Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГЕРОСКИ ЗА ДА СИ ГИ СОКРИЕ ГРЕВОВИТЕ ПОРАЧУВА ДЕКА ВИНАТА НА УДБА СЕ САМО ПРИТВОРИТЕ
Author Message
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 411
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#1

Quote:J’accuse! Факти како се убива правдата во Македонија!
Денес цела една булумента апологети „соработуе“ со хибридниот режим на Зоран Заев. Тие јавно искажуваат спремност да се погазат сите принципи и сите човекови права, само за да се спроведе некаква нивна „правда“, само заради одмазда. Јас, пак, верувам во системот, во правните принципи стари со векови и со милениуми, во словото и во духот на законите. Верувам дека слободата на човекот е неприкосновена, а правдата се опслужува во строго форматирани и регулирани постапки.

[Image: geroski-nova-1-750x430.jpg]


Од Бранко Героски Објавено 17/03/2021 17:28:33
Ме прашуваат луѓе, во медиумите и на социјалните мрежи, зошто го бранам Орце Камчев. Не се лутам, прашањето е легитимно.
Некои прашуваат, а некои обвинуваат. Порталот Фронтлајн, на пример. „Героски застана на страната на Камчев“.  Има и такви кои клеветат. Сум зел пари. Сум бил поткупен. Требало и јас да завршам во притвор, заедно со Камчев и со Мијалков…
Лажните обвинувања, клеветите и заканите не се легитимни. Во нормални околности, за тоа некој би требало да одговара. Но, не живееме во нормални околности, јасно е тоа.
Многу добро познавам дел од луѓето што се продаваат за некакви борци за слобода и за правдини, а создаваат атмосфера на јавен линч. Во принцип, настојувам да не ме дефокусираат и да не губам време и енергија во полемики со нив. Тие тоа не го заслужуваат. А сепак, гледам како се стеснуваат свеста и храброста да се трага по вистината, да се бранат принципите. И затоа, почитувани читатели, не можам да одолеам да проговорам тогаш кога гласот на ретките трагачи по вистината се губи во вревата што ја создаваат апсанџиите и јакобинците.
Немам намера да се бранам себеси. Тоа не. Напротив, ќе ве соочам се аргументите. А тоа значи дека денес јас – обвинувам!

Притворот не смее да биде одмазда и тортура

Пред сѐ, сакам да ве предупредам дека борбата за правда не е борба за апсења. Кој мисли поинаку, може веднаш да престане да чита. Кој мисли дека целата расправа треба да заврши со онаа мисла „ако не си апсел, ќе те апсат“, со мене е на различна бранова должина и ние никогаш нема да се разбереме.
Јас борбата за правда ја разбирам како борба за принципи, за слободи, за човекови права и за процедури. Сите тие вредности го сочинуваат системот на владеење на правото, наспроти системот на арбитрерна правда, во кој моќните и силните обвинуваат и пресудуваат кој и за што е виновен и во кој, всушност, не се докажува вината, туку невиноста.
На хартија, во Македонија владее правото. Во пракса, знаеме веќе, владее концептот на „револуционерна“, арбитрерна правда. Не сум наивен, се разбира, ги разбирам проблемите и ризиците, но мислам дека сериозните луѓе треба да веруваат во базичниот дизајн на системот, а не да се прилагодуваат на неговите многубројни компромитации. Јас така верувам во системот – верувам во правните принципи стари со векови и со милениуми, верувам во словото и во духот на законите, верувам дека слободата на човекот е неприкосновена, а правдата се опслужува во строго форматирани и регулирани постапки.
Мерката притвор, на пример, се изрекува само во исклучителни случаи, кога не постојат други начини да се спречи осомничениот да избега, да влијае врз сведоците или да го повтори делото. Ова не е моја измислица, така вели законот. Тоа е базичен стандард што го гарантира правниот систем. На хартија, да повторам. Притворот не смее да биде казна, одмазда или притисок врз осомничениот да „попушти“ и да „пропее“ во истрагата. Ако е тоа, тогаш е тортура.
Јас во овие принципи и стандарди цврсто верувам. Тие се универзални и важат за сите. Или барем би требало да биде така. И затоа, без предрасуди кон било кого, без оглед на тоа кој е на власт и во милост, а кој е во немилост, за овие принципи се борам. Толку колку што можам. Како новинар. Како човек кој освоил простор во медиумите и си зел слобода да пишува како што мисли. Дури и тогаш кога за тоа мора да се плаќа висока цена. Како сега. И како многу пати до сега…

Како ги бранев „криминалците“ и зошто

Еве, ќе посетам само на дел од мојот импозатен опус на „одбрани“ на „криминалците“.
Јавно застанав во одбрана на осомничените и на обвинетите во случајот „Пајажина“, во кој страдаа Велија Рамковски, неговото семејство и неговите најблиски соработници. Без прејудицирање дали и за што би можел да биде одговорен и огласен за виновен, тврдев и сѐ уште тврдам дека процесот беше политичка конструкција и компромитација на правниот систем.
Јавно се бунтував и поради изречените мерки притвор во овој случај, посебно против притворањето на осомничените жени. За ова сторив и нешто друго. Седнав и напишав приватно писмо до Али Ахмети, кое стаса на неговата адреса со посредство на мојата пријателка Теута Арифи. Го молев да го искористи своето влијание кај Никола Груевски жените да се пуштат да се бранат од слобода. Не успеав. Но, не помогна ни молкот на некои луѓе кои беа најблиски на овие несреќни жени и кои не се осмелија да бараат слобода за нив, плашејќи се да си турат трн во здрава нога.
Кога јас бев застанат „на страната“ на Рамковски – постојано, кано клисурине, драги мои! –  некои други мои колеги беа на спротивната страна. Попристојните од нив молчеа и гледаа сеир, оние другите крекаа во хорот кој бараше јавен линч на обвинетите. Сите тие заедно денес се големи борци за правдини. Истите луѓе кои тогаш ме обвинуваа дека „штитам криминал“, денес ме обвинуваат дека „ја бранам мафијата“. Перверзија!
Застанав и во „одбрана“ на поранешниот директор на Фондот за здравство Ѓорги Тренковски, кога Груевски го уапси за ништо, за глупости, заради одмазда. Ѓорги не заборава, повремено ме потсетува и ми вели дека во притвор ја читал мојата колумна и дека таа му значела многу, повеќе од утеха. Тешко е да се лежи невин во македонските казамати…
Го „бранев“ и новинарот Томче Кежаровски. Со коментари и со насловни страници. Ама и на друг начин, за кој Томче не знае, барем не од мене, не до сега. Не знае Томче кој вршеше притисок врз опозиционерот Зоран Заев активисти на СДСМ да протестираат пред Судската палата, заедно со новинарите. Знае Заев…
Го „бранев“ и Зоран Божиновски кога беше во притвор во Белград. Се залагав нашето новинарско здружение да се огласи со апел тој да биде ослободен од притвор. Не само јас. И се роди таков апел. А не мислеа сите дека треба. Не мислеа сите дека Зоран е новинар што ја заслужува нашата поддршка. Можеби затоа српското здружение го поддржа пред нашето, без калкулации. Патем речено, Божиновски најдобро може да посведочи дека јас баш и немав лични причини да го бранам. Попрво ќе беше обратно. Но, принцип беше во прашање.
Немав лични причини јавно да барам Бојан Јовановски, обвинет во случајот „Рекет“, да биде пуштен во домашен притвор, тогаш кога му се влоши здравствената состојба. Да бев како некои, кои јавно секој ден пишуваат кој треба да умре и зошто, веројатно ќе барав Боки да цркне во притворот. Но не, јас се заложив човекот да се пушти на слобода, да се лекува, затоа што цврсто верувам дека никој не смее да биде казнуван со уништување на здравјето.
И ете, да запрам тука. Имам јас голем „минат труд“ во она што го сметам за легитимна и неопходна одбрана на правниот систем и на човековите права. Правата на одбрана и на фер судење се едни од клучните за системот. Некои таа моја борба ја сметаат за поддршка на криминалот. За жал, денес ме напаѓаат, или мудро молчат, дури и луѓе на кои некогаш многу им значела мојата „одбрана“. Така е тоа животот, некои луѓе се однесуваат како во народната – помина зимата, ебати гуњата.

Секој може да биде притворен со белешка на тајната полиција

Апсењето и притворањето на Орце Камчев е случај на експлицитно газење на принципите и на процедурите. Би сакал тоа некој да го оспори, ама тешко. Еве ги фактите.
Иницијативата за ова апсење ја има тајната полиција. Подготвена е службена белешка на АНБ, во која се тврди дека осомничениот се подготвувал за бегство. Таа белешка е единствениот доказ врз основа на кој на Камчев му е определен притвор. Шокантно е сознанието дека на одбрана не ѝ било дозволено да изврши увид во белешката. Замислете, таа на суд била прочитана! Фалело само да се пушти монтиран аплауз. Во она што било прочитано, пак, не се спомнале никакви детаљи или докази. Тоа се потврди и со првото јавно соопштение во АНБ, од кое се гледа дека тајната полиција или не сака или не може јавно да соопшти детаљи за божемното бегство во подготовка. А мислам дека не може, затоа што детаљи нема. Нема, бидејќи подготовки за бегство – немало.
И погледнете, само малкумина чесни и храбри луѓе јавно ги поставуваат неизбежните прашања. Како е можно во демократска земја, во која владее правото, некој да биде притворен врз основа на белешка на тајната полиција? Камо наредба на јавниот обвинител да постапува тајната полиција? Камо судски налог? Како е можно еден таков документ да се смета за основа за одлука за притвор, без да се презентираат никакви други докази? Смеел ли судот да не ѝ дозволи на одбраната да изврши увид во таа фамозна белешка, која наводно е крунски доказ дека осомничениот подготвувал бегство? Која е причината поради која на осомничениот му е ускратено правото на увид во доказ на обвинението?
Ако денес не си ги поставиме овие прашања, утре секој може да биде притворен врз основа на службена белешка на тајната полиција. Секој што се движи во близина на граница може да стане потенцијален бегалец од правдата. Секој што разговара со лице под истрага или со осомничен, може да биде прогласен за помагач во подготовки за бегство. Можностите за манипулации се неограничени.
Еве ви пример. Неодамна провладините мегафони проширија лажна вест дека Сашо Мијалков од бегство ми испратил смс-порака. Јавно бев „испрашуван“ зошто тоа не сум го пријавил во Обвинителството. Јавно се бараше да се вештачи мојот телефон. Јавно и лажно бев обвинет дека сум бил соучесник во бегство. Потоа, откако мегафоните конечно се убедија дека веста е лажна и дека немало никаква порака од Мијалков до мене, некои од лажговците јавно и се извинија. Само некои…
Денес се прашувам, што ако АНБ напишеше службена белешка врз основа на фактичката вистина? Јас во телевизиско интервју кажав дека сум му испратил порака на Мијалков на денот на неговото „исезнување“, во која барам да ми ја потврди веста дека му е определен куќен притвор. АНБ можела да напише дека и тоа е помагање на бегство. Во белешката можеле да допишат дека јас имав повеќе контакти со осомничениот Мијалков, поврзани со мојата професионална обврска да ги презентирам и завршните зборови на одбраната, а не само на обвинението.
Ќе беше ли сето тоа достаточно да бидам осомничен и притворен? Веројатно. Ако планот бил таков.

„А непријателот поткопуе…“

Ова ме враќа во годините кога зборувавме за семоќта на тајната полиција. И кога се правеа реформи во МВР, чија цел беше да се оствари цивилна контрола врз работата на тајната полиција. Беше тоа пред триесеттина години. Боже, зарем не сме мрднале ни чекор напред?
Ова ме потсетува и на оние митски сцени од филмот „Среќна нова ‘49“ на Столе Попов, во кои инспекторот на ОЗНА (го игра феноменалниот Душко Костовски) го убедува неправедно притворениот Драгослав (сугестивниот Мето Јовановски) да си поседи уште малку во притвор, да ја докаже својата невиност, да „соработуе“, бидејќи „Исток нѐ отпиша, а Запад не нѐ запишуе“.
Сцена од филмот „Среќна нова ’49“ на Столе Попов
 
[Image: sreknanova49ta1.jpg]

Да, драги мои, денес цела една булумента апологети „соработуе“ со хибридниот режим на Зоран Заев, затоа што ова се „гадни времиња за народното стопанство“, а „непријателот поткопуе, нашиот внатрешен непријател“ (уште две реченици од тој прекрасно одглумен дијалог на инспекторот на ОЗНА). Луѓе за кои сум мислел дека имаат доблест и минимум дистанца од властодржците, денес јавно искажуваат спремност да се погазат сите принципи и сите човекови права, само за да се спроведе некаква нивна „правда“, само заради одмазда. Неразбрани луѓе, кои не сфаќаат дека тркалото се врти и дека утре можеби апсанџиите ќе бидат апсени.
Така беше и во режимот на Груевски. Всушност, можеме да зборуваме за нијанси и за амплитуди, но кај нас така било секогаш. Притворот во Македонија е мерка која се определува заради измачување на осомничените и обвинетите, за оштетување на нивното здравје, за напад врз нивните бизниси, за уништување на нивните семејства… И затворот исто. Условите за живот во овие институции се нехумани. Со еден збор, притворот и затворот во Македонија се класична тортура.
И затоа се залагам за крајно рестриктивно определување на мерката притвор, за блага казнена политика и за алтернативни начини на отслужување на затворските казни. Такви нешта има во други земји. Има и тука блиску до нас, во соседна Србија. Пишував фермани и за тоа. Бидејќи сум убеден дека и казнувањето на луѓето не смее да биде нехумано и понижувачко. Како што е кај нас за жал.

Што постигнувам со моите „одбрани“?

Ете, се потрудив да објаснам што, всушност, бранам, „бранејќи“ го Камчев. Некои ме прашуваат – а што постигнуваш со твоите „одбрани“?
Тоа е одлично прашање. Ме мачи и мене. Да има некој умен меѓу властродржците да размисли што постигнувам со моите „одбрани“, би сфатил дека јас, несакајќи, можеби ѝ штетам на мојата „кауза“, дека на некој начин ги легитимирам нивните срамни апсанџиски и одмазднички акции. Ако ништо друго, кога ќе бидат прашани дали сите оние на кои им било повредено правото на одбрана и на фер судење добиле можност барем некому и некаде да се пожалат за тоа, властодржците ќе можат со прстот да покажат кон мене и да речат – ете, оној ги бранеше јавно и пишуваше фермани за нив!
Сепак, дури и тоа не ме спречува да ги бранам принципите во кои верувам. Всушност, раков веќе, јас сега не бранам, јас обвинувам. J’accuse! Како Емил Зола во отвореното писмо во кое го обвинува францускиот претседател за неправедното притворање на Алфред Драјфус, офицер во француската армија, кој бил осуден на доживотна казна затвор поради шпионажа. Во тоа писмо Зола укажува на судските грешки и на недостатокот од докази. И на Драјфус му било ускратено правото да ги испита доказите против него. Меѓу другото…


[Image: image.jpg]

„Ова, господине, се факти кои објаснуваат како се убива правдата“,пишува Зола во отвореното писмо, објавено во либералниот „L ‘Aurore“ на Жорж Клемансо, на 13 јануари 1898 година.
Во моите написи, почитувани читатели, изнесувам факти кои објаснуваат како се убива правдата во Македонија. Толку е едноставно. И тешко. Можеби тоа некому не му се допаѓа, но јас немам намера да престанам да трагам по вистината.
17-03-2021, 09:40 PM
Reply
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 411
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#2

Quote:Ова е сè, само правда не е!

Јас сум убеден дека Камчев е „спакуван" откако се исцрпени сите можности тој да ја „сервисира" својата лажна слобода. Планот е целосно да се уништи. Не со правни средства, не во законита постапка. Не. Идејата е да се уништи вака - насилнички, аматерски, безобразно и простачки.


[Image: geroski-nova-2-750x430.jpg]
 
Од Бранко Героски Објавено 09/05/2021 15:30:58
„Објавената ‘службена белешка’ на АНБ очигледно не е тоа (службена белешка), ниту од формална ниту од суштинска страна. Читаме некаква полуписмена информација од АНБ (веројатно нарачана!) која се коси со елементарната логика! Кога и да е, ќе се обелодени целата вистина околу неа“.
Вака информацијата на АНБ, „крунскиот доказ” во две судски одлуки за притворање на Орце Камчев, ја коментира поранешниот контраразузнавач Александар Диневски. Наспроти јавниот одиум кон Камчев, кој систематски се шири, вистината за контроверзната удбашка конструкција на АНБ сепак победи. Овој документ како доказ го оспори и обвинителката Вилма Русковска (иако наводно сè уште не ја видела белешката), по што може да се очекува при следното одлучување за притвореникот Камчев обвинителката Лиле Стефанова да се послужи со други небулозни конструкции.
Аматерски конструкции? Не би рекол. Не верувам дека во Македонија сите полицајци, сите разузнавачи, сите обвинители и судии се аматери. И дека затоа во речиси сите досегашни предмети на поранешното СЈО, но и во некои други, во кои се посочуваше на корупциски афери, истрагите, одлуките за притвори и доказните постапки беа спроведувани со крупни процесни недостатоци. Во секоја нормална земја во која владее правото тие недостатоци би се сметале за фатални, а истрагите, обвиненијата и процесите би завршувале со прекин во полза на осомничените и на обвинетите. Но не и во Македонија…
За жал, јас се убедив дека ние имаме многу посериозен проблем од аматеризмот и од некомпетенцијата. Овде станува збор за уцени, за рекет и за сериозни притисоци врз осомничените и врз обвинетите. Целиот однос на органите на прогонот кон овие лица е дизајниран на начин што тие постојано да веруваат дека им се нудат шанси да се спасат од јамката, или дека јамката им се затега околу вратот, во зависност од тоа колку се спремни да ја плаќаат својата привремена слобода – со пари, со удели во фирмите, со имоти, со најразлични услуги, па и со политички концесии.
Затоа сите постапки се контаминирани и компромитирани. Со предумисла, со план. Тоа е еден нов вид на стравична корупција, во која инспиратори и организатори се луѓе од највисокиот естаблишмент, а извршители се послушници од органите на прогонот, но и од медиумите.
Камчев е типичен пример за тоа. Во аферата „Рекет” беше обелоденет само еден случај кога бизнисменот бил принуден да даде пари за да си ја плати својата (привремена и несигурна) слобода. Во таа фарса играа истите актери кои сега глумат во трагедијата со наслов „Финалното уништување на Камчев”. И цела јавност се прави дека тоа не гледа! Така ќе биде сè додека Камчев не биде принуден да проговори за сите други пари што им ги има дадено на уценувачите и на рекетарите од власта. И за сите други дилови што му се нудени, за сè што од него е барано, а можеби во еден дел и добиено, од покренувањето на случајот „Империја” до денес.
Како и да е, јас сум убеден дека Камчев е „спакуван” откако се исцрпени сите можности тој да ја „сервисира” својата лажна слобода. Не знам како дошло до тоа, можеби целата таа шема станала премногу видлива и опасна за рекетарите. Можеби рекетираниот рекол “доста е”. Навистина не знам, но знам дека сега планот е Камчев целосно да се уништи. Не со правни средства, не во законита постапка. Не. Идејата е да се уништи вака – насилнички, аматерски, безобразно и простачки.
Така беше отфрлен и егзекутиран и Сашо Мијалков. Добар му беше Сашо на Зоки Заев додека му вршеше услуги. И врапците знаат дека политичкото влијание на Мијалков врз група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ беше пресудно Преспанскиот договор да се прифати во парламентот. И конфликтот во ВМРО-ДПМНЕ одеше во прилог на Заев. Верувам дека тоа е една од причините поради која Мијалков се надевал дека судските пресуди за него ќе се носат „со усул”, имајќи ги предвид и тенките обвиненија и фелеричните доказни постапки, за кои пишував. Дури и искусниот Мијалков мораше на потешкиот начин да научи дека со селски итреци тешко ќе излезе на крај. Се надевам дека не го тешат пак со лажни ветувања…
Конечно, бидејќи често сум прозиван, сакам уште еднаш да одговорам зошто пишувам за овие луѓе, зошто ги деконструирам манипулациите во случаите поврзани со поранешното СЈО. Сакам да кажам зошто сум, како што велат некои, „на страната” на Камчев и на сите други обвинети, кои тие веќе ги имаат прогласено за „криминалци”. Всушност, да појаснам на чија „страна” сум.
Никогаш не сум бил голем „шарен револуционер”. Не носев маица со „трите грации”. Не фрлав со бои. Никогаш не сум рекол или напишал „че си лежите”. Но, сум протестирал под паролата „нема правда, нема мир”. А кога јас нешто говорам или пишувам, тоа ме обврзува. Барав правда тогаш, а тоа значи дека моја човечка обврска е да барам правда и сега и да сведочам како се опслужува правдата по промената на режимот во Македонија. Новинарите и интелектуалците кои не го прават тоа, немаат одговорност и доблест, уште помалку храброст да се соочат со сопствените заблуди.
Јас се соочив. И сега сведочам јавно – ова не е правда!
Во многу написи изложив стотици аргументи за нови и нови неправди, сега сторени во рамките на божемната битка против криминалот и корупцијата. Ако за некого, на пример, е правда парите, фирмите и имотите на Камчев да ги лапне некоја нова фамилија – а за тоа станува збор овде, да не се лажеме! – за мене не е. За мене тоа е брутална одмазда, манипулација од најдолен вид и компромитација на мојот личен придонес во уривањето на еден режим и во битката за вистинска правда.
Интересно е дека никој не спори со аргументите од моите анализи. Никој со мене не полемизира со контрааргументи, туку само со клевети и со навреди. Никој, на пример, не вели – добра е информацијата на АНБ, таа покажува дека Камчев навистина сакал да избега од Македонија. Напротив, сите се откажуваат од таа бедна удбашка манипулација, дури и обвинителката. Се заговара и теза дека белешката била „фалсификат”. Замислете, фалсификат со потпис на директорот на АНБ, со печат и со архивски број?!
Како и да е, во јавноста широко е распространета мислата дека луѓето за кои постои убедување дека се „криминалци” може и треба да се казнат „по кратка постапка”, без квалитетни истраги, без цврсти докази, без почитување на правото на одбрана, во постапки со фатални процедурални пропусти, насилнички и одмазднички. Степенот на раширеност на таа мисла покажува колку сме агресивни и примитивни, колку ни е општеството осакатено во цивилизациска смисла.
Простете, но јас не можам да ја прифатам таа мисла и од неа да се раководам. Ако прифатам и самиот ќе станам она што не сум и не сакам да бидам – одмаздник, насилник и криминалец.
09-05-2021, 11:53 PM
Reply