Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РЕФОРМИТЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ ВОДАТ КОН 1948 ГОДИНА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Синот отстранет од АНБ, затоа што таткото протестирал против промената на името!!!


09.07.2020
Ќерка на поранешен командант на УЧК може да биде вработена во Агенцијата за национална безбедност, а син на човек кој протестирал против промена на уставното име на државата не може! Образложението за ваквата одлука на „селекторите“ е повеќе од банална – ќерката немала чести контакти со таткото, а синот имал!
Документите кои свиркач ги достави до редакцијата на „Лидер“, покажуваат политички монтиран случај за отстранување на вработен во УБК преку одземање на неговиот безбедносен сертификат, само затоа што неговиот татко бил дел од протестите против промена на уставното име.
Бојан Христовски, вработен во МВР, магистер на науки од областа на криминалистиката и криминологијата, не успела да го мине „ситото“ за добивање безбедносен сертификат за користење на класифицирани информации до степен „Државна тајна“. И тоа не заради неговото кристално чисто лично и работно досие, туку поради учеството на неговиот татко Љупчо Христовски на протестите против промената на името на државата Република Македонија.
Инаку, таткото Љупчо, според документите на УБК до кои дојде Економски Лидер, е пензионер со завршено високо образование на Машинскиот факултет. Работел во сопствена софтвреска компанија. Мајката на Бојан, пак, Розета, сега исто така пензионерка, била исто така со високо образование, со завршен Правен факултет и работела во „Огласник М“ како новинарка.
Бојан Христовски бил вработен во УБК во 2006 година на работна позиција инспектор во Кисела Вода, потоа од 2008 до 2012 година бил самостоен инспектор, од 2012 до 2014 година Началник на Кисела Вода , од 2014 до 2017 година Началник на Гази Баба, а од 2017 година е вработен како Началник на Одделение за заштита на потешки форми на организиран криминал при УБК-Центар.
Според направените проверки, во средината каде живее, Бојан е познат како комуникативна, амбициозна, коректна и културна личност, без изразени пороци и зависности. Во текот на проверката било утврдено дека имал коректни односи со останатите колеги. Исто така, не биле добиени сознанија дека членувал или се уште членува во екстремистички или други радикални организации или групи, кои со нивното делување би биле од интерес на УБК.

[Image: bitno-700x933.jpg]
[Image: jove-700x933.jpg]
[Image: Bojan3-700x933.jpg]
[Image: BojanKraj-700x933.jpg]
[Image: stre.jpg]

И истиот Бојан посетувал повеќе курсеви и обуку за НАТО, EУ и другу меѓународни безбедносни стандарди, за што имал добиено и соодветни сертификати и благодарници.
Но, неговиот „основен грев“ бил тоа што таткото Љупчо учествувал на протестите против промената на името на државата.

Quote:-Во однос на документите во УБК со кои минува неговиот татко, имајќи ги во предвид неговите активности, кои се од понов датум, како и нивната блискост, на мислење сме дека барателот не е способен да го издржи притисокот на роднините или блиските соработници за издавање на класифицирани информации на странски разузнавачки служби и организации, терористички групи или други слични организации или лица, кои можат да ја загрозат безбедноста на Р.С.Македонија. Во тој контекст и со самиот барател е обавен разговор, при што истиот истакна дека е свесен за активностите на неговиот татко. – стои во документот на УБК. – стои во документите до кои стигна нашата редакција.

Основното прашање што се наметнува е врз основа на што изворите и УБК дошле до заклучок дека таткото Љупчо, иако протестирал поради промена на името на државата, не е про НАТО и про ЕУ расположен, дека со учеството на протестите, на пример, едноставно сакал да го делегитимира референдумското прашање, дека, едноставно, сметал дека промената на името е само превисока цена за влез во НАТО? Врз основа на што се изведува оценката дека таткото Љупчо имал било какви контакти со странски разузнавачки служби и организации, терористички групи или други слични организации или лица, кои можат да ја загрозат безбедноста на Македонија? Кој е и дали воопшто е веродостоен изворот на таквите оценки? Врз основа на кои аргументи се оценува блискоста на таткото и синот и колкава може или не може да биде таа за да се оцени дека Бојан ќе му пренесувал било какви чувствителни информации на својот татко? Дали сето ова значи дека сите деца или родители, кои учествувале на протестите ќе сносат консеквенци за тоа и дека сите до еден се поврзуваат со странски разузнавачки служби, дека се ани НАТО и анти ЕУ расположени и згора на се, сите до еден се безбедносно неподобни и нови непријатели на сопствената држава?
По добивањето на документите, „Лидер“ стапи во контакт со Бојан Христовски со кој се сретнавме и ни го објасни случајот. Тој вели дека се работи за класична политичка пресметка против него, ако се има предвид дека неговиот татко не сторил никакво кривично дело освен што протестирал против промената на уставното име, што е негово уставно загарантирано право.

Quote:-Јас веќе водам постапка пред судовите за одземањето на мојот безбедносен сертификат, кој е одземен целосно незаконски и тенденциозно. Подготвен сум ако е потребно да одам и до Стразбур. Во исто време, во оценката за одземањето на мојот сертификат, стои дека мојот татко Љупчо бил претседател на организацијата „Тврдокорни“, што е тотално неточно. Тој ниту некогаш бил, ниту е претседател на оваа организација, која  ја води сосема друго лице. – ни рече Христовски.

Сето ова наведува на заклучок дека не случајно нема ни „р“ од реформи во безбедносните служби. Сето тоа е само обична флоскула и злоупотреба за нивна нова партизација, што е спротивно на сите препораки на меѓународните организации и институции.
Таткото на Христовски, кој е обичен граѓанин кој само протестирал, бил следен од УБК за „Македонски екстремизам“ и за „Руско влијание“. Тој ниту е поврзан со руите, ниту пак е некаков екстремист, едноставно се работи за патриот кој се борел против промената на уставното име.
Љупчо Палевски пред само два дена преку документи обелодени дека УБК водела оперативна истрага под кодно име „Атлантик“ против политичари, новинари, граѓани, невладини активисти, кои биле против промената на името на државата. Притоа, против сите се воделе посебни истражни мерки, што значи дека биле следени нивните активности, движење, комуникации…Колкав бил нивниот број, се уште не е утврдено, исто како што не е утврдено дали тие се уште се предмет на обработка и тоа под сомнежи за тероризам и македонски екстремизам. Таткото на Христовски, бил следен токму по овој политички основ.
09-07-2020, 01:16 PM
Reply