Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Дипломатико критика на критичарите
Author Message
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,489
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Arsim Zekolli

24.11.2020
Станува малку загрижувачка леснотијава на американските дипломати кон прашањето на критиката во политиката и општеството. Пред неколку месеци, трамповиот емисар за спорот Косово - Србија Ричард Гренел оштро и дрско реагира на критиките упатени од Претседателката на Парламентот во Косово и најпопуларната политичарка во земјата Вјоса Османи мачистички порачувајчи и дека "ни требаат политичари кои прават повеќе отколку само да се жалат".
Синоќа, имавме можност да видиме речиси вербатим верзија на таа изјава, овојпат од устата на Кејт Мери Брнс, амбасадорка на САД во Скопје според која "Лесно е да се критикува, тешко е да се работи заеднички на ефективни решенија". Протоколарно гледано, Брнс е дипломат од кариера, но идеолошки очигледно е наклонета кон Трамповиот стајлинг на недипломатска дипломатија и миопија. Две изјави не се доволни за да се извлече заклучок за опозицијата, но усогласеноста на Гренел-Брнс во пропагандистичко шамарање на непослушните критичари наведува на дилема дали некогашната политика нa Америка во промоција на Speak Up! дегенерира во авторитарна команда на Shut Up!. Што е уште поболно, Брнс таа порака ја испраќа од послушен про-заевистички медиум, оптужен за цензура на опозицијата. Накусо кажано, поведението на Амбасадорката беше целосно не-американско, целосно балканско, и на чекор да според Политико-пристапот вокабуларот си заслужи етикета на Дипломатико-финеса. Мислам, малку требаше да Брнс им се обрати на критичарите како "мрчатори прокопсани ниедни небллагодарни".
Режимската уредувачка политика на Телма-Петрол ја спаси Кејт Мери Брнс од побитни прашања поврзани со нејзините пораки околу спорот со Бугарија. Како прво, да објасни зошто во спорот (кој според софијски извори) се најавувал со месеци, година дена однапред, се нема вмешано барем еден од двајцата балкански емисари на Трамо, ако не Гренел, тогаш Метју Палмер? Да беше вклучен, тогаш и Брносвите критики на критичарите ќе имаа смисла. Вака, испаѓа дека САД чекале да заринка спорот па да се јават пост-фестум, по вето - тапани за пресметка со критичарите. И тоа повторно само од призма на Скопје, бидејќи барем досега немаме видено слична или било каква реакција на Херо Мустафа, нејзината колешка во Софија (и блиска соработничка на Џо Бајден), колку за балансиран пристап кон двете страни во спорот. Вака, судејќи според искуствата од минатото, испаѓа дека нејзините забелечки се само рецитат на пишаните пораки на Филип Рикер, дежурниот Амбасадор-ат-ларџ на скопската олигархија.
Недостатокот на такт - веќе толку емблематичен за Кејт Мери Брнс - би била полесно голтлив да не беше забиберен и со недостатокот на сенс за дипломатски тајминг во вмешувањето во спорот во пет минути по дванаесет. Поради што, отворено е прашањето дали и (најавуваниот од Зоран-Али) успех во добивање датум во Декември ќе биде со долг опаш за Скопје и магатешки уши за Берлин. Мислам, несомнено е дека успешното вмешателство на Вашингтон по неуспешните обиди на Германија ќе остави непријатен чувство дека, ете, Берлин е сепак помалку фатор во очите на Скопје и Софија. Како и сомнежот дека за Вашингтон е битно да се добие датум за да се спаси Зоран Заев па дури и по цена на покажување американски среден прст кон неговата непопуларност кај граѓаните воопшто и македонците особено. Со својот настап, Брнс се изјасни дека датумот за преговори е приоритет, додека пак содржината на преговорите е од помал значај. И тоа нема да остане незабележано ниту од домашната јавност, уште помалку од центрите на одлучување во Европа.
Останува надежта дека следната администрација во Вашингтон ќе вложи напори во давање попрецизни инструкции за повнимантелен и потактичен настап на нивните дипломати во и околу регионот.



Неможам да верувам дека Зеколи не ги познава односите помеѓу Стејт Депарментот и председателот Трамп!!
Текстов ке стои тука и времето ке покаже кој е во право!
27-11-2020, 01:09 AM
Reply