Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БОКИ 13 ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ДА ГО ВОЗВРАТИ УДАРОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Темава ке ја започнам со стар текст, текст од јанури 2020
 
Quote:
На судењето за „Рекет“
Боки 13 ќе поднесе 19 кривични пријави, бил заложник на мрачни политички сили


Кривичните пријави, вкупно 19 на број ги скараа судот, обвинителството и обвинетите во случајот „Рекет". Исто како и на претходните рочишта, така и денес обвинетиот Бојан Јовановски го затвори судењето со излагање во негов стил, а повторно зборуваше и за неговата здравствена состојба за која порача јавноста да не суди по неговата здравствена состојба и дека, иако изгледал добро, сепак имал органски проблем. Себе си се нарече заложник на мрачни политички сили. 


[Image: mkd-453060.jpg?itok=g0A-uyAl]

29 Јануари 2020
Пред присутните тој образложи дека добил одговор на писмото кое претходно го испрати до државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во кое пишувало дека се што обвинетиот има, може да си поднесе до судот.
Јовановски и укажа на судијката Васка Николовска – Масевска дека за сите барања кои претходно му ги предочил на судот, а за кои потоа бил упатен да се обрати на адреса на Обвинителството, повторно бил вратен во судот.
Укажувањата се однесуваат на неговата здравствена состојба, но главната дилема која Јовановски ја постави пред судот е на која адреса на поднесе кривична пријава против Вилма Русковска, кога таа раководи и е шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
„Дали за лицето Вилма Русковска, треба да поднесам кривична пријава до обвинителката Вилма Русковска?“, праша Јовановски пред судот и додаде дека бара изземање на обвинителката. 
И денес како и претходно обвинетиот не изостави да го спомене пред судот владеењето на правото, како и да цитира членови од Уставот.
„Се чувствувам дискирминирано. Вие судија ме упативте до обвинителството, па од таму највисониот  орган на јавнообвинителскиот систем јавно ме советува пак да се обратам до судот. Ова е флагрантно кршење на моите права и законот. Јас сум најобесправено лице кое го дише загадениот воздух бидејќи има осомничени за посериозни и потешки кривични дела, а за кои има поблаги мерки за обезбедување на присуство. Јас сум заложник на мрачни политички сили“, рече пред судот Јовановски.
Тој посочи дека ќе поднесе 19 кривични пријави, и обвини дека Вилма Русковска е вмешана во криминал тежок 4 милиони евра за кој, како што реше имал несоборливи докази.
Адвокатот Сашко Дуковски кој го застапува Јоановски на судијката Николовска –Масевска и појасни дека не е идиот и дека знае каде се поднесуваат кривични пријави и праша каде да пријават кога Јовески ги враќа назад во судот.
Судијката го прекина Јовановски и рече дека го зборува истото, но во модифицирана форма, а на зборовите на Јовановски реагираше и обвинителката Гордана Смаќоска.
Следното рочиште е закажано за утре кога пред судот ќе бидат изведени материјалните докази.
(This post was last modified: 18-06-2020, 08:56 PM by ЈорданПетровски.)
18-06-2020, 08:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Боки 13 ќе поднесе кривични пријави против актуелни функционери и Камчев



18/06/2020
Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, на ТВ 24 соопшти дека Бојан Јовановски до Обвинителството ќе поднесе кривични пријави против актуелни функционери за повеќе кривични дела, меѓу кои и злоупотреба на службената положба, измама и шпионажа. Кривична пријава ќе има и за Орце Камчев.

-Јас не го разбрав дека е конкретно за парите од овој предмет, зашто ние тврдиме дека тука нема пари. Јас го разбрав дека зборува за воопшто, за некаков рекет од некои политичари. Поднесовме барање Бојан на 25 овој месец да биде однесен во Обвинителство за да поднесе кривични пријави за сето она што го знае. Средбата со Јовевски ја бараме за да пријави криминал. За злоупотреба на службена положба, за измама, за шпионажа… За актуелни функционери. И против Орце Камчев, рече Дуковски.

Тој го отфрли обвинувањето од лидерот на СДСМ Зоран Заев дека доставил негова комуникација со Бојан Јовановски до ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги и двете партии меѓусебно да се препукуваат и да водат политички игри, но него да не го мешаат. Тој го повика Заев да ги изнесе тие комуникации во јавноста, но ако нема такво нешто, како што самиот тврдеше дека нема бидејќи не бил вештачен телефонот на Јовановски, да му се извини јавно.

-Јас имам 29 години долга адвокатска кариера. Никогаш не сум работел со некоја партија ниту сум бил член на партија, тоа е за медиокритети, рече Дуковски на ТВ 24.
Претходно тој оцени дека предметот „Рекет“ е најслабо воден, со загрозување на правата на клиентите и биле криени докази.

„Обвинителката сметаше дека докази може да бидат дадени само за клиентот што го бранам. Продолжи со една работа што ме шокираше, тоа е што цело време се вели „ врз основа на доказите“, па  и денеска судијата ја објави пресудата за предметот, а немаше докази. Гледате една торба со банкноти од 50 евра и гледате човек како излегува и ја мафта торбата. Јас предложив доказ. Согласно Европската банка укинати се банкнотите од 500 евра заради малиот волумен. Милион евра во банкоти од 50 евра тежат 22 килограми. Сега да ја пуштите снимката не се носат толку сретства, не видовме дали се носат воопшто, видовме само едни женски раце како ги бројат парите и како излегуваат“ – изјави Дуковски.

Потенцираше дека била неверојатна упорноста и одбивноста на судот да се вештачи телефонот на Јовановски.

„Судот попрво ќе дозволеше зградата да се сруши отколку да го вештачи телефонот. Трипати е побарано, трипати е одбиено вештачење. Во завршното обвинение  тужителката го прошири обвинението и го товареше Јовановски дека парите кои потекнуваат од противзаконитото влијание од 2018/2019 година ги пуштил во промет, односно ги перел во 2017. Денес го ослободи од тоа обвинение. Во телефонот има разговори и докази кои ќе ја расчистат фактичката состојба во овој случај. ИТ техничарот ангажиран од обвинителството на мое вкрстено испитување потврди дека не е вешто лице и нема лиценца и ниту е запишан како вешто лице во Министерството за правда, – рече Дуковски.

Боки 13 веќе подолго време најавува дека ќе ја отвори Пандорината кутија, а сега како нареден датум го закажа 1 јули, односно првото рочиште за „Меѓународен сојуз“.
(This post was last modified: 18-06-2020, 09:07 PM by ЈорданПетровски.)
18-06-2020, 09:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Заев- Јовановски лаже зашто ги одбив неговите барања да му помогнам

18.06.2020
Претседателот на СДСМ Зоран Заев ја оцени како лажна изјавата наБојан Јовановски – Боки 13, кој денеска беше осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“. Јовановски по изрекувањето на пресудата во судот рече дека е донесенаполитичка пресуда, а рекетираните пари да ги бараат кај Зоран и Вице Заеви.

Претседателот на владејачката партија вели дека очекува да се објават „сите закани за некаква негова комуникација со Бојан Јовановски“ кои вели дека ги доставил до највисокото раководство на ВМРО ДПМНЕ адвокат на Боки 13, преку посредници. Тој тврди дека од таа комуникација ќе се видело која е вистината и дека неговата и определбата на СДСМ за правна држава биле безкомпромисни.

„Никакви закани или вакви лажни изјави нема да не одвратат од определбата за одговорност на секој кој се огрешил пред законите“, вели Заев.




ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Боки 13 ќе поднесе кривични пријави против актуелни функционери и Камчев



18/06/2020


Тој го отфрли обвинувањето од лидерот на СДСМ Зоран Заев дека доставил негова комуникација со Бојан Јовановски до ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги и двете партии меѓусебно да се препукуваат и да водат политички игри, но него да не го мешаат. Тој го повика Заев да ги изнесе тие комуникации во јавноста, но ако нема такво нешто, како што самиот тврдеше дека нема бидејќи не бил вештачен телефонот на Јовановски, да му се извини јавно.
18-06-2020, 09:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Најчевска: Со „Рекет“ ќе се исцрпи битката со неказнивоста

18.06.2020
Професорката Мирјана Најчевска во отвореното студио на ТВ 24 истакна дека може да зборуваме за конечен резултат во случајот „Рекет“ доколку е докажана вината, нешто што таа не сакаше да го тврди бидејќи ја немаше видено целата пресуда. Според неа, сепак, под претпоставка дека вината е докажана, Катица Јанева требало да добие многу поголема казна одошто Јовановски.
„За мене најпроблематичнен е соодност на казните на Катица Јанева и Бојан Јовановски. Тој е обичен граѓанин, а Катица Јанева е човек кој бил поставен на клучна и моќна позициија во одбрана на правото. Таа не требало да го прекршува правото, од неа се очекувало да го спроведува правото и да не подлегне на искушенијата. И казната за неа требаше да биде различна. За Јанева казната требаше да биде поголема во однос на таа на Јовановски, зошто треба да се испрати порака до сите правододавателите дека грешките скапо се плаќаат“ – истакна Најчевска.
Таа смета дека овој случај не е дел од беспоштедната и систематска борба за неказнивост на високи функционери кои го прекршиле правото, туку поединечен случај со кој ќе се исцрпи истрагата на другите случаи. Несфатливо е како случајот беше брзо процесуиоран, а нема решение за другите случаји во кои биле вмешани други високи  функционери, како Јанкулоска, Мијалков, Камчев.
18-06-2020, 09:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Барањето на Боки за 25 јуни сериозен тест за Судот

[Image: boki-13.png]

19.06.2020  
Вчерашното барање на Бојан Јовановски-Бојан 13 да му се овозможи на 25 овој месец да поднесе кривични пријави против сите лица за кои знае дека учествувале во криминални дејанија е сериозен тест за Судот, особено за судијката Васка Николовска-Масевска, која го водеше случајот „Рекет“.
Судијката Николовска-Масевска во текот на процесот одржа брифинг со новинарите, кои го следеа процесот, и тогаш, меѓу другото, изјави дека одвај чека да ја напише пресудата. Тогаш судијката беше претставена како судија која за првпат воведува таква пракса со новинарите и најави и друг брифинг, но по се изгледа корона вирусот придонесе за пореметување на плановите. На тоа се надоврза уште едно признание-нејзината дозвола да се снима и фотографира Судечкиот совет, што исто така беше за првпат сторено од еден судија. Но, остана дилемата дали средбата беше организирана со вистинска желба за брифинг или да се искористи како можност за нејзино оградување дека не го видела доказот со бр. 82, а тоа беше фотографијата на која беше прикажан Зоран Милески-Кичеец во друштво со адвокати и познат брат на еден врвен политичар од власта.
Една од главните поенти на судијката Васка Николовска-Масевска на вчерашното објавување на пресудите за случајот „Рекет“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, беше враќање на вербата во судството кај граѓаните и оти тие имаат право да знаат кој и зошто им ја уништил вербата во правото и правдата.
Но, судијката Николовска-Масевска се лаже ако мисли дека тоа може само она да го стори тоа и само со една пресуда, па било да се работи за случајот „Рекет“. Не само затоа што апсолутно не се покажа и докажа каде точно завршиле парите на бизнисменот Јордан Камчев, туку неспорниот факт дека ваков процес не може да биде имун и без длабока вмешаност на највисоки политички фактори во државата.
Човек може да биде малициозен и веднаш да забележи дека Судот донел одлука каква што донел не врз основа на докази, туку врз основа на лично убедување на надлежната јавна обвинителка. Зашто, самата таа призна пред новинарите дека нејзино лично убедување е дека парите завршиле кај Боки-13 и скапата играчка наречена телевизиски медиум. Затоа, мора да се причека деталното образложение на пресудата и каде Судот ги видел доказите и фактите. Со конкретни докази и факти беше потврдено дека Боки-13 потрошил само 150.000 евра. За остатокот немаше приложена ниту една друга сметка, фактура, платна листа, сметки за струја, вода… Ништо од тоа.
Исто како што немаше конкретен доказ дали Јанева ги земала 50.000 евра и каде, всушност, завршиле тие.
Значи, за се ова Судот ќе треба да даде детални образложенија.
Ако Судијката Николовска-Масевска навистина сака постепено да се враќа довербата во правосудството кај граѓаните, тогаш прво што треба да стори е на Боки-13 да му овозможи да ги поднесе најавените кривични пријави. Дали и колку ќе бидат тие издржани и оправдани е работа на надлежното обвинителство. Но, Судијката мора да овозможи да биде направен првиот чекор.
(This post was last modified: 19-06-2020, 07:40 PM by ЈорданПетровски.)
19-06-2020, 07:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Јовески нема да се сретне со Боки 13


June 19, 2020 

[Image: Ljubomir-Jovevski-960x682.jpg]

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески за „А1он“ вели дека нема да се сретне со Бојан Јовановски- Боки 13, но и дека кривичните дела за кои вчера зборувал во Судот, имал безброј можности да ги пријави и досега.
-Тој мисли дека со мене може да постапува како со градоначалниците кои ги викаше на состаноци за да градат старечки домови, но тоа кај мене не поминува. Кривични дела не се пријавуваат кај Републичкиот јавен обвинител, туку во Обвинителството. Тој еднаш побара средба со јавен обвинител, јас испратив и беше посетен во притворот, со присуство и на неговиот бранител, со намера ако има докази и сака да пријави, да земе кривична пријава на записник. Ако Бојан Јовановски немал доверба во обвинителот кој ја водел истрагата, судењата беа јавни, тој можеше да изложи и какво дело и со кои докази располага, доколку има закани да каже кои се закани и од кого се тие закани. Но, Јовановски никогаш не презентираше сериозни докази или наводи. Мислам дека се уште го држи тоа, дека може со сите да постапува како што правеше со градоначалниците и новинарите кои ги собираше. Тој си прави забави и сака и мене да ме вовлече во нив. Правото е сериозна работа, вели Јовески за „А1он“.
Според него, тврдењето на Јовановски дека „парите земени од Рекет завршиле кај Заеви е противречно.
-Ако ја анализиравте одбраната, како што знам јас преку вас медиумите, беше дека нема пари во торбата. Сега по објавувањето на пресудата вели прашајте ги Заев и брат му кај се парите. Противречно е. Тој е во елемент да прави шоу и забава, а кривичното право е сериозна работа,
смета Јовески.
20-06-2020, 12:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Гајзер: Заев е минато во политичката арена, случајот Рекет е само почеток

20. Јун 2020




[Image: 20200620_125653-960x800.jpg]

Се надевам, како и поголемиот број Македонци, дека пресудата за случајот „Рекет“ е само почеток. Мислам дека јасно докажав дека врвот на криминалната пирамида бил политички, како и дека политичкиот врв тесно соработувал со дел од правосудниот систем, вели во интервју за српски „Ало“, словенечкиот геополитички експерт и публицист Ларис Гајзер, кој ги објави снимките за аферата „Рекет“.
Сепак, додава тој, не можеме да очекуваме дека виновниците ќе се одудат самите себеси.
На крајот на краиштата, дури и Јавното обвинителство го водеа истите лица за кои открив дека се поврзани со огромен мафијашки октопод развиен за време на владеењето на Зоран Заев,вели Гајзер.
Прашан дали по пресудата на Боки 13 и Катица Јанева очекува нови обвиненија, Гајзер смета дека таквата слика ќе се промени по изборите во Македонија, посебно доколку Трамп освои втор мандат.
Последните месеци Зоран Заев бараше што побрзо избори затоа што тој беше преплашен од можната казна. Сега може малку да здивне, но после изјавите на Боки 13 во судот, дека парите може да се пронајдат кај браќата Заеви, можеме да очекуваме почеток на вториот круг. Со променето политичко опкружување и во чист судски систем, сигурен сум дека Боки и Катица ќе изнајдат храброст да ја раскажат целата приказна за многу тажжниот дел од македонската историја, смета Гајзер.
Според словенечкиот новинар, поранешниот премиер Зоран Заев уште во август минатата година станал безначаен во меѓународното опкружување.
По речиси една година од моите текстови, никој во светот не верува во неговата невиност. Според тоа, тој е бескорисно за вистинските политички играчи. За Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, тоа е политичко самоубиство дури и ако сè уште ги води како лидер на следните избори. Неговата присутност ги осудува да бидат поразени. Сите овие се добри аргументи во корист на ставот дека тој е минато во политичката арена, со или без продолжување на судските постапки, потенцира Гајзер.
20-06-2020, 12:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Боки 13 во обвинителство- поднесува кривични пријави против функционери и бизнисмени

25.06.2020
Бојан Јовановски- Боки 13 претпалднево од истражниот затвор во Шутка е префрлен во скопското обвинителство откако Кривичниот суд му дозволил да се сретне со обвинител и да пријави кривични дела, како што најави на изрекувањето на првостепената судска пресуда во случајот Рекет, кога беше осуден на 9 години затвор.
Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски за Телма изјави дека пријавите ќе бидат поднесени на записник и сите сознанија ќе бидат предадени на обвинителите.
Дуковски не прецизираше против колку лица и против каков профил на луѓе се однесуваат пријавите, а Јовановски претходно тврдеше дека има докази за злоупотреби и на функционери и на бизнисмени.
На изрекувањето на пресудата Јовановски ги кажа имињата на екс премиерот Зоран Заев и неговиот брат како лица каде завршуваат пари од рекетот. Заев тоа го негираше.
Во случајот Рекет покрај Јовановски, осудена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на која и беше пресудена казна од седум години затвор. Јовановски е осуден во прв степен за „примање награда за противзаконито влијание” и за „перење пари” , а Катица Јанева за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања”.
Казната се однесува на рекетот од милион и пол евра кој бизнисменот Орце Камчев го дал за да се олесни неговата состојба во истрагата на СЈО Империја. Јовановски го спомна и Камчев како лице кое ќе го пријави на обвинителството.
(This post was last modified: 25-06-2020, 01:22 PM by ЈорданПетровски.)
25-06-2020, 01:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Пред средбата со обвинителот
Дуковски: Добив повик и закана дека ако Боки зборува ќе биде убиен

Непосредно пред да дојде Бојан Јовановски во обвинителството, од непознат број ми се јави машки глас и ми рече: „кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“. Овој случај веднаш го пријавив во полиција, изјави за МКД.мк Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски.


[Image: mkd-453071.jpg?itok=OqmAqjAb]


25.06.2020
Дуковски прашал кој се јавува, но добил одговор: „ти рековме да не прашуваш многу туку само да му пренесеш на педерот дека ако збори ќе го убиеме“. Адвокатот рече дека тој не добил никаква закана.
За ова вечерва конференција за медиумите одржа и Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред  Јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд рече дека парите од рекетот завршиле кај Зоран и Вице Заев? Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина? Преку телефон додека истиот е на суд со неговиот адвокат пред јавен обвинител од непознат број и со мутиран глас некој денеска му се закани на адвокатот со зборовите – Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите. Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред Јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник, но и во кривична пријава“, рече Стоилковски.
Бојан Јовановски, осуден за случајот „Рекет“, утрово на негово барање бил спроведен во Јавното обвинителство и имал средба со обвинител. Тој наводно поднел две пријави против неколку политичари и бизнисмени за повеќе кривичи дела како противзаконито посредување, изнуда, давање лажен исказ, измама, тортура… Кривичните пријави биле поврзани со предметите „Рекет” и „Меѓународен сојуз”. Најавено е дека Јовановски ќе поднесе и други кривични пријави на 3 јули.
26-06-2020, 12:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Дуковски ги потврди заканите за Боки 13: „Пренеси му на педерот дека ако збори ќе го убиеме“

25.06.2020
Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски во изјава за МКД.мк вели дека непосредно пред да дојде Јовановски во обвинителството, од непознат број му се јавил машки глас и ми рекол: „кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“.
Случајот веднаш го пријавил во полиција.

Дуковски прашал кој се јавува, но добил одговор: „ти рековме да не прашуваш многу, туку само да му пренесеш на педерот дека ако збори ќе го убиеме“. Адвокатот не добил никаква закана.
Попладнево реагираше и Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд рече дека парите од рекетот завршиле кај Зоран и Вице Заев? – праша Стоилковски.
26-06-2020, 12:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Мутирано АЛО АЛО

26.06.2020 12:26

Вчерашната изјава на адвокатот на Боки 13 која порталите заради атрактивноста, претпоставувам бомбастично ја пренесоа, а богами и ВМРО ДПМНЕ дури и прес конференција одржа, да бидам искрен ич не ме возбуди или трогна, едноставно ми беше смешно и само ме потсети на мутираното АЛО АЛО на кое бев жртва цела една година од истите што сега кукаат дека некој ќе им ја симнел главата. Од сопствено искуство можам да претпоставам кој е инспираторот за вчерашната бомбастична заканувачка прикаска.

[Image: img_1487.jpg]

Да бидам искрен, да не беше сведочењето на Орце Камчев во кое ја раскажа епизодата со мутирано АЛО АЛО на мојот телефон, според кое тој бил сведок на такви сеанси за забава на кои Боки и Сергеј ми се јавувале едноставно да си пополнат време и да ме вознемируваат, напати и со морбидни приказни во кои не беше поштеден и мојот покоен син.
Искрено подолго време бев повеќе од вознемирен и дури сега сфатив колку сум бил наивен кога заедно со Бојан пријавивме кај министерот Спасовски и во одделот за сајбер криминал дека сме жртви на сајбер криминал од странци. поточно истражители од некакво Канадско биро за истрага како што се преставуваа.
Пријавив и во банката бидејки во тие јавувања мутираниот глас ми ги издиктира личните генералии, адреса на живеење па дури и матичниот број и бројот на трансакциската сметка. И да не гњавам, тоа траеше речиси до лишувањето на Боки од слобода и јас бев во заблуда дека навистина јас и тој сме жртви на одвратно малтретирање, а ни на крај памет не ми беше дека главниот играч или, ако сакате, инспиратор, за жал бил токму Боки, момчето кое јас искрено го почитував, без разлика на сите предрасуди што во јавноста се вртеа околу него. Да знаев порано кои биле вистинските телефонисти-мутанти можеби и јас ќе најдев некој адвокат, тој ќе најдеше заинтересирана партија и ете ти топ прикаска за забава на народот, особено во предизборие.
П.С.
Нека ми прости Боки, адвокатот негов не оти тој е платен да употреби се за да го одбрани тој кој што го плаќа, ич не се ситам на се што му се случува, но сепак изборот бил негов. А за мутираните АЛО АЛО јавувања никогаш, ама никогаш нема да им простам него и на Сергеј, тие најдобро знаат зошто. Така што, вчерашното запомагање на адвокатот и партискиот прес се само евтина приказна во режија на Боки слична како онаа дека, не дај боже, има рак. Сепак јавноста се забавува ама тврдам, на вакви итроштини тешко дека ќе поверува.
Ацо Кабранов



Quote:адвокатот на Јовановски реагира на пишувањата на „либертас“

Дукоски до Кабранов: Јас го нудам да се вештачи мојот мобилен телефон за да се утврди дали некој од непознат број ми се јавил, што вие ќе понудите?

28.06.2020
Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски, реагира на текстот на новинарот Ацо Кабранов на порталот „Либертас“. Во текстот со наслов „Мутирано ало ало“, Кабранов го обвинува Дукоски оти лаже дека некој му се јавувал на неговиот мобилен телефон и оти упатувал закани за Боки 13.
Кабранов во текстот вели дека сево ова му налкува на истата ситуација во која тој се нашол пред една година кога некој му се јавувал на мобилниот телефон.
Дукоски во реакцијата вели дека Кабранов во текстот изнесува ноторни лаги и дека причината за тоа е голо додворување кон СДСМ.

Quote:Еве јас го нудам да се вештачи мојот мобилен телефон за да се утврди дали некој од непознат број ми се јавил во тој период како и обвинителот за настанот кој ја примаше кривичната пријава на Јовановски.  Внимавајте, вие само повикан „бард“ на новинарството тоа известување е дадено под моја опомена дека тоа што го изјавувам мора да е вистина под закана од кривична одговорност. Што вие ќе понудите и што воопшто може да понудите дека сте сигурни во стилот „тетке-стринке“ кафе муабети,. Што? Жолт печат се претвара во кал-вели Дукоски.


Тој му објаснува на Кабранов оти никогаш не изјавил дека гласот бил мутиран туку дека бил чуден, што е битна разлика.


Quote:Правите паралела со вашиот случај i наоѓате заеднички именител во мутираниот глас и во едниот и во другиот случај па ако вас некој ве доведувал во заблуда или лажел тоа значи дека и јас лажам. Ако некој воопшто ве доведувал во заблуда,тоа е ваша работа а не моја-додава Дукоски.


[Image: boki-13-sasho-dukoski-reket-3-640x361.jpg]

Адвокатот реагира и на обвнувањето на Кабранов за некакви пари за неговиот ангажман за за тоа што го застапува Јовановски

Quote:Браво новинарски „барду“. Колку што се сеќавам и вие работевте за истата телевизија каде шеф ви беше токму мојот сегашен клиент. Или ги заборавивте тие времиња. Зошто се до неговото апсење уредно работевте во телевизијата и први го напуштивте „бродот кој тоне“. Од љувов или можеби за пари?- го потсетува Дукоски Кабранов.
 
29-06-2020, 02:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:

03-07-2020, 12:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Позната листата на Боки: Цела фамилија Заеви, Спасовски, Кирацовски, Силјан Мицевски, Камчев, Кабранов

[Image: reket-megjunaroden-sojuz-sdsm-boki-13.jpg]

На социјалните мрежи се појави листа на сведоци кои ги повикува бранителот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски во случајот Меѓународен сојуз“.
На листата се наоѓаат триесетина политичари, бизнисмени, новинари кои и и досега се поврзуваа со Јовановски во претгходниот случај „Рекет“.


[Image: Boki-krivicni-1.jpg]

Меѓу најзвучните имиња се лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, неговиот брат, Вице, братучедот Трајче, потоа Александар Кирацовски кој беше често во друштво со Боки, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, министерот за транпорт Горан Сугаревски.


[Image: Boki-krivicni-2.jpg]


Потоа директорката на УЈП Сања Лукаревска, премиерот Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Шилегов, како и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев.
На листата на сведоци се повикани и бизнисмените Орце Камчев и Силјан Мицевски. Треба да се појави и судијката Агапи Дика како и пријателката на Боки текстописецот Марина Туцаковиќ. Повикан е дури и новинарот од неговата телевизија, Александар Кабранов.


[Image: Boki-krivicni-3.jpg]

Случајот „Меѓународен Сојуз“ се одложи бидејќи дел од обвинетите бараат изземање на обвинителката Вилма Рускоска.
(This post was last modified: 10-07-2020, 12:33 AM by ЈорданПетровски.)
10-07-2020, 12:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Држен сум по секоја цена во притвор, додека вистинските криминалци шерифуваат и командуваат


[Image: pismo-boki-1.jpg]

10.07.2020
Почитувани претставници на медиумите, почитувана јавност, стручна јавност, почитувани претставници на дипломатскиот кор во нашата држава. Преку ова соопштение сакам да ви соопштам неколку важни факти и околности, повикувајќи се на начелото на транспарентност и начелото на висок степен на јавен интерес.
Поради степенот на јавен интерес и заложбата за вистинско владеење на правната држава, јас, Бојан Јовановски како подносител и пријавител на кривичните дела би сакал да ве информирам дека се работи за сторени кривични дела кои се сторени во изминатиов период и за истите кривични дела поседувам докази кои ги предавам пред надлежниот обвинител тука во ОЈО.
Сакам да ве информиран дека овие пријави за сторените кривични дела ги давам со целосна недоверба кон целиот јавно обвинителски систем во нашата земја, и токму поради таа основана недоверба побарав мониторинг од страна на меѓународната заедница и пријателските земји на кој главна заложба и императивна заложба е вистинското владеење на правната држава, а не користење на маркетинг политички трикови дека завладеала правната држава во оваа земја, а вистината е дека нема ни – П, од правна држава, туку само еден дерогиран правосуден систем во директна спрега со извршната власт.
За да се избегнат сите шпекулации. Јас со ова соопштение Ви кажувам дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, лица политичари кои се дел од актуелната извршна власт, за лица од бизнис секторот, за неколку цивилни лица блиски до политичарите и носителите на јавни функции. Кривичните пријави се однесуваат на предметот „Рекет“, за сите неодговорени прашања за случајот „Рекет“ каде сум првостепено осуден. Кривични пријави поврзани со случајот кој е во судска постапка – „Меѓународен сојуз“, но и за сторени кривични дела за кои јавноста не е запознаена, а јас сум бил директен сведок, а се многу сериозни кривични дела, и за кои кривични дела се истите сторители, носители на јавни функции заедно во соизвршителство со членови на нивните семејства и нивни блиски соработници и сопартијци.
Почитувани, со оглед на степенот на кривична одговорност, за моите кривични пријави, за сензитивноста и доверливоста на сите факти кои ги изнесувам пред надлежниот обвинител, уште еднаш апелирам активно влучување на независни меѓународни правни тимови. Поради фактот што уште во месец ноември 2019 побарав да бидам изведен пред Републичкиот Јавен Обвинител – Љубомир Јовевски, но бев грубо и дискриминирачки одбиен преку негови изјави за медиумите со што го доведе во прашање својот професионален и личен интегритет и дигнитет. Бидејќи покажа селективност, предрасуди и исклучителна непрофесионалност делејќи лични квалификации за мене.
Во тоа име, и во име на вистината ќе ве молам побарајте го писмото кое му го испратив на Г-дин Јовевски во месец ноември да ви го даде на увид и да ја видите целата содржина на тоа писмо, за да нема забуни дека јас сум решил да пријавувам откако ме осудиле првостепено. Не, тоа е невистина. Барав да бидам изведен пред него – Републички Јавен Обвинител, многу порано од првостепената пресуда донесена без докази, само од политички причини, политички желби, и мотиви на политички поединци кои се директно засегнати.
Кривичните пријави се однесуваат на повеќе кривични дела опишани во кривичниот законик на Република Македонија, и тоа: Се работи за кривични дела: 1. Злоупотреба на службената положба и овластување, 2. Трговија со влијание, примање награда за противзаконско влијание, 3. Уцена, 4. Изнуда, 5. Измама, 6. Тортура, 7. Обид за убиство, 8. Шпионажа, 9. Повреда и кршење на Уставот на Република Македонија, 10. Противправно присвојување на предмети при претрес или во постапка на извршување, 11. Давање на лажен исказ, 12. Местење тендери , злоупотреби при јавни набавки, злоупотреба и оштетување на Буџетот ( Кривични дела против јавните финансии ), 13. Противправно стекнување и прикривање имот, 14. Несовесно лекување, 15. Неукажување на лекарска помош, 16. Расна и друга дискриминација, 17. Изработување и набавка на оружје и средства за извршување на кривично дело, 18. Изборна измама, 19. чл. 215 – Неовластено производство на дрога, 20. Злосторничко здружување.
Почитувани, јас ќе ги почитувам одредбите од ЗКП и поради тајноста на предистражната постапка нема да ги наведам имињата на сторителите на погореспоменатите кривични дела.
10-07-2020, 03:16 PM
Reply