Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАЕВ ГО СПАСУВА АЛИ АХМЕТИ ОД ЗАТВОРСКА КАЗНА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“






11.07.2020
На социјалните мрежи, утринава, се појави нова аудио бомба на која може да се препознае гласот на поранешниот премиер Зоран Заев. Од соддржината на самото аудио се дознава за комбинаторики и шеми кои биле правени за да паднат судски случаи, со кој беа опфатени повеќе луѓе од поранешната власт. Филмовите се правени за да нема притвори, вели Заев.

Quote: Wrote:Паѓа Tалир 2, паѓа Поштенска банка, паѓаат еден куп предмети, паѓа на Али Ахмети попис, но тој е ризикот, вели Заев мислејќи на случаите за кои СЈО покрена истраги.

Понатаму во еден момент вика дека позадинскаата игра била правена со знаење на Оливер, Радмила, Катица… и дека тие за се’ биле информирани.

Quote: Wrote:Она знае што треба да прави, најверојатно мислејќи на Катица Јанева.

За да се случат измените на Уставот кои треба да поминат во Парламентот, Заев вели „доближува гласањето у парламентот, јас и викам, значи тоа го кажувам. Дојде Оливер, Радмила корегираа, другите – абе чоек што праиме, се’ знае што се прави позадински. На пример што правам јас, кога правиш за сите правиш, генерално сум поставил сам, сум против притворите сум, јавно кажувам со се’. Викам ОК, треба ли тоа у парламент да биде или не треба, ако сакате да се откажува у парламентот. Викаат не, не, важно у Парламентот, па извинете врзани се пратениците, помагал чоекот, тоа е, сум го кажувал тоа“, вели Заев.
Заев се паши дека ќе биде цел на силна критика од граѓанските организации за правдата која нема да ја испорача.

Интергалниот текст од аудио разговорот:

Зоран Заев: И доаѓаа два- три пати тука кај мене, значи Врховниот суд ја донесе одлуката и таа одлука се до Врховниот суд додека стига е таа одлука. Доле гледаш заебаваат, основни… не знаат како да постапат, лавираат… Ние политички не смееме многу ова заради граѓанскиот сектор, сега во законот го ставивме дека материјалите важат до 30 јули 2017-та, финито, готово тоа и за ДУИ е важно и тоа е дел од решенијата кои ги нудиме. Со самиот закон се затвора, се што е после 30-ти, остануват живи само 18-те предмети.

Зоран Заев: Доближува гласањето у парламентот, јас и викам, значи тоа го кажувам. Дојде Оливер, Радмила корегираа, другите – абе чоек што праиме, се знае што се прави позадински. На пример што правам јас, кога правиш за сите правиш, генерално сум поставил сам, сум против притворите сум, јавно кажувам со се. Викам ОК, треба ли тоа у парламент да биде или не треба, ако сакате да се откажува у парламентот. Викаат не, не важно у Парламентот, па извинете врзани се пратениците, помагал чоекот (Мијалков), тоа е, сум го кажувал тоа.

Зоран Заев: Втора работа, објаснувајќи на сите дека треба да се случат сите овие работи, значи комбинациите кои што се правени тогаш со Катица, со Оливер, со Радмила со сите што се чинители тука, да знаат дека се обидуваме да дојдеме до бројки, до се… филмовите се правени комплетно дека луѓето не треба да одат во притвори, имат си дела, нека си одговараат… итн и готово. И кога слушнаа за Врховен суд, знаеа, не се паднати од Марс. Јас на сите сум кажувал принципиелно, таа работа мора да ја истераме до крај, 18-те ќе се тераат.

Зоран Заев: Паѓа талир 2, паѓа Поштенска банка, паѓаат еден куп предмети, паѓа на Али Ахмети попис, и готово целиот тој ризик е тој.

Зоран Заев: Почнаа да тепаат невладините организации, граѓанскиот сектор… знаејќи го тоа се’, ако го издржавме тоа, нема како. Она знае што се случува во тој момент и знае што мора да се случи, значи ако она не ги заврши работите, судот ќе ги заврши. Така одат работите, судот носи одлука и спротивно мислење. Така да во тој период тоа се случи.
Инаку на почетокот на оваа година излегоа аудио материјали, каде Заев тврдеше дека со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, заедно договарале паѓање на судски случаи.







Во нејзе се вели:

З.З.: Со Јово и сум бранел во јавност, и сум јадел… Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд. Врховен суд тоа сам не мооже да брка. Им реков почекајте, ќе видите одлука на врховен суд, оп се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас-трас готово. Ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши. Одлуката на Врховен суд е донесена.



НЕТПРЕС
11-07-2020, 08:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:[Image: VMRO siva 500x281.jpg]

11.07.2020
Заев и СДСМ ја признаа автентичноста на снимките, тој позадински местел судски случаи и договарал нивно паѓање

Почитувани,
Она што Зоран Заев и СДСМ  велат дека се “реформи” во судството во реалноста значат паѓање на предмети, оневозможување на правдата, брутално и грубо мешање на извршната во судската власт.
Се почна од признанијата на Заев дека “Катица се знае”, “со Јово сум договорен”, “судот одлучи трас трас”, па се до денешната аудио бомба каде се слуша дека Заев “позадински” местел судски случаи, дека “позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“.
Она што Заев и СДСМ велат дека се “реформи”, секаде во Светот е криминал и попречување на правда.
Зоран Заев и СДСМ ја признаа автентичноста на снимките, но доаѓа времето кога и ќе одговараат за содржината која се открива од нив. Јасно е дека Заев е готов!
 
 
 
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
11-07-2020, 08:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Вистината се потврдува, СДСМ и Заев се бореа за Закон за ЈО и продолжување на предметите на СЈО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се бореа за спас на Камчев и Груевски


[Image: SDSM_Web_default-1024x576.png]

11.07.2020
Соопштение за јавност
Вистината се потврдува, СДСМ и Заев се бореа за Закон за ЈО и продолжување на предметите на СЈО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се бореа за спас на Камчев и Груевски
Како што наближува изборниот ден и поразот на ВМРО-ДПМНЕ И Христијан Мицкоски, растат паниката и стравот во белиот дворец.
Денешните објавени аудио разговори само потврдуваат дека СДСМ и претседателот Зоран Заев постојано барале начини, решенија и правни механизми за целосна реформа на правосудството, со посочување на опасноста од недонесување на Законот за јавно обвинителство.
СДСМ, претседателот Заев постојано се бореа за обезбедување на двотретитинско мнозинство Собранието со што денес, предметите на Специјалното јавно обвинителство продолжуваат иако тоа веќе не постои.
Јасна е разликата. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се бореа за да паднат предмети, да падне предметот „Талир“, за да се сокрие нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, да падне предметот „Империја“ за да се спаси тајкунот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, за да се спасат други криминалци на чело со Груевски.
Јасно им е и нив на чело со Мицкоски дека криминалот нема да го одбранат, нема да се спасат од одговорност. По 15 јули реформите во правосудството градат силна правна држава во која никој нема да се спаси од одговорност.
11-07-2020, 08:50 PM
Reply