Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ КЕ СЕ ПОВТОРИ 1994 ГОДИНА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,068
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:МВР ја потврди пријавата за нападот врз Дурловски




[Image: -300x200.jpeg]

02.06.2020
МВР попладнево потврди дека денеска во 12.50 час во Полициска станица , лицето Игор Дурловски пријавил инцидент.
“На 02.06.2020година околу 11.14.часот на ул.11-ти Октомври на семафорите правец према Центар додека бил престроен на средна лева лента со неговото возило марка Фиат 500 со рег бр.СК-7…АТ на лева лента било престроено возило ПМВ марка БМВ црна боја со бугарски ознаки ЦБ-0404-АМ при што возачот Ф.А. викан Сокол, во возилото го отворил прозорот и му се обратил со зборовите:
Ќе лежиш сто години затвор при што истиот продолжил право по што продолжил да вози паралелно со пријавиелот по што повторно со возилото застанал на семафорите на раскрсница ул.11-ти Октомври со ул.Филип Втори Македонски при што пријавителот го прашал да му повтори и истиот повторно му повторил дека треба да лежи сто години во затвор и почнал да го навредува со погрдни зборови и пцовки, при што откако се запалило зеленото светло на семафорот пријавителот тргнал со возилото и истите го одминале и возеле пред него каде на ул.Димитрие Чуповски со ул.Васил Главинов свртеле десно и повторно застанале на семафорите на расксрсницата бул,Партизански Одреди со бул.ВМРО, и откако се вклучило зелено светло истите пробале да го удрат со возилото на Дурловски, кон бул.Илинден и на ул.Аминта Трети свртеле десно према градски стадион. Пријавителот укажа дека бил цел на вербален напад, закани и загрозување на неговата лична сигурност и спречување на слободното движење”, се вели во информацијата од МВР.
02-06-2020, 10:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,068
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:“Кластерот СДСМ” откри “вируси” во службите за безбедност и финансии – Горан Момироски



[Image: Screenshot_20200602_171136-696x377.jpg]

02.6.2020
Присуството на коронавирусот кај потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на површина извади нелогични и можеби незаконски контакти меѓу кумашинот на Зоран Заев и важни луѓе во светот на македонската безбедност и финансии.
Податоците до кои денеска дојде Телма покажуваат дека препорака за самоизолација од епидемиолозите добиле 33 лица со кои бил во контакт Зекири.
“Дванаесет лица се од неговото семејство без сопругата и тримесечната ќерка. А по контакт со Зекири во изолација завршија вицепремиерката и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска, владиниот советник Марјан Забрчанец, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Во домашен карантин е и директорот на финансиската полиција Арафат Муареми и директорот на агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу”, објави денеска Телма.
Оваа информација ја отвара дилемата зошто Зекири имал контакт со Муареми кој води една од најмоќните владини алатки за пресметка со бизниси, медиуми и организации кои ги критикуваат Зоран Заев и неговата партија.
Уште поопасна за демократските односи во Македонија е информацијата за комуникацијата која што кумашинот на Заев ја имал со шефот на Агенцијата за разузнавање под контрола на претседателот Пендаровски.
Нејасно е зошто Зекири се среќавал со Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање за кого веќе се водат два предмети во Антикорупциската комисија.
Зекири не смеел да има приватни контакти со Муслиу затоа што е член на Собраниската комисија за надзор на работата на службите за безбедност затоа што приватна комуникација на член на комисијата со директорот кој е под надзор фрла сенка на целиот систем за контрола на тајните служби и е директно спротивен на препораките на Прибе и ЕУ.
За кои цели на еден месец пред изборите кои ги најавува СДСМ вториот човек во партијата се среќавал со шефови на тајна служба и финансиска полиција, инаку двајцата кадри на СДСМ, пред се треба да кажат инволвираните.
Објаснување должи и претседателот Пендаровски кој или дозволил комуникација на Муслиу со партиски потпретседател или воопшто не знаел дека директорот на АР на своја рака се среќава со Зекири.
Во двата случаи шефот на државата е ставен во незгодна ситуација правно или етички.
Детали за средбите може да даде и техничкиот премиер Оливер Спасовски под чија капа номинално е финансиската полиција.
Кој на Муареми му дозволил да се среќава со Зекири и дали тие средби биле приватни или службени односно партиски може да открие и Јавното обвинителство кое исто така по допрен глас може да истражува за партизација и нарушениот систем за безбедност и во Македонија.
Доколку тоа не се случи извесно е дека одговорот ќе дојде од странските набљудувачи кои во пресрет на почетокот на преговорите со ЕУ детално и ревносно ги следат злоупотребите на државните механизми за партиски цели и кои до авторот на овој текст ги доставија своите забелешки за “(не)европскиот начин на однесување” на дел од партиските функционери и високи државни функционери одговорни за стратешки прашања во државата.
02-06-2020, 10:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,068
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(02-06-2020, 10:22 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:МВР ја потврди пријавата за нападот врз Дурловски




[Image: -300x200.jpeg]

02.06.2020
МВР попладнево потврди дека денеска во 12.50 час во Полициска станица , лицето Игор Дурловски пријавил инцидент.
“На 02.06.2020година околу 11.14.часот на ул.11-ти Октомври на семафорите правец према Центар додека бил престроен на средна лева лента со неговото возило марка Фиат 500 со рег бр.СК-7…АТ на лева лента било престроено возило ПМВ марка БМВ црна боја со бугарски ознаки ЦБ-0404-АМ при што возачот Ф.А. викан Сокол, во возилото го отворил прозорот и му се обратил со зборовите:
Ќе лежиш сто години затвор при што истиот продолжил право по што продолжил да вози паралелно со пријавиелот по што повторно со возилото застанал на семафорите на раскрсница ул.11-ти Октомври со ул.Филип Втори Македонски при што пријавителот го прашал да му повтори и истиот повторно му повторил дека треба да лежи сто години во затвор и почнал да го навредува со погрдни зборови и пцовки, при што откако се запалило зеленото светло на семафорот пријавителот тргнал со возилото и истите го одминале и возеле пред него каде на ул.Димитрие Чуповски со ул.Васил Главинов свртеле десно и повторно застанале на семафорите на расксрсницата бул,Партизански Одреди со бул.ВМРО, и откако се вклучило зелено светло истите пробале да го удрат со возилото на Дурловски, кон бул.Илинден и на ул.Аминта Трети свртеле десно према градски стадион. Пријавителот укажа дека бил цел на вербален напад, закани и загрозување на неговата лична сигурност и спречување на слободното движење”, се вели во информацијата од МВР.



[Image: image.jpg]
02-06-2020, 10:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,068
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: image.jpg]
08-06-2020, 08:09 PM
Reply