Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 15 Vote(s) - 4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КРАДАТ И БРАНКОВИСТИ И ГРУЈОВИСТИ,ПО СЕ НЕ КРАДАТ,ИСТИ,ИСТИ ...
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Во нормални држави власта и опозицијата полемизираат и се обвинуваат за раст на животни трошоци, за екологија, за доцнење на возови.....А во марионетски, кој повеке УКРАЛ. Жална е Македонија со Бранковци, Гордановци, Емилијани... Грујовци, Протоѓери, Бициклишковци.....


Дали овие писма, соопштенија доликуваат на луѓе кои ја водат државата????


Quote:[Image: tn1_vmro_dpmne150x150.jpg]

Отворено писмо од Протоѓер до Бранко Црвенковски


“Во долгата историја на човештвото, само на одредени генерации им беше доделена историската улога на изградба на Татковината во миговите на големи предизвици. Јас не бегам од оваа одговорност, напротив јас ја поздравувам.”

~ Џон Фицџералд Кенеди

И јас ја поздравувам одговорноста. Таа е дел од системот на вредности, преку која една индивидуа, водејќи се од својата совест и внатрешен суд, ги презема на себе последиците од своите постапки и дејствувања. Таа е и однос кон делата кои имаат резултанта кон објективната стварност. И таа, како што вели Делчев, е жртва која нема степен и завршува со чест и име.

Во животот не можеш да го одбереш само времето во кое си се родил и во кое живееш. Мојата генерација не го одбра времето на Бранко Црвенковски за време на својата младост. Не одбраа ни моите дедо и баба да ја доживеат староста.

Сите ние, 2 милиони граѓани на Република Македонија, не одбравме да живееме во време на рестрикции на струја и вода, на неразјаснети убиства и самоубиства, на грабеж на капиталот кој сите го создаваа-ама само некои го присвоија, време на тепање на граѓани, шверцови, криминалии, политички дилови, “губење на резултати 3:0 за да не изгубиме 5:0”, лажни ветувања, ТАТ, Лавци...Не одбравме да останеме невработени, да ни ги одземат фабриките, да ни го уништат животот. Не го одбравме Бранко Црвенковски во 1994 година. Ама тоа време го преживеавме.

Мислевме дека тоа време е завршена приказна, лош филм кој заврши, кошмар од кој се разбудивме. Го гледам сега повторно Бранко Црвенковски како оди по шталите кои ги опустоши, кај војниците кои ги нарекуваше животинско царство, кај стечајците кои ги создаде. Оди кај ѓорчепетровци и битпазарци кои бездушно ги тепаше. Велат “убиецот” секогаш се враќа на местото на злосторството, за да види дали го завршил делото, дали жртвата сеуште дише. Во обид за вешт лупинг, потценувајќи ја општествената колективна меморија, заборава кој е транзицискиот "херој", кој извршувајќи државнички функции петнаесет години, остана да живее во 60-тина квадрати и без автомобил?!?

Исто лице, исти фрази, исти ветувања. Исти лаги! И шемата е секогаш иста. Сеење страв, паника, тези за поделби, етикети за криминал, и магла, магла во огромни количини. Држете го крадецот вели човекот кој испумпа 4,5 милијарди долари општествен капитал. Човекот кој “на клоци” го избрка АУДИ обвинува за немање инвестиции. Транспортерот на “масло за јадење во цистерни за бензин” зборува за криминал. Изборникот на 600 судии, зборува за лошо судство. Егзекуторот на Диме поштарот зборува за притисок. Градителот на Кинескиот ѕид, зборува за кич кај Скопје 2014. Лицето кое ја минираше мобилизацијата денес се претставува за патриот. Бунуел!

Сте се запрашале ли зошто секогаш кога е Бранко Црвенковски во опозиција во Македонија се случува дестабилизација на демократијата, се зборува за лоши меѓуетнички односи, има тепачки во Собрание и по основни училишта, оружени инциденти? Затоа што тоа е неговиот стил на “политичка” борба. Тој не ја разбира политиката како борба на понуда на чист политички производ, концепти и идеи, туку како борба на живот и смрт за фотељата во која има неопислива желба да седне. Само за себе. Ова е неговиот последен обид, ова се неговите последни потези, веќе видени, веќе доживеани.

Ќе собереш две-три целни групи кои симулираат наводен терор, ќе ги инструментализираш уставните судии да “им” срушат проект, ќе направиш тепачка во Собрание, ќе ги извадиш Нeвладините(туку опозициони) организации на бунт, и мислиш си ја завршил работата. Се прашувам од кога тоа спречувањето на разјарена толпа, предводена од бивш премиер, да претепа службено лице е спречување на движење? Колку бокса треба да изедеме за да не се чувствувате силувани? Кој е тој притисок врз медиумите кога 9 од 10 остро ја критикуваат владата, и кога е оправдано, но многу повеќе кога е неоправдано? Се плашам што е следно, и колку будни треба момците во плаво да бидат кога одат во патрола, особено по горските места? Немој ова да го пробаш.

Ние не го бираме времето во кое живееме, ама бираме како ќе живееме. Но пассаран! Тоа го велат граѓаните. Тоа ме радува. Прочитан е! И тој тоа го знае. Му се гледа во погледот, замижаните очи, несигурното удирање во градите, грчот кој го прави кога му дава 1000 денари на чистачот на чевли. Порано даваше ветувања кои не ги остваруваше, сега не дава ниту ветувања. Знае дека тоне, го нервира тоа што не може да мрдне од 8 посто, иста бројка како онаа што им ја одзема на пензионерите.

Кого сакаме да поразиме, прашува. Него. На тоа мислевме кога зборувавме за финалната битка со мрачните сили на транзицијата. Нема да дозволиме повторно некој да ни ги уништи животите. Нема да изгубиме уште години од животот, бидејќи животот не е премногу долг. Тоа е битката на двете Македонии. На нашата-онаа на народот, и онаа на Бранко Црвенковски. Онаа која добива визна либерализација, ги исполнува критериумите за влез во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ, има трет најдобар економски резултат во Европа, дава 6 посто од БДП за образованието и 100 милиони евра за земјоделците, и онаа која манипулира, тепа, разнебитува, клоца, кине кошули и има испотени чела, ама не од работа туку од друго.

Ќе ги поразиме, нека бидат сигурни во тоа. И во ноември, и по две години, и утре ако треба, и секогаш. Не давам ветувања кои не ги исполнувам. Ние тоа и го должиме на Македонија. Заради одговорноста, заради предизвикот, заради честа и името, заради дедо ми и баба ми, комшијата, другарите, учениците, студентите, пензионерите, работниците, земјоделците, селаните, граѓаните...Македонија има сила.

Ни вели, се заканува, ќе ни бил ноќен кошмар. Демек ќе сме се плашеле од него. Не треба да се труди посебно, веќе предолго и е кошмар на цела Македонија.

Доста и е кошмар на цела Македонија!

Доста е од Бранко Црвенковски!


Quote:[Image: SDSM%20ZNAME1%20malo.JPG&imgSize=150&CropH=150]

Отворено писмо до Никола Груевски, Мартин Протоѓер и уплашената фамилија

Македонскиот народ паметно кажал „на човек можеш со сила да му земеш, но не можеш му дадеш“. Вас, господа од ВМРО ДПМНЕ, очигледно опиени од четиригодишното владеење, никој со сила не може да Ви даде ниту храброст да се соочите со сопствените порази, ниту политички манири и култура да се соочите со политичкиот противник пред јавноста, ниту лек, пилула за Вашето лудило и безобразлук, кое почнува да зазема досега невидени размери. Затоа и избирате како и секогаш една „жртва“ која во името на сите, кукавички со писмо полно со гадости ќе се обиде да го одбрани-неодбранливото. Тоа е секогаш оној тажен лик, кој никогаш во овие четири години не собра храброст да изјави нешто во камерите, но заради тоа што е здраво „зацапан“ во портокаловата изродба на фамилијата и заради младоста, очигледно е најлесен на потпис. Колку ли сте уплашени за да пишувате вакви гнасотилаци, господа од ВМРО ДПМНЕ?
Од каде таква пизма, од каде таков бес, од каде таков нагон за самоуништување? До кога ќе правите списоци на непријатели? Освен неизбежниот за Вас, Бранко Црвенковски и СДСМ, секојдневно го проширувате списокот, зависно од Вашето расположение: со меѓународната заедница, медиумите, новинарите, невладините организации, уставниот суд, стечајците, професионалните војници, бранителите и кој уште ли не, само додавате нови и нови на Вашиот список на непријатели. До кога вака ќе се тешите господа од Власта? Додека не ви стане виновен целиот народ? Нели Ви е срам, наводно во име на генерации наши граѓани, да говорите за фрустрации од Вашата омилена тема-приватизацијата? Вие сте претставници на „исфрустрираните“? Ако мнозинството граѓани во приватизацијата помина како „исфрустрираното“ семејството Груевски со четири стана во своја сопственост, тогаш во Македонија се ќе беше поинаку. Но, не е така, затоа и сте во паника. Многу добро го знаете огромниот влог на Вашиот формален шеф во приватизацијата и затоа избегавте како „ѓавол од крст“ од Уставниот амандман на СДСМ против застарувањето на кривичната одговорност во процесот на приватизацијата. Што мислите, дека граѓаните ќе ги заборават: најкриминалната приватизација „ОКТА“, за која генерации и генерации граѓани ќе ги плаќаат и чувствуваат штетните последици, приватизацијата на Телекомот и криминалната афера со партиската фирма на ВМРО ДПМНЕ, „Аналитико АИ“, Националната Платежна Картичка, ФЕСАЛ 2 аранжманот, заради кои 30 илјади луѓе останаа без работа и сега се стечајни работници кои дозволувате да ги газат, не ги пуштате во Собранието, ги снимате со полициски камери додека разговараат со пратениците на СДСМ, за да ги викате на информативни разговори и да им се заканувате ?
Не господа од Власта, граѓаните не Ви забораваат, како што нема да Ви го заборават тепањето на тинејџери во дискотеката „Процес“, тепањето на студенти на плоштадот, тепањето на сниматели заради што на Вашите прес конференции беа спуштани камерите во знак на протест, нема да Ви заборават дека правевте списоци на новинари, дека ги делите на патриоти и предавници, нема да заборават како Вашите телохранители газат пешаци со бесни и ултра скапи мотори и се шетаат слободно по улица без влакно да им фали од главата. Нема да Ви го заборават овој економски пустош што го правите, нема да Ви го заборават ниту систематското осиромашување што му го правите на сопствениот народ, ниту смисленото уништување на јавното здравство, ниту неликвидното стопанство и затворањето на фирмите, ниту зголемувањето на невработеноста и затоа сте во невидена паника и веќе го живеете Вашиот НОЌЕН КОШМАР !
Бидете сигурни дека повторно ќе Ви се случи 2002 година, граѓаните ќе го казнат Вашиот ненароден режим. Граѓаните повторно ќе ги предводи Бранко Црвенковски и СДСМ. За Вашиот криминал ќе одговарате!
Вашата кола е тргната по удолница. Што и да правите, бадијала Вие е!
Немате друго чаре, пакувајте си ги куферите!


Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ
04-07-2010, 09:04 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#2

Треба ние Македонците да си ја смениме свеста, да го смениме начинот на размислување. Не може да се создаде подобра алтернатива ако сите одиме со предубедување дека мора да победи СДСМ или ДПМНЕ (Бранко или Грујо). Проблем е што и лидерите на тие партии не дозволуваат да се развие внатрепартиски демократија. Така се оневозможува да дојде до нови идеи, нови луѓе. Кај нас и кога ќе треба да се смени претседател на партија, тој одлучува кој ќе биде неговиот наследник.

А овој Протуѓер навистина функционира како некоја сива еминенција, неговите размислувања можевме да ги дознаеме само преку (две-три) интервјуа дадани за печатени медиуми. А мака ми е од неговото повикување и идентификување со народот. Народот бил со нив, тие се народот и други такви работи... Тоа е популизам од најдолен вид. А бе што се криеш позади народот, на кој душата му ја извадивте!?

И што веќе не расчистат со тој криминал и со тие сомнителни работи што ни се случија. Па зборува за шверц и приватизација... Што го ’трпат’ Ѕинго, што го ’трпат’ Стојменов ако се толку алергични на тие рбаоти? Icon_razz

И повторно се повикуваат на народот, а еве и со овој пример се гледа дека не прават идиоти...

04-07-2010, 10:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(04-07-2010, 10:27 PM)acko Wrote: Треба ние Македонците да си ја смениме свеста, да го смениме начинот на размислување. Не може да се создаде подобра алтернатива ако сите одиме со предубедување дека мора да победи СДСМ или ДПМНЕ (Бранко или Грујо). Проблем е што и лидерите на тие партии не дозволуваат да се развие внатрепартиски демократија. Така се оневозможува да дојде до нови идеи, нови луѓе. Кај нас и кога ќе треба да се смени претседател на партија, тој одлучува кој ќе биде неговиот наследник.

А овој Протуѓер навистина функционира како некоја сива еминенција, неговите размислувања можевме да ги дознаеме само преку (две-три) интервјуа дадани за печатени медиуми. А мака ми е од неговото повикување и идентификување со народот. Народот бил со нив, тие се народот и други такви работи... Тоа е популизам од најдолен вид. А бе што се криеш позади народот, на кој душата му ја извадивте!?

И што веќе не расчистат со тој криминал и со тие сомнителни работи што ни се случија. Па зборува за шверц и приватизација... Што го ’трпат’ Ѕинго, што го ’трпат’ Стојменов ако се толку алергични на тие рбаоти? Icon_razz

И повторно се повикуваат на народот, а еве и со овој пример се гледа дека не прават идиоти...


Тоа е Ацко проблемот. Пишува Протугер, Бранко криминалец . Зошто не го земат на одговорност, ако не одговара сега кога ке одговара Бранко!!??? Беше Љупчо на власт Бранко ни мува не го полази. Да не зборуваме за суд , затвор. Сега Груевски на власт повторно ништо. Протоѓер пишува писма, споменува пљачки и толку. Дали мислат дека сме толку без ум??
Никаде во светот ВЛАСТА не ПИШУВА ПИСМА НА КРИМИНАЛЦИ, таа ги има НА РАСПОЛАГАЊЕ, законот, Уставот и ИНСТИТУЦИИТЕ НА СИСТЕМОТ И ГИ УПОТРЕБУВА, за да ја заштити државата и граѓаните од КРИМИНАЛЦИ ,значи суди и затвора ако се докаже вината.
Кога власта не си ги почитува сопствените закони и не ги користи сопствените институции, се поставува прашање која и е целта? Има два логични одговори зошто вака постапува - или од незнаење или со намера. Ако е од незнаење досега требаше да ги увиди грешките и да ги исправи, да сфати дека или ќе ја биде или ќе подлегне во борбата со политичкото и полициското подземје. Но кај господинот Груевски е се поочигледно дека ваквото однесување е довршување на операцијата која ја започна Глигоров. Криминалците никој несмее да ги чепка.
(This post was last modified: 05-07-2010, 02:19 AM by ЈорданПетровски.)
05-07-2010, 02:18 AM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#4

Па браќа се по професија. Тоа ти се вика професионализам, надвор од политика сигурно и заедно виски пијат. The show must go on. Толку сме глупави што си ги кажуваат преварите што ги направиле а ние не можеме да сториме ништо. Ова ми изгледа како јавно да се заебаваат со нас. Или онаа "магарето му рекло на зајакот леле колкави уши имаш". До кога дпмне се вади со сдс, треба да го гледаат нивното работење а не секогаш кога ке направат нешто без врска се вадат дека биле подобри од претходните. И ние како демек да се радуваме што е така.
05-07-2010, 09:17 AM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#5

Eve edna ili dve pogovorki od Platon

- Цената која добрите луѓе ја плаќаат за незаинтересираноста за јавни работи е злобните да ја преземат власта

- Мудреците говорат, бидејќи имаат што да кажат, будалите говорат, бидејќи нешто мораат да кажат.
05-07-2010, 09:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Царината потрошила 150.000 евра за непостоeчки софтвер



Директорот Каргов дали ке го коментира случајот, дали ке почувствува потреба да ја каже вистината или ке се правда и ке обвинува за подметнати информации

[Image: 20aa079.jpg]

[Image: 24b69e1.jpg]
05-01-2011, 01:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

[Image: 2gsj09d.jpg]

[Image: 2hd5xfb.jpg]

[Image: 2z53tk4.jpg]
05-01-2011, 01:36 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:[Image: 2j0xrgo.jpg]

[Image: efpk5y.jpg]


Царинската Управа платила 9 милиони денари или околу 150.000 евра за набавка на софтвер за единствен интегриран информациски систем за потребите на Царината, кој до ден денеска не е набавен. Според документите до кои дојдовме, Царината во јули 2008. година склучила договор со фирмата “СРЦ системска интеграција” од Скопје со кој било предвидено во рок од 115 работни дена скопската фирма на Царинската управа да и' го имплементира единствениот интегриран информациски систем, а за возврат да и' бидат исплатени 8.917.500 денари.
05-01-2011, 01:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Парите се исплатени, но Царинската управа останала без интегриран информатички систем. Наместо овој систем, во моментов Царината има три независни подсистеми кои функционираат самостојно и кои не се интегрирани. Ова и официјално го утврдила специјална комисија на Царинската управа која констатирала дека договорот за набавка на софтверот за единствениот интегриран информациски систем не бил исполнет. Истата комисија на 10. јуни минатата година за ова и писмено го известила Ванчо Каргов, директорот на Царинската управа.

Во записникот што го изготвила комисијата се наведени сите пропусти при реализација на договорот за набавка на софтверот од каде се гледа дека не била почитувана ниту една точка од договорот што Царината го потпишала со фирмата “СРЦ системска интеграција”. Во тој записник е заведено дека при реализацијата на договорот не била направена имплементација на работните текови, не била направена имплементација на мета податоци, потоа не била направена интеграција на подсистемите, а фирмата “СРЦ системска интеграција” не доставила ниту банкарска гаранција на износ од 5 отсто од сумата, а која требало да ја достави веднаш по потпишувањето на договорот.

Директорот Каргов на 12 јануари 2009. година дури издал и писмена наредба до сите вработени дека во Царината почнува примена на единствен интегриран информациски систем.


[Image: 2m3frd4.jpg]

[Image: 2drc941.jpg]
05-01-2011, 01:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:[Image: 6z38ns.jpg]

[Image: 24dltav.jpg]


Директорот на Царинската управа не сакаше да даде изјава за случајот и да одговори зошто Царината потрошила 150.000 евра државни пари за набавка на софтвер кој се уште го нема во Царината. Тој побара од нас да му го кажеме изворот на информацијата и најави кривични пријави. - "Преку глава ми е од вакви подметнати работи. Наместо да пишувате за сите добри работи што сме ги направиле вие пишувате глупости. Кој ви ги кажува овие информации и од каде ви е вам интерен документ на Царинската управа? Мора да ми кажеш кој ти ги дал тие документи?! Јас ќе спроведам истрага да видам кој ги изнел тие документи од Царината и некој ќе оди во затвор за ова! Ние имаме одличен компјутерски систем и нема јас што да давам изјави и да му се правдам некому за мојата работа" – рече Каргов во телефонскиот разговор.


Во последно време Царинската управа ја тресат низа афери и скандали поврзани со откази на вработени во царината и тужби против оваа институција и против директорот Ванчо Каргов. Медиуми веќе имаат објавено дека двајца вработени во Царината, еден помошник директор и еден возач, го тужат директорот Каргов за мобинг, за омаловажување, за клевета и за неовластено изнесување семејни прилики. За едниот од двајцата вработени кои добиле откази владина второстепна комисија донела решение истиот да биде вратен на работа, но Каргов сеуште не го спроведува тоа решение кое е конечно и кое мора да се спроведе.

Името на Каргов во медиумите беше поврзано со конфликт на интереси - дека истовремено обавува две јавни функции – директор на Царинската управа и советник во Комисијата за лекови. Каргов се повлече од втората функција по иницијатива од Антикорупциската државна комисија, но изјави дека "некој од ништо правел скандали" и дека за тоа ќе ја известел меѓународната јавност во Македонија.

Каргов минатата година беше обвинет од страна на Синдикатот на работници од Управата, правосудните органи и на здруженија на граѓани (УПОЗ) дека се обидувал да ја растури синдикалната организација со цел да се формира нов синдикат, и да се потпиеше нов колективен договор на штета на вработените. УПОЗ го обвини дека работел според партиски директиви и казнувања на вработените во Царината, но Каргов тогаш изјави дека работел транспарентно и најави кривични пријави за клевета против УПОЗ.

Извори од Царинската управа тврдат дека за секоја информација што ќе излезе во медиумите, а која се однесува на Царината, Каргов веднаш спроведувал внатрешни истраги за да го дознае “виновникот”. Истите извори нагласуваат дека во моментов околу половина службени возила на Царината не биле регистрирани бидејќи немало пари во буџетот, а веќе три месеци не била ангажирана ниту фирма за чистење на царинските терминали.
05-01-2011, 01:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

За сега нема коментарот ке го изоставиме.


[Image: 2vxnddc.jpg]


[Image: fw84fk.jpg]
05-01-2011, 01:56 AM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#12

(05-07-2010, 02:18 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(04-07-2010, 10:27 PM)acko Wrote: Треба ние Македонците да си ја смениме свеста, да го смениме начинот на размислување. Не може да се создаде подобра алтернатива ако сите одиме со предубедување дека мора да победи СДСМ или ДПМНЕ (Бранко или Грујо). Проблем е што и лидерите на тие партии не дозволуваат да се развие внатрепартиски демократија. Така се оневозможува да дојде до нови идеи, нови луѓе. Кај нас и кога ќе треба да се смени претседател на партија, тој одлучува кој ќе биде неговиот наследник.

А овој Протуѓер навистина функционира како некоја сива еминенција, неговите размислувања можевме да ги дознаеме само преку (две-три) интервјуа дадани за печатени медиуми. А мака ми е од неговото повикување и идентификување со народот. Народот бил со нив, тие се народот и други такви работи... Тоа е популизам од најдолен вид. А бе што се криеш позади народот, на кој душата му ја извадивте!?

И што веќе не расчистат со тој криминал и со тие сомнителни работи што ни се случија. Па зборува за шверц и приватизација... Што го ’трпат’ Ѕинго, што го ’трпат’ Стојменов ако се толку алергични на тие рбаоти? Icon_razz

И повторно се повикуваат на народот, а еве и со овој пример се гледа дека не прават идиоти...


Тоа е Ацко проблемот. Пишува Протугер, Бранко криминалец . Зошто не го земат на одговорност, ако не одговара сега кога ке одговара Бранко!!??? Беше Љупчо на власт Бранко ни мува не го полази. Да не зборуваме за суд , затвор. Сега Груевски на власт повторно ништо. Протоѓер пишува писма, споменува пљачки и толку. Дали мислат дека сме толку без ум??
Никаде во светот ВЛАСТА не ПИШУВА ПИСМА НА КРИМИНАЛЦИ, таа ги има НА РАСПОЛАГАЊЕ, законот, Уставот и ИНСТИТУЦИИТЕ НА СИСТЕМОТ И ГИ УПОТРЕБУВА, за да ја заштити државата и граѓаните од КРИМИНАЛЦИ ,значи суди и затвора ако се докаже вината.
Кога власта не си ги почитува сопствените закони и не ги користи сопствените институции, се поставува прашање која и е целта? Има два логични одговори зошто вака постапува - или од незнаење или со намера. Ако е од незнаење досега требаше да ги увиди грешките и да ги исправи, да сфати дека или ќе ја биде или ќе подлегне во борбата со политичкото и полициското подземје. Но кај господинот Груевски е се поочигледно дека ваквото однесување е довршување на операцијата која ја започна Глигоров. Криминалците никој несмее да ги чепка.

Odamna si postavuvav prasanje zosto na primer pri prvata promena na vlasta megju SDS i DPMNE ne se sluci da novata vlada sostavena od DPMNE, DA zaedno so DPA pocne da gi resava problemite so kriminalot. Na raspolaganje im bese policijata koja mozese barem za 10% od banditite da sobere dokazi i koga ti ke bea ispraveni pred liceto na pravdata ke pocnea da zborat. Oni ke kazea za drugite 90% banditi i ete resen slucaj. Arno ama ne se sluci. Koga dojde SDS smetav deka ke tie ke sakaat da se zadrzat na vlast beskonecnost. A mozea samo ako se zapnea i gi ispozatvaraa kriminalcite od DPMNE. Koga 2006 Grujo pocna so apsenja na sitni dusi i doktorcinja za 300 evra smetav deka sakaat da gi lovat sitnite ribi prvo, poveden od logikata deka sitnite ribi znaat po nesto, ama koga ke imas dovolno sitni ribi ke imas informacii za edna krupna. A koga ke naucis da fakas golemi ribi ke fakas poveke. Arno ama ni toa ne se sluci, se ostana na nekolku zamenici na zamenik na nekoe levo smetalo. I seto ova koga ke se analizira lici na toa deka e orkestrirano od nekoj od pozadina, deka eden covek ili institucija gi vlece koncite a ovie nasive se kako marioneti. Apsenjeto na Velija go gledam kako planirano scenario za zamajuvanje na narodot za da moze na mala vrata da se smeni stavot za imeto. I pak toa scenario e napraveno od nekoj drug nekoj koj saka da ostaen vo kontrola koga ke padne imeto. Toa samo ja potvrduva teorijata veke kazana na KOTLE. Bi sakal site nie da gresime ama po se izgleda ne e taka.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
(This post was last modified: 05-01-2011, 04:03 AM by nikoj.)
05-01-2011, 04:00 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#13

Нема тука никакви дилеми, јасно е што прават и едните и другите. ДПМНЕ и покрај сите катастрофални грешки кои ги направи, дрско му плука во лице на народот со тоа што викаат дека иако грешат, сепак не треба да гласаме за Бранко, зашто ќе биде полошо. Како демек, абе јас ве крадам ама Бранко повеќе ќе ве украде, не се заебавајте ќутете дур сме ние на власт добро е. Тоа е толку дрско и потценувачки спрема сопствениот народ, а згора на се, да тврдиш за некого дека е криминалец, на власт си, а не преземаш ништо да расчистиш со неговиот криминал. Тоа е уште поголема перверзија. А Бранко пак, според она што досега го зборувал, не можам поинаку да го сфатам освен дека поентата му е-Абе важно е јас да сум на власт, не ви требаат ни пари ни пристоен живот, ни здравство, ни социјална безбедност-јас ви требам. Се знае кога е ситуацијата подобра. Кога народот ќе почне да чувствува дека има повеќе ПАРИ, кога ќе почне да се чувствува како дома во својата држава, без искомплексирани неписмени дегени кои на шалтер ќе се изживуваат со него без причина, кога на ТВ ќе пушти некој добар македонски филм а не српски или хрватски, кога ќе отиде во болница која е убаво хигиенски и средена, кога полицијата ќе почне да се однесува попријателски спрема него, а не да му пишува 500 евра казна како за добар ден и да се изживува, кога ќе отиде на стадион или во сала знаејќи дека ќе изгледа квалитетен спорт а притоа да не е Ѕвезда или Партизан, туку Вардар или Работнички, и стотици други примери...Народот не го интересира колку украл Бранко или Грујо или Љубчо, туку го интересира зошто во сопствената држава од сопствените власти е третиран како граѓанин од трет ред, како да е најдолно гомно кое не заслужува пристоен живот.
05-01-2011, 04:29 AM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#14

(05-01-2011, 04:29 AM)Nikola Wrote: Нема тука никакви дилеми, јасно е што прават и едните и другите. ДПМНЕ и покрај сите катастрофални грешки кои ги направи, дрско му плука во лице на народот со тоа што викаат дека иако грешат, сепак не треба да гласаме за Бранко, зашто ќе биде полошо. Како демек, абе јас ве крадам ама Бранко повеќе ќе ве украде, не се заебавајте ќутете дур сме ние на власт добро е. Тоа е толку дрско и потценувачки спрема сопствениот народ, а згора на се, да тврдиш за некого дека е криминалец, на власт си, а не преземаш ништо да расчистиш со неговиот криминал. Тоа е уште поголема перверзија. А Бранко пак, според она што досега го зборувал, не можам поинаку да го сфатам освен дека поентата му е-Абе важно е јас да сум на власт, не ви требаат ни пари ни пристоен живот, ни здравство, ни социјална безбедност-јас ви требам. Се знае кога е ситуацијата подобра. Кога народот ќе почне да чувствува дека има повеќе ПАРИ, кога ќе почне да се чувствува како дома во својата држава, без искомплексирани неписмени дегени кои на шалтер ќе се изживуваат со него без причина, кога на ТВ ќе пушти некој добар македонски филм а не српски или хрватски, кога ќе отиде во болница која е убаво хигиенски и средена, кога полицијата ќе почне да се однесува попријателски спрема него, а не да му пишува 500 евра казна како за добар ден и да се изживува, кога ќе отиде на стадион или во сала знаејќи дека ќе изгледа квалитетен спорт а притоа да не е Ѕвезда или Партизан, туку Вардар или Работнички, и стотици други примери...Народот не го интересира колку украл Бранко или Грујо или Љубчо, туку го интересира зошто во сопствената држава од сопствените власти е третиран како граѓанин од трет ред, како да е најдолно гомно кое не заслужува пристоен живот.
Ubavo kazano. Ama dali toj ist narod ima treta varijanta osven bojkot na izborite. NE. I da se bojkotiraat izborite ovie apasive ima da gi napolnat kutiite pa ima da ima izleznost 102.3%.I ako narodot izleze da glasa ke si gi nasteluvaat rezultatite kako sakaat. Gledas deka odvaj najdoa 15000 umreni na izbirackiot spisok. Varijantata so Filipce i Kerim pozadi nego e isto kako da gi stavis na mesto premier Branko, Ljupco, Ljube i Grujo zaedno. Narodot ke bide tretiran kako dosega dokolku ne se pojavi silna treta opcija, na koja nema da i bide prioritet da si gi napolni svoite dzebovi tuku dzebovite na narodot.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
05-01-2011, 05:07 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#15

Quote:
Награда за непослушните
[Image: 4AE21B740F37B244B20F7829BF8A109B.jpg]Билјана Ангеловска

Државата, конечно, собра храброст да го симне од дневен ред деценискиот проблем со дивоградбите. Чекор за поздравување, особено ако се има предвид колку се намножнија бесправните градби, кои доколку се санкционираат како што треба, би ја урнале повеќе од половина држава. Оттаму, одлуката да се стави ред во дивото градење е сосем наместо. Сепак...

Власта го усвои законот за справување со бесправно изградените објекти со кој им дава можност на сите оние што граделе без документација, или, пак, спротивно на издадените одобренија, да ги легализираат објектите и тоа по цена од едно евро за квадрат. (Не)очекувано, ваквиот чекор беше пречекан со лавина негативни реакции. Навистина, работа на опозицијата е да се бунтува, да ги критикува одлуките на Владата, да ги напаѓа, да излегува со контраставови. Реално, воопшто не е важно чија била идејата да се легализираат дивоградбите, кој од кого препишал, дали власта или, пак, опозицијата прва се сетила вака да им се додворува на граѓаните. Битно е дека оваа одлука е антисоцијална и популистичка. Но, пред се', дискриминаторска и неуставна.

Со намера да им ја честита Новата година, Владата награди одредена категорија граѓани, истовремено обесправувајќи огромен број луѓе што ги почитувале законите што ги носела истата таа влада и дициплинирано си ги плаќале давачките кон државата. Колку власта свесно ги дискриминира граѓаните, не е јасно. Сигурно е само дека со ова, де факто, го легализира криминалот, зашто им дозволува на сите што граделе незаконски, значи направиле криминал, да можат да ја поправат „грешката“, така што ќе платат симболично едно евро за квадрат. Зашто, цената претставува многу повеќе награда отколку казна. Се наградуваат недисциплинираните на сметка на послушните.

Но, народот не е слеп. Сите добро знаат кои објекти се дивоизградени. Какви се' не палати, хациенди, цели фабрики се изградени без дозволи. Не само што таквите градби не се одраз на некаква социјала, како што сака да прикаже Владата, туку многу повеќе се доказ за постоење градежна мафија. Зашто, далеку од памет е дека може на диво да се изгради објект на два, три ката без да биде забележан од надлежните. Постоењето на ваквите градби само ја потврдува констатацијата дека станува збор за комплексен проблем во кој се инволвирани многу служби и пред кој со години сите свесно ги затворале очите. Од инспектори, до градоначалници. Дека некој добро профитирал од сето тоа, е повеќе од јасно. Исто како што е јасно дека и сега некој тоа добро ќе го претвори во пари.

Што се случи Владата целосно да ја смени првичната намера да ги конфискува бесправно изградените објекти? Дури беше решена покрај дивоизградениот дел да го присвои и легалниот, односно целиот имот. Сега одеднаш, не само што нема конфискација, туку може легализација и тоа, речиси за без пари. А, што да кажат сите оние што граделе законски, па за секој изграден квадрат плаќале по стотина евра комуналии? Како ли се чувствуваат сега тие луѓе. Веројатно, како граѓани од втор ред, кои по којзнае кој пат си ја повторуваат истата лекција. Дека во оваа држава не се исплати да се биде дисциплиниран. И, дека кај нас, законите се носат за да не се почитуваат, зашто само така може да се има лична корист. Се' друго е знак на наивност
.
Извор
An inch today is tomorrow’s mile.
11-01-2011, 09:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16



Quote:Чие пиле е потрудно!?



31.01.2011 | Никола Тасев

Минатата недела, СДСМ, како револт на случувањата со телевизија А1, објави дека го напушта Собранието, најавувајќи дека својата борба за демократија ќе ја води „надвор со народот“. Истовремено, потегот на најголемата опозициска партија го пресликаа и нејзините сојузници. Но, тоа според мене, иако е загрижувачко за демократијата во Македонија (парламент составен само од позициски партии), не е главната вест на неделата, затоа што секоја опозиција има право да го избира начинот на своето дејствување, како што таа смета, за да ја оствари својата цел - доаѓање на власт, иако во македонскиот случај прашање е колку тоа е добро во моментов кога треба да се гласаат закони неопходни за приближување на државата кон Европската унија.

Мислам дека главна вест во државата ќе биде доколку сега ВМРО-ДПМНЕ реши да излезе од парламентот и битката за демократија во Македонија ја води „заедно со народот“. Па во таа насока да организира протести и маршови за да покаже дека е партија која мисли на својот народ. Во една таква ситуација веќе гледам и како спроти отвореното студио на А1, се наредиле барем неколку отворени студија на продпмнеовските телевизии и оттука заедно со народот ја водат својата програма, трудејќи се да ги убедат гледачите дека нивните студија се поубави, имаат повеќе и постручни гости. Можеби, во оваа крајно сериозна ситуација, во овој уште еден голем испит на демократската созреаност на државата и нејзините институции, оваа забелешка изгледа несериозна, но сепак претходните постапки на владејачката партија покажуваат дека и ова е можно! Зошто? Едноставно, затоа што во минатите неколку години, а особено по 2008 година, кога некој се обидуваше да протестира или да формира некое здружение или, пак, да објавува некакви анкети и истражувања, секогаш ВМРО-ДПМНЕ одговараше со контрапротести, контраздруженија и контраанкети. Кога бранителите апелираа на разни начини да им се овозможи остварување на правата, се појавуваа некои други бранители, кои ја фалеа владата дека им дала се што им следувало. Кога тутунарите и лозарите протестираат за да добијат реална цена за својот труд и навремена исплата на предадениот род, се појавија и други лозари и други тутунари кои беа презадоволни од тоа како владата се грижи за нив. Кога стечајните работници бараа чаре за својата безизлезна живејачка, одеднаш дознавме дека во Македонија има и други стечајци кои ја фалат владата дека од 2006 година државата е Ел Дорадо за нив. Кога во некоја анкета ќе се покажеше пад на рејтингот на владејачката партија, па макар и минимален, речиси истиот ден по сите медиуми ќе се бомбардираше со анкета дека рејтингот е стабилен.

Друг е муабетот што подоцна, многу често се откриваше дека некои од „задоволните бранители“ не ни фатиле оружје во рака, дека некои од владините тутунари или лозари не знаат ни како изгледа лозје или тутунов насад, дека воодушевените стечајци всушност се партиски членови, вработени во јавната администрација во последните две-три години, и дека рејтинг-агенциите кои ја смируваат јавноста за стабилноста на поддршката на партијата се регистрирани на домашни адреси на членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Тука би ја надоврзал и забелешката на еден колега новинар, кој приближно вака ја опиша оваа стратегија на владејачката партија: доколку некој формира Здружение на трудни пилиња, веднаш и ВМРО-ДПМНЕ ќе формира исто здружение и ќе се испофали на сите страни дека тие во своето здружение имаат повеќе трудни пилиња и, што е уште поважно, нивните пилиња се потрудни од другите.

Оттука неразбирливо е како и во петтата година од владеењето на оваа политичка структура, кога треба да се избегне одговорноста од нереализираните ветувања и најави, кога треба да се ескивира од договореното или кога треба да се замолчи или залаже јавноста, тие се однесуваат како да се опозициска партија. Во првите две години од мандатот, времето на високиот рејтинг, силната поддршка и вербата на граѓаните

во најавените проекти за економско заздравување, тоа некако и им поминуваше, но сега револтот на народот е огромен. Не е веќе во прашање дали членовите или симпатизерите на СДСМ или на помалите партии се незадоволни. Нормално е тие да се незадоволни! Но сега незадоволството е големо и кај политички неопределените, кај оние кои не ги интересира политика, кај оние што никогаш не биле членови на некоја партија, кои се повеќе се убедуваат дека политичката гарнитура што е на власт нема решение за Македонија.
Беспарицата во општество е загрижувачка, презадолженоста на граѓаните и на компаниите го достигнува плафонот, затоа не е време за празни и несериозни играчки. ВМРО-ДПМНЕ има уште година и некој месец од својот мандат, редно е и нешто да сработат. Се уште имаат висок рејтинг, познавам и луѓе во таа партија што се способни, но треба да ја сменат стратегијата на дејствување. А ако не се способни да го направат ни тоа, имаат две опции: или веднаш да распишат предвремени избори или да го доспијат својот владејачки сон до редовните избори следната година и да претрпат пораз.

До тогаш пак, ВМРО-Народна партија секојдневно ќе ги прозива за ветувањата што не ги исполнија и секојдневно ќе потсетува како се живееше во времето кога Љубчо Георгиевски беше премиер. Тутунарите задоволни, лозарите исто така, за стечајците секогаш се наоѓаше по некој паричка да им се помогне, за вработените во задолжените фирми секогаш имаше помош. Стопанството ги живееше своите најсветли години. Политички неопределените граѓани, но и многу од членови на СДСМ, и ден денес потенцираат дека во „времето на Љубчо“ имаше пари за нормална живејачка, па дури и нешто да остане за црни денови. Но црните денови во Македонија траат многу долго веќе од 2002 до сега.

Затоа се потребни избори, за да се соберат картите, да се измешаат и повторно да се поделат. Но овојпат на значајните позиции треба да дојдат вистински луѓе!
31-01-2011, 06:36 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#17

(31-01-2011, 06:36 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Чие пиле е потрудно!?



31.01.2011 | Никола Тасев

Минатата недела, СДСМ, како револт на случувањата со телевизија А1, објави дека го напушта Собранието, најавувајќи дека својата борба за демократија ќе ја води „надвор со народот“. Истовремено, потегот на најголемата опозициска партија го пресликаа и нејзините сојузници. Но, тоа според мене, иако е загрижувачко за демократијата во Македонија (парламент составен само од позициски партии), не е главната вест на неделата, затоа што секоја опозиција има право да го избира начинот на своето дејствување, како што таа смета, за да ја оствари својата цел - доаѓање на власт, иако во македонскиот случај прашање е колку тоа е добро во моментов кога треба да се гласаат закони неопходни за приближување на државата кон Европската унија.

Мислам дека главна вест во државата ќе биде доколку сега ВМРО-ДПМНЕ реши да излезе од парламентот и битката за демократија во Македонија ја води „заедно со народот“. Па во таа насока да организира протести и маршови за да покаже дека е партија која мисли на својот народ. Во една таква ситуација веќе гледам и како спроти отвореното студио на А1, се наредиле барем неколку отворени студија на продпмнеовските телевизии и оттука заедно со народот ја водат својата програма, трудејќи се да ги убедат гледачите дека нивните студија се поубави, имаат повеќе и постручни гости. Можеби, во оваа крајно сериозна ситуација, во овој уште еден голем испит на демократската созреаност на државата и нејзините институции, оваа забелешка изгледа несериозна, но сепак претходните постапки на владејачката партија покажуваат дека и ова е можно! Зошто? Едноставно, затоа што во минатите неколку години, а особено по 2008 година, кога некој се обидуваше да протестира или да формира некое здружение или, пак, да објавува некакви анкети и истражувања, секогаш ВМРО-ДПМНЕ одговараше со контрапротести, контраздруженија и контраанкети. Кога бранителите апелираа на разни начини да им се овозможи остварување на правата, се појавуваа некои други бранители, кои ја фалеа владата дека им дала се што им следувало. Кога тутунарите и лозарите протестираат за да добијат реална цена за својот труд и навремена исплата на предадениот род, се појавија и други лозари и други тутунари кои беа презадоволни од тоа како владата се грижи за нив. Кога стечајните работници бараа чаре за својата безизлезна живејачка, одеднаш дознавме дека во Македонија има и други стечајци кои ја фалат владата дека од 2006 година државата е Ел Дорадо за нив. Кога во некоја анкета ќе се покажеше пад на рејтингот на владејачката партија, па макар и минимален, речиси истиот ден по сите медиуми ќе се бомбардираше со анкета дека рејтингот е стабилен.

Друг е муабетот што подоцна, многу често се откриваше дека некои од „задоволните бранители“ не ни фатиле оружје во рака, дека некои од владините тутунари или лозари не знаат ни како изгледа лозје или тутунов насад, дека воодушевените стечајци всушност се партиски членови, вработени во јавната администрација во последните две-три години, и дека рејтинг-агенциите кои ја смируваат јавноста за стабилноста на поддршката на партијата се регистрирани на домашни адреси на членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Тука би ја надоврзал и забелешката на еден колега новинар, кој приближно вака ја опиша оваа стратегија на владејачката партија: доколку некој формира Здружение на трудни пилиња, веднаш и ВМРО-ДПМНЕ ќе формира исто здружение и ќе се испофали на сите страни дека тие во своето здружение имаат повеќе трудни пилиња и, што е уште поважно, нивните пилиња се потрудни од другите.

Оттука неразбирливо е како и во петтата година од владеењето на оваа политичка структура, кога треба да се избегне одговорноста од нереализираните ветувања и најави, кога треба да се ескивира од договореното или кога треба да се замолчи или залаже јавноста, тие се однесуваат како да се опозициска партија. Во првите две години од мандатот, времето на високиот рејтинг, силната поддршка и вербата на граѓаните

во најавените проекти за економско заздравување, тоа некако и им поминуваше, но сега револтот на народот е огромен. Не е веќе во прашање дали членовите или симпатизерите на СДСМ или на помалите партии се незадоволни. Нормално е тие да се незадоволни! Но сега незадоволството е големо и кај политички неопределените, кај оние кои не ги интересира политика, кај оние што никогаш не биле членови на некоја партија, кои се повеќе се убедуваат дека политичката гарнитура што е на власт нема решение за Македонија.
Беспарицата во општество е загрижувачка, презадолженоста на граѓаните и на компаниите го достигнува плафонот, затоа не е време за празни и несериозни играчки. ВМРО-ДПМНЕ има уште година и некој месец од својот мандат, редно е и нешто да сработат. Се уште имаат висок рејтинг, познавам и луѓе во таа партија што се способни, но треба да ја сменат стратегијата на дејствување. А ако не се способни да го направат ни тоа, имаат две опции: или веднаш да распишат предвремени избори или да го доспијат својот владејачки сон до редовните избори следната година и да претрпат пораз.

До тогаш пак, ВМРО-Народна партија секојдневно ќе ги прозива за ветувањата што не ги исполнија и секојдневно ќе потсетува како се живееше во времето кога Љубчо Георгиевски беше премиер. Тутунарите задоволни, лозарите исто така, за стечајците секогаш се наоѓаше по некој паричка да им се помогне, за вработените во задолжените фирми секогаш имаше помош. Стопанството ги живееше своите најсветли години. Политички неопределените граѓани, но и многу од членови на СДСМ, и ден денес потенцираат дека во „времето на Љубчо“ имаше пари за нормална живејачка, па дури и нешто да остане за црни денови. Но црните денови во Македонија траат многу долго веќе од 2002 до сега.

Затоа се потребни избори, за да се соберат картите, да се измешаат и повторно да се поделат. Но овојпат на значајните позиции треба да дојдат вистински луѓе!

Баш ја читав колумнава денес, многу добро кажано од Тасев. Само мерење на ташаците на кого му е поголем. Ништо конкретно.
31-01-2011, 08:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

(05-01-2011, 01:34 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Царината потрошила 150.000 евра за непостоeчки софтвер



Директорот Каргов дали ке го коментира случајот, дали ке почувствува потреба да ја каже вистината или ке се правда и ке обвинува за подметнати информации

[Image: 20aa079.jpg]

[Image: 24b69e1.jpg]



Котле го читаат :


[Image: 28tpvo.jpg]
01-02-2011, 10:07 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#19

ДПМНЕ и СДСМ- официрски деца. По малку за некои нивни видни членови. Се оградувам од навредите кон некои етнички групи, задржете се само на фактите на авторот.

Quote:КОЈ ГИ НАПРАВИ ДПМНЕ И СДСМ

СДСМ е формирана 1990 год., и претставува континуитет на бившите комунисти. Денешното раководство на СДСМ се деца набивши високи функционери во СФРЈ, ДБ и ЈНА. Еве дел од “авангардата” на СДСМ:
Бранко Црвенковски, претседател на Р.Македонија, роден во Сараево, син на офицер во ЈНА,

Горица Попова, советничка на претседателот Црвенковски, е Ќерка на Благој Попов, претседател на ИзврШниот Совет на С.Р.Македонија,

Јане Миљовски екс министер, син на Киро Миљовски, кој после 1945 год. е државен обвинител и изготвувач на законот за национализација, (а иронијата да биде поголема, синот Јане 1991 год. го изготви законот за денационализација и приватизација),

Илинка Митрева, министерка, Ќерка на Димитар Митрев, бивш обвинител,

Лазе Китановски бивш министер, син на Боро Китановски болшевик, еден од најблиските соработници на Лазар Колишевски,

Јани Макрадули, пратеник, син на Андон Макрадули вице-гувернер во СФРЈ,

Каролина Ристова- Астеруд, ќерка на Стојан Ристов, висок функционер во ДБ и директор на КПД “Идризово”, и.т.н.


ВМРО-ДПМНЕ исто е формирана 1990 год. како резултат на стратешки смислена програма во Белград од проверени УДБ-аши. (Мане Јаковлевски и Драган Богдановски)
Еве дел и од раководствата и функционерите во ВМРО:

Мартин Треневски, министер во владата на Георгиевски, син на Злате Треневски, висок функционер во ДБ и најдоверлива личност на Лазар КолиШевски, и еден од учесниците во 11 убиството на Кочо Рацин,

Ѓорѓии Наумов, министер во владата на Георгиевски, бивш обвинител во СФРЈ и соработник во ДБ,

Јордан Мијалков, министер во владата на Кљусев, екс претставник на “Макотекс” во Чехословачка, офицер на Југословенските разузнавачки служби за Југоистична Европа и соработник на ДБ,

Никола Груевски лидер на ВМРОДПМНЕ, син од сестра на Јордан Мијалков,

Михајло Маневски, министер за правда за време на СФРЈ, човекот кој вршеше прогон на ВМРО-вски фамилии и го штитеше тотилатарниот србо-комунистички режим, во владата на Груевски повторно министер за правда.

Сопруга на Маневски е Влаинката судијката Филимена Маневска, со чие име се поврзани многу криминални процеси без разврски,

Глигор Ташковиќ, министер во владата на Груевски, внук на Глигор Ташковиќ, син на Ото, србоманска фамилија која 1919 год., по завршувањето на Првата светска војна, по окупацијата на Македонија од Србија, си го променуват името од Ташкови во ТаШкович. Од 1946 год., до 1949 год., дедо му е пратеник во еднопартискиот парламент на СРМ,

Габриела Конеска – Трајковска, внука на Блаже Конески кој голем дел од ВМРО-овците после ослободувањето ги испрати по титовите затвори, а голем дел во смрт. Под нејзино влијание кога сопругот од Груевски е назначен за претседател на Комисијата за денационализација во Прилеп, е стопирана денационализацијата на познати ВМРО-овски фамилии,

Трајко Славевски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, внук на Велјан Славевски од Речица, кој на Србите го шпионирал Штабот на ВМРО на Охридското востание, поради што во битката кај Рашанец во нерамноправна битка се убиени водачите на востанието Наум Златарев, Стефан Куртелов, Ламбе Берберчето, Аргир Маринов и др. Народот, дедо му на Трајко Славевски, Велјана го воспеа во песната “Бог да го бие Шпионот Велјан од Речица”.

Ристо Дамјановски, министер за одбрана во владата на Кљусев, најекспониран припадник на КОС за време на СФРЈ,

Љубен Пауновски, министер во владата на Георгиевски од семејство на високи функционери во КОС,

Милјана Даневска министерка во владата на Кљусев, бивШ секретатр на ЦК на СКМ и.т.н. И двете партиски формации гравитираат кон Белград, и се финансирани од влаШкото лоби кое целосно ја контролира Македонија економски преку: Комерцијалната банка, сопственост на Влавот Хари Костов, Пиварницата Скопје и ТиквеШ на Влавот Свето Јаневски, Технометал, Кометал, ФерШпед Македонија сопственост на Влавот Штерио Наков, Алкалоид, и другите помали фирми, а политички, преку судството,

контролирано од Ленче Софрониевска Ќерка на Аризан Несторовски-Марче, од Белица функционер во ДБ, задолжен за прогон на десно ориентираните интелектуалци. Таткото на сопругот на Софрониевска издавал лични наредби за политички убиства, Лилјана Ингилизова Ќерка на поранешен судија во Врховниот суд, со потекло од србоманско село во Скопска Црна Гора, јавното обвинителство преку Влавот Зоран Верушевски, 12 правобранителството преку Влаинката Зоја Лега, ДБ преку екс-директорот Миле Зечевиќ, Србин од Црна Гора, син на Слободан Зечевич со огромно досие за заговор против Македонија, организатор на антиамериканските демонстрации пред амбасадата во Скопје, Македонската Академија преку Влавот Таки Фити, влаШката структура во МПЦ преку Влавот ВраниШковси, (Судскиот процес против ВраниШковски е политичка игра на СПЦ и МПЦ договорена на НиШката средба), Македонската Радио - Телевизија во која секогаш уредници беа Срби (Аца Станковиќ, Бранислав Димовски со вистинско презиме Димич, Гордана Стошич ќерка на воен обвинител во СФРЈ), Влавот Панде КолемиШевски, долгогодишен директор на НИП Нова Македонија, внук на Тени Колемишевски началник на УДБ-а, и.т.н. Дека двете политички формации произлегуват од една иста комунистичка идеологија е фактот што функционират на сосема ист принцип. Политичката моќ е концентрирана во еден човек (претседателот на партијата, кој има неограничена моќ), начин на кој функционират тоталитаристичките партии. Ниту кај едните, ниту кај другите не се дозволува фракционерство, Што е главниот постулат за демократија во самата партија. Проверениот белградски кадар Киро Глигоров, кој заедно со Јане Миљовски беа архитекти на разбојничката програма за приватизација, всушност ја формира првата Влада во Р.Македонија нарекувајки ја “експертска”, дотогаш не видено во политичкиот живот, замајувајки го македонскиот народ со неисполнување на изборните резултати. Во таа Влада влегоа и независни интелектуалци, што беше доволна причина тогашниот лидер на ВМРО Њубчо Георгиевски да изгласа недоверие со цел да се отстранат “непослушните” министри. Наредните избори 1994 год., во договор помеЃу СДСМ и ВМРО, наложен од влашко-српските олигарси од ВМРО, изборите беа бојкотирани, со што на СДСМ и беШе овозможено без проблеми да ги донесе законите со 2/3 мнозинство мегу кои и законот за приватизација со што грабежот наречен “приватизација” се изврШи пред очите на народот, без никаков отпор од “опозицијата”. За четирите години како “опозиција” раководството на ВМРО, освен крстосување по грчките мориња, финансирано од грчката држава, ништо не сработи. На изборите 1998 год., иако “опозиционата” ВМРО убедливо победи, при формирањето на Владата, министерствата им ги довери на коалиционите партии со проверени српски кадри: Агенцијата за обнова на Васил Тупурковски, син на Титан Тупурковски припадник на ДБ, задолжен за Егејска Македонија, Владо Камбовски министер на правосудието, кој како министер на правосудието во СФРЈ го ослободи српскиот злосторник Аркан, Бојан Бојановски, директор на ДБ, син на Дизе Бојановски, раководител на УДБА за време на комунизмот, Саво Климовски, претседател на Собранието најблискиот пријател од Македонија на фамилијата Милошевич и.т.н. 13 И денес политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и сателитските партии околу нив, се дериват на српско-грчката политичка матрица. Секакво осознавање на македонскиот народ за приближување на Македонија кон Б’лгарија, во која било форма се спречува и казнува од влашко-српските јаничари, инсталирани во целокупниот систем на државата, кои и понатаму се челни во спроведувањето и легализирањето на организираниот грабеж на влаШко-српско-грчките олигарси, со што Македонија и понатаму ја ставаат во политичка и економска зависност од Србија и Грција.


http://www.forum.bg-nacionalisti.org/ind...564.0;wap2
(This post was last modified: 02-02-2011, 07:44 PM by Nikola.)
02-02-2011, 07:39 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#20

Quote:Децата на комунизмот сеуште суверено владеат, инсталирани во сите пори на општеството. Или барем владееја до пред брзо време (само наивен може да мисли вака). Многу земји на источниот блок откога расчистија со сите инсталации на комунистичкиот режим, спроведувајќи и по неколку лустрации, тргнаа напред. Македонија е пред судбински чекор да го направи овој исчекор. Лустрацијата е во најава. Воопшто нема сомнеж дека на површина ќе излезат многу познати и непознати имиња кои имаат(ле) непопуларно минато како доушници на тајните служби. И тоа инсталирани насекаде, во сите институции, партии без исклучок. За оние кои незнаат, за да имаат предвид, подолу е даден список на „децата на комунистите“ кои благодарение на своите татковци си ја имаат заземено својата позиција и ги продолжуваат „династичките“ традиции на владејачка црвена буржоазија. Рака на срце, неможе на сите да им се суди за кариерата на нивните татковци. Но дали истите се оградиле од нив? Дали децата на комунизмот можат да им судат на своите татковци?

Во составувањето на списокот се користени написи на ФОКУС, архивски документи и сознанија. Напоменувам, децата на комунизмот се експлузивитет на СДСМ како наследник на комунистите, но не и непознаница „инсталирана“ и во другите структури во државава. Проследете ја „сапунаријава“ и видете со кого имате работа.

—-

СДСМ е формирана 1990 год., и претставува континуитет на бивШите комунисти. ДенеШното раководство на СДСМ се деца набивШи високи функционери во СФРЈ, ДБ и ЈНА. Еве дел од “авангардата” на СДСМ.

Владе Милчин, oсновач нa скопскиот огранок нa „Удружење за југословенску демократску иницијативу“ и син нa покојниот Илија Милчин, актер и комунист. Владе Милчин ќе стане шеф нa финансиски најмоќното училиште за регрутација нa нео-комунисти. Идејата нa отвореното општество што го промовираше Милчин, со мали исклучоци, беше во невладиниот и медиумски сектор да етаблира мрежа која по очекуваниот пад нa државните монополи ќе биде алтернативна поддршка нa олигархиската пост-комунистичка елита, а финансирајќи го локалниот неделник ‘Дело’, нa пример, да докаже дека во Македонија има некаква опозиција, ама таа е ненародна, анти-национална, од бугарска антимакедонска провениенција.

Bо негова режија СКМ-ПДП ќе мy направи пуч нa човекот што смело расчисти со југо-комунизмот Петар Гошев и ќе го донесе синот нa офицерот нa ЈНА Љупчо Црвенковски, член нa ЦК, Бранко Црвенковски нa челo нa партијата.

Гордана Стошиќ, екс-директор нa МРТВ, ќерка нa воен обвинител.

Јован Донев, член нa партијата, сега директор нa ‘Евробалкан’, левичарска институција, мрсно помогната од Сорос

Ким Мехмети и Исо Руси , левичарски албански интелектуалци, со потекло од комунистички семејства

Ратка Куљан Зографска, екс пратеник нa СДСМ, лекар и екс-директор нa клиника, со педигре од комунистичка лоза

Иронијата нa судбината сакаше клучниот потег за заокружување нa финансиската, олигархиска, а со тоа и политичка доминација нa нео-комунизмот да го направи токму Јане Миљовски, министер без ресор во првата плуралистичка влада, кој го изготви првиот закон за приватизација, што со ‘менаџерскиот откуп’ им овозможи нa комунистичките директори да ги добијат нa подарок државните фирми. Миљовски, дете нa комунизмот, е син нa Киро Миљовски, државен обвинител и нa други високи функции во времето нa социјализмот, кој по 1945-та учествувал и вo подготовката нa првиот закон за национализација.

Каролина Ристова- Астеруд ќерка на Стојан Ристов, висок функционер вo државната безбедност во времето нa СРМ, а подоцна и директор нa КП домот Идризово

Илинка Митрева, ќерка нa проф. Димитар Митрев, интелектуалец во служба нa идеологијата нa комунизмот, литературен критичар кој пишувал против Венко Марковски, од идеолошки причини, а своевремено бил и обвинител.

Лазар Китановски, екс-директор нa Агенцијата за разузнавање и сива еминенција во тајните служби нa партијата, кој е син нa Боро Китановски, партизан, болшевик и југо-комунист, близок до Лазар Колишевски.

Илија Илоски, од с. Велмеј, Дебарца, чиј татко во комунизмот бил формално шеф нa Шумското стопанство, но во суштина главен за полицијата и државната безбедност во Дебарца.

Борис Кондарко чиј татко бил во Министерството за образование, а некои велат имал контакти и со државната безбедност. Истото се зборува и за Кондарко јуниор.

Миле Зечевиќ, член нa раководството нa СДСМ и поранешен шеф нa Управата за безбедност и контраразузнавање син на Слободан Зечевиќ. Потекнува од семејство на доселеници од Црна Гора во Македонија, во времето нa првата влада на ВМРО-ДПМНЕ тајните служби имаа стотици страници материјали за заговори против Македонија. Се „прослави“ со палењето на амбасадата на САД во Република Македонија.

Магдалена Антова, од врвот нa СДСМ, е ќерка нa Методи Антов, висок функционер во Социјалистичкиот сојуз нa СФР Југославија.

Јани Макрадули е син нa Андон Макрадули поранешен вицегувернер нa НБЈ и шеф нa СОК нa Македонија.

Сашко Насев, драматург, амбасадор вo Канада, син нa Насе Насев, сојузен министер за спорт во Владата нa Анте Марковиќ.

Радмила Шеќеринска, нејзиниот дедо бил трговски претставник нa ‘Технометал’ во Букурешт

Владо Глигоров, советник нa Бранко Црвенковски и соработник нa Економскиот инститyт вo Виена е син на Киро Глигоров

Денко Малески, прв министер за надворешни работи е син нa Владо Малески, прононсиран комунист. Мајката на Денко т.е. првата жена нa Владо Малевски е етничка Бугарка со која тој се разведува пo налог нa Партијата. Таа подоцна се мажи за пирински Македонец, емигрант во Македонија, фудбалер вo ФК Вардар, и заедно емигрираат во Белгија каде што Денко има две полусестри близначки. Денко Малески го зачува заветот на својот татко со зборовите дека ‘во самостојна Македонија ќе одите без мене.’ Татко мy бил близок соработник нa Киро Глигоров, партиски авторитет во култyрата кој учествувал во прогонството нa Венко Марковски. Владо Малески е инаку и автор нa зборовите нa новата македонска химна. Првото заседание на АСНОМ било отворено со старата BMPОвска химна ‘Изгрејзора нa слободата’, химна што нe им се допаѓала нa комунистичките авторитети.

Бранко Азески, долгогодишен директор нa хотелот ‘Александар Палас’ нa Штерјо Наков и поранешен претседател нa македонската социјалистичка младина. Бранко е син нa Благоја Азески, десна рака нa Лазо Колишевски и началник нa УДБа за целиот југозападен регион. Кога Лазо ловел риба во Охрид, Благоја ја ангажирал целата државна безбедност да нe смее да заплови нитy едно кајче пo езерото.

Ѓорѓи Трајчев, претседател нa младите социјалдемократи и екс-директор нa Агенција за спорт и млади е внук нa Иван Катарџиев, член нa Советот нa град Скопје, комунистички историчар и бегалец од Пиринска Македонија, своевремено заврбуван од државната безбедност.

Ленче Софрониевска, екс-претседателка нa Републичкиот судски совет, ќерка нa Аризан Несторовски Марче од Белица, оперативен агент нa AР, подоцна како истакнат функуионер нa ДБ учествувал и вo прогонството нa десноориентираните интелектуалци. Таткото нa сопругот нa Ленче, Томо Софрониевски, според документацијата нa семејството Симончеви од Охрид, издавал и лични наредби за убиства.

Лилјана Ингилизова, екс претседател нa Уставниот суд нa Македонија и поранешен шеф нa Државната изборна комисија е ќерка нa поранешен судија нa Врховен суд и потекнува од селата на Скопска Црна Гора. Bо комунистичко време татко и бил судија со висок рејтинг.

Стеван Павлески е поранешен шеф нa државната безбедност во комунизмот и јавен обвинител во демократијата.

Стерјо Зиков, син нa Митко Зиков, судија во Окружен суд.

Саша Андоновски, екс-заменик мининистер за економија нa СДСМ, моментално издржува затворска казна за злоупотреба на службената функција, е син нa Ѓенко Андоновски, поранешен претседател нa Окружниот суд во Скопје.

Јован Манасиевски, претседател на ЛДП – ѓоа центристичката филијала на СДСМ, син нa Јанакие Манасијевски, југословенски генерал.

Слободан Унковски, екс-министер за култура.Унковски е зет нa Веселинка Малинска, првоборец и висок партиски функционер, за време нa војната курир што го изведува Тито од Белград нa слободната територија околу Ужице. Нејзиниот сопруг Ќостаров, е Бугарин, комунист и емигрант од Бугарија, долгогодишен директор нa театарот и веројатно поврзан со тајна коминтерновска врска. Неговото семејство живее воБелгија, во замок покрај езеро.

Ѓунер Исмаил, министер за култypa, во комунизмот бил долгогодишен директор нa Турската драма, а татко мy Исмаил Исмаил, работел како официјален преведувач нa Владата.

Стево Црвенковски (сега покоен), екс министер за надворешни работи, амбасадор нa PM во Лондон, Велика Британија и син нa Крсте Црвенковски, близок соработник нa Глигоров. Крсте Црвенковски бил ждановистички министер за култура нa Југославија. Подоцна паѓа во немилост.

Горица Попова, екс-шефицата нa Информативната програма нa МРТВ, и член нa СДСМ, е ќерка нa Благој Попов, претседател нa Извршен совет нa PM во комунизмот.

Панде Колемишевски, транзицискиот директор на Нова Македонија, внук нa Тени Колемишевски, комунистички началник нa УДБ-a.

Атанас Вангелов, амбасадор нa PM во Унгарија, екс пратеник нa СДСМ и поранешен директор нa Архивот, ја наследува разузнавачката семејна традиција. За време нa Првата светска војна во Богданци неговите се соработници нa српската и француската разузнавачка служба, вo периодот од 1918 – 1941 г. и експоненти нa великосрпската политика вo гевгелискиот регион. Пo војната стануват југословени и комунисти бидејќи е сочувана целината нa Југославија за која се бореле.

Мелпомени Корнети, заменик министер за култyра и екс-директор нa МРТВ. Нејзиниот татко во комунизмот е сива еминенција и работи во финансиската ревизија вo банките.

Сашо Орданоски, син нa офицер нa ЈНА за кого кружат гласини за негова дружба со тајните служби. Ордановски јуниор е пајташ на СДСМ од ен-џи-оу секторот.

Слободан Чокревски, екс-директор нa Ветеринарната управа (стекна популарност кога лупаше зелени за време на глобалната епидемија на птичји грип) е син нa Томислав Чокревски, министер за внатрешни работи нa СДСМ. Семејството Чокревски има неколкумина браќа комунисти и партизани, вработени во службата за државна безбедност во Битола и битолско.

Љупчо Арсовски, екс-амбасадор во Атина, син нa Страте Арсовски, комунистички директор нa ‘Нова Македонија’ и член нa ЦК СКМ.

Горјан Тозија (од Еднооки познат и како „Тозовац“), советник нa Бранко Црвенковски и брат мy Љупчо Тозија, екс-директор нa МТВ и амбасадор, потекнуваат од удбашко семејство кое според одредени сознанија иследувало македонски патриоти вo битолско-преспанскиот регион.

——
Конечно после ова, дели сте убедени дека Македонија просто вришти за „проветрување“???
Уште еднаш објавено, бидејќи е добар момент, да се искористи еуфоријата која не
Извор
02-02-2011, 08:08 PM
Reply