Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗА ШТО КАПИТУЛИРАМЕ?
Author Message
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Капитулацијата пред насилството може да донесе само пизма и горчина


Колумна на Јордан Шишовски  Објавено на 26 ноември 2020
Несмасното, непромислено и недостоинствено однесување на Заев и владата кон уцените на Софија прават непроценлива историска штета. Како на македонските национални интереси, така и на искрените заложби за македонско-бугарско пријателство и приближување.
Не може да има искрено доближување и помирување ако владата капитулира пред непринципиелните уцени, говорот на омраза и секојдневните навреди кон цел еден народ. Во услови на уцени од Софија и тотална капитулација и себепонижување од страна на Скопје, нема простор за разумно промислување на историските вистини. Разумот ја губи силата. Аргументите занемуваат. Останува само пизмата и горчината. А пизмата и горчината се керозин на екстремната десница!
Неодамнешното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС оправдано предизвика негативни реакции кај сите страни на политичките поделби. Премиерот покажа дека државата има длабока несериозност и целосно отсуство на политичка стратегија и институционална зрелост.
Лично, господинот Заев не е должен да има длабоки познавања од историјата. Но, владата мора да има систем за артикулирање на адекватни и промислени политички пораки што ќе ги одразуваат долгорочните интереси на Републиката и на граѓаните. Премиерот мора да биде соодветно подготвен од институциите за пренесување на овие пораки.
Премиерот не ја покажа само својата лична игнорантност, за која може да му простиме. Тој ја покажа структурната слабост на институциите на државата! Давајќи ноншалантни изјави за теми за кои очигледно нема ни елементарни познавања, тој направи штета и на самиот процес на преговори меѓу мешовитите комисии за историските прашања.
Ова непромислено интервју направи и голема штета на сите интелектуалци во земјава, како и во соседна Бугарија, кои активно работат на изградба на пријателство и доверба меѓу двата народа. Несомнено дека и на двете страни ни е потребно да се соочиме со непријатните аспекти на нашите истории.
Факт е дека во двете држави, историската наука предолг период беше инструментализирана за систематско потпалување на омраза и непријателство меѓу народите. Факт е дека од двете страни цели генерации се изродија исполнети со предрасуди, недоверба и омраза базирани на лаги.
Но, авторефлексијата и соочувањето со минатото стануваат невозможни во услови кога едната страна целосно капитулира пред евидентното насилство на другата! Соочувањето со историските вистини е возможно исклучиво во услови на заемна доверба и почит.
Изминатиот период сведоци сме дека владата на Република Бугарија, веројатно од внатрешно-политички причини, врши кампања на говор на омраза и омаловажување кон Македонија и македонскиот народ. Но, наместо достоинствена заложба за пријателство врз база на заемна почит, се чини, владата на Зоран Заев се реши за тотална капитулација.
Интервјуто за БГНЕС ни покажа дека владата одлучила целосно да го прифати бугарскиот шовинистички наратив за Македонија и македонската историја и идентитет. Можеби наскоро ќе бидеме сведоци и на извинување до бугарската држава за илегалните и терористички активности на НОБ кон бугарската легитимна администрација во Втората светска војна?!
Во овој момент, неопходно е да се прашаме: за што капитулираме? Нашето членство во Европската Унија е отаде хоризонтот. Повеќето од нас, очигледно, нема ни да го доживееме! Кај самите членки на ЕУ нема интерес за проширување.
Јавна тајна е дека иако не ги разбираат барањата на Бугарија, повеќето западноевропски влади си тријат раце што не мора тие да бидат обвинети за сопирање на евроинтеграциите. Самата Унија се соочува со внатрешни проблеми, економски застој, а ковид-19 кризата допрва ќе предизвика социјални немири.
Од состојбите во Бугарија и од останатите источно-европски членки на Унијата јасно ни е дека членството во ЕУ не придонесува кон ефективна и ефикасна демократизација, справување со корупцијата и владеење на правото. Постојат дури и аргументи дека токму „стабилократијата“ на ЕУ е еден од факторите кои  дури и придонесуваат и кон одржување и виреење на демагошките коруптократии на периферијата на ЕУ!
Капитулацијата во услови на непринципиелни уцени од страна на националистичката власт во Софија може само да го засилат шовинизмот во Македонија. Профитери од капитулацијата ќе бидат десничарската ДПМНЕ и нивниот политички приврзок – демагошката екстремно-десничарската партија, која, парадоксално, го носи името „Левица“.
Во вакви услови е неопходно да подзастанеме. Да отвориме широки внатрешни дебати. Да отвориме јавни дебати и со малата, но гласна интелектуална јавност во соседна Бугарија што ги предизвикува тамошните националистички наративи. Мора и ние да ги предизвикаме нашите националистички наративи.
Предолго како држава и како народ (демос) живееме по инерција. Вековниот ропски менталитет постојано ни наметнува чувство на помала вредност. Постојано сме во потрага по нови господари на кои ќе им бидеме верни слуги. Се снисходевме на Белград. Сега на Брисел! Неопходно е да си дојдеме при себе. Мора да се прашаме самите себе: каква иднина сакаме?
Ако ние самите не сме подготвени да вложиме во нашата иднина, никој друг нема да вложува во нас. За да ја зграпчиме иднината, пак, мора првин да се соочиме со минатото. Мора да бидеме искрени кон самите себе, и кон нашите предци. Тоа мора да го направиме заради нас, а не заради апстрактните и далечни евроинтеграции.
Како што не сакаме нам некој да ни наметнува туѓи идентитети и наративи, така и ние не смееме да им ги наметнуваме нашите идентитети и наративи на нашите предци! Не знам дали со бугарскиот народ сме имале заедничко минато, но знам дека ќе имаме заедничка иднина во обединета Европа. Заедничката иднина мора да ја градиме само врз почит, достоинство и интегритет!



Кога ке се сумира се од напишаното, виновни се националистите во Македонија, што друго да се очекува од левичар.
03-12-2020, 01:25 AM
Reply