ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Тајните агенти на Фрчкоски го врбувале Игор Александров, гласноговорникот на Македонците во Австралија против политиката на Глигоров и Црвенковски
Игор Аврамовски Александров, македонски иселеник во Австралија, по речиси две децении откако прв пат се соочил со тортурата на македонската тајна полиција, пред неколку месеци почна потрага по кодошите што со белешките за неговите политички ставови и активности, неговите средби и разговори со политички истомисленици, со пријатели во Македонија, следеќи го буквално секој негов чекор, граделе кариери во Службата за државна безбедност (СДБ) во времето на сега лустрираните поранешни министри за внатрешни работи Фрчкоски и Чокревски.
Со многу свежи сеќавања за настаните пред шеснаесетина години, Игор Аврамовски Александров за МКД.мк сведочи за притисоците, за уцените, за непристојните предлози (класично врбување) да се откаже од својата политичка определба - во тоа време бил секретар на задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Сиднеј и отворено ја критикувал политиката на тогашната власт.
Младиот правник Игор Аврамовски Александров, родум од Скопје, ѝ е познат на македонската јавност по австралиско-македонската црковна битка што ја води како претседател на Здружението на македонски заедници од Австралија со владиката Петар.
Како активист на македонската дијаспора во Австралија, за време на шестнеделен престој во Македонија помеѓу декември 1997 и јануари 1998, Аврамовски (тогашно официјално презиме) е деноноќно следен од агенти на Служабата за државна безбедност, при Министерството за внатрешни работи на Македонија. Откако, заедно со сведок, им дал до знаење на агентите дека му е јасно дека го следат, со заведување бил приведен на нелегален информативен разговор, на кој е испрашуван за неговите политички активности во Австралија уште од 1993 г., за неговите сознанија околу работата на ВМРО-ДПМНЕ, за неговите сознанија околу работата на весникот „Македонија“ од Мелбурн, како и за неговото учество во отпорот против владиката Петар. Покрај испрашувањата, бил соочен со заплашувачки инсинуации околу добросостојбата на неговите роднини и имотот на неговите родители во Македонија. Бил предмет и на обиди за врбување, преку неодредени понуди за државно-платени функции, доколку се определи за политиката на тогашната власт.
Љубчо Георгиевски испратил сведоци
Аврамовски лично го пријавил случајот кај тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, дента по информативниот разговор. Георгиевски бил информиран дека агентите го повикале на втор информативен разговор, на што се согласил само под услов разговорот да биде на јавно место, во некогашниот ресторан Александар плац, во Скопје. Таму Георгиевски испратил двајца од своето обезбедување да го надгледуваат разговорот од страна, како сведоци. Еден од обезбедувачите на Георгиевски потоа потврдил дека ги препознал двајцата агенти од вториот информативен разговор, бидејќи тие тоа го правеле и со други членови на ВМРО-ДПМНЕ. Георгиевски потоа организирал интервју со Аврамовски во неделникот Дело. Очигледното следење прекинало откако Аврамовски го обелоденил случајот во Дело, во Македонија, како и во неделникот Денес, во Австралија.
По доаѓањето на Љубчо Георгиевски на власт, Аврамовски ги дознал имињата на агентите што го испитувале, преку свои познаници во МВР. Се обратил до тогашниот директор на дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, Љубе Бошкоски (додека министер за внатрешни работи беше Доста Димовска), со прашање какви мерки може да преземе за агентите да бидат повикани на одговорност. Одговорот на Бошкоски бил дека сѐ му е познато, но не може ништо да направи. Од свои познаници во МВР Аврамовски добил информации дека по доаѓањето на Георгиевски на власт, агентите што го испитувале биле унапредени во МВР, со надеж дека така ќе се убедат да ѝ служат на ВМРО-ДПМНЕ, наместо на СДСМ. Аврамовски не нашол начин да потврди дали тоа е точно.
Стојанка Митреска
|
|