Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЖЕСТОКА ПРЕСМЕТКА НА ФРОСИНА РЕМЕНСКИ СО ВИЛМА РУСКОВСКА
Author Message
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 448
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#1

Quote:[Image: 2622.png][Image: 1f6a9.png] ПОДЕМОТ И ПАЃАЊЕТО НА ВИЛМА РУСКОВСКА (дел први)[Image: 2757.png]


[Image: 197183447_318761803021602_18258623759829...e=60E20645]

Последното викенд-интервју на ЈО Вилма Русковска, налик на проштално доби наслов „Не можат да ме сменат и да сакаат“ – изведен од еден одговор на прашањето дали очекува да биде сменета како што „шушка чаршијата“.
Да не прочитав дека, Русковска го изјавила тоа, ќе мислев дека е стар наслов по една изјава на Катица Јанева која на ист таков тон, откако даде исказ кај Вилма Русковска, повикувајќи се на законот изјави дека, „не можат да ја сменат“.
Аналогијата на оваа „незаменливост“ ме поттикна изворно да напишам збор-два за промашената суштина на интервјуто во кое Русковска покажува сериозно непознавање на тоа што општеството очекуваше и очекува од обвинителството што го раководи таа. Но, прилично дискутабилно станува и нејзиното „разбирање“ на организираниот криминал, воопшто.
Зошто?
Ќе читате во неколку продолженија.
[Image: 2b55.png] Поената на овој статус не е „смената на Русковска“ кое неминовно ќе се случи. Повеќе од убедена сум дека ќе се случи порано или подоцна, на полош (за неа) начинот од нејзината колешка Јанева – по нејзина заслуга. Полош во смисла на тоа дека, ќе го плати цехот на сите „удбашки услуги“ и многуте други правни гревови во низа[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png] Дали имам лично против Вилма Русковска[Image: 2753.png]
Намав. Немав ништо лично, до моментот додека таа не почна да има лично против мене. Не, тоа нема никаква врска со некаква обвинителска професионалност. Долга е, а јас сакам да пишувам. Ќе читате[Image: 2757.png]
[Image: 3030.png] Уште пред да стане шеф за организиран криминал во нејзиното работење препознавав примена на „суприлна и политички насочена удбашка поддршка“ како основа за иден обвинителски подем, која по правило оди под рака со „пара-полициско постапување во обвинителска канцеларија“, а резултатот е нејзината извршителска склоност и чувство за незаменливост[Image: 2757.png]
[Image: 2714.png] Секогаш кога пријателите и газдите на Русковска ќе почувствуваат несигурност ја имаат неа за контакт. Кога почнаа да чувствуваат притисок и упорност за излегување од ложата на обвинителската удобност почнаа да ѝ даваат „фокус“ во погрешен правец и кон погрешен човек. А, кога тој човек си ти, тогаш работите почнуваш да ги гледаш и лично, што е природно, нели[Image: 2753.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]23.03.2019 година[Image: 2757.png]
Околу 22.15 часот по едно мое гостување на 24 Вести по повод Законот за јавното обвинителство, судбината на СЈО итн., добив телефонска порака со зборовите:
[Image: 1f449.png]„Е фала многу што не исплука културно на телевизија“[Image: 1f448.png][Image: 2757.png]
[Image: 2622.png] Пораката беше од Вилма Русковска – шефицата на организиран криминал.
Не можев да поверувам дека, јавен обвинител си дозволил на пратеник во Собрание кој носи и гласа закони, и „плука“ со факти, да му испрати порака со ваква содржина.
На пораката ѝ одговорив:
[Image: 1f449.png]„Почитувана обвинителке, ние можеме да не се согласуваме околу многу работи, но тоа не значи дека не треба да се почитуваме. Убава вечер“[Image: 1f448.png][Image: 2757.png]
За оваа порака и „забелешката“ информирав „погоре“ што би се рекло.
[Image: 1f507.png] Оваа љутка со Вилма "ја разбивме" кога пристигнав и се поздравивме во еден ресторант по повод прославата на една година од 1TV на којашто таа со Бојан Јованосвки ја пееше [Image: 1f3a4.png] „Шеќерна, Шеќерна ...“[Image: 1f3b6.png] За ова сведочат повеќе од 30 луѓе и две обвинителки[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png]Но, што всушност за Вилма беше „плукање“[Image: 2753.png]
За пееењето во следен статус.
„Плукање“ беа изнесените факти во емисија дека:
[Image: 1f449.png]СЈО немаше да биде формирано доколку ОЈО за ГОКК (пред се) и другите јавни обвинителства си ја вршле проефсионално и законито работата;
[Image: 1f449.png]доколку не стоеле мирно на телефонските повици од кабинетот на Мијалков, Јанкуловска, Зврлевски и нивните тефтерчиња;
[Image: 1f449.png]доколку „допрениот глас“ не беше заборавена категорија;
[Image: 1f449.png]доколку политички монтираните случаи не зедоа на врат луѓе, семејства и судбини кои ден-денес чекаат одговорност од обвинителите од типот на Русковска;
[Image: 1f449.png]доколку барем еден обвинител на кого му паднале повеќе од две обвиненија беше разрешен;
[Image: 1f449.png]доколку барем еден обвинител кривично одговараше за злоупотреба на службената положба и овластувањата, без право да тврди дека, обвинителите се „заштитени мечки“ и се незаменливи.
Ова за Вилма беше плукање, а за мене и денес се аргументи плус и едно горко дежаву кое го доживува нашето општество со мали нијанси на привиди за правда.
[Image: 2139.png] Летото 2017 година, парламентарниот состав на којшто припаѓав „пена фати“ на парламентарна говорница за да го разреши тогашниот (сега покоен) јавен обвинител Марко Зврлевски за нестручно и несовесно работење, видено од постапувањата на Јован Илиевски (баџанакот) кој тогаш раководеше со организиран криминал и Гешковска – видено низ години и слушнато од бомбите. Да не потсетувам само што се како аргумент се изнесе од парламентарната говорница и за што се не се понуди доказ и аргумент. Она што тогаш сите го знаевме е фактот дека Марко Зврлевски менаџираше обвинителства, а извршителите на „нарачките“ ги правеа неколку обвинители меѓу кои Гордана Смаќовска и Вилма Русковска[Image: 2757.png]
Тогаш на Вилма Русковска и на другите обвинители воопшто не им пречеше што нивните „независни обвинителски постапувања“ (нели?) беа дел од отчети на политичка партија, џоамити се партиска подружница. Не им пречеше, зошто тие беа извршителите[Image: 2757.png]
Русковска која за себе знае да каже дека, е една од најстарите обвинители, сигурно се сеќава дека, сензационалистичките полициски акции кои служеа за ПР-алатка на Мијалков и Јанкуловска завршуваа со обвиненија токму од неа. Може не сите, но факт е дека сите што ги водеше Вилма Русковска паднаа на повисоките судови и завршија со ослободителни пресуди. Да ве потсетам на Калдрма, Змијско око 1, Змијско око 2 ..., на Детонатор кој како полициска акција експресно заврши по петократното убиство кај Смиљковското езеро, за да се се сокрие како во државата влегле камиони автомат-покер-апарати. Колку да се потсетите на „професионалноста“ на Вилма погледнете едно сведочење на притворена жена која и денес не знае зошто била притворена, а добила ослободителна пресуда „по обвинението на Вилма“.
[Image: 1f6a9.png][Image: 1f6a9.png]Не, политички монтираните случаи „Ореше“, „Шпион“, „Пуч“, „Калдрма“ ..., не се монтираа во ЈП Водовод и канализација. Се монтираа по „удбашки рецепт во јавното обвинителство за организиран криминал“. Теркот и извршителите се „стандардизирани по јус“[Image: 2757.png]
[Image: 2611.png] Марко Зврлевски го разрешивме тоа лето 2017 година. Ништо од тоа што зборувавме не се случи. Ниту кривично одговараше за несовесно и нестручно работење, а од сликите од „Ромскиот бал“ останува да се потсетуваме на два покојни лика и неколку притвореници во моментот. Ама балот, остана бал[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png] Го изгласавме сегашниот државен обвинител Љубомир Јовевски, кој првично ја именува за в.д обвинител за организиран Гордана Смаќовска која мафташе дека „пола претхода влада ќе затвори со пријавата од Ременски за АФИС-ите“, за да подоцна го уиграат прикривањето со другарка ѝ Русковска[Image: 2757.png]
[Image: 2622.png] Русковска за шеф на организиран криминал дојде два дена по бегството на Никола Груевски од државата (17 ноември 2018)по упатен акт за издржување на казна затвор. До денес, Русковска не излезе пред јавноста да објасни што презела и каква одговорност кај кого утврдила. Нешто пред тоа, со Гордана Смаќовска го застапуваа обвинението за 27 Април, за да подоцна (крајот на 2018) Вилма се вмеша и во фазата на подготовка на законот за амнестија кој подоцна го критикуваше. Зошто и како (интересно), во некоја од следните објави[Image: 2757.png]
Како Вилма Русковска стана потенцијален кандидат за шеф на организиран криминал[Image: 2753.png]
[Image: 2139.png] Ако таа го одговори ова прашање, сигурно ќе каже дека го заслужила со работа, дека е докажан професионалец, дека е долгогодишен и најстар обвинител, дека сите високо-профилирани криминалци само нејзе и веруваат (ова го кажуваат тие, не таа), дека водела сериозни случаи итн.
[Image: 1f6a9.png][Image: 2139.png] Факт е дека Русковска и Пановски го застапуваа „Диво Насеље“ и факт е дека, таа и Смаќовска го застапуваа „27 Арприл“, но исто така е факт дека, и во едниот и во другиот случај, но и во неколку актуелни случувања лежи интересот и името на еден човек, а тоа е Сашо Мијалков[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png] На кој начин Мијалков го подготви поставувањето на извршителот Русковска за шеф на организиран криминал [Image: 2049.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Вилма вика нема број од Мијалков[Image: 2049.png]
[Image: 2622.png][Image: 1f6a9.png]Продолжува .... Утре во 20.00 часот (дел втори)[Image: 2757.png]
[Image: 1f648.png][Image: 1f649.png][Image: 1f64a.png]

Frosina Remenski is[b][Image: LXHyMaXmnk_.png]looking for Nessie at Budapest Marriott Hotel[/b]
4h Budapest, Hungary 
07-06-2021, 01:53 AM
Reply
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 448
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#2

Quote:[Image: 2622.png][Image: 1f6a9.png]ПОДЕМОТ И ПАЃАЊЕТО НА ВИЛМА РУСКОВСКА (дел втори)[Image: 2757.png]


[Image: 197281186_4289204434444111_6841827830485...e=60E4584E]

Инсталација на „лиценциран софтвер за борба против организиран криминал“ не е едноставна и краткотрајна работа. Затоа пак, секоја инсталација на „пиратски софтвер“ е пожелен за оние кои сакаат да прават привид на легалност.
Оваа метафора не е случајна. Предикциската (предвидувачката) социологија се занимава со студирање на лица, настани, процеси, ефекти и политики кои се провлекуваат низ време означено како „критично“ за едно општество коe треба да транзитира од „пиратерија“ кон „оригинални софтвери“.
Добрите социолошки анализи според овој теориски правец даваат минимален процент на грешка во општествените предвидувања. Спојот на овие анализи со прашања од сферата на безбедноста претставуваат најдобра алатка за разобличување на „специјалните операции на организирани криминални структури кои работат надвор од системот на правила и норми“. Затоа, овие предвидувања некој ги смета за „луди шпекулации“, но на крајот по правило излегуваат точни[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png] Не сум правник како што кажа во едно интервју Вилма Русковска.
[Image: 1f51d.png]Предикциски социолог сум (ЈБГ) со добра методологија за истражување на „нелиценцирани софтвери за организиран криминал“ во ликови, дела и процеси[Image: 2757.png]
Најавата од вчера, и аналогијата на метафората погоре, упатува на откривање на технологијата [Image: 1f449.png]„по законот на Мијалков“[Image: 1f448.png] за инсталирање на Вилма Русковска за шеф на организиран криминал. Таа требало да наликува на „оригинален софтвер за борба против организиран криминал“.
Оваа секвенца – „борба против ...“ не е содржана во инсталираниот пиратскиот софтвер.
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Секој „институционализиран организиран криминал“ како највисок облик на организиран криминал за главни заштитници по правило ги има највисоките позиции од правосудните органи. Затоа и го носи називот „институционализиран организиран криминал“ зошто тој се случува внатре, како гушење на правилата и нормите. Оваа дефиниција е непозната за Вилма[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png] Според предикциската социологија (која во една книга ја цитира и Камбовски) тоа е организиран криминал „под заштита на законот и институциите“[Image: 2757.png]
Овој „заштитен криминал“ ги опфаќа најсофистицираните форми на организиран криминал која креирал „однапред создаден систем на заштита од кривично гонење“.
За да можа да функционира овој вид на криминал како антипод на системот за борба против организираниот криминал, криминални структури преку корупција, притисок, сила и принуда создаваат „систем за заштита од (идни) кривични гонења“[Image: 2757.png] Овој криминал инволвира легални општествени активности, употребува притисок и влијание врз политиката, бизнисот, медиумите, судството и сл., заради полесно остварување на моќ и заштита од кривично гонење.
За овој систем најпожелни се подобни поединци во обвинителската и судската фела.
Ако на ова „инсталирање на пиратскиот софтвер за организиран криминал“ се додаде тактиката на специјална војна и влијанието на безбедносните служби врз општествените процеси, тогаш неминовно доаѓаме до „удбашките кујни за инсталации- деинсталации, минирања-деминирања, информирања- дезинформирања, пропаганда-контрапропаганда, врбувања“ како пиратеријата[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Сашо Мијалков својата заштита од кривично гонење (која навидум изгледа нереална), ја трасираше и инсталираше години наназад. Позицијата која ја имаше и слушнавме како била употребена и злоупотребена за моќ и создавање на капитал, бизниси и антисистем си го дава резултатот денес. Потврда за тоа е дека, додека го пишувам овој текст течеше „латентното“ лицитирање за негово ослободување од притвор што не се случи. Се одеше и чекор подалеку. Се лицитираше и со излегувањето од притвор и на сообвинетиот Орце Камчев. Се шпекулира за пристисоци до судот за донесување на таква одлука. Не ме чуди ништо. Вака поставениот антисистем не може да носи поинаквов резон и одлуки базирани на интегритет и закон. Ако беше поинаку тогаш немаше да постои логиката на „тефтерчињата“, проверката на подобноста на судиите преку влегување на интервју од една врата и излегување од друга врата кај Мијалков, инсталацијата на подобните судии за определување на притвори, подобни обвинители за позитивни мислења за притвори и бранења од слобода и прифаќања на гаранции на „граѓанска сметка“, подобните судии за „пу-пу неважи одлуки“ итн. Години е вложувано во тој „систем на заштита“, за да бараме интегритет денес[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Вилма Русковска е дел од овој систем. „По законот на Мијалков“ или „по законот на Камчев“ нема разлика, но не сакам предвреме да навлезам во тој дел од продолжението за обвинителскиот подем и паѓање на Вилма Русковска[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Русковска во интервју вели дека, „кога слушнала за одлуките на Иванов за амнестија по предмети од СЈО во неговите одлуки“ , сфатила дека, треба да ги поддржи нејзините колеги од СЈО (?!). СЈО беше институција која беше формирана и создадена да се бори против постоечката „пиратерија“. Требаше да се стави крај на глумењето обвинителство, работа на дугме и по црвен телефон, незамисливоста да се отвори истрага по добрен глас, а камоли да се работи по сопствено убедување и интегритет.
[Image: 2b55.png] Замислете, Вилма Русковска се крена на протест, како резултат на сопственото (не)работење[Image: 2757.png]
[Image: 2753.png]Да ја прашате што било пречка како јавен обвинител да не отвори истрага по допрен глас за криминалот за кои се изнаслушавме пред Шарената револуција, нема да знае да одговори [Image: 1f64a.png]
Но, не се чудете.
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Така „удбашко-полициски подобна“ таа беше избрана да глуми пркос и интегритет пред Марко Зврлевски во тоа време. Пркос кон Зврлевски и кон баџанакот на Мијалков (Јован Илиевски) кој ја инсталира во „фокус“ на идниот политички естаблишмент.
Русковска, така „освестена и просветлена за потребата од правда и права држава“ во тоа време беше (можеби) единствениот обвинител кој сакаше да биде видена на тие протести на Шарената револуција[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Тоа е „удбашката јадица“ на која како по правило се фати безбедносно неедуцираната и наивна политика и јавност која полека, но сигурно беше подготвена да не се изненади на инсталирањето на Вилма Русковска во високите ешалони на обвинителската власт[Image: 2757.png]
Таа всушност стана „брана и бастиона на системот за заштита од кривично гонење“, кое таа не го брои во нејзината дефиниција за организиран криминал.
[Image: 1f449.png]Ова воопшто не е наивно[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Русковска работеше на креирање и застапување на обвиненија за неколку процеси во кои клучна и сеуште нерасчистена улога ја имаше Сашо Мијалков, дел и Љупчо Тодоровски Радникот – директори на УБК, БЈБ и други[Image: 2757.png]
Тоа беше во фазата кога беше позната реченицата од бомбите на Гордана Јанкуловска - „Па ние не мора се да му дадеме се на обвинителот".
[Image: 2139.png] Ова во полициски превод значело и значи дека, „примарната селекција за кривично (не)гонење започнува во инсталираниот антисистем во МВР и продолжува во антисистемот во јавното обвинителство“[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png] Некои имиња на припадници на МВР – Лазе Вековски, Дејан Андонов, Катерина Јовновска, Марјан Стоилковски, Зоран Глигоров, Белкија Решити, Горан Николовски Џони, Сиљан Аврамовски и други припадници на УБК - се само дел од „инсталацијата и доктрината – ние не мора се да му дадеме на обвинителот – сите како дел од системот на кој припаѓаат заедно“[Image: 1f448.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Билетот за „инсталација“ од овие два лика (Мијалков и Радникот), Вилма Русковска го купи со свесното занемарување на неколку клучни ликови во аферата „Детонатор“ и коцкарскиот бизнис кој цветаше (можеби уште цвета?!) од Крива Палака до Струга и попреку. Тој бизнис асоцира на онаа реченица која Јанкуловска му ја упатена на Митко Чавков кога ги гледа полните камиони со запленети покер-апарати – „Па како ова влегло тука бе Мите[Image: 2753.png]“.
[Image: 1f6a9.png]Можеби Вилма добила одговор на ова прашање, но само ден потоа се случи петократното убиство кај Смиљковско езеро кое ја оконча истрагата за „Детонатор“ и спаси нечии „бизниси“. Класичен безбедносен и пара-полициски дефокус за сметка на „бизнисот“, а на штета на меѓуетничкиот мир[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Случајот „Франгфурд мафија“ кој продолжи преку одредени ликови да се препознава во „патриотскиот подем“ и во настаните од 27 Април е тема плус за „оперативното делување“ (како што сака за себе да каже) на Русковска во спрега со антисистемските елементи како заштита од кривично гонење[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Во случајот „Ликвидација“ тој безбедносен антисистем „по законот на Мијалков“ лажираше заштитени сведоци за да прикрие инспекторска злоупотреба од УБК која однесе во повеќемесечен притвор истражен судија (Зафиров) и новинар (Кежаровски) кој пак неуморно трагаше по вистината за несреќата на Никола Младенов. Антистемот ја голтна вистината[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Диво Насеље (09.05.2015) – Директор на УБК Сашо Мијалков - златна команда Мите Чавков - обвинители Вилма Русковска и Наум Пановски. До денес, никој, ама баш никој не го реотвара прашањето за одговорноста на овие два лика (+ 5 други) во кумановските настани во кои загинаа 8 врвни припадници на МВР[Image: 2757.png]
Таа технологија за поттикнување и предизвикување меѓуетнички и меѓуверски конфликт не престана до денес. Незаменливите Јанкуловска и Мијалков неколку дена по настаните поднесоа оставки на функциите.
Од морални причини[Image: 2753.png]
Малкумина знаеме дека не се морални причини во прашање.
Ниту еден од нив (со се Мите) не беа опфатени со обвинението од Вилма Русковска за одговорноста и пропустите во МВР[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png]Кога ќе ги преслушам моите политички говоранции во кои ветувавме меѓународна истрага за „Диво Насеље“ и преиспитување на постапувањето на МВР/УБК преку внатрешните механизми на проверка, сфаќам дека „анти-ракетниот систем за заштита од кривично гонење веќе бил поставен“[Image: 1f448.png]
Сето ова се случуваше пред Пржино преговорите и техничката Влада во кои Мијалков е „преговарачна позиција на Никола Груевски“[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png] Замолите ја денес Вилма Русковска да одговори на едно логичко прашање. Верувам дека нема да добието одговор. Прашањето е:
[Image: 1f449.png]Како е можно за организација на настаните од 27 Април, како службено лице за постапување и непостапување да биде кривично гонет тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски и други, а директорот на УБК Сашо Мијалков и други да не бидат гонети за Диво Насеље и жртвите од МВР[Image: 2049.png]
Логика - нема.
Но, логика има во „инсталацијата на системот за заштита од кривично гонење“ по тие настани и по предметите кои СЈО ги отвори за Сашо Мијалков[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Некој ќе рече: „ Што зборуваш, Вилма го обвини Чавков за настаните од 27 Април, Гордана е во затвор, Сашо Мијалков е притвор“. Да, така е. Но, исто така, факт е дека кога Мијалков го инсталира системот за заштита од криминално гонење, тој не водел сметка за другите. Тој мислеше и мисли само на себе и на оние „ситни услужни пипци“ кои не можат сериозно да го загрозат.Тој искористи и фрли еден ешалон од системот што му служеше за заштита не само во случајот од 27 Април и неговата организација, туку и во други случаи во кои тој се прикажуваше како „спасител на гонетите“.
[Image: 1f449.png]Полека но сигурно ќе сака да се ослободува и од ешалонот кој ѝ асистираше на Вилма да прибегне кон свесно игнорирање на фактите за организирано рушење на СЈО што за Мијалков и останатите би значело некаква „слобода“[Image: 1f448.png]
[Image: 1f449.png]Како доаѓа времето „тие што ѝ веруваа најмногу“ ќе почнат да се ослободуваат од „таа верба, нешто слично со „отарасувањето на инсталациите на Камчев кои му ветуваа спасение“, сосе Вилма[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png] Кога Вилма Русковска во последното викенд-интервју се пофали дека, „ѝ тргнала борбата против организираниот криминал со тоа што подигнала обвинение против потпретседател на Собрание“, а воопшто не ги спомна притворите и нејзината „услужна дејност кон Мијалков и Камчев“, сфатив дека, „инсталатерите“ не смее да ги спомене, бидејќи „дискот за нејзина деинсталација“ не е веќе кај нив[Image: 2757.png]
Каде е[Image: 2753.png] Ќе ви кажам.
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Последниот обид за тест на системот што го направи Вилма во случајот со Сашо Мијалков беше неговото бегство. За таа диверзија Русковска „предизвика полициска интервенција“ со потерници за што кривично се одговара во нормални земји[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png]За изворот и "оперативата" на Вилма Русковска кој дојавил за бегството на Мијалков ..., ќе напишам пред темите подолу
[Image: 1f447.png][Image: 1f447.png][Image: 1f447.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Улогата на Вилма во постапката за настаните од 27 Април, а пред тоа за бегството на Никола Груевски. Боркица ...([Image: 2049.png])
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Ќе дојдеме и до Рекет и Џони и Боки ...[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]И до „оргиналниот софтвер“ кој не успеа да го „форматира“ за нејзина несреќа.
Продолжува .... четврток во 20.00 часот.
[Image: 1f64a.png][Image: 1f649.png][Image: 1f648.png]


Frosina Remenski is[b][Image: LXHyMaXmnk_.png]looking for Nessie at Budapest Marriott Hotel[/b] 4h Budapest, Hungary 
08-06-2021, 12:33 AM
Reply
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 448
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#3

Quote:ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА ВИЛМА РУСКОВСКА (дел трети)[Image: 2757.png]

[Image: image.jpg]

Странски служби, агенти – унгарски, грчки, српски, бугарски ...
Конзули, адвокати - бугарски, српски, марокански, унгарски ...
Се' е тоа еден конгломерат на (навидум) измешани „операции“ и интереси со различна цел. Но, во основа станува збор за комплементарна, синхронизирана и систематска саботажа на системот кој требаше да носи правда – за никогаш да не се повтори – а не градење на систем за заштита од прогон[Image: 2757.png]
Сигурно нема да се повтори, затоа што интересите на „оперативците“ времено завршија дел од работата во интерес на главните шпиони/агенти кои обвинувајќи други за шпионажи, саботажи и странски служби, станаа нивни политички азиланти, бегалци и „лојални граѓани на нивните служби“, наспроти она што пропагандата го сервираше за политички монтираните случаи.
[Image: 27a1.png] Додека некои пратеници (Павле Трајанов) се обидуваат да ја наметнат потребата за донесување на закон за утврдување на нови факти со кои ќе се реотвореле политички монтираните случаи, никој (па, ни тој) не дава одговор на клучното прашање, а тоа е:
[Image: 1f6a9.png]Дали поранешната УБК под превезот зад некави „странски служби“ во неколку случаи направи авто-проекција во која клучните агенти на странските служби си ги прибра како политички азиланти, криминалните структури си купија оперативци, за да нивните инсталации останат и продолжат да ги метат трагите од „операциите за бегство, малите војни, разунавачи во Собрание на 27 Април“ итн.[Image: 2049.png]
[Image: 27a1.png] Дали сте слушнале денес некој да се заинтересира и да праша:
[Image: 1f6a9.png]Дали воопшто се воделасе водела истрага за бегството на Горан Грујевски и Никола Бошковски[Image: 2049.png]
Тие со посредство на „странски служби“ станаат грчки азиланти по неуспешниот обид со фалсификувани бугарски пасоши да се качат во авиот на Будимпешта.
[Image: 1f6a9.png]Моите информации говорат дека, две години по нивното бегство до реформата на УБК јуни-септември 2019 година, нивниот работен однос во МВР „мирувал по член 45 од Законот за работните односи“ кое го уредува прашањето за притвор, но не и за бегство. Имав едно такво прашање на надзорот во УБК во јуни 2018 година на кое Џони и Сиљан упатија на одговор кај Спасовски[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Јово Вангеловски беше посочениот врховен судија кој „случајно ги пропуштил“ во ноември 2017 година. Дали тоа „случајно“ е заради нив или заради Мијалков и други[Image: 2049.png]
[Image: 2139.png] [Image: 1f6a9.png]Јавна тајна е дека, Јово одамна е „грчки државјанин“ - ужива на сопствен вреден имот во Грција, а без малку бил комшија на Горан Грујевски фурнаџијата. Случајно[Image: 2753.png]
[Image: 1f4f5.png] „Фелата“ бруи дека, Јово и еден професор од Јустинијан зеле шестоцифрена сума на евра за авторитетно „начелно правно мислење од Врховниот суд за ненадлежноста на СЈО“ како увертира на рушењето на СЈО. Тука станува збор за истраги во кои повеќе засегнати се интересите на сега притворените (Мијалков и Камчев) отколку на азилантот Никола Груевски [Image: 2049.png]
Странски служби [Image: 2049.png]
Кој и преку кого платил во некоја друга прилика.
[Image: 2611.png][Image: 1f6a9.png]Една година откако киднаа патриотите Горан Грујевски и Никола Бошковски, избега патриотот Никола Груевски – симболот на режимот. Две и пол години по неговото бегство НИКОЈ не кажува какви fucking пропусти во системот утврдила Вилма Русковска[Image: 2753.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png] Во февруари 2019 министерот за внатрешни работи меѓу другото рече дека, „постојат инцидии за повеќе луѓе не само во МВР, туку и надвор кои биле логистика“ дека е убеден дека процесот ќе заврши и ќе дознаеме кој помогнал и дека на тоа работат заедно со ОЈО". Еден резултат – глава боли[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png] Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во јануари 2019 година, рече дека Груевски територијата на државава ја нема напуштено на било кој граничен премин, но за да не и наштети на предистражната постапка други детали откри, а Вилма за медиумите помпезно најави дека „Груевски ќе го стигне правдата". Еден резултат – глава боли[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Од оваа може слободно да се заклучи дека, именувањето на Вилма Русковска за шеф на јавното обвинителство два дена по бегството на Никола Груевски сигурно не било „да го стигне правдата“, туку да го исконтролира процесот во кои не дај боже од некои „аутсајдери“ да излезе нешто неочекувано[Image: 2757.png]
Официјално Вилма „уште работи на бегството“, иако „фронтменот на таа истрага Наум Пановски“ од скоро е во вишото јавно обвинителство.
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Истата „фела“, која зборува за платеното начелно мислење на Врховниот суд , зборува дека, „еден клучен докази (хард-дискот од видео надзорот на зградата) за тоа како, кога и со кого Никола Груевски излегол од зградата во која живееше мистериозно исчезнал во таа истрага“ [Image: 2049.png]
За инсталираните беше важно да собере се што може да обезбеди доказ за бегството, а доколку се најде доказ, тој вешто да исчезне.
Така и бива.
[Image: 2622.png] Додека ги реотварам овие прашања за кои НЕ ПИШУВАВ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ, ретко кој јавно ги открива врските со „странските разузнавачки служби“ на Сашо Мијалков кој „не бегал“ и за Орце Камчев кој „немал да бега“. Овие наводници ги ставам како знак на хипотеза, за која Вилма Русковска беше должна да ја решава и да биде прашувана. А, кој да ја праша[Image: 2753.png]
[Image: 2139.png] Не очекував „политикантската глорификација на борбата со организираниот криминал на Вилма Русковска“ да ги опфати овие клучни прашања на кои таа мораше да одговори, наместо да каже дека немала број од Мијалков. Што е важно дали таа има негов број, кога тој има нејзин[Image: 2757.png]
Затоа сето нејзино јавно политикантство е провидно[Image: 2753.png]Да беше поинаква и да не беше Мијалковата/Камчевата инсталација во ОЈО за ГОКК на тапани ќе се фалеше со успехот на обвинителството за нивните притвори, истраги и обвиненија, а не да молчи како „под кошула“. Ако таа „се борела против режимот“ како што сака за себе да каже, тогаш зошто зачудува молкот како тоа второто лице на медаљата на режимот (Мијалков) во неа ја има најголемата доверба „да ѝ се предаде“ – нешто слично како Камчев[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Сигурно не очекувате Вилма Русковска - инсталацијата на Сашо Мијалков (читај и Никола Груевски) и на Орце Камчев да се зафати со решавање на овие задачи. Нејзината задача е токму спротивното – да ги заштити нив и сите „службени лица кои помогнале дел од газдите и извршителите да побегнат, а на дел да им се ветува заштита од гонење и да се тргува со нивната правда“[Image: 2757.png]
[Image: 2622.png][Image: 1f6a9.png]Јавна тајна во нејзината и адвокатската фела е дека, додека се крчкала Империја, пред бегството на Груевски и пред нејзиното назначување на шеф на обвинителството за организиран криминал [Image: 1f449.png]„во женско друштво на засегнати лица од случајот Империја во позната кафана“[Image: 1f448.png] била договорена мрсната лоби поддршка таа да стане шефот кој ќе овозможи се, само правда не[Image: 2049.png]
[Image: 2622.png] Удбашко-параполициската гарда по тој повод презела обврска паралелно со нејзината „работа“ да произведува афери и афери, за да се дефокусира јавноста од одговорите на клучните прашања на кои Вилма падна на испитите[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png]Таа мрсна лоби поддршка ја има до моментот додека „успева да се наметне како Чадор на Камчев и Мијалков“, а полека ја губи откако „мрсните ја потсетуваат и неа и некои други ликови дека, должат и тоа многу“[Image: 2757.png]Тиквата пукнала. Останува да се види дали има семки или е „глува“ [Image: 2049.png]
[Image: 2139.png][Image: 1f6a9.png][Image: 1f6a9.png]Ико (Кусакатски) од МВР, како десна рака на стариот Мијалков и десна рака за економски криминал на младиот Сашо Мијалков на времето знаел да каже дека, за своја неразделна другарка си ја има само Вилма Русковска и дека, без неа многу работи за Сашо и дружината немало да бидат како што биле додека „Вилма се борела против режомот“[Image: 2757.png]
[Image: 2139.png] Долга е таа врска и потврда на инсталацијата на Вилма и во екот на „Рекет“, заедно со кафанските дружби на кираџиите-адвокатите-обвинителите-истражителите. На чија штета, сите (па и тие во притвор) имаат време да мислат[Image: 2757.png]
[Image: 2622.png] Кое било „женското лоби друштво за Вилма“[Image: 2049.png]
[Image: 2622.png] Дали ликот и (не)делото на Горан Николовски Џони во горенаведените „бегства и инсталации“ се клучни[Image: 2049.png]
[Image: 2622.png] Дали Џони има некаков статус во случајот Рекет даден од другарка му Вилма[Image: 2049.png]
[Image: 2622.png] Дали помошникот на Сашо Мијалков „за странски служби“ – Џони е креаторот на се поврзано со странските служби на Неџби и Христо, на Груевски, на шефот Сашо и Орце, 27 Април[Image: 2049.png]
[Image: 2139.png] П.С Неколку пати повторив и замолив неговата улога во овие „операции по налог на газдите“ да не се меша со некаков амин од Калето. Тоа за Калето е срам кој прашање на време е кога ќе му го покажат јавно[Image: 2757.png]
[Image: 2705.png] Продолжувa (дел четврти) во среда во 21.00 часот [Image: 2757.png]
[Image: 1f648.png][Image: 1f649.png][Image: 1f64a.png]

Frosina Remenski is[b][Image: LXHyMaXmnk_.png]looking for Nessie at Budapest Marriott Hotel[/b]

2h Budapest, Hungary 
14-06-2021, 11:38 PM
Reply