Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАКОН ЗА ДИВОГРАДБИ
Author Message
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 448
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#1

Quote:Закон за дивоградби: Амнестија од одговорност и вовед во градежен хаос
Амнестијата за дивоградбите, би можела да значи ослободување од одговорност и на оние коишто ги прекршиле законите со бесправно градење. Шефот на државата Стево Пендаровски не кажува дали ќе го потпише законот.
   
[Image: 51902048_303.jpg]

12.05.2021
Ден по изгласувањето на новиот закон за легализација на дивоградби, во јавноста се калкулира околу штетните последици од ваквата одлука, која се оценува дека ќе доведе до беззаконие и до кршење на законите, но се отвораат и дилеми кој се би можел да биде засегнат од неа. Освен придобивките за оние коишто се дрзнале изминативе години да градат на диво каде што ќе посакаат, а со кои со новите законски одредби ќе куртулат од рушење на дивоградбите, се чини дека со законот ќе бидат амнестирани од одговорност и поранешни функционери, политичари, бизнисмени, инвеститори против коишто изминативе години беа покренати судски постапки.

Закон по мерка на неколкумина

Имињата на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ-Латас, инвеститорот на урнатиот објект кај „Мавровка“ се само дел од оние коишто се споменуваат во јавноста, а би можеле да бидат опфатени со членот 41 од овој закон. Со него, се запираат постапките за рушење на дивоградбите, но се прекинуваат и управните и судските постапки (кривични и граѓански постапки) кои се во тек и кои произлегуваат од постапките за отстранување на објекти. На носењето на законот се спротивставија од партијата ДОМ, а Демократскиот сојуз на Павле Трајанов побара од претседателот да не го потпишува законот со што ќе се спречи беззаконието во државата и да се привилегираат оние кои ги кршат законите и се директно одговорни за градежниот хаос.

„Чесните граѓани подготвуваат проекти, бараат дозволи за градба, плаќаат комуналии и ги почитуваат сите прописи. Додека оние што градат бесправно и узурпираат земјиште, диво се приклучуваат на водоводните мрежи, електричната енергија, ги кршат сообраќајните решенија и слично, не смеат да бидат и натаму мотивирани и лош пример за во иднина. Демократскиот сојуз има разбирање за социјалните аспекти, но никако не се за градежен хаос и легализација на хациенди, деловни објекти, куќи со базени итн.“, реагира партијата.
Амнестијата за дивоградбите, би можела да значи ослободување од одговорност и на оние коишто ги прекршиле законите со бесправно градење. Па така, се споменуваат имињата на новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ-Латас, поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, градителот на урнатиот објект кај „Мавровка“ и други…, против кои се водеа постапки токму за бесправно градење.
Латас и неговите браќа Звездан и Срѓан беа ослободени од Основниот кривичен суд од обвинението за нелегално изградените куќи на територија на Општина Зелениково во јули 2019, но Апелациониот суд во јуни 2020 ја поништи пресудата и го врати предметот на повторно судење. Јакимовски, пак, според обвинението од октомври 2019, дозволил објектот на Општина Карпош да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектонско-урбанистичка документација.
 
Иницијатива за оценка на уставноста

Случајот го следи и Антикорупциската комисија. Првата актикорупционерка, Билјана Ивановска, смета дека треба да се поднесе иницијатива за оценка на уставност на законот пред Уставниот суд. „Ако законот стапи во сила, на сите други закони може да им се стави ’крст’, предупредува таа во изјава за медиумите.
Законот треба да стапи на сила по 8 дена откако ќе биде објавен во Службен весник. Претседателот Стево Пендаровски го разгледува законот по што ќе донесе одлука дали да го потпише.  Од Владата, пак, оценуваат дека по вчерашното усвојување на Законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти во законодавниот дом, ќе се реши урбанистичкото дивеење.

„Прогрешна е тезата дека ќе може се и сешто во секое подрачје да се легализира“, нагласи владиниот портпарол Мухамед Хоџа додавајќи дека во законот е точно прецизирано каде и кои објекти ќе може да бидат легализирани.
Според него, за да се легализира во заштитно подрачје треба да се добие согласност од надлежниот орган, министерство или друга институција дека градбата не го загрозува тоа подрачје. Така што, невозможно ќе биде лесно да се легализира секој објект во тие делови. Законот е усогласен и со опозицијата, при што се прифатени и неколку нивни амандмани и се инкорпорирани во него. „Со законот се спречува урбаното дивеење со тоа што се зголемува цената за легализација за плус 50 отсто од основните комуналии со што се одвраќаат од намерата сите кои мислат да градат нелегално“, изјави Хоџа.

Собрание по скратена постапка го усвои Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти со 72 гласа „за“, 3 „воздржан“ и 5 „против“. Со законот се отвара пат гаражи, остави и базени кои сопствениците ги граделе без дозвола, како и дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство, да можат да се легализираат. Легализација ќе биде дозволена и во прва и втора санитарно-заштитна зона на извори на вода за пиење, по добиена согласност од надлежниот орган.
Со него се предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, односно осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“ и нема рок на важење - ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се започнати. Исклучок се дивоградбите во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради.
14-05-2021, 01:38 PM
Reply
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 448
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#2

Quote:Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова
22 h
 
Како професор кој цел живот предава и учи за почитување на правната држава и спроведување на
правото не може да гласам за легализација на незаконски акти.
Свесна сум дека има различни случаи на објекти но сепак сметам дека не смее да се
донесе закон кој легализира дивоградби.
Законот е директен атак врз моменталното урбанистичко и
просторно уредување и како феномен не е познат во меѓународното компаративно
право.
Бесправно изградени објекти не можат да бидат од јавен интерес или од интерес за
републиката и за локалните власти.





14-05-2021, 01:42 PM
Reply
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 448
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#3

Quote:Пендаровски не го потпиша Указот на Законот за дивоградбите: Овозможува „затскриена“ амнестија
Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, информираат од претседателскиот кабинет.
Македонија 14.05.2021. 14:15

[Image: Pendarovski-6-960x565.jpg]

Текстот на Законот, според претседателот, е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот.


Quote:– Врз основа на член 75, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, а во врска со член 38, став 2 од Законот за Собранието на Република Северна Македонија, Ве известувам дека одлучив да не го потпишам Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 11 мај 2021 година. Мојата одлука да не го потпишам Указот за прогласување на Законот ја донесов врз основа на детална анализа на текстот на Законот, при што утврдив дека текстот на Законот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот. Исто така, сметам дека текстот на Законот нема општествена оправданост односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес, што е основна задача на секоја институција на јавната власт, вели претседателот Пенадровски во известувањето што го испратил до Џафери.


Според Пендаровски, текстот на Законот е спротивен на член 8, став 1, алинеја 3 од Уставот каде што владеењето на правото е утврдено како темелна вредност на уставниот и, генерално, нашиот правен поредок.


Quote:– Имено, фактот дека со овој Закон се легализираат противзаконитите постапки на физички и правни лица за бесправно градење, коешто е определено како кривично дело во Кривичниот законик, ги става во нееднаква положба правните субјекти и ја нарушува правната сигурност. Таквата постапка е спротивна со член 9, став 1 од Уставот во кој што е определено дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Дополнително, во член 51, став 2 од Уставот е определено дека секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Убеден сум дека усвоениот Закон не само што ги става граѓаните во нееднаква положба, привилегирајќи ги оние кои не ги почитувале правните прописи на штета на совесните граѓани кои при градење на објекти постапувале во согласност со важечките прописи, туку, уште повеќе, стимулира непочитување на правните прописи. Стимулирањето на непочитувањето на правните прописи нанесува трајна штета на сите напоринашата држава да ја изградиме како демократска држава заснована врз владеењето на правото и почитувањето на правата и слободите на човекот и граѓаните, пишува претседателот Пендаровски во известувањето.


Тој додава дека особено спорен е член 41 од текстот на Законот со кој од денот на влегување во сила на Законот се предвидува „запирање на управни постапки кои не се завршени со спроведување на решенијата за отстранување на бесправно изградените објекти, како и управните и судските (кривични и граѓански постапки) кои се во тек и кои произлегуваат од постапките за отстранување на објекти кои се завршени или се во тек“.


Quote:– Оваа одредба е спротивна со член 8, став 1, алинеја 4 од Уставот каде што поделбата на власта на законодавна, извршна и судска власт е дефинирана како темелна вредност на уставниот поредок. Преку вака формулираното законско решение се врши упад во работата на судовите и се овозможува „затскриена“ амнестија за сторители на кривични дела поврзани со бесправно градење и злоупотреба на службената положба. Неспорна е уставната надлежност на Собранието, во согласност со член 68 од Уставот, да дава амнестија. Но, амнестијата, како што налага законодавната пракса, треба да биде дадена со посебен закон за амнестија, а во образложението кон евентуалниот таков закон треба да се образложи општествената оправданост односно јавниот интерес за давањето на амнестијата. Преодните и завршните одредби на Законотза утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти не се местото кадешто на нетранспарентен начин ќе биде дадена амнестија, смета шефот на државата.


Според него, донесениот Закон, исто така, е спротивен на член 43 од Уставот во кој секому се гарантира правото на здрава животна средина, а државата се обврзува да создава услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.


Quote:– Донесениот Закон во член 17 предвидува можност за легализација на бесправно изградени објекти дури и во „строг природен резерват, национален парк, споменик на природа, парк на природа, заштитен предел, заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита, како и во прва и втора санитарно заштитна зона на извори на вода за пиење“. Ваквата можност е прекршување на основната обврска на државата да ја штити животната средина, адополнителноможноста за легализација на бесправно изградени објекти во заштитни зони на вода за пиење потенцијално го загрозува јавното здравје, чијашто заштита е, исто така, законска обврска на државата. Можноста, во наведениот член, за легализација на бесправно изградени објекти во подрачје на заштитено недвижно културно наследство (поединечни добра, целини и археолошки локалитети) е повреда на законската обврска на државата да ги заштитува културните добра и културното наследство, пишува претседателот.


Конечно, но не и помалку важно, вели во известувањето Пендаровски, како претседател на државата се заколнав дека ќе ги почитувам и штитам Уставот и законите.


Quote:– Таа обврска подразбира не само формално почитување и спроведување на Уставот и законите, туку, многу повеќе, промоција на правната култура. Правната култура е одлика на сите цивилизирани заедници, а владеењето на правото и заштитата на јавниот интерес е принцип на сите демократски држави. Впрочем, владеењето на правото е основниот услов за остварување на стратешката цел на нашата држава за интеграција во Европската Унија, за чиешто остварување работеле и работат сите досегашни претседатели, состави на Собранието и влади. Како убеден демократ и легалист верувам во водењето на политиката во границите на правото и затоа не можам да се согласам од неправото да создаваме право. За жал, усвоениот Закон е пример за такво поведение, пишува тој во известувањето испратено до Собранието.

Во таа насока, тој апелира до сите пратеници, независно од политичката припадност, а водејќи се од словото на Уставот и јавниот интерес, уште еднаш, да размислат пред повторно да одлучуваат за овој текст на Законот.
14-05-2021, 01:45 PM
Reply
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 448
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#4

Quote:Заев за „ветото“ на Пендаровски: Треба да срушиме 50.000 објекти ако не помине Законот за легализација на дивоградбите
Законот сега повторно се враќа во собраниска процедура, а премиерот Заев, очигледно, не се откажува од негово изгласување.

Од плусинфо Објавено 15/05/2021 13:40:04

Да се спасат 50.000 градби на граѓани кои се под прагот на сиромаштијата и не можеле да ги легализираат своите објекти со претходните законски решенија поради тоа што не можеле да ги платат своите геометриски елаборати и другите трошоци за легализација, истакна премиерот Зоран Заев, откако вчера претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за Законот за легализација на дивоградбите.
Законот сега повторно се враќа во собраниска процедура, а премиерот Заев, очигледно, не се откажува од негово изгласување.

– Законот ќе се врати во собраниска процедура и предвид ќе се земат сите околности, посебно околностите кои претседателот ги наговестува во причините за непотпишување. Причината е едноставна, да се спасат 50.000 градби на граѓани кои се под прагот на сиромаштијата и кои не можеле да ги легализираат своите објекти со претходните законски решенија, поради неможноста да ги платат своите геометриски елаборати и другите трошоци за легализација. Новина во законот е тоа што за сите приматели на социјална помош бесплатно ќе се изработат геометриски елаборати и бесплатно ќе се легализираат тие 50.000 објекти. Секој друг објект, освен за примателите на социјална помош и на сиромашните, се дава можност да се легализира, колективните згради не, дополнително ќе плаќаат 50 отсто поголем надоместок отколку што би платиле при редовно добивање одобрение за градба. Со ова, се испраќа порака дека е неисплатливо да се гради на диво, односно ова е последно носење закон со конечна цел да заврши бесправното градење што го имаме од независноста на државата – истакна Заев.
Тој изјави дека ако законот не се врати во Собрание, веднаш ќе треба да почнат да се рушат овие 50.000 објекти на граѓаните.
16-05-2021, 12:26 AM
Reply