пишува дека Богдановски бил обвинуван за кражби. Со оваа негова изјава, авторот ја потврдува старата македонска поговорка „Со свој камен по глава“. Потребите на ДООМ главно биле задоволувани од чланарини и донации. И ако Богдановски бил соработник на службите сигурно би бил добро финансиски поддржуван, но во својата оскудица, а поведен од макијавелизмот „Целта ги оправдува средствата“ тој понекогаш бил принуден на крајно непопуларни чекори. Сите средства оделе за потребите на Организацијата.
Богдановски немал свое живеалиште, ниту било каков имот на свое име. Тие непопуларни чекори не биле несвојствени за македонските борци низ историјата, како пример ќе ја посочам аферата Мис Стоун.
Потоа следува: „од Интерпол објавиле потерница по него и во 1977 година станало неопходно југословенската УДБА да го спаси.“
Драган Богдановски во секое време можеле да го уапсат, затоа што како политички антијугословенски емигрант службите на земјите каде се движел имале сознанија за неговите активности. Околу киднапирањето, нема да се кријам зад никаков „извор од Скопје, кој побара анонимност“ туку ќе го цитирам Иван Бабановски кој во тоа време работел во СДБ: „Неговото киднапирање и истрагата се изведуваа во апсолутна тајност. Јас тогаш бев началник на сектор и не смеевме да зборуваме ништо меѓу себе за целата акција за да не дознае јавноста.“. Секој сериозен научен работник нема на јавноста да ѝ презентира „информации на извор од Скопје, кој побара анонимност“, што спаѓа во доменот на шпекулативното новинарство, а никако во науката. За наводната соработка на Драган Богдановски со службите, треба да презентирате конкретни документи.
Всушност велите „Богдановски е формално осуден на 13 години затвор“. Кажете ми кој соработник на службите бил осуден на повеќе од една деценија затвор? Зарем тоа е наградата за соработката? Соработниците стануваа директори и академици, но не и затвореници.
Потоа авторот вели дека во затворот „најголем „подвиг“ му е тепањето на поетот Јован Котески“. Повторно замолувам да се цитира извор за овој податок. Богдановски ниту во затворот политички не мирувал, тој формирал групации со политичките истомисленици. (Види во досието на Богдановски к. 747, папка VI, Изјава од судениот Драган Богдановски, сега на издржување казна во КПД Идризово, 12.04.1987)
Авторот вели дека Богдановски по излегувањето од затвор „добил стан и пасош, по што бил испратен во Шведска.“ Имено, уште на 4 јуни 1987 година од страна на СДБ бил даден предлог за сместување во тој стан, кој воедно бил во сопственост на РСВР. За сето тоа добро да се камуфлира, од СДБ се обратиле на долгогодишниот пријател и соработник на Богдановски бизнисменот Гојко Јаковлески, со предлог да го финансира престојот на Богдановски во Скопје. Станот бил целосно озвучен за да се контролира секој здив на Богдановски (Види во досието на Богдановски к. 742, папка X, РСВР на СРМ, Евид. бр. 135, 16.06.1987, Скопје, Службена белешка, Предмет: мерки за оперативно покривање на ОО „Рашомон“ по неговото евентуално предвремено пуштање на слобода).
За случувањата на Северноамериканскиот континент во ноември 1991 година нема да го цитирам Богдановски (да не пренесувам само негов субјективен став) туку писмо од „Членови на Македонското друштво од Торонто-Канада“ под наслов „Ако козата лаже…“ во кое се критикуваат постапките на Љупчо Георгиевски при истоимената посета.
Па така во писмото меѓудругото се вели: „Кој му дал право на тој самонаречен лидер, нас Македонците да нè наречува и да нè дели на Македонци-Бугари, Македонци-Срби и Македонци-Грци. Ако самиот не знае што е, нека не ги навредува нашите национални чувства.“
Понатаму се пренесени прашањата поставени до него: „Тој во Торонто не можеше да одговори на нашите прашања: кој му го купил авионскиот билет до Канада, зошто не леташе со авион од Скопје, туку од Софија и на чија сметка престојуваше во Канада и во САД? Ние добро знаеме кој му ја организира посетата и кои беа неговите домаќини, а тоа се членовите на пробугарската организација МПО… Кога го запрашавме господинот Георгиевски зошто постојано е во придружба на Стојче Наумов, кога сите го знаеме дека соработува со бугарските врховисти и е предавник на македонството, тој тврдеше дека ништо не знаел за таквата активност на Наумов…“ (писмото е објавено во „Нова Македонија“ од 5 декември 1991 г.)
Потоа авторот вели дека Георги Наумов знаел „за речиси двегодишниот престој на Богдановски“ во „Јасен“. Тој престој во „Јасен“ никој не го негира. Таму Богдановски бил држен во изолација и испрашуван за неговото делување. Што е уште еден доказ дека не бил соработник на службите, во спротивно зошто би го испрашувале 18 месеци?
Конкретно прашање до доц. д-р Спас Ташев, дали сте Вие историчар? Апостол Павле нѐ предупредува „Трудете се да живеете тивко, да си ја гледате својата работа“ (Библијата: 1 Солунјаните 4:9) Паушалните искази и искривени факти не одат во прилог на афирмирање на науката туку само во прилог на деградирање на личноста која ги изнесува.
Проф. д-р Марјан Иваноски


ЕКСПРЕС. МК
01-08-2022, 12:29 AM
Reply