Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БЕЗАКОНИЕ!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Бунт во Ченто откако двајца беа приведени за непочитување на полицискиот час











14-04-2020, 11:45 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:

Дечки, како алгоритмите?

Се надеваме дека Фридом хаус и другите ќе го регистрираат овој Сотомајорски скок на слободите во оваа некогаш заробена држава која си го смени името за да ја отстрани последната пречка кон нејзината европска иднина. Ако па на некои сме им досадни со „името, па името“, да знаат дека тоа не е ни промил од она колку тие ни се гадат. Но, да одиме кон веста.


[Image: 290743-dechki-kako-algoritmite.gif]

Неколку лица од населба Ченто биле приведени заради прекршување на полицискиот час. Алсат излезе со првична информација дека приведените пробувале да извадат легнати полицајци (а на исправените секогаш им паѓа жал за своите паднати колеги) но почеста верзија во медиумите е дека луѓето биле собрани од двор кај што се нашле за да се картаат. „Ама ништо сериозно,“ ќе рече очевидец за ТВ21. Ќе најдете и информации дека приведен бил советник од редовите на СДСМ во Општина Гази Баба, извесен Берат Вејсел, и негови другари. При приведувањата, полицајците (исправените) биле поздравувани со камења фрлани во нивен правец, ќе извести Телма.
Иако полициски час, на улиците бргу се собира толпа која протестира и бара нивно ослободување. Се појавува градоначалникот на Гази баба и на собраните им ветува дека ќе оди во станица, ќе ги ослободи луѓето и ништо нема да им фали (сосема регуларно е тоа, сме гледале во каубојски филмови).
Полицијата подоцна ги пушта луѓето.
Во очекување сме на прес конференција на која ќе бидеме известени дека оние што протестирале денеска љубопитно буричкаат по фамозната апликација за блискост со заразени лица и покажуваат особен интерес да пријавуваат багови.
За крај, видевце од серијалот „Глупа држава, силен народ.“



* Посакуваме главниот прес да го држи некој од МВР: или онаа Славјанка која излупа дека не можат повеќе од тројца да се возат во кола, или оној Чулев кој пропушта совет за безбедност поради исцрпеност. Нам сеедно, битно ни е Филипче конечно да најде време да испие едно кафе со Лиде Лиде. Ова другово, како што гледаме, си функционира.
14-04-2020, 11:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:



Што е тоа кај луѓето што кога ке се дограбат до власт дозволуваат вакви понижувања . Го пцуе , му се заканова во лице а градоначалникот помал од маково зрно!! Толку ли има за крадење кога си на функција?? Или што друго е во прашање?
14-04-2020, 11:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:МВР за синоќешниот инцидент во Ченто: Ќе се преземат мерки против сите што не го почитувале полицискиот час


[Image: zdvdvsdvs.png?itok=swdjiKAp]

Синоќа во 22 часот од страна на полициски службеници од полициската станица Гази Баба биле уапсени В.М.(19) од Арачиново, С.Р. (21) од селото Сингелиќ и 33-годишниот В.В. кој живее на улицата Алија Авдовиќ“. Тројцата се приведени поради основано сомнение за непочитување на ограничувањето на движење, велат од МВР за „Слободен печат“.
– Лицата биле уапсени на улицата „Алија Авдовикќ“. По апсењето се собрала поголема група која излегла на улица во знак на протест. По изготвената документација, тројцата уапсени лица се пуштени од полициска станица, а насобраната толпа се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитувале ограничувањето на движење – велат од МВР.
Поголема група граѓани синоќа во скопската населба Ченто се собра на протести откако полицијата за време на полицискиот час уапсила три лица, кои не ја почитувале забраната за движење која важи за сите граѓани на земјава. Според пријавата, приведените играле карти во двор.
На протестот се појави и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски за да ги смири насобраните граѓани.
14-04-2020, 12:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:




Чулев  на пресот свесно лаже и со тоа ја признава својата вина!

-Чилев вели, некаде околу 5 минута дека градоначалникот им ветува на протестантите ослободување на приведените и дека за нив ке нема да има поднесок!
Чулев во 13 минута вели дека градоначалникот бил таму усоглаен со министерот и да ја смири толпата и да им каже дека сите треба да одговараат согласно законот!!
14-04-2020, 02:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Комисија за локална самоуправа на ВМРО – ДПМНЕ: Бараме оставка од градоначалникот на Гази Баба – Борче Георгиевски и советникот на СДСМ – Берат Весел

16.04.2020
Почекавме да поминат неколку дена од грубото прекршување на сè што значи правна држава и морална одговорност. Страстите можеби се смирија, но последиците од настанот во с. Сингелиќ остануваат да бидат пример за тоа како оваа власт практикува правна држава!, региораат преку соопштение објавено на Фејсбук од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМЕ.
Бидејќи градоначалникот на Гази Баба – Борче Георгиевски и советникот Берат Весел немаат ни трошка морална одговорност, ги повикуваме да си поднесат ОСТАВКА!
Доколку неможете да се сетите зошто, ќе ви направиме мал рекапитулар што се случи во Сингелиќ за време на полициски час.
Што ни покажа Сингелиќ?
1.Видовме како се толерира уништување на урбана опрема поставена со парите на граѓаните само заради тоа што на некому не му се допаѓа. Да биде куриозитетот поголем, еден од тие што уништуваа е советник во општина Гази Баба. Истиот тој, на вараварски начин и за време на полициски час отстранува легнат полицаец поставен заради безбедност на учесниците во сообраќајот. Зошто го поставиле за советник, ако неможе на легален начин, преку делување во советот да отстрани барем еден легнат полицаец, е прашањето кое веројатно сите си го поставуваме.
2.Истиот советник во општина Гази Баба не го почитува полицискиот час и собира толпа луѓе, кога полицијата ги приведува заради прекршување на истиот.
3.Толпа луѓе се собира и се заканува (како што слушаме од снимките) со оружје доколку приведените не се ослободат.
4.Градоначалникот Борче Георгиевски, како што вели, самоиницијативно го прекршува полицискиот час и излегува за да го извади советникот и неговите другари од полициската станица.
5.Епилогот е: советникот е изнесен од полициска станица и донесен во Сингелиќ.
Почитуван Градоначалник и советник од општина Гази Баба – вие ја поништивте правната држава. Вие сте пример за тоа:
– како оваа власт го уништи системот на одговорност пред институциите;
– како СДС владее со сите инстуции;
– како не си ја почитувате сопствената влада;
– дека не функционира правниот систем во државата;
– дека вас не ви е битно здравјето на граѓаните, туку вашиот личен интерес;
– дека Македонија е див запад кој го водат Шерифи како Борче Георгиевски и Берат Весел!
Веројатно и овој повик ќе го игнорирате, но сепак би требало да знате дека правда и правна држава ќе има, а тогаш – ќе одговарате!, стои во соопштението на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
17-04-2020, 12:52 PM
Reply