Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОМУНИСТИТЕ ЈА ЖРТВУВАА Р. МАКЕДОНИЈА ПОЛЕМИКА РЕМЕНСКИ ПЕТРОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: 1f6a9.png]БИТОЛСКИОТ" МИХАЈЛОВИЗАМ“ [Image: 2757.png]

[Image: 285719054_3102248380024307_1117088673043...e=62ABFB75]

Фросина Ременски, фејсбук статус  12.06.2022

Дали беше потребно палењето на бугарскиот културен клуб во Битола, за да почне дебатата за михајловизмот?
За жал, дебатата се отвори заради оправдување на чинот на палење на клубот, а помалку за вистинската цел на михајловизмот како идејнополитички дискурс кој е присутен колку што трае дебатата за Македонија и за тоа, кој за што се борел во минатото и денес.
За овој (внатрешен) проблем зборував и пишував многу одамна (пред повеќе од 12 години) кога немаше ниту клуб, ниту палби, во контекст на еден од системско-подривачките процеси чии резултати ги гледаме денес.
[Image: 1f6a9.png]Тоа беше ЛУСТРАЦИЈАТА која ја спроведуваше еден битолчанец - Томе Ациев[Image: 2757.png]
Прочитајте повеќе за целиот процес на лустрација и тоа што го напишав/напишавме во 2012

(https://www.google.mk/url?sa=t&source=web&rct=j&url=https://fosm.mk/wp-content/uploads/2019/01/kniga-makedonskata-lustracija-mk.pdf&ved=2ahUKEwi-wZP8v6L4AhWQlP0HHZtJDOEQFnoECBMQAQ&usg=AOvVaw3xapOsbp2HymVcLM173q1C)

Без да навлегувам во промоторите, начинот и ефектите од промашениот процес на лустрација (прочитајте повеќе на линкот[Image: 261d.png]), кој божем требаше да спроведе европска резолуција за расчистување со минатото, ќе го истакнам моментот што малкумина го препознаа, а тој момент го означи почетокот на РЕВИТАЛИЗАЦИЈА на МИХАЈЛОВИЗМОТ во Македонија[Image: 2757.png]
Во периодот на лустрација (особено 2011-2013) со големи медиумска помпа за достигнувања се читаа имиња на т.н., кодоши, информатори, соработници на УДБА, СДБ, ДБК. Беа лустрирани околу 300 лица, и според извештајот на Аџиев прегледани биле околу 30.000 досијеа од Архивот.
И тогаш и сега за многумина термините "соработник", "кодош", "информатор" или "оперативна врска" се виша математика, за да можат да разберат кој, за што и од кои причини влегол во аналите на документацијата на безбедносните служби.
Со тој процес на лустрација беше промашена ЛИНИЈАТА НА РАБОТА на СДБ која требаше да биде оценета како недемократска, а за сметка на тоа, преку процесот на лустрација суптилно беше заштитена, односно рехабилитирана
[Image: 1f6a9.png][Image: 31_20e3.png]првата поткатегорија на линијата на работа на СДБ "внатрешен непријател" во која влегуваа сите структури кои за време на антифашистичката борба биле колаборационисти со фашистите, нацистите, одметници, дезертери итн.[Image: 2757.png]
По оваа линија на работа секоја управа на СДБ во бившите YU републики на национално и на сојузно ниво ги именувале структурите и идејнополитичките доктрини со кои ги означувала соработници со фашизмот, нивните идеопоклоници, промотори и поддржувачи и со право ги третирале како антидржавни идеологии и лица.
[Image: 1f449.png]Хрватското СДБ ги имаше "Павелиќи" и се бореше против усташкото повоено движење и следбениците на Анте Павелиќ;
[Image: 1f449.png]Срското СДБ се бореше против четничките структури на Дража Михајловиќ кој во 1946 беше погубен заради соработка со нацистите;
[Image: 1f449.png]Македонското СДБ ги имаше "ванчомихајловистите" и се бореше против структурите и поддржувачите на соработникот со фашистите Ванчо Михајлов кој до својата смрт во 1990 годинс делуваше од Италија,
[Image: 1f449.png]Сојузната СДБ и сите републички управи заедно се бореа против "сталинистите" (поддржувачите на Информбирото), иредентисите и сите либерални и анархолиберални структури насочени против еднопартискиот систем (овие последните две требаше да бидат во фокус на лустрацијата како недемократски).
За време на таа лустрација во обидот да глуми голем патриота и антикомунист, Аџиев на тапет стави луѓе кои работеле или биле на линија на тој анти-михајловизмот, бидејќи нивни информации за делување на тие михајловистички структури биле споменувани во извештаи на службата за безбедност која легитимно обработувала промотори на идеите и делото на Ванчо Михајлов.
Но, имињата на третираните михајловисти кои според Аџиев биле "жртви" и требало да бидат рехабилитирани преку лустрацијата никогаш не беа откриени. Спротивно на тоа, на тапет беа ставени лица кои бил против нив[Image: 2757.png]
Уште тогаш прашував јавно и пишував:
[Image: 1f6a9.png]Дали за нас како држава е вреден процес на лустрација кој беше изместен од својата основа и цел[Image: 2753.png]и,
[Image: 1f6a9.png]Дали врховизмот, михајловизмот, сталинизмот и иредентизмот се идеологиите кои треба да се штитат преку лустрацијата и да ги рехабилитира ванчомихајловистите[Image: 2753.png]
И тогаш и сега никој нема да сака да одговори на ова прашање кое како бумеранг ни ги вратија неофашистичките идеологии, зад превез на некаква култура, права, малцинства итн., преку една модерна хибридна разузнавачка операција во која се произведуваат лажни жртви, инстант херио, предавници, патриоти и буди задоцнет антифашизам.
Од 300-те лустрирани во тој процес околу 230 се на линија - "михајловизам", па видете вие за што бил наменет тој "антикомунистички проект"[Image: 2757.png]
Останатите 70 добија поништување на решенијата на Аџиев и значки на "кодоши".
Во контекст на сето кажано, кога ќе се сетам дека дел од бугарскиот државен врв застапуваше барање за расчистување со комунистичкото минато во Македонија, тоа во превод би значело дека:
[Image: 1f449.png]Се' што работела СДБ по линија "врховизам-михајловизам" и сите следбеници на Ванчо Михајлов и неговата антимакедонска идеологија треба да бидат рехабилитирани, односно да се пригласат за репресирани; и,
[Image: 1f449.png]Дека "расчистувањето со Титовото минато" за Македонците ќе значи отповикување на бугарското признавање 1945-1948 година, дека во Бугарија имало/има Македонци, имало попис и имало културна автономија како заслуга на меѓудржавната соработка помеѓу тогашните комунистички партии.
И на крајот, се' додека овие процеси се гледаат одделно и секој се удира во гради кој бил поголем или помал Македонец, антифашист, патриот, херој и сл., и додека не се разбере дека во позадина на видливата сцена лежи гранката која долги години сами сме си ја сечеле преку квази- процеси, реформатори и патриоти, до тогаш ќе се гледа кратко и ќе се "плива" (размислува) плитко.
На битолчанецот Томе Аџиев, во екот на овие протести во Битола, ниту ќе му фали влакно од главата, ниту пак некој ќе го праша што повампири со неговиот "антикомунистички придонес", а најмалку ќе се најде некој "Ламбе" да му ја потп'рли брадата (вратата).
Македонија пати од заборавот на вредното- вистинитото поблиско и подалечно минато.


Quote:Јордан Петровски

Се надевам дека прифатите полемика со мене околу овој ваш текст!
Ке тргнам од овој ваш навод:
-„Македонското СДБ ги имаше "ванчомихајловистите" и се бореше против структурите и поддржувачите на соработникот со фашистите Ванчо Михајлов кој до својата смрт во 1990 годинс делуваше од Италија,“
УДБа и СДБ после 1945 година ја продолжија шемата на работа на Српските служби и власт која е започната на крајот на 19 и почетокот на 20 век кога Србија почнува да уфрла во Вартдарскиот дел на Македонија свои чети претежно составени од воени лица за да го заштити „СРПСКОТ живаљ“ од Бугарскиот терор. Србите припадниците на ОРГАНИЗАЦИЈАТА ВМРО чии чети се бореле против Турците вели дека тоа биле Бугари а тоа го прави за да не признае дека во Македонија живеат Македонци бидејки тогаш ке признае дека Србите упаѓаат на територија на Македонија и се борат против Македонци!
Затоа УДБа и СДБ не признаваа дека гонат, судат и затвараат Македонци кои се бореа за Обединета и Самостојна држава надвор од рамките на Југославија.
На што според Уставот на ДФЈ, ФНРЈ и СФРЈ кој гарантираше право на народите на Југославија право на раздружување до отцепување од Југославија. Ако УДБа и СДБ признаеле дека прогонуваат Македонци од причина што тие барала раздружување до отцепување од Југославија ке признаела дека не почитува права и слободи гарантирани со Устав!
Еве еден од доказите за тоа :
„Ванчомихајловистите“ кои го гонеше УДБа а потоа СДБ беа припадници и основачи на ВМРО СДРМА , ВМРО Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка!


Дали „ванчовимахловизам“ е барање со политички средства на Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка?
12-06-2022, 07:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Госпоѓа Ремески ја нема да се огласи и да го коментира мојето вчерашно мислење , па затоа денеска прикачин нови мислења:

Quote:Во еден ваш настап на трибина организирана од Фондацијата Сорос а со цел да се докаже дека лустрација е непотребна изјавивте:


Quote:-"казнување на лицата од органите на безбедноста кои во минатото или денес, на еден или друг начин од позиција на функцијата која ја извршувале покажале законска активност кон политички субјекти во државата“.

Велите „ лицата од органите на безбедноста покажале законска активност“!
Таа законска активност не била УСТАВНА!! За периодот кога велите дека прогонот бил за „ванчомихајловизам“ пишував. Сега ке пишувам за прогонот, прислушкувањето, следењето, после носењето на Уставот на „Самостојна“ држава Македонија од ноенври 1991 година!
Во тој Устав во член 17 стои:
-Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.
Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.
Но СДБ скоро за ниту еден прогонуван за политички и идеолшки причини НЕМА ОДЛУКА НА СУД!!
А Уставнот закон донесен 1991 година во членот 6 ги обврзувал сите во државата Македонија своето работење да го усогласат со Уставот во рок од една година.
СДБ тоа не го прави според непобитните докази, РЕШЕНИЈАТА за прислушкување и после 1996 година.
Еве ги доказите за оваа што го напишав погоре. Решение за прислушкување, свесно избрав Решение во кое се „прогонува“ Врховизам и на него го прикачив членот 6 од Уставниот закон.


[Image: 288282317_5142636069154110_9026482070044...e=62B4EA01]



Quote:Да појаснам на оние што читаат а ги интересира вистината како одела процедурата на носење на ваков не уставен закон!
Законот го изготвува и предлага министерството на полиција а се е тоа под раководство на министерот во тоа време пишувачот на Устав а денешен амбасадор во ООН. Потоа законот го усвојува Собранието, 1995 година во Собранието немаше опозиција, односно го немаше ВМРО ДПМНЕ! Откако Собранието го усвоило законот тој закон го потпишал претседателот Киро Глигоров на кого една од задачите му била да провери дали законот е во согласност со Уставот , додуша тоа била обврска и на Собранието. Откако законот бил потпишан од Глигоров тој стапил во сила и тогаш СДБ чија задача меѓу другото била и:
-„откривање и спречување дејствија усмерени на подривање или рушење на со Устав утврдениот поредок на Р. Македонија,“
А се случио обратното, СДБ била носител на рушење на со Устав утврдниот поредок- демократија , слобода на здружување, слобода на говор, идеолошки и политички плурализам, презумција на невиност, неповредливост на тајноста на писмата и другите облици на општење, не повредливост на домот (озвучувани се домовите на следените без судски налог) ....
Еве уште еден пример на кршење на членот 6 од Уставниот закон! Решението за прислушкување е од 1994 година и е потпишано од министерот Фрчкоски како и сите други. Прочитајте го членот 24 од законот за државна безбеднст на СФРЈ од 1984 година, кој да повторам не смеел да се применува според Уставниот закон на Р. Македонија :


[Image: 287948188_5143331125751271_8445619533900...e=62B43F17]



Quote:Малку да се позанимавам со членот 5 од Уставниот закон на кој се повикува СДБ, потисникот на решението за прислишкување министерот Фрчкоски:
Во став 2 од членот 5 се вели:
„до постигање на договор меѓу суверените држави од СФРЈ, Република Македонија може да го додели извршувањето на оделни прописи на сојузните органи!!“
Претседателот на државата , владата и СДБ на Р. Македонија користејки го член 5 од Уставниот закон за своето работење, раководењето со СДБ го доверила на СРЈ, односно странска држава. Ако се знае дека во октомври 1992 година, владата усвоила нов Правилник за работа на СДБ во кој е воведена линија на работа МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ, што „преведеено на обичен јазик значи СДБ ке ги гони сите оние кои решавањето на МАКЕДОНСКОТО прашање го гледат и бараат во САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА држава станува јасно дека власта, СДБ сториле кривично дело „доведување на државата во зависна положба од друга држава“, односно „загрозување на независноста на државата“.


[Image: 5.jpg]
13-06-2022, 09:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,567
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Jordan D. Petrovski 2m
Се надевам дека на оваа мое мислење ке соберете сила да го кажете своето мислење бидејки оваа што ке го изнесам се коси со целата доктрина на СКМ,СДСМ, УДБа, СДБ односно ова што го сте го напишале:

-
Quote:„Македонското СДБ ги имаше "ванчомихајловистите" и се бореше против структурите и поддржувачите на соработникот со фашистите Ванчо Михајлов...“


Еве една белешка на ЦИА за преговори на Титова КОМУНИСТИЧКА Југославија со „фашистот“ Ванчо Михајлов кого САД го сметале за водач на МАКЕДОНСКОТО СУВЕРЕНИСТИЧКО ДВИЖЕЊЕ!!
ЦИА и Тито ги рушат приказните на УДБА, СДБ за антимакедонското делување на Михајлов и на неговите следбеници!!
Зар Тито ке испрати делегација да преговара со ФАШИСТ?
Зар Тито ке ги дал македонските комунисти во рацете на фашистот Михајлов и неговите „кољачи“??



Quote:
[Image: 290203349_5174394879311562_1897767076268...e=62BBE3ED]



ЦЕНТРАЛНА РАЗУЗНАВАЧКА АГЕНЦИЈА
ДРЖАВА: Југославија/Бугарија
ПРЕДМЕТ: Југословенски пакт со македонското суверенистичко движење
Датум на дистрибуција: 23 јуни 1949 година
1. Официјален состанок беше одржан во Анкара, Турција, за време на месец март 1949 година помеѓу југословенски делегати и делегати на ВМРО предводени од Ванча Михајлов. Михајлов побарал и добил од југословенската делегација писмен договор според кој Југославија ќе ги насочи сите свои дипломатски акумен и активности кон формирањето на независна македонска држава. Југословенската влада се согласи да го направи секој напор кон обезбедувањето на меѓународни концесии во прилог на оваа нова држава, и да повлијае врз јавното мнение во Грција, Бугарија и Југославија во прилог на овој план. Понатаму, југословенската Влада надополнително ќе се обврзе да ја субенционира ВМРО за период од две години следствено на заклучувањето на овој договор.
2. За возврат, Михајлов делувајќи во името на ВМРО, се обврза да воздржи од било какви анти-југословенски активности, и да ја промовира агитацијата за независност помеѓу Македонците во Бугарија. ВМРО ќе се обиде да ги сврти симпатиите на Македонците во Бугарија и Грција, во прилог на Југославија.
3. Значително, договорот предвидува македонската држава да биде демократски уредена, со влада којашто нема да биде ниту про- ниту анти-комунистичка.
4. Договорот понатаму предвидува заеднички одбрамбен пакт помеѓу новата држава и Југославија. Меѓутоа, пактот ќе престане да биде на сила во моментот кога Југославија ќе се обиде да изврши притисок врз внарешната политика на Македонија. Договорот понатаму одредува дека Разузнавачката служба на ВМРО, која е активна во Руманија, Бугарија, Грција и Албанија, ќе биде ставена во услуга на Југославија. Во случај на вооружен судир, на македонските отпорнички сили ќе им бида наредено да делуваат со силите на Југославија.
5. Југословенската делегација направи обид да вметне клаузула во договорот со која македонската држава би изразила поддршка за Балкански сојуз. Меѓутоа, Внатрешната македонска револуцинерна организација одби да се завети по ова прашање, и затоа беше оставено за друга прилика.
ХХХХХХ коментар: Мислење е на изворот дека ниедна од странките не делува целосно искрено при влегувањето во овој пакт. Југославија се надева да се здобие со контрола над ВМРО, додека вториве сметаат дека им е од полза да се здобијат барем со привремена поддршка за идејата за независна Македонија додека трае судирот помеѓу Тито и Коминтерната.
ХХХХХХ коментар: За време на првата половина на 1946 година беше известено дека Михајлов загинал во судир со бугарските безбедносни сили. За време на следните две години многу ретки беа извештаите поврзани со Михајлов и ВМРО, освен тоа дека Михајлов под лажно име, наводно се криел „некаде во Австија“. Во доцна 1948 и рана 1949 година различни југословенски извори во егзил известуваа дека Михајлов влегол во Италија и сега живее во Рим. Меѓутоа, за време на истиот период имаше извештаи дека неколку години Михајлов станувал во Буенос Аирес, Аргентина, и дека неодамна му пришле југословенски про-информбировци со предлог да повлијае врз Организацијата да отпочне активен отпор против Тито а за возврат да добие независна Македонија.
24-06-2022, 10:18 PM
Reply