Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШТО ИМАЛО ВО АВТОБУСОТ НА БЕСА-ТРАНС??
Author Message
vancevtodor Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#1

Првиот сомнеж дека не се работи за ситен шверц, шверц на нафта, бензин, петарди го отки весников:

[Image: 258870508_4527581083992948_5194573325187...e=61A7B4AB]
28-11-2021, 05:35 PM
Reply
vancevtodor Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#2

Quote: Кого владата на СДСМ упорно штити во автобуската несреќа?

[Image: VMRO nova crna.jpg]
 
28.11.2021
Кого владата на СДСМ упорно штити во автобуската несреќа?
Дали бизнисот со хероин кој го крие власта е причина за несреќата и 45 загинати патници во Бугарија?
Никој во државата не одговара за сомнежите дека автобусот кој изгоре во Бугарија при што животот го загубија 45 наши сограѓани превезувал високозапаливи течности - киселини, кои се користат за производство на хероин.
Дали тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот?
Зошто автобусот 140 пати поминувал граница без дозвола? Кој дозволувал 140 пати да се поминат сите контроли?
Зошто и по неколку дена од несреќата нема одговорност, ниту одговори од владата и институциите во земјава?
Кој во врвот на власта го штити Беса транс? Оставки веднаш!
28-11-2021, 05:43 PM
Reply
vancevtodor Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#3

Реакција на соопштението на ВМРО ДПМНЕ

Quote:Од каде и се на ВМРО-ДПМНЕ информациите за наводната киселина за хероин?

Од каде потекнуваат информациите дека е можно во автобусот да се превезувале одредени киселини кои се користат за производство на хероин?
од fokus 28.11.2021 13:58

[Image: makedonski-avtobus-bugarija5.jpg]

ВМРО-ДПМНЕ утринава испрати соопштение во кое прашува дали автобусот во кој загинаа 45 македонски граѓани изгорел толку бргу бидеќи превезувал киселини кои се користат за производство на хероин.
Quote:Дали тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот?, праша ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи станува збор за сериозни обвинувања, на кои партијата им дава публицитет во јавноста, но истовремено се оградува од нив со тоа што ги презентира во прашална форма, „Фокус“ испрати прашања до ВМРО-ДПМНЕ од каде потекнуваат информациите дека е можно во автобусот да се превезувале одредени киселини кои се користат за производство на хероин.

Quote:Целиот случај е веќе компромитиран поради тоа што власта не дава одговори на прашањата кои се појавија во јавноста, дополнително што бугарските медиуми ја објавија и веста дека се превезувале одредени киселини кои се користат за производство на хероин за што власта е должна да даде конкретни одговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето за киселината за продизводство на хероин прво излезе во еден бугарски весник, па ВМРО-ДПМНЕ оттаму го преземале. Немаат други информации кои стигнале до нив во оваа насока.
Досега нема објавено  вакви инцидии кои произлегуваат од истрагата која ја водат бугарските истражни органи.


[Image: 260815964_1333738307046244_8066243103183630318_n.jpg]

Од ВРМО-ДПМНЕ додаваат дека вистински сомнително е што директорот  на Руфат Хусеини ги исполнува законските одредби за пензионирање уште од месец март оваа година, па прашуваат дали неговото продолжување на функцијата е со цел да се овозможува незаконски транспорт на фирмите.

Quote:Дали коалицијата СДСМ/ДУИ е поважна од животите на граѓаните? Јавноста треба да добие одговор дали е вистина дека директорот Хусеини од декември 2020 година нема дадено налог за инспекциски надзор на граничниот премин Деве Баир додека пак на другите гранични премини како Табановце, Блаце, Ќафасан и Богородица биле извршени редовни надзори од страна на инспекторите?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
К.С.Б.
28-11-2021, 05:46 PM
Reply