Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИЗБРНИ АНКЕТИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Conservative.mk
1 hr ·


[Image: 106005529_939423056481599_48619483041962...e=5F184D6B]

До овој момент, постои само една официјална анкета која ги опфаќа сите изборни единици, засебно.
?? Македонски парламентарни избори: 2016 vs 2020.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО - центар до десно „Обнова на Македонија“ ќе успее да ги сврти најбитните SWING изборни единици, И.Е. 4 и И.Е. 5. Swing state или Swing electoral unit претставува област каде двете најголеми партии се на исто ниво и се можеби клучни во одлучување и бетонирање на победа. Такви, според последните парламентарни избори се И.Е. 4 и И.Е. 5 каде резултатите беа 9:9 и 10:10 помеѓу ВМРО и СДСМ.
Скопје, главниот град е повторно црвено-жолт, а со тоа и И.Е. 1, но во И.Е. 6 имаме пресврт во корист на коалицијата центар-лево „МОЖЕМЕ“ предводена од СДСМ.
Ваква ситуација на денот на избори, би значело сигурна победа на коалицијата „Обнова на Македонија“ со 4-8 пратеници, во зависност од излезноста.
Пример: 52 vs 48 или 54 vs 47 пратеници.
Мали партии: за сега, дури и во општите анкети на цела територија, ниту една мала партија не го поминува процентот доволен за влез во парламент, освен на одредени анкети - ЛЕВИЦА Левица / E majta / Levica. Сепак, ЛЕВИЦА има шанса само во И.Е. 1, но не и во другите изборни единици.
ВМРО за Македонија во 2016та беа константни на анкети со 2%, 2,5% и слично, па не успеаа да влезат, иако во И.Е. 3 и И.Е. 5 беа близу до успех. Денес, останатите мали партии (освен Левица) се со процент со НУЛА пред запирката односно никаква шанса за влез.
ИДНА ВЛАДА: Моја лична проценка е дека следната влада ќе е предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а дали ќе биде со ДУИ или коалицијата „Сега е време“ од Алијанса на албанци и Алтернатива, ќе зависи од бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ има 54 до 56 пратеници, со сигурност ќе може да прави коалиција со „Сега е време“ - Алијанса на албанци/Алтернатива, без притоа да е уценет од ДУИ.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ и „Сега е време“ Алијанса/Алтернатива немаат 61 пратеник, тогаш најверојатно следната влада ќе е ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Левица ако успее да влезе со пратеник во И.Е. 1, тешко дека би влегла во влада со ВМРО и ДУИ, но со ВМРО, Алијанса/Алтернатива и Левица, можеби.

Политички коментар на Stefan Vasilevski, управител на Конзерватив МК.
Извор: Институтот БИПС (за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи)




Коалиција со било која партија на албанците во Македонија ке биде условена со прифаќање на нова Албанска ПЛАТФОРМА и зад таа платформа ке стојат СИТЕ ПАРТИИ НААЛБАНЦИТЕ!!
25-06-2020, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Анкета на Телма: Заев со предност пред Мицкоски, СДСМ и коалицијата пред ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
June 24, 2020 


[Image: -на-Телма-Заев-со-предност-пред-Мицкоски...60x534.jpg]

Лидерот на СДСМ Зоран Заев има 3,8 отсто предност пред лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но, дури 36,1 отсто од испитаниците немаат доверба во ниту еден политичар во Македонија. За СДСМ и коалицијата „Можеме се определиле 23, 5 отсто од испитаниците, за Коалицијата за Обнова на Македонија 21,9 проценти, покажуваат резултатите од анкетата на Телма.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев го навеле 18,8 отсто од испитаниците, а Христијан Мицкоски 15 отсто. По нив следуваат Али Ахмети до 7,4 отсто од испитаниците, претседателот Стево Пендаровски со 3,8 отсто, техничкиот премиер Оливер Спасовски со 1,8 отсто и вицепремиерката Радмила Шеќеринска со 0,8 отсто. Осум отсто од испитаниците изјавиле дека најголема доверба имаат вио друг политичар а дури 36,1 отсто немаат доверба во ниту еден политичар во државата.
Анкетата спроведена од „М – Проспект” – која Телма ја објави на стартот на изборната кампања покажува дека за коалицијата можеме предводена од СДСМ се определиле 23, 5 отсто од испитаниците, за Коалицијата за Обнова на Македонија 21,9 проценти, за ДУИ се определиле 6,4 проценти, а за Алијансата на Албанците и Алтернатива 5 проценти.
Според етничката припадност на испитаниците Заев има предност во македонскиот блок, но, помала. За него се определиле 21,5 отсто од испитаниците додека Мицкоски е прв избор кај 20,4 отсто од анкетираните. Лидерот на СДСМ на свое конто книжи и 7,5 отсто доверба од Албанците.
Епидемијата на коронавирусот во Македонија, ризикот и опасностите кои ги носи самиот изборен процес, не се пречка кај 36,1 отсто од испитаниците да излезат да гласаат. На прашањето „Дали состојбата со коронавирусот ќе влијае на вашата одлука да излезете да гласате?” 22,5 отсто одговориле дека целосно ќе влијае а 26,9 отсто дека донекаде ќе влијае на нивната одлука да излезат и да гласаат. Кај 10,7 отсто одговорот е дека донекаде нема да влијае а 3,4 отсто од испитаниците одгтовориле со не знам, покажуваат резултатите од анкетата.
Анкетата на  телевизија „Телма” ја спроведе „М Проспект” и е на репрезентативен примерок кај 1.003 испитаници. Анкетата беше спроведена телефонски во периодот од 16 до 21 јуни и е со статистичка грешка од 3,1 % и со ниво на доверба од 95 проценти.
26-06-2020, 01:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:За коалицијата предводена од СДСМ би гласале 24,4 од испитаниците, додека за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,1 отсто. Вакви се резултатите од анкетата спроведена од страна на „Тим институт“, што беше реализирана за потребите на СДСМ.

[Image: glasanje-800x449.png]

Поголем дел од испитаниците (26,6 проценти) сметаат дека Коалицијата предводена од СДСМ ќе победи на следните избори, додека 23,9 отсто веруваат дека победата ќе ја понесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

[Image: pobeda-800x446.png]

На прашањето „Дали ќе гласате на наредните избори?“ – 50,4 проценти од испитаниците одговориле дека сигурно ќе гласаат, веројатно ќе гласаат 23,1 осто, сигурно нема да гласаат 8,5 проценти од испитаниците, додека 7,9 проценти одговориле дека не знаат дали ќе го остварат своето право на глас.

[Image: -2-800x391.png]

Испитаниците биле и прашани дали сметаат дека Владата заслужува повторно да биде избрана, на што 45,2 отсто дале целосна или делумна поддршка, додека 43,8 проценти не сметаат дека Владата треба да биде реизбрана.

[Image: -800x367.png]

Анкетата го третира и прашањето дали опозицијата заслужува или не да биде на местото на сегашната власт, на што според резултатите 29,1 осто се изјасниле дека делумно или целосно треба да биде така, додека против се изјасниле 56,8 проценти од испитаниците.

[Image: -800x356.png]

Во однос на главните приоритети, истражувањето покажа дека на граѓаните важни им се економијата, правдата, корупцијата и здравството. Одговарајќи на прашањето кој е најважниот проблем со кој Македонија се соочува во моментов, 25 проценти ги посочиле економијата и вработеноста, по што следат криминалот и корупцијата. Најмал е процентот на оние кои алармираат на иселувањето и меѓуетничките осноси.

[Image: -800x390.png]

Согласно резултатите и понатаму останува висока поддршката на граѓаните за влез на земјава во ЕУ и НАТО.

[Image: eu-800x395.png]
[Image: nato-800x402.png]

Во однос на преспанскиот договор испитаниците се со поделени ставови. 32,7 проценти се изјасниле дека го поддржуваат, додека 32,1 отсто одговориле дека целосно се спротивставуваат на преспанскиот договор. Не е мал ни процентот (24,9 проценти) на оние кои одговориле дека не им се допаѓа договорот, но сметаат дека бил неопходен.

[Image: -800x399.png]
[Image: -800x368.png]

Анкетата била спроведена од 10 до 20 јули оваа година врз 1.024 испитаници на возраст над 18 години кои имале прв следен роденден во домаќинството. Опфатени се осумте региони во земјава.
 
02-07-2020, 11:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Анкетната куќа на Трамп прогнозира УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ 

5 Jul 2020 - 16:44
Анкетната куќа која соработува со американскиот претседател Доналд Трамп испрати свои луѓе во Македонија, кои во изминатиот период константно вршеа реални испитувања на јавното мислење на граѓаните за кого ќе гласаат.

[Image: edbb9aa3-7e04-49ca-b7dd-8f8995c22d1d.jpg]


Според последните резултати, ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари победа во 5 од 6-те изборни единици. 

Во ИЕ 1 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 28%, СДСМ 25%, ДУИ 6%, АА 4%, ДПА 1%, други 1% и 35% се неопределени

Во ИЕ 2 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 26%, СДСМ 24%, ДУИ 9% АА 7%, ДПА 1%, други 1%, 32% неопределени

ВО ИЕ 3 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 39%, СДСМ 32%, ДУИ 0, АА 0, ДПА 0, други 0, 29% се неопределени

ВО ИЕ 4 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 38%, СДСМ 33%, ДУИ 0, АА 0, ДПА 0, други 1, 28% се неопределени

ВО ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 31%, СДСМ 28%, ДУИ 5%, АА 4, ДПА 1%, други 0, 31% се неопределени

ВО ИЕ 6 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 12%, СДСМ 17%, ДУИ 26%, АА 20, ДПА 3%, други 0, 22% се неопределени

Резултатите од анектата се јавно објавени на Твитер.



[Image: 82180763-4cfd-4b22-afc0-1bd96e285f96.jpg]
[Image: 2fbbf02f-8f76-4c27-a9ec-ff3edfa02fa9.jpg]
[Image: 29feeacf-99dc-4365-b097-87d10bf410c7.jpg]


Анкетата на  една од најпознатите агенции во САД DBC Danube bussines consulting (Mc Laughlin) која, помеѓу останатото, е дел од тимот за истражување на јавното мислење и односи со јавност на американскиот претседател Доналд Трамп е нарачана и платена од ВМРО-ДПМНЕ.
Спроведена од 22 до 30 јуни по специјализиран метод на самата агенција.
Вкупно 5965 испитаници во 6 изборни единици (види твитови и слајдови за детали) се испитувани по пат на интервјуа направени по телефон или со директно интервју во кое се одговара на прашалник по принцип кој се применува од страна на Агенцијата од САД.
06-07-2020, 12:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Анкета на Брима Галуп: СДСМ и БЕСА со 6,2% предност пред ВМРО-ДПМНЕ

5 јули , 2020
Анкетата на Брима Галуп на 10-тина дена пред изборите покажува дека СДСМ е водечка партија согласно поддршката на граѓаните.
На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за оваа партија. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните. Разликата е 3,6 отсто во полза на СДСМ. Следува ДУИ со 8,2% поддршка, зад неа се наоѓа Алијансата за Албанците со 4,9%, додека движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%. Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата СДСМ-БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2% во корист на Коалицијата предводена од Зоран Заев. Други партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со поддршка од 1,3, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6, јави А1он.мк.




[Image: -1.png]


– Во однос на политичарите за најпопуларен во анкетата на Брима Галуп, со убедливо најголема доверба од граѓаните останува лидерот на СДСМ, Зоран Заев за кого 9,4% од граѓаните се изјасниле како за политичар во кој имаат најголема доверба. На второ место, зад него, е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во кого најголема доверба имаат 4.2% од граѓаните. На трето место, зад лидерите на двете најголеми партии, се наоѓа министерот за здравство Венко Филипче со поддршка од 3,8%,а веднаш зад него со 3,5% се наоѓа претседателот на државата Стево Пендаровски. Потоа следуваат лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села со поддршка од 2,9% додека речиси изедначен со него е лидерот на ДУИ, Али Ахмети со поддршка од 2,8%. На листата понатаму се и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со поддршка од 2,4%, Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со поддршка од 1,3%, пишува А1он.мк.






[Image: -2.png]
06-07-2020, 12:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(06-07-2020, 12:12 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Анкета на Брима Галуп: СДСМ и БЕСА со 6,2% предност пред ВМРО-ДПМНЕ

5 јули , 2020
Анкетата на Брима Галуп на 10-тина дена пред изборите покажува дека СДСМ е водечка партија согласно поддршката на граѓаните.
На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за оваа партија. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните. Разликата е 3,6 отсто во полза на СДСМ. Следува ДУИ со 8,2% поддршка, зад неа се наоѓа Алијансата за Албанците со 4,9%, додека движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%. Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата СДСМ-БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2% во корист на Коалицијата предводена од Зоран Заев. Други партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со поддршка од 1,3, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6, јави А1он.мк.




[Image: -1.png]


– Во однос на политичарите за најпопуларен во анкетата на Брима Галуп, со убедливо најголема доверба од граѓаните останува лидерот на СДСМ, Зоран Заев за кого 9,4% од граѓаните се изјасниле како за политичар во кој имаат најголема доверба. На второ место, зад него, е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во кого најголема доверба имаат 4.2% од граѓаните. На трето место, зад лидерите на двете најголеми партии, се наоѓа министерот за здравство Венко Филипче со поддршка од 3,8%,а веднаш зад него со 3,5% се наоѓа претседателот на државата Стево Пендаровски. Потоа следуваат лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села со поддршка од 2,9% додека речиси изедначен со него е лидерот на ДУИ, Али Ахмети со поддршка од 2,8%. На листата понатаму се и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со поддршка од 2,4%, Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со поддршка од 1,3%, пишува А1он.мк.






[Image: -2.png]



Quote:Брима Галуп“ воопшто не спровела анкета, СДСМ „води“ само на непостоечки анкети!

[Image: Zoran-Zaev-1-960x481.jpg]

06.07.2020  
Новинарот Горан Момировски во емисијата „Заспиј ако можеш“ откри скандал од невидени размери споделувајќи со македонската јавност дека Брима Галуп воопшто не спровела никаква анкета во Македонија за предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на 15 јули.
Вчерашната анкета објавена во сите провладини медиуми беше една од ректите на кои СДСМ е во водство пред ВМРО-ДПМНЕ, но сепак на крајот се испостави дека ваквата анкета никогаш не била спроведена. Момировски стапил во контакт со директорот на Брима Галуп во Македонија кој демантира дека воопшто била спроведена ваква анкета.

Quote:-Нова ТВ објави анкета на Брима Галуп според која СДСМ и БЕСА се во предност и тоа имаше некоја фантастична бројка од 6,2 проценти. Ако се следи законот според оваа објава на Нова ТВ против нив треба да биде поднесена соодветна пријава бидејќи не го почитуваат членот 73 од изборниот законик. Во оваа анкета нема кој е нарачател, ниту кој ја платил анкетата, ниту има колкав е примерокот, кој ја спровел анкетата, само вели Брима Галуп и другото пропаганда класична дека СДСМ и БЕСА заедно водат со 6,2 проценти, вели Момировски.

Тој објаснува дека сега доаѓаме до суштината на скандалот оваа анкета ја објавија вчера 20-тина медиуми,  а била објавена и на веб сајтот на Алфа со што се повикале на првите медиуми кои што ја објавија.

Quote:Првите медиуми кои ја објавија беа А1 ОН, Локално, Центар, Бриф, еве НОВА ТВ и тоа сите ја објавиле практично во ист момент. Никаде нема детали. Денеска јас разговарав со човекот кој што во Брима Галуп е одговорен за истражувања, господинот Ѓорѓиј Кимов, претходно имав проблем да го најдам, се обидов да ја добијам канцеларијата на Брима Галуп каде никој не се јавуваше. Дури комуницирав со регионалниот директор на Брима Галуп во Софија кој што ми објасни дека се работи за локален проект и таму да ги барам одговорите. За на крајот со господинот Јакимов не можев да го добијам и тој ми напиша на Вибер, да каже дека анкета на Брима Галуп воопшто не била објавено, вели Момировски.
(This post was last modified: 06-07-2020, 11:53 PM by ЈорданПетровски.)
06-07-2020, 11:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Анкета ИПИС: Победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски со поголема доверба од Заев

[Image: Screenshot_3-11.jpg]

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко истражување во периодот помеѓу 2 и 5 Јули 2020 на 1087 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари. Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.
Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Во прилог се резултатите од истражувањето во однос на рејтингот на политичките партии и политичари како и рејтингот прикажан според етничката припадност.


[Image: Screenshot_2-12.jpg]
[Image: Screenshot_3-11.jpg]
[Image: Screenshot_4.jpg]


[Image: Screenshot_5.jpg]

[Image: Screenshot_6.jpg]
07-07-2020, 11:20 PM
Reply