Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИГРИТЕ ОКОЛУ ДАТУМОТ ЗА ИЗБОРИТЕ ЗАПОЧНАА!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Дали тоа Заев нѐ води на корона избори?

22.04.2020 Бранко Героски
Ако се почитува волјата на најголемите политички партии изразена на лидерските средби – на кои, да се потсетиме, прво падна договор на 12 април да се одржат предвремени избори, а потоа заедничката одлука беше суспендирана и се прогласи вонредна состојба – нема разумна причина за повторно свикување на веќе распуштениот парламент.
Оттаму, инсистирањето на СДСМ и на неговите политички сојузници парламентот сепак да заседава не е поврзано со причини од формално-правен карактер. Во Македонија е прогласена вонредна состојба. Два пати. Ако постои потреба и договор меѓу клучните актери на политичката сцена, претседателот Стево Пендаровски може и по трет пат да прогласи вонредна состојба. Сѐ додека е потребно и легитимно.
Во услови на вонредна состојба, владата, која сега случајно е техничка, но владее со полн легитимитет и капацитет, донесува уредби со законска сила. Спикерот Талат Џафери со право укажува дека владините уредби ќе ги одобри (или нема да ги одобри) следниот парламентарен состав. И тука не постои никаков правен јазол што треба да го расплетува распуштениот парламент.
Со еден збор, не постојат причини од формално-правна природа што ја поткрепуваат инциjативата на СДСМ. Но, Уставот дава можност распуштениот парламент да заседава во услови на вонредна или воена состојба и таа уставна одредба ја „покрива“ смислената операција. Сосема друго прашање е кои се вистинските причини и каква е намерата.
Всушност, дури и тоа може да се насети. Иако сѐ уште се приближуваме кон моментот што ќе биде означен како пик на епидемијата на ковид-19 во Македонија (веројатно тоа ќе биде некаде од почетокот до средината на мај), поранешниот премиер Зоран Заев очигледно интензивно размислува за итно одржување на одложените предвремени парламентарни избори. Во јавноста веќе се спомнува јуни, како месец во кој сдсмовците би сакале да истрчаат на теренот, во надеж дека силно ќе ги поразат своите конкуренти.
Во медиумите под контрола на агитпропот, некаде отворено а некаде само меѓу редови, може да се прочита зошто му се брза на Заев. Факт е дека коронакризата целосно ги покри очекуваните пропагандни ефекти од приемот на Македонија во НАТО и од одлуката за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Од друга страна, иако веќе се гледаат првите знаци на голем пад на македонската економија, експертите предвидуваат дека вистинскиот потрес треба да се очекува во втората половина од годината, кога ќе попушти кондицијата на економските субјекти. Од трета страна, пак, по нормализирањето на животот во земјата, кога нема да бидеме опседнати со епидемијата како што сме сега, вниманието на јавноста неминово повторно ќе се сврти кон темите од времето пред короната: хибриден режим, недооформени демократски институции и практики, високо ниво на корупција, скандали, проблеми во правосудниот систем, проблеми во медиумите, проблеми насекаде…
Кога сѐ ќе се собере и одземе, јасно е дека резултатот на СДСМ на изборите што би се одржале во јуни секако ќе биде подобар од резултатот ако изборите се одржат во септември, а септемврискиот резултат би бил подобар од оној што владејачката партија ќе го постигне на првиот следен термин, а тоа веќе би бил терминот на редовните избори. Затоа на Заев му се брза. И тоа може да се разбере.

Според досегашното политичко искуство во Македонија, терминот за предвремени избори се определува на два начина: или со консензус на најмоќните партии, кој овозможува да се спроведе договорениот пржински формат на техничка влада сто дена пред изборите; или со еднострана одлука на владејачката коалиција, без договор со опозицијата, при што коалицијата треба да биде доволно моќна политички да ја издржи таа ризична одлука. Груевски, на пример, во 2008 година свика вонредни избори затоа што беше политички моќен (а СДСМ екстремно слаб), но тој доби и силна поддршка од меѓународниот фактор, да го нокаутира грогираниот политички противник. За да добие изим од странците за такво нешто, Груевски сигурно ветил многу, но подоцна не испорача ништо од ветеното.
Дали Заев е доволно моќен да наметне одлука за блиц-криг избори во јуни? Oдговорот на ова прашање е клучот за разбирање на сценариото за седницата на распуштениот парламент во време на вонредна состојба.
Не, Заев не е доволно моќен при ваков распоред на силите. Евидентно е дека тој нема консензуална поддршка за избори во јуни. А и ДУИ, коалицискиот партнер на СДСМ, вели дека не ја разбира потребата од оваа итна седница. Освен тоа, наративот „владата на чело со Филипче успешно и херојски ја совлада епидемијата“ за Заев ќе биде најважниот адут во изборната трка, ама во време кога епидемијата можеби ќе биде стивната, но сигурно нема да биде совладана. Во јавноста ќе се постават безбројни логични и разумни прашања за ризиците од одржување на една ваква масивна операција во време кога сѐ уште ќе броиме нови заразени (се надевам веќе не и нови починати), но и за тоа каква смисла има на луѓето да им се наметнуваат секојдневни ограничувања во движењето и нови правила за заштита, а истовремено да се повикаат масовно да ги посетат избирачките места.
Во отсуство на консензуална поддршка за одржување корона избори, Заев очигледно е советуван да го свика парламентарниот состав, да го отстрани претседателот Талат Џафери од челната позиција и да го рекомпонира владејачкото мнозинство, сега без ДУИ. Сценариото е датумот за изборите во јуни да го определи новото владејачко мнозинство, во кое, покрај Беса, би влегле и одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и некои други партии, можеби и од албанскиот блок. Се разбира, доколку има потенцијал оваа операција да успее, доколку Заев собере повеќе од 61 пратенички глас за нова владејачка коалиција, одлуките на парламентот нема да можат формално-право да се оспорат, или да се прикажат како политички нелегитимни. Парламентарниот состав е пресек на политичката волја на избирачите изразена на последните избори.
Но, Заев веќе не е млад политичар. Тој знае, или би требало да знае, дека во македонската политика два и два не се секогаш четири. Никогаш и не биле. Во македонскиот парламент победничката македонска партија мора да ја има поддршката на победничката албанска партија, ако сака да владее без криза. Во Македонија секогаш е нужен извесен степен на консензуална поддршка за крупните политички прашања (посебно за оние за кои е потребно двотретинско мнозинство во парламентот), за што е неопходна конструктивност и партиципативност на опозицијата. Тој што ќе одлучи да ги прекрши тие непишани правила и да владее со мнозинство од 61 пратеник, тој утре ќе нема право да бара партиципативност од политичките соперници, тој ризикува да го зголеми нивото на конфликтност во општеството и им ја отежнува работата на странците, кои се тука да помагаат во менаџирањето на политичките кризи.
Како и да е, кој и да го осмислил ова сценарио, претходно веројатно направил добра анализа и ги предвидел сите околности и последици на одлуките што се испланирани. Би било страшно да не е така. Вакви одлуки не се носат во афект или од страв. Затоа, со внимание го следам развојот на настаните, но ќе се воздржам од коментари, барем додека не видиме што ќе се случи на таа маскенбал седница. Реков веќе, Заев не е јабанџија. Голем си е, си знае. А секој возрасен и разумен човек, ако не свесно, тогаш инстинктивно, знае дека изборот што го прави и одлуките што ги носи денес ја определуваат неговата судбина утре. Така е во политиката, така е и во животот воопшто.
И уште нешто Заев веројатно знае… Мечка со решето не се плаши, а домашниот есап на пазар може и да се изјалови.
22-04-2020, 10:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:СДСМ поднесе барање за итна седница на распуштеното Собрание

[Image: dzaferi-izbor-zaev.jpg]
23.04.2020
Пратениците на СДСМ поддржани со потписите на нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до Собранието поднесе барање за свикување итна седница за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19 од страна на претседателот на државата.
Иницијативата е доставена до архивата на Собранието, а потоа од таму ќе биде испратена во Кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери. Нема информации како ќе постапи Џафери по добивањето и разгледувањето на Иницијативата, за што исто така нема пропишан рок односно дали ќе ја достави до другите пратеници и дали и кога ќе свика седница.
Тој вчера не сакаше да ја коментира Иницијативата посочувајќи дека сака најнапред да ја види па да се изјасни за неа. Претходно, неговиот став беше дека еднаш самораспуштен Парламент не може повторно да се свикува.
Против оваа иницијатива се изјаснија и од опозоциската ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ остави простор да ја погледне иницијативата па да се изјасни, нагласувајќи дека за ваквите одлуки е потребен општ консензус.
Собранието на Республика Северна Македонија се самораспушти на 16 февруари поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април,  но тие беа одложени поради ширењето на коронавирусот.
23-04-2020, 02:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(23-04-2020, 02:03 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Талат Џафери неодамна го дде одговорот во интервју за „Сл. печат“:

Quote:
  • И ученици бегаат од часови па се враќаат следниот ден на настава, ја утнавте ли со не свикувањето на собранието откако го распуштивте?
Мислам дека не ви е коректна аналогијата на еден наставен час со уставната поставеност на Собранието. Потенцирам, не е коректна воопшто. А во однос на прашањето дали ја утнав, сметам дека постапив правилно, затоа што одлуката за распуштање, донесена со соодветно мнозинство е уставна категорија и моите надлежности како претседател на Собрание се во тој поглед ограничени. Моето решение за евентуално свикување на Собранието не може да биде над одлуката за самораспуштање на Собранието. Да прецизирам: Не може со Решение на претседател на Собрание да се поништи Одлука донесена на пленум. Имено, откако Собранието ќе се самораспушти, според Уставот, во определен рок (60 дена) од самораспуштањето, треба да се гласа за нов пратенички состав. Сходно на тоа, а врз основа на одговорот добиен од ДИК во однос на роковите за нивните активности, јас ги распишав изборите и 12-ти април беше определен за ден за одржување на изборите. Според Уставот, единствен належен орган кој што може да ја поништи или укине одлуката на Собранието е Уставниот суд,. Постапките, надлежностите се соодветно пропишани при што, можел секој граѓанин да покрене иницијатива. Да повторам: Со одлуката да не го свикам повторно Собранието, јас не ја утнав работата туку напротив, ја запазив уставната поставеност на нештата и не дозволив преседан кој во иднина би се искористувал во која било ситуација, за која било потреба. Оценката ја оставам на граѓаните и на стручната фела.
  • Но, некои велат дека партиски инатет бил во прашање поради коалицијата на СДСМ со БЕСА, точно?
Јас не се раководам од кулоарски размислувања. Уште на почетокот од мојот мандат, во мојата прва изјава пред граѓаните ветив дека ќе бидам претседател на сите, без оглед дали се власт или опозиција. Нема да дозволам узурпација на институцијата Собрание. Уште тогаш јавно се произнесов дека сите партиски функции ги ставам во мирување и по однос на поставеноста на политичките партии ќе бидам неутрален. Мислам дека докрај останав доследен на моите ставови. А во однос на коалицијата, нема ама баш никаква врска со мојата одлука!

Дали ке го смени мислењето ако ДУИ, односно Таљат??
Има две можни сценариа:

-Првото е ако ДУИ добие пак некоја голема одстапка.

-Второто е ако СДСМ свика седница како она кога е „избран“ Таљат и избере нов председател на собраниетот!!

Безаконието е основен белег на практикување на власта од страна на комунистите-СДСМ, така да кое било сценарио да ги употребат тоа ке биде подржано од НВОата, „независните“ експерти, „н3зависните“ медиуми .....!!
23-04-2020, 02:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

25-04-2020, 03:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

26-04-2020, 10:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

26-04-2020, 11:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(26-04-2020, 11:18 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Quote:Правнички Понзи шеми

25.04.2020 21:10
Во општество со брутализирана нација нејзината интелегенција е најпогодена. Императивот нешто да се каже да се „биде“ во јавноста, да се создаде експертско име растура, бидејќи освен желбата и јадежот недостасува сè останато. Тоа е едно шупливо полу-знаење, една напудрена слаткоречивост, празна и повторлива во својата несигурност да ужас еден. Тоа се тие правнички Понзи шеми на измами – кои иако се уриваат катадневно во светло на своите лоши проценки и оценки, во своето квази знаење – тоа сепак ништо не ги учи овие fuck-faces ликови. Тие имаат своја публика и свој филм за кој дробат и дробат. Секако, како вели Вили Нелсон и кога си неуспешен и глуп доволно долго стануваш легенда! И тоа е опција!
Јазичката и телеолошката анализа на изговореното е страотна: латинските цитати и обидот за образовна широчина не е поткрепена со широко и прецизно знаење; нема ни приближна претстава за смислата и значењето на изговореното; нема логичка врска меѓу реченото и она што претпоставувате дека сака да го каже (ниџе везе); неговото изречено не е „истргнато од контекст“ бидејки таков нема; следи бламантно повторување и преприкажување, површни аналогии исцедени од колосално и претенциозно незнаење; толку бесмислено што не е јасно како еден ваков шалабајзер воопшто има позиција во јавноста нешто да соопшти?
Но нејсе, сега ќе ја провериме критикава врз еден негов скорешен текст кој има амбиција да биде критичка правна и уставна анализа со предлози.
Насловот на текстот и основната теза е интергалактичка глупост! Имено почнува со теза дека за исти околности, потполно правно исцрпена состојба на „пандемична епидемија“ (патем нема таква! Има епидемија кога болеста се шири силно и пандемија кога ширењето е вон контрола, пандемична епидемија нема) не може да се прогласи втора вонредна состојба? Ма није могуче? Понатака дека тое е волунтаристичко, самоволно, сосема противуставно (што имплицира деќа постои и не-сосема противуставно или малку противуставно за разлика од ова кое е сосема такво. Кога поради зборовно сиромаштво се обидувате да го китите зборот ПРОТИВУСТАВНО кој е јасен и одреден, резултатот е контроверзен, а не засилен во своето значење, што е намера на греотава), правно недозволив, спорен акт, кој всушност не e ниту правен акт туку „деклараторна одлука“ со која претседателот Пендаровски исчекорил надвор од своите уставни овластување за што треба да биде казнет за да не се повтори вакво нешто. Јако и истовремено по сите линии неточно! Ова истото е повторено трипати во текст од пет страни.
Понатаму, дека рокот од 30 дена за прогласување на вонредната состојба е: астрономски, резолутен, jus cogens, неменлив, незапирлив, континуален, и дека после негово истекување не може ништо да се стори со нова вонредна состојба туку требало (пази поента) од позади, резервно и елегантно да се активира членот 1 од Законот за Кризи (?) така што после само една и единствена вонредна состојба може да се активира само „кризна состојба“ и тоа по законска, а не уставна основа (?). Покажувајќи елементарно незнаење дека согласно Уставот човековите права и слободи можат да се ограничат САМО ВО СОГЛАСНОСТ СО УСТАВОТ (чл. 54), односно правни институти предвидени во него (како вонредната состојба ), а не со Законот за кризи или кој било друг закон. Ова пак било „малициозна злоупотреба на вонредната состојба“ (што повторно имплицира дека може да постои и немалициозна, добронамерна злоупотреба на вонредната состојба).  Јеботе, каква каша во главата има ова момче!
Сега по ред: Уставот во принцип и правни потребни детали го решава институтот вонредна состојба. Значи, ако сака да каже дека е возможна само еднаш (што е мошне битен политички став) ќе речел дека може само еднаш да се прогласи и толку. Уставот тоа така не го пропишува и го оставил да зависи, што е сосема логично од практичната политичка ситуација која ја предизвикала, во овој случај епидемијата се додека политичките чинители овластени со Устав одлучат за тоа да не ја продолжат повеќе. Тоа значи вонредната состојба може да трае најмногу 30 дена (но не само еднаш, единствено) и може да биде прогласувана повторно и повторно се додека не се отстранат причините за истата по процена на политичките и правно овластени органи, институции: Собранието или Претседателот. Толку и сосема јасно и стандардно во најголемиот број устави во компарација. Рокот определува дека по неговиот истек вонредната состојба по Устав престанува ако не се продолжи. Тоа е гаранцијата дека не може автоматски, подразбрано да се продолжува, туку го тера уставно овластениот орган да проценува дали се исполнети условите, загрозата која ја потребуваат. Ова затоа што вонредната состојба редуцира права и слободи и мора да биде исклучок, и ограничена.
Роковите не се jus cogens, не лупај! Јус когенс се користи во меѓународното задолжително право за легислативни договори во делот на нивното важење. Имено, тие поради својата фундаментална важност за меѓународната заедница важат и ги обврзуваат и страните, државите кои не ги потпишале.
Потоа подоле во текстот овој шампион вели дека претседателот Пендаровски ја прогласил вонредната состојба „единствено како правен механизам со цел да се одложат изборите“? Од каде сега ова? Образложението за вонредната состојба е сосема поинакво и јасно на сите освен на овој! Башка одлагањето на изборите го направи Владата со уредба со законска сила, а не Претседателот и за тоа постоеше општ партиски консензус.
А за прашањето дали Собранието може повторно да се состане, вели НЕ, бидејќи мандатите на пратениците престанале со самораспуштањето на истото. Каде бре тоа во Уставот си го прочитал? Уставот одредува дека мандатот на пратениците е 4 години (чл. 63) и трае до избор на нови пратеници (конклудентно старите примаат плата до тој момент). Тој поставува норма избори да се одржат после 60 дена од распуштањето. Ако не се случат, а правна празнина не може да има, дополнително вонредна состојба се ппрогласила – тогаш се поставува прашањето дали пратениците можат да го обноват распуштеното Собрание. ДА за тоа имаат мандати (не постои институт „го вратиле мандатот“ и правна празнина која би следела од тоа) и услов прогласена вонредна состојба. Ако пратениците можат да го продолжат истечениот мандат во случај на воена или вонредна состојба, а актер во правото „кој може повеќе, овластен е за тоа (член 63) може и помалку – имено пратеници кои можат да си го продолжат мандатот во вонредна состојба (можат повеке) можат и помалку да се вратат во Собранието и да ја обноват неговата работа.  Самораспуштеното Собрание може да се врати во работа бидејќи пратениците го имаат мандатите сè уште во свои раце и имаат уставна основа за тоа во вонредната состојба.
Што да се каже пак за тезата дека Претседателот на тој безочен начин донел Деклараторна Одлука за прогласување на вонредната состојба со која го прекршил Уставот? So schon, колку прекрасно, толку многу контрoверзи и погрешни искази во една реченица, a сепак е кажано?
Имено терминот „деклараторна/о“ значи правно необврзна изјава содржана во акт Декларација, најчесто во меѓународното право но и во парламентите, која дефинира постоење на согласна волја на странките нешто да гледаат на некаков начин, како предвесник за идно можно правно регулирање. Деклараторна одлука е оксиморон. Одлука мора да биде правен акт кој засновува права и обврски или дефинира статус (така и се набројуваат во чл. 68) и само таков може да биде уставно релевантен или напаѓан пред Уставен суд. Деклараторна одлука не може да биде предмет на тужба. Од таму единствена латинска што ми доаѓа на ум за заокружување на ситуацијава е: Penis in aqua frigida quatit!
Лицето фак-фејс и неговиот опишан опус претставува пример она што се нарекува булшитизација на стручниот и академски живот и продукција на јавни празни места или не-места, маски зад кои нема содржина и кои ја убиваат јавната дебата, делиберативноста и можноста нацијата да се развива развивајќи ја својата граѓанска интелегенција и нејзината кооперативна комуникација.
 
 Љубомир Д. Фрчкоски
(This post was last modified: 27-04-2020, 12:26 AM by ЈорданПетровски.)
27-04-2020, 12:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

(27-04-2020, 12:24 AM)ЈорданПетровски Wrote:

Quote:Апасиев до Фрчкоски: Абе, цреп, пред да пишеш нешто – прво провери!

26.04.2020

Quote:Абе, цреп, пред да пишеш нешто – прво провери! Не се бламирај у етер со твојата раскошна напуваност. Цела кариера ја помина така у импровизација. Оваа фраза не е моја, туку на Пендаровски. Ја само ја цитирам од Одлуката која ја побивам пред Уставен

Quote:p.s. И пошто немаш полагано Римско право и, оттука, појма немаш од јуриспруденција и си бос за латинска правна терминологија – еве уште нешто у фуснота. Не се пишуе jus cogens, туку ius cogens. Римјаните немале буква „ј
(This post was last modified: 27-04-2020, 12:35 AM by ЈорданПетровски.)
27-04-2020, 12:35 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Џафери – „тесно грло“ за иницијативата на СДСМ да се свика распуштеното Собрание

27.04.2020
Претседателот на Собранието Талат Џафери не ја доставил иницијативата потпишана од 35 пратеници предводени од СДСМ за свикување на Парламентот, до ниту еден пратеник иако поминаа неколку дена откако пратениците потписници го доставија документот до кабинетот на Џафери. Од неговиот кабинет за Плусинфо потврдуваат дека Џафери иницијативата не ја доставил до пратениците и дека ниту тој се нема произнесено по неа.
Џафери, пак, не одговара на телефонските повици дали ќе се произнесе за иницијативата и зошто барањето досега не го доставил до пратениците.
Дали ова значи дека Џафери можеби и нема намера да се изјасни за иницијативата ако се има предвид дека тој и пред таа официјално да биде доставена до парламентот неколку пати изјави дека самораспуштено Собрание не може повторно да се свика.
Од ДУИ, пак, за Плусинфо брифираат дека најверојатно иницијативата „не е во ред“ и оти затоа Џафери не ја препратил до пратениците. Во спротивно, велат од партијата на Али Ахмети, најдоцна за три дена откако претседателот на Собранието ќе добие барање или иницијатива од пратеници го доставува до сите народни избраници.

Од ДУИ повторуваат дека апсурдно е барањето да се стави во функција веќе самораспуштен парламент. Од таму велат дека не ја разбираат „правната неукост“ на СДСМ за барањето да се свика Собранието.
Од ДУИ повторуваат дека за вакво прашање треба да се произнесе Уставниот суд и дека за таква одлука е потребен консензус од сите парламентарни партии. Според нив, консензуално е распуштен парламентот, консензуално е донесен датумот за избори и консензуално треба да се одлучи дали е можно веќе распуштено Собрание повторно да се свика.
Против иницијативата за повторно свикување на распуштеното Собрание се изјасни ВМРО-ДПМНЕ. Барањето доби поддршка од коалициските партнери на СДСМ и од Алијансата за Албанците, Беса, осумте независни од ВМРО-ДПМНЕ и од ДПА.
Според СДСМ, Собранието треба да биде во функција и за тоа се исполнети сите услови пропишани во Уставот.
– На седницата која би била свикана, Собранието конечно ќе има можност да ја оствари својата уставна надлежност согласно членот 125 од Уставот, да ги потврди одлуките за прогласување на вонредна состојба кои ги донесе Претседателот на Републиката. На овој начин Собранието ќе биде доследно на приоритетот кој со уставните одредби му е даден во прогласување на воена или вонредна состојба и нема да дозволи извршната власт да ја има комплетната контрола над уставните процеси за носење одлуки за прогласување и продолжување на вонредната состојба – пишува во објаснувањето потпишано од 35 пратеници.
27-04-2020, 01:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Џафери за ТВ21: Ова е обид за пуч, се прави притисок врз мене

[Image: dzaferi-na-tv-21-696x396.png]

27.04.2020
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека било кој друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч. Тој ова вечерва го изјави во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.
Џафери додава дека се правело притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на парламентот, но дециден е дека со Собранието е веќе завршено.

„На 16-ти февруари секој пратеник гласање за престанок на мандатот. По наредните изботи ќе се собере Собранието“, вели собранискиот спикер.

„Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот“, коментираше Џафери.

Инаку до Собранието иницијтива за негово повторо свикување поднесоа пратеници од СДСМ, а на иницијативата не се приклучи ВМРО-ДПМНЕ.

27-04-2020, 10:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Дерковски: Невозможно е продолжување на изборниот процес, партиите да се договорат за нов датум

27.04.2020
Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски смета дека не е возможно изборниот процес да продолжи од таму каде што е застанат.
Едноставно не може да продолжи кампањата. Не може ниту да се заклучи избирачкиот список кој што е услов за понатамошните дејствија и за одржување на изборите, значи тој е услов за да се одржат вистински избори. Значи мора да се направи она што го кажав а тоа е ажурирање на тој список да се направат сите други дејствија кои што следуваат после тоа и да се се определи датумот за почеток на кампањата, вели Дерковски во интервју за 360 Степени на Алсат М.
Дерковски вели дека ги чекаат потезите на другите институци поточно Уставнипт суд да се произнесе за постоечките правни акти поврзани со изборите а потоа и политичките лидери со консензус да го одредат датумот.
Ниту е ДИК надлежна да определи датуму, ниту пак ќе определи избори. Се знае кој е надлежен според Изборниот законик член 12 јасно пишува дека претседателот на Собрание носи поединечен акт со решение определува кој е датумот за оддржување на избороте. Ќе треба веројатно сите политички партии да седнат на една маса да ги договорат сите детали за како понатаму ќе се одвива овој процес, нагласи Дерковски.
28-04-2020, 01:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Кадриу за НОВА: Без седница на Собрание на Македонија и се заканува безвластие

Од: Нова ТВ 7:34 pm - 28 April 2020
 
[Image: osman-777x437.jpg]

На Македонија и се закнува безвластие, предуредува во изјава за НОВА судијата на Уставиот суд, Осман Кадриу. Според него пратениците согласно Законот за Собрание имаат права и обврски кои треба да ги остваруваат се до денот на верификацијата на мандатите на новите пратеници во Собранието.
“Во случајот тие ги користат правата, земаат плата и ги корристат сите привилегии а не сакаат да ги остварат своите обврски кои произлегуваат од законот” вели Кадриу за НОВА. Според него овој пратенички состав зема плата се до изборот на новите пратеници па дури од тој ден на верификација на новите мандати почнува нивната година на апанажа.
Во ваква ситиација државата се доведува во состојба на interregnum , или безвластие бидејќи само Собранието е тоа кое мора и може да го одреди датумот на изборите па дури и тие да се одржуваат во редовен термин во декември само Собранието може да каже кој е датумот на нивното одржување.
“Одлуката за распуштање на Собранието беше легитимна и Уставиот суд ја оцени како таква но по неа уследи прогласување на вонредна состојба од објективни причини и изборите беа одложени. Сега сме во ситуација кога нема кој да ги верификва одлуките на Претседателот и Владата и затоа зборуваме за безвласите” вели Кадриу.
Во овие околности кога претседателот на Собранието и пратениците одбиваат да ги извршуваат своите обврски Осман Кадриу предлага Уставиот суд да ја разгледа состојбата.
“Мислам дека Уставиот суд треба да го исфрли од правен поредок неговото решение за легитмноста на одлуката за распуштање на Собранието и со тоа да создаде услови Собранието да мора да заседава за да донесе нова одлука” вели уставниот судија Осман Кадриу во изјава за НОВА.

Талат Џафери одбива да свика седница на Собрание

Талат Џафери во емисијата Клик Плус ја отфрли можноста да свика собраниска седница. Иницијативата на СДСМ, Џафери дури ја оцени и како „пуч“ бидејќи, како што рече тој, Собранието не може да се состане по февруари бидјеќи пратениците ги вратииле мандатите дадени од граѓаните.
„Државен удар е и ништо друго! Мандатот во Собранието се добива од гласовите на народот. А не политичките партии кои ќе се собираат и да кажат можеме да го направиме ова или тоа. Народот го дава мандатот, Парламентот е на народот и е орган за застапување на граѓаните. Граѓаните даваат мандат од четири години кој може да биде продолжен само доколку во периодот на изборите во последните 90 дена се прогласува вонредна состојба или војна. Мандатот не може да биде скратен освен со судска постапка или оставка од страна на пратениците. Секој пратеник слободно гласаше на 16 февруари за да го врати мандатот на граѓаните.“, рече Џафери.

СДСМ не се откажува

Но, СДСМ не се откажува од барањето бидејќи сметаат дека со свикување на седница ќе се создаде контролен механизам врз Владата. Според нив тоа може да го направи само Собранието.
Меѓутоа, изјавија дека ќе ја почитуваат одлуката на Џафери и барат одоговор во писмена форма, а не преку медиумите.
Иницијативата не ја доби ниту поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а причината е иста како на Џафери, овој парламентарен состав нема мандат за да се врати во Собрание.
01-05-2020, 01:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Заев ќе ја зграбел првата шанса за избори

04.05.2020
Државата треба да ја зграби првата можност за одржување на изборите бидејќи, ако експертите во светот најавуваат втор бран на корона вирусот, којзнае кога ќе биде втората можност, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој вели дека избори се потребни бидејќи државата во вакви улови на техничка влада и без Собрание не може да функционира подолго време.
04-05-2020, 12:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Заев: Да бидеме одговорни кон државата, да го прифатиме првиот момент за избори  – ако е возможно уште во средината на јуни

Скопје, 5 мај 2020 (МИА)
– Како одговорни политичари мора да заземеме јасни, прецизни ставови врз основа на аргументи. Мора да бидеме одговорни кон државата, да го прифатиме првиот момент за избори. Најоптимално, тоа би било во средината на јуни. Има доволно време од завршувањето на вонредната состојба за сите активности, ако, секако, тоа го дозволи ситуацијата со коронавирусот за што, секако, ќе одлучат надлежните во здравството, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Во вечерашното гостување на „24 – Отворено студио“, Заев напомена дека дополнителни причини за одржување избори во најбрз рок покрај можниот втор пик на КОВИД-19, се тоа што моментно немаме Парламент, а и Владата е техничка, не политичка.
Заев нема информација дека лидерската средба кај Пендаровски ќе биде на 12 мај. Информиран е за нејзино евентуално одржување на 10 мај или во периодот од 10 – 15 мај, а на неа, како што рече, СДСМ ќе го повтори барањето – веднаш да се оди на избори.
Мицкоски, порача Заев, не треба да бега од избори зашто секако неговата партија ќе биде поразена.
Гласањето би било согласно препораките за заштита, со носење маски и употреба на дезинфициенс на влегување и излегување во избирачките места.
-Можеме да бидеме со различни ставови, но треба да преовлада интересот на државата. Дали ќе ја ставиме во ризик државата и ќе влеземе во уставни проблеми од кои нема решение или ќе бидеме одговорни и ќе го прифатиме првиот возможен рок за избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразена кога и да се случат изборите и тука нема дилеми. Сега е битно што е најдобро за државата, а тоа се брзи избори. Мислам дека моеме да се договориме како здраворазумни луѓе, не треба да има никаква дилема, а Мицкоски нема потреба да бега од избори. Има доволно време да ги претставиме програмите и кандиатите. Наше е тоа да го сториме, а на граѓаните е да одлучат, истакна Заев.
Верувам, додаде, дека вледеењето на правото ќе биде темелот на донесувањето на одлуката.
Според Заев, поради здравстевната криза и економската состојба доцна е изборите да се одржат во почетокот на јули како што пред него во истата емисија рече Мицкоски.
Лидерот на СДСМ е уверен дека има време ДИК да ги спроведе потребните активности и му порача на Дерковски секој да биде професионален. Предупреди и дека на 11 декември истекуваат комплетните уставни рокови од четири години мандат на пратениците, а тогаш влегуваме, како што посочи, во комплетно уставна криза која Уставот не ја разработил, освен во воена состојба, не во вонредна.
-Може да се продолжи мандат повеќе од четири години. Во такви околности претседателот на државата може да аминува министри, премиери, но во воена состојба. Затоа нашиот став е во најбрзможен  рок да се оди на избори. Од друга страна, можно е изборните дејства да продолжат каде што застанале и го пвика престедателот на ДИК, да бидеме професионалци. Процесот е замрзнат каде што зАСТАНА. Кандидатските листи се поднесени, дијаспората е заокружена, како и сите други постапки. Увид во Избирачкиот список е прекината. Точно со скратени рокови согласно законот и Уставот потребни се 30-на дена. Дваесет дена е кампањата, пет дена да има нов увид за да се дополни списокот до денот на изборите, партиите да реагираат,… ОДИХР рече дека е подготвена да испрати набљудувачки мисии, подвелче Заев. мч/бак/
(This post was last modified: 05-05-2020, 09:45 PM by ЈорданПетровски.)
05-05-2020, 09:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Деркоски: Најлегитимно би било изборниот процес да почне од почеток

06.05.2020
Избори во време на пандемија се опасни за здравјето на граѓаните. Ако се спроведат во вакви услови стравот ќе биде присутен и тоа ќе влијае на помала излезност,смета претседателот на ДИК Оливер Дерковски. Првиот човек на Државната изборна комисија верува дека сите партии нема да дозволат овие работи да им го намалат легтимитетот на евентуалната изборна победа. Деркоски посочува дека откако ќе биде определен новиот изборен датум изборните рокови треба да почнат од почеток. 50 до 60 дена ќе и бидат потребни на ДИК за спроведување на изборите.
“Разговаравме за ситуација на пример кога во 2016 година се одложија изборите два три пати сугерирано ми беше дека најдобар и најлегитимиен начин би било целиот процес одново да се започне. Истите денови се потребни за организација на процесот. Нема на никого да му дадеме право да го делегитимира изборниот процес”, вели Деркоски.
Во услови кога вонредната состојба завршува на 16 мај дури и веднаш потоа да биде одреден нов изборен датум најоптимистичката варијанта за одење на избори е средината на јули посочува Дерковски. Иако неизвесно е колку до крајот на летото би се озолободил амбиентот за изборно соочување.
“Најоптимистичката варијанта е почетокот или средината на Јули затоа што има една работа која мора да ја знаат сите. Треба да се провери повторно избирачкиот список. Изборнбиот законик вели дека право на глас имаат сите кои до денот на изборите имаат наполнето 18 години”, вели Деркоски.
Политичките партиии пак се со различни размислувања. Заев сака брзи избори меѓу два пика на ковид-19. Додека за Мицкоски изборите не се приоритет иако е убеден во изборната победа. Фактот дека и на ДУИ и Талат Џафери не им се брзаше и со свикување на седница на собранието може да го остави Заев сам во намерите за брзи избори. За сите варијанти се очекува да се разговара и на лидерската средба кај Пендаровски следната недела.
Власта инсистира на избори иако речиси секојдневно во Македонија има нови заразени и починати од корона вирус. Последните бројки презентирани во јавноста говорат дека има 12 новозаразени од корона вирус за 48 часа иако не се работи за масовни тестирања. Фактите например од Дебар покажуваат дека масовниот скрининг покажува колку луѓе со симптоми толку и асимптоматски случаи.
Бројни експерти ки изминатиов период ги консултираше Алфа беа со став дека нема гаранција за фер изборен процес во држава која до последен момент користи мерки како полициски час.
Македонија заедно со Србија е редок пример каде се размислува за избори. Од друга страна бројни европски мерки како Франција и Полска ја продолжија вонредната состојба.
06-05-2020, 12:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Османи: ДУИ има два услови за избори – да не се загрози здравјето на граѓаните и да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР

Messenger
[Image: cdzhvdzhcbdzhcbc.png?itok=oaQYSeqL]

06.05.2020
Ставот на ДУИ во врска со изборите е дека треба да се исполнат два критериуми за одржување на избори. Односно, изборите би можеле да се одржат било кога, доколку се исполнат два услова – едниот е Комисијата за заразни болести да каже дека таков процес нема да загрози здравје на граѓаните и второ – ОБСЕ/ОДИХР да констатира дека можат да ги следат изборите,изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
Рече дека вториот услов бил споменат и по вчерашната комуникација со телата на ЕУ, кои, како што посочи Османи, сметаат дека одлуката за избори е наша, меѓутоа е многу важно да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР во изборниот процес.
– Тоа значи дека доколку овие два услови се исполнуваат, ако Комисијата каже дека нема ризик за здравјето на луѓето да гласаат да се организираат, и набљудувачите да констатираат дека можат да дојдат да ги следат изборите, ние сме на став дека изборите можат било кога да се одржат, рече Османи.
Според него, за да се одржат изборите, треба да се направи анализа врз основа на постоечките параметри, врз основа на еден тренд.
– Затоа на пример, и мерките на олеснување не ги даваме денеска ги планираме во петок, за да имаме една недела тренд. Кога ќе треба да се донесе одлуката за избори, Комисијата треба стручно да го види трендот, бидејќи трендот ја покажува проекцијата за наредниот период, какви ќе бидат наредните десет или дваесет дена, оцени вицепремиерот Османи. 
06-05-2020, 01:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:
Соопштение од работниот состанок на судиите на Уставниот суд

06 Мај 2020
Соопштенија
Судиите на Уставниот суд, денес по завршувањето на XII седница на Судот, одржаа работен состанок на кој беше разгледана иницијативата на судијата д-р Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 43/2020).
По дискусијата од страна на сите судии, судиите едногласно зазедоа став дека не постојат услови за прифаќање на иницијативата.
Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзината уставност и законитост.
Притоа тогаш во расправата беа земени предвид и околностите на кои се укажува со иницијативата.
06-05-2020, 02:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Заев сакал брзи избори, со ниска излезност, граѓаните сами да си граделе имунитет од короната

[Image: zoran-zaev-race-na-gradi-e1581284309571.jpg]

Македонија 12.05.2020 / 15:14
Во тек е лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски на која сите лидери на политички партии, разговараат за состојбата на државата со ковид-19 и дали ќе се случат нови избори.
„Република“ неофицијално дознава дека Зоран Заев инсистирал на брзи избори дури и по цена на влошување на здравјето на граѓаните.
Тој во една прилика кажал граѓаните може да се разболуваат, ама државата мора да има нова влада. Неофицијално исто така дознаваме дека Заев не бил загрижен што за кус период не може да се донесат набљудувачи од странство, тој рекол дека изборите мора да се случат, дури и да има ниска излезност, а граѓаните сами ќе си создадат имунитет од болеста.
Меѓу присутните настанало чудење од нахалноста на Заев за избори и при што еден од лидерите му пререкол дека на Заев му се брза да загуби, а Заев на ова одговорил дека тој е свесен дека тешко ќе биде, но кризите се шанса за политичарите. На ова настанало чудење при што Пендаровски го продолжил со состанокот.
12-05-2020, 04:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Нема датум за избори, следната недела пак лидерска средба

Македонија 12.05.2020 / 16:29

[Image: Liderska-sredba-1-960x475.jpg]
По три часа разговори заврши средбата на лидерите на политичките партии, премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието Талат Џафери кај претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно за терминот за парламентарните избори. Договор и датум за избори, следната недела лидерите пак ќе седнат заедно на маса.

[Image: Hristijan-Mickoski-1.jpg]

Поради запазување на мерките за превенција од коронавирусот средбата се одржа на отворено под тенди, на балкон од Вилата Водно. Сите учесници на средбата се со маски и седат на растојание еден од друг.

[Image: Talat-Djeferi.jpg]

На средбата присуствуваат претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движење Беса Билал Касами, како и претставници на ДПА.
Главна тема на лидерската средба е терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19. Лидерите исто така се очекуваше да зборуваат и за евентуално продолжување на вонредната состојба, за состојбата со коронавирусот во земјата и препораките на здравствените власти, и како да се спроведе кампања и гласање, а да се заштитат граѓаните
12-05-2020, 04:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Мицкоски: Вонредната состојба да не се поврзува со уредби или други гимнастики

Поставив такво прашање, не добив одговор, претпоставувам дека деновиве јавноста ќе добие одговор дали ќе имаме или ќе немаме продолжување на вонредната состојба, но ќе се потсетам кога се распушти Парламентот, 60 дена пред 12 април кога требаше да одржат предвремените парламентарни избори ние немавме вонредна состојба што значи 60 дена техничката влада функционираше без вонредна состојба - рече Мицкоски.

Од МИА Објавено 12/05/2020 17:45:44
[Image: mickoski-hristijan-750x430.jpg]

Не би сакал продолжувањето на вонредната состојба да се поврзува со уредби или некој вид други гимнастики. Денеска не добив одговор дали истата ќе продолжи, но очекувам јавноста деновиве ќе добие јасен одговор, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на лидерската средба.
– Поставив такво прашање, не добив одговор, претпоставувам дека деновиве јавноста ќе добие одговор дали ќе имаме или ќе немаме продолжување на вонредната состојба, но ќе се потсетам кога се распушти Парламентот, 60 дена пред 12 април кога требаше да одржат предвремените парламентарни избори ние немавме вонредна состојба што значи 60 дена техничката влада функционираше безвонредна состојба без овие уредби и имаше основна цел да ги подготви изборите и истите да ги спроведе – рече Мицкоски одговарајќи на прашањето дали вонредната состојба ќе продолжи.

Тој појасни дека не би сакал продолжувањето на вонредната да се поврзува со уредби или некој вид други гимнастики. Првиот пат, како што дополни, беше поради две причини, првата одложување на изборите и втората носење на уредби со сила на закон за да му се помогне на стопанството, додавајќи дека никој во тој момент не побарал вонредна поради други причини.
– Ова беа двата столба, врз основа на кои донесовме одлука тогаш, а вториот пат не бев повикан и не можам да дадам одговор, а сега како што гледаме изборите се одложени, а се донесоа богами и те како уредби со сила на закон, мал број имаше поврзани со поддршка за економијата, но имавме пиши бриши од страна на владата и се надевам дека сега ќе имаме посериозен и позрел однос од страна на ресорните министри – рече Мицкоски.
 
12-05-2020, 04:58 PM
Reply