Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЈ КЕ БИДЕ МАНДАТАР?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Заев:
[Image: image.jpg]

Одговор на Заев до ДУИ:

[Image: 1.jpg]


Пак лаже !! Лаже па суши!! А тоа говори дека пак се подготвува некоја измама од страна на СДСМ.
Мандатот според Уставот , член 90 вели:

Председателот е должен ............. мандатот за состав на влада да го довери на кандидат на партија ОДНОСНО на ПАРТИИТЕ ШТО ИМААТ МНОЗИНСТВО во Собранието.


[Image: Ustav-1.jpg]


Но господинот Зеколи кој секогаш е добро информиран го вели следново:

[Image: image.jpg]


[img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=LOADED&custom1=www.forum.kotle.ca&custom2=%2Fnewthread.php&custom3=mikkiload.com&t=1595373946261[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=BEFORE_OPTOUT_REQ&t=1595373946263[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=FINISHED&custom1=www.forum.kotle.ca&t=1595373946267[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=OPTOUT_RESPONSE_OK&t=1595373946476[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=cd1d2&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_INJECT&t=1595373946480[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=90f06&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_INJECT&t=1595373946482[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=31af2&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_INJECT&t=1595373946487[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=cd1d2&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_LOADED&t=1595373946549[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=90f06&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_LOADED&t=1595373946811[/img]
22-07-2020, 12:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Прво констултации со партиите, па мандат – Пендаровски чека да се конституира Собранието, па да назначи мандатар

22.07.2020
Претседателот на државата, Стево Пендаровски нема да си „игра“ со мандатот, па прво ќе одржи консултации со партиите, а потоа ќе до додели на тој кој има мнозинство во Собранието.

„Претседателот Стево Пендаровски ќе одржи консултации со политичките партии пред доверувањето на мандатот. Консултациите ќе се одржат по конституирањето на Собранието“, велат од кабинетот на претседателот.

Според Уставот, крајниот рок за формирање на Парламентот е 20 дена по одржувањето на изборите, а мандатарот пак во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба му поднесе програма и да го предложи составот на новата Владата.

„Согласно уставните одредби, мандатот за составот на Владата ќе го довери на кандидат на партијата, односно партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието“, соопштија од кабинетот.

Во случај мандатарот да не успее да состави влада, должен е да го врати мандатот, но во македонскиот устав нема јасна одредба што се прави откако мандатарот нема да состави влада во предвидениот рок.

„Таков случај имаше на изборите во 2016 година, кога ВМРО-ДПМНЕ како партија со најмногу освоени пратенички места го доби мандатот за состав на нова влада, но откако меѓупартиските преговорите не успеаја, тогашниот мандатар Никола Груевски го врати мандатот кај претседателот, кој му го довери на тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев, истовремено барајќи од него да потпише писмени гаранции дека нема да ја загрози унитарноста на државата, како и потписи од сите пратеници што ја дале поддршката за владата на Заев“, јавува репортерот на ТВ21.

Досегашната практика беше секогаш мандатот да ѝ се доверува на партијата што освоила најмногу пратенички места, а доколку не успее да состави влада, мандатот ѝ се доверува на втората партија што обезбедила најголем број мандати.

Краен рок за формирање на Влада е 20 дена по одржувањето на изборите, односно 5-ти август

Периодот што следува ќе биде неизвесен, исполнет со тешки преговори и долги пазарења меѓу партиите, особено поради тоа што резултатите се тесни.

Според првичните резултати што ги објави ДИК, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.



22-07-2020, 09:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Апасиев: СДСМ се обидува да купи пет пратеници за сума од 100 до 500 илјади евра

[Image: apasiev.jpg]

24.07.2020
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ излезе со тврдење дека СДСМ купува пет пратеници.

„Имам две ексклузивни информации. Во моментов додека зборуваме се прави обид за купување на пет пратеници од страна на СДСМ. Јас ги знам и по име и по презиме и по детали. Се подмитуваат со станови во Скопје, сумата се движи од 100 до 500.000 евра за да преминат во таборот и сето ова е недозволиво во еден систем кој претендира да биде европски“, обвини Апасиев кој потоа додаде и дека на пратениците им се закануваат и со „швалерки, преземање бизниси“.

Втората ексклузивна информација, како што ја најави, е што тврди дека добива закани. Ова, според него, е вторпат во животот да добива закани по живот. Првиот пат бил додека бил советник во СЈО.

За заканите тој го впери прстот кон Агенцијата за разузнавање и кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„За втор пат, добив закани по живот за мене и за моето семејство бидејќи знаат дека не можат да ме поткупат и тоа доаѓа од две структури. Од структурата на Пендаровски преку Агенција за разузнавање со радикални елементи за кои ќе го документирам случајот и со мојот адвокатски тим. Чекам да стекнам пратенички имунитет, па да покренам процедура. Другата закана е директно од Заев преку еден негов пајташ во изборната едница 3 на кој јавно му порачувам дека не треба он да ме бара, туку само уште еден збор да ми прати или било што да ми се закани, не он да ме најде, јас ќе го најдам него за 24 часа. Кога нема систем да те штити, ти си должен да се самозаштитиш. Најодговорно кажувам дека мене ми се заканува и дека ова нема така да помине“, рече Апасиев.

Во однос на разговорите за формирање влада, претседателот на Левица не верува дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ би го повикале на разговор за формирање влада, но ако тоа се случи, би разговарал.

„Мислам дека нема да нè викнат… Па, во политиката се разговара за сè и сешто, би разговараме ама што би се договориме тоа останува на нашиот президиум“, вели Апасиев кој нагласи дека едно од нивните барања ќе биде да има една изборна единица.

Анализирајќи ги можните сценарија за влада, тој вели дека хипотетички има 3 реални остварливи опции за новата влада. Првата ја нарече мафијашка и неа би ја сочинувале досегашните партнери, СДСМ и ДУИ.

„Најголемата килавост во таа влада е прашалникот на Беса бидејќи според мои сознанија еден од клучните столбови на Беса е да ја нема ДУИ. И сега Беса ризикува да испари како политички премиер“, вели Апасиев.

Второто сценарио, според него, е влада која би ја формирала ВМРО-ДПМНЕ и сите останати албански партии освен ДУИ. Во тоа мнозинство би влегла и Беса. Оваа влада, Апасиев ја нарекува антикорупциска.

„Целта би била спроведување попис, разголување криминали на ДУИ и СДСМ…“, смета претседателот на Левица.

Трета опција која е на маса и во игра, рече тој, е т.н. скопска платформа како пандан на тиранската во која би биле ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Мислам дека треба да се воспостави македонска или скопска платформа која во 4 точки ќе каже ова се нашите црвени линии“, вели Апасиев и додава дека таа би функционирала една година односно до локалните избори догодина кога заедно би се одржале и предвремени парламентарни избори.

Левица, рече Апасиев, единствено би дала делумна поддршка на „антикорупциската“ влада. Но, вели тој, сега не се толку моќни.

„Левица фаќа сеир во приказнава, не сме моќни, да имавме 15 ќе бевме многу помоќни“, рече Апасиев.
24-07-2020, 07:58 PM
Reply