Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДУИ БАРА АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Ахмети: Време е за премиер Албанец

[Image: ali-ahmeti-6.jpg]

5 јуни, 2020 14:32
Време е за премиер Албанец, е пораката што лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети ја испрати денеска пред членството и симпатизерите на одбележувањето на 18 години од основањето на партијата.

порача Ахмети. Wrote:„Ние го започнавме овој пат заедно пред 18 години, заедно се соочивме со секој предизвик и веруваме еден во друг. Заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори. Да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа и тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот Албанец премиер на земјава!“,

Денеска кога земјава е полноправна членка на НАТО и преговара со Европската Унија, вели Ахмети, Албанците имаат јазична рамноправност, а целосно е имплементиран и нормативниот дел од Охридскиот договор.

додаде Ахмети. Wrote:„Со три универзитети на Албански јазик, со училишта, болници, градинки, патишта, институции, денес го инсталиравме и начелото на консензуалност и во одлучувањето и во изборот. Како Албанци и граѓани на оваа држава раководевме и со Собранието, Министерството за одбрана и за внатрешни работи, Народниот правобранител и Државниот правобранител, Врховниот и Уставниот Суд, но сега дојде време за нешто поголемо“,

Според него, алтернативата во Албанската политичка сцена во земјава е раздор на гласот и ослабување на Албанската политичка волја. Тој смета дека тие произлегуваат од раздор и отцепувања, а не од волјата на граѓаните со цел за подобро дејствување.

додаде Ахмети. Wrote:„Секогаш повторувам дека не ни треба дефакторизација на Албанскиот глас во толку многу партии и со локално, а не целосно застапување. Фрлете им око на таканаречените лидерски средби и не заборавајте го чувството кое ви ја создава таа слика“,
(This post was last modified: 07-06-2020, 08:39 PM by ЈорданПетровски.)
07-06-2020, 08:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Заев до Ахмети: Јас ќе бидам премиер на сите граѓани

 5 јуни, 2020 14:52
По изјавата на Али Ахмети дека е време за прв премиер Албанец на земјава, лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за ТВ 21 вели дека премиер ќе биде оној кој ќе добие поддршка, а не според етничката припадност.

вели Заев. Wrote:„Во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник. Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат“,

Според него, граѓаните во нашето општество сè повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат пред сè од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за поволност на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните.

вели Заев. Wrote:„Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години. Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада“,
(This post was last modified: 07-06-2020, 08:38 PM by ЈорданПетровски.)
07-06-2020, 08:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Груби: Премиер ќе биде оној кој ДУИ ќе го предложи, тоа што сме го наумиле, ќе го оствариме

07.06.2020
Артан Груби, во изјава за ТВ Сител вели дека тоа што неговата партија ќе го науми, тоа и ќе го оствари.
„Сметаме дека е дојдено време и сметаме дека ќе успееме. Тоа е последната работа за надминување на предрасудите. Македонските партии не се воодушевени, оти знаат дека што и да вети ДУИ тоа ќе го исполни. Тоа значи дека ниту еден од тие лидери на македонски партии нема да биде премиер, туку ќе биде личноста што ние ќе ја предложиме“, вели Груби.
„Тоа што ќе го вети тоа и ќе го оствари. Тоа го знаат и граѓаните Македонци, Албанци и сите други во нашата држава. Знаете првиот претседател на Собрание Албанец во нашата држава ги немаше потребните 61 глас само од страна на ДУИ туку мораше консензуално да се донесе одлука за да поддржиме личност како господинот Талат Џафери за претседател на Собранието. Исто така, господинот Зоран Заев не ги победи изборите во 2016 година туку имаше 49 пратеници и мораше да направи консензус со другите политички партии за да го добие мандатот за претседател на Владата. Затоа, со консензуалната политика којашто ја наметнавме при претседателските избори и при локалните последните избори сметаме дека таа консензуалност ќе надвладее и ќе успееме да имаме прв Албанец премиер на Македонија“, изјави Груби.
07-06-2020, 08:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Ахмети: Некои се потсмеваат за идејата прв премиер Албанец, но истите тие кренаа бело знаме во 2001 година!

10.06.2020
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска имаше обраќање на кое ја образложи идејата за прв премиер Албанец.
Во продолжение неговото обраќање:
Браќа и сестри! Се има свој почеток, се започнува со еден сон. Сите ние имаме свои сништа, за нашите деца, за нас, за земјата. Ние Албанците сонувавме за слобода, за рамноправност и се боревме овој сон да стане реалност. Кога веруваме во нешто, ние сме спремни да жртвуваме се. Како Албанци, ние секогаш знаеме како да се обединиме за заедничките цели, кога тоа било важно и одлучувачки, за време на војната, за време на кризата и за време на нашите постојани напори за рамноправност и интеграција.
Ова е причината зошто ние заедно постигнавме многу во нашата историја како Албанци во Северна Македонија. Охридскиот Договор се спроведува. Албанскиот јазик веќе има рамноправен и службен статус исто како и нашето знаме. Преспанскиот Договор е потпишан и Уставот е изменет. Ние сме полноправна членка на НАТО и преговараме за членство во Европската Унија.
Денес, повеќе од било кога, Албанците предводат раководни позиции како претседатели на Врховен и Уставен Суд, Министри за Одбрана и Внатрешни работи заедно со клучни државни институции како и Претседателот на Собранието.
Но сепак, ова не е доволно. Сега е време сонот да продолжи. Време е за поголеми сништа, затоа што дојде време да постигнеме повеќе. Северна Македонија е наша земја. Земја за која сме се бореле. Ние имаме еднакво право во нејзината историја, наследство, економија и во иднината на нашата земја.
Сега е време за потполна рамноправност, за превземање на одговорноста за раководење! Време е за првиот Премиер Албанец во Северна Македонија! Некои можат да ја наречат оваа идеја неостварлива. Некои можат и да ја потсмеват нашата доверба во остварување на сонот на многу Албанци. Сепак,  и тоа е добро. Кога некој ти го одрекува сонот, те поттикнува да работиш уште повеќе за да го оствариш.
Кога сонувавме за слободата во 2001 година, истата категорија на луѓе, исто така се потсмеваа и го кренаа белото знаме. И, ако само пред неколку години ќе им речевме дека ќе дојде време кога Претседателот на Собранието на Северна Македонија ќе биде Албанец, многумина од нив немаше да поверуваат, како што не веруваат ниту денес.
Сигурно многу луѓе исто така немаше да веруваат дека Албанскиот јазик ќе биде службен јазик во Северна Македонија, или дека знамето слободно ќе се вее и дека ќе имаме три Универзитета на Албански јазик. Но ние, неколкумина од нас кои се осмелија да тежнеат остварување на соништата, знаевме дека ќе успееме. Ние ова го постигнавме заедно. Како ќе го направиме тоа и сега. Заедно, ние ќе ја напишеме историјата за да ја изградиме иднината.
Заедно можеме да му покажеме на светот дека нашата земја навистина може да стане општество во кое сите можат да ги остварат нивните сништа и да се чуствуваат рамноправни. Во држава каде еден Албанец или Албанка може да стане Премиер и да биде достoен предводник кој ќе гарантира доживотно партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.
Ова е тоа што сакам да им го овозможам на нашите деца и нашите внуци: Довербата  дека ние можеме да постигнеме се што сонуваме. И за ова, треба да се обединиме!
Оваа идеја е поголема од секоја партија и секоја личност. Ова идеја не се однесува на ДУИ и секако најмалку се однесува на мене лично. Јас сум тука за да му го продолжам животниот век на процесот, да го предводам концептот, да станам мост и да го трасирам патот создавајќи околности за остварување на сонот, а останува на Вас да го спроведете. Јас сеам за Вие да жнеете. Јас сонувам за Вие да остварувате. Јас ќе бидам храбар за Вие да го доживеете тоа.
Кога сме заедно, сме посилни. Ова е национална Албанска кауза. Ова е нашиот национален сон. Сонот на потполната рамноправност, сонот на едно општество што зборовите ги спроведува во дела.
Првиот Албански Премиер ќе биде Премиер на сите. Премиер на рамноправост: еднакви работни места, еднакви плати. Премиер на еднаквите права и на неселективната правда. За Албанците и за сите. Првиот премиер Албанец ќе раководи нова генерација на политиката, претставувајќи еднакво општество и предводејќи ја Северна Македонија кон побогата иднина како земја членка на НАТО и на Европската Унија.
Премиер кој обединува и ќе започне нова епоха не само во Албанската историја, туку и во таа на Северна Македонија, дури и во Европската историја.
Сега е време. Време е да се обединиме, време е повторно да дејствуваме. Ова е повик до сите Албански партии и сите граѓани Албанци и други, за да ја поддржат нашата кауза, која е поголема од сите нас. Сега е време заедно да ја создадеме историјата. Не е само сон, ова е наша можност. Ова е наша можност да градиме ново општество во кое нашите деца ќе постигнат се што ќе сонуваат.
Време е за првиот Премиер Албанец во Северна Македонија.
За нас, за нашите деца и за нацијата. Не ја пропуштајте храброста да сонувате, не ги гасете Вашите сништа, верувајте во себе и соништата ќе се остварат, рече Ахмети.
10-06-2020, 01:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Струга ќе ги водат Албанци, не веруваат ни во првиот албански премиер

17. Јун 2020. @ 17:47

[Image: Screenshot_20200301-115416-1.jpg]
Бујар османи

ДУИ е упорна во својата кампања дека Албанец треба да биде премиер на земјава.
Дека верува во тоа денеска утрово на својот фејсбук профил напиша вицепремиерот Бујар Османи.
Тој излезе со емотивна порака до сите оние кои немаат таква верба, набројувајќи во што досега граѓаните на земјава не верувале, но тоа се остварило, за што според него, е заслужна неговата партија.
„ВЕРУВАМ!
– Оние кои не веруваат во борбата за еднаквост,
– оние кои не веруваат дека ќе се направат уставните измени од 2001 година,
– оние кои не веруваат дека албанското национално знаме ќе стане официјално,
– оние што не веруваа дека Кичево ќе го водат Албанци,
– оние кои не веруваат дека Струга ќе ја водат Албанци,
– оние кои не веруваат дека Град Скопје ќе има две албански општини,
– оние кои не веруваат дека албанскиот јазик ќе стане втор официјален јазик на државно ниво,
– оние кои не веруваат дека Универзитетот во Тетово ќе стане официјален,
– оние кои не веруваат дека Скопје ќе има државен универзитет на албански јазик,
– оние кои не веруваат дека приватниот универзитет во Штутл ќе биде поддржан од државата,
– оние кои не веруваат дека ќе се постигне договор со Грција,
– оние што не веруваат дека ќе станеме членка на НАТО,
– оние кои не веруваат дека ќе започнеме разговори со Европската Унија,
– оние кои не веруваа дека 25 илјади Албанци ќе започнат кариера во државната администрација,
– оние кои не веруваат дека државната полиција ќе дише албански,
– оние кои не веруваат дека Албанците ќе бидат во врвовите на државната армија,
– оние кои не веруваат дека слободата на изразување и критики, слободните медиуми кај Албанците ќе бидат позитивен пример,
– оние кои не веруваат дека Албанците ќе се вратат достоинствено во оваа земја,
НЕ ВЕРУВААТ ВО ПРВИОТ АЛБАНСКИ ПРЕМИЕР!“, напиша Османи на својот фејсбук профил.
17-06-2020, 09:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:ДУИ предупредува: Ако нема премиер Албанец, ќе нема ни влада

Ако Заев или Мицкоски дефинитивно ја отфрлат понудата, а ДУИ е победник на изборите во албанскиот политички блок и од нас зависи формирањето на новата влада, тогаш ќе нема ни влада, ќе има политичка криза и нови избори, брифира функционер од ДУИ.


Од Мариела Трајковска Објавено 19/06/2020 13:39:26
[Image: premier-albanec-750x416.jpg]
Фото: ДУИ

Ако нема премиер Албанец ќе нема ни влада. Ова сублимирано е позицијата на ДУИ со која ќе ги притиска Зоран Заев или Христијан Мицкоски во зависност од тоа кој ќе биде победникот на изборите, за реализација на понудата на Али Ахмети за прв премиер Албанец на Македонија, брифираат за Плусинфо функционери од ДУИ.
Кандидатот за премиер, како што најави Ахмети, ќе го соопштат на првиот ден од изборната кампања. Дознаваме дека во игра за кандидат за премиер се петмина интелектуалци од сферата на економијата и дека Ахмети ќе пресече кој ќе биде адутот кој ќе треба да ги „исфрли“ Заев или Мицкоски од престижната функција.
– Ако Заев или Мицкоски дефинитивно ја отфрлат понудата, а ДУИ е победник на изборите во албанскиот политички блок и од нас зависи формирањето на новата влада, тогаш ќе нема ни влада, ќе има политичка криза и нови избори– брифира функционер од ДУИ.
Според него, во таков случај ни СДСМ, ни ВМРО-ДПМНЕ нема да можат да направат влада, бидејќи ќе немаат доволно мнозинство, односно ДУИ како победничка партија кај Албанците повторно ќе инсистира на коалиција победник со победник, но овојпат и со премиер Албанец.
Од партијата не прецизираат како ќе спречат СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ да формираат влада со другите партии на Албанците, дали повторно ќе дејствуваат вонинституционално, со протести по улиците како по изборите во 2006 година. Од таму велат дека за тоа, органите на партијата ќе одлучуваат кога ќе дојде време.
Висок функционер на ДУИ е убеден дека ќе има влада со премиер Албанец и дека тоа го кажува компетентно и со основа.
– Платформата за прв премиер Албанец кај Албанците станува сѐ повеќе референдумско изјаснување. Концептот ги мобилизираше сите општествени слоеви кај Албанците, а секако добива секој ден сѐ поголема поддршка и кај другите заедници. Ова е лавина која нема да може да се спречи, а целта е благородна, еднаква шанса и целосна еднаквост за сите – вели функционерот на ДУИ.
Освен предлогот за премиер Албанец, Ахмети веќе ги испорача и другите црвени линии за владина коалиција – договорите за добрососедство и за името. Тој во интервју за косовска телевизија порача дека секој што е против Преспанскиот договор и против Договорот за добрососедство со Бугарија, не може да смета на партнерство со ДУИ во идната влада.
Од ДУИ за Плусинфо велат дека нема да има владина коалиција ниту со партијата која не го прифаќа законот за албанскиот јазик.
Од досега испорачаните црвени линии на Ахмети впечаток е дека тој и пред да се знае изборниот резултат ја елиминира ВМРО-ДПМНЕ како можен владин коалициски партнер.
И двете партии од македонскиот политички кампус кои претендираат за премиерската функција експресно ја одбија понудата на Ахмети за премиер Албанец.
Заев преку Фејсбук му порача на Ахмети дека ако СДСМ победи тој ќе биде премиер, а ДУИ добро би било да биде опозиција.
Мицкоски, пак, рече дека шпицен кандидат за мандатар е тој и дека народот одлучува кој ќе биде премиер.
Во ДУИ се изреволтирале и не очекувале дека Заев експресно и тоа преку Фејсбук ќе ја отфрли понудата на Ахмети за премиер Албанец.
– Не очекувавеме толку брза реакција од Заев и тоа преку Фејсбук – вели функционер на ДУИ.
Од партијата не откриваат дали по одбивањето на Заев и на Мицкоски, Ахмети разговарал со лидерите.
Дали Ахмети ќе остане на црвената линија за премиер Албанец или е само позиција во преговорите за состав на новата влада ќе се знае по 15 јули. Во спротивно, ДУИ ќе прави нова политичка криза оти очигледно не ѝ се оди во опозиција.
19-06-2020, 09:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Мицкоски за романтиката на ДУИ: Македонците не се граѓани од втор ред, ќе одговориме соодветно



[Image: .jpeg]


June 21, 2020
Невообичаена остра порака на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска од Куманово порача дека поминало времето кога ДУИ се чувствува комотно и романтично во Владата и најави соодветен одговор на уцените од Мала Речица.
Мицкоски одговорараше на новинарско прашање за вчерашната акција на активисти на ДУИ пред седиштето на неговата партија и на СДСМ за прифаќање на барањето за премиер Албанец.
„Она кое што сакам да им го порачам е да внимаваат како се однесуваат бидејќи на Македонците но и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред и таков тип на барања може да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство.
ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност во Македонија и ќе ја искористам оваа прилика да им се обратам и ним како политичка партија дека ваквата реторика и ваквиот начин на однесување не само што не носи добро туку напротив ја заострува ситуацијата во нашата држава.
Ние ќе одговориме соодветно затоа што поминаа времињата кога ДУИ ќе се чувствува комотно и романтично во Владата на Република Македонија“, рече Мицкоски.
ДУИ и денеска имаше прес-конференција на која порачаа дека консултациите за кандидатот за премиер се во тек.
21-06-2020, 02:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Зибери: Заев и Мицкоски не можат да го негираат правото на Албанците да имаат премиер Албанец


[Image: -Зибери.jpeg]

24.06.2020
„Реков ‘да’, затоа што верувам во идејата за прв премиер Албанец“ изјави Насер Зибери откако денеска во Преспа беше промовиран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како кандидат за премиер Албанец.
Зибери рече дека како поранешен пратеник неуморно се залагал за заштита на правата на Албанците, а беше и член на преговарачкиот тим пред постигнувањето на Охридскиот договор.
„Убеден сум дека оваа задача ќе ја исполнувам во името на сите граѓани, не само на Албанците туку и на другите заедници, без оглед на националноста, религијата, политичката припадност“.
Зибери упати и порака до лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев и Христијан Мицкоски! Вие не можете да го негирате правото на Албанците да имаат премиер Албанец, вие не сте газди и сопственици на оваа земја“, порача Зибери.
24-06-2020, 11:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Зибери најави мултиетничка химна и задолжителни часови по албански јазик во секое училиште

[Image: dui-naser-ziberi-2.jpg]

29.06.2020
Имплементирање на консензуално законодавство при одлучувањето и заедничка одговорност, еднаква дистрибуција на јавните инвестиции, задолжителни часови по албански јазик во секое училиште, нула данок на добивка за три години за секој вработен за прв пат под 35-годишна возраст, донесување на закон со кој се забрануваат казината и игрите на среќа во далечина од еден километар од училиштата, црквите и џамиите, се дел од приоритетите на владината програма на ДУИ, која на отворено пред Владата ги претстави кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери.

Quote:Ако сакаме подобар живот за себе во оваа земја, подобра шанса за идните генерации – треба да го промениме начинот на кој се прави политиката овде, треба да ја уништиме биполарноста на двете
најголеми македонски партии. Во оваа студена политичка војна, во оваа постојана војна меѓу тесните групи од интерес, никој не победи. Многумина извикуваа победа – но никој не преовлада. Сепак, едно е сигурно: дека ние, граѓаните, и Македонците и Албанците изгубивме. Ако не го запреме ова, за жал не само што ќе се изгубат битките од минатото, туку ќе се изгубат и битките за иднината.

Тој истакна дека во неговите ветувања до граѓаните нема генерички фрази, нема политички пароли, без замоци од песок во воздухот, туку има конкретни, искрени и достижни мерки што владата, како што рече,
мора да ги преземе што е можно поскоро во областа на економското закрепнување, заштитата на работните места, образованието, развојот на инфраструктурата, правдата и еднаквоста.
Со првиот столб, рече тој, е предвидено да обезбедуваме еднаквост за сите етнички припадности.

Quote:Македонците не треба да ја гледаат еднаквоста како закана. Никој не сака да земе ништо од нив – напротив, еднаквоста ќе им служи на сите нас и ќе ја придвижи нашата земја напред. Моето силно верување е дека она што е добро за Албанците во оваа земја е добро и за Македонците, рече тој.

Првата заложба во програмата на партијата содржи пет конкретни иницијативи:
1. Донесување и имплементирање на консензуално законодавство при одлучувањето и заедничка одговорност. Ова значи дека 10-те стратешки државни институции ќе управуваат заеднички од еден Македонец и еден Албанец, со заеднички права за потпишување.
2. Еднаква дистрибуција на јавните инвестиции. Ова значи дека главните економски одлуки (буџет, инвестиции, даноци) од страна на владата не можат да бидат донесени без поддршка од мнозинството членови на албанскиот кабинет.
3. Задолжителни часови по албански јазик во секое училиште, почнувајќи од 5-то одделение.
4. 13 август, денот на потпишувањето на Охридскиот договор, да се прогласи за национален ден.
5. Постигнување консензус за химната на нашата земја, да се рефлектира оваа разновидност – затоа што овој симбол не треба да биде симбол на исклучивост и нееднаквост, туку на сеопфатност и еднаквост.
Програмата предвидува државата да помогне и да обезбеди субвенции за сите оние кои сакаат да работат и да создадат работни места.

Quote:Итно ќе иницирам политика за нула даноци. Што значи: нула данок на добивка за три години за секој вработен за прв пат под 35-годишна возраст и нула даноци за компании за три години за секое самовработено лице под 35-годишна возраст. Ќе предложам владата да субвенционира 50 отсто од социјалните придонеси за секое ново вработување што ќе го подобри фер претставувањето на сите етнички заедници во приватните претпријатија, рече тој.

Во рамки на акциониот план, рече тој, е „подобар живот за нас, за нашите деца и внуци“.

Quote:Знам дека економската благосостојба е суштинска, но јас силно верувам дека времето кое го поминуваме со нашите најблиски може да нè направи подобри луѓе, а исто така може да ја подобри и нашата продуктивност. Затоа предлагам воведување флексибилно работно време во текот на неделата и половина работен ден во петок. Треба да донесеме закон со кој се забрануваат казината и игрите на среќа во далечина од еден километар од училиштата, црквите и џамиите. Почитувањето на оние кои работат за нашата иднина мора да биде далеку поголемо од ракување или само диплома. Затоа, ние мора да направиме финансиски напор да ги поддржуваме овие луѓе: да не ја напуштат земјата, да ги извршуваат своите работи правилно, да го заштитат нашето здравје и иднината на нашите деца. Предлагам минимална плата од 600 евра за секоја медицинска сестра, наставник и учител, рече Зибери.

Тој посочи дека во акциониот план им дава шанса на сите нови семејства.

Quote:Како прво, ќе го измениме законот за образование и ќе воведеме задолжително предучилишно образование, заедно со амбициозен план за реновирање и изградба на градинки во секоја општина; ќе обезбедиме грант од 20.000 евра навреме за секој нов земјоделец под 35-годишна возраст, рече тој.

Зибери на крајот спомна и неколку обврски зошто го прифатил назначувањето да биде прв премиер Албанец.

Quote:Обврска за создавање општество за нашите деца, каде можат да живеат во мир и просперитет, каде ќе можат да ги остварат своите соништа, каде што имаат еднакви можности. Обврска да се изгради место каде што нашите деца нема да имаат потреба да емигрираат, затоа што ќе имаат исти или дури и подобри можности овде, каде се родени и каде имаат дом. Обврска за промена на политиката во оваа земја. Да се стави крај на дуополот на моќта што ја задржа нашата земја заглавена во политички војни и економска регресија, рече Зибери.
30-06-2020, 12:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Ахмети: Ни куршум ни сила не може да ја унишат идејата за премиер Албанец


July 6, 2020

[Image: -1.jpg]

Нема ниту куршум ниту сила што може да ја уништи идејата за премиер Албанец бидејќи идеите не можат да се убијат, тие триумфираат, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средба со поддржувачите на оваа партѕија во Дебар.
„Ние не влеговме во трка за да се шегуваме за првиот премиер Албанец, не сакаме и не го правиме тоа за да го подобриме угледот ниту да ја поправиме историјата на ДУИ, ниту пак да ја збогатам мојата лична историја, бидејќи нема поголеми моменти од тоа што се знае дека јас сум победник на двете војни во Косово и војната во 2001 година“ рече Ахмети.
Ние излеговме со ова идеја за да победат Албанците бидејќи тие се сопственици во ова земја и нема причина некој да биде толку загрижен, како што ги гледам моите колеги Зоран и Мицковски и неколку помали кои не ги познавам и не ги памтам имиња. Нашата идеја за премиер Албанец ги води процесите напред, ја зголемува довербата помеѓу заедниците. Ништо лошо нема да и се случи на ова земја каде за пример може да ги земаме Кичево и Струга, наспроти многуте реакции, иако луѓето тука имаат соживот“, порача Ахмети.
06-07-2020, 02:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

[Image: 107376455_3292276704126797_1314058727082...e=5F2A4C14]
07-07-2020, 01:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote: Тачи: Ако има Влада без Албанци, тогаш можно е да има војна
Али Ахмети тврди дека неговата партија е за интеграција, а 20 години наназад е всушност националистичка партија. Тој е голем манипулатор и постојано провоцира. Ако нема Влада без Албанците, тогаш може да има војна - рече Тачи.

Од плусинфо
Објавено 07/07/2020 20:47:00
[Image: taci-1-750x430.jpg]

Не може да има Влада без Албанци, бидејќи таквиот потег ќе доведе до војна, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во гостување на ТВ21.

– Али Ахмети тврди дека неговата партија е за интеграција, а 20 години наназад е всушност националистичка партија. Тој е голем манипулатор и постојано провоцира. Ако нема Влада без Албанците, тогаш може да има војна – рече Тачи.
Тој во емисијата зборуваше и за изборната програма на ДПА, инвестициите и државниот буџет и заканите кои ги добил. Меѓутоа не сакаше да зборува за имиња бидејќи, како што рече, случајот е под истрага.
 
07-07-2020, 10:07 PM
Reply