Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАЕВ СО БОМБИ ДОЈДЕ , ДАЛИ ОД БОМБИ КЕ МОРА ДА ЗАМИНЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ: Аудио-снимки на кои Заев кажува на кого сѐ ќе „му ебел мајката“ и како го ставил СЈО под контрола

09.05.2020
Аудио-записи од разговор кој Зоран Заев го води со анонимен соговорник се појавија на социјалните мрежи, поточно, на видео платформата „ЈуТјуб“ на кои може да се слушне гласот на лидерот на СДСМ и уште едно машко лице. До мене, овие снимки ги достави свиркач…

[Image: zaev_gro2.jpg]

Она што ќе го слушнете во аудио-записите вметнати во овој текст се снимки на кои се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев и уште едно машко лице. Разговорот е воден во угостителски објект чија локација нема да ја откриеме. Од разговорот кој Заев го водел со анонимниот соговорник, ќе слушнете какво е мислењето на Зоран Заев за граѓаните, за кои вели „ебем ти таков народ“ ако и на тие избори – мислејќи на оние во декември 2016.година – не гласаат за него.
На првиот аудио-запис, јасно се слуша како соговорникот го убедува дека ако излезе на избори, тој нема да победи, бидејќи „народ не ги сака“. Ниту него, ниту пак СДСМ. На ова, Заев одговара дека соговорникот размислувал како „задоен ВМРОвец“ и го насочува да внимава на резултатот од изборите, велејќи „ќе видиш што ќе се случи“.






Вториот аудио-запис, всушност е признание на Зоран Заев дека нелегално прислушкуваните аудио-материјали ниту биле безбедни, ниту пак биле само во посед на партијата. Соговорникот го прашува Заев, зошто не му верувал нему и разговорите му ги дал на Чауш. На ова тој одговара, дека така требало со цел тие кои биле на Албански јазик да бидат преведени и да можело да се удри по Али Ахмети.





Граѓанските организации, тоа што е финансирано од Сорос, Студентскиот парламент сите се мои“ – вели Зоран Заев во третиот аудио-запис, практично признавајќи дека протестите на т.н. шарена револуција се фиктивни.





Во четвртиот аудио-запис, лидерот на СДСМ објаснува дека „СЈО ќе превземе драстични чекори“ и дека ќе направи многу штета, притоа јасно ставајќи до знаење дека оваа институција е под негова целосна контрола. Понатаму во овој запис, Заев се заканува дека на бизнисменот Орце Камчев ќе „мамето мамино ќе му го е*ам“.





Ова е само увертира во сѐ она што свиркачот го достави до мене. Јас ќе ја почитувам неговата желба и засега објавени ќе бидат само првите четири аудио записи.
Ова продолжува, а од снимка во снимка, се појасна ќе станува вистинската вистина за Зоран Заев и неговата инволивраност.

А.Митовски


ИНФОМАКС
09-05-2020, 06:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Заев ги коментира бомбите што ги објави ИНФОМАКС !! Се обидува да ја тера на шега работата.


[Image: 96419390_2897576296993443_66620924276013...e=5EDB1684]
09-05-2020, 07:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: image.jpg]

СДССМ вели:

-„Во аудио разговорите, претседателот Заев категорично потврдува дека не постојат разговори кои се дадени на никаков Чауш и на никој друг освен на СЈО.“


Во видеото Заев вели:

-„Чаушот може да има само еден мал дел од снимките за преведување од Албански на Македонски“...



Еве го и видеото па сами слушнете:




09-05-2020, 07:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Заев за аудио снимките: Објавените разговори се како афирмативен материјал за политиките на СДСМ

10.05.2020
Од снимките, додава Заев, јасно се слуша моето инстистирање да се заврши со криминалците и криминалот, и ден денес стојам на тие ставови. 
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција по завршувањето на состанокот со коалициските партнери, на новинарско прашање одговори за аудио снимките кои вчера се појавија во јавност и на кои се слуша неговиот глас.
На прашањето за вчерашните снимки со разговорите, Заев пред сѐ изрази задоволство затоа што се докажало дека граѓаните поддржуваат демократски, а не режимски политики, како што покажаа и на локалните и на претседателските избори. Тој нагласи дека волјата на граѓаните на избори е неприкосновена, а не неконтролирана и штимана, како што тоа беше во времето на груевизмот.
На маршевите и протестите, додава Заев, јас бев во 17-тиот ред, напред беа граѓаните и граѓанските организации.





Вчерашните разговори само потврдуваат дека бомбите се дадени на СЈО, и на никој друг, а се гледа и замешаноста на Чауш, кој е член на СДСМ и за кој имало шпекулации дека имал контакт со некои претходно селектирани бомби кои тогаш биле преведувани од албански за подоцна да бидат објавувани, вели претседателот на СДСМ, Заев.
Од снимките, исто така додава Заев, јасно се слуша моето инстистирање да се заврши со криминалците и криминалот, и ден денес стојам на тие ставови. Вчерашните снимки се како афирмативен материјал за нашите политики за борба против криминалот, за заштита на граѓанскиот сектор и правата на граѓаните. Затоа и на шега кажав дека или нашиот шеф на ПР Ацко Поповски или Марјан Забрчанец во Владата ги пуштил овие разговори во јавност, рече Заев на крајот од своето обраќање.
 

ДЕРАЛА





Lazgo Lazgo Lazgo
10-05-2020, 02:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote: Прематарски марифети

Зоран Заев лажел и се фалел како батко Ѓорѓија дека сите и сето е негово во земјичкава и дека нему му се може да купува и да продава сè. Се најдоа такви и во граѓанскиот сектор, но тие не беа и не се мнозинство.
Од Владимир Милчин Објавено 10/05/2020 13:39:02
[Image: Vladimir-Milcin-35l3i9lz4ichtzlklyozk0-1-750x430.jpg]

Мнозина прелажа прематарот Зоран Заев и мнозина одбиваа да си поверуваат на очите. Измамите ги разубавуваа оние малцина купени трабанти. Се најдоа такви и во граѓанскиот сектор, но тие не беа и не се мнозинство. Најголемиот дел граѓани и граѓански активисти веруваа во „Нема правда, нема мир!”. Најголемиот дел сметаа дека груевизмот е дното. А сега веќе не гледаат битна разлика меѓу двата, односно трите политички вируси кои ја заразија Македонија со болеста со четири симптоми: Клиентелизам, Корупција, Непотизам и Рекет.
Зоран Заев лажел и се фалел како батко Ѓорѓија дека сите и сето е његово во земјичкава и дека нему му се може да купува и продава небаре е новиот Чичиков. Но, за разлика од оној Гоголевиот, нашиов купува и мртви и живи души.
Не знам кој е соговорникот кому Заев продавал басми дека сè е негово, па не знам заради што лажел. Дали сакал да го купи или да го уплаши? Во крајна линија, не е ни важно…
Она што е важно е да се потсетиме дека граѓаните и граѓанските организации го почнаа отпорот кога од СДСМ немаше ни трага ни глас. Граѓаните за европска Македонија се огласија набргу по Букурешт, веќе во втората година на груевизмот. Јас бев извршен директор на Фондацијата отворено општество Македонија од септември 1992 до 30 јуни 2015 година и можам да гарантирам дека фондацијата не била Заева. За годините потоа не сум овластен, но се надевам дека ќе се огласат овластените.
Она што не ме изненади беше неговата одлука СДСМ да ја напушти коалицијата „За Македонија”, но ме изненади што беше прекршен договорот тоа да се соопшти на заедничка прес-конференција на СДСМ и невладините организации и иницијативи. За тоа од невладините беше задолжен Марјан Забрчанец, кој преку ноќ стана шеф на агитпропот на власта.
„Ајде!” беше трн во окото. Затоа се случи масовниот уредно пријавен протест пред Уставниот суд да биде оневозможен така што на Стевче му беше дозволено без пријавување да го запоседне просторот. Да потсетам, министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски, сегашен технички премиер, човек од доверба на Заев. Граѓаните не беа пропуштени до платото од полицискиот кордон со водени топови вперени во нив. Таа драматична вечер го најави идниот трансфер од невладиниот во владиниот сектор.
Некои преминаа верувајќи дека ќе можат да придонесат за намалување на штетите, а некои заради привилегиите што ги дава власта. Пуста власт, мила…
За Шарената револуција и за одбраната на СЈО знам толку колку што знаат присутните граѓани.
Заев сега се соочува со тоа дека има и такви кои не беа и не се на продажба. Тоа се тие кои нема да излезат на избори зашто немаат избор.

ПЛУСИНФО
10-05-2020, 02:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: image.jpg]




Граѓаните нема да веруваат на ликови кои се декларираат како бранители на една идеологија, ликови кои немаат ист аршин за исто недело!
10-05-2020, 04:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Mirjana Najchevska
7 AM

Јас не чувствувам како Милчин дека Заев ме прелажал.
Од почеток бев свесна кој е и што е и колку вреди.
И тој беше максимумот кој можевме да го добиеме со нивото на свест на граѓаните во тој момент.
Ништо не се промени. Само во изминативе години поголем број граѓани видоа кој е неговиот максимум - два сантими над Груевски.
И тие два сантими се напредок. Неспорен и препознатлив. Не сум иронична. Имавме напредок.
И толку. Нема капацитет за повеќе. Не може да понуди ни сантим повеќе. Може само да се претвори во некој многу сличен или истоветен на Груевски.
Време е да почнеме промената да ја мериме не во сантиметри туку во километри, ако не сакаме да останеме последна дупка во Европа. И ако сакаме таа промена да не заврши повторно со некој Груевски или Заев или Бранко или ... качен на бел коњ.
13-05-2020, 12:53 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote: Верушевски помладиот му ја скрои капата, го руши Заев



19.05.2020
Зоран Заев се сети со кого разговарал кога го пцуел македонскиот народ, разговор во кој призна како тргувал со нелегално прислушкуваните материјали, како ги контролирал невладините и шарените, а и како СЈО е под целосна негова контрола. Ова е само уште една потврда за автентичноста на скандалозниот разговор.

[Image: Verus-Verusevski-Zaev-696x371-1.jpg]

Според Зоран Заев снимката која беше објавена е направена од Александар Верушевски, син на Зоран Верушевски на ручек во ресторан во Струмица, вели Заев на прашање на новинар за тоа кој е другиот соговорник во скандалозните снимки.
„Тој е мој пријател, но ете така одлучил така направил. Неговиот татко знаете е советник за национална безбедност и ми е голем пријател. Но, ете, Александар така одлучил така правел“, рече Заев додавајќи дека разговорот кој бил сниман е пред околу 4 години.

Од овие разговори македонската јавност имаше шанса да го слушне вистинскиот Зоран Заев, не оној кој пред камерите е со благо наклонета глава и рака на срце, човекот кој постојано говори за едно општество на сите во овие разговори впрочем ја „еб*“ мајката на пола држава.
Во развиените европски демократии политичарите поднесуваат оставки за многу помалку од ова, но влогот на Заев во ситуацијата е многу поголем од неговиот морален капацитет. Причината за ова е вмешаноста на Заев во голем број криминални афери и фактот што покрај политичка по изборите за Заев многу веројатно следи и кривична одговорност за стореното.
19-05-2020, 12:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:ИАКО МЕ СНИМАЛ, ВО ДОБРИ ОДНОСИ СУМ СО ВЕРУШЕВСКИ, МНОГУ ГИ САКАМ НЕГОВИТЕ ДЕЧИЊА, РЕЧЕ ЗАЕВ


[Image: zaev-11.02.2020.jpg]

10.05.2020 Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
„Тој така одлучил, така направил. Знаете дека и со неговиот татко соработувам како советник на национална безбедност“, рече Заев.(Фото: СДК.МК)

Александар Верушевски, синот на советникот за национална безбедност на Владата Зоран Верушевски, е соговорникот на Зоран Заев на четири аудио снимки кои на 9 мај се појавија на каналот јутјуб од  авторот „Бошко Буха“. Лидерот на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање, денеска рече дека разговорот е од пред 4 години, кога Александар бил на ручек кај него во Струмица.

Гласот на соговорникот на Заев на снимките беше мутиран.
„Седевме ручавме и ете сега видов дека ме снимал. Во добри односи сме и сега. Јас сум пријател со неговото семејство, многу ги сакам неговите дечиња. Тој така одлучил, така направил. Знаете дека и со неговиот татко соработувам како советник на национална безбедност“, рече Заев.





[Image: image.jpg]
(This post was last modified: 19-05-2020, 01:24 PM by ЈорданПетровски.)
19-05-2020, 01:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

[Image: 2.jpg]

[Image: 1.jpg]



Се заострува ситуацијата.
19-05-2020, 08:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11






Од 49 минута и 18 секунда се зборува за Заев и Верушевски!!
20-05-2020, 08:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:





Александар Митовски

Го слушам Заев, и не можам да поверувам. Тој се загрижил да не се растурат семејства, да не слушнеле дечичките и нивните чисти душички да не се извалкале.
“Одозгора на тога” Заев, по заканата по децата на Верушевски, му се заканува нему и на медиумите (не објавил само Инфомакс линкови од ЈуТјуб, објавуваа и низа други) со кривични.
Кај беше бе другар да мислиш на дечичките во 2015-та?
Зошто не мислеше на тие душички тогаш?
Знаеш ли на колку семејства им ги затвори куќите со монтирани случаи, базирани на монтирани нелегално стекнати прислушкувани разговори?
Ти имаш многу за што се плашиш, затоа и се закануваш. Ама, во погрешна црква се крстиш.



Не бил крстен бадијала Заев, КАМИКАЗА од Али Ахмети!!
25-05-2020, 12:07 AM
Reply