Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШЕКЕРИНСКА СЕ НУДИ ЗА ГЕНЕРАЛ ВО УЧК
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ДАЛИ ЗА ШЕКЕРИНСКА И СДСМ ИМА НЕШТО ШТО Е НАД НИВНАТА ЖЕЛБА ЗА ВЛАСТ?

29.05.2020
[Image: image.jpg]  [Image: 1.jpg]

Зар е можно толку ниско да се падне за да се освои некој глас. Зар Шекеринска нема ни ронка пиетет кон загинатите и ранетите бранители, загинатите цивили, оние злоставувани цивили, киндапираните Македонци на кои до денеска не им се знае гробот.
Се надевам дека поракава која ја испраќа Шекеринска ке отрезни барем дел од оние кои беа подготвени да гласаат за Шекеринска, Заев односно ваквото антимакедонско СДСМ!
Уште една фотографија која ја потврдува веродостојноста на настанот!

[Image: 101025118_10219261689672005_633616233176...e=5EF82F46]
30-05-2020, 01:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Коментар на настанот од самата Шекеринска:

[Image: 2.jpg]
30-05-2020, 01:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(30-05-2020, 01:05 PM)ЈорданПетровски Wrote: Коментар на настанот од самата Шекеринска:

[Image: 2.jpg]



Quote:Karolina Ristova-Aasterud
7 hrs ·

Веќе постирав, ама ми исчезна, верувам технички ФБ проблем, ајде уште еднаш, по сеќавање:
Не, Радмила, во голема грешка си, и треба да ги признаеш, и грешката, и повредата. Главната поента не е дали воената криза од 2001 е далеку за нас (?!), ама кога веќе ја користиш за поентирање, да потсетам дека во период пост-воена криза, за залекувањето на раните и за помирувањето, треба многу такт и обзирност, двонасочно, па и повеќенасочно во нашево општество, и тоа децении и децении подоцна, дотолку повеќе што има загинати и жртви на воени злосторства и злосторства против човештвото. Но, главната утка и главната поента со фотографиите со градоначалникот на Кичево во неговиот официјален градоначалнички кабинет е во тоа што тој си испозакачил симболики со кои ударно и отворено ја повредува неутралноста што локалната власт треба да ја проектира. Освен официјалните државни и локални симболики, на сите други симболики, врзани за разно-разни партикуларности во општеството, не им е место таму, без оглед дали се политички, партиско-политички, верски, етнички , идеолошки, итн. Тие и такви партикуларности, како и нивните симболики, си имаат друг простор, места и платформи за изразување, манифестирање и дејствување. Треба да биде јасно дека кога ќе го облечеш мантилот на државата, на државната и на локалната власт, треба да ги соблечеш сите други, но кај нас се’ почесто и се’ повеќе тоа се повредува, во прилог на такви манифестни фаворизирања, по разни основи, и тоа е загрижувачки тренд, со загрижувачки и опасни импликации. Впрочем, не случајно се измислени официјални симболики на државната и локалната власт (знамиња, грбови, униформи, и сл.), засебно и наспроти сите други кои како партикуларности постојат во дадено општество и држава, односно постојат токму за поентирање неутралност и дистанца од сите партикуларизми, а секако и за општествена и државна кохезија. Тоа се мислени и обмислени работи, споредбено, како и кај нас. Во конкретниот случај, нема што симболика на ОНА/УЧК да се наоѓа во кабинет на градоначалник! Тоа во старт ја доведува во прашање неутралноста на локалната власт, ја расклатува довербата кај (нефаворизираното во симболиката) граѓанство, како и создава тензии и конфликтност. Ако реперот ти е дали политичарите му служат на граѓанството на објективен и неутрален начин, во старт тоа тука е нарушено, со ударна и манифестна симболика, а ефективно и во однос на суштинско -функционалната. Тоа е спротивно на сите вредности , стандарди и пракси на кои редовно се повикуваш, и знам дека го знаеш тоа. Затоа, наместо крајно нетактично релативизирање, дефокусирање, па и замена на тези, чесно е да се извиниш дека си легитимирала таква повреда на неутралноста на државната и локалната власт, и да делуваш политички таа и таква повреда да се надмине, таму, сегде и секогаш кога е направена.
30-05-2020, 11:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Отворено писмо од дел од припадниците на ВОЛЦИ,

[Image: 78366848_1963443783789270_74014208480300...e=5EF908A9]


31.05.2020
по повод гестот на министерката за одбрана Шекеринска: Предавството од своите боли повеќе од куршумот на непријателот
Политиката никогаш не била и никогаш нема да биде наша работа. Ние на оваа држава служиме со било која власт, бидејќи нас политика не не интересира. Нас не интересира безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните. Сите ние во Батаљонот за специјални намени - ВОЛЦИ сме ги отпишале нашите животи уште кога сме пристапиле во единицата и единствено за што служиме е нашата мајка МАКЕДОНИЈА и иднината на нашите чеда да растат безгрижни и среќни, а МАКЕДОНИЈА СЛОБОДНА.
Предавството од своите боли повеќе од куршумот на непријателот. Ова ние најдобро го знаеме и го искусивме неколку пати наназад во нашето постоење, но во период кога главна тема во министерството за одбрана е кога ќе биде расформирана нашата единица, нашата министерка отиде гордо да се слика под симболите на џелатите на многу наши браќа и колеги. Неа помили и се УЧК, отколку ние. Разбираме, се ближат избори треба да собира гласови. Но, со ова не понижи, не разгневи и им плукна на храбрите јунаци и сите загинати бранители од војната во 2001 кои животот го положија за многу граѓани вклучително и она да си го гледа детето како и расте насмеано.
ВЕЧНА ИМ СЛАВА на нашите браќа, Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски, Игор Костески, не загинаа за ова и не го заслужија ова. Нивните семејства не заслужија да го гледаат овој резил од министерка и продадена душа за грст гласови и пари. Тие, јунаците, кои својот живот го положија кај Вејце, денеска нашата срам од министерка јавно ги поплука нивните херојства и неправедно одземени животи. За таа денес да го гледа своето среќно дете како расте, нивните деца секој 28 април го преколнуваат и го поминуваат во солзи. 19 години непребол и длабока тага, за Шеќеринска да се слика гордо со УЧК. СРАМ ДУШАТА ДА И ЈА ИЗЕДЕ. Ама за да и ја изеде срам треба да го има, а таквите како нејзе никогаш не ни имале срам.
НИЕ, припадниците на ВОЛЦИ сме луѓе од народот, обични, но со големо срце. Херои се само оние браќа и колеги кои го дадоа животот за ова мало парче земја што го раскрмчија политичарите. Храбри, праведни и чесни бранители на МАКЕДОНИЈА. Никогаш ништо не сме барале, никогаш во ништо не сме се мешале. Наша обврска е да бидеме секогаш и секаде први кога се работи за одбрана на МАКЕДОНИЈА.
Ова јавно понижување кон нас и сите припадници на специјалните единици и безбедносните структури во МАКЕДОНИЈА, скапо ќе ве чини. Радмила Шеќеринска и оваа Власт имаат непријател од кого треба да се плашат. Политиката ги премина границите, а Радмила ни плукна директно во лице.
Радмила може да биде министерка во фотелја, ама нас никогаш повеќе. Можете да не понижувате, расформирате, предадете, пробате да не уништите, ама ние секогаш ќе бидеме тука за мајка МАКЕДОНИЈА. Едно да запаметиш, многу како тебе сме издржале и не успеале да не уништат, нема ни ти. Завршено ти е времето.
СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ! ВЕРНИ НА БОГ - МАКЕДОНЦИ ДО ГРОБ!
Со должна почит кон државата и народот и голем гнев кон Радмила Шеќеринска
Дел од припадниците на Батаљонот за специјални намени - ВОЛЦИ


Поддршка за македонските безбедносни сили

2 hrs
31-05-2020, 12:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: 2.jpg]
31-05-2020, 12:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,143
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Шекеринска со напад ја брани скандалозната фотка: Реагираат тие кои дури девет години коалицираа со Дехари

31.05.2020
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на денешниот престој во Битола јавно одговори во врска со објавената фотографија и коментарите на социјалните мрежи по нејзината средба со градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари.
– Реакциите за средбата со градоначалникот на Кичево главно доаѓаат од тие кои од 11 дури девет години беа во коалиција со Фатмир Дехари, кој немал различна канцеларија. Јас имам почит кон граѓаните, и кога како министер имам средби со официјални претставници на граѓаните, јас влегувам во домот на граѓаните, а не во нечиј личен дом. Моја обврска како министер за одбрана не беше да зборувам за минатото, туку да ги лечам раните од минатото и да не дозволам никогаш да не се повтори тоа што се случи во 2001-ва, и тоа го направив. Нашата држава е членка на НАТО и граѓаните знаат дека такво нешто никогаш повеќе нема да биде страв за нашата држава, а оние што зборуваат нешто требаше да сработат, јас моето го сработив- изјави Шекеринска.



Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
31-05-2020, 04:21 PM
Reply