Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДЕН ДОНЧЕВ ПОВТОРНОВО АКЦИЈА ПРИБИРАЊЕ РЕКЕТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Ден Дончев снимен како во договор со Заев зема мито!!!

[Image: den-doncev.png]
 
22.06.2020
Купче пари во рацете на Ден Дончев. Прв пат македонски политичар фатен со мито. Денес на Интернет се појави нова аудио и видео бомба од која се гледа како Директорот на ФЗО, Ден Дончев, зема пари како и разговори поврзани со рекетирање за фирмата „Дијамед“.

Ден Дончев зема пари и потврдува дека е во целосна координација со тогашниот премиер Зоран Заев.
Од аудиото се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, кој самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција.
 
Во разговорите може да се слушне како Дончев го координира случајот „Рекет 2“, односно да влезат во компанијата „Дијамед“ која пак обвини за рекетирање од власта.

За потсетување Вера Иванова, бизнисменката која го продаде „Дијамед“ на шведска фирма со се 20-годишна лиценца за дијализа, пред неколку месеци поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Адвокатот на Иванова тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата.

На крајот на минатата година словенечката телевизија „Нова 24“ објави дека Зоран Милески Кичеец и’ се јавил на Вера Иванова, жртвата во аферата „Рекет 2“ за да ја уценува, дека ако не се предомисли за продажбата на нејзината фирма „Дијамед“ ќе следела истрага против неа.

Quote:„Само ден подоцна, на 26 октомври, обвинителката Вилма Рускоска најавила дека нејзиното обвинителство ја истражува работата на фирмата ’Диамед’. Две недели подоцна следува поголем шок. Обвинителството ги замрзнува средствата на сопственичката на ’Диамед’, околу 11 милиони евра, стекнати од продажбата на фирмата на шведскиот стратешки партнер“, се наведува во текстот објавен на телевизијата „Нова24“.

Во аудио бомбите денес објавени Дончев е нервозен бидејќи во играта се вмешува и адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарски.

Quote:Го имаат фатено Медарски од другата страна, со цел да имаат влијание кај премиерот. Шефот се согласи да им пуштиме полиција внатре, влегоа и Медарски замоли да се најде заеднички јазик и јас се согласив на тоа, вели Ден Дончев, и додава дека „ако им направиме проблем ние тука може да има проблем при продажбата на компанијата.

Интересно е што бомбите откриваат дека Ден Дончев посочува дека поранешниот министер и вице премиер Никола Тодоров го имаат договорено за сведок во случајот „Диамед“.
Инаку Ден Дончев си поднесе оставка пред неполн месец, а според тврдењето на Заев тоа било сторено поради наводни здравствени причини.
22-06-2020, 02:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote: Заев: За објавените снимки треба да си каже Ден Дончев

[Image: zaev-doncev-960x590.jpg]
 
 [/url] 22.06.2020
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека ги гледал [url=https://lider.com.mk/makedonija/video-audio-den-donchev-snimen-kako-vo-dogovor-so-zaev-zema-mito/]при што посочи дека за што и да е поврзано со снимките треба да објасни Дончев.

Quote:Прво во недостиг на програма, во недостиг на концепт, ВМРО-ДПМНЕ манипулирало во минатото, манипулира сега и ќе манипулира во иднината со лажни вести кои апсолутно граѓаните знаат и да ги насетат. Снимката ја видов и ќе го прашате Ден Дончев да ви каже каде е таа снимка. Втората работа ја слушнав и во аудио разговорот кој е објавен. Едно што знам, секако ќе дадам одговор откога ќе разговарам и со Ден Дончев околу деталите. Вклученост на Медарски кој се спомнува внатре, кој е мој адвокат, многу често ангажиран и од СДСМ, имало во предмет со Тотал ТВ, каде меѓу себе сопственици воделе пријави до полиција и слично и полицијата постапувала со Тотал ТВ. Но, секако ќе си каже и Ден Дончев, не би навлегувал во вакви лажни, манипулациски пуштања на снимки изјави Заев.

Што е лажно?? На снимката не е Ден Дончев? На снимката не е гласот на Ден дончев??
22-06-2020, 02:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Николоски: Заев треба да одговори какви релации има со Дончев и дали му овозможи амнестија

[Image: nikoloski.png]

22.06.2020  
На денешната прес конференција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски побара Заев да одговори во каква релација е со Ден Дончев и дали го амнестираше.
Денес видовме како изгледа исплашен човек, човек соочен со поразот, а после поразот следува и одговорност за него и неговиот тим за сите злодела и потенцијални кривични дела кои што се сторени. Една работа е сигурна, Зоран Заев паѓа како што паѓаат и неговите лаги. Денес Зоран Заев требаше да одговори каква релација има со неговиот директор Ден Дончев, во однос на очигледниот рекет кој што го виде целокупната македонска јавност? Каква е поврзаноста на Заев со првата снимка на македонски политичар кој што зема пари пред камера? Дали со тоа што дозволи Ден Дончев нечепнато да се повлече од директорската позиција, практично Зоран Заев овозможи амнестија за овој човек, знаејќи што правел? Затоа што најверојатно го правел во координација со Заев. Дали тоа беше причината поради која што Зоран Заев дозволи нечепнато да се повлече Ден Дончев од директорската позиција?  Каква е улогата на адвокатот на Зоран Заев кој што го слушнавме денес во разговорите? За него многу се слушаше, денес еве добиваме и потврда, истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Quote:Зошто упорно молчи Заев за рекетот од над 6 милиони евра и видеата и снимките кои што беа објавени? Ова се баснословни суми за сите македонски граѓани, за сите они кои што ги слушаат. И зошто ги релативизира овие прашања и не бара одговорност од неговите луѓе? Одговорот е едноставен, затоа што одговорноста завршува со нив. Се сеќаваме како пред неколку години правеше сцени и театри со објавување на разговори за каква боја на плочки некој имал во сопствениот стан, ама деновиве кога гледаме разговори и видеа како некој си става пари во торба, и како се разговара за баснословни суми на пари, за одговорност не зборува. Многу едноставно затоа што одговорноста завршува кај него. Што се однесува до неговите ветувања исто како што лажеше за 500 евра плата, и исто така лаже и за 500 километри автопати кои што никој не може да ги види затоа што едноставно ги нема. А, по македонските патишта кои што се најлоши во целиот регион секојдневно за жал се губат животи. Лажеше и за носењето на живот во Македонија, за жицата, за името и за бетон идентитетот, сега лаже и за овие избори. Денес дознавме дека и ДУИ му пречи, иако 3 години братски владее со нив и направи коалиција во последен момент. Заеднички тогаш се договорија и ја нарече братска коалиција, а после три години пу пу не важи. Ама во овој период заеднички и братски воведоа двојазичност во Македонија, го променија името и ја продадоа историјата, се со цел да можат да владеат и да си го покриваат криминалот кој што почна да излегува затоа што криење на криминал нема, истакна тој.

Николоски посочува дека народот не е со кратко паметење и народот ќе го казни СДСМ на овие избори жестоко.

Quote:Многу пожестоко од тоа што тие мислат и се надеваат во овој момент затоа што расположението на луѓето е јасно, имаме наместо план за живот, план за измами, кражби, корупција. Она што ни треба во овој момент е обнова, а обновата ќе дојде и ќе победи. Следува програма со над илјада проекти и со најсилен фокус во економијата која што ќе даде одговори на клучните прашања. На народот му треба подобар живот, повеќе пари за подобар живот, му треба правна држава, му треба функционален систем на владеење на правото, му треба подобро здравство, и пред се ред. Ние тоа ќе го постигнеме и оствариме заедно со граѓаните по победата на изборите, порача Николоски.

(This post was last modified: 22-06-2020, 02:20 PM by ЈорданПетровски.)
22-06-2020, 02:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Аудио-снимки откриваат како Ден Дончев го координира рекетарскиот притисок врз „Диамед“, а Заев дава „пас“ за тоа!

22.06.2020
Едно видео, на кое поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, е снимен со купче пари в раце на засега непозната локација, како и три аудио-снимки поврзани со рекетирањето на фирмата „Диамед“, се објавени на Јутјуб каналот „Лепливи раце“.
Од аудио-снимките се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов. Дончев тврди дека Блажо Трендафилов му бил близок пријател на Зоран Заев.

Во разговорите се слушаат детаљи за тоа како Дончев го менаџира обидот да се одврати шведската компанија „Диаверум“ од купувањето на компанијата „Диамед“.
Како што пишуваше Плусинфо, во кривичната пријава на Вера Иванова, сопственичката на фирмата која поседуваше лиценца за третман на дијализно болни лица, се тврди дека Дончев и министерот за здравство Венко Филипче со писмени дописи вршеле притисок врз шведската компанија „Диаверум“ да се откажат од купувањето на „Диамед“, фирмата од која, според проширената кривична пријава, Дончев наплаќал дебел рекет.
Во снимките се слуша директна потврда за овие наводи и резолутно тврдење на Дончев дека ги пишува писмата. „Јас, не Венко, јас“, се фали Ден Дончев, иако на писмото што веќе го објави Плусинфо е потпишан Филипче.

Не е познато со кого зборува тој, но од една куса неразбирлива реплика на соговорникот, се добива впечаток дека од другата страна на линијата е лично Венко Филипче. Сепак, таа претпоставка допрва треба да се потврди или да се отфрли.
Во снимките, покрај Блажо Трендафилов и Венко Филипче, се спомнуваат уште три лица: Зоран Заев, адвокатот Филип Медарски и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Дончев на соговорникот му вели дека од Зоран Заев добил „пас“ да пуштат полиција, со што упатува на директна вмешаност на поранешниот премиер во аферата во јавноста наречена „Рекет 2“.
Медарски во приказната го прави нервозен Ден Дончев. „Го имаат фатено Медарски од другата страна, со цел да имаат влијание кај премиерот“. Во снимката Медарски се спомнува во позитивен контекст, што не може да се каже и за поранешниот министер Никола Тодоров, кој, ако добро се разбира контекстот, е стокмен за сведок за тендерот за концесијата за дијализа, со задача да каже дека бил злоупотребен од Никола Груевски. Како што е познато, тоа не се случи.
Овие снимки содржат наводи кои се експлицитна потврда на сите написи што Плусинфо ги објави за рекетирањето на фирмата „Диамед“. Ден Дончев си поднесе оставка пред неполн месец, наводно поради здравствени причини. Објавените снимки од Јутјуб каналот „Лепливи раце“ покажуваат нешто друго.

Во очекување сме на реакции од засегнатите, но и од политичките партии кои се во предизборна кампања.
22-06-2020, 02:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Драган Ковачки

4 hrs

[Image: 105281365_154154479542018_69918012165455...e=5F187CFE]

Во екот на борбата со КОВИД-19, директорот на фондот за здравствено осигурување, г-динот Ден Дончев си поднесе оставка. И во причината за оставката го вмеша сопственото семејство. Дури и г-динот Зоран Заев упорно не’ убедуваше дека нема друга причина за оставката на Дончев, освен семејната. И можеби секој родител би поверувал дека причината е оправдана, но денеска, после објавувањето на видео снимката на која јасно се гледа како директорот Дончев зема пари во кеш, на сите ни е јасно дека неговото семејство е злоупотребено за да го покрие криминалот во врвот на власта.
Ги преслушав објавените снимени материјали од разговорот на директорот Дончев и многу прашања остануваат да бидат неодговорени, иако секој што ќе ги ислуша може да си донесе соодветен заклучок.
Го слушнав и поранешниот премиер на државата, г-динот Заев, на прес конференција како објаснува дека тие (веројатно мислеше на Зоран и Вице) не знаеле ни да пишуваат толкави милионски суми на евра (а камоли и да поседуваат толку пари) за да веднаш биде демантиран со приказ на повеќе милионска сметка во Кипарска банка на име на неговиот брат.
Денеска нема да прашувам конкретни прашања, туку ќе дадам еден совет - Местото каде човек треба да ја искаже својата одбрана не е на прес конференција, туку пред надлежните органи на државата. Секое друго постапување може да оди на штета на посочените лица.
#ОваЛиЕТоаБесплатноЗдравство
#ДостаЕ
#Промени
22-06-2020, 08:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Заев: На снимките не се работи за „Дијаверум“ туку за „Тотал ТВ“

22.06.2020 / 14:39
Зоран Заев, претседателот на СДСМ, за денешните објавени аудио-снимки во кои се слуша гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, во кои се споменува и Филип Медарски, тврди дека се извадени од контекст затоа што, според лидерот на владеачката партија, се работи за ангажман на адвокатот во меѓусебен спор во Тотал ТВ, а не за случај за дијализниот центар „Дијамед Македонија“ и за продажбата на неговата концесија.

Quote:Медарски, многу често и адвокат на СДСМ, имал предмет во кој сопственици на Тотал ТВ имале меѓусебни пријави во полиција, која постапувала по Тотал ТВ, а тој бил застапник на еден од нив. Еден од сопствениците на Тотал ТВ е пријател и на Ден Дончев, па зборувале за него, рече Заев.

Тој тврди дека ги видел аудио-снимките и дека Медарски не бил вклучен во никакви релации со „Дијаверум“. Наведе дека ВМРО-ДПМНЕ стои позади овие снимки и дека неговата партија ќе излезе подоцна со детали за овој случај.

Од кај Заев знае дека се работи за Тотал Тв ако и тој не бил замешан?
22-06-2020, 09:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(22-06-2020, 09:10 PM)ЈорданПетровски Wrote:

23-06-2020, 02:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Ден Дончев за видео снимката со парите: Стара е и од приватен карактер

23.06.2020
Екс директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев преку соопштение ги негира толкувањта на вчера објавените видео и аудио снимки на интернет. За Дијамед тврди дека е штетна зделка за доделените концесии за вршење дијализа, додека за една аудио снимка вели дека е поврзана со Тотал ТВ каде му помагал на болен пријател. Видеото на кое се гледа како става купче пари во торба тврди дека е од поодамна и со приватен карактер.

[Image: den-doncev-od-bomba-video.jpg]
ВМРО-ДПМНЕ го обвини Дончев дека со бомбите се докажува дека барал рекет за случајот Дијамед со што ја оневозможувал продажбата на компанијата на шведски Дијаверум. По кривична пријава на Вера Иванова отворена е предистражна постапка против Дончев, а обвинителството е при крај со истрагата против Вера Иванова за концесиите за дијализа.
Еве го целосното соопштение на Дончев:
„-Одлучно и во целост го демантирам контекстот на објавените аудио и видео снимки со мене. Ги отфрлам сите инсинуации и манипулации  кои се со цел да бидам политички деградиран.
Заради објективно информирање на јавноста би сакал да го опишам контекстот на разговорите во снимките. Приметливо е дека снимките се нецелосни и се вадени од контекст со цел во јавноста да се постигне одреден наратив.
За првообјавената снимка, се што имав да кажам за случајот Дијамед, јавно и официјално го изнесов како директор на Фондот за здравство. Случајот е тежок околу 200 милиони евра. Да не заборавиме, како што е општо познато во јавноста, во банка во Монако се замрзнати 9 милиони евра, а во Македонија 2,5 милиони евра, на име на поранешната „сопственичка,, Вера Иванова.
За Ваше потсетување Ви го праќам линкот и текстот од моето обраќање на оваа прес конференција. Ве замолувам внимателно да се анализира, посебно во делот на штетните права кои се доделени со концесискиот договор од страна на државата кон Диjамед Македонија.
Од тука, треба да стане јасно зошто сум под константен напад од одредени центри на влијание. Главното прашање коешто произлегува од ова е зошто државата доделила толку штетна концесија преку која 12 милиони евра се слеани во приватни џебови?
За овој случај сум имал многу средби и разговори, некогаш официјални, некогаш консултативни а некогаш неформални. Целта секогаш беше да се најде најдобриот и најсоодветниот начин да се заштитат интересите на државата, но притоа ни во еден миг да не се загрозат услугите на пациентите на кои им е потребна дијализа. Токму во двете снимки, се разговара за можните стратешки правци за дејноста дијализа по продажбата на Дијамед Македонија.
Мојот став секогаш бил дека институциите на државата се единствени задолжени органи кои ќе го проследат овој случај.
Второ објавената аудио снимка и трето објавената видео снимка се од приватен карактер и не се поврзани со извршување на мојата јавна функција.
Како што веќе беше објавено во некои медиуми, станува збор за приватни деловни односи помеѓу мој долгогодишен пријател кој е малцински сопственик во една македонска сателитска компанија и компанија од Србија како мнозински сопственик. Бев известен од малцинскиот сопственик дека има поднесено пријава во финансова полиција и пријава до СВР Скопје, единица за стопански и компјутерски криминал, а воедно побарал и судски да се дозволи ревизија на работењето на сателитската компанија. По извесен период од овие пријави, претставници на акционерскиот капитал од Србија иницираа контакти со малцинскиот акционер со цел да се најде решение на долгогодишните проблеми. Бидејќи во тој период малцинскиот сопственик беше тешко болен и на операција во Виена, побара од мене, во својство на пријател, да му помогнам нему и неговата фамилија во тие тешки мигови со цел да се најде заедничко прифатливо решение. Објавениот разговор е токму во тој контекст. До такво решение не дојде и според моите сознанија спорот сеуште трае.
Не сум имал било какви директни или индиректни комуникации со гореспоменатите институции во врска со оваа прашање. Спомнувањето на тие институции во објавениот разговор се врз основа на информациите кои јас ги добив од малцинскиот сопственик врз основа на неговите пријави.
По заздравувањето на малцинскиот акционер јас ги прекинав сите контакти и понатаму тој си продолжи да си ги бара правата преку институциите на системот.
Објавената Видеоснимка по мое сеќавање е од поодамна и станува збор за снимка од приватен карактер.
Секако, останува понатаму Државните институции да си ја вршат својата работа“
23-06-2020, 01:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Демант од Ден Дончев по повод аудио и видео снимките кои се појавија во јавноста

23.06.2020
Поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев преку соопштение денеска испрати демант по повод аудио и видео снимките кои се појавија во јавноста.
Во продолжение целосното соопштение:
„Одлучно и во целост го демантирам контекстот на објавените аудио и видео снимки со мене. Ги отфрлам сите инсинуации и манипулации  кои се со цел да бидам политички деградиран.   
Заради објективно информирање на јавноста би сакал да го опишам контекстот на разговорите во снимките. Приметливо е дека снимките се нецелосни и се вадени од контекст со цел во јавноста да се постигне одреден наратив.
За првообјавената снимка, се што имав да кажам за случајот Дијамед, јавно и официјално го изнесов како директор на Фондот за здравство. Случајот е тежок околу 200 милиони евра. Да не заборавиме, како што е општо познато во јавноста, во банка во Монако се замрзнати 9 милиони евра, а во Македонија 2,5 милиони евра, на име на поранешната „сопственичка,, Вера Иванова.
За Ваше потсетување Ви го праќам линкот и текстот од моето обраќање на оваа прес конференција. Ве замолувам внимателно да се анализира, посебно во делот на штетните права кои се доделени со концесискиот договор од страна на државата кон Диjамед Македонија.

Од тука, треба да стане јасно зошто сум под константен напад од одредени центри на влијание. Главното прашање коешто произлегува од ова е зошто државата доделила толку штетна концесија преку која 12 милиони евра се слеани во приватни џебови?
За овој случај сум имал многу средби и разговори, некогаш официјални, некогаш консултативни а некогаш неформални. Целта секогаш беше да се најде најдобриот и најсоодветниот начин да се заштитат интересите на државата, но притоа ни во еден миг да не се загрозат услугите на пациентите на кои им е потребна дијализа. Токму во двете снимки, се разговара за можните стратешки правци за дејноста дијализа по продажбата на Дијамед Македонија.
Мојот став секогаш бил дека институциите на државата се единствени задолжени органи кои ќе го проследат овој случај.
Второ објавената аудио снимка и трето објавената видео снимка се од приватен карактер и не се поврзани со извршување на мојата јавна функција.
Како што веќе беше објавено во некои медиуми, станува збор за приватни деловни односи помеѓу мој долгогодишен пријател кој е малцински сопственик во една македонска сателитска компанија и компанија од Србија како мнозински сопственик. Бев известен од малцинскиот сопственик дека има поднесено пријава во финансова полиција и пријава до СВР Скопје, единица за стопански и компјутерски криминал, а воедно побарал и судски да се дозволи ревизија на работењето на сателитската компанија. По извесен период од овие пријави, претставници на акционерскиот капитал од Србија иницираа контакти со малцинскиот акционер со цел да се најде решение на долгогодишните проблеми. Бидејќи во тој период малцинскиот сопственик беше тешко болен и на операција во Виена, побара од мене, во својство на пријател, да му помогнам нему и неговата фамилија во тие тешки мигови со цел да се најде заедничко прифатливо решение. Објавениот разговор е токму во тој контекст. До такво решение не дојде и според моите сознанија спорот сеуште трае.
Не сум имал било какви директни или индиректни комуникации со гореспоменатите институции во врска со оваа прашање. Спомнувањето на тие институции во објавениот разговор се врз основа на информациите кои јас ги добив од малцинскиот сопственик врз основа на неговите пријави.
По заздравувањето на малцинскиот акционер јас ги прекинав сите контакти и понатаму тој си продолжи да си ги бара правата преку институциите на системот.
Објавената Видеоснимка по мое сеќавање е од поодамна и станува збор за снимка од приватен карактер.
Секако, останува понатаму Државните институции да си ја вршат својата работа“. 

Quote:Antonio Miloshoski
2 hrs ·
СООПШТЕНИЕ:
Видео снимката со земањето пари во торба од директорот Ден Дончев била од ПРИВАТЕН карактер!! Сите граѓани му даваат поддршка на Ден Дончев, бидејќи со свои очи видоа како Ден Дончев со 10 вредни прсти се мачи, се поти и ја полни торбата со тешко спечалени пари. Пола добродушни баби го читаат соопштението на трудољубивиот Ден со солзи во очите.
Толку сите не' трогна ова издржано и емотивно објаснување на бившиот директор на ФЗО, што предлагам Нина Ангеловска да отвори втора солидарна сметка за донации
за сите ние даночни обврзници приватно да му помогнеме на "карактерниот" Ден Дончев, другарот на Зоран Заев, кои никогаш немале допирна точка со рекетирање на приватни фирми!
пс. Ден, го познаваш ли Бајруш Сејдиу, онака приватно?
#ПравдаЗаДен
23-06-2020, 02:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:[Image: image.jpg]

[Image: 2.jpg]
[Image: 3.jpg]
23-06-2020, 02:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Независното ОЈО

[Image: image.jpg]
24-06-2020, 10:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:МВР: Дончев бил на распит во ПС Карпош, по разговорот си заминал

[Image: doncve.jpg]

петок, 26 јуни 2020, 18:41
Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Ден Дончев попладнево бил на разговор во полициска станица Карпош. Тој бил поканет на разговор, уредно се пријавил сам, а по извршениот разговор, си заминал, информираат од МВР.
Дончев бил викнат на разговоро по објавените снимките, пред некој ден во јавноста. Доколку МВР утврди елементи на кривично дело по кои се постапува по службена должност, ќе достави соодветен поднесок до Обвинителството по кој Обвинителството ќе преземе понатамошни дејствија за расветлување на случајот.
Денешниот повик до Дончев да даде исказ не било по налог на Обвинителството.
Пред четири дена на Јутјуб беа објавени три нови аудио и уште една видео-снимка на која наводно се слуша гласот на Дончев. На видео-снимка може да се забележи како Дончев зема пари и ги става во торба.
Објавени нови „бомби“ за Ден Дончев
Инаку, во мај Дончев си поднесе оставка од директорската функција поради како што беше соопштено „приватни семејни причини“.
Името на Дончев се спомнуваше во случајот „Рекет 2“ за фирмата Дијамед, која во 2013 година доби концесија за дијализа на бубрежно болни.
(This post was last modified: 26-06-2020, 06:24 PM by ЈорданПетровски.)
26-06-2020, 06:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Aleksandar Pandulovski
27 mins ·

Таман Ден Дончев искача од полициска станица пред малку и вели гордо не сум уапсен бев на информативен и ме задржаа пола саат само. Само што го изјави тоа, после максимум пола сааат му пуштаат две нови аудио бомби. Сега ќе го викнат пак во станица или ќе почекаат до утре, задутре?

26-06-2020, 07:40 PM
Reply