Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЕВСКИ ВО ОБИД ДА НИ СЕ ПРИКАЖЕ КАКО ИСУС
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Nikola Gruevski
3 hrs ·

Случувањата со Исус од Назарет не се измислена приказна, бајка или мит.

Раѓањето, животот, распнувањето и воскреснувањето на Исус Христос се историски настани кои реално и вистински се случиле во првиот век од нашата ера и за кои, освен библиски, постојат и многу не библиски докази во книги на многу научници од различни векови кои не пишувале од религиски туку од научни мотиви.
Дел од нив, науката ги регистрира но не може да ги објасни, како што е на пример паѓањето мрак на пладне, насекаде низ земјата и цели три часа ноќ во сред ден на денот кога е распнат, токму во 33-тата година во нашата ера, но и повеќе други. Уште повеќе, чинот на воскреснувањето опишан во три евангелија (Евангелија по Матеј, Лука и Јован) од три следбеници и ученици на Исус.
“Прости им Господи, не знаат што прават” се историски зборови кои брзо се претворија во легенда која со векови се прераскажува и толкува, бидејќи Исус, не беше погубен само од Санхефронот (нешто како врховен суд во тоа време), по наредба на Понтиј Пилат, римски владетел во провинцијата Јудеја од 26 до 36 г.н.е.
На крајот и народот не го ослободува.
Високите свештеници се плашеле дека Исус ќе ги загрози нивните позиции во општеството, дека неговите проповеди кои ги сметаат за богохулење, неговата популарност меѓу народот која прераснува во движење, фактот што многумина веќе го сметаат за месија од кого очекувале да го ослободи Израел од странската Империја и да ја обнови еврејската држава, ќе ги поттикне луѓето на бунт, а со тоа ќе навлече реакција на Римската Империја во која многумина ќе настрадаат а тие може да ги загубат комотните позиции.
Исус е осуден да биде распнат на крст и погубен, една од вообичаените начини на казнување со смрт, покрај каменувањето, во тоа време. Тоа бил еден грозен и понижувачки начин со кој римските сили стационирани во Јудеја казнувале илјадници бунтовници во тоа време. Всушност Исус е осуден како потенцијален предизвикувач на немири, иако обвинението против него е бунтовник - “еврејски крал”. Поедноставено кажано се плашеле дека ќе направи политички пресврт.
Но, интересно е што на крајот се случува, според сите четири канонски евангелија. Жената на Понтиј Пилат му вели дека сонувала лош сон и го советува да не го погубува Исус. Тој постапува на начин што според тогашните закони кои дозволувале римскиот гувернер да дозволи од двајца престапници, еден толпата народ да може да го ослободи (пасхалско помилување). Пилат пред насобраната толпа народ, го вади Исус заедно со уште еден човек - Варава, кој бил престапник кој убил човек и убеден дека, народот ќе го ослободи и така ќе дојде до ослободување за кое ќе има оправдување, ја прашува насобраната толпа народ кој од овие двајца да биде ослободен од римскиот притвор.
Но, насобраната толпа народ е веќе индоктринирана против Исус од Назарет од елитата и скандира: “Дај ни го Варвара” (во прилог фотографија од уметничка слика за овој настан).
Пилат неволно попуштил на инсистирањето на толпата народ. Народот на кого со години Исус му помага, го подучува, просветлува, лечи неизлечиви болни, оживува мртви...
Апсењето, камшикувањето, осудувањето, распнувањето и воскреснувањето на Исус Христос е најпознатиот и најголем, но и нај одбележан и славен историски настан од тогаш, па до денес за сите христијани на планетава скоро 2000 години.
Неговото учење е со векови најбројната и нај прифатена религија во светот.
Неговата жртва - најголемата и најзначајната.
Нека е за многу години ВЕЛИГДЕН и нека ни донесе здравје и божја убавина во нашите срца и души.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!

[/url][Image: 93675025_10158356277897716_1226240689453...e=5EC4267D]

[url=https://www.facebook.com/ufi/reaction/profile/browser/?ft_ent_identifier=ZmVlZGJhY2s6MTAxNTgzNTYzMDU1MTc3MTY%3D&av=100002233038284]
19-04-2020, 11:46 PM
Reply