Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НЕУСТАВНО ПРИСЛУШКУВАЊЕ А НЕ ЗЛОУПОТРЕБА ОД ОПЕРАТОРОТ И АЕК
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ПРИКАЗНИ ЗА ГОЛЕМИ ДЕЦА (Прв дел) [Image: 203c.png]

[Image: 275083296_3031809070401572_1801189741183...e=62281CF9]

(Кондоминас, Богоевски, Бучковски, Мијалков, Мериот ... )
По веста (2015) дека судот во Њујорк го објавил сведочењето на поранешниот шеф на македонската тајна полиција Слободан Богоевски , во кое тој како клучен сведок во судскиот процес против директорите на „Маѓар Телеком“ се јавува во улога на посредник во корумпирањето на политичари во Македонија – се отвараат неколку прашања во оваа телекомуникациска приказна на која и надлежните тука ќе треба, а уште не даваат одговори.
Името на Димитрис Кондоминас се јавува како едно од клучните во оваа сеуште не до крај отворена афера во Македонија од разбирливи причини. Кондоминас и во тој период и сега (2015) е глевен партнер на функционерите од власта кога треба да се одбрани неговиот интерес. На македонската јавност и' е познат по неговите бизнис-зделки, а една од последните е изградбата на Офицерскиот дом и Хотел Мериот во центарот на Скопје, дел од проектот Скопје 2014[Image: 2757.png]
Таткото на грчката осигурителна компанија „Интерамерикан“, во Македонија стана познат како сопственик на компанијата „Космотелко“, која имаше дел од акциите во „Македонски телеком“ и ја доби националната лиценца за WiMax, широкопојасен интернет. Според профилот за компанијата објавен во „Катимерини“, „Космотелко“ имаше 7,4 проценти учество во „Стоунбриџ комуникации АД Скопје“, компанија која контролираше 51% од „Македонски телекомуникации“.
[Image: 1f6a9.png]Се вклучи во проектот „Скопје 2014“ преку купување на земјиштето на плоштадот Македонија за изградба на барокниот [Image: 1f449.png]Хотел Мериот[Image: 1f448.png] и Офицерскиот дом, проект за кој фирмата на Кондоминас „ДЕМКО“ беше единствен понудувач и доби површина од 6.308 квадратни метри за околу 630.000 евра[Image: 2757.png]
Кондоминас се обиде, но неуспешно да се вклучи и во енергетскиот бизнис преку учество на тендерите за изградба на хидроцентрали во Македонија. Тој беше сопственик и на македонската Алфа ТВ, но откако телевизијата не доби национална концесија, Кондоминас продаде телевизија на Французи, за потоа да ја преземе човек близок до Сашо Мијалков и Жарко Луковски. Веселин Јевросимовиќ преку својата групација за информациски технологии „Kомтрејд“, купи 56% од акциите на „Фершпед“ во ТВ „Алфа“, за што платил 2,5 милиона евра[Image: 2757.png]
Кондоминас имаше и земјиште од околу 22.000 квадратни метри кај хотелот „Александар Палас“ со план да се изгради голем трговски и бизнис- центар, идеја која пропадна бидејќи голем дел од земјиштето преку денационализација беше вратено на сопствениците. За наводни нелегални трансакции за ова земјиште затворска казна [Image: 1f449.png]во акцијата „Агент“ на МВР доби токму Слободан Богоевски[Image: 1f448.png] и застапникот на грчкиот инвеститор Кондоминас. Слободан Богоевски во своја одбрана пред судот тврдеше дека, со пресудата за „Агент“ власта ги штити интересите на анонимната оф-шор компанија на Кондоминас. Тој трвди дека, на легален начин договориле грчкиот бизнисмен Кондоминас да се откаже од земјиштето кај хотелот „Александар Палас“ кое го купил во 2000 година од Република Македонија, а за возврат да му бидат вратени парите и да добие заштита за другите бизниси во земјава. Според Богоевски сега со пресудата за „Агент“, на Кондоминас му се враќа правото да ја тужи Македонија пред Арбитражен суд во Франкфурт и да наплати од Македонија околу 30 милиони евра[Image: 2757.png]
Зад превезот на грчки инвестиции Кондоминас успевал да ги убеди поранешните грчки премиери дека македонските власти со текот на времето ќе го променат ставот за името („Не дека во некој момент дојдовме до компромис за името, но соработката на ’Дојче телеком’ со еден грчки бизнисмен беше дел од истрагата во Бон за неконвенционално плаќање на политичарите во Скопје, која заврши без да докаже нешто“, =AT1FRVmj9bvjmk5Uh3YrnNs49uvaZLEr3mpehxuVtzJJ0-GNy1y8dqLGHeTgIaxkqYkrOKMdxuxjHn1c-zY-dx5nSVsE6POgtMXz5apYFaqD5Nkl9Ov5_L87dsmdVWL2FQ5YwJ9LxTM9FyTRGGUCZa68zXy9wUqY84gd1GuxqrgoWiM]http://www.protagon.gr).
Во објавените „бомби“, Кондоминас беше човекот преку кои Груевски и Мијалков договараа „решавање на проблемот со името со Грција“ [video=youtube](=AT1FRVmj9bvjmk5Uh3YrnNs49uvaZLEr3mpehxuVtzJJ0-GNy1y8dqLGHeTgIaxkqYkrOKMdxuxjHn1c-zY-dx5nSVsE6POgtMXz5apYFaqD5Nkl9Ov5_L87dsmdVWL2FQ5YwJ9LxTM9FyTRGGUCZa68zXy9wUqY84gd1GuxqrgoWiM]https://www.youtube.com/watch?v=N0-TXxO5LU8).[/video]
[Image: 1f6a9.png]Покрај ретките новинарски написи, единствено Транспаренси Интернешнал Македонија спроведе истражување за улогата на Кондоминас во овој мега корупциски скандал „Поткуп во Телеком“. Тие дојдоа до клучните податоци од истрагата на американските институции кои покажуваат дека функционери од две македонски партии во времето на Владата на Владо Бучковски зеле поткуп преку оф-шор кипарска компанија „Чаптекс лимитед“, сопственост на Гркот Кондоминас. Според истрагата, обвинетите од Телеком-от склучувале лажни договори за консултантски услуги со Чаптекс, а потоа со тие пари се подмитувале македонските политичари и фунционери со цел да се помогне во одржувањето на монополската позиција на Телеком. Се претпоставува дека биле поделени речиси 5 милиони евра мито[Image: 2757.png]
(Детали на: =AT1FRVmj9bvjmk5Uh3YrnNs49uvaZLEr3mpehxuVtzJJ0-GNy1y8dqLGHeTgIaxkqYkrOKMdxuxjHn1c-zY-dx5nSVsE6POgtMXz5apYFaqD5Nkl9Ov5_L87dsmdVWL2FQ5YwJ9LxTM9FyTRGGUCZa68zXy9wUqY84gd1GuxqrgoWiM]http://www.transparency.mk/index.php?option=com_content...).
Според, исказите на Слободан Богоевски (кој е клучен сведок од Македонија во оваа афера), дадени пред адвокатите на американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ) Бучковски и двајца политичари во повеќе наврати, а со посредство на луѓето на Кондоминас, примиле 7.5 милиони евра мито [Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Кондоминас во 2008 година стапил во контакт со функционери од власта и понудил многу пари за да се повлечат пријавите и потерниците против двајца поранешни директори во „Телеком“ по кои МВР распиша потерница поради аферата „Поткуп во Телеком“. Ова е тврдењето на Слободан Богоевски во интервју за „Фокус“, дадено по повод операцијата „Агент“. Богоески вели дека потерниците биле повлечени, постапката била запрена и во целиот процес посредувала познатата адвокатска канцеларија доверлива на власта.
Од МВР велат дека, согласно процедурите, Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, распишува меѓународни потраги исклучиво по наредба на надлжениот суд. Иста била и процедурата за укинување на одредена меѓународна потрага. Што значи дека, и во овој случај функционирала спрегата МВР-обвинителство-суд кога треба да се изврши наредба на корумпираните од фамилијата. До ден денеска од оваа истрага нема ништо[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png]Богоевски исто така тврди дека, Груевски го потпишал договорот за ОКТА, а како главен посредник за да дојде до тој договор бил Кондиминас. Според него е битен моментот на запирање на постапката против двајца корумпирани директори од Телекомот, кои биле луѓе на Кондиоминас. Со посредство на Малелис (заштитениот сведок во случајот „Кампања“ против Љубе Бошковски), дошло до контакти со Мијалков. Постапката запре против директорите.
[Image: 1f6a9.png]Како компензација во проектот „Скопје 2014“ влезе ќерката на Кондоминас, со фирмата „Денко“ која го гради Офицерскиот дом и Хотелот Мериот на плоштад и други компании, делумно оф-шор, па не им пречи таа соработка[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png]Зошто е важно ова поврзување на корупцискиот скандал со поткупот во Телеком, судскиот процес во САД и аферата со прислушкувањето[Image: 2753.png]
Читајте во вториот дел на продолжението за Мијалков, МВР, браќата Стајковиќ, Финзи, Ексико ....

Фросина Ременски 04.03.2022
05-03-2022, 04:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:[Image: 1f6a9.png]ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ПРИКАЗНИ ЗА ГОЛЕМИ ДЕЦА (Втор дел)[Image: 203c.png]

[Image: 275205816_3032744883641324_3667928837755...e=62284D37]

(Мијалков, браќата Стајковиќ, Луковски, Камчев, Груевски, Ексико ...)
Каква е спрегата на клучните луѓето од Македонскиот телеком, Фамилијата со МВР[Image: 2753.png]
Откако се почна со објавување на „бомбите“ писмено беа информирани компаниите Дојче Телеком и Маѓар Телеком за случувањата во Македонија, од аспект на потенцијална вмешаност на раководните структури на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија во незаконско и неетичко однесување. Од објавените аудио докази се потврдуваат злоупотреби и прекршувања на законските и интерните процедури на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.
[Image: 1f6a9.png]Главниот оперативен директор на Т-Mobile и неизвршен член на Одборот на Директори на Македонски Телеком – АД Скопје, Жарко Луковски (сега покоен) ја започнува својата кариера во Македонски Телеком во ноември 2006 година.
Од 2006 година е член на Надзорниот одбор на МЕПСО. Луковски важеше за еден од најблиските луѓе на Сашо Мијалков со кого се во кумска врска од јуни 2014 година[Image: 2757.png]
Краток преглед на биографијата на Луковски открива голема и не така случајна поврзаност со фирми и компании вмешани во сомнителни бизниси со оф-шор компании, тендери за владини проекти, медиуми и бизнис со телекомуникациска опрема и услуги[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Така на пример, пред да ја започне кариера во Македонскиот Телеком, Луковски од 1996-2000 е генерален директор на „МОБИКО Скопје“, а од 2003-2006 година е претседател на Управниот одбор на истата фирма „МОБИКО Скопје“.
[Image: 1f6a9.png]На директорското место на фирмата „МОБИКО ДООЕЛ Скопје“ е Владислав Стајковиќ основач и сопственик на фирмата „НВСП ДООЕЛ“ која е сопственик на Агенцијата за обезбедување на имоти и лица „Секјурити Груп Сервисис (СГС)“, која се поврзува со Сашо Мијалков.
Владислав Стајковиќ се јавува и како прв сопственик на компанијата [Image: 1f449.png]„ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје“[Image: 1f448.png] на чија адреса е регистрирана фармата „Нет прес ком ДООЕЛ“ сопственик на порталот „Нетпрес“. Агенцијата „Секјурити Груп Сервисис (СГС)“ на Мијалков/Стајковиќ го доби милионскиот тендер од Луковски за обезбедување на објектите на Македонски Телеком – АД Скопје[Image: 2757.png]
„МОБИКО ДООЕЛ Скопје“ раководена од Владислав Стајковиќ, односно Сашо Мијалков е овластениот сервисер на мобилни телефони на T-Mobile управуван со Жарко Луковски[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png]Владислав Стајковиќ претставен како директор на фирмата за информатика и телекомуникации МОБИКО ДООЕЛ Скопје, заедно со уште двајца е дел од надзорниот одбор на новата Државна видеолотарија основана од Државната лотарија на Македонија и австриска фирма[Image: 1f448.png][Image: 2757.png]
Поврзаноста на луѓето и фирмите врзани во високо коруптивни бизниси не завршува тука.
[Image: 1f6a9.png]Името на Небојша Стајковиќ (брат на Владислав Стајковиќ), кое многу малку, скоро воопшто не се спомнува во јавноста е можеби главната оперативна врска помеѓу T-Mobile на Жарко Луковски, бизнисите на неговиот брат Владислав Стајковиќ со Сашо Мијалков и злоупотребата на T-Mobile во аферата со неовластеното прислушкување[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Небојша Стајковиќ кој од 14 декември 2009 година (времето од кога неговиот брат раководи со „МОБИКО ДООЕЛ Скопје“, СГС и други фирми блиски со Мијалков и Луковски) е избран за неизвршен член на Одборот на директори на Т-Mobile Македонија АД Скопје.
[Image: 2757.png]Истовремено и во континуитет од 2006 година, тој ја извршува и функцијата
[Image: 1f449.png]Помошник на Министерот за внатрешни работи за информатика и телекомуникации – Началник на Оддел за информатика и телекомуникации[Image: 1f448.png] Оваа функција и членувањето во Одбор на директори на доминантен телекомуникациски оператор е класичен пример на судир на интереси кој од аспект на аферата со прислушкувањето подлежи на кривична одговорност, но до денес никој не ја отвори како проблем[Image: 203c.png]
[Image: 1f449.png]Но, братската врска на Стајковиќ-и со Луковски и со Мијалков не застанува тука. Исто како и неговиот брат Владислав, така и Небојша од 1998-1999 година работи како систем администратор во фирмата на Луковски МОБИКО Скопје[Image: 2757.png]
Во краткото претставување на членовите на Одборот на директори на Т-Mobile Македонија АД Скопје за Небојша Стајковиќ не се спомнува неговата актуелна функција во МВР, туку се истакнува неговото искуство во областа на информатичката технологија и системското инженерство и дека бил ИТ консултант на ТЕРТИА Скопје која и самиот ја спомнува во неговата биографијата (достапна на интернет). Спомнува дека бил Советник на Министерот за информатички технологии и телекомуникации, мислејќи на поранешниот министер Иво Ивановски кој замина да директорува со телекомуникациска компанија[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png]Жарко Луковски во својата биографија навел дека од 2002-2003 година е Генерален директор на фирмата Comtrade, Скопје, за која постојат основани сомневања дека, е фирмата „Комтрејд Груп“ на српскиот Веселин Јевросимовиќ (бизнис партнер на Луковски), која во во 2009 година го доби тендерот за набавка на 55.000 компјутери за децата до трето одделение и наставниот кадар во основните училишта на Министерството за информатичко општество вреден 11,7 милиони евра[Image: 203c.png]
[Image: 2757.png]Овој проект („Компјутер за секое дете“) никогаш не заживеа и покрај потрошените пари за реализација на приватен бизнис интерес на луѓе блиски до власта. Веселин Јевросимовиќ преку својата групација за информациски технологии „Kомтрејд“, купи 56% од акциите на „Фершпед“ во ТВ „Алфа“, за што платил 2,5 милиона евра[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png]Она што ги поврзува Жарко Луковски, Небојша Стајковиќ, Владислав Стајковиќ, Сашо Мијалков, Орце Камчев и Никола Груевски е секако оф-шор фирмата ЕКСИКО[Image: 203c.png]
[Image: 2757.png]И Жарко Луковски и Небојша Стајковиќ во своите биографии наведуваат дека работеле во иста фирма Exico, Скопје, Луковски од 2002-2003 година како проект менаџер, а Небојша Стајковиќ од 2002-2006 година како главен менаџер (решенија за платежни системи, претставништво на FASY касови регистри и VeriFone POS терминали)[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png]Небојша Стајковиќ својата образовна „надградба“ во периодот 2009-2010 година на трошок на МВР ја реализира на Бојовиот Европски Универзитет во Скопје[Image: 203c.png]
Блиските реалации на браќата Стајковиќ-и со Сашо Мијалков, Луковски и Камчев ги рангира во врвот на доверливите спроведувачи и прикривачи на незаконските активности на власта.
[Image: 2757.png]Од позиција на сопственик на фирмата НВСП ДООЕЛ Скопје, Владислав Стајковиќ со помош на неговиот брат во МВР и Сашо Мијалков како нарачател, ги реализира коруптивните набавки на опрема.
[Image: 2757.png] Доказ за тоа се и податоците од изводите од Централниот регистар на РМ од кои може да се види дека приоритетна дејност на НВСП (покрај „Нетпрес“,„Радио Слободна Македонија“) е да врши трговија на големо со електронска и телекомуникациска опрема, а поседува и одобрение за вршење промет со оружје, муниција и делови за оружје издадено од Министерството за внатрешни работи. Одобрението за вршење на ваква дејност според законските и подзаконските акти за внатрешни работи издава министерот за внатрешни работи – во тој период Гордана Јанкуловска[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png]Ако се земат во предвид сите овие братско-братучедски-кумски релации на клучните луѓе кои управуваа/т со МВР, Т-Mobile Македонија АД Скопје и фирмите преку кои се набавува софистицирана телекомуникациска опрема, се опремуваат институции и нудат се телекомуникациски услуги во Македонија, тогаш е повеќе од јасно која е врската/улогата на овие луѓе на чело со Никола Груевски во аферата со масовното прислушкување на повеќе од 20.000 граѓани[Image: 2757.png]
Дали е случајно спојувањето на Т-Mobile и Т-Home во нов бренд – Телеком 2015[Image: 2753.png]
Дали е случајно спојувањето на Оне и ВИП во нов бренд – онеВИП со кој ќе управува новиот директор на Мтел – Иво Ивановски 2015 [Image: 2753.png] во третиот дел .....
[Image: 1f64a.png][Image: 1f648.png][Image: 1f649.png]


Фросина Ременски 05.03.2022
05-03-2022, 04:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ПРИКАЗНИ ЗА ГОЛЕМИ ДЕЦА (Трет дел) [Image: 203c.png]

[Image: 275359494_5173752132655999_1285802654798...e=622BB950]

(Карлос Слим, Иво Ивановски, Коста Крпач, Панче Кралев, Финзи, Ексико, Панорама Резиденс, Империја ...)
[Image: 1f449.png]Дали е случајно спојувањето на Т-Mobile и Т-Home во нов бренд – Телеком (септември 2015)?
[Image: 1f449.png]Дали е случајно спојувањето на Оне и ВИП во нов бренд – онеВИП со кој ќе управува новиот директор на Мтел – Иво Ивановски (јули/август 2015)?
[Image: 1f449.png]Дали е случајно згаснувањето на мобилниот оператор Албафон кој беше промовиран како виртуелен мобилен оператор ?
Ако истрагата во Маѓар Телеком започнала во мај 2015, а објавата на „бомбите“ започна во февруари 2015 година, се поставува прашањето: Колкава е веројатноста за три месеци да се прикријат трагите од незаконското прислушкување[Image: 2753.png]
[Image: 1f6a9.png]Веројатноста е многу голема, ако се знае дека набргу после објавувањето на телефонските разговори започнаа интервенции на базните станици на мобилните оператори лоцирани на објекти низ Скопје и пошироко.
Јавноста има право да се сомнева во резултатите од истрагата на Маѓар Телеком, затоа што првиот човек на Т-Mobile Македонија АД Скопје и неговите релации со горе споменатите во меѓувреме прават се за да го попречат излегувањето на вистината за масовоното прислушкување во Македонија. Ако на тоа се додаде дека, евентуалната позитивна истрага што би го потврдила масовното прислушкување би отворила уште една пандорина кутија за Маѓар Телеком покрај аферата со „Поткупот во Телекомот“ што добива разрешница во САД, ја допира Македонија која го има клучниот сведок Богоевски, тогаш прифаќањето на „ризикот“ да се сруши меѓународното реноме на Дојче Телеком и Маѓар Телеком со меѓународна и домашна истрага и кривична одговорност на првите луѓе, е преоптимистички, но извесно да се да се очекува[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Работите не застануваат тука. Јавноста има право да се сомнева во одлуката на врвот на доминантниот телекомуникациски оператот во Македонија, да ги обедини T-Mobile и T-Home под еден бренд Телеком[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Во контекст на спојувањето на телекомуникациските оператори во Македонија, интересна е да се истакне оставката на министерот за информатичко општетсво Иво Ивановски кој од самиот почеток раководи со ова министерство кое во основа се занимава со уредување на прашањата од областа на информатиката и телекомуникациите. Медиумите јавија, а Иво Ивановски потврди дека од позицијата заминува да раководи со доминантниот телекомуникациски оператор во Бугарија Мтел, кој од неодамна во Македонија го купи Blizoo.
[Image: 1f6a9.png]Заминува на позицијата извршен директор на Мтел Бугарија за Балканот. Мтел Бугарија е дел од Telekom Austria Group. Газда на Телеком Австрија е мексиканскиот милијардер Карлос Слим, кој пред неколку години беше гостин на свадбата на министерот Иво Ивановски во Битола[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png]Tокму Телеком Австрија во чија сопственост е и македонскиот оператор ВИП по долги преговори со словенечката Влада, неодамна го купи нивниот телекомуникацискиот оператор во Македонија, ОНЕ, така што Ивановски ќе има влијание врз новата телекомуникациска компанија „онеВип“. Комисијата за заштита на конкуренцијата на седница одржана на 08.07.2015 година донесе решение со кое го одобри спојувањето, иако истакнаа дека тоа ќе и штети на конкуренцијата[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png]Еден месец по оставката на Иво Ивановски од позицијата министер Министерството за информатичко општество и администрација и заминувањето на челната позиција на телекомуникациски оператор во Бугарија, македонската јавност и институциите за борба против корупцијата и спречувањето на судир на интереси не ги отвори прашањата:
[Image: 1f6a9.png]Дали имало судир на интереси и корупција на министерот од позиција на министер на ресор кој уредува телекомуникациската инфраструктура и телекомуникациите, кога експресно заминува на чело на компанија која добива позиција во телекомуникацискиот простор во РМ[Image: 2753.png]односно: [Image: 1f6a9.png]Дали од позиција на министер одработувал за странската компанија, за да ја добие челната позиција[Image: 2753.png]
[Image: 1f449.png]Одговорот на овие прашања се важни заради фактот што министерството со кое раководеше од 2008 година ги врши работите што се однесуваат на:
развојот и промоцијата на информатичкото општество; креирањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа; интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања; следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди; телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура; радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура ....[Image: 2049.png]
[Image: 1f6a9.png]Како континуитет на овие „чудни“ спојувања на операторите во Македонија вреди да се спомне дека, во јуни 2015 година пред да се донесе одлуката за спојувањето на ОНЕ и ВИП, престана да работи наголемо промовираниот виртуелен мобилен оператор Албафон, кој требаше да цели на албанската популација во Македонија[Image: 2757.png]
Албафон ја користеше комуникациската мрежа на ОНЕ која сега е дел од новата компанија „онеВИП“. Имаше 16 илјади корисници. Во „бомбите“ се дозна дека, Сашо Мијалков договара да го земе обезбедувањето на објектите на Албафон[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png][Image: 2757.png]Згаснувањето на Албафон (јуни 2015), спојувањето на Вип и Оне под нова компанија „онеВИП“ (јули 2015), преземањето на челната позиција на Мтел Бугарија (август/септември 2015), спојувањето на T-Mobile и T-Home под еден бренд Телеком (септември 2015) - во период кога Македонија ја тресе мега аферата со противзаконското прислушкување ја подведува под прашалник случајноста на овие одлуки на странските компании раководени од луѓе блиски до власта, осомничени за вмешаност во злоупотреба на моќта, власта и кршење на правата на граѓаните[Image: 203c.png]
[Image: 2757.png]Во целиот овој изминат период, македонската јавност не слушна никаква информација или став на Агенцијата за електронски комуникации која според закон (заедно со Министерството за информатичко општество и Иво Ивановски до вчера), е надлежна за областа на електронските комуникации во РМ. Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е клучен орган кој треба да ја контролира, регулира, санкционира работата на давателите на телекомуникациските и интернет услугите во РМ и да ги заштитува правата на граѓаните, особено неповредливоста на комуникациите и приватноста[Image: 2757.png]
Зошто АЕК молчи за аферата со прислушкувањето[Image: 2049.png]
[Image: 1f449.png]Спроведувањето на Законот за електронските комуникации во кој се определуваат обврските на операторите во процесот на следење на комуникациите, контролатата на АЕК над тој и другите процеси на операторите, но и правото на приватност и заштитата на личните податоци на граѓаните е во надлежност на АЕК[Image: 2757.png]Членовите 175-178 од законот ја уредува обврската на операторите во процесот на следење на комуникациите, преносот на податоците, зачувувањето, обврските на операторите за набавка на соодветна опрема за следење на комуникациите според спецификација од овластениот орган за следење на комуникациите и сл. Но, колку од овие обврски се спроведени од страна на АЕК, особено во делот на контролата, надзорот и заштитата на правата на граѓаните е големо прашање, ако се знае суспендирањето на сите контролни механизми врз власта од страна на криминалната структура која со години неовластено ги следела комуникациите на над 20.000 граѓани[Image: 2753.png]
[Image: 1f449.png]За да биде иронијата поголема АЕК на 15.01.2015 година донесува Правилник кој ја регулираа и нагласува токму оваа обврска на Агенцијата (обезбедување на интегритет и безбедност на јавните комуникациски мрежи и личните податоци на граѓаните) и на Дирекцијата за заштита на личните податоци[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png]Во ноември 2013 година, АЕК обзнани дека на Водно ќе гради Кула (антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции за територијата на целата држава) која ќе биде мониторинг центар и туристичка атракција исто така[Image: 2757.png]
СДСМ тогаш реагираше дека стандардите не дозволуваат на иста локација да има и предавателни и мониторинг уреди и дека европските искуства покажуваат дека ваквите кули се во сопственост на јавните радиодифузни сервиси, а не на агенциите. Затоа е нејасно зошто во Македонија кулатат е во сопственост на АЕК и како оваа непрофитална агенција ќе остварува профит од кулата која е најавена и како туристичка атракција. Намерата на АЕК е во иднина врвот на Водно да биде расчистен од бројните присутни антени и во нивната централна кула да се префрлат сите радиодифузери и мобилни оператори. Вредноста на договорот за градежните работи е 17,5 милиони евра, инвестиција на АЕК[Image: 2049.png]
[Image: 1f449.png]Со АЕК од 2010 година директорува Роберт Ордановски кој пред да стане директор на Агенцијата од 1997 година е на клучни позиции во Македонски Телекомуникации и во T-Mobile која денес треба да ја контролира[Image: 2049.png]
[Image: 1f6a9.png]Дали е можно поврзување на Ордановски со аферата „Поткуп во Телеком“во тој временски период и колку директорувањето со АЕК му е награда за пред и по[Image: 2753.png]
[Image: 1f449.png]Ордановски важи за близок човек на Фамилијата, а во извештајот на ДИК за 2014 година неговоро име се спомнува како донатор на 45.000 денари за кампањата на Ѓорѓе Иванов. АЕК донираше и еден милион евра за изградба на панорамското тркало кое според пресметките треба да чини околу 18 милиони евра[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png]Кога сме кај обврската за заштита на личните податоци и приватноста на корисниците на улугите на АЕК и телекомуникациските оператори, добро е да се спомне дека, [Image: 1f449.png]поранешната директорка на Дирекцијата за заштита на личните податоци Маријана Марушиќ[Image: 1f448.png], по нејзиното барање за разрешување (октомври 2010 година) од позицијата директор на Дирекцијата, својата работна кариера ја продолжува на позицијата
[Image: 1f449.png]овластено лице за информации од јавен карактер/офицер за заштита на личните податоци во Т-Mobile Македонија АД Скопје кај Жарко Луковски[Image: 1f448.png] [Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png]Како се штитат личните податоци во аферата со неовластеното прислушкување останува да даде одговор и Маријана Марушиќ.
[Image: 1f449.png]Како Маријана Марушиќ ќе го коментира Правилникот за обезбедување на интегритет и безбедност на јавните комуникациски мрежи и личните податоци на граѓаните, како обвска на операторите, АЕК и на Дирекцијата за заштита на личните податоци[Image: 2049.png]
[Image: 1f6a9.png]Во оваа телекомуникациска приказна не помалку интересен е ликот на поранешниот министер за образование и наука во периодот 2011-2013 година – [Image: 1f449.png]Панче Кралев[Image: 1f448.png][Image: 2757.png]
Јавноста скоро и да не го памети на министер за образование, затоа што „успесите“ на неговиот претходни кој тој ги „доврши“ (?!), од оваа перспектива не изгледаат ни малку наивни.
[Image: 1f6a9.png][Image: 2757.png]Кралев поднесе оставка од позицијата министер за образование во мај 2013 година, откако до Владата „допре глас од ОЈО за организиран криминал и корупција“ дека, поранешниот продекан за настава на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Фросина Ременски поднел кривична пријава за злоупотреба на проектот набавка на лабаратории за државните универзитети и јавните научни установи со набавка на лабаратории во вредност од близу 4 милиони евра на име на Факултетот, а за сметка на сеуште непознат краен корисник[Image: 203c.png] [Image: 1f449.png]Токму Панче Кралев е министерот кој ги продолжи процедурите за набавка и потпишување на документи за фиктивно примопредавање на набавени лабаратории што ја договори и започна неговиот претходник Никола Тодоров[Image: 203c.png]
[Image: 1f449.png]Соочени со кривична одговорност одлучуваат Кралев да поднесе оставка и времено да се заштити како советник за образование во кабинетот на Никола Груевски[Image: 203c.png]Аферата „Афис“ добива јавност и останува да сведочи за незаконската набавка на лабаратории за три лабаратории за криминалистичка регистрација и идентификација (АФИС), според тендерот една за Факултетот за безбедност и две за МРТВ [Image: 2753.png]; но, и компјутерски хардвер и софтвер кој исто како и АФИС системот може да биде употребен и злоупотребен. [Image: 1f449.png]Неколку дена пред оставката на Панче Кралев, експресно го пензионираа тогашниот директор на полицијата [Image: 1f449.png]Љупчо Тодоровски[Image: 1f448.png] познат како Радник-от[Image: 2757.png] „Случајно“ совпаѓање[Image: 2049.png]
[Image: 1f449.png]Случајно или не, но во екот на „бомбите“ и обелоденувањето на аферата со незаконското прислушкување, на 15 април 2015, дојде веста дека, [Image: 1f6a9.png]Панче Кралев (за првпат) и веќе споменатиот [Image: 1f6a9.png]Небојша Стаковиќ (по вторпат) се избрани за неизвршни членови во Одборот на директори на Македонски Телеком, а подоцна и за претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком[Image: 203c.png]
[Image: 2757.png]Ако Кралев важи за министерот кој потпиша најголем број на записници за примопредавање на лабаратории набавени во рамките на проектот на Владата помеѓу МОН, фирмата набавувач и крајниот корисник; и, ако на тоа се додадат сомнежите дека овој владин проект е злоупотребен од власта за противзаконско опремување на необразовни институции и приватни фирми – тогаш е извесно дека Панче Кралев „го заслужил“ местото во Одборот на директори на Македонскиот телеком исто како и останатите згрижени по заслуги[Image: 203c.png]
Можете да замислите колку било лесно договарањето на овие набавки и примопредавања кога во кругот на „бизнисот“ имате подобни декани на факултети, уште поподобни ректори на универзитети, го имате МВР како гарант за кривично негонење и секако актерите во ликот на Мијалков, Јанкуловска, браќата Стајковиќ-и, Луковски и Груевски[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png]Во оваа анализа за поврзаноста на функционери, фирми во информатичко – телекомуникациската област, раководни лица на операторите и гаранцијата за кривично негонење што ја имаа од нивните во обвинителството и во судовите на РМ, можеби не е на одмет да ја спомнеме фамозната партиска фирма на ВМРО-ДПМНЕ која по 2006 година ги даде „најпродуктивните“ кадри во власта кои одработија во телекомуникацискиот бизнис, а со тоа и во аферата со прислушкувањето – „Аналитико АИ“[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]"Аналитико АИ ДОО увоз-извоз Скопје“ беше основана на 2 ноември 2004 година на адресата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Ликвидирана е на 15 де­кем­ври 2007 година, речиси една и пол година по победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарни­те избори во јули 2006 година. Во мај 2006 година бил склучен договор меѓу Македонски Телеком и фирмата "Ана­ли­ти­ко АИ" за маркетинг услуги и за дистрибуција на СИМ картички, во вредност од околу 120 илјади евра[Image: 203c.png]
[Image: 1f449.png]Ударната гарнитура - Гордана Јанкуловска, Мартин Протуѓер, Миле Јанакиевски, Елизабета Канческа, Оливер Шамбевски или луѓето од вториот ешалон - телохранителот Ален Зекиров, Ленче Самарџиска, личната секретарка на премиерот Груевски и уште две-три помалку познати партиски лица, продавала СИМ картички[Image: 203c.png]
[Image: 1f449.png]Договорот меѓу „Телеком“ и „Аналитико АИ“, формално бил склучен токму за маркетинг услуги и дистрибуција на СИМ картички. Зад овие имиња се кријат најголемите финансиски, изборни и политички малверзации од 2006 година наваму[Image: 203c.png]
[Image: 1f449.png]Аналитико АИ“ се јавува и како издавач на книгата „Тодор Александров - Се за Македонија“ која беше објавена по повод 15 годишнината од основањето на партијата[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png]Ако денес се обидете на интернет пребарувачите да ги најдете вестите за „Аналитико АИ“, ќе најдете наслови кои нема да ве одведат до информациите кои сте ги прочитале пред 15 години, а се поврзани со оваа фирма-расадник на извршители[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Груевскипрашањата за „Телекомот“ го туркаше под тепих. Сите по него ова прашање не го отворија до крај. Добрите познавачи на овој бизнис, тврдат дека тој има и дебели причини за вакво однесување. Тоа сигурно го знае и Слободан Богоевски и неговиот политички и бизнис партнер од Грција Кондоминас. Во писмото испратено до него, како тогашен министер за финансии, чиј потписник е Елек Штрауб, извршен директор и претседател на конзорциумот МАТАВ кој дал финална понуда за купување на 51 насто од „Македонски Телеком“ се вели: „Ние сме убедени дека суштинската програма за капитални трошоци (631 милион евра од 2001 до 2007 година) ќе им обезбеди на македонскиот народ и на компаниите пристап до современа инфраструктура и активна улога во глобалното информативно општество“. Тие подоцна се изборија за приватизацијата на „Македонски телеком“, Дали тие пари стасале, најдобро знае Груевски. Сомнително е што во 2007 година, одбегнува обврската да ангажира независен ревизор кој ќе утврди дали инвестицијата од 631 милион евра стасале во Македонија[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png]Во октомври 2004 година, весникот Вечер излезе со информацијата дека, Најголемиот поединечен акционер во "Македонски телекомуникации”, унгарската компанија МАТАВ постигнала договор за купување на 7,44 отсто акции на грчката компанија "Космотелко", која исто така беше акционер во компанијата, со што Унгарците добиле 51 отсто од акциите и станале доминантни сопственици на "Телеком"[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Грчката компанија за своите акции ќе добие 31,4 милиони евра, како и пропорционална дивиденда за годината. Со ова се става крај на сите информации околу можноста "Матав" да ја изгуби доминантната позиција во компанијата. Веќе подолго време се зборува дека газдата на Космотелко, Димитри Контоминас има намера да ги продаде акциите, а се слушнаа и информации дека постои можност како купувач да се јави сосема друга компанија која со Владата, која има 47 отсто акции (која исто така планира да ги продаде) би направила договор за промена на доминантната сопственост во "Телеком". Ваквите шпекулации, од друга страна се толкуваа дека се во функција на подигање на цената на акциите на "Космотелко", кои, иако се работи за мал процент, се многу важни, бидејќи без нив никој не може да биде доминантен сопственик[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png]Во тоа време се спомнуваат имињата и на [Image: 1f449.png]Славе Младеновски[Image: 1f448.png] како менаџер за надворешна комуникација на „Телеком“, името на професорите на Правниот факултет во Скопје [Image: 1f449.png]Дејан Мицковиќ[Image: 1f448.png] кој во октомври 2004 година стана претседател на Бордот на директори на Македонски телекомуникации. Тројцата важат за блиски луѓе на Бучковски[Image: 203c.png]
[Image: 1f449.png]Во своја одбрана за наводна вмешаност во афарата со поткупот во Телеком, Дејан Мицковиќ вели дека спорната девиденда за која јавниот обвинител за корупција во Бон во 2005 година, го обвини првиот човек на Дојче Телеком, ја договарале Владо Бучковски и извршниот директор на Маѓар Телеком (обвинетиот Елек Штрауб)[Image: 203c.png]
[Image: 1f449.png]Мицковиќ во октомври 2006 година поднесе оставка на оваа функција. Една од причините поради кои Мицковиќ одлучи да се повлече од претседателската функција е непочитување на законските рокови од страна на „Маѓар телеком" за усвојување на минатогодишните финансиски резултати за двете компании и исплатата на дивидендата во предвидениот рок. Унгарците ги пробија роковите поради истрагата за злоупотреба на 3 милиони евра во црногорски „Монет", компанија-ќерка на „Маѓар телеком".[Image: 203c.png]
[Image: 1f449.png]Пред и по оставката на Дејан Мицковиќ на местото претседател на Бордот на директори на Македонски телекомуникации професорот [Image: 1f449.png]Борче Давитковски[Image: 1f448.png] ја обавуваше таа функција[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png]Судскиот процес во Њујорк, против тројца директори (Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи) на телекомуникациската компанија Маѓар Телеком (МАТАВ), обвинети дека потплатувале политичари во Македонија и Црна Гора, но сега веќе и клучното сведочење на Слободан Богоевски во процесот, ќе ја разбистри водата преку отварање на оваа афера која толку блиску допира до актерите и афарата со прислушкувањето.[Image: 203c.png]
[Image: 1f6a9.png][Image: 2757.png]Кога почнува да се размотува ова клопче кратко опишано од моја страна во трите дела на „Телекомуникациските приказни за големи деца“ во април 2016 година, под чудни и криминалистико-невообичаени околности се „самоуби“ сведокот на СЈО во горенаведените случаи – академскиот сликар и [Image: 1f449.png]управителот на фирмата „Финзи“ ДООЕЛ Коста Крпач[Image: 1f448.png][Image: 203c.png].
[Image: 1f449.png]„Самоубиството“ на Коста Крпач остана енигма и по помилувањата на Иванов, но остана забележано дека сведокот на СЈО - Крпач пред да се „самоубие“ од тераса пукал во [Image: 1f449.png]паркирано (жолто?) комбе[Image: 1f448.png]
наспроти зградата во која живееше[Image: 203c.png]
[Image: 1f449.png]Раководната позиција на „Финзи“ ДООЕЛ со која се поврзува набавката на израелската опрема, Коста Крпач ја наследува во 2011 година од Владислав Стајковиќ, додека фирмата „ЕКСИКО“ се јавува со свои удели во многу фирми на познатиот бизнисмен Орце Камчев. Така на пример, фирмите Архи, Ексико, заедно со Орка се јавуваат како сопственици на „Панорама резиденс“ на Водно што беше спорно околу изгласувањето на ДУП-от во Општина Центар, по што експресно беше притворен Мирослав Шиповиќ. Фирмата „Архи“ ја врзува „Ексико“ со бизнисменот Ванчо Чифлиганец кој е сопственик на две фирми „Адор груп“ и „Адора Инжинеринг“. Партнер во фирмата „Адора“ е фирмата „Архи“, односно „Орка“ на Орце Камчев и „Ексико“[Image: 203c.png]
[Image: 1f449.png]Петре Шилегов како портпарол на СДСМ во 2014 година, на прес конференција праша дали шефот на тајната полиција Сашо Мијалков е сопстевик на фирмата „Ексико“. Одговор до сега на ова скоро и да нема[Image: 203c.png]
[Image: 1f3af.png] По оваа кратка анализа сега се надоврзува потреба уште на едно поврзување, освен она почетното – „Поткупот во Телеком“ и „Прислушкувањето“ – а тоа е, фамозната истрага за [Image: 1f449.png]„ИМПЕРИЈА“[Image: 1f448.png] која го сруши СЈО со тенденција да го сруши и ОЈО за ГОКК на Вилма Русковска ... полека, но сигурно ....
[Image: 1f64a.png][Image: 1f648.png][Image: 1f649.png]

Фросина Ременски 07.03.2022
08-03-2022, 03:42 PM
Reply