Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ф.РЕМЕНСКИ, „ПАРЛАМЕНТАРЕН НАДЗОР“ ПО ПРИБЕ - WTF was that?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: 0.jpg]
[Image: 01.jpg]
[Image: image.jpg]
24-05-2020, 08:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Frosina Remenski
2 hrs ·

? ПРВ ДЕЛ - „ПАРЛАМЕНТАРЕН НАДЗОР“ ПО ПРИБЕ - WTF was that?

[Image: 100684877_3165434300154469_8711007791633...e=5EF10F48]

?Во духот на денешниот празник, како што најавив ќе Ви раскажам приказна, „како успеавме да го зезнеме“ познатиот Рајнхар Прибе; и, како „ги разбравме неговите препораки“ кои станаа алфа и омега во темелите на реформата на жабокречината во безбедносните служби?
Оваа приказна е вистинита и има живи, вистински актери. Немам потреба , ниту намера да употребувам псевдоними, плус никој не го демантираше напишаното и кажаното до сега, а од сега натаму нема да може.
Заради, обемноста на документацијата која ја следи оваа извонредна „јавна тајна во кругот на МВР“ и пошироко, приказната ја почнувам со воведниот (прв) дел, па заплетот (вториот дел) и расплетот (третиот дел) на случајот.
Се започна со Реформските приоритети срочени во Извештајот на експертската група на Прибе кој во 2015 година (во екот на бомбите и жолтите комбиња) ја постави дијагнозата на нашиот болен и нефункционален систем.
?По падот на режимот „Реформските приоритети“ станаа владин приоритет, а со тоа и на пратениците и на Собранието;
По конституирањето на Собранието, со одлука (јуни 2017) станав ?Претседател на Комисијата за одбрана и безбедност (клучна Комисија во креирањето на законските рамки на безбедносните политики) и ?член на Комисијата за надзор над работата на УБК и АР;
Работата ја сфатив (пре)сериозно, а и не беше чудно, зошто професионално долго време се занимавав со аномалиите на тој систем во државата.

https://www.sobranie.mk/socijaldemokratski-sojuz-na-makedon…

Со Комисијата за надзор над работата на УБК и АР претседаваше Трајко Вељановски. https://www.sobranie.mk/rabotni-tela-2016-2020-ns_article-k…
Почнавме да работиме по „Реформските приоритети“ и по дијагнозата на Прибе. Во Собранието тогаш ја предводев меѓупартиската парламентарна група (позиција-опозиција) за преговори по текстот на предлог-законите од Владата за ОТА и следење на комуникациите. По долги разговори за законите, јавната расправа и заедничките амандмани со опозицијата на 12.04.2018 година, Собранието ги усвои законите за ОТА и новиот закон за следење на комуникациите. Тие беа предуслови за следниот суштински чекор во реформата по Прибе - реформата на УБК.
Од парламентарна говорница кажав дека: „Нема да гласам за кандидат за директор на ОТА кој бил дел од структура која учествувала во големата афера за следење на комуникациите на граѓаните и злоупотреба на УБК, преку непостапување и пропуштање на службени дејствија во случај да знаеле за злоупотреби“.

https://fokus.mk/sobranieto-so-86-glasa-go-donese-zakonot-…/

Собраниска Комисија за надзор над работата над УБК и АР, на 20, 21 и 22 Јуни 2018 изврши тродневен надзор во УБК, и дводневен во АР (25-26 Јуни 2018). На состаноците за надзор во УБК како постојани лица присуствуваат Горан Николовски (Директор), Ариф Асани (заменик директор), Сиљан Аврамовски (?) и две жени аналитичарки.
?Видено од мојот тефтер, на надзорот во УБК сум ги поставила следниве прашања:
- Каков е статусот на бегалците Горан Груевски и Никола Бошковски во УБК (многу интересен одговор, подоцна прибавен на документ кој ќе го објавам во друг случај наскоро)?
- Каква е соработката на УБК со СЈО?
- Кој од УБК е одговорен за комуникациите со ОЈО ГОКК?
- Колку кривични пријави има поднесено УБК?
- Дали постои ревизорски извештај за средствата од спец-касата на УБК?
- Кој ја правел безбедносната проценка за Диво Насеље?
- Кој ја правел безбедносната проценка за 27 Април?
‼️На тој состанок за надзор, по могу пријави и документи доставени до членови на Комисијата, почнува заплетот и расплетот на оваа приказна во три дела ?
На тој надзорен состанок од страна на пратеничката од ?ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска (член на Комисијата), беше поставено прашање до директорот на УБК, Горан Николовски ? ?„Дали во Управата има ангажирано лица кои се пензионери?“?.
Директорот Г. Николовски одговори, а една аналитичарка потврди, дека,?„во моментот во Управата нема такви ангажирани лица (22.06.2018)“? Лажен податок при парламентарен надзор ‼️
‼️ Пратеничката Ласовска прашањето го упатила како интерес за присутниот на надзорот - Сиљан Аврамовски, претставен од Директорот Горан Николовски на пратениците како: „ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА ОПЕРАЦИИ“‼️
Аманет е изгледа !
Владата во Октомври 2018 година, со Решение формира ?Меѓуресорска работна група за утврдување на моделот за реформа на безбедносно-разузнавачката заедница. Групата ја сочинуваат 32 лица, меѓу кои и пратеници од Комисијата за надзор над УБК и АР (Фросина Ременски, Емилија Александрова, Зоран Илијоски и Ејуп Аљими).
?За претседател на работната група е поставено „лицето одговорно за операции“ - Сиљан Аврамовски?‼️

https://civilmedia.mk/se-formira-grupata-za-reformi-vo-ubk/

‼️?„Појдовна точка за оваа реформа е Извештајот на експертската група на Прибе од 2015 година, каде беа дадени сериозни критики за злоупотребата на Управата за безбедност и контраразузнавање преку системот за следење на комуникациите и преку концентрацијата на моќ. Сериозни критики кои беа и причина за сериозната политичка криза во нашата земја“ - (изјава на Министерот Оливер Спасовски на презентација на моделот на реформата пред пратениците од трите собраниски комисии во областа на безбедноста)?‼️

https://mvr.gov.mk/vest/7786

Работната група на чии состаноци активно учествував во периодот Ноември 2018 - Март 2019 година, изготви предлог-законско решение за реформираната УБК. Тој предлог станува предмет на меѓупартиско преговарање, заради амандманско подобрување на текстот на законот. Бев задолжена да подготвам амандмани од нашата пратеничка група за законот, кои во последен момент не беа предмет на усогласување со ВМРО-ДПМНЕ, од причина што преговорите завршиле со прифаќање на 2 амандмани од опозицијата (пратеници во селекција и ветинг), кои не кореспондираа со повеќето од подготвените амандмани од моја страна. По две работни средби со (тогаш) Министерот Оливер Спасовски во МВР, беа прифатени 15 амандмани воглавно од техничка природа.

https://www.24.mk/…/remenski-zakonot-za-reforma-na-ubk-treb…

На 20.05.2019 година се одржа ?седницата на Комисијата за одбрана и безбедност за Предлог- Законот за АНБ и предложените амандмани. Таа седница на која се разгледуваа амандманите кои ги поднесов со група пратеници, во медиумите беше претставена како „судир меѓу Спасовски и Ременски“ кој впрочем беше судир на концепции и визии за квалитативна реформа без сиви зони во законот. На таа седница суштински и стручно дебатираше и (тогаш) пратеникот Павле Богоевски како познавач на проблематиката.

https://nezavisen.mk/podneseni-91-amandman-na-zakonot-za-a…/

На 22.05.2019 година Собранието го ?усвои Законот за АНБ и започна да тече рокот за трката за именување на Директор на АНБ од страна на Владата.

https://fokus.mk/sobranieto-go-izglasa-zakonot-za-agentsij…/

? ДИГРЕСИЈА/КОРЕЛАЦИЈА: На 15.05.2019 година е објавена ?снимка од такси-возење на пратеникот Павле Богоевски, кој под притисок на јавноста, 2 дена по комисиската расправа за законот и 1 ден по усвојување на законот ?ПОДНЕСЕ ОСТАВКА? од функцијата пратеник. До денес, ставот на ОЈО е дека нема кривично дело сторено од пратеникот Богоевски, а МВР „уште трага“ по снимачот. Одлучија да го направат „наркоман“, не „рекетар“❗️
?Напишав дека, „Собранието останува без пратеник - познавач на работата на безбедносните служби и полицијата - првенецот на првата генерација студенти на Полициската академија, кој (уште) не го работи тоа што најдобро го знае, ама некому очигледно му пречи“. Уште стојам на тој став.

https://vecer.mk/node/16609

? Оваа хронологија на случајот во ПРВИОТ ДЕЛ ја запирам тука, за да продолжам со поинтересниот дел од ?случувањата Февруари 2019 - Јуни 2019 година (вториот дел)?, со акцент на настаните кои го следеа тој процес на реформа на УБК. Има повеќе главни и споредни улоги во приказната за Пензионери и „пензионер“ и приказната „Тази дупка, не е дупка!“ и сето тоа, преку:
? „Зезанцијата“ на Прибе-препораките и на сите со очи, уши и уста на втората седница од собранискиот надзор на 23.05.2019 година. МНОГУ ИНТЕРЕСЕН и суштински луд надзор и постапки што следуваат?
Во чиј интерес ⁉️
??? - ваквите нема да го видат одговорот, сите други ДА
‼️ Улогата на „ЛИЦЕТО ОДГОВОРНО ЗА ОПЕРАЦИИ“ и неговите „претпоставени“ е една од поважните, за се разбере контекстот на СИТЕ медиумски експонирани случаи во тоа „жешко лето 2019-то“‼️
?Ако во оваа приказна влета „Рекет“, сигурно не е случајно!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ бр.1: Тие што зад лажни профили ме предупредуваат дека, „не сум знаела колку биле јаки Џони и Сиљан“, а уште не прочитале и не виделе ништо што ќе објавувам, нека си поќутат. Силата не е во кукавичлукот !
Без нервоза, сега кога станува интересно. Ќе ви нацртам за што и кога се најјаки.
? ВТОР ДЕЛ со документи утре во 12.05 часот !
#KillTheMessenger
#???



[Image: 1.jpg]
[Image: 2.jpg]
24-05-2020, 09:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Frosina Remenski
5 mins ·

? ВТОР ДЕЛ - ПЕНЗИОНЕРИ И „ПЕНЗИОНЕР“ !

[Image: 3.jpg]

?„Кога Сашо Мијалков ќе се потпишел на хартија тоа станувало обврска и 'закон' над сите закони. Ма какви закони, какви бакрачи - законот е за обичните смртници !“ - вака шепотат извршителите кои исполнувале желби на тој што раздавал привилегии и права над законите.
„Еј, бараше дозвола за опремување на Клинички центар од него. Не е тоа мала работа за човек со таков углед и авторитет“! - ќе додадат тие што барале дозволи.
?Оваа вистинита увертира во вториот дел од приказната „Како го зезнавме Прибе“ со парламентарниот надзор е континуитет на првата. Тоа е слика и прилика за „јавната тајна во кругот на МВР“ (сега и пошироко), помеѓу генерациските колеги, според кои САМО ЕДЕН во МВР бил ПРИВИЛЕГИРАНИОТ што со потписот на Сашо Мијалков и потврдата од втората виолина Гордана Јанкуловска, стана НЕЗАМЕНЛИВИОТ „ПЕНЗИОНЕР“ - г-нот Сиљан Аврамовски ❗️
?Во тероријата на Хана Арент за „штрафовите и запчаниците“ овој „запчаник“ сигурно би бил квалификуван како „запчаник“ кој морал да функционира, заради машинеријата.?
❗️Оваа добиена, оверена и озаконета привилегија „не смее“ никој да ја подведе под знак прашалник!
❗️Кој смеел да чепка кај раздавателот?!
❗️Собрание, парламентарен надзор, минситер за внатрешни работи, јавно обвинителсто ??? Ма не, кој смее да се осмели⁉️
❗️?И, нормално „проблемот“ почнува да станува проблем кога се осмелив да прашам:
- Па добро бре луѓе, зошто овој привилегиран господин можел да остане на работа и по обврската да се пензионира ПО СИЛА НА ЗАКОН ⁉️
- Дали законите важат еднакво за сите ⁉️
- Зошто државата не успеа да им овозможи докуп на стаж на граѓаните до исполнување на услови за пензија (минимум 15 години), овој господин го ставиле над законите ⁉️
Се продолжи вака:
Додека течеа активностите по законите за реформата на УБК (опишани во првиот дел во приказната), во месец
?Февруари 2019 година, на адресата на Собранието со дознака ?„За пратеничката Фросина Ременски“?, без име на доставувачот и поштенски печат/штембил, добивам документи за разгледување со пишано образложение. Подоцна дознав дека, во Собранието тој ден стигнале четири (4) пликоа адресирани до членови на Комисијата за надзор над УБК и АР.
❗️?Стануваше збор за некласифицирана документација за правните пропусти и „привилегии“ за постапката за пензионирање по сила на закон на г-нот Сиљан Аврамовски, со барање дека Собранието ја има можноста за проверка и надзор по случајот❗️
?❗️Многу важен момент за ваквите случаи за нас како Комисија беа обуките (по Прибе) кои ни ги вршеа странски експерти за важноста на парламентарниот надзор врз безбедносните служби по вакви и слични пријави?
Како совесен член на Комисијата одлучив ?прво да го проверам текот на постапката? околу „пензионирањето“ на г-нот Аврамовски и тоа, ни лево- ни десно, туку таму каде што треба - кај ?Помошник министерот за правни работи во МВР г-ѓата Весна Доревска. И се обратив нејзе, со оглед на фактот дека на повеќе документи стои нејзиниот потпис и е задолжена да се грижи за законитоста на актите што ги потпишуваат министрите за внатрешни работи. По долги потсетувања за проверки г-ѓата Доревска ми кажа ?„Да имаме пропусти“.? Остана нејзината обврска за констатациите да го информира министерот Оливер Спасовски. Од разговор со министерот разбрав дека ќе се заинтересира, при што напоменав дека ? „случајот со Сиљан Аврамовски треба да се реши, бидејќи стаса во Собрание“? и толку.
Заради кумската врска (по брат) на Трајко Вељановски кој претседаваше со Комисијата за надзор со Сиљан Аврамовски, воопшто немав илузии дека овој случај ќе биде иницијатива за надзор во УБК. Не се излажав.
? ДИГРЕСИЈА/КОРЕЛАЦИЈА: Во екот на оваа проверка на 01.03.2019 година во медиумите излегуваат написи за „непотизмот во МВР и УБК“ -? „МВР и УБК: легло на ќерки, синови, сестри, снаи... на функционери“? https://www.mkd.mk/…/mvr-i-ubk-leglo-na-kjerki-sinovi-sestr…
Во овој текст се спомнува дека Сиљан Аврамовски и други, во 2012 година од позиција на заменик директор на УБК без јавен оглас си ја вработил ќерката.
?„По допрен глас“ јас и колегите Чедомир Саздовски и Павле Богоевски на 07.03.2019 година до ДКСК поднесовме пријава за испитување на непотизмот и судирот на интереси, посочен во медиумите. Сметавме дека процесот на реформирање може да ги отстрани овие аномалии за кои пишуваше и Прибе. Одговор нема.
‼️Вториот суштински и луд „надзор“
На 23.05.2019 година, (ден по усвојувањето на Законот за АНБ) Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање оддржа седница на која ги разгледувавме ?Годишните извештаи за работата на УБК и на АР. На седницата УБК ја претставуваше актуелниот директор на УБК, Горан Николовски, кој беше сменет две недели подоцна со изборот на Виктор Димовски за директор на АНБ на 11.06.2019 година.
?Во делот на точката за други прашања, која опфаќа можност за реализирање на надзорната улога на пратениците како членови на Комисијата, од моја страна до директорот на УБК беа презентирани сознанијата за:
? Документите за постапката за пензионирање на Сиљан Аврамовски и сомневањата за елементи на кривично дело;
?Беше упатено прашање за актуелната улога т.е., работна позиција на Сиљан Аврамовски кој по пензионирањето (според добиените сознанија) е ангажиран во Министерството за внатрешни работи, но без право да биде ангажирано и да извршува обврски и работи на позиција и во организациска единица од која се пензионирал (образложение добиено од овластено лице во Државен трудов инспекторат);
? Беше поставено и прашањето дали ангажираниот пензионер по авторски договор поседува безбедносен сертификат за увид во класифицирани информации, имајќи во предвид дека согласно закон, лицата кои поседуваат безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации по пензионирањето имаат обврска да го вратат безбедносниот сертификат до надлежен орган што го издава – Дирекцијата за заштита на класифицирани индформации.
?Беше укажано дека, на надзорот извршен 21-23.06.2018 година, бил даден лажен податок од негова страна дека, нема ангажирано пензионирано лице во УБК.
‼️?На горенаведените прашања на кои директорот на УБК, Горан Николовски беше должен да одговори, добив кус одговор дека, прашањата од работен однос треба да бидат поставени до работодавачот т.е., до Министерот за внатрешни работи, додека за останатите прашања директорот не даде ниту потврден, ниту одречен одговор за работните задачи и ангажманот на неговиот прв соработник во УБК, Сиљан Аврамовски.‼️
?Еве ги документите за постапката за привилегиите и „пензионирањето“ на Сиљан Аврамовски во хронологија. Оваа прививилегија на „пензионерот“ ги чини граѓаните и Буџетот на државата повеќе од 250.000 евра и плус други бенифиции:
Тогашната министерка Гордана Јанкуловска донела Решение бр. 12.3-28627/1 од 14.04.2014 година, со кое заклучно со 31.05.2014 година на Сиљан Аврамовски на работно место заменик директор на УБК, МУ СЕ ПРЕКИНУВА Договорот за вработување ПО СИЛА НА ЗАКОН, заради исполнети услови за пензија.

[Image: 100099643_3167371463294086_5913095275580...e=5EF02E65]

[Image: 100478297_3167371549960744_7483005985200...e=5EF1D011]

‼️ На 15.05.2014 година, Сиљан Аврамовски до Гордана Јанкуловска поднесува неосновано, недопуштено и противправно ?Барање бр. 37-1648/1, со кое самиот изјавува дека „ги исполнува услови за одење во пензија по сила на закон“, но ?од Јанкуловска бара да му дозволи „за одреден временски период да продолжи да работи во УБК при МВР“.?‼️
‼️Ова негово недопуштено барање (бидејќи немало законски основ како можност да се остане на работа и по пензионирање) е ОДОБРЕНО И ПОТПИШАНО од Сашо Мијалков како обврска за втората виолина Гордана Јанкуловска. Ова парафирано неосновано барање е законот над законите во сферата на работните односи во МВР ‼️

[Image: 100581629_3167371626627403_6571605150371...e=5EF1CFCF]
25-05-2020, 01:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:‼️ По поденсување на ова Барање („закон“) од страна на Сиљан Аврамовски, ?Јанкуловска на 22.05.2014 година, носи неосновано, недозволено и противправно Решение бр. 12.3-28627/1 ( под ист архивски број како првобитното Решение од 14.04.2014), со кое ?сама на себе си ГО ПОНИШТУВА сопственото Решение? под ист архивски бр. 12.3-28627/1 од 14.04.2014 година за прекинување на Договорот за вработување по сила на закон заклучно со 31.05.2014 година на Сиљан Аврамовски на работно место заменик директор на УБК‼️
‼️?Со ова решение, надвор од сите законски основи на привилегираниот „пензионер“ му се овозможува на неодреден временски период да си остане на работа, да си зема плата и за него да не важи она „по сила на закон“‼️

[Image: 99365153_3167371706627395_31105431425798...e=5EF08298]



?Кумската врска (по брат) со Трајко Вељановски „му дојавува“ дека се крчна закон со кои пензионерите ќе можат да бараат најмногу три години да останат на работа со поднесување на барање. Така информиран „од прва рака“ Сиљан Аврамовски си чека закон кој НЕ ВАЖИ ЗА НЕГО?
На 12.08.2014 година Собранието го сонесува ?Законот за измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр. 116/2014). Овој закон ја предвидува можноста за продолжување на договорот за вработување со поднесување на писмена изјава од работникот еднаш годишно, најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување за наредната година.

‼️ Законот е донесе 2,5 месеци подоцна, по обврската за пензионирање на Сиљан Аврамовски ПО СИЛА НА ЗАКОН, и по озаконетот барање за останување на работа ПО СИЛА НА МИЈАЛКОВ‼️
И така без срам, „по сила на Мијалков“ „пензионерот“ Сиљан Аврамовски на 26.08.2014 година, поднесува ?Изјава бр. 12.3 – 58525/1 со која се изјаснува‼️ дека, ?на ден 01.06.2014 навршува 40 години пензиски стаж, со што го исполнува законскиот услов за остварување на право на пензија?. Изјавува дека бара ?продолжување на договорот за вработување за наредната 2015 година?, согласно член 129-е од Законот за измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр. 116/2014) - законот што НЕ ГО ОПФАЌА НЕГО.

[Image: 100713261_3167371799960719_3880767564871...e=5EEFDB78]

По поднесувањето на оваа изјава, Гордана Јанкуловска „по сила на Мијалков“ носи уште едно незаконско ?Решение бр. 63614/1 од 10.09.2014 година, со кое на Сиљан Аврамовски ?му се продолжува Договорот за вработување за период од една година односно од 01.06.2014 година до 31.05.2015 година?, со што уште еднаш му овозможува неосновано да остане во работен однос во МВР на истата работна позиција заменик директор на УБК.‼️

[Image: 99412004_3167371903294042_56967476109880...e=5EF103BA]
25-05-2020, 01:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:
[Image: 99424586_3167372063294026_76361453376519...e=5EEF92BA]


И така повторно без срам, Сиљан Аврамовски на 20.04.2015 година поднесува ?втора Изјава бр.13.3-26372/1 со која пак ?бара продолжување на договорот за работа за 2016 година?‼️

[Image: 100495128_3167372176627348_8526931742504...e=5EF27427]

?? Врз основа на таа недозволена изјава Гордана Јанкуловска пак донесува противзаконито ?Решение бр. 13.3-28761/1 од 29.04.2015 годинасо кое противзаконито му овозможува втора година да се здобие со право што не му следува за продолжување на договорот за работа до навршување на 45 години стаж‼️

[Image: 99431061_3167372439960655_41162976099691...e=5EF1DD64]


И така повторно без страм, Сиљан Аврамовски на 29.03.2017 година поднесува ?трета Изјава бр.13.3-21422/1 во која самиот констатира дека на 15.10.2017 година ги исполнува услови за остварување на право на пензија и бара ?продолжување на договорот за работа за 2017 година.?‼️

[Image: 100679404_3167372523293980_4936780034456...e=5EF04D50]
25-05-2020, 01:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:?Врз основа на оваа изјава, без должно укажување на правната служба за постапката „по сила на Мијалков“ Оливер Спасовски како технички министер донесува Решение бр. 13.3-24312/1 од 13.04.2016 година.

[Image: 99394207_3167372593293973_95883940574370...e=5EF14DCD]


Заменикот министер за внатрешни работи Агим Нухиу во 2017 година донесува ?Решение бр. 13.3-27510/1 со кое на Сиљан Аврамовски ?му се продолжува договорот за вработување за период од 01.06.2017 година до 15.10.2017 година?, до навршување на 45 години пензиски стаж – право што противправно го користи од 01.06.2014 година‼️

[Image: 100688668_3167372666627299_7899914423353...e=5EF2479E]

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 14.09.2017 година донесува ?Решение бр.13.3-61687/1 со кое на Сиљан Аврамовски ?му се прекинува договорот за вработување согласно член 174 од Законот за внатрешни работи? - закон кој не важел за него ‼️

‼️ Интересен момент во целата оваа хронологија на незаконски „привилегии“ за „пензионерот по сила на Мијалков“ е фактот што во ?Решението за пензија на ПИОМ издадено Октомври 2017 година, ПИОМ се повикува на неважечки член од неважечки закон (ЗВР што претстана да важи во март 2014 година) и според него Сиљан Аврамовски заминал во пензија со 40 години стаж (како што требало да биде во 2014).⁉️
?Додека пак, неговиот Директор Горан Николовски во тој период (Октомври 2017) „го испратил во пензија“ Сиљан Аврамовски со 45 години навршен стаж‼️


[Image: 100538022_3167372849960614_2092744770848...e=5EF09CB8]

?‼️ И така на „пензионираниот по сила на Мијалков“ му е определен пензија во висина од 46.989,00 денари (80% од 56.084,00 денари).
?‼️ И така, и по пензионирањето на „пензионираниот по сила на Мијалков“ тој ОСТАНУВА НЕЗАМЕНЛИВОТО „ЛИЦЕ ЗАДОЛЖЕНО ЗА ОПЕРАЦИИ ВО УБК“ до септември 2019 година, кога во екот на постапки пред други институции „некому“ му текна дека СО СИЉАН СЕ ПРЕТЕРУВА.
? Овој втор дел од приказната „како го зезнавме Прибе“ го запирам тука, за да продолжам расплетот со уште поинтересен дел од ?случувањата Јуни 2019 година - декември 2019 (третиот дел)?, со акцент на настаните кои го следеа тој процес на реформа на УБК, откако „јакиот Џони“ не стана директор на АНБ. Има повеќе главни и споредни улоги и во приказната „Тази дупка, не е дупка!“ и сето тоа, преку:
? „Зезанцијата“ на Прибе-препораките и на сите со очи, уши и уста во ОЈО Скопје и независното јавно обвинителство. МНОГУ ИНТЕРЕСНА и суштински луда јавнообвинителстка постапка за она „по сила на Мијалков?
Во чиј интерес ⁉️
??? - ваквите нема да го видат одговорот, сите други ДА
‼️ Улогата на „ПЕНЗИОНИРАНОТО ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА ОПЕРАЦИИ И ГЛАВНИОТ РЕФОРМАТОР“ и неговите „претпоставени“ е една од поважните, за се разбере контекстот на СИТЕ медиумски експонирани случаи ЗА ОНИЕ КОИ СЕ ОСМЕЛИЈА во тоа „жешко лето 2019-то“‼️
?Ако во оваа приказна влета „Рекет“, сигурно не е случајно!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ бр.1: Тие што зад лажни профили ме предупредуваат дека, „не сум знаела колку биле јаки Џони и Сиљан“, нека прочитаа нешто повеќе.
Без нервоза - ви цртам колку и за што и кога се најјаки.
„Радувајте им се !“, но ОВИЕ ЗАКОНИ НЕМА ДА ВАЖАТ ЗА ВАС !
? ТРЕТ ДЕЛ со документи утре во 18.00 часот !
#KillTheMessenger
#???
25-05-2020, 01:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Дискусија под второто продолжение:


[Image: 4.jpg]
[Image: 5.jpg]
[Image: 6.jpg]
[Image: 7.jpg]
25-05-2020, 11:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Frosina Remenski is with Frosina Remenski.
3 hrs·

? ЗА ДА НЕМА (НЕ)НАМЕРНИ ЗАБУНИ !

[Image: 101344961_3168190099878889_1406808897057...e=5EF32569]


Никогаш сум немала намера да се „правдам“ и да ги објаснувам мотивите за сите мои статуси кои многумина ги сметале за: храбри, точни, смешни, опсесивни, заканувачки, нечитани, против некого или за некого итн.
Сите објави се мој став во прво лице еднина.
Зборувам и пишувам за работи кои лично ги знам, работи чијашто вистинитост сум ја проверила и работи за кои постојат докази дека се точни и можат да се проверат во секој момент.
Целта на ниту еден статус не е ничија лична навреда, ширење на лаги и омраза, или слепо бранење на нечии ставови.
Споредбено со се што добивам како пораки во сандуче - сите отворени, јавни закани и говор на омраза, неосновани прозивки и клевети, сајбер булинг и закани од друг пософистициран вид, можам да кажам дека сум над нивото на аргументирана, културна, политичка и јавно одговорна дебата (која за жал не сака никој да ја води за фактите кои ги објавувам).
Затоа,
Кога некој следниот пат „заинтересирано“ ќе ме праша „кој е мотивот за моите објави (8-те дела од незаконското опремување на МВР), последниве три и следните без број, ќе одговорам јасно и до фудбалски жаргон:
„Моето професионално и општествено одговорно однесување во целиот период на работа како универзитетски професор и како политичар, бил и ќе биде во насока на афирмација на позитивни вредности и политички (под)заборавени цели и вистини. Тоа што и сега кога „сум власт“ потсетувам дека, треба да се остане искрено доследен на принципот на борбата за праведност, правда и одговорност, не значи дека, законите не треба да важат за мене. Напротив, треба да важат за сите подеднакво, но да не заборавивме како и што зборувавме. Има и едно големо НО, по овој за мене неприкосновен и заборавен принцип, а тоа е фактот што „најтешко е да играш на договорена утакмица“, на која однапред се знае кој, кога и колку пати ќе го иссвирка судијата, кој ќе седи на клупа, која обложувалница ќе типува на сигурно и на кој играч ќе му биде скршена ногата за да не може да настапува.
Овој спортски жаргон го употребив за да ја претставам „мојата“ морална дилема во која сум подолго време, а тоа е „зошто многу верувања и очекувања, верби и надежи се доведени под знак прашалник“. Зборувам со речникот и со прашањата на граѓаните што си добивам секој ден и со онаа точна реченица дека, „не треба да се жалиме ние од власта сега, зошто сме власт и можеме да ги смениме работите кои ги критикуваме“. И тоа е точно, но прашањата и забелешките се за повеќе адреси.“
Ќе завршам со расчистување на дилемата „зошто баш сега сум се распишала“ и „кај сум била да пишувам/зборувам порано“.
Не замерувам воопшто на вакви коментари и прашања, зошто очигледно доаѓаат од луѓе кои не читале и не слушале кога, колку и за што се сум зборувала и пишувала. Во тоа сум доследна последните 15 години, не од вчера, не од денес. Таа доследност чини многу!
Мојот единствен мотив со овие објави со документација во прво лице со име и презиме, без суети и псевдоними се мој обид да укажам дека, „нема функционален систем без ревносни и посветени институции, владеење на правото и почитување на системот за поделба на власт и чесна, концепциска политичка борба помеѓу поединци и партии“.
Утре кога ќе ги избереме новите пратеници тие треба да знаат на кои принципи ќе останат верни - на сопствениот интегритет и професионална поставеност или на принципот на селективна осуда и оправдување.
Мојот пратенички мандат беше/е исполнет со многу државнички одлуки во кои верував и немаше потреба никој да ме моли да гласам одлуки во кои верував.
Таа доследност во вербата дека ги правам вистинските работи на моменти ме судруваше со „ветришта“ кои ден денес дуваат од различен правец.
Но, како викаат старите „тополата најмногу се ниша на врвот,а ветрот не може да ја откорне, зошто таа има длабоки корења“.
Конформизмот никогаш не бил „топола“ верувајте, тој секогаш бил и ќе биде „палма“ кој се витка.
Со почит кон сите што ја препознаваат доследноста која сакав да ја повторам.
Поздрав и се читаме ?
25-05-2020, 11:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Frosina Remenski
3 hrs ·

? ТРЕТ ДЕЛ - „ТАЗИ ДУПКА, НЕ Е ДУПКА“!
? За да нема чудење, зошто трите дела на оваа вистинска приказна со вистински актери, без псевдоними го носи насловот „Како го 'зезнавме' Прибе?!“ и „Кој тоа го „зезна“ Прибе!?, ќе ги упатам „слободните толкувачи“ на ЧЕТВРТИОТ ДЕЛ од приказната кој ќе го објавам утре во 12.00 часот, за да нештата станат појасни.
?Овој дел од приказната има две димензии:
1) Прибе препораките за важноста и постапувањето по парламентарен надзор; и, 2) Селективната примена на правото (во оценката за тоа кога неделото станува дело и кога делото станува недело).
Сето ова во една јавно-обвинителстка постапка (саботажа) по објавената хронологија на настаните и документацијата за привилегиите на „пензионерот“ „по сила на Мијалков“.
?Овој дел опфаќа и 3) социјална димензија на правата од работен однос, правата од пензиско и здравствено осигурување, како и службеното постапување при утврдени незаконски постапки за исплата на парични средства. Како за „пензионерот“ Сиљан Аврамовски важел „законот по Мијалков“, а како за сите обични смртници важат правата по сила на закон?!
Парламентарниот надзор продолжи вака:
Откако на седницата на Комисијата за надзор над работата на УБК и АР одржана на 23.05.2019 година, Директорот на УБК, Горан Николовски не даде ниту потврден, ниту одречен одговор на прашањата и документацијата за работниот статус и ангажманот на неговиот прв соработник Сиљан Аврамовски и откако заклучивме дека ?НА ПАРЛАМЕНТАРЕН НАДЗОР (јуни 2018) е даден лажен податок, постапката по надзорот во Собранието заврши без никаков заклучок или обврска за постапување на институциите по случајот. Но, остана незатворен кругот за другите институции.
‼️ Заради заокружување на надзорната цел на случајот на 28.05.2019 година до ОЈО Скопје поднесов ?Пријава против Гордана Јанкуловска и Сиљан Аврамовски со прилог десетте (10) добиени (објавени) документи кои одеа во контекст на „несовесното работење во службата“ и овозможување на право и поволности кои по закон не му следувале на „пензионерот“.

[Image: 100522745_3170312219666677_8646796183722...e=5EF3A939]

‼️ За истиот случај на 30.05.2019 година, пријава доби и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Поднесов идентична ?Пријава против Гордана Јанкуловска и Сиљан Аврамовски со прилог десетте (10) добиени (објавени) документи кои одеа во контекст на „несовесното работење во службата“, и овозможување на право и поволности кои по закон не му следувале на „пензионерот“.
‼️ По дополнителни доставени документи на 22.11.2019 година, до ОЈО Скопје доставив Дополнување на кривичната пријава со уште 5 документи кои го потврдуваат „несовесното работење во службата“ на помошник министерот за правни работи во МВР Весна Доревска, ако се има превдид должното внимани кое требала да го има при подготовка на актите со кои се правно недозволено биле давани привилегии, но и заради должноста по дознавање за пропустите да постапи како што и налага работната позиција.
‼️ ОЈО Скопје отвара предмет ?КО бр.1636/19 на 30.05.2019 година, а веќе на 31.05.2019 година МВР добива ?Наредба од Јавен обвинител бр. 13.2.43990/1 во која известува за пријавата и наводите во неа. Јавниот обвинител меѓу другото бара ?„да не исвестите кога истиот исполнил услови за пензија согласно тогаш важечките законски и подзаконски акти, дали постои дистинкција помеѓу старосна пензија и пензија по основа навршен работен стаж од 40 години за заменик директор на УБК“? и ?„да ги наведете и доставите законските и подзаконските прописи на кои се заснова неговиот работен ангажман по исполнување на услови за пензија со навршување на 40 години работен стаж со образложени за причините за истотот“?.
?ДИГРЕСИЈА: Откако медиум на 02.12.2019 година ја пренесоа информацијата за пријавите по парламентарниот надзор, образложенијата во неа и институциите кои постапуваат по нив, за очекување беше дека застојот е неодржлив.
https://www.mkd.mk/…/shest-meseci-nema-odgovor-na-krivichna…
?Кога почна да расте интересот за пријавата во ОЈО Скопје, во познат пропаганден стил на некој од медиумите проструи „информација“ за наводно „непријавен стан на обвинителот Сашо Рајчев“. Ако денес ја барате таа вест на интернет, нема да ја најдете. На момент се посомневав на пропагандните „алатките“ кои се употребуваат за (де)фокус и други цели. Со овој сомнеж не алудирам на вистинитоста на таа (сега веќе непостоечка) „информација“, но целта можеби била скриена во одговорот во писмото:
‼️ На 20.12.2019 година на мое име во Собранието пристигна Известување од Јавната обвинителка Снежана Бундалевска Георгиевска во која ме известува за јавно-обвинителската одлука дека „Тази дупка, не е дупка“ со образложени дека:
???„Од наводите во пријавата, приложената документација и доказите прибрани од страна на јавниот обвинител, произлезе дека ПРОПУСТИТЕ по однос основот на работниот ангажман на Сиљан Аврамовски не се на линија на неправо во кривична смисла, туку се понизок квалитет со оглед дека, ваквото постапување се базирало на проценка на безбедносните ризици, заради заштита на интересите на државната безбедност и запазување на континуитетот на класифицирани оперативни проекти преку ползување на ресурс заснован на неговиот минат труд“?⁉️
??? „Гордана Јанкуловска немала намера да му прибави имот или ненаква корист, ниту може да се изнајде корист, односно штета, ако се земе во предвид дека истиот добивал паричен надомест за работата што ја извршувал??⁉️
??? „Помошникот за правни работи Весна Доревска, имајќи предвид дека дејствијата на Сиљан Аврамовски се сведуваат на истакнување барања за продолжување на работниот основ, а учеството на Весна Доревска во пријавените настани е исцрчено со изготвување на решенија и пропратни акти кои се од информативно технички карактер, односно не се подобни да причинат последици на правниот поредок“??⁉️
? Со ова СУПЕР ЛУДО „правно“ образложени, Јавната обвинителка ЈА ОТФРЛИ кривичната пријава и таа го „зезна“ Прибе „по сила на Мијалков“‼️
‼️ Дали со озаконувањето на незаконската привилегији во постапката за пензионирање ПО СИЛА НА ЗАКОН, ова СУПЕР ЛУДО „правно“ образложение (на со очи видливи) не ги ставила во положба на нерамноправност сите тогашни пензионери во МВР⁉️
‼️ Дали можел/може друг вработен без одобрение „по сила на Мијалков“ да остане на работа БЕЗ ЗАКОНСКИ ОСНОВ кога требало да се пензионира ПО СИЛА НА ЗАКОН⁉️
‼️ Дали „правото“ без законски основ да се зема директорска плата цели 42 месеци не е корист или пак, штета на буџетот на МВР. Ангажирањето како пензионер е посебна приказна ⁉️
‼️ Дали улогата на правната служба и помошникот во МВР е информативно-техничка или суштинска за законито извршување и спроведување на актите од страна на министрите⁉️
‼️ Дали ПРОПУСТИТЕ констатирани од ЈО имаат име, поука и адреса за поправка и постапување⁉️
‼️ Дали „пензионерот“ бил НЕЗАМЕНЛИВ „запчаник“ во тој континуитет на „оперативни проекти“⁉️
‼️ Дали погрешните безбедносни проценки за таквите „оперативни проекти“ кои однесоа човечки животи и овозможија атентати во Собрание се заслуга на НЕЗАМЕНЛИВИОТ⁉️
‼️ Дали „запршките“ на сите политички монтирани случаи до денес се работени во „кујната“ на „пензионерот по сила на Мијалков⁉️
Многу логични прашања отвара овој ПРАВЕН ПРЕСЕДАН и јавно-обвинителско саботирање во сферата на работните односи и пензионирањето, дотолку повеќе што:
??МВР како орган на државна управа, по ова СУПЕР ЛУДО „правно“ образложени за ПРОПУСТИТЕ кои „не се гонат по службена должност„ нема изразено барање за незаконски доделените плати на „пензионерот“ (повеќе од 250.000) и никој, дури ни парламентарниот надзор нема одговор кој ќе ги поправа ПРОПУСТИТЕ кои според ЈО Скопје, би се „поправале“ по тужба од МВР‼️
??Знам за активни и завршени случаи во МВР во кои, заради стекнување на право на плата врз основа на фалсификувана диплома за завршено образование, вработени добија откази и враќаа пари во буџетот на МВР‼️
?Ако го имале потписот „по сила на Мијалков“ како што го имал Сиљан Аврамовски, или немале да ги враќаат земените плати или уште ќе беа на работа со неправо‼️
И така, додека генерацијата МЕНЛИВИ колеги на НЕЗАМЕНЛИВИОТ „пензионер“ ПО СИЛА НА ЗАКОН заминаа во пензија 2014 година, Сиљан Аврамовски „ги надживеа“.
?Додека привршувам со овие ЛОГИКИ во време на АПСУРДИ и СУПЕР ЛУДИ „правни“ образложенија и СТЕНДАП КОМЕДИИ на јавни обвинители, единствена надеж во исправање на оваа правна небулоза е исходот од пријавата во ДКСК
‼️Пријавата од 30.05.2019 година и Дополнувањето од 04.12.2019 година во ДКСК е заведена под бр.09 2940/2. На работниот состанок што го имав со членовите и претседателката на ДКСК на 04.03.2020 година, добив уверување дека по ПРЕДМЕТОТ СУШТИНСКИ СЕ ПОСТАПУВА.
?Овој состанок уследи по поднесената ?УРИГЕНЦИЈА/Барање за постапување поднесено на 25.02.2020 година, откако поминаа разумните рокови за навремено постапување по постапки од парламентарен надзор‼️
До денес (26.05.2020) нема одговор од постапувањето по пријавите.
‼️ Се надевам дека, ДКСК нема да го „зезне“ Прибе.
? „Зезанцијата“ на конкретните Прибе-препораки „по сила на Мијалков, и за тоа кој го „зезна“ и во чиј интерес УТРЕ?
?ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вие што зад лажни профили се заканувате и ме предупредувате дека, „не сум знаела колку биле јаки Џони и Сиљан“, читајте ќе има повеќе. И без нервоза и спинови молам. До тогаш, „радувајте им се на моќта !“, но ОВИЕ ЗАКОНИ НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС - СИТЕ ВИЕ СТЕ ЗАМЕНЛИВИ ?
? ЧЕТВРТ ДЕЛ со Прибе утре во 12.00 часот !
#KillTheMessenger
26-05-2020, 08:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Дискусија на третото продолжение:


[Image: 8.jpg]
[Image: 9.jpg]
[Image: 10.jpg]
27-05-2020, 02:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

[Image: 11.jpg]
[Image: 12.jpg]
[Image: 13.jpg]



[Image: 101018150_2940358196048586_2649715326635...e=5EF4516F]
27-05-2020, 02:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

[Image: 14.jpg]
27-05-2020, 02:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Frosina Remenski

? ЧЕТВРТИОТ ДЕЛ од вистинитата приказна во три дела "Како го 'зезнавме' Прибе?!" наместо денес, ќе го објавам
? УТРЕ во 18.00 часот.
?Имам дилема околу насловот, и околу тоа, дали да завршам (од каде можам пак да почнам) со? "фискалната сметка во џебот на еден несреќен странец во РМ"?или со нешто уште поинтересно?
И да немате дилеми, се е низ призмата на препораките на Прибе и европските стандарди.
До тогаш нека "Ви легне" супер лудото "правно" образложени на ОЈ Скопје по пријавата против Гордана Јанкуловска, за да не се чудите на денешната одлука на Уставниот суд, специјално за Гоца "по сила на Мијалков". Живели !
28-05-2020, 01:48 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Frosina Remenski
49 mins ·

? Некако ми се чини дека стилот на кој пишувам со име и презиме и за имиња и презимиња за конкретни кривично правни настани со ДОКАЗИ на кој има потписи после кој настанала штета на државниот буџет при јавни набавки и изигрување на тендерски постапки не им се допаѓа на сите. Таков впечаток имам, бидејќи нема суетни да споделат прашаат и да демантираат ?
И молкот кажува многу!
Продолжувам со стилот на транспарентноста, со име и презиме бидејќи за Вистината се работи.
- Б О Р Б А Т А П Р О Д О Л Ж У В А
28-05-2020, 02:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Сериозна потврда дека препораките на Прибе не се спроведени  а за што го пишува госпоѓата Ременски ги потврди и техничкиот министер на МВР Наќе Чулев








28-05-2020, 05:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Frosina Remenski
4 hrs ·

? ЧЕТВРТИОТ ДЕЛ од вистинитата приказна во три дела "Како го 'зезнавме' Прибе?!" - КАКО ГРАЃАНИТЕ ГИ ПЛАЌААТ ГРЕШКИТЕ И ПРИВИЛЕГИИТЕ НА „ПЕНЗИОНЕРОТ“?!

? Од многу думање, како да го насловам овој дел од приказната за тоа „Како го 'зезнавме' Прибе?!“ со парламентарниот надзор за привилегиите на „пензионерот“ и главниот „реформатор“ „по сила на Мијалков“ Сиљан Аврамовски, избрав еден податлив, проверлив и судски завршен случај кој долги години за нашите безбедносни служби и за државата беше СРАМ, бидејќи не изостануваше ниту еден извештај за човековиоте права од меѓународни организации, а да не биде НАГЛАСЕНА - тоа е
?„Случајот Ел-Масри против Република Македонија„.?
? За да го избегнам вадењето од контекст на напишаното, ќе се послужам со официјални податоци и „јавни тајни“ за улогата на ?„Пензионерот„ Сиљан Аврамовски? во тој временски период како Директор на УБК, подоцна како Министер за внатрешни работи, па преку „вечити“ заменик директор на УБК, до „ГЛАВЕН РЕФОРМАТОР“ на УБК.
? Главната поента на овој дел (не толку автентичен од аспект на препораките на Прибе) е да ја долови ИРОНИЈАТА на едно „вечно“ управување со безбедносната служба кој преку сторените штети, успеа во време на толку очекуваната реформа на УБК (со целиот корпус на аномалии и глупости од космички размери), да се наметна како ?„ГЛЕВЕН РЕФОРМАТОР“ и повторно „незаменлив“ запчаник во таа машинерија на грешки и повреди на човековите права. Не алудирам дека тој бил сам и единствен во тие грешки - биле и неговите до денес „раздаватели на привилегии“, но во случајот со меѓународна димензија Ел-Масри, никој не побара одговори дома, кој, како и зошто го дозволил тоа. А сме биле должни ‼️
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во манир на одговорен дипломат на 28.03.2018 година го стори она што неговите претходници одамна требаше да го прифатат и признаат, а тоа е дека: ‼️?во 2003 година Македонија тешко ги прекрши правата на германскиот државјанин Калед Ел Масри и европските конвенции за човекови права?‼️
?Во писмо до Ел Масри, Димитров изрази ?„искрено извинување и безрезервно жалење“? за „неправилниот однос од страна на македонските власти“‼️
? Државата во 2018 година, конечно, смогна сили да ја признае својата вина и да побара прошка за трагедијата. Тоа на Ел-Масри нема да му значи многу, но добро би било доколку значи дека, ?ваква злоупотреба македонските власти никогаш повеќе нема да повторат?‼️
? Во извинувањето, Димитров ги споменува и ?„немерливите и болни искуства, и сериозни физички и психолошки рани што ги има претрпено“? Ел Масри како резултат на илегалното апсење‼️
Во 2012 година, по тужба од Ел Масри, Европскиот суд за човекови права ?Пресуди дека ?Македонија прекршила неколку одредби од Европската конвенција за човекови права и ја задолжи земјата да му исплати отштета од 60.000 евра на Ел Масри, што беше и сторено?
? Големиот судски совет во предметот Ел-Масри против “поранешната југословенска Република Македонија” (број на жалба 39630/09), која е конечна, Европскиот суд за човекови права одлучи едногласно дека има:
? повреда на членот 3 (забрана на тортура и нечовечко и понижувачко постапување) од ЕКЧП;
? повреда на членот 5 (право на слобода и сигурност);
? повреда на членот 8 (право на приватен и семеен живот);
? повреда на членот 13 (право на ефикасен правен лек).
Според Пресудата, ?клучен доказ за ваквата одлука на Судот за човекови права во Стразбур е писмената изјава на сведокот Хари Костов. кој во периодот на затворањето на Ел-Масри бил министер за внатрешни работи на Македонија?‼️. Тој меѓу другото потврдил дека ?македонската полиција, постапувајќи по важечки меѓународен налог за апсење издаден од властите на САД, го уапсила Ел-Масри и го држела во изолација во Скопје под постојан надзор на агенти (⁉️) на државната служба за безбедност и контраразузнавање?.
?Хари Костов потврдува дека Македонија го задржала Ел-Масри по барање на ЦИА, а потоа тој како министер побарал од американските власти да дојдат и да го земат, зoшто Македонија веќе нема да може да го држи во заточеништво‼️
Подоцна Ел-Масри бил предаден на тимот за предавање на ЦИА на аеродромот во Скопје и ја напуштил земјата со авион на ЦИА‼️
? Хари Костов -
?Министер за внатрешни работи од 01.11.2002 до 02.06.2004 година;
? Сиљан Аврамовски -
?Директор на ДБК од 03.02.203 до 02.06.2014 година;
?Министер за внатрешни работи од 04.06.2014 до 17.12.2004 година;
? „Јавна тајна“ е дека, една од причините за оставката на Хари Костов од министер за внатрешни работи е и Случајот Ел-Масри ?!
На 31.01.2003 година ?Ел Масри заминува на одмор во Скопје, по што на граничниот премин Табановце властите го апсат ?под сомнение дека „неговиот германски пасош е фалсификуван, односно дека е член на Ал-Каеда“?.
Ел-Масри во својот исказ вели дека по ова, ?23 дена бил затворен и испрашуван во хотелот „Скопски мерак“?‼️, а потоа ?„со фискална сметка од хотелот за наводен 'легален' престој во хотелот што му ја ставил во џеб агент кој Ел Масри (во 2018) го препознава како висок функционер на УБК“?⁉️, противправно бил предаден на ЦИА кои пак авионски го спровеле во таен истражен затвор во Кабул, Авганистан (според неговите кажувања станува збор за за тајниот затвор на ЦИА).
Сагата на Ел-Масри траела 5 месеци, односно од 31 декември 2003 до 28 мај 2003 година. По некое време, агентите на ?ЦИА почнале да се сомневаат дека неговиот пасошот не е фалсификат. По потврдата дека пасошот не е фалсификат. ЦИА според одредени пишувања најверојатно почнала да разгледува опции како да се справи со случајот. Една од опциите што наводно била разгледувана е ?Ел-Масри тајно да се транспортира во Македонија, да се остави таму, а потоа да се негираат неговите обвинувања?. ?Известени од страна на македонските власти дека се противат Ел Масри да биде вратен на наша територија, американските агенти ?го оставаат наводно во Албанија на аеродромот Кучова, близу областа Берат, при што му бил вратен и пасошот?. Од тука веднаш го презеле албанските власти кои го ставиле на лет за Франкфурт ‼️
? Единствен материјален доказ која го поткрепува неговото тврдење во врска со неговото авионско пренесување во Авганистан е ?летачка евиденција која покажува дека на 23.01.2004, Боинг 737 во сопственост на американска корпорација, регистриран како авион N313? – слетал во Македонија, а потоа преку Багдад со еден патник заминал за Авганистан‼️
Како доказ пред Судот во Стразбург, според македонските власти биле посочен излезниот печат во неговиот пасош, но печат НЕМА.
Според државниот застапник пред Судот во Стразбург, македонската страна ? има повеќе материјални докази кои поради постапката која е во тек не се откриваат во јавност?‼️ „Јавна тајна“ е дека, ?„фалсификуваната фискална сметка од хотелот, ставена во џебот на Ел Масри пред пуштањето од заложништо“ е „заслуга“ на висок функционер на УБК кој Ел Масри во 208 година го препознал во медиумите?‼️
?Она што е најзначајно според застапниците на Македонија е дека апликација на Ел-Масри е задоцнета односно е пуштена надвор од рокот од 6 месеци колку што налагаат Конвенцијата и правилата на судот, за што спротивен аргумент имаа бранителите на Ел Масри и Судот во Стразбург.
На 6.12.2005 година, германската канцеларка ?Ангела Меркел по средбата со тогашниот американски државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека ?САД направиле „грешка во случајот со Ел-Масри“?‼️. На 31.01.2007 година, германскиот германскиот обвинител Кристијан Шмит Сомерфелд, во рамки на германскиот правосуден систем поднесе ?обвинение против тринаесет агенти на ЦИА за нивната наводна вмешаност во нелегалниот трансфер на нивниот државјанин?‼️.
‼️ЦИА во 2014 година призна дека ?Ел Масри бил неправилно притворен и малтретиран?.
Обвинителството во Минхен во Април 2017 година отвори истрага против 13 агенти на ЦИА кои биле вмешани во киднапирањето на Ел Масри.
? Кога по оваа кратка хронологија на битните факти за Случајот Ел Масри и признанија и осуди од сите страни на светот, посебно од министерот Никола Димиртов во Март 2018 година, ќе го сумирате резултатот, тој е ЕДНАКОВ НА НУЛА ‼️
? Ова е еден од неколкуте случаи (ги бројам сите политички монтирани случаи) кои до 2018 година МОЖЕА, А НЕ БЕА земени во „внатрешна истрага и контрола на МВР“, за да послужат како КОРЕКТИВ на злоупотребата на моќ на државата, преку безбедносните служби, раководени од транзитери кои одработуваат и прикриваат се што може да го загрози „зборот на лојалноста“ кон раздавателите и корисниците на привилегии и права што не важат „согласно закон и Устав“
? Сведочењето и признанието на Хари Костов за овој случај и темпираната застареност на кривичните дела (за да не ја докажат својата невиност и да се докаже злоупотребата на УБК) за сите кои лежеа притвор/затвор во политички монтираните случаи и многу други административно технички и финансиски аспекти од работењето на УБК, НЕ БЕА ДОВОЛНИ за да се согледа изворот на сите режии и филмови кои ги гледавме години наназад со „незаменливи“ актери и запчаници.
? НЕ БЕА ДОВОЛНИ да ја искористиме шансата во процесот на реформа да ја запазиме паролата „никогаш да не се повтори“‼️
? НИШТО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО за „да се размисли 5-пати“ кога за Раководител на работната група за реформа на УБК, Владата го назначи Сиљан Аврамовски „реформаторот“ и „незаменливиот пензионер“ и тоа во истата година кога министерот Никола Димитров од име на државата СЕ ИЗВИНИ на Ел Масри и на СР Германија за СРАМОТ ‼️
? НИШТО НЕ Е ДОВОЛНО, за да се постави прашањето „Зошто со парите на граѓаните, државата ЈА ПЛАТИ ГРЕШКАТА на „незаменливите“ во висина од 60.000 евра⁉️ и дополнителен ризик по тужбата од Ел Масри за исплата на дополнителни 300.000 евра што ги побарува од нас.‼️
?НИТО НЕ Е ДОВОЛНО, за да се согледаат очигледните незаконски привилегии за Сиљан Аврамовски „по сила на Мијалков“ и Гордана Јанкуловска кои граѓаните на државата ги чинат повеќе од 250.000 евра ⁉️
? Кога ќе се сумира „ќарот“ и „зијанот“ од овие „незаменливите реформатори“ со печат за срам од Стразбург, останува да си го поставиме клучното прашање кое од говорница го истакнав пред почнување на реформите во безбедносно-разузнавачката заедница, а тоа е:
⁉️ КОЈ ЌЕ ГИ РЕФОРМИРА РЕФОРМАТОРИТЕ ⁉️
? Реформите почнаа и течат но, „реформаторот“ ги „реформираше“ оние кои според Прибе, требаше да го реформираат него‼️
За сметка на тоа ЈО Скопје и извинувањето од Никола Димитров до Ел Масри станаа „очигледно доволни“ за да не се наруши „угледот и авторитетот“ на „јаките агенти (ЦИАши)“ по „сила на Мијалков“ и сте политички невнимателни ‼️
Нека Ви/Ни е на здравје ?
? Серијалот вистинити приказни продолжува „за среќа“ на „јаките“. Ние смртниците „сме небитни“, што да правиме, ќе си пишуваме, „кој не врти“ ?
#KillTheMessenger
#???
28-05-2020, 10:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Коментари под четвртото продолжение:

[Image: 16.jpg]

[Image: 17.jpg]
[Image: 18.jpg]
01-06-2020, 10:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

[Image: 15.jpg]

[Image: 19.jpg]
(This post was last modified: 02-06-2020, 12:50 AM by ЈорданПетровски.)
01-06-2020, 10:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Frosina Remenski
5 hrs ·

? "КИРАЏИСКИ ПРИКАЗНИ?!"
? Како што најавив, од денес во следните неколку дена ќе објавам една вистинита приказна, со вистински актери - случај кој „не успеа“ да стане дел од парламентарен надзор, а беше исто толку надежен и аргументиран како и приказната за „пензионерот“ и неговите привилегии „по сила на Мијалков“, супер лудото „правно“ образложение како „тази дупка не е дупка“ и сл.
?И додека, кај некој сеуште постои дилема „Зошто сум се распишувала?“, сакам да потсетам дека, СИТЕ ПИШУВАЊА (објавени документи, пријави до надлежни институции итн), кои сега ги гледате јавно, а биле зборувани од моја страна, исто така јавно, НЕ СЕ ОД ВЧЕРА и НЕ СЕ ОД ДЕНЕС.
‼️Како совесен граѓанин, професор и пратеник тие се на увид и натамошно постапување пред надлежните институции. Тоа што до денес, за многу од нив нема институционален одговор, или пак, има супер луди „правни“ образложенија кои не гледаат и озаконуваат криминал, мене како подносител/примател на сите овие информации/документи од укажувачи не ми останува ништо друго, туку јавно да ги обелоденам, односно да направам и јавно пријавување, ако хартијата не е доволна за да се постапува ПО СИЛА НА ЗАКОН.‼️
До завршување на мојот пратенички мандат, ќе ги објавам сите случаи за кои дознав како член на Комисијата за надзор над работата на УБК и АР.
? Оваа вистинита приказна, со вистински ликови ја насловив „Кираџиски приказни“, од причина што МОЖЕБИ токму кираџиските односи на актерите во приказната и нивните меѓусебни блиски/некакви релации, допираат ДО СУШТИНАТА на повеќе неодговорени прашања кои јавно ги поставував изминатиот период и кои (за жал), „не беа доволно сензационални“ да станат прашања за истражувачкото новинарство. Одговор зошто тоа е така, од оваа временска дистанца е повеќе од јасно. Но, да оставиме приказната да добие расплет.
Се почна вака:
Додека „завршуваше“ парламентарниот надзор за статусот на Сиљан Аврамовски во периодот пред и по, „вистинското пензионирање“ и додека се загреваше „трката“ за директор на Агенцијата за национална безбедност (поранешна УБК), од анонимен доставувач/укажувач во Собранието ?до мене како член на Комисијата за надзор над работата на УБК и АР, во жолто плико А4 формат и дознака „За пратеничката Фросина Ременски“ добив неколку документи со образложение.
‼️ Од природата на документите и од консултации во врска со нив, а подоцна и од слична јавна објава на социјална мрежа Фејсбук, сметам дека и ?ДКСК има законска надлежност да постапува по вакви и слични сознанија кои упатуваат на сомнежи за можна корупција и судир на интереси на лице кое било избрано/именувано од Владата на РСМ за вршител на должност – Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање г-нот Горан Николовски викан Џони.‼️
По извршени консултации во врска со документацијата и потврдата на нивната вистинитост, поучена од претходниот надзор во врска со друго високо позиционирано лице во УБК, одлучив до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) како надлежен орган да поднесам
?Пријава за Горан Николовски - Џони, ?за сомневања за неисполнување на обврските од Законот за спречување на корупција и судир на интереси на избрано/именувано лице и сомневања за корупција и судир на интереси?.
? ДИГРЕСИЈА: Сакам да напоменам дека, во тој временски период (од дознавање, до пријава) во јавноста не беа познати јавно изнесените сознанија за улогата на Директорот на УБК Горан Николовски во случајот Рекет и не беа познати сведочењата на брачниот пар Орце и Ана Камчеви во врска со случајот Рекет.
Оваа напомена ја должам од причина што, логичните прашања што јавно ги поставив по сведочењата на Камчеви, ставени во контекст на оваа вистинита приказна за „кираџиските релации“ и нивното можно влијание во истрагите за Рекет, ја отвараат третата димензија на случајот и постапувањето на институциите.⁉️
? Заради почитување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци, делот од документацијата во која се содржани лични податоци (адреса на живеење, матичен број, број на лична карта), нема да ги објавам експлицитно, туку ќе ги интерпретирам.
?Исто така, напоменувам дека, сите податоци наведени во Пријавата пред ДКСК ?СЕ ПОТВРДЕНИ од страна на ДКСК, за што бев информирана на работниот состанок оддржан на 04.03.2020 година во врска и со оваа пријава.
? Во пријавата до ДКСК сум напишала дека: ?„Бидејќи предметното прашање е дел од надлежноста на Комисијата за надзор врз работата на УБК и АР и правото на постапување на пратениците, како член пристапувам кон информирање/запознавање на ДКСК како надлежен орган, за следново:“?‼️
Владата на РСМ на седница оддржана на ?16 јуни 2017 година го избрала Горан Никловски на позицијата Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи.
На ?17.07.2019 година во медиумите е пренесена вест дека: „Горан Николовски, директор на УБК и неговиот заменик Ариф Асани се на листата за разрешување предложена денеска од Владата. Нивното разрешување доаѓа непосредно по основањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)“.
На ?30.09.2019 година во медиумите е пренесена веста дека: „Владата на една од последните седници донела одлука за утврдување на престанок на функциите на повеќе лица ... На Горан Николовски му е утврден престанок на функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, орган во состав на Министерството за внатрешни работи“.
? Во контекст на именувањето и разрешувањата во јули и септември 2019 година, останува нејасно кога навистина се случило разрешувањето и дали во тој контекст е постапено согласно закон, односно ДКСК има законска надлежност да го утврди точниот датум на разрешувањето и заради обврските на избраните/именуваните и разрешени/службени лица на кои им престанал мандатот ?до ДКСК во рок од 30 дена да достават Анкетен лист за имотната состојба, изјави и сл., како и рокот за доставување на анкетен лист по завршување на функцијата?⁉️
?Доставувачот на документацијата укажува дека:
Директорот на УБК ?Горан Николовски живее во с.Бардовци под Општина Карпош на имот на кој според катастарска парцела и адреса, како сопственик се јавува извесен Антонио Апостолски, за кој подоцна е утврдено дека е познат адвокат од Скопје?‼️.
?Според информации од ДКСК, ?Горан Николовски во анкетниот лист посочената адреса ја посочил како „адреса на престојувалиште“, различна од адресата во лична карта?‼️
?Во анкетниот лист познат на ДКСК ?не е наведен основот за престојувалиште на таа адреса и на тој имот, ниту пак имотот е пријавен во анкетен лист согласно основот за недвижен имот?⁉️
https://civilmedia.mk/poraneshniot-direktor-na-ubk-pred-re…/
Од ?Уверението за историски преглед на извршените запишувања за катастарската парцела во КО Бардовци на која се наоѓа куќата се гледа дека, од целокупниот историјат кој започнува во 2003 година, од 13.03.2015 година врз основа на Договор за продажба ОДУ.бр 565/2014 од 12.11.2014 година од Нотар Снежана Видовска, катастарската парцела со непроменета површина била ?запишана во ИЛ 1174 на Апостолски Антонио со право на сопственост?
? Од Уверението за историјатот се наведува дека,
?заклучно со 16.09.2019 година други промени во катастарската евиденција за катастарската парцела во КО Бардовци, односно имотот на посочената улица во с. Бардовци НЕМА ПРОМЕНИ?‼️
Овој дел од „кираџиската приказна“ ќе го завршам тука, за да продолжам и со другите наводи кои беа доставени со документацијата.
? До тогаш, ме радува еден наслов што го објави ЦивилМедиа по појата посета во ДКСК и изјавата дадена подоцна дека, ?„Поранешниот директор на УБК пред Ременски пријавил во ДКСК дека живее во куќа на адвокат на Камчев“?⁉️
?Не знам дали е грешка, но ако не е, по ваков наслов (кој беше пренесен и од други интернет портали), очекував некој новинар да постави и други прашања во врска со ова?
Зошто беа/се важни овие прашања⁉️
? „Дали постои скриено сопствеништво на имот на кој живее високо позициониран носител на функција во безбедносна служба?“⁉️ е клучно ако бараме одговор на прашањето:
https://a1on.mk/…/kamchev-ponudil-nad-3-milioni-za-da-mu-…/…
? Колку е нормално, Директотр на УБК да живее на имот на адвокат на негов поранешен претпоставен (Сашо Мијалков) обвинет за повеќе кривични дела поврзани со делокругот на работа на УБК, чиишто директор до неодамна беше Горан Николовски ⁉️ или пак, на прашањето,
https://a1on.mk/…/advokatot-na-mijalkov-nedozvolivo-e-stra…/
? „Колку оваа „кираџиска приказна“ влијаела „врз текот на операцијата Рекет“ и пријавите на брачниот пар Орце и Ана Камчеви до директорот на УБК?!“⁉️
https://lider.com.mk/…/kamchev-kaj-direktorot-na-ubk-prvo-…/
?На потег е ДКСК која повеќе од 7 месеци работи на случајот
? ДКСК како надлежен орган, во соработка со други државни органи имаат обврска да извршат проверка на фактите и да утврдат дали постои сомневање за корупција и судир на интереси, преку скриено сопствеништво на имот како и аспектот на етичките норми при вршење на функцијата директор.
? Продолжувам со второт дел од „кираџиската приказна“ утре во 18:00 часот !
?ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вие што зад лажни профили до сега се заканувавте и ме предупредувате дека, „не сум знаела колку биле јаки Џони и Сиљан“, читајте и без нервоза и спинови молам. До тогаш, „радувајте им се на моќта !“
#KillTheMessenger
#???

[Image: 102431558_3185608141470418_2295289033321...e=5EF9D0A7]
01-06-2020, 10:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

[Image: 101318039_3185608321470400_3891447177146...e=5EFB1597]


[Image: 101634382_3185608544803711_3871524266969...e=5EFCB2A2]
01-06-2020, 10:55 PM
Reply