Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЕ ВПРЕГНА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО БИТКАТА ЗАЕВ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:По допрен глас почната предистражна постапка за Александар Николоски

[Image: vilma.jpg]

22.05.2020
Обвинителката Вилма Рускоска утрово потврди дека отворила предистражна постапка по допрен глас за Александар Николоски кој е актуелен втор човек на ВМРО ДПМНЕ.

„Сеуште нема истрага, се врши предистражна постапка по допрен глас по што ќе се знае дали ќе има отворање на истрага. Сега имаме само предистражна постапка по допрен глас“ – изјави за „Охрид 1“ обвинителката Вилма Рускоска без да прецизира дали предистражната постапка се однесува само на перење пари или и на други дела и без да каже дали со предистражната постапка е опфатен само Николоски или има и дурги лица.

Според информациите до кои дојде „Охрид 1“ предистражната постапка покрај Николоски ги опфаќа и еден од главните разузнавачи во кабинетот на Георге Иванов, поранешен директор на „Фондот за здравствено осигурување“ кој потоа станал директор на фарма за канабис, еден бизнисмен кој работи во градежништо, угостителство и обложување, еден поранешен кошаркар, потоа еден директор на приватна фирма со руски капитал ( познат на јавноста по закани со убиство и подметнати бомби ) се дел од истрагата која ја отпочнало Јавното обвинителство во Скопје, а на која и е дадено работно име „Пајажина“. Предистражната постапка се однесува на субверзивни активности за уривање на Преспанскиот договор и за перење пари кои доаѓале од една источна држава со светско влијание, а износите се во милиони евра.

Александар Николоски деновиве кажа дека раководството на ВМРО ДПМНЕ подолго време било следено и прислушкувано од службите. Оваа изјава беше демантирана од Наќе Чулев, а дополнителната министерка Славјанка Петровска кажа дека против Николоски е отворена истрага за „перење пари“.



Но оваа не е случај само во Македонија, се случува исто и во Хрватско: „Karamarko se oglasio o uhićenju supruge Ane: "To je bio početak još jednog teatra apsurda" , Još jedan tetar apsurda pod nazivom: „Nađimo mu nešto'' !!

Исто се случува и во Србија: Lider Dveri pozvan na saslušanje zbog napada na ministra i poslanike: Bošku preti zatvor i do pet godina , Ухапшен Никола Сандуловић: Ширио панику и лажне вести преко друштвених мрежа

(This post was last modified: 23-05-2020, 11:28 PM by ЈорданПетровски.)
23-05-2020, 11:27 PM
Reply