Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НАПАДНАТ НОВИНАРОТ ЉУПЧО ЗЛАТЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Нападнат новинарот Љупчо Златев

24.07.2020
Новинарот Љупчо Златев рано утрово бил нападнат во ресторан во Скопје. Настанот бил пријавен и во МВР, од каде велат:
„На 24.07.2020 околу 00.40 часот во СВР Скопје, Љ.З.(28) од Кавадарци пријавил дека околу 00.10 часот, во угостителски објект во Скопје, му биле упатувани закани и бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.




Quote:ДАЛИ КЕ СЕ СТАВИ КРАЈ НА ЗАШТИТАТА КОЈА МУ ЈА ДАВА „УДБА“ НА СЕМЕЈСТВОТО МИЈАЛКОВИ

[Image: 65252020_10211435811411096_3457999000324...C725&ssl=1]

Јордан Петровски 24.07.2020
Синојка бил нападнат новинарот и сопстевникот и управител на Џенерал Хералдинг ДООЕЛ Скопје, Љупчо златев инаку главен уредник на Економски Лидер. Неговиот опис на настанот го пренесувам во целост!
 
Quote:ЗА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ, ЌЕ МОРА ДА МЕ УБИЕТЕ!
Почитувани пријатели и добронамерници,
Дел од медиумите објавија дека синоќа, нешто по полноќ, бев физички нападнат во локалот "Трибека" во центарот на Скопје.
Преку оваа објава, сакам да ги потврдам пишувањата и да ја разјаснам целата ситуација.
Имено, јас бев излезен заедно со пријатели, на свирка, како што излегувам често. Нешто по полноќ од масата на која седевме се упатив кон тоалетот на локалот. Додека се движев, во ходникот, непознато лице почна да ме удира по градите, да ме плука и да ме влече кон излезот.
Додека ме напаѓаше, лицето ми се дереше "Излези надвор, многу си ни згрешил, излегувај надвор... ". Јас на неговиот напад се спротиставив и не дозволив да ме извлече надвор, по што приклештен пред влезот тој неколку пати со неговата глава ме удри во пределот на челото.
Веднаш кога се случи настанот од внатрешноста дојдоа гости кои лицето го истуркаа надвор, а во бунилото чув и дека човекот кој ме нападна носел пиштол. Им се заблагодарувам на овие десетина добри луѓе, кои не ги познавам а ме спасија и ги повикувам да ме контактираат за соодветно да им се заблагодарам.
Во тие моменти јас бев вчудоневиден од тоа што некој кој не го познавам сака да ме тепа и постојано прашував кој е човеков и зошто го прави ова?
Еден од оние кои го истуркаа надвор, ми рече дека се работи за лице од Автокоманда, кое е дел од обезбедувањето на Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков. Истото лице, ми посочи дека надвор пред локалот бил и младиот Мијалков со уште неколку луѓе, а ве потсетувам, додека бев напаѓан бев туркан кон излезот пред кој тој се наоѓал.
Веднаш по настанот, пријавив во полиција, која експресно дојде, направивме записник и се упатив кон болница каде што ми беа констстирани лесни телесни повреди на главата и ми беше препишана терапија.
Се чувствувам добро, не сум сериозно повреден, не сум уплашен! Дали некој ова го направил од екцес или поради нарачка од оној за кој во изминатите месеци пишувам статии во кои ги изнесувам неговите криминали? - Искрено не знам, но многу е симптоматично на денот кога објавив за неговиот нов ресорт во Охрид, да бидам нападнат од лице кое е постојана придружба на неговиот син.
Синоќа, успеав и да го идентификувам лицето, по што пред малку неговото име и линк до неговиот профил на Инстаграм, доставив во полиција. Дознав и дека истите лица, минстиот месец пред Интермецо истите лица крвнички претепале еден скопски угостител.
Јас не се плашам, мене криминалци не ме плашат. Јас сум чесен човек кој против ова зло ќе се бори со сите сили. Ако некој сака да ме замолчи, ќе мора да ме убие! Јас од напади на шмркајли од Автокоманда, не се плашам и уште повеќе ме мотивираат да го работам она што го работам.
Голема благодарност до полицијата која експресно дојде на лице место, голема благодарност до луѓето кои ме спасија да не бидам изнесен и претепан надвор и голема благодарност до сопствениците и менаџментот на локалот "Трибека" кои експредно реагираа.
Во исто време, на сопствениците на локалот и на сите гости, би сакал да им се извинам за вознемирувањето кое се случи, нормално, не по моја вина. Но сепак, доколку не бев таму, немаше да има таков инцидент.
Се надевам дека полицијата ќе го пронајде лицето, по што и приватно ќе го тужам за целата ситуација. Во текот на денот, за настанот ќе ја известам и канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадата на Соединетите Американски Држави и амбасадата на Словенија (затоа што сум дописник за медиум од оваа земја).
Им благодарам на сите пријатели, колеги и политичари од скоро сите парламентарни политички партии кои утринава изразија загриженост и понудија поддршка.
Со криминалот и криминалцоте, нема компромис! Јас одам до крај и по цена да изгубам глава!
Љупчо Златев,
Новинар, главен уредник на Економски Лидер
Сопственик и управител на Џенерал Хералдинг ДООЕЛ Скопје.

Сакам да потсетам на една битна работа а тоа е:

1. Простувањерто на криминалите на Сашо Мијалков!!

а. Бил приведуван за трговија со дрога-изјава на Слободан Богоевски
б. Непроцесуирање на запленувањето на камиотните на Југ Турист во Чешка во кои шверцувале цигари. Испраќач на домотантот пире -цигарите била фирмата на УПРАВНИКОТ на Македонската Царина Борко Станоевски, приемачот остана „непознат“!!
б. Му ги кинел прекршочните пријави на Мијалков-изјава на Фрчкоски

Quote:Добро се сеќавам на еден случај. Инспекторот ми посочи дека лицето Сашо Мијалков било приведено откако со возило џип влетал во ноќен кафе бар и учествувало во тепачка.

2. Иницијатор за безаконието во државата беше и е „УДБа“ а безакниото е наj изразено во времето кога на власт е СДСМ!

а. Неуставното користење на ПИ мерки од 1992 па до денeска 
б. Изборното рекетарство-применето за прв пат на изборите 1994 година, по што неисплатените рекетари наместо пресметката да ја направат кај О.К  Корал (Gunfight at the O.K. Corral) ја направија во комуњарското култно место Хард Рок и целиот случај остана без разрешница 
в. Претепувањето на новинарите- Никола Младенов .... се дело на СДСМ

3. Прекомандата 1997 година на дел од рекетарите на СДСМ во ВМРО ДПМНЕ ...... има многу да се пишува.

Додека сите не кренеме глас против изворот на криминалот „УДБа“ ке има ште многу вакви случаеви во обид да се замолчат новинарите и така ја остават институционалната мафија да работи што сака и како сака!
На Златев му пожелувам брзо закрепнување и да не потклекне пред вакви закани. 
 



[img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=LOADED&custom1=www.forum.kotle.ca&custom2=%2Fnewthread.php&custom3=mikkiload.com&t=1595621407075[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=BEFORE_OPTOUT_REQ&t=1595621407076[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=FINISHED&custom1=www.forum.kotle.ca&t=1595621407079[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=OPTOUT_RESPONSE_OK&t=1595621407255[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=cd1d2&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_INJECT&t=1595621407261[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=90f06&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_INJECT&t=1595621407264[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=31af2&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_INJECT&t=1595621407268[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=cd1d2&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_LOADED&t=1595621407387[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=90f06&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_LOADED&t=1595621407507[/img]
24-07-2020, 09:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Мијалков: Никој од моето семејство не стои зад нападот на Златев

Насилството врз новинари е неприфатливо и доколку имало таков случај го повикувам МВР да го расчисти. Ниту некој од моето семејство, ниту некој од моето обезбедување кое е составено од професионалци не учествувал во никаков инцидент и сигурен сум дека тоа ќе се докаже откако ќе се расчистат сите детали, напиша Сашо Мијалков на својот Фејсбук профил.
[Image: mkd-401743.jpg?itok=Rpi1v36-]

24.07.2020
„Тоа што во моментов се прави е реализација на уште една хајка против мене, преку медиумите под контрола на Христијан Мицкоски.

Во изминативе две години Мицкоски нарачуваше десетици измислени и неточни текстови само за да ја покрие сопствената неспособност да ја води партијата и да понуди визија која што ќе ги привлече граѓаните.

Измислуваше дека тестовите за Ковид 19 кои што беа донирани биле неквалитетни , а се најдобрите во светот.
Измислуваше дека сум добивал тендери во здравство , а немам никаков допир со тој бизнис.
Вчера измисли дека сум имал стан во Охрид, а денес измисли дека моето обезбедување учествувало во физички напад и за тоа ги злоупотребува медиумите блиски до партијата.

Затоа ќе ти порачам, Христијан занимавај се со тоа што ти е работа. Три години времето го трошиш на мене, наместо да работиш на програма и понуда. Три години го трошиш просторот во медиумите кои се критички кон власта за пласирање на лаги за мене, наместо да го искористиш за обединување на членството и жесток и конструктивен напад кон власта. Видовме до каде те доведе тоа. Наместо сигурна победа, сега секој член на ВМРО ДПМНЕ е во исчекување дали ќе направиш Влада.

Малку време ти остана, а ти наместо да преговараш со потенцијални партнери за коалиција и да обезбедуваш меѓународна поддршка, повторно се занимаваш со мене.Твој е изборот, но да знаеш дека и јас и останатите членови на ВМРО ДПМНЕ очекуваме да успееш да го исполниш последното ветување да составиш влада, и ке бидам еден од првите кој што ке ти честита, но доколку не успееш тогаш очекуваме да имаш доблест и да си стоиш на зборот дека ќе си поднесеш оставка“, напиша Мијалков.
24-07-2020, 09:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: zlatev-napagjaci-489x480.jpg]
24-07-2020, 09:34 PM
Reply