Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БУГАРИЈА НЕМА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ АКО ИМА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: Нова пречка за македонската евроинтеграција?

Бугарија ни го условува датумот со македонскиот јазик и малцинство, „Ова се коси со европските вредности“, вели Димитров

17.04.2020
Македонија ќе мора да заборави на „македонско малцинство во Бугарија“ и на „македoнски јазик“ и да користи само „службен јазик на РСМ“, ќе мора брзо да работи со комисијата за историски прашања... ако сака да ги продолжи преговорите со ЕУ, вели документ до кој дојде МКД.мк. Во разговорот на оваа тема министерот Димитров вели дека во оваа Изјава има многу еднострани услови што се спротивни и на Договорот за пријателство и добрососедство. Македонскиот јазик е клучен и нераскинлив елемент на нашиот национален идентитет, вели шефот на македонската дипломатија.

[Image: mkd-463436.jpg?itok=pG67uDWv]

Македонија ќе мора да заборави на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, ќе мора да заборави на „македoнски јазик“ и да употребува само „службен јазик на РСМ“, ќе мора брзо да ја заврши работата со експертската комисија за историските прашања... ако сака да продолжи со преговорите за интеграција со ЕУ. Ова се само делови од Изјавата на Бугарија во врска со усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за проширување.
Во разговорот за МКД.мк Никола Димитров, министерот за надворешни работи на Македонија вели дека „никогаш нема да прифатиме вметнување на антиевропски билатерални услови што навлегуваат во македонскиот идентитет во преговарачката рамка за пристапување кон европското семејство“.
Оваа Изјава на Република Бугарија, која МКД.мк ексклузивно ја објавува, стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и датумот за преговори за Македонија и Албанија. Со ова Бугарија го условува одржувањето на меѓувладината конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија и Албанија.
 
Целосно почитување на договорите со Бугарија и Грција, плус да не се споменува „македонски јазик“

Бугарија во оваа изјава повикува на доследно спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и „неговата важност во отворањето на патот кон европска и евроатлантска интеграција на втората страна“. Во изјавата во воведните напомени се потсетува дека спроведувањето на Договорот во голема мера е блокирано од ноември 2019 година, поради „едностраната одлука на Република Северна Македонија да го суспендира на неодредено време учеството во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања, формирана според чл. 8. 2. од Договорот“.

[Image: mkd-463438.jpg?itok=hJ3XXmwK]

Бугарија потсетува дека спроведувањето на билатералниот договор ќе биде проценувано во сите фази на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, вклучително и пред Република Бугарија да даде согласност за одржување на првата Меѓувладина конференција, која би требало да се одржи во јуни.
За Бугарија спроведувањето на Договорот подразбира дека Македонија треба строго да се придржува кон измените во Уставот според Договорот од Преспа и паралелно во целост да го спроведува и да го почитува Договорот со Бугарија.
Се бара постигнување конечен договор „за целиот спектар од работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања создадени според Договорот, вклучително и постигнување договор за клучните фигури и настани од нашата заедничка историја со Република Северна Македонија до 1944 година, на специфичните датуми за заедничко одбележување на оние настани и бројки за кои е постигнат договор; и замена на информативните табли и други индикации, вклучително и оние на историски и културни споменици, во согласност со договорените текстови“.
Македонските политичари, се бара во овој бугарски документ, треба да се воздржуваат од давање изјави, искажување ставови што ќе може да бидат протолкувани како отворање на прашања и противречности во однос на договореното меѓу двете влади. Македонските политичари нема да смеат да даваат изјави или да поддржуваат организации што тврдат дека постои т.н. „македонско малцинство“ во Република Бугарија. Тоа нема да смеат да го прават ни во меѓународните организации, како што е на пример Советот на Европа и во други мултилатерални формати и механизми за набљудување.
 
„Нема основа за барање малцински статус“

„Ставовите и постапките на Република Северна Македонија во меѓународните организации и форуми треба да бидат усогласени со членот 11 од Договорот, вклучително и со давање изјави дека не постојат историски и демографски основи за барање малцински статус за која било група граѓани на територијата на Република Бугарија“, пишува во документот.
Бугарија бара Македонија да преземе мерки со кои надлежните органи активно ќе спречуваат, а ако треба и ќе испитуваат и гонат, каква било форма на дискриминација или говор на омраза против граѓаните со бугарска самоидентификација или бугарско потекло и културна припадност. Освен тоа, македонските органи ќе треба да иницираат „процес на рехабилитација на жртвите од југословенскиот комунистички режим, потиснати заради нивното бугарско самоидентификување“.
 
„Не постои посебен т.н. 'македонски јазик'“

Бугарија во овој документ бара Македонија брзо да ја спроведе реформата во разузнавачките и безбедносните служби, а важен дел од тоа треба да биде „разоткривање на соработници од денешна Република Северна Македонија што работеле за безбедносните и разузнавачките служби на поранешна Југославија“.
Како услов за почеток на спроведувањето на идната рамка за преговори за пристапување на Македонија во ЕУ, Бугарија очекува „конкретни активности и резултати во спроведувањето на Договорот во име на Република Северна Македонија“.

[Image: mkd-463426.jpg?itok=4Mn6BJtM]

А Бугарија за идната рамка за преговори меѓу другото ги поставува и следниве услови: целосна имплементација на договорите меѓу Македонија и земјите членки на ЕУ, како услов за процена на напредокот во текот на пристапниот процес во идната рамка за преговори и оној чија имплементација ќе биде оценета во рамките на поглавјето 35 за преговори „други“; се бараат проактивни гаранции во мултилатералните форуми дека употребата на краткото име предвидено со Договорот од Преспа се однесува само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не на географскиот регион на Северна Македонија, од кој дел спаѓа во суверената територија на Република Бугарија.
Покрај тоа, само целосното име на Република Северна Македонија треба да се користи во документите/изјавите на ЕУ, вклучително и за идната рамка за преговори. Република Бугарија го користи уставното име „Република Северна Македонија“ ерга омнес како единствено име на таа земја.
Бугарија бара „промена на 'клаузулата за јазици' договорена меѓу Софија и Скопје во договорите на Република Северна Македонија со ЕУ, вклучително и во идната рамка за преговори. Така, лингвистичката норма што ја зборува населението на Република Северна Македонија, во документите/изјавите на ЕУ треба да се спомене само како 'службен јазик на Република Северна Македонија', вклучително и во идната рамка за преговори. Ниту еден документ/изјава на ЕУ и на нејзините институции не може да се толкува како признание за постоење на посебен т.н. 'македонски јазик'“.
 
Услов и за Албанија
Бугарија има услов и за Албанија. Софија ќе даде согласност за одржување на првата меѓувладина конференција со Република Албанија, откако ќе се постигне дополнителен напредок во гарантирањето на правата на бугарското национално малцинство во земјата, особено во контекст на претстојниот попис на населението.
Овој документ стана дел од документите за датумот за преговори за Македонија, откако дадоа согласност сите влади на земјите членки на ЕУ, вклучително и бугарската влада.
 
Димитров: Барањето за македонскиот јазик се коси со основните европски вредности

Во разговорот за МКД.мк на оваа тема министерот Никола Димитров вели дека во оваа Изјава има многу еднострани услови од бугарска страна што во голем дел се спротивни и на одредбите од Договорот за пријателство и добрососедство. Македонскиот јазик е клучен и нераскинлив елемент на нашиот национален идентитет, вели шефот на македонската дипломатија.

Изјавата на Бугарија во однос на преговарачкиот пакет главно се повикува на Договорот за пријателство. Дали сметате дека нивните барања се надвор од рамката на Договорот?

- Советот за општи работи на ЕУ на 24 март (формално на 25 март) едногласно, вклучувајќи ја и Бугарија, безусловно одлучи да ги отвори преговорите со Северна Македонија. Ваквиот заклучок на 26 март едногласно беше одобрен и од шефовите на влади и држави во Европскиот совет. Оперативниот пасус на заклучокот на Советот во делот на Северна Македонија не содржи ниту еден услов.
Изјавата на Бугарија вложена отпосле во записникот од усвојувањето на заклучоците на Советот за општи работи претставува стриктно унилатерална интерпретативна изјава, која не може да го исклучи или измени правниот ефект на одлуката за почеток на преговорите, ниту значењето и опфатот на заклучоците. Бугарија во изјавата експлицитно се повикува на „свое разбирање“ на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и рефлектирајќи ја позицијата на нивниот парламент од октомври минатата година, наведува редица еднострани услови, кои во огромен дел не само што немаат никаква поткрепа во Договорот, туку се и спротивни на неговите одредби.
Барањето за македонскиот јазик се коси со основните европски вредности. Добрососедските односи се двонасочна улица. Пријателството подразбира почит и разбирање за другиот. Самиот Договор за пријателство во преамбулата вели дека двете страни се „длабоко убедени во потребата од развој на соработката врз основа на меѓусебното почитување, доверба, разбирање, добрососедство и заемно почитување...“. Македонскиот јазик е кодифициран во 1945 и денес е глобално призната реалност. Се изучува на лингвистичките катедри на многу светски универзитети. Тој е целосно оформен литературен јазик, во семејството на словенски јазици и дел од модерното европско јазично богатство.
На глобално ниво формално е афирмиран на Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња во Атина во 1977, а беше и еден од трите официјални јазици во поранешната СФРЈ, покрај српско-хрватскиот и словенечкиот јазик. Македонскиот јазик е клучен и нераскинлив елемент на нашиот национален идентитет.

[Image: mkd-463427.jpg?itok=5QhRAqV4]

Затоа, нарекувањето на македонскиот јазик како „таканаречен” е навредливо за македонскиот народ. Наместо кон зближување, ваквите позиции водат кон оддалечување и рушење мостови, а воопшто не одат во прилог ниту на величината на нивните творци, ниту на сликата на европска Бугарија.
Ова барање, можеби предизвикано од внатрешнополитички наддавања, не произведува пријателство, туку ќе создава непријателство. Според меѓународното право, јазиците не се предмет на признавање, ниту на негирање од страна на државите, но во 21 век во Европа, правото на самоопределување и самоизјаснување не може да биде спорно. Прифаќањето на сегашноста и на минатото, еден благороден процес што го почнавме со Бугарија, мора да се темели токму на ова право.
Како на хероите од минатото, кои се значајни и за македонскиот и за бугарскиот народ, така и на живите Македонци.
Меѓу другото, во Изјавата на Бугарија, билатералната јазична формула што двете земји ја употребуваат во меѓусебните договорни односи од 1999 година, не е воопшто коректно цитирана. Потенцирам дека оваа формула, стриктно билатерална, е симетрична и реципрочна, и се однесува како на македонскиот јазик, така и на бугарскиот јазик. Барањето оваа формула да ја користи ЕУ во својата суштина е антиевропско и во смисла на европските вредности за почитување на културните и јазични различности, кои го чинат европското културно наследство и во смисла на европските принципи утврдени во Лисабонскиот договор и во Повелбата за фундаментални права на Европската Унија.

Тука е и барањето за „заборавање“ на македонското малцинство?

- Доследното почитување на Договорот, од Северна Македонија значи немешање во внатрешните работи на Бугарија (исто така и наша уставна обврска кон сите соседи), но не значи и не може да значи откажување од нашите обврски како демократска држава, членка на ОН и Советот на Европа и договорна страна на сите релевантни меѓународни мултилатерални договори за заштита и промоција на човековите права. Впрочем, во членот 14 од Договорот децидно стои дека тој „на никаков начин, нема да биде толкуван така што ќе противречи на билатералните и мултилатералните договори, чии страни се“ двете држави. Ние веруваме и ќе продолжиме да веруваме и да ја поддржуваме меѓународно-правната заштита на човековите права, вклучително и правата на припадниците на националните малцинства. Понатаму, беспредметна е која било декларација, на која било држава, вклучително и на Северна Македонија, со која се декларира постоење или непостоење елементи или факти за припадност кон кое било национално малцинство. Припадноста кон одредено национално малцинство е прашање на индивидуално самоопределување и самоидентификација и не се утврдува врз основа на политички декларации на државите. Тоа начело целосно го почитуваме и ќе продолжиме да го почитуваме и во однос на сите македонски граѓани, вклучувајќи ги и тие што се изјаснуваат како етнички Бугари.
Дел од барањата одат дури и против Договорот од Преспа? Како тоа ќе помине во Брисел?

- Преспанскиот договор е правна основа за конечно заокружување на постапката за членство на Северна Македонија во ОН и бришење на референцата поранешна Југословенска Република Македонија, која беше пролонгирана врз основа на две резолуции на Советот за безбедност на ОН од 1993 година. Врз основа на принципот на еднаквост и суверени права на државите личната карта на Република Северна Македонија во номенклатурата на ОН (вклучувајќи го и македонскиот јазик) се глобална референца што никој, освен Северна Македонија, не може да ја смени. Консеквентно, сите меѓународни организации, вклучително и ЕУ, се должни да ги почитуваат и да ги применуваат атрибутите за Северна Македонија, вклучувајќи го и македонскиот јазик и кратенката МК или МКД.

[Image: mkd-463434.jpg?itok=--RW9M1n]

Во оваа смисла, полното име на нашата држава, Република Северна Македонија, и краткото име, Северна Македонија, се еднакво валидни и треба да се употребуваат во меѓународните односи, вклучително и во ЕУ. Истовремено, повеќе од јасно е дека, полното и краткото име на нашата држава не се и не може да бидат интерпретирани како географска референца за кој било регион, туку само како имиња на суверена држава со точно определени граници, како политички ентитет во меѓународните односи.
Додавањето на географската одредница „Северна“ (придавка) кон името „Македонија“ (именка) за сите употреби беше единствено можно паралелно со, како што неодамна резимираше самиот медијатор Нимиц „глобално прифаќање на идентитетот на народот ... дека тие се Македонци што говорат македонски јазик“. Не може да се замисли Европската Унија, која конзистентно повикува на имплементација на Преспанскиот договор, самата да не го почитува, заедно со сопствените вредности и меѓународното право.

Може ли процесот на преговарање да застане? Каде е нашиот маневарски простор?

- Ние како и досега планираме засилена комуникација и консултација на политичко ниво со Европската комисија, со Бугарија, како и со останатите земји членки на ЕУ. Исто така ќе продолжиме со доследно, во добра волја, проактивно и опипливо спроведување на Договорот за пријателство, како и негова редовна евалуација низ воспоставените билатерални механизми. На вкупно 9 средби Комисијата за образовни и историски прашања донесе заклучоци за заедничко чествување на 6 личности од средновековниот период.
Усогласени се препораки за подобрување на учебниците за античкиот и средновековниот период до 18 век. Ова се значајни резултати за релативно краток временски период, споредено со компаративни искуства на вакви заеднички комисии на други држави. Во овој контекст се посебно значајни позитивните европски и светски искуства засновани на принципите и препораките на УНЕСКО и Советот на Европа.
Со Софија почнавме еден исклучително важен и сложен процес на заедничко растење. Влогот е голем и искрено се надевам дека со мудрост ќе продолжиме по патот на зближување и градење пријателство, низ заемно почитување, како две соседни европски држави. Но никогаш нема да прифатиме вметнување на антиевропски билатерални услови што навлегуваат во македонскиот идентитет во преговарачката рамка за пристапување кон европското семејство.
Александар Дамовски
Фото: Роберт Атанасовски




Зошто Димитров не се повика на Европски вредности за да го оспори барањето за менување на името?
17-04-2020, 01:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Условувања од Бугарија за македонската евроинтеграција
Николовски: Скандалозен е обидот на Заев и Димитров да сокријат документ со кој се условува датумот за преговори


Гласно го поставувам прашањето дали Заев и Димитров се спроведувачи на проектот за бришење на македонскиот јазик и создавање на нова т.н. „северномакедонска нација”? После ова јасно е дека Македонија не доби датум за почеток на преговори, ниту пак  скоро ќе ги почне. За да се спаси криминалот на Заев и кариеризмот на Димитров тие се подготвени на целосно бришење на македонскиот јазик и народ, вели во разговорот за МКД.мк Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ по повод најновото условување на Бугарија за датумот за преговори за Македонија.


[Image: mkd-419882.jpg?itok=9df7Eiva]


22.04.2020

Македонија ќе мора да заборави на „македонско малцинство во Бугарија“ и на „македoнски јазик“ и да користи само „службен јазик на РСМ“, ќе мора брзо да работи со комисијата за историски прашања... ако сака да ги продолжи преговорите со ЕУ, се вели во документот до кој дојде МКД.мк. Оваа Изјава на Република Бугарија, која МКД.мк ексклузивно ја објави на 17 април, стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и датумот за преговори за Македонија и Албанија. Со ова Бугарија го условува одржувањето на меѓувладината конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија и Албанија.
Нема ништо ново во ставот на Бугарија во однос на македонскиот народ, јазик и малцинство, но оваа изјава на Бугарија стана дел од протоколот за преговарачкиот пакет.
За ова разговараме со Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ. 

- Ние сме фрапирани што власта, пред сѐ Зоран Заев и Никола Димитров решија да го кријат овој документ од нас, како најголема политичка партија во Македонија и секако од јавноста. Скандалозен е обидот ова да се сокрие. Во една сериозна држава после ваков документ се отвора широка политичка и општествена дебата за да се одговори на истиот, се прави стратегија и се дејствува. Во Македонија ова се крие! Ние за овој документ дознавме од вас како медиум и во таа насока би сакал да ви честитам за отворањето на оваа исклучително значајна тема.
Јасен е одговорот зошто Заев и Димитров ова го кријат. Овој документ е демант на отворена сцена на сите лаги. После ова јасно е дека Македонија не доби датум за почеток на преговори, ниту пак скоро ќе ги почне. Исто така паѓа во вода тезата дека Заев и Димитров решаваат проблеми. Напротив, тие создаваат нови, далеку попроблематични за иднината на Македонија проблеми. За овој документ, неговата содржина во која се брише македонскиот народ, македонското малцинство во соседните држави, како и македонскиот јазик, како и криењето на неговата содржина мора да има политичка одговорност. Па видете до каде нѐ донесе обидот на Заев да се спаси од одговорност за своите криминали и кариеризмот на Димитров. Целосно бришење на македонскиот народ и јазик. После промената на името, ова е финален обид за поништување на македонската држава онаква каква ја познаваме, а генерации ја сонуваа.

Како ќе реагирате? Што може да преземете во Брисел? Што ќе преземете на домашен терен?

- ВМРО-ДПМНЕ пред сѐ, не е сѐ уште официјално информирани за ова. Ние сме екскомуницирани од власта за најбитното национално прашање во Македонија. Никола Димитров наместо кога патува во странство времето да го троши на кодошење на ВМРО-ДПМНЕ и барање од своите соговорници да го напаѓаат ВМРО ДПМНЕ, да го трошеше времето на заштита на националните интереси, веројатно ваков документ од Бугарија немаше да има.
Сакам да потсетам дека овој документ е продолжение на Декларацијата на Собранието на Бугарија од октомври минатата година со која декларација се ставија темелите на овој документ кој сега официјално го прифати ЕУ. Со Декларацијата на Собранието на Бугарија се бара да се избрише македонскиот народ и јазик. Тогаш претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предложи како одговор на тој бугарски документ да се донесе декларација во Собранието на Македонија со која ќе се одговори на истата и ќе се заштитат македонскиот јазик, народ, како и националното малцинство во соседните земји. Побара истата да биде поддржана од сите релевантни политички парти. Наместо да се отвори дебата за оваа понуда и да се развие заедничка стратегија, добивме комплетно игнорирање од власта. А во последниов месец и криење и лажење на јавноста за новите уцени со кои е соочена Македонија. Нас како држава итно ни е неопходно да создадеме заеднички усогласена надворешна политика како и стратегија за национална безбедност. Овие два документи треба да се прифатени од сите политички партии и да бидат основа на работата на секој министер за надворешни, внатрешни и одбрана како и директорите на безбедносните агенции, без разлика од која партија се. Тоа го предлага Мицкоски, но наместо одговор на подадената рака добивме криење и бегање од одговорност, што резултира со национално понижување кој знае кое по ред со Заев и Димитров. За жал ова може да е фатално за државата и народот.  

Дали ова може да значи и прекинување на преговорите за членство во ЕУ?

- Членството на Македонија во ЕУ е стратешки приоритет број еден, желба на огромно мнозинство на македонскиот народ. Ние можеме и ќе станеме дел од ЕУ. Можеме тоа да го направиме достоинствено, а не понижени.
Проблемот е што власта на Заев и Димитров освен национални порази, криминал и економско опустошување ништо друго не донесе. Народот е национално понижен, а економски сѐ повеќе тоне секој ден. После мандатот на Заев и Димитров што имаме? Странски инвестиции нема, домашните се ретки, економско цунами, осиромашени граѓани. Дополнително на тоа, имаме и целосно национално обезличување. Ајде да споредиме што имавме пред Заев, а што имаме денес. Дури и една далеку од добра политика на владите пред Заев ја позиционира Македонија како земја чиј јазик, македонскиот и националноста, македонска, беа признати од Обединетите Нации, а под уставното име беше призната од мнозинство од земјите членки на ООН. Денес името е променето, националноста исто така, а со овој документ на Бугарија под опасност е и јазикот, историјата и македонското малцинство во соседните земји. Затоа впрочем Заев е најпосакуван политичар од Македонија за Бугарија и Грција. Тој, за да го заштити својот криминал, подготвен е сѐ да распродаде, а овие наши соседни држави да можат да ги остварат своите вековни национални интереси. Ние сме за добрососедски односи, но истите мора да бидат плод на взаемно почитување и разбирање, плод на согласности, а не на уцени.

До каде сме подготвени да отстапуваме во име на евроатлантските интеграции?

- Македонскиот јазик не може и не смее да биде предмет на каков било договор и не смее да биде доводен под прашање. Тоа е јазикот на кој сите ние зборуваме. Нашиот идентитет. Отстапки тука не смее да има! Гласно го поставувам прашањето дали Заев и Димитров се спроведувачи на проектот за бришење на македонскиот јазик и создавање на нова т.н. „северномакедонска нација”? Јавно прашувам дали можеби Заев ова го прави под уцена имајќи предвид дека неговото семејство поседува фирми во соседни држави и дали е тоа предметот на уцена?
Наместо светлата иднина која ја ветуваше, добиваме уништена економија, луѓе кои едвај чекаат да заминат од Македонија, и целосно национално обезличување.

Овие барања на Бугарија делумно излегуваат и од рамката на Договорот за пријателство и добрососедство и се против основните принципи на основање на Унијата. Можно е Бугарија да се повлече од ова?

- Дали Бугарија ќе се повлече од овие нивни барања зависи само и исклучиво од Македонија. Ако државата економски се развива и воспостави стабилен систем на владеење на правото, а со тоа да стане држава за почит, тогаш има простор да ја сфатат Македонија сериозно и да ја почитуваат. Но, ако тие кои ја водат се криминогени и со ограничени способности, кариеристи, тогаш само небото е граница на националните понижувања. Ако, пак, Македонија ја водат чесни луѓе, патриоти кои не се продаваат за пари и држат до себе, тогаш секој ќе се повлече зашто ќе види став на другата страна. Таквите политичари добиваат почит и се рамноправни партнери дури и кога се од мали држави како Македонија. Ваквите како Заев и Димитров, без разлика колку ги тапкаат по рамо, добиваат презир и непочитување. Така што изборот е на Македонија. Јас сум сигурен дека и од оваа битка Македонија и македонскиот народ ќе излезе со гордо крената глава.
А.Д.
22-04-2020, 12:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(22-04-2020, 12:47 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Условувања од Бугарија за македонската евроинтеграција
Николовски: Скандалозен е обидот на Заев и Димитров да сокријат документ со кој се условува датумот за преговори


Гласно го поставувам прашањето дали Заев и Димитров се спроведувачи на проектот за бришење на македонскиот јазик и создавање на нова т.н. „северномакедонска нација”? После ова јасно е дека Македонија не доби датум за почеток на преговори, ниту пак  скоро ќе ги почне. За да се спаси криминалот на Заев и кариеризмот на Димитров тие се подготвени на целосно бришење на македонскиот јазик и народ, вели во разговорот за МКД.мк Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ по повод најновото условување на Бугарија за датумот за преговори за Македонија.


[Image: mkd-419882.jpg?itok=9df7Eiva]


22.04.2020

Македонија ќе мора да заборави на „македонско малцинство во Бугарија“ и на „македoнски јазик“ и да користи само „службен јазик на РСМ“, ќе мора брзо да работи со комисијата за историски прашања... ако сака да ги продолжи преговорите со ЕУ, се вели во документот до кој дојде МКД.мк. Оваа Изјава на Република Бугарија, која МКД.мк ексклузивно ја објави на 17 април, стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и датумот за преговори за Македонија и Албанија. Со ова Бугарија го условува одржувањето на меѓувладината конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија и Албанија.
Нема ништо ново во ставот на Бугарија во однос на македонскиот народ, јазик и малцинство, но оваа изјава на Бугарија стана дел од протоколот за преговарачкиот пакет.
За ова разговараме со Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ. 

- Ние сме фрапирани што власта, пред сѐ Зоран Заев и Никола Димитров решија да го кријат овој документ од нас, како најголема политичка партија во Македонија и секако од јавноста. Скандалозен е обидот ова да се сокрие. Во една сериозна држава после ваков документ се отвора широка политичка и општествена дебата за да се одговори на истиот, се прави стратегија и се дејствува. Во Македонија ова се крие! Ние за овој документ дознавме од вас како медиум и во таа насока би сакал да ви честитам за отворањето на оваа исклучително значајна тема.
Јасен е одговорот зошто Заев и Димитров ова го кријат. Овој документ е демант на отворена сцена на сите лаги. После ова јасно е дека Македонија не доби датум за почеток на преговори, ниту пак скоро ќе ги почне. Исто така паѓа во вода тезата дека Заев и Димитров решаваат проблеми. Напротив, тие создаваат нови, далеку попроблематични за иднината на Македонија проблеми. За овој документ, неговата содржина во која се брише македонскиот народ, македонското малцинство во соседните држави, како и македонскиот јазик, како и криењето на неговата содржина мора да има политичка одговорност. Па видете до каде нѐ донесе обидот на Заев да се спаси од одговорност за своите криминали и кариеризмот на Димитров. Целосно бришење на македонскиот народ и јазик. После промената на името, ова е финален обид за поништување на македонската држава онаква каква ја познаваме, а генерации ја сонуваа.

Како ќе реагирате? Што може да преземете во Брисел? Што ќе преземете на домашен терен?

- ВМРО-ДПМНЕ пред сѐ, не е сѐ уште официјално информирани за ова. Ние сме екскомуницирани од власта за најбитното национално прашање во Македонија. Никола Димитров наместо кога патува во странство времето да го троши на кодошење на ВМРО-ДПМНЕ и барање од своите соговорници да го напаѓаат ВМРО ДПМНЕ, да го трошеше времето на заштита на националните интереси, веројатно ваков документ од Бугарија немаше да има.
Сакам да потсетам дека овој документ е продолжение на Декларацијата на Собранието на Бугарија од октомври минатата година со која декларација се ставија темелите на овој документ кој сега официјално го прифати ЕУ. Со Декларацијата на Собранието на Бугарија се бара да се избрише македонскиот народ и јазик. Тогаш претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предложи како одговор на тој бугарски документ да се донесе декларација во Собранието на Македонија со која ќе се одговори на истата и ќе се заштитат македонскиот јазик, народ, како и националното малцинство во соседните земји. Побара истата да биде поддржана од сите релевантни политички парти. Наместо да се отвори дебата за оваа понуда и да се развие заедничка стратегија, добивме комплетно игнорирање од власта. А во последниов месец и криење и лажење на јавноста за новите уцени со кои е соочена Македонија. Нас како држава итно ни е неопходно да создадеме заеднички усогласена надворешна политика како и стратегија за национална безбедност. Овие два документи треба да се прифатени од сите политички партии и да бидат основа на работата на секој министер за надворешни, внатрешни и одбрана како и директорите на безбедносните агенции, без разлика од која партија се. Тоа го предлага Мицкоски, но наместо одговор на подадената рака добивме криење и бегање од одговорност, што резултира со национално понижување кој знае кое по ред со Заев и Димитров. За жал ова може да е фатално за државата и народот.  

Дали ова може да значи и прекинување на преговорите за членство во ЕУ?

- Членството на Македонија во ЕУ е стратешки приоритет број еден, желба на огромно мнозинство на македонскиот народ. Ние можеме и ќе станеме дел од ЕУ. Можеме тоа да го направиме достоинствено, а не понижени.
Проблемот е што власта на Заев и Димитров освен национални порази, криминал и економско опустошување ништо друго не донесе. Народот е национално понижен, а економски сѐ повеќе тоне секој ден. После мандатот на Заев и Димитров што имаме? Странски инвестиции нема, домашните се ретки, економско цунами, осиромашени граѓани. Дополнително на тоа, имаме и целосно национално обезличување. Ајде да споредиме што имавме пред Заев, а што имаме денес. Дури и една далеку од добра политика на владите пред Заев ја позиционира Македонија како земја чиј јазик, македонскиот и националноста, македонска, беа признати од Обединетите Нации, а под уставното име беше призната од мнозинство од земјите членки на ООН. Денес името е променето, националноста исто така, а со овој документ на Бугарија под опасност е и јазикот, историјата и македонското малцинство во соседните земји. Затоа впрочем Заев е најпосакуван политичар од Македонија за Бугарија и Грција. Тој, за да го заштити својот криминал, подготвен е сѐ да распродаде, а овие наши соседни држави да можат да ги остварат своите вековни национални интереси. Ние сме за добрососедски односи, но истите мора да бидат плод на взаемно почитување и разбирање, плод на согласности, а не на уцени.

До каде сме подготвени да отстапуваме во име на евроатлантските интеграции?

- Македонскиот јазик не може и не смее да биде предмет на каков било договор и не смее да биде доводен под прашање. Тоа е јазикот на кој сите ние зборуваме. Нашиот идентитет. Отстапки тука не смее да има! Гласно го поставувам прашањето дали Заев и Димитров се спроведувачи на проектот за бришење на македонскиот јазик и создавање на нова т.н. „северномакедонска нација”? Јавно прашувам дали можеби Заев ова го прави под уцена имајќи предвид дека неговото семејство поседува фирми во соседни држави и дали е тоа предметот на уцена?
Наместо светлата иднина која ја ветуваше, добиваме уништена економија, луѓе кои едвај чекаат да заминат од Македонија, и целосно национално обезличување.

Овие барања на Бугарија делумно излегуваат и од рамката на Договорот за пријателство и добрососедство и се против основните принципи на основање на Унијата. Можно е Бугарија да се повлече од ова?

- Дали Бугарија ќе се повлече од овие нивни барања зависи само и исклучиво од Македонија. Ако државата економски се развива и воспостави стабилен систем на владеење на правото, а со тоа да стане држава за почит, тогаш има простор да ја сфатат Македонија сериозно и да ја почитуваат. Но, ако тие кои ја водат се криминогени и со ограничени способности, кариеристи, тогаш само небото е граница на националните понижувања. Ако, пак, Македонија ја водат чесни луѓе, патриоти кои не се продаваат за пари и држат до себе, тогаш секој ќе се повлече зашто ќе види став на другата страна. Таквите политичари добиваат почит и се рамноправни партнери дури и кога се од мали држави како Македонија. Ваквите како Заев и Димитров, без разлика колку ги тапкаат по рамо, добиваат презир и непочитување. Така што изборот е на Македонија. Јас сум сигурен дека и од оваа битка Македонија и македонскиот народ ќе излезе со гордо крената глава.
А.Д.




Одговор од Никола Димитров ако може така да се нарече оваа шкрабаница е само клевета поткрепена со „патриотизам“!! Нема одговор дали Бугарија може да го попречи добивањето на датумот за преговори ако гласа против отпочнување на преговорите за Македонија


Quote:Никола Димитров - Nikola Dimitrov
1 hr ·
Александар Николовски е политичарот кој од среде Собрание, за проектот Скопје 2014, со цел ум рече: “Ние сега првпат градиме македонски идентитет ...”.
Деновиве, со тактика на политички "лешинар", небаре се радува и едвај чека да има лоши вести, токму истиот тој Николовски е повторно гласен во врска со Изјавата на Бугарија прикачена кон записникот на седницата на Советот за општи работи на ЕУ од 25 март.
Се разбира, можно е Николовски толку и да разбира како функционира светот на дипломатијата, па да не знае дека во случајов станува збор за стриктно унилатерална толкувачка изјава што ги отсликува позициите на една земја членка на ЕУ - Бугарија, во која впрочем е јасно наведено дека тоа е видување на Бугарија (не на ЕУ!). Документ што самата Европска унија не го објави во пакетот со заклучоците.
Притоа, оваа изјава нема никаков правен ефект врз содржината и опсегот на одлуката на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија.
Она што згрозува не е незнаењето или неукоста, туку подмолноста на протагонистот на политикантството кој внимавајте - додека наводно повикува на национално единство, прави се’ за тоа да го оневозможи.
Таргет нему не му се авторите на анахроните позиции што се косат со европските вредности (друга држава) туку Заев и јас. Истури едно чудо валканици и груби невистини за тема што должно бара највисока одговорност - македонскиот идентитет.
Таа негова теза е директно спротивна на самиот Нимиц, кој неодамна јавно ја резимираше нашата најважна национална цел целосно остварена преку Преспанскиот договор и правото на самоопределување на македонскиот народ: “глобално прифаќање на идентитетот на народот ... дека тие се Македонци кои говорат македонски јазик“.
Значи лично Нимиц, оној под чие медијаторство се водеше процесот, оној кој имал директен и непристрасен увид, читајќи го Договорот вели: Успеавте, вие сте Македонци кои зборуваат македонски јазик!
Не очекував дека "загрижениот" за едниството Николовски јавно ќе го прегрне ставот на Нимиц, ама да се дрзне додека мастилото на тој есеј на медијаторот е се' уште свежо да зборува за “бришење на македонскиот јазик и народ” е навистина грозно.
Поевтино и поштетно политикантство не може да се замисли.
Партијата на Николовски е таа што го бојкотираше референдумот и ден денес е против Преспанскиот договор. Истиот што е правна основа за конечно заокружување на постапката за членство на Северна Македонија во ОН и бришење на референцата поранешна Југословенска Република Македонија, која беше пролонгирана четврт век врз основа на две резолуции на Советот за безбедност на ОН од 1993 година.
Истиот договор што нашиот јазик го етаблира како македонски јазик во меѓународните односи.
Толку ли боли ова да се признае?
Како член на Здружението можеби ви е тешко, ама како Македонец?
Понатаму, врз основа на принципот на еднаквост и суверени права на државите нашата лична карта во номенклатурата на ОН (вклучувајќи го и македонскиот јазик) се глобална референца што никој, освен ние самите не може да ја смени. Истиот договор што овозможи долгорочно да си ја зајакнеме безбедноста и државноста преку членството во НАТО и што овозможи да добиеме одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Притоа прави грда и штетна збрка меѓу државјанството, дефинирано во член 1 како македонско/граѓани на Северна Македонија од една страна и националноста односно народот, наведени во член 7 како македонски.
Партијата на Николовски беше и против Договорот за пријателство со Бугарија. Договор што поставува правна рамка каде македонскиот јазик и бугарскиот јазик се во целосно еднаква позиција. Договор што во членот 14 не дава простор за менување на правата и обврските на двете страни кои произлегуваат од други договори, вклучувајќи ги и меѓународните инструменти за човекови и малцински права.
Идентитетот не е само за по дома!
Тешкиот историски процес за меѓународно етаблирање на македонскиот идентитет - конечното решавање на македонското прашање - нужно бара соочување со предизвиците со соседите.
И тоа се процеси кои траат.
Тие не се нови, иако долго време беа под килим и беше инвестирано да останат стуткани таму и да ѕиркаат кога треба да се злоупотребат за политичко профитерство.
Е затоа за овие процеси на македонската кауза и’ требаат луѓе со идеали.
А вие, ако веќе не помагате, аман не одмагајте!
Македонскиот народ овој процес ќе го заокружи, со вас или и покрај вас.
Ќе напишев изборот е ваш, ама за жал вие изгледа одамна го направивте тој избор.
Ќе не’ биде!
И покрај сите ваши напори да не’ вратите во дупката на самосожалувањето и улогата на жртва.
Ќе излезе македонскиот народ од овој процес како победник.
И таа победа ќе биде истовремено и победа на европските соседи.
23-04-2020, 02:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(23-04-2020, 02:55 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Никола Димитров - Nikola Dimitrov
1 hr ·
Александар Николовски е политичарот кој од среде Собрание, за проектот Скопје 2014, со цел ум рече: “Ние сега првпат градиме македонски идентитет ...”.
Деновиве, со тактика на политички "лешинар", небаре се радува и едвај чека да има лоши вести, токму истиот тој Николовски е повторно гласен во врска со Изјавата на Бугарија прикачена кон записникот на седницата на Советот за општи работи на ЕУ од 25 март.
Се разбира, можно е Николовски толку и да разбира како функционира светот на дипломатијата, па да не знае дека во случајов станува збор за стриктно унилатерална толкувачка изјава што ги отсликува позициите на една земја членка на ЕУ - Бугарија, во која впрочем е јасно наведено дека тоа е видување на Бугарија (не на ЕУ!). Документ што самата Европска унија не го објави во пакетот со заклучоците.
Притоа, оваа изјава нема никаков правен ефект врз содржината и опсегот на одлуката на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија.
Она што згрозува не е незнаењето или неукоста, туку подмолноста на протагонистот на политикантството кој внимавајте - додека наводно повикува на национално единство, прави се’ за тоа да го оневозможи.
Таргет нему не му се авторите на анахроните позиции што се косат со европските вредности (друга држава) туку Заев и јас. Истури едно чудо валканици и груби невистини за тема што должно бара највисока одговорност - македонскиот идентитет.
Таа негова теза е директно спротивна на самиот Нимиц, кој неодамна јавно ја резимираше нашата најважна национална цел целосно остварена преку Преспанскиот договор и правото на самоопределување на македонскиот народ: “глобално прифаќање на идентитетот на народот ... дека тие се Македонци кои говорат македонски јазик“.
Значи лично Нимиц, оној под чие медијаторство се водеше процесот, оној кој имал директен и непристрасен увид, читајќи го Договорот вели: Успеавте, вие сте Македонци кои зборуваат македонски јазик!
Не очекував дека "загрижениот" за едниството Николовски јавно ќе го прегрне ставот на Нимиц, ама да се дрзне додека мастилото на тој есеј на медијаторот е се' уште свежо да зборува за “бришење на македонскиот јазик и народ” е навистина грозно.
Поевтино и поштетно политикантство не може да се замисли.
Партијата на Николовски е таа што го бојкотираше референдумот и ден денес е против Преспанскиот договор. Истиот што е правна основа за конечно заокружување на постапката за членство на Северна Македонија во ОН и бришење на референцата поранешна Југословенска Република Македонија, која беше пролонгирана четврт век врз основа на две резолуции на Советот за безбедност на ОН од 1993 година.
Истиот договор што нашиот јазик го етаблира како македонски јазик во меѓународните односи.
Толку ли боли ова да се признае?
Како член на Здружението можеби ви е тешко, ама како Македонец?
Понатаму, врз основа на принципот на еднаквост и суверени права на државите нашата лична карта во номенклатурата на ОН (вклучувајќи го и македонскиот јазик) се глобална референца што никој, освен ние самите не може да ја смени. Истиот договор што овозможи долгорочно да си ја зајакнеме безбедноста и државноста преку членството во НАТО и што овозможи да добиеме одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Притоа прави грда и штетна збрка меѓу државјанството, дефинирано во член 1 како македонско/граѓани на Северна Македонија од една страна и националноста односно народот, наведени во член 7 како македонски.
Партијата на Николовски беше и против Договорот за пријателство со Бугарија. Договор што поставува правна рамка каде македонскиот јазик и бугарскиот јазик се во целосно еднаква позиција. Договор што во членот 14 не дава простор за менување на правата и обврските на двете страни кои произлегуваат од други договори, вклучувајќи ги и меѓународните инструменти за човекови и малцински права.
Идентитетот не е само за по дома!
Тешкиот историски процес за меѓународно етаблирање на македонскиот идентитет - конечното решавање на македонското прашање - нужно бара соочување со предизвиците со соседите.
И тоа се процеси кои траат.
Тие не се нови, иако долго време беа под килим и беше инвестирано да останат стуткани таму и да ѕиркаат кога треба да се злоупотребат за политичко профитерство.
Е затоа за овие процеси на македонската кауза и’ требаат луѓе со идеали.
А вие, ако веќе не помагате, аман не одмагајте!
Македонскиот народ овој процес ќе го заокружи, со вас или и покрај вас.
Ќе напишев изборот е ваш, ама за жал вие изгледа одамна го направивте тој избор.
Ќе не’ биде!
И покрај сите ваши напори да не’ вратите во дупката на самосожалувањето и улогата на жртва.
Ќе излезе македонскиот народ од овој процес како победник.
И таа победа ќе биде истовремено и победа на европските соседи.


Николовски нуди доказ за онаа што го говори!!




23-04-2020, 03:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(23-04-2020, 02:55 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Никола Димитров - Nikola Dimitrov
1 hr ·

[Image: dimitrov-1024x682.jpg]

Александар Николовски е политичарот кој од среде Собрание, за проектот Скопје 2014, со цел ум рече: “Ние сега првпат градиме македонски идентитет ...”.
Деновиве, со тактика на политички "лешинар", небаре се радува и едвај чека да има лоши вести, токму истиот тој Николовски е повторно гласен во врска со Изјавата на Бугарија прикачена кон записникот на седницата на Советот за општи работи на ЕУ од 25 март.


Quote:ВМРО-ДПМНЕ ДО „ТАТИЧКО“ ДИМИТРОВ: Лешинар е човек чија ќерка добива 40 000 евра од Владата во која тој е министер!

23.04.2020
Соопштение до јавноста-реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Никола Димитров

„Бидејќи за Димитров одговорноста е непозната категорија, чувствуваме должност да му го објасниме значењето на зборот лешинар кој тој го употребува. Лешинар е човек чија ќерка добива стипендија од 40 илјади евра од владата чиј таткото е министер.

Лешинар е човек кој менува партија не поради идеолошки разлики, туку кариерни побуди и се разбира лукративни мотиви.

Лешинар е човек кој во исто време кога ќе каже дека штити државни интереси истите ќе ги продава на пазар. Лешинар е човек кога ќе крие од јавноста дека и донел уште една капитулација на државата каде е министер и притоа ќе моли новинари тоа да не го објават.

Да се вратиме на темата, зошто Димитров го криеше документот со кој од нас се бара откажување од македонскиот јазик и историја како услов за продолжување на европските интеграции?
Дали чувствува вина лешинарот Димитров за тоа што донесе нов неуспех на Македонија?
23-04-2020, 09:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Австрискиот парламент го објави документот на ЕУ во кој стои барањето на Бугарија да се откажеме од македонскиот јазик

[Image: avstrija-parlament.jpg]

24.04.2020
На интернет страницата на австрискиот Парламент објавени се официјалните документи во врска со проширувањето на ЕУ и закл
Според овие документи станува јасно дека барањето на Бугарија стана дел од заклучокот за проширување на ЕУ, а се однесува на Македонија и Албанија.
Во нив се бара Македонија да се откаже од грижа за македонското малцинство како и тоа во ЕУ наместо македонски јазик да се користи терминот „службен јазик на Република Северна Македонија“.
Според Бугарија, ниту еден документ/изјава на ЕУ и на нејзините институции не може да се толкува како признание за постоење на посебен т.н. ‘македонски јазик’“
заклучоците од 25 март за добивање датум за преговори за Македонија и Албанија.
24-04-2020, 02:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:ЛАЖГОТО НИКОЛА ДИМИТРОВ ДАЛИ КЕ ТВРДИ ДЕКА И АВСТРИСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЛАЖЕ ЗА БУГАРСКИТЕ УСЛОВУВАЊА

[Image: 0.jpg]

24.04.2020

[Image: image.jpg]

НАПОМЕНА!! Преводот е павен на гугл транслејт!


Изјава на Република Бугарија во врска со усвојувањето на заклучоците на Советот за проширување и стабилизација и асоцијација

Процес во однос на ставовите 3, 8 и 10 од заклучоците на Советот за општи работи за проширување и стабилизација и асоцијација од март 2020 година, во согласност со неговите изјави за записникот од Заклучоците на Советот за проширување и стабилизација и процес на асоцијација од декември 2012 и октомври 2019 година, Имајќи ја предвид комуникацијата на Европската комисија за „Зајакнување на процесот на пристапување - кредибилна перспектива на ЕУ за Западен Балкан“ од 5 Февруари 2020 година, исто така, имајќи го предвид Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија (во понатамошниот текст „Договор“) и неговата важност во отворањето на патот кон европската и евроатлантската интеграција од второто, Потсетувајќи се дека имплементацијата на Договорот оттогаш е во голема мерка блокирана Ноември 2019 година поради еднострана одлука на Република Северна Македонија да го суспендира на неодредено време учеството во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања, формирана според чл. 8. 2. од Договорот. Република Бугарија го повторува следново: 1. Формулацијата користена во став 3 од Заклучоците на Советот во врска со Комуникацијата на Комисијата не ги предрасудува или ограничува ставовите што земјите-членки, вклучително и Република Бугарија, ќе ги заземаат додека работат за идните рамки за преговори за Република Северна Македонија и Република Албанија;

2. Имплементацијата на Билатералниот договор ќе биде проценета во сите фази на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, вклучително и пред да се даде согласност на Република Бугарија да ја одржи првата меѓувладина конференција (ИГЦ)
24-04-2020, 08:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:[Image: 1.jpg]

Република Бугарија сака да го потенцира разбирањето дека имплементацијата на Договорот опфаќа:

- Гарантирање дека придржувањето кон амандманите во уставот на Република Северна Македонија според Договорот од Преспа ќе се спроведува паралелно со строго почитување на Договорот во неговото целост;

- Активно ангажирање на Република Северна Македонија во постигнување на конечен договор за целиот спектар на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања создадени според Договорот, вклучително и постигнување договор за клучни фигури и настани од нашата заедничка историја со Република Северна Македонија до 1944 година, на специфични датуми за заедничко одбележување на оние настани и бројки за кои е постигнат договор; и замена на информативни знаци и други индикации, вклучително и оние на историски и културни споменици, во согласност со договорените текстови;

- Воздржаност на политичките личности и претставници на државните институции во Република Северна Македонија од изјави / ставови што може да се толкуваат како доведување во прашање или спротивставување на текстовите договорени од двете влади; - Дисконтинуирање од страна на Република Северна страна на каква било поддршка на организации кои тврдат дека постои т.н. „македонско малцинство“ во Република Бугарија, вклучително и во меѓународни организации како што е Советот на Европа и во мултилатерални формати и механизми за набудување; - Усогласување на ставовите и постапките на Република Северна Македонија во меѓународните организации и форуми со член 11 од Договорот, вклучително и со изјавување дека не постојат историски и демографски основи за барање малцински статус за која било група граѓани на територијата на Република Бугарија .


[Image: 2.jpg]

-Преземање мерки од надлежните органи во Република Северна Македонија за активно спречување и, доколку е потребно, да се испита и гони, каква било форма на дискриминација или говор на омраза против нејзините граѓани со бугарска самоидентификација или бугарско потекло и културна припадност;

- Иницирање од страна на Република Северна Македонија за процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунистички режим, потиснати заради нивното бугарско самоидентификување;

- Брза имплементација на реформата на разузнавачките и безбедносните служби, важен дел од нив ќе биде откривањето на соработници од денешна Република Северна Македонија кои работеа за безбедносните и разузнавачките служби на поранешна Југославија.


2б. Пред да може да ја одобри идната Преговарачка Рамка  за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, Република Бугарија очекува материјални активности и резултати во спроведувањето на Договорот во име на Република Северна Македонија. Договорот на Република Бугарија за идната рамка за преговори ќе биде условен, меѓу другото, и следново:
- Упатување на добрососедските односи, вклучително и целосна имплементација на договорите меѓу Република Северна Македонија и земјите-членки на ЕУ, како услов против кој напредокот ќе се мери во текот на пристапниот процес во идната рамка за преговори и оној чија имплементација ќе биде оценета во рамките на поглавје 35 за преговори „Други“


[Image: 3.jpg]


-Проактивни гаранции обезбедени од Република Северна Македонија во мултилатерални форуми дека употребата на краткото име предвидено со Договорот од Преспа се однесува само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не на географскиот регион на Северна Македонија, од кој дел спаѓа во рамките на суверената територија на Република Бугарија. Покрај тоа, единствено целосното име на Република Северна Македонија треба да се користи во документите / позициите / изјавите на ЕУ, вклучително и идната рамка за преговори. Република Бугарија го користи уставното име „Република Северна Македонија“ ерга омнес како единствено име на таа земја;

- Имплементација на „клаузулата за јазици“ договорена меѓу Софија и Скопје во договорите на Република Северна Македонија со ЕУ, вклучително и во идната рамка за преговори. Така, лингвистичката норма што ја зборува населението на Република Северна Македонија треба да се спомене само како „службен јазик на Република Северна Македонија“ во документите / позициите / изјавите на ЕУ, вклучително и идната рамка за преговори. Ниту еден документ / позиција / изјава на ЕУ и нејзините институции не може да се толкува како признание за постоење на посебен т.н. „македонски јазик“ .
3. Република Бугарија ќе даде согласност за одржување на првиот МКК со Република Албанија е постигнат уште еден видлив напредок во гарантирањето на правата на бугарското национално малцинство во земјата, особено во контекст на претстојниот попис на населението.


ДОКУМЕНТОТ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА НА АВСТРИСКИОТ ПАРЛАМЕНТ
24-04-2020, 08:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(24-04-2020, 08:32 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ЛАЖГОТО НИКОЛА ДИМИТРОВ ДАЛИ КЕ ТВРДИ ДЕКА И АВСТРИСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЛАЖЕ ЗА БУГАРСКИТЕ УСЛОВУВАЊА

[Image: 0.jpg]

24.04.2020


Коментар на Зоран Иванов на текстот, го пренесувам за да разбереме какви луѓе ни го креирале и креираат мислењето во Македонија!!

Quote:[Image: 0.jpg]

Еве ги одговорите , вториот е мој:

[Image: image.jpg]
24-04-2020, 08:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:[Image: image.jpg]


[Image: mkd-464189.jpg?itok=yrDhF89U]

[Image: 1.jpg]



ЕУ дала зелено светло за почеток на преговори ама не утврдила датум!! Дали за датумот ке е потребна согласност од сите членки на ЕУ??
24-04-2020, 09:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(24-04-2020, 09:13 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:[Image: image.jpg]

[Image: 1.jpg]



Оваа изјава ме потсетува на времеот како не манипулираа медиумите во Македонија кога Грција го постави ветот на признавање на Македонија од државите на Европската Заедница !!

Од мојата архива исчепкав како не манипулирале медиумите во Македонија за Грчкото условување!!
Читајте ги насловите во Нова Макецонија од тоа време кои се цитирани па бидејки го знаете резултатот, Преспанскиот договор сами оценете којке го јаде стапот по втор пат!!
пс. за оние што нема да им е јасно што значи на пример, 353) ибид , 18 фебруари 1992 година, стар. 1
Насловот кој е заведен под број 353 е објавен на 18 фебруари 1992 година, страна. 1 е објавен во Нова Македонија на стана 1.
Така да кој сака да ја провери вистинитоста ке може да го стори тоа.




[Image: 94484639_2864092460341827_84542398032720...e=5EC93364]
(This post was last modified: 24-04-2020, 09:35 PM by ЈорданПетровски.)
24-04-2020, 09:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Пораките од Софија

[Image: 19347012_303.jpg]

Пораките од Софија треба да се разберат како отрезнувачки, посебно од западните партнери кои мора да понудат реални, опипливи бенефити за концесиите направени од нашата политика кон Софија и Атина.

Пишува Арсим Зеколи 24.04.2020
Пораката од службена Софија со која се условува почетокот на преговорите со ЕУ со прашањата за македонскиот јазик, историја и народ наиде на брзи и делумно изнудени одговори од страна на надворешно-политичкиот тим на службено Скопје. Одговори кои, како што забележа Ивон Величковски во неговиот осврт, наликуваат на зачудувачки предолго задоцнет одговор кон службената порака од Софија која со години беше ако не политички, тогаш барем медиумски најавувана.

Пред се, ставот на Софија е непријатно пропратен со повикувањето на спроведувањето на „Договорот за пријателство, добрососедство и соработка” помеѓу двете земји, давајќи јасно на знаење дека не станува збор за изненадувачки потег од нивна страна туку за став базиран и најавен преку наведениот Договор и Декларацијата на Собранието на Бугарија за нашиот почеток на преговори со ЕУ од 10 oктомври 2019 година. Со што неминовно се отвара прашањето за нашиот дипломатски пристап кон самиот процес на составување на Договорот со кој однапред би биле од старт неутрализирани можните идни искривени, злонамерни или дубиозни интерпретации на договореното. Затоа, секоја дипломатска реакција кон ставовите на Софија секако мора обврзувачки да биде проследена и со домашен самокритички осврт кон будноста и предострожноста на потписниците на истиот во превенција на вакви непријатни „изненадувања”.  
Сегашните заложби дека „никогаш нема да прифатиме вметнување на антиевропски билатерални услови што навлегуваат во македонскиот идентитет" се логични реакции кои пленат со решителност. Проблемот, сепак, со таквиот став е што квалификативот „антиевропски” доаѓа од земја-кандидат, додека пак барањата се испоставени од „европска” земја-членка со поголем гравитас и легитимитет во определување што е а што не е „европско поведение” во рамките на ЕУ. Колку за потсетување, напати изнесуваните забелешки од земји членки на ЕУ дека поведението на Грција кон нас не е во европски дух, не донесе до големо потресување во Атина. Вториот проблем е во истрајноста и непоколебливоста на пропонентите на таквите ставови на долги патеки. За што секако има аргументи про и контра цврстината на нашата решителност. Дотолку повеќе што е контрадикторна со претходните (скорешни) драматични промени на ставови и зависност од волјата на нашите надворешните спонзори. Кои секако – и докажано – не ја споделуваат истата цврстина на непроменливост на ставовите онака како што ние би посакувале. 
 
[Image: 4651122_401.jpg]

„Став на една
земја“

Уште почудна и во некоја рака збунувачки звучи реакцијата дека станува збор за „став на една земја, не на заедничкиот став на Унијата”. Велам збунувачки бидејќи само факторот на кусо паметење може да биде во позадината на таква изјава но како да се заборава дека и при претходното одбивање на давање датум е фактор поради „став на една земја” (Франција). Дека и претходно нашите интеграции беа блокирани поради „став на една земја” (Грција). Но дури и да е така, таквиот пристап кон пораката од Софија се базира ексклузивно врз логиката нa „дајте датум сега, па ќе видиме”, но не и врз реалноста дека тоа барање нема да исчезне од самиот процес на преговори. Во тој дел лежи и сржта на дихотомијата во односот кон преговорите со ЕУ, бидејќи за разлика од нашиот интерес  за добивање препорака час поскоро, пораката од Софија не цели кон почетокот на преговорите со ЕУ, туку кон финализација на таксативно наведени конкретни барања. 
Прифатливо е затоа мислењето дека можеби Бугарија нема тврдокорно да инсистира на поврзување на нивните барања со почетокот на нашите преговори. Но секако таа согласност не подразбира и откажување од нив во текот на преговорите, посебно во финалната фаза. Притоа, клучниот аргумент во прилог на нивното инсистирање е понуден токму од нашиот државен врв кој неодамна, речиси паралелно со нашето пристапување во НАТО, остави простор за промена на Договорот со Грција, со мала доза на прикриен триумфализам. Таквата промена на ставот од страна на нашиот државен врв секако може да се толкува како локал- политичка желба за флертување со опозицијата и обид за градење на идна кохабитација. Но во меѓународната политика таквата акробација отвара простор за сомнеж во нашите заложби и потреба за превенирање на можно повторување на истата претумбација кон Бугарија по нашето членство во ЕУ.

Копирање на атинската тврдокорност

Колку за потсетување, одредени влијателни фактори во Софија уште минатата година ламентираа дека Бугарија требала да инсистира на Договор со Македонија сличен на оној помеѓу Македонија и Грција, со сите гаранции, таксативни мерки, санкциони механизми и превентивни салтанати. За тоа е, секако, веќе доцна. Но од друга страна, новата Макронова методологија на предпреиемни преговори со вметнатата клаузула на реверзибилност овозможува повеќе од доволно простор и начини за блокирање или санкционирање на нашата позиција.  Таквите не сосема промислени ставови на нашиот државен врв можат да доведат до интерна контрадикторност со несакани последици. Како што е цврстоста на ставовите во однос на македонското малцинство во Бугарија, во споредба со немуштоста на оваа (и посебно претходната) влада во однос кон македонското малцинство во Грција. Таквата дихотомија во поведението и вокабуларот ја компромитираат моралната вертикала на нашата позиција и ја легитимираат логиката на Софија за копирање на атинската тврдокорност како модел на пристап кон нас. Дотолку повеќе што нашата локал-политичка дихотомија може да резултира со странично, спунтовско, меѓународно тангирање на Договорот од Преспа. За кој, како што веќе укажавме, веќе како да се гради кохабитационен мост на согласност помеѓу државниот врв и опозицијата.
Но што доколку досегашните помалку битни потписници на Договорот со Грција ги принудат на реакција составувачите на Договорот? Патем, поранешната заменичка на американскиот амбасадор во Атина, денес е амбасадор во Скопје. Патем, интересно е што гласноста на амбасадорката демонстрирана низ жестоки реакции кон секоја изјава и кашлање на опозицијата, мистериозно отсуствуваше по изјавите на државниот врв за промена на Договорот од Преспа.  

Различно големи камења

Дипломатијата, велат поискусните, е умешност да се браниш од бесно куче велејќи му „добро кутре, мало кутре” – додека не најдеш камен. Проблемот е кога сите вплетени во дипломатскиот регионален квартет ја практицираат истата техника, во исто време, со исти умилни зборови и различни големини на камења. Што, чинам, небаре веќе се случува како во односите помеѓу нас и соседите, така и помеѓу нашите партнери од раскараниот трансатлански клуб. Во секој случај, епохата на славење на големите дипломатски регионални успеси полека замира, отстапувајќи пред ефектите на недоволно јасно исцртаните одредби. Секако, ниту Софискиот, ниту Преспанскиот договор не се Сајкс-Пико реплики на Балканот кои неизбежно ќе резултираат со игнорирани или нецелосно согледани драматични последици на дипоматската салонска итност на штета на политичките реалности на теренот. Но во времиња на драматични глобални разместувања и ерозија на способноста на центрите за одлучување за нудење одржливи, долгорочни решенија и гаранции, потребата за поконзервативен однос кон успесите и предизвиците е одлика на одговорност и државништво. Одлики кои се ендемски дефицитарни на домашната политичка сцена, но за жал се поретко присутни и во стратешките размисли на западната дипломатија и нејзината ургентна нужност за јакнење на самодовербата.
Пораките од Софија се можеби непријатни, изненадувачки. Поупатно би било да се разберат како отрезнувачки, пред сѐ од западните партнери кои допрва ќе мора да понудат јасни, реални, опипливи бенефити за концесиите направени од нашата политика кон Софија и Атина. Засега барем, бенефитите од членството во НАТО и преговорите со ЕУ се слеваат на контото на грст богати политичари, но со речиси никаква видлива полза на изнемоштеното граѓанство. Економската криза и сиромаштија која се заканува на хоризонтот ќе ја стават на озбилен тест определбата на западните дипломатии кон нас и уште повеќе заложбата на нашите граѓани кон нив. Нашите соседи, ние самите но и меѓународната заедница би требало да час поскоро ја разберат потребата за итната компартментализација на емотивните идентитетски прашања надвор од социјалните тегобни предизвици кои не очекуваат. Во спротивно, нивното мешање може да донесе до несакани последици за сите и бенефити за никого.             
 
24-04-2020, 09:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

(24-04-2020, 09:35 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(24-04-2020, 09:13 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:[Image: image.jpg]

[Image: 1.jpg]



Оваа изјава ме потсетува на времеот како не манипулираа медиумите во Македонија кога Грција го постави ветот на признавање на Македонија од државите на Европската Заедница !!

Од мојата архива исчепкав како не манипулирале медиумите во Македонија за Грчкото условување!!
Читајте ги насловите во Нова Макецонија од тоа време кои се цитирани па бидејки го знаете резултатот, Преспанскиот договор сами оценете којке го јаде стапот по втор пат!!
пс. за оние што нема да им е јасно што значи на пример, 353) ибид , 18 фебруари 1992 година, стар. 1
Насловот кој е заведен под број 353 е објавен на 18 фебруари 1992 година, страна. 1 е објавен во Нова Македонија на стана 1.
Така да кој сака да ја провери вистинитоста ке може да го стори тоа.




[Image: 94484639_2864092460341827_84542398032720...e=5EC93364]



Потврда за онаа што погоре го напишав стаса експресно


Quote: Интервју со бугарскиот европарламентарец
Ковачев: Во ЕУ ќе влезете откако ќе ги решиме сите историски отворени прашања
Вие добивте датум затоа што Бугарија го поддржа тоа. Без Бугарија немаше да добиете датум. Бугарската позиција е јасна, јасно се напишани условите што мора да се исполнат за Бугарија да продолжи да ја поддржува Македонија во сите фази на пристапниот процес. Сите одлуки во процесот на пристапување се донесуваат едногласно, клучна е позицијата на секоја земја-членка, вели бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, член на владејачката партија ГЕРБ.

[Image: mkd-464209.jpg?itok=JUa_v3TS]

25.04.2020
Повод за разговорот со Ковачев е Изјавата на Бугарија во која нашиот сосед ја условува македонската евроинтеграција со брзо „решение“ за историјата од 19 и 20 век, со исфрлање на терминот „македонски јазик“ и воведување на „службен јазик на РСМ“... Ковачев ги коментираше и изјавите на Стево Пендаровски, Никола Димитров и Александар Николовски и на оваа тема.

Дали за Вас постои македонска држава во која живее македонски народ што зборува на македонски јазик?

- Бугарија беше првата држава што ја призна Македонија веднаш по осамостојувањето - под името Република Македонија. Веднаш на младата република ѝ дониравме воена опрема за да може да се спречи потенцијалната закана од тогашна Југославија, во која тогаш доминираше Србија на Милошевиќ. Ние ве поддржавме и за време на ембаргото на јужната граница со храна и гориво. Потоа го браневме суверенитетот и територијалниот интегритет на тогашната Република Македонија за време на настаните во 2001 година.
Историски гледано, оставањето на географската област Македонија во рамките на Отоманската Империја беше огромна драма за тогашните поколенија на Бугарите од тие земји, кои го претставуваа најголемиот дел од населението. Бугарија секогаш ја поддржуваше Македонија со сите сили и средства, дури и под ризик од сопственото постоење, борбата на македонските Бугари за автономија, ослободување и независност во согласност со она што се случуваше на светската сцена. Значи, не треба да има какво било сомневање дека и јас и Бугарија ја почитуваме современата реалност што е факт по драматичните настани од минатиот век. Само заедно, заедно како дел од едно големо демократско европско семејство, можеме да ги надминеме страдањата и раздвојувањето од минатото. Затоа мотото на Европската Унија е „Обединете се во различностите“.

Велите „македонските Бугари“. Дали ова значи дека за Вас нема Македонци, туку само Бугари што живеат во државата Македонија?

- Не. Напротив. Ние сме браќа. Вие сте Македонец. Во Македонија живеат Македонци и го зборуваат македонскиот јазик. Тоа е реалноста. Тоа е современата реалност за која ви зборувам. Не можам и немам право да го спорам тоа што вие се чувствувате како Македонец.
Но во ЕУ ќе може да влезете само откако ќе ги решиме сите историски отворени прашања. Нема што да спориме за тоа кој бил Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев... Вашиот современ македонски идентитет лежи на бугарската национална историја. Тоа мора да се реши. За тоа нема никакви дилеми меѓу бугарските политички партии, во бугарското општество воопшто. Затоа е многу битно заедничката експертска комисија што е можно побрзо да си ја заврши работата.

Дали Изјавата на Бугарија со условите за датумот за преговори на ЕУ со Македонија е дел од официјалните заклучоци пред меѓувладината конференција за преговарачкиот пакет? Што всушност значат овие услови? Дали Бугарија ќе ги блокира преговорите на секое отворање на поглавјата?

- Изненаден сум што се поставува ова прашање. Ова не е нешто ново за вас. Бугарија отсекогаш имала многу јасна и отворена позиција од основањето на Република Македонија, од осамостојувањето во 1990 година, па сè до сега. Нашиот став е дека ние мора да се обединиме во едно објективно читање на историјата базирано на вистината. Особено кога зборуваме за 19 и почетокот на 20 век. Тоа би било фер. Ова разбирање е во сржта на Договорот за пријателство и добрососедство. Ова е дел од сите досега усвоени документи од бугарското национално собрание и од бугарската влада. Овие документи се јавни и одамна им се познати на сите во Македонија, и на власта и на опозицијата. Затоа не разбирам зошто ова прашање продолжува да се поставува.
Отсекогаш сме се залагале за помирување и ја поддржувавме вистината. Бугарија секогаш ја поддржуваше, ја поддржува и ќе продолжи да ја поддржува Македонија во интеграцијата во во НАТО и во ЕУ. Бугарија е првата земја што го ратификува Договорот за пристапување во НАТО. Наша единствена желба е во ЕУ да не влезат манипулациите и лагите за историјата. Затоа беше потпишан и Договорот за соседство и беше формирана експертската комисија. За жал, Македонија еднострано ја прекина работата на оваа комисија и тоа е основата на проблемот, а со тоа не се исполнуваат членовите од Договорот за добрососедство.
Како што реков и претходно, нашиот став не е од вчера и да, тие ставови се дел од заклучоците на Советот за проширување. Напредокот во добрососедските односи и решавањето на историските проблеми се клучен дел од процесот пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Во Македонија има различни толкувања на овие бугарски услови. За министерот Димитров и за претседателот Пендаровски, тоа е унилатерална изјава што ќе се реши на билатерално ниво и тука ЕУ воопшто не е вмешана. За опозиционерот Александар Николовски овие услови се антимакедонски. До каде ќе оди Бугарија со овие барања?

- Јас разбирам дека опозицијата, која го носи името на бугарската револуционерна организација БМОРК/ВМОРО/ВМРО, создадена од етничките Бугари Гоце Делчев, Иван Татарчев, Даме Груев, сака да води политика на оваа тема и да ја обвини актуелната македонска власт. Сепак, ова не е моја работа и нема да се вклучам во овој спор.
Повторувам, нема ништо ново во ставот на Бугарија. Јас сум пријател со господинот Николовски и тој многу добро ја знае нашата позиција од многубројните средби со Никола Груевски, Влатко Ѓорчев и сега, исто така со Христијан Мицкоски. Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје видов портрети на големите Бугари Тодор Александров, Христо и Милан Матови, Ванчо Михајлов... Имаме заедничка историја и тогаш нашите заеднички предци сè уште не беа разделени од југословенскиот комунизам.
Треба да е јасно дека Бугарија во никој случај не ја оспорува сегашната реалност во Република Северна Македонија. Во исто време, Бугарија во никој случај не може да прифати да ја промени својата историја, ретроактивно. Времето на југокомунизмот е неповратно завршено. Македонија денес треба да ја гради својата иднина врз основа на вистината. На македонскиот суверенитет во никој случај нема да му се наштети ако се признаат историските реалности. Македонската државност датира од 1944 година, кога почна процесот на утврдување на денешниот македонски идентитет. Врз основа на еден од бугарските дијалекти, денешниот официјален јазик на Република Северна Македонија е кодифициран. Македонија нема да биде помалку достојна и почитувана членка на ЕУ и НАТО ако ги признае овие историски реалности. Напротив, тоа ќе ја гарантира нејзината безбедност и просперитет.

Димитров вели дека овие услови се еднострани, само од бугарска страна, и спротивни и на одредбите од Договорот за пријателство и добрососедство. Македонскиот јазик е клучен и е нераскинлив елемент на нашиот национален идентитет, вели шефот на македонската дипломатија. Подготвена ли е Бугарија да се повлече од оваа позиција?

- Нашиот став остана непроменет уште од самиот почеток на односите меѓу тогашната Република Македонија, сегашна Република Северна Македонија, и Република Бугарија. Разбирањето на заедничката историја е загарантирано во Договорот за добрососедство. Затоа е формирана Мешовитата мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни работи. Но во моментов, работата на оваа комисија е стопирана од страна на Македонија. Комисијата треба само да работи врз историски документи, без предрасуди. Ако на историчарите им недостига волја и храброст, тогаш политичарите мора да го решат овој проблем. Сега најважно е да се избегнат одложувањата на работата на оваа комисија. Мора да има брз напредок. Секое одложување на работата на оваа комисија не е во интерес на Македонија.
Историјата не е нешто што јас сакам таква да биде. Историјата е таква како што пишува во писма и сведоштвата од нашите предци. Браќата Миладинови не го напишаа „Зборникот“, туку „Бугарски народни песни“. Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев се декларираа како Бугари, а јазикот на којшто пишуваа е бугарски. Гоце Делчев, Дамјан Груев, Христо Татарчев - сите вмровци, дури и со левоориентираните Сандански и Ѓорче Петров, за себе и за населението во Македонија велеа дека се Бугари.
Секој што прочитал малку историја во Македонија ги знае сите овие работи. Секој може да пребарува по Википедија или во „Енциклопедија Британика“, на кој било јазик, ќе го најде ова што го кажувам за овие личности. Тој ќе открие дека целиот свет знае дека се тие Бугари. Само македонската официјална историографија продолжува да ги претставува како етнички Македонци.

Дали се согласувате со оцената дека сепак, условите содржани во Изјавата на Бугарија се еднострани и спротивни на главните европски вредности?

- Не, сите одлуки во процесот на пристапување се донесуваат едногласно. Од одлуката за отворање на преговорите до решението за ратификација, клучна е позицијата на секоја земја-членка. Не мислам дека поддржувањето на историските лаги и манипулации од комунистичката ера од времето на Титова Југославија е дел од европските вредности. Одбележувањето на комунистичките празници не е европска вредност. Говорот на омраза насочен кон соседите не е европска вредност. Необјавувањето на комунистичките архиви и агентите на УДБА исто така не е европска вредност.
Манипулациите во историјата се елемент на тоталитарните идеологии. Во комунистичка Бугарија, бугарските комунисти го лажеа и го тероризираа народот. Истото се случуваше и во Титова Југославија. Европската заедница е основана врз принципите на заемно почитување и демократски вредности. Верувам дека е крајно време да се собереме да ги надминеме лагите.

Сепак, Петр Стано, портпаролот на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, вчера изјави дека овој бугарски документ нема никаква правна тежина, ниту пак на каков било начин ја менува одлуката на ЕУ да ги почне преговорите со Македонија...

- Заклучоците се факт затоа што Бугарија ги поддржа. Без Бугарија немаше да има заклучоци. Бугарската позиција е јасна, јасно се напишани условите што мора да се исполнат за Бугарија да продолжи да ја поддржува Македонија во пристапниот процес (усвојувањето на рамката за преговори, решенијата за отворање и затворање на секое од 35-те поглавја на преговорите...), па сѐ до конечното ратификување на идниот договор за членство на Македонија во ЕУ од бугарскиот парламент. Не е случајно тоа што во заклучоците на Советот на Европа од 24 март се наведува дека добрососедските односи и исполнувањето на договорите со Бугарија и Грција се критериум за следење на текот на преговорите за членство.
25-04-2020, 01:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Муцунски:Димитров и владата со нов удар врз идентитетот на Македонците и Македонија









25.04.2020
Интегрален текст од прес конференција на Тимчо Муцунски, Секретар за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ  

Почитувани,
Македонија се соочува со нови ирационални предизвици и препреки. Согласно јавно објавениот документ видлив на веб-страната на Австрискиот Парламент ноторно е дека се воспоставени дополнителни услови и пречки за Република Македонија поврзани со закажувањето на првата меѓувладина конференција, односно отворањето на пристапните преговори за членство со ЕУ.
Еден од повеќето спорни аспекти во овој документ e поврзувањето на почетокот на преговорите со барање на Република Бугарија за понатамошно именување на македонскиот јазик како „официјален јазик на“ државата со новата придавка. Истовремено, се бара и од институциите на ЕУ да не го признаваат постоењето на посебниот македонски јазик. Согласно денешна изјава на претставник на официјална Софија, Европратеникот Ковачев, ставoт на Бугарија е потврда дека за жал Владата на СДСМ до сега не ја кажуваше вистината во врска со ова клучно прашање за нашата земја.
Почитувани,
Ова значајно прашање кое се отвора на таков невообичаен и непримерен начин од аспект на меѓународното право истовремено претставува и непосреден удар врз идентитот на Македонија и Македонците.
Како политичка партија сметаме дека едностраните решенија прифатени и имплементирани од страна на Владата на СДСМ, без демократски дијалог, консултација со релевантните политички субјекти и пошироката експертска јавност и нанесуваат сериозна штета на нашата држава. За тоа ние како политичка партија предупредуваме веќе подолг период.
Во наведената насока и земајќи го во предвид фактот дека се потврди веродостојноста на документот кој излезе во македонски медиуми, и тоа од страна на парламент на земја членка на Европската унија, сметаме дека е крајно време да вложиме дополнителни напори во градење на цврста и единствена национална платформа и стратешки пристап, како вистински патоказ за ослободување од стегите на попустливата надворешната политика, чии сведоци сме во последните три години.
И најголемите проблеми можат да се решат, и најголемите грешки може да се поправат само со проактивни и јасно поставени дипломатски приоритети, активности и мерки насочени кон барање на прифатливи и достоинствени решенија.
Идната Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе стави силен фокус кон развојот на евро-интеграцискиот пат, но ќе посвети и големо внимание кон заштитата на идентитетските прашања, вклучувајќи ја и поддршката на македонското малцинство, кое живее надвор од нашите граници. Тоа ќе го направиме во согласност со меѓународните норми, принципи и стандарди на принципиелна основа, по примерот на најразвиените демократски држави во Европа и во светот. Истовремено ќе работиме и во насока на дополнително афирмирање на нашата татковина Република Македонија и на заштитата на трговските марки и македонските производи.
Отворањето на дијалог за сензитивните идентитески прашања не би требало да биде својствено за овие модерни времиња, за 21-от век, во кој се соочуваме со редица други тешки предизвици, вклучително и глобална пандемија. Во наведената насока, градењето на силни добрососедски односи, засновани на постојан дијалог, меѓусебно  почитување и респект кон заедничките различитости, може да бидат силен поттик за развој на економската, надворешно-трговската, финансиската, туристичката и инвестициската соработка, како и во нашето понатамошно инфраструктурно и енергетско регионално поврзување.
На крајот, сакам да нагласам дека заштитата на нашиот национален, културен и историски идентитет го гледаме како нераздвоен дел од потребата за почитување на меѓународниот правен поредок, европските демократски вредности, заштитата на основните човекови права и слободи, и неотуѓивите права на самоидентификација и самоопределување.
 
25-04-2020, 03:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Јован Донев, професор и поранешен дипломат
Заев и Димитров се на власт за елиминирање на македонската нација и јазик

[Image: prof-jovan-donev-003.jpg]

25.04.2020
Република Бугарија во ниту еден момент не признала постоење на македонски јазик, ниту постоење на македонскиот народ. Заев и Димитров преку прикривање на вистината треба да ja остварат задачата заради која и се донесени на власт, а тоа е елиминирање на македонската нација и јазик.

Ова во интервју за „Република“ го тврди професорот Јован Донев кој е и поранешен дипломат. Според него, власта ќе игра на истата карта како со Грција, а тоа е постепено прифаќање, едно по едно, на бугарските барања, а сето тоа ќе го претставува како борба за зачувување на македонскиот јазик и идентитет.

Деновиве се појави документ од заклучоците на Советот на Европската Унија за Македонија. Во нив Бугарија бара Македонија да се откаже од грижата на македонското малцинство во Бугарија како и откажување од користење на терминот македонски јазик. Зошто власта го криеше овој документ?

ДОНЕВ: Доволно е да се види последната изјава на г. Заев дадена за загребачки ,,Вечерњи лист“ за да ви стане се јасно. Тој за овој весник по кој знае кој пат ја повтори лагата дека преку договорите со Бугарија и Грција зацементирани се македонскиот јазик и македонската нација. Нешто што воопшто не е точно! Република Бугарија во ниту еден момент не признала постоење на македонски јазик, ниту постоење на македонскиот народ. За Република Бугарија и за нејзината официјална историографија населението од просторот на Република Македонија, како и деловите кои живеат во Пиринска Македонија, Албанија и Грција се дел од бугарскиот народ. И ова не е нешто што не им е познато и на Заев и на Димитров. Меѓутоа тие треба преку лажење на Македонците, преку прикривање на вистината, да ја остварат задачата заради која и се донесени на власт. А тоа е елиминирање на македонската нација и јазик.

Излегуваат ли полека на виделина штетните одредби од договорот за пријателство и добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија?Која е крајната цел на Бугарија. Дали можеби тоа е создавање на нова т.н. северномакедонска нација и јазик?

ДОНЕВ: За јавноста да. Таа допрва ќе ги согледа глупостите кои ги направи владата на Заев со потпишување на овој договор. За познавачите на односите помеѓу Македонија и Бугарија, како и за познавачите на внатрешните состојби во Бугарија, последните изјави на бугарскиот врв не донесоа изненадување. Тоа се очекуваше. Бугарската позиција е сосема јасна. За неа примарен интерес е е прифаќање на нејзината истина, а таа е дека се што живее или живеело на просторитите на Македонија се или биле Бугари. Што од тука натаму ќе се случува во Република Македонија, нејзе не ја интерссира, исто како што не ја интересира ниту Грција. При ова, треба јасно да се има во предвид фактот дека ниту може да се формира нова сецерномакедонска нација, ниту може да се кодифицира нов северномакедонски јазик. Резултат на целосното прифаќање на бугарските услови ќе биде постоење на држава во која ќе живеат делови на два народа албанскиот и бугарскиот.

Зошто власта се обидува да го релативизира ова барање на Бугарија со тоа дека тоа било изолиран став на една членка а не официјален став на Унијата? За потсетување, сегашната власт кога беше во опозиција тврдеше дека блокадата од Грција поради спорот за името е став на целата ЕУ а не само на една земја.

ДОНЕВ: Тоа е пропаганден трик. Власта воопшто не ги релативизира бугарските барања. Да беше така таа немаше да потпише ваков договор. Напротив, власта ќе игра на истата карта како со Грција. Постепено прифаќање, едно по едно, на бугарските барања. И сето тоа ќе го преставува како борба за зачувување на македонскиот јазик и идентитет. Едноставно, при проценките на позициите на владеачката гарнитура на СДСМ и нејзините потези, секогаш треба да се има во предвид една работа. И г. Заев и г. Димитров при преземањето на власта имаа една и единствена цел. Деноминирање на македонската нација. И толку. Па самиот г. Димитров јасно и гласно кажа дека целосната имплементација на договорот со Бугарија е последната фаза во решавањето на македонското прашање.

Дали можеби притисокот на Бугарија е една од причините зошто уште не е одреден датум за почеток на преговорите со Македонија?

ДОНЕВ: Една од причините да. Министерката за надворешни работи на Бугарија, госпоѓата Захариева, уште во октомври минатата година јансо ги стави на знаење бугарските позиции. Да, Бугарија подржува носење на одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, но Бугарија ќе се согласи со одредување на датумот за почеток на преговорите под три услова. 1. Јавно откажување на Македонија од постоењето на македонско малцинство во Бугарија. 2. Информирање на сите членки на ООН дека службен јазик е јазикот на државата, а не македонскиот јазик и 3. Изјава на Република Албанија дека на нејзина територија не живее македонско малцинство.
(This post was last modified: 25-04-2020, 05:35 PM by ЈорданПетровски.)
25-04-2020, 05:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:България вече открито заплашва Скопие с вето на преговорите за членство в ЕС

[Image: 2019-800x450.jpg]

04.05.2020 от Красен Николов | EURACTIV BULGARIA
“Ако до месец юни не заработи смесената историческа комисия и властите в Скопие продължат с фалшификациите на историята, България няма да даде съгласие за започване на предприсъединителните преговори със Северна Македония.” Това коментира евродепутатът Андрей Ковачев (ГЕРБ/ЕНП) пред EURACTIV България.

Той съобщи, че до юни Европейската комисия има срок да изработи мандат за начало на преговорите за членство със Скопие и Тирана. След това трябва да се проведе междуправителствената конференция, на която решението трябва да бъде гласувано единодушно. Дата за тази конференция няма. Възможно е тя да е след края на хърватското председателство на Съвета на ЕС на 30 юни, когато започва германското председателство.

Това са академици, а не политици

От декември миналата годината т.нар. историческа комисия между българските и северномакедонските историци реално не работи. Тя бе създадена по силата на Договора за добросъседство между София и Скопие, който предшестваше Преспанското споразумение за името на Северна Македония. Скопие твърди, че работата на комисия се бави заради отложените избори около кризата с коронавируса.
“Не виждам как една академична комисия от историци и езиковеди, която е базирана на договор, ратифициран и от двете страни, в който ясно е записано, че тази комисия ще основава изводите си изцяло върху исторически паметници, какво общо има тя с предизборните борби в една от двете страни. Ние сме категорично против заради предизборната борба в Скопие да се прекратява работата на комисията. Те са академици, а не политици”, коментира Ковачев пред EURACTIV България.
Една от причините за блокажа на комисията бе подадената оставка от правителството на премиера Зоран Заев, след като Скопие не получи покана за членство за ЕС от първия опит през миналата година. Това вкара страната в политическа криза и индиректно парализира скопските историци.
И преди това обаче комисията не отбелязваше кой знае какви успехи. Историците се разбраха за общата средновековна история на двата народа, но след това започна обсъждането на Възраждането и освободителните борби. Тогава комисията зацикли върху личността на Гоце Делчев. За България няма капка съмнение, че той е българин, но скопските учени настояват, че определящи за личността на Гоце Делчев са неговите политически виждания и борбата му за независима Македония.
Още по-трудно се очертава постигането на съгласие за историята ни по време на Втората световна война.
През миналата година предприсъединителният процес за Северна Македония и Албания бе блокиран от френския президент Еманюел Макрон, но след това той склони да се даде зелена светлина на процеса за Скопие. Аргументът бе, че страната се е съгласила на огромен компромис, като е променила конституционното си име, за да реши споровете си с Гърция.
Тогава България гласува “за” стартирането на преговорите, но предупреди, че може да наложи вето във всеки момент, ако Скопие продължи да фалшифицира общата история на двата народа.

Доброто и лошото ченге

Преди по-малко от седмица българският премиер Бойко Борисов настоя българо-македонската комисия да изчисти спорната история. Тогава той отклони въпросите дали е възможно София да спре Скопие по пътя към Европейския съюз.
“Не искам да се плашите, че ще ви блокираме. Нещото, което ни плаши, е коронавирусът. Бързо да решават проблемите казус по казус, име по име. Поддръжката за Северна Македония винаги е била и е изразявана много пъти. Сега историческите комисии трябва да си приключат спорните теми. Всичко е в ръцете на македонците”, коментира Борисов в интервю за македонската телевизия “Сител”.
Въпреки че премиерът лично не отправи ултиматуми, той даде да се разбере, че България не приема сегашната ситуация. Медиите в Северна Македония съобщават, че България настоява Скопие да се откаже от налагането на македонския език и македонско малцинство у нас, за да продължи преговорите за присъединяване.
“Ние си имаме български език и си говорим на него, вие си говорете на какъвто искате език. Ние на какъв език говорим с теб? Кой е преводач?”, каза Борисов на македонския журналист по време на интервюто.
Сега обаче шефът на групата на български евродепутати от ГЕРБ/ЕНП Андрей Ковачев отправи ултиматум към властите в Скопие.
Преди няколко дни в Северна Македония се разрази политическа буря заради интервюто на професор Денко Малевски, който е първият външен министър на Македония. Той обясни, че българи и македонци са били един народ, но уточни, че сега това не е така и хората от двете страни на границата са тръгнали по различни пътища.
Малевски е юрист и е част от екипа на президента на Северна Македония Стево Пендаровски, който веднага се разграничи от позицията му. От Будапеща бившият премиер Никола Груевски атакува тезите на проф. Малевски, а от София Красимир Каракачанов отвърна на огъня в защита на професора.


еуроактив.бг
04-05-2020, 12:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Заев: Mора да го заокружиме и решиме Договорот со Бугарија, односно да ги имплементираме сите негови ставки

[Image: zoran-zaev-bojko-borisov-potpishuvanje-n...40x442.jpg]
04.05.2020

Quote:Македонскиот јазик е впишан во Обединетите нации, тој е признаен од сите, тој е нашиот идентитет. Ова прашање од националистички побуди повторно е извлечено на површина, вели Заев
Не би бил чесен ако не кажам дека низ поглавјата, низ преговорите ние мора да го заокружиме и решиме Договорот со Бугарија, односно да ги имплементираме сите негови ставки, рече лидерот на СДСМ
Отворањето на прашањето со Бугарија и за македонскиот јазик е за политички цели, смета претседателот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев.

Потпишување на Договорот за добрососедство, 2017 година

Quote:„Тие што се научени да живеат и работат со национализам популизам, така и продолжуваат да функционираат. Ова прашање од националистички побуди повторно е извлечено на површина. Уште еднаш да напоменам дека македонскиот јазик никаде не е спорен, македонскиот јазик е впишан во Обединетите нации, тој е признаен од сите, тој е нашиот идентитет. Повторно да се отвора ова прашање е навистина од желба за власт, од желба за политички поени, правење повторно драми или слично“,
рече Заев во гостувањето во
 „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Тој, говорејќи на оваа тема, порача дека сите знаат дека одлуката на Европскиот совет за преговори е јавно објавена и дека државата доби безусловен датум за почеток на преговори.
„Постои еднострана изјава од страна на Бугарија, дури и во самата изјава тие викаат за свое разбирање внатре“, рече Заев посочувајќи дека не се изненадил од изјавата со оглед на тоа што бугарскиот парламент претходно донел декларација за нивна внатрешна употреба.
Сепак, Договорот за добрососедство со Бугарија, порача лидерот на СДСМ, мора да се спроведе.

Quote:„Не би бил чесен ако не кажам дека низ поглавјата, низ преговорите ние мора да го заокружиме и решиме Договорот со Бугарија, односно да ги имплементираме сите негови ставки, како што треба да го имплементираме и договорот од Преспа. Двете страни сме презеле обврска и тие договори се за стратешко партнерство, пријателство и во полза на двете страни е да се реализираат самите договори. Од нив ќе излезе благодат за двете страни и што и да се договара низ преговорите, мора да има задоволство на двете страни, двете страни да бидат среќни“,
порача Заев.
04-05-2020, 12:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Лидерите на ЕС призовават Скопие да реши историческия спор с България

[Image: Tito-monument-Skopje-800x450.jpg]

от Georgi Gotev | EURACTIV BULGARIA 05-05-2020
Лидерите на ЕС са подготвили призив към Скопие да намери решение по двустранните спорове с България в изпълнение на Договора за добросъседство. Това е записано в проекта за декларация от срещата на върха на ЕС с лидерите на Западните Балкани, с който EURACTIV разполага.
Лидерите на ЕС ще проведат срещата в сряда (6 май) във вид на телеконференция. Планът преди пандемията бе тя да се проведе в Загреб под хърватското председателство. Идеята бе да участват лидерите на 27-те членки на ЕС и техните колеги от Сърбия, Черна Гора, Албания, Северна Македония, Босна и Херцеговина и Косово.
С наближаването на срещата България отправи достатъчно ясни послания, че не приема парализирането на работата на двустранната комисия по историческите въпроси, създадена по силата на Договора за добросъседски отношения с България от февруари 2018 г.
“Ако до месец юни не заработи смесената историческа комисия и властите в Скопие продължат с фалшификациите на историята, България няма да даде съгласие за започване на предприсъединителните преговори със Северна Македония.” Това коментира в понеделник евродепутатът Андрей Ковачев (ГЕРБ/ЕНП) пред EURACTIV България.

EURACTIV попита високопоставен представител на Съвета на ЕС дали спорът между София и Скопие стои на вниманието на институцията преди срещата на върха на 6 май. Той веднага посочи параграф 9 на проекта на декларацията, който посветен на темата.
В последната чернова на декларацията от срещата на върха лидерите на ЕС призовават Северна Македония да си реши двустранните проблеми. Договорът за добросъседски отношения с България е изрично споменат. Текстът на параграф 9 от декларацията гласи:
“ЕС напълно подкрепя обещанието на партньорите от Западните Балкани да укрепят регионалното сътрудничество и добросъседските отношения, включително с държавите-членки на ЕС. Прилагането на двустранните споразумения добросъвестно и с осезаеми резултати, включително Споразумението от Преспа с Гърция и Договора за добросъседски отношения с България, остава важно в това отношение. Необходими са по-нататъшни и решителни усилия за помирение и регионална стабилност, както и за намиране и прилагане на окончателни, приобщаващи и обвързващи решения на двустранните спорове и на въпроси, вкоренени в наследството от миналото, в съответствие с международното право и установените принципи, включително Споразумението по въпросите за наследството“ (на бивша Югославия).
При управлението на ВМРО-ДПМНЕ Скопие реално не се стремеше към евроинтеграция и само търсеше поводи да обвинява други, предимно Гърция, че блокира европейското бъдеще на страната. Ако тази политическа сила получи надмощие след изборите, много е вероятно европейската перспектива на страната да остане блокирана, както и беше преди това. При това положение България ще бъде сочена като най-големият враг.
Подобна политика негласно се подкрепя от Белград, който вижда в евроинтеграцията на Скопие опасност за изплъзване от хватката върху Скопие, която бе установена преди разпада на Югославия, но според дипломати е достатъчно силна и днес.

еуроактив.бг
05-05-2020, 10:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19



08-05-2020, 02:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Marjan Popeski
May 4 at 5:59 PM ·

"Сукцесија на Мировната спогодба со Бугарија"

Во советодавното мислење од 31.07.1930., во предметот грчко-бугарска конвенција за преселување, Постојаниот меѓународен суд на правдата беше на мислење дека непризнавањето на некое малцинство е небитно како мерило за негово постоење и уживање на правата.[1]
Париската мировна спогодба од 1947, склучена е помеѓу сојузничките сили на една и германските сојузници Бугарија, Италија, Румунија, Унгарија и Финска, од друга страна. Таа содржи одредби за почитување на човековите права во тие држави. Со тие одредби (на пример член 6 од спогодбата со Финска) петте поразени држави се обврзале дека ќе превземат соодветни мерки, за на сите лица под нивна надлежност да им обезбедат уживање на човековите права и основни слободи, без оглед на раса, пол, јазик и вера.[2]
Во мировните спогодби со поразените држави, значи и со Бугарија, за спроведување на спогодбите, што значи за случај на непочитување на одредбите за човековите права, предвидена е процедура (доколку спорот не се реши по дипломатски пат). За спорот расправаат амбасадорите на големите сили, кои што се сопотписници на конкретните мировни спогодби. Доколку тоа не би дало резултати, на барање на државите во спор, спорот може да и се даде на мешана комисија составена од по еден претставник на државите (на пример Бугарија како поразена и СФРЈ како победничка) и трето лице избрано спогодбено од двете држави во спор. Во случај на неслагање, ова лице го именува генералниот секретар на ООН.[3]
СФРЈ беше странка во спогодбите склучени со Бугарија, Унгарија и Румунија. Ова и даваше легитимација да бдее над спроведувањето на мировните спогодби за почитување на човековите права во трите поразени држави.[4]

Наместо д-р Малески, како прв министер за надворешни работи на Македонија, да вложи нота за сукцесија на Мировната спогодба со Бугарија за да може да ги штити човековите права на македонското малцинство во Бугарија, тој денес изјавува дека сме биле Бугари.

Македонија е правен сукцесор на СФРЈ. Македонија треба да изврши нотификација на Мировната спогодба со Бугарија, за да може да ги штити човековите права на македонското малцинство во Бугарија.

Проф. д-р Петрич е најпознат професор на тогаш Факултетот за социологија и новинарство[5], на кој што докторирал д-р Малески во Љаубљана.
Д-р Петрич уште 1977 ќе запише: “Непризнавањето, на пример, на постоењето на македонско малцинство во Бугарија, не може да значи и не значи дека тоа народно малцинство го нема. Бројни факти укажуваат дека тоа е автохтона народносна заедница, различна од мнозинското население по јазик, култура, традиција и свест за припадност. Накратко, станува збор за заедница, која што низ вековите ја сочувала и развила својата народна посебност и покрај асимилациската политика на бугарската држава и се развила и сочувала како дел од македонскиот народ.”[6]
Во член 79 на бугарскиот устав од 1947 година, на малцинствата им е загарантирано правото на о бразование на мајчин јазик. Подоцна, оваа одредба е укината, како што е “укинато” и македонското малцинство.[7]
Изјавата на д-р Малески е премногу сериозна за да не се расправа со него.
Имено, за да го употреби моето правно средство Македонија против Грција за враќање на името, мора да постои македонскиот народ. Субјект на правото на самоопределување е македонскиот народ, во етничка смисла на зборот.
Затоа, као неспорен дел на правото на самоопределување, мораме да го издвоиме прво правото на постоење на секој народ. Како физички, така народносно. Не може да стане збор за самоопределување, за слободно одлучување, доколку најнапред не му е обезбедена можност слободно да постои како народ. Правото на татковина е исто така неопходен услов за слободно одлучување за политичкиот статус и се разбира услов за слободно уредување на економското, општественото и културното живеење и развој на народот. Без татковина, нема сопствена земја на која што народот живее и не може да дојде до самоопределување.[8]
Од каде црпи подршка д-р Малески за да му го оспорува на македонскиот народ правото на постоење (а со тоа ќе се загуби правото на самоопределување), ќе стане појасно од следниве факти.
Ниту европската, ниту американската конвенција за човекови права, не содржат одредби за правото на народите на самоопределување, како што тоа е направено во двете конвенции на ООН за човекови права, што доволно зборува само за себе.
Д-р Малески го побив во мојот докторат одбранет под менторство на д-р Петрич, научникот од светски глас, кој што го создаде факултетот на кој што докторира д-р Малески. Неговото учење за спорот со Грција го сведов на еристичкиот трик argumentum ad baculum[9]. Д-р Малески го употреби овој трик против Македонија и ја завршува научничката кариера со овој трик.
Сега ќе го изложам на противречност и за односите со Бугарија. Кога ја говореше вистината д-р Малески; сега, тврдејќи дека сме Бугари, или во парламентот во својство на министер за надворешни работи за името : “Прво, правото на самоопределување подразбира и право секој народ да каже кој е и како се вика (потенцирал М.П.).
Второ, зборот Македонија не е само име на држава, туку симболизира национален идентитет.”?[10]
Ерго, кога ќе дојде на власт Партија на македонскиот народ, веднаш да изврши нотификација на Мировната спогодба со Бугарија од 1947 и да побара од Бугарија да му ги почитува човековите права на македонското малцинство во Бугарија. Договорот со Бугарија што го склучија Заев и Димитров е ништовен бидејќи го крши правото на самоопределување на македонскиот народ. Оваа норма е ius cogens. Истото правно средство што го предлагам против Грција, да се употреби против договорот со Бугарија.
Во иднина, односите со Бугарија да се уредуваат само врз основа на Мировната спогодба со Бугарија од 1947 година. Македонија веднаш да ја уреди сукцесијата во оваа спогодба. Во таа спогосдба, Македонија има сттус на победник, а Бугарија статус на поразен, во најголемата кланица.
Заради нашите потомци, немаме право да се откажеме од овој статус, кој е воедно и голема привилегија. Оваа спогодба постојано ја потсетува. Бугарија, која била во не така далечното минато.
----------------------------------------------
[1] Dr. Ernest Petrič, Mednarodnopravno varstvo narodnih manjšin, Založba Obzorja, Maribor, 1977, stran 95.
[2] Ибидем, страница 222.
[3] Ибидем, страница 223.
[4] Ибидем, страница 224.
[5] Денес се вика Факултет за општествени науки, на словенечки: Fakultet za družbene vede.
[6] Превел М.П. , ибидем.
[7] Ибидем, сртраница 123.
[8] Ибидем, страница 143-144.
[9] Види го мојот докторат “Problem imena države “Republika Makedonija” v mednarodnem pravu”, достапен на интернет.
[10] Д-р Денко Малески во: ПОПЕСКИ, Марјан, Решение на проблемот со името во меѓународното право-Склопје : Матица македонска, 2019, страница 104.
10-05-2020, 12:10 AM
Reply