ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ПРИКАЗНИ ЗА ГОЛЕМИ ДЕЦА (Трет дел) ![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
![[Image: 275359494_5173752132655999_1285802654798...e=622BB950]](https://scontent-ort2-2.xx.fbcdn.net/v/t39.30808-6/275359494_5173752132655999_1285802654798028182_n.jpg?_nc_cat=101&ccb=1-5&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=gXjeOlRCJxsAX_Nn_lH&_nc_ht=scontent-ort2-2.xx&oh=00_AT-mc9QCmSVYiFqTMZZi4UiggcvPY0hLOsYnNtGLwZkRMA&oe=622BB950)
(Карлос Слим, Иво Ивановски, Коста Крпач, Панче Кралев, Финзи, Ексико, Панорама Резиденс, Империја ...)
Дали е случајно спојувањето на Т-Mobile и Т-Home во нов бренд – Телеком (септември 2015)?
Дали е случајно спојувањето на Оне и ВИП во нов бренд – онеВИП со кој ќе управува новиот директор на Мтел – Иво Ивановски (јули/август 2015)?
Дали е случајно згаснувањето на мобилниот оператор Албафон кој беше промовиран како виртуелен мобилен оператор ?
Ако истрагата во Маѓар Телеком започнала во мај 2015, а објавата на „бомбите“ започна во февруари 2015 година, се поставува прашањето: Колкава е веројатноста за три месеци да се прикријат трагите од незаконското прислушкување![[Image: 2753.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td3/1.5/16/2753.png)
Веројатноста е многу голема, ако се знае дека набргу после објавувањето на телефонските разговори започнаа интервенции на базните станици на мобилните оператори лоцирани на објекти низ Скопје и пошироко.
Јавноста има право да се сомнева во резултатите од истрагата на Маѓар Телеком, затоа што првиот човек на Т-Mobile Македонија АД Скопје и неговите релации со горе споменатите во меѓувреме прават се за да го попречат излегувањето на вистината за масовоното прислушкување во Македонија. Ако на тоа се додаде дека, евентуалната позитивна истрага што би го потврдила масовното прислушкување би отворила уште една пандорина кутија за Маѓар Телеком покрај аферата со „Поткупот во Телекомот“ што добива разрешница во САД, ја допира Македонија која го има клучниот сведок Богоевски, тогаш прифаќањето на „ризикот“ да се сруши меѓународното реноме на Дојче Телеком и Маѓар Телеком со меѓународна и домашна истрага и кривична одговорност на првите луѓе, е преоптимистички, но извесно да се да се очекува![[Image: 2757.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td7/1.5/16/2757.png)
Работите не застануваат тука. Јавноста има право да се сомнева во одлуката на врвот на доминантниот телекомуникациски оператот во Македонија, да ги обедини T-Mobile и T-Home под еден бренд Телеком![[Image: 2757.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td7/1.5/16/2757.png)
Во контекст на спојувањето на телекомуникациските оператори во Македонија, интересна е да се истакне оставката на министерот за информатичко општетсво Иво Ивановски кој од самиот почеток раководи со ова министерство кое во основа се занимава со уредување на прашањата од областа на информатиката и телекомуникациите. Медиумите јавија, а Иво Ивановски потврди дека од позицијата заминува да раководи со доминантниот телекомуникациски оператор во Бугарија Мтел, кој од неодамна во Македонија го купи Blizoo.
Заминува на позицијата извршен директор на Мтел Бугарија за Балканот. Мтел Бугарија е дел од Telekom Austria Group. Газда на Телеком Австрија е мексиканскиот милијардер Карлос Слим, кој пред неколку години беше гостин на свадбата на министерот Иво Ивановски во Битола![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Tокму Телеком Австрија во чија сопственост е и македонскиот оператор ВИП по долги преговори со словенечката Влада, неодамна го купи нивниот телекомуникацискиот оператор во Македонија, ОНЕ, така што Ивановски ќе има влијание врз новата телекомуникациска компанија „онеВип“. Комисијата за заштита на конкуренцијата на седница одржана на 08.07.2015 година донесе решение со кое го одобри спојувањето, иако истакнаа дека тоа ќе и штети на конкуренцијата![[Image: 2757.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td7/1.5/16/2757.png)
Еден месец по оставката на Иво Ивановски од позицијата министер Министерството за информатичко општество и администрација и заминувањето на челната позиција на телекомуникациски оператор во Бугарија, македонската јавност и институциите за борба против корупцијата и спречувањето на судир на интереси не ги отвори прашањата:
Дали имало судир на интереси и корупција на министерот од позиција на министер на ресор кој уредува телекомуникациската инфраструктура и телекомуникациите, кога експресно заминува на чело на компанија која добива позиција во телекомуникацискиот простор во РМ односно: Дали од позиција на министер одработувал за странската компанија, за да ја добие челната позиција![[Image: 2753.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td3/1.5/16/2753.png)
Одговорот на овие прашања се важни заради фактот што министерството со кое раководеше од 2008 година ги врши работите што се однесуваат на:
развојот и промоцијата на информатичкото општество; креирањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа; интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања; следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди; телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура; радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура ....![[Image: 2049.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t73/1.5/16/2049.png)
Како континуитет на овие „чудни“ спојувања на операторите во Македонија вреди да се спомне дека, во јуни 2015 година пред да се донесе одлуката за спојувањето на ОНЕ и ВИП, престана да работи наголемо промовираниот виртуелен мобилен оператор Албафон, кој требаше да цели на албанската популација во Македонија![[Image: 2757.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td7/1.5/16/2757.png)
Албафон ја користеше комуникациската мрежа на ОНЕ која сега е дел од новата компанија „онеВИП“. Имаше 16 илјади корисници. Во „бомбите“ се дозна дека, Сашо Мијалков договара да го земе обезбедувањето на објектите на Албафон![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
![[Image: 1f6a9.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t1f/1.5/16/1f6a9.png) Згаснувањето на Албафон (јуни 2015), спојувањето на Вип и Оне под нова компанија „онеВИП“ (јули 2015), преземањето на челната позиција на Мтел Бугарија (август/септември 2015), спојувањето на T-Mobile и T-Home под еден бренд Телеком (септември 2015) - во период кога Македонија ја тресе мега аферата со противзаконското прислушкување ја подведува под прашалник случајноста на овие одлуки на странските компании раководени од луѓе блиски до власта, осомничени за вмешаност во злоупотреба на моќта, власта и кршење на правата на граѓаните![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Во целиот овој изминат период, македонската јавност не слушна никаква информација или став на Агенцијата за електронски комуникации која според закон (заедно со Министерството за информатичко општество и Иво Ивановски до вчера), е надлежна за областа на електронските комуникации во РМ. Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е клучен орган кој треба да ја контролира, регулира, санкционира работата на давателите на телекомуникациските и интернет услугите во РМ и да ги заштитува правата на граѓаните, особено неповредливоста на комуникациите и приватноста![[Image: 2757.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td7/1.5/16/2757.png)
Зошто АЕК молчи за аферата со прислушкувањето![[Image: 2049.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t73/1.5/16/2049.png)
Спроведувањето на Законот за електронските комуникации во кој се определуваат обврските на операторите во процесот на следење на комуникациите, контролатата на АЕК над тој и другите процеси на операторите, но и правото на приватност и заштитата на личните податоци на граѓаните е во надлежност на АЕК Членовите 175-178 од законот ја уредува обврската на операторите во процесот на следење на комуникациите, преносот на податоците, зачувувањето, обврските на операторите за набавка на соодветна опрема за следење на комуникациите според спецификација од овластениот орган за следење на комуникациите и сл. Но, колку од овие обврски се спроведени од страна на АЕК, особено во делот на контролата, надзорот и заштитата на правата на граѓаните е големо прашање, ако се знае суспендирањето на сите контролни механизми врз власта од страна на криминалната структура која со години неовластено ги следела комуникациите на над 20.000 граѓани![[Image: 2753.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td3/1.5/16/2753.png)
За да биде иронијата поголема АЕК на 15.01.2015 година донесува Правилник кој ја регулираа и нагласува токму оваа обврска на Агенцијата (обезбедување на интегритет и безбедност на јавните комуникациски мрежи и личните податоци на граѓаните) и на Дирекцијата за заштита на личните податоци![[Image: 2757.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td7/1.5/16/2757.png)
Во ноември 2013 година, АЕК обзнани дека на Водно ќе гради Кула (антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции за територијата на целата држава) која ќе биде мониторинг центар и туристичка атракција исто така![[Image: 2757.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td7/1.5/16/2757.png)
СДСМ тогаш реагираше дека стандардите не дозволуваат на иста локација да има и предавателни и мониторинг уреди и дека европските искуства покажуваат дека ваквите кули се во сопственост на јавните радиодифузни сервиси, а не на агенциите. Затоа е нејасно зошто во Македонија кулатат е во сопственост на АЕК и како оваа непрофитална агенција ќе остварува профит од кулата која е најавена и како туристичка атракција. Намерата на АЕК е во иднина врвот на Водно да биде расчистен од бројните присутни антени и во нивната централна кула да се префрлат сите радиодифузери и мобилни оператори. Вредноста на договорот за градежните работи е 17,5 милиони евра, инвестиција на АЕК![[Image: 2049.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t73/1.5/16/2049.png)
Со АЕК од 2010 година директорува Роберт Ордановски кој пред да стане директор на Агенцијата од 1997 година е на клучни позиции во Македонски Телекомуникации и во T-Mobile која денес треба да ја контролира![[Image: 2049.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t73/1.5/16/2049.png)
Дали е можно поврзување на Ордановски со аферата „Поткуп во Телеком“во тој временски период и колку директорувањето со АЕК му е награда за пред и по![[Image: 2753.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td3/1.5/16/2753.png)
Ордановски важи за близок човек на Фамилијата, а во извештајот на ДИК за 2014 година неговоро име се спомнува како донатор на 45.000 денари за кампањата на Ѓорѓе Иванов. АЕК донираше и еден милион евра за изградба на панорамското тркало кое според пресметките треба да чини околу 18 милиони евра![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Кога сме кај обврската за заштита на личните податоци и приватноста на корисниците на улугите на АЕК и телекомуникациските оператори, добро е да се спомне дека, поранешната директорка на Дирекцијата за заштита на личните податоци Маријана Марушиќ , по нејзиното барање за разрешување (октомври 2010 година) од позицијата директор на Дирекцијата, својата работна кариера ја продолжува на позицијата
овластено лице за информации од јавен карактер/офицер за заштита на личните податоци во Т-Mobile Македонија АД Скопје кај Жарко Луковски ![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Како се штитат личните податоци во аферата со неовластеното прислушкување останува да даде одговор и Маријана Марушиќ.
Како Маријана Марушиќ ќе го коментира Правилникот за обезбедување на интегритет и безбедност на јавните комуникациски мрежи и личните податоци на граѓаните, како обвска на операторите, АЕК и на Дирекцијата за заштита на личните податоци![[Image: 2049.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t73/1.5/16/2049.png)
Во оваа телекомуникациска приказна не помалку интересен е ликот на поранешниот министер за образование и наука во периодот 2011-2013 година – Панче Кралев![[Image: 1f448.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t29/1.5/16/1f448.png) ![[Image: 2757.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td7/1.5/16/2757.png)
Јавноста скоро и да не го памети на министер за образование, затоа што „успесите“ на неговиот претходни кој тој ги „доврши“ (?!), од оваа перспектива не изгледаат ни малку наивни.
![[Image: 1f6a9.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t1f/1.5/16/1f6a9.png) Кралев поднесе оставка од позицијата министер за образование во мај 2013 година, откако до Владата „допре глас од ОЈО за организиран криминал и корупција“ дека, поранешниот продекан за настава на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Фросина Ременски поднел кривична пријава за злоупотреба на проектот набавка на лабаратории за државните универзитети и јавните научни установи со набавка на лабаратории во вредност од близу 4 милиони евра на име на Факултетот, а за сметка на сеуште непознат краен корисник Токму Панче Кралев е министерот кој ги продолжи процедурите за набавка и потпишување на документи за фиктивно примопредавање на набавени лабаратории што ја договори и започна неговиот претходник Никола Тодоров![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Соочени со кривична одговорност одлучуваат Кралев да поднесе оставка и времено да се заштити како советник за образование во кабинетот на Никола Груевски Аферата „Афис“ добива јавност и останува да сведочи за незаконската набавка на лабаратории за три лабаратории за криминалистичка регистрација и идентификација (АФИС), според тендерот една за Факултетот за безбедност и две за МРТВ ; но, и компјутерски хардвер и софтвер кој исто како и АФИС системот може да биде употребен и злоупотребен. Неколку дена пред оставката на Панче Кралев, експресно го пензионираа тогашниот директор на полицијата Љупчо Тодоровски познат како Радник-от „Случајно“ совпаѓање![[Image: 2049.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t73/1.5/16/2049.png)
Случајно или не, но во екот на „бомбите“ и обелоденувањето на аферата со незаконското прислушкување, на 15 април 2015, дојде веста дека, Панче Кралев (за првпат) и веќе споменатиот Небојша Стаковиќ (по вторпат) се избрани за неизвршни членови во Одборот на директори на Македонски Телеком, а подоцна и за претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Ако Кралев важи за министерот кој потпиша најголем број на записници за примопредавање на лабаратории набавени во рамките на проектот на Владата помеѓу МОН, фирмата набавувач и крајниот корисник; и, ако на тоа се додадат сомнежите дека овој владин проект е злоупотребен од власта за противзаконско опремување на необразовни институции и приватни фирми – тогаш е извесно дека Панче Кралев „го заслужил“ местото во Одборот на директори на Македонскиот телеком исто како и останатите згрижени по заслуги![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Можете да замислите колку било лесно договарањето на овие набавки и примопредавања кога во кругот на „бизнисот“ имате подобни декани на факултети, уште поподобни ректори на универзитети, го имате МВР како гарант за кривично негонење и секако актерите во ликот на Мијалков, Јанкуловска, браќата Стајковиќ-и, Луковски и Груевски![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Во оваа анализа за поврзаноста на функционери, фирми во информатичко – телекомуникациската област, раководни лица на операторите и гаранцијата за кривично негонење што ја имаа од нивните во обвинителството и во судовите на РМ, можеби не е на одмет да ја спомнеме фамозната партиска фирма на ВМРО-ДПМНЕ која по 2006 година ги даде „најпродуктивните“ кадри во власта кои одработија во телекомуникацискиот бизнис, а со тоа и во аферата со прислушкувањето – „Аналитико АИ“![[Image: 2757.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td7/1.5/16/2757.png)
"Аналитико АИ ДОО увоз-извоз Скопје“ беше основана на 2 ноември 2004 година на адресата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Ликвидирана е на 15 декември 2007 година, речиси една и пол година по победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во јули 2006 година. Во мај 2006 година бил склучен договор меѓу Македонски Телеком и фирмата "Аналитико АИ" за маркетинг услуги и за дистрибуција на СИМ картички, во вредност од околу 120 илјади евра![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Ударната гарнитура - Гордана Јанкуловска, Мартин Протуѓер, Миле Јанакиевски, Елизабета Канческа, Оливер Шамбевски или луѓето од вториот ешалон - телохранителот Ален Зекиров, Ленче Самарџиска, личната секретарка на премиерот Груевски и уште две-три помалку познати партиски лица, продавала СИМ картички![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Договорот меѓу „Телеком“ и „Аналитико АИ“, формално бил склучен токму за маркетинг услуги и дистрибуција на СИМ картички. Зад овие имиња се кријат најголемите финансиски, изборни и политички малверзации од 2006 година наваму![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Аналитико АИ“ се јавува и како издавач на книгата „Тодор Александров - Се за Македонија“ која беше објавена по повод 15 годишнината од основањето на партијата![[Image: 2757.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td7/1.5/16/2757.png)
Ако денес се обидете на интернет пребарувачите да ги најдете вестите за „Аналитико АИ“, ќе најдете наслови кои нема да ве одведат до информациите кои сте ги прочитале пред 15 години, а се поврзани со оваа фирма-расадник на извршители![[Image: 2757.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td7/1.5/16/2757.png)
Груевскипрашањата за „Телекомот“ го туркаше под тепих. Сите по него ова прашање не го отворија до крај. Добрите познавачи на овој бизнис, тврдат дека тој има и дебели причини за вакво однесување. Тоа сигурно го знае и Слободан Богоевски и неговиот политички и бизнис партнер од Грција Кондоминас. Во писмото испратено до него, како тогашен министер за финансии, чиј потписник е Елек Штрауб, извршен директор и претседател на конзорциумот МАТАВ кој дал финална понуда за купување на 51 насто од „Македонски Телеком“ се вели: „Ние сме убедени дека суштинската програма за капитални трошоци (631 милион евра од 2001 до 2007 година) ќе им обезбеди на македонскиот народ и на компаниите пристап до современа инфраструктура и активна улога во глобалното информативно општество“. Тие подоцна се изборија за приватизацијата на „Македонски телеком“, Дали тие пари стасале, најдобро знае Груевски. Сомнително е што во 2007 година, одбегнува обврската да ангажира независен ревизор кој ќе утврди дали инвестицијата од 631 милион евра стасале во Македонија![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Во октомври 2004 година, весникот Вечер излезе со информацијата дека, Најголемиот поединечен акционер во "Македонски телекомуникации”, унгарската компанија МАТАВ постигнала договор за купување на 7,44 отсто акции на грчката компанија "Космотелко", која исто така беше акционер во компанијата, со што Унгарците добиле 51 отсто од акциите и станале доминантни сопственици на "Телеком"![[Image: 2757.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td7/1.5/16/2757.png)
Грчката компанија за своите акции ќе добие 31,4 милиони евра, како и пропорционална дивиденда за годината. Со ова се става крај на сите информации околу можноста "Матав" да ја изгуби доминантната позиција во компанијата. Веќе подолго време се зборува дека газдата на Космотелко, Димитри Контоминас има намера да ги продаде акциите, а се слушнаа и информации дека постои можност како купувач да се јави сосема друга компанија која со Владата, која има 47 отсто акции (која исто така планира да ги продаде) би направила договор за промена на доминантната сопственост во "Телеком". Ваквите шпекулации, од друга страна се толкуваа дека се во функција на подигање на цената на акциите на "Космотелко", кои, иако се работи за мал процент, се многу важни, бидејќи без нив никој не може да биде доминантен сопственик![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Во тоа време се спомнуваат имињата и на Славе Младеновски како менаџер за надворешна комуникација на „Телеком“, името на професорите на Правниот факултет во Скопје Дејан Мицковиќ кој во октомври 2004 година стана претседател на Бордот на директори на Македонски телекомуникации. Тројцата важат за блиски луѓе на Бучковски![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Во своја одбрана за наводна вмешаност во афарата со поткупот во Телеком, Дејан Мицковиќ вели дека спорната девиденда за која јавниот обвинител за корупција во Бон во 2005 година, го обвини првиот човек на Дојче Телеком, ја договарале Владо Бучковски и извршниот директор на Маѓар Телеком (обвинетиот Елек Штрауб)![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Мицковиќ во октомври 2006 година поднесе оставка на оваа функција. Една од причините поради кои Мицковиќ одлучи да се повлече од претседателската функција е непочитување на законските рокови од страна на „Маѓар телеком" за усвојување на минатогодишните финансиски резултати за двете компании и исплатата на дивидендата во предвидениот рок. Унгарците ги пробија роковите поради истрагата за злоупотреба на 3 милиони евра во црногорски „Монет", компанија-ќерка на „Маѓар телеком".![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Пред и по оставката на Дејан Мицковиќ на местото претседател на Бордот на директори на Македонски телекомуникации професорот Борче Давитковски ја обавуваше таа функција![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Судскиот процес во Њујорк, против тројца директори (Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи) на телекомуникациската компанија Маѓар Телеком (МАТАВ), обвинети дека потплатувале политичари во Македонија и Црна Гора, но сега веќе и клучното сведочење на Слободан Богоевски во процесот, ќе ја разбистри водата преку отварање на оваа афера која толку блиску допира до актерите и афарата со прислушкувањето.![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
![[Image: 1f6a9.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t1f/1.5/16/1f6a9.png) Кога почнува да се размотува ова клопче кратко опишано од моја страна во трите дела на „Телекомуникациските приказни за големи деца“ во април 2016 година, под чудни и криминалистико-невообичаени околности се „самоуби“ сведокот на СЈО во горенаведените случаи – академскиот сликар и управителот на фирмата „Финзи“ ДООЕЛ Коста Крпач![[Image: 1f448.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t29/1.5/16/1f448.png) .
„Самоубиството“ на Коста Крпач остана енигма и по помилувањата на Иванов, но остана забележано дека сведокот на СЈО - Крпач пред да се „самоубие“ од тераса пукал во паркирано (жолто?) комбе![[Image: 1f448.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t29/1.5/16/1f448.png)
наспроти зградата во која живееше![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Раководната позиција на „Финзи“ ДООЕЛ со која се поврзува набавката на израелската опрема, Коста Крпач ја наследува во 2011 година од Владислав Стајковиќ, додека фирмата „ЕКСИКО“ се јавува со свои удели во многу фирми на познатиот бизнисмен Орце Камчев. Така на пример, фирмите Архи, Ексико, заедно со Орка се јавуваат како сопственици на „Панорама резиденс“ на Водно што беше спорно околу изгласувањето на ДУП-от во Општина Центар, по што експресно беше притворен Мирослав Шиповиќ. Фирмата „Архи“ ја врзува „Ексико“ со бизнисменот Ванчо Чифлиганец кој е сопственик на две фирми „Адор груп“ и „Адора Инжинеринг“. Партнер во фирмата „Адора“ е фирмата „Архи“, односно „Орка“ на Орце Камчев и „Ексико“![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
Петре Шилегов како портпарол на СДСМ во 2014 година, на прес конференција праша дали шефот на тајната полиција Сашо Мијалков е сопстевик на фирмата „Ексико“. Одговор до сега на ова скоро и да нема![[Image: 203c.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tfe/1.5/16/203c.png)
По оваа кратка анализа сега се надоврзува потреба уште на едно поврзување, освен она почетното – „Поткупот во Телеком“ и „Прислушкувањето“ – а тоа е, фамозната истрага за „ИМПЕРИЈА“ која го сруши СЈО со тенденција да го сруши и ОЈО за ГОКК на Вилма Русковска ... полека, но сигурно ....
![[Image: 1f64a.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t54/1.5/16/1f64a.png) ![[Image: 1f648.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tab/1.5/16/1f648.png) ![[Image: 1f649.png]](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t2c/1.5/16/1f649.png)
Фросина Ременски 07.03.2022
|
|