Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВРХОВНИОТ СУД НА ШВЕДСКА ГО ПОНИШТИ ОБВИНЕНИЕТО ЗА 27.04
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,503
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Шведска одби екстрадиција на Дејан Давидовски за 27/4 – “Тоа е политички прогон!“

Vecer

11.08.2019
Во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Дејан Давидовски беше уапсен во Шведска во април годинава по потерница на Интерпол.
Решението зошто судот во Шведска одбива да и го испорача на Македонија Дејан Давидовски е образложено во 18 точки. Во образложението се наведува дека Дејан Давидовски според шведскиот суд е гонет и треба да биде суден во политички а не криминален процес, и дека не постојат доволно докази за дело тероризам, а крајната оценка е дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка.
Поради тоа судот во Шведска му препорачува на Дејан Давидовски да поднесе барање за азил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.

Ова е трет случај европска држава да издаде решение за политички прогон во Македонија и да одбие екстрадиција на лица барани од македонските власти. Пред Шведска, Унгарија тоа го реши за поранешниот премиер Никола Груевски, а Грција заради политички прогон одби екстрадиција на функционерите на МВР Горан Грујевски и Никола Бошковски.
14-01-2022, 04:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,503
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(14-01-2022, 04:15 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Шведска одби екстрадиција на Дејан Давидовски за 27/4 – “Тоа е политички прогон!“

Vecer

11.08.2019
Во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Дејан Давидовски беше уапсен во Шведска во април годинава по потерница на Интерпол.
Решението зошто судот во Шведска одбива да и го испорача на Македонија Дејан Давидовски е образложено во 18 точки. Во образложението се наведува дека Дејан Давидовски според шведскиот суд е гонет и треба да биде суден во политички а не криминален процес, и дека не постојат доволно докази за дело тероризам, а крајната оценка е дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка.
Поради тоа судот во Шведска му препорачува на Дејан Давидовски да поднесе барање за азил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.

Ова е трет случај европска држава да издаде решение за политички прогон во Македонија и да одбие екстрадиција на лица барани од македонските власти. Пред Шведска, Унгарија тоа го реши за поранешниот премиер Никола Груевски, а Грција заради политички прогон одби екстрадиција на функционерите на МВР Горан Грујевски и Никола Бошковски.



Кога порталот ВЕЧЕР ја објави веста на 11 август медиумите под контрола на СДСМ како порталот и весникот Независен, Канал 5, Цивилмедиа, 360 степени, Ф2Н2.мк… објавија дека веста не е точна, дека е лажна вест и дури се повикуваа на анонимни извори од шведската амбасада дека судот не одлучувал по овој предмет. Но, фактите ја демантираат пропагандата на СДСМ преку медиумите под контрола на таа партија.


Quote:Лажните вести на порталот вечер.мк имаат кратки нозе


Сензационалната „вест“ на порталот вечер.мк и другите медиуми блиски до Фамилијата, за неуспехот на македонската правда, се испостави дека е целосно неточна. Имено, ниеден збор од таа „вест“ не е точна. За што се работи?
August 14, 2019 13:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА

[/url][Image: fake-news-vecer-600x375.png.webp]
 

Што дозна порталот вечер.мк во својот текст објавен на 11 август? Шведска одби екстрадиција на Дејан Давидовски за 27/4 – “Тоа е политички прогон!“ – се вели во бомбастичниот наслов. Тоа што три дена подоцна се испостави дека е учебнички пример за лажна вест, го презедоа дваесетина портали од истата групација блиска до ВМРО-ДПМНЕ. На социјалните мрежи се крена бран од реакции, преполни со говор на омраза и поддршка на напаѓачите на Македонското собрание на 27 април 2017 година.
Во текстот на порталот вечер.мк се вели:

Quote:„Во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Дејан Давидовски беше уапсен во Шведска во април годинава по потерница на Интерпол.
Решението зошто судот во Шведска одбива да и го испорача на Македонија Дејан Давидовски е образложено во 18 точки. Во образложението се наведува дека Дејан Давидовски според шведскиот суд е гонет и треба да биде суден во политички а не криминален процес, и дека не постојат доволно докази за дело тероризам, а крајната оценка е дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка.
Поради тоа судот во Шведска му препорачува на Дејан Давидовски да поднесе барање за азил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.“

Оваа сензационална „вест“ за неуспехот на македонската правда, се испостави дека е целосно неточна. Имено, ниеден збор од таа „вест“ не е точна.
Амбасадорот на Кралството Шведка, Матс Стафансон, во изјава за [url=https://www.facebook.com/civil.mk/]ЦИВИЛ Медиа
вели:

Quote:„Постои решение од Окружниот суд да го задржи Дејан Давидовски во притвор сè додека не се донесе одлука за екстрадиција. Нема ништо во оваа одлука од Окружниот суд што се однесува на барање азил. Би било многу чудно ако некој од Окружниот суд даде коментар на било кој штпо аплицирал за азил. 
Што се однесува до процесот за екстрадиција, нема решение. Барањето сега е доставено до Врховниот суд за да испита дали постојат правни основи да се одобри екстрадицијата под услови утврдени со закон. По овој преглед, ова мислење ќе биде доставено до Владата во Шведска за понатамошно испитувањето и донесување на одлуката за случајот. 
Значи, нема одлука за екстрадиција, Владата во Шведска не донесе никаква одлука за овој случај. Единствената одлука е од Окружниот суд да се задржи Дејан Давидовски во притвор.“


Значи, напаѓачот е во притвор и, за сега, останува во сила одлуката тој таму и да се задржи, до конечната одлука на шведската Влада! Каде порталот вечер.мк ги виде 18-те точки врз кои го темели својот став дека Дејановски е мета на политички прогон останува мистерија. Исто така, останува отворено прашањето дали сите портали што ја пренесоа лажната вест на порталот вечер.мк, сега ќе ја објават и оваа „исправка“. Останува отворено и прашањето, дали и некои пратеници што ретвитнуваа отровни коментари на оваа лажна вест, ќе имаат доблест да ја кажат вистината или барем дека биде изманипулирани. И, се разбира, сѐ уште изостанува институционалниот одговор на оваа лажна вест во која се имплицира правосудството и на една пријателска држава.
Џабир Дерала
14-01-2022, 04:20 PM
Reply