Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонски иселеник во потрага по кодошите во времето на Фрчкоски и Чокревски
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Тајните агенти на Фрчкоски го врбувале Игор Александров, гласноговорникот на Македонците во Австралија против политиката на Глигоров и Црвенковски


Игор Аврамовски Александров, македонски иселеник во Австралија, по речиси две децении откако прв пат се соочил со тортурата на македонската тајна полиција, пред неколку месеци почна потрага по кодошите што со белешките за неговите политички ставови и активности, неговите средби и разговори со политички истомисленици, со пријатели во Македонија, следеќи го буквално секој негов чекор, граделе кариери во Службата за државна безбедност (СДБ) во времето на сега лустрираните поранешни министри за внатрешни работи Фрчкоски и Чокревски.

Со многу свежи сеќавања за настаните пред шеснаесетина години, Игор Аврамовски Александров за МКД.мк сведочи за притисоците, за уцените, за непристојните предлози (класично врбување) да се откаже од својата политичка определба - во тоа време бил секретар на задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Сиднеј и отворено ја критикувал политиката на тогашната власт.

Младиот правник Игор Аврамовски Александров, родум од Скопје, ѝ е познат на македонската јавност по австралиско-македонската црковна битка што ја води како претседател на Здружението на македонски заедници од Австралија со владиката Петар.    
Како активист на македонската дијаспора во Австралија, за време на шестнеделен престој во Македонија помеѓу декември 1997 и јануари 1998, Аврамовски (тогашно официјално презиме) е деноноќно следен од агенти на Служабата за државна безбедност, при Министерството за внатрешни работи на Македонија. Откако, заедно со сведок, им дал до знаење на агентите дека му е јасно дека го следат, со заведување бил приведен на нелегален информативен разговор, на кој е испрашуван за неговите политички активности во Австралија уште од 1993 г., за неговите сознанија околу работата на ВМРО-ДПМНЕ, за неговите сознанија околу работата на весникот „Македонија“ од Мелбурн, како и за неговото учество во отпорот против владиката Петар. Покрај испрашувањата, бил соочен со заплашувачки инсинуации околу добросостојбата на неговите роднини и имотот на неговите родители во Македонија. Бил предмет и на обиди за врбување, преку неодредени понуди за државно-платени функции, доколку се определи за политиката на тогашната власт.

Љубчо Георгиевски испратил сведоци

Аврамовски лично го пријавил случајот кај тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, дента по информативниот разговор. Георгиевски бил информиран дека агентите го повикале на втор информативен разговор, на што се согласил само под услов разговорот да биде на јавно место, во некогашниот ресторан Александар плац, во Скопје. Таму Георгиевски испратил двајца од своето обезбедување да го надгледуваат разговорот од страна, како сведоци. Еден од обезбедувачите на Георгиевски потоа потврдил дека ги препознал двајцата агенти од вториот информативен разговор, бидејќи тие тоа го правеле и со други членови на ВМРО-ДПМНЕ. Георгиевски потоа организирал интервју со Аврамовски во неделникот Дело. Очигледното следење прекинало откако Аврамовски го обелоденил случајот во Дело, во Македонија, како и во неделникот Денес, во Австралија.

По доаѓањето на Љубчо Георгиевски на власт, Аврамовски ги дознал имињата на агентите што го испитувале, преку свои познаници во МВР. Се обратил до тогашниот директор на дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, Љубе Бошкоски (додека министер за внатрешни работи беше Доста Димовска), со прашање какви мерки може да преземе за агентите да бидат повикани на одговорност. Одговорот на Бошкоски бил дека сѐ му е познато, но не може ништо да направи. Од свои познаници во МВР Аврамовски добил информации дека по доаѓањето на Георгиевски на власт, агентите што го испитувале биле унапредени во МВР, со надеж дека така ќе се убедат да ѝ служат на ВМРО-ДПМНЕ, наместо на СДСМ. Аврамовски не нашол начин да потврди дали тоа е точно.
Стојанка Митреска
16-02-2022, 01:45 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Агентите на СДБ го демнеле Александров поради критиките за ФИРОМ, за промената на македонското знаме, за фалсификуваните избори...

Игор Аврамовски Александров (правник по вокација) e генерален раководител на Македонската православна заедница од Австралијa и претседател на Здружението на македонски заедници од Австралија.


30.01.2014
Од 1992 до 1998 година бил гласноговорник на македонската заедница од Австралија против политиките на власта на Киро Глигоров и Бранко Црвенковски, особено околу односите со Грција, околу односите со албанските сепаратисти во Македонија, околу односот кон нарушувањето на човековите права на Македонците под Грција, Бугарија и Албанија, како и во врска со приемот во ОН како ФИРОМ, принудената смена на македонското национално знаме и фалсификувањето на изборите во 1995, поради кое македонскиот парламент остана без опозиција. Од 1993 до 1996 бил Секретар на задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Сиднеј. Денес не е член на било која политичка партија.
Разотркивањето на соработниците на тајната полиција во времето на Фрчкоски чија жртва бил македонскиот иселеник во своите студентски денови беше задача на Комисија за верификација на фактите во Скопје каде што Аврамовски Александров при неговата посета на земјава пред околу три месеци( ноември 2013 година) достави и официјално барање.
Во случајов со македонскиот иселеник Александров и тортурата што му ја правела тајната полиција ќе се проверува и во досето на  Иван Соколов, со оглед на тоа што македонскиот иселеник пријавил дека во таа документација најверојатно има сознание за активностите на службите и против него.
Инаку, случајот со професорот Љубомир Фрчкоски беше првиот во кој Комисијата за верификација на фактите лустрираше висок полициски функционер. Претходно беа осомничени поранешни полициски информатори.
Тие што го бранеа велеа дека професорот по право се најде на црната листа пред се поради своите остри критики на актуелната власт. Лустраторите, пак, излегоа со документација која го теретеше дека поранешниот министер за внатрешни работи како наредбодавател додека бил на високота позиција во МВР ги прекршил основните човекови права -  издавал наредби за следење и прислушување граѓани кои биле членови на политички партии или пак имале намера да се зачленат во нови партии на македонската политичка сцена.
 
[Image: mkd-104876.jpg?itok=2omMLdrg]

Тогаш Фрчкоски изјави: „Целта е мое административно дискредитирање, како и на оние како мене ... јас само можам да изберам да го игнорирам ова“.
16-02-2022, 01:47 AM
Reply