Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БЕЛЕШКИТЕ НА ЦИА ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:19
Михајлов ме информираше дека намера на Русија (СССР н.з.) е да формира независна македонска држава
- Пирин (во регионот на Петрич, Бугарија) со цел да го придобие населението од југословенскиот дел
на Македонија, т.е. долината на Вардар. Ова е причината за поканата упатена до бугарскиот лидер за
посета на Москва. Цел на овој план е македонското населние да се охрабри сериозно да се обедини со
грчките бунтовници во нивната борба против грчката Влада, и на тој начин Бугарија да одбегне
обвиненија дека испратила војници во Грција да им се придружат на бунтовниците. Доколку Русија
успее во изведба на овој план, тогаш ќе се потврди сегашното мислење дека и покрај преговорите кои
моментално се одвиваат, граѓанската војна на Балканот ќе продолжи понатаму.

Го прашав Михајлов зошто тој и неговата организација соработувале со монархистичката Влада за време
на војната, кога цар Борис вети дека Македонија ќе ја направи независна држава. Михајлов
категорично негираше било каква соработка со цар Борис од негова страна; понатаму ми рече дека кога
цар Борис и германците предложиле тој да биде поставен на чело на независна и слободна македонска
држава обединета со Бугарија, Михајлов, не само што го одбил предлогот, тој ги советувал царот и
неговата влада и тие да ја одбијат оваа понуда, бидејќи како и да е оваа држава би била само
привремена, и би била растурена со завршувањето на војната.

Михајлов ми кажа дека тој не може да го замисли формирањето на било каква независна македонска
држава без претходна согласност од страна на САД. Михајлов многу директно ми рече дека ова тој не
го зборува оти јас сум американски државјанин, туку ми објасни дека тој нема доверба кон Англија, и
затоа што тој е убеден дека не може да се формира независна македонска држава без претходна
согласност на САД. Според Михајлов, Англија има направено многу грешки во овој дел на светот, и
дека таа сѐ уште продолжува да прави грешки тука. Според Михајлов, Англија има голема недоверба кон
словенските народи.
Михајлов вели дека оваа недоверба е неоснована, бидејќи, иако Македонците ја имаат истата вера како
Русите, тие никогаш нема да ги имаат истите принципи, и дека Македонците никогаш нема да станат
Руси, исто како и што не можат да станат Бугари или Срби. Македонците ќе си останат Македонци,
секогаш, дали во рамките на незавнисна Македонија или пак под патронат на ООН или под контрола на
грчката држава.

Михајлов ми објасни дека членството на неговата групација претежно се состои од Македонци кои
одамна станале натурализирани Американци, и од Американци од македонско потекло кои израснале во
САД. Михајлов ми рече дека тој и припаѓа на втората група.

Кога зборува за “американски” Македонци, Михајлов, секако тука мисли на анти-комунистите, бидејќи
уште од време на војната имало и извесен број на американски Македонци кои се платени од Русија и
бугарската мисија, и кои постанале Комунисти.


20
„Она што ми е на мене во срцето,“ ми изјави Михајлов, „е добробитот на мојата татковина и
благонаклоноста на САД.“

Го познавам Ванче Михајлов доволно добро за да можам да ги земам неговите изјави како вистинити и
искрени. Тој истакна дека доколку тој се залагал за некои лични интереси, тогаш ќе ја прифател
германската понуда да биде поставен на чело на независната македонска држава (под бугарски патронат
н.з.) за време на војната.

Ако се прифати неговиот предлог за тампон дражва, каде еднаквите права, слободи и привилегии за
целото население би се подразбирале, тогаш Михајлов би бил подготвен да регрутира војска од Бугари
и Румуни во јужниот дел на Македонија, и со тоа да ја унитшти работата на Болшевиците во тој дел на
светот.

Михајлов чувстува дека ова симултано би ја совладало болшевичката пропаганда во северна Македонија
кон Бугарија и југословенските територии.

Понатаму Михајлов препорача независната македонска држава, како што напоменав погоре, да биде
ставена под патронат на ООН за десет годишен период на чијшто крај би се одржал плебисцит, кој би
бил под надзор на ООН, на кој начин народот би имал можност да ги изјасни своите чувства.

Низ текот на нашите раговори, Михајлов се присети на содржината на меморандум од 1918 година до
покојниот претседател Вилсон, а од авторство на Џ. Д. Бушѐ, сега покоен. Примерок од меморандумот е
прикачен подолу, заедно со неколку кратки белешки за улогата која ја има одиграно г-дин Бушѐ во
еден друг период во однос на балканското прашање.



Меморандум до претседателот Т. В. Вилсон автор: Џ. Д. Буше

Во интерес на правдата и мирната иднина на Балканскиот полуостров, потребно е границите на
балканските држави да се совпаѓаат со етничките граници на различните националности.
Доколку се појават случаи каде што оваа раграничување не е возможно, во тие случаи да се следи
прниципот дека никој народ не смее да биде под туѓа надвласт, т.е. малцинството треба да има
автономија.
Повикувањето на овој принцип е посебно пожелно во случајот на Македонија, земајќи ги предвид
ривалските тврдења на нејзините соседи, коишто беа извор на бесконечното страдање на македонското
население низ последниов половина век. Под свое автономно управување, македонското население ќе има
прилика да си ги врви своите интереси, и на тој начин би можело да просперира, ослободено од
малтретирањата кои досега ги има претрпено.


21
Ако ја прифатиме теоријата пропагирана од Србите и Грците дека националната совест на Македонците е
„динамична“ и дека тие немаат посебна пристрасност кон било која странска пропаганда, тогаш
логичниот заклучок е дека тие треба да си се управуваат независно од друга држава, т.е. принципот
„Македонија на Македонците“ треба да се прифати. Доколку пак спротивно, навистина постојат симпатии
кон страни држави, тогаш Македоците ќе имаат можност слободно да ја изразат оваа тенденција во
согласност принципите на самоуправа и самоопределување.
Автономната македонска држава би се простирала од Шар Планина на север (српската етничка граница),
до Егејското Море на југ, од бугарската граница на исток до албанската граница на запад. Јужната
граница би се просрирала до Костурското езеро и вливот на реката Вардар, залкучно со Нигрита и
Халкидичкиот полуостров.
Би било пожелно автономната (македноска н.з.) држава во првите години од незјиното формирање да
биде ставена под привремен патронат на задолжителна сила, претпочитливо САД.
Не е неразумно да се очекува Србија и Грција да се откажат од македонската територија која што ја
имаат окупирано од 1913 година со оглед дека овие држави сега ќе се здобијат со значителни
проширувања.
Солун, којшто комерцијално е неодделив од внатрешноста, природно би станал главен град на новата
држава. Доколку сметате дека ова е невозможно, тогаш сѐ уште постои излез на морето преку Кавала.
Поднесеново предлог-решение би ја задоволило желбата за автономија на Македонија и Солун, која
надалеку се чувстува веќе подолг период, а истовремено е во согласност со Вашата државничка мудрост
која е прифатена од Сојузниците.

*******************

Господин Џ. Д. Буше

Г-дин Џејмс Д. Бушѐ беше дописник за Балканот за „Лондон Тајмс“ од 1888 до 1920 година. Како таков
тој беше сведок на четири војни на Балканот, како и на безброј востанија кои со себе ги носат сите
ужаси на војната едно по друго, во Крит, Грција, Албанија и Македонија. Никој не ја знаеше
внатрешната историја на Балканот подобро од Бушѐ. Неговото големо симпатизерство спрема грчкиот и
бугарскиот народ беше клучно за формирањето на Балканскиот сојуз против Турците во 1912 година.

Како голем експерт за Балканот, Бушѐ остана непомирен со Букурешкиот мировен договор (1913 г) со
кој Македонија остана поделена помеѓу нејзините соседи. Во писанија во „Тајмс“ како и други
периодични часописи тој постојано се молеше за праведно решение за Балканот. За време на 1919-1920
година живеејќи во Париз, Бушѐ направи големи напори да придобие поддршка за македонската кауза од
неговите пријатели и дипломати.
30-08-2022, 08:38 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: БЕЛЕШКИТЕ НА ЦИА А ВАНЧО МИХАЈЛОВ - by ЈорданПетровски - 30-08-2022, 08:38 PM